I Packet Vs Circuit Switching

You might also like

Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 4

Компјутерски мрежи/

Податочни и компјутерски комуникации Лабораториски вежби


Лабораториска вежба бр. 1 Основни мрежни концепти
Име и презиме Индекс Група Датум

Целта на оваа лабораториска вежба е студентот да се запознае со основните мрежни


концепти преку соодветни анимации од темата.

I Packet vs circuit switching


За овој дел да се разгледа анимацијата circuit and packet switching.swf.

1. Да се објасни работата на packet switching!

Packet switching е начин на пренесување податоци кој ги дели податоците на мали делови
наречени пакети, и секој од тие пакети ги испраќа преку мрежата. Карактеристично за
packet switching е што не се користи еден единствен пат за да се испратат сите пакети, туку
секој пакет се испраќа преку првиот слободен пат до дестинацијата кој ќе се најде. Откако
сите пакети ќе стигнат до дестинацијата, се спојуваат во првобитниот податок.

2. Да се објасни работата на circuit switching!

Circuit switching е начин на пренесување податоци кој откако ќе најде еден слободен пат од
изворот до дестинацијата, го резервира тој пат, и ги испраќа сите пакети од кои се
составени податоците. Додека некој пат се користи од страна на circuit switching за
испраќање некои податоци, тој пат не може да се користи за испраќање на други податоци
истовремено.

3. Која е разликата помеѓу packet и circuit switching? Кое е подобро и во кои случаи?

Circuit switching е добро бидејќи пакетите се испраќаат и стигнуваат по редослед, и кога ќе


пристигнат на дестинацијата, процесот за склопување на пакетите е лесен. Од друга
страна пак, доколку некој дел од патот користен Circuit switching не функционира, целиот
податок нема да се испрати. Packet switching е добро бидејќи доколку некои од конекциите
се расипат, изгубените пакети можат да се препратат брзо и ефективно без губење на веќе
испратените пакети.
Компјутерски мрежи/
Податочни и компјутерски комуникации Лабораториски вежби

II FDM vs TDM
За овој дел да се разгледаат анимациите tdm.swf и fdm.swf.

1. Што е frequency division multiplexing и што овозможува?

Frequency division multiplexing е начин на испраќање на повеќе сигнали каде сите сигнали
се комбинираат во еден сигнал во кој секој посебен сигнал си има своја фреквенција.

2. Да се наведе пример каде се користи FDM!

Во стерео FM трансмитирање, каде различен сигнал се испраќа за левиот и за десниот


канал.

3. Што е time division multiplexing?

Time division multiplexing е начин на испраќање на повеќе сигнали каде сите сигнали се
комбинираат во еден сигнал во кој секој посебен сигнал се појавува во фиксен дел од
времето, наизменично.

4. Да се наведе пример каде се користи TDM!

Во комуникација преку голема далечина.

III OSI model


За овој дел да се разгледа анимацијата на следниот линк:
http://www.pucomp.org/2010/12/osi-model-how-email-passes-through-each.html

или https://www.youtube.com/watch?v=O_rsqVtaloI

1. Кој протокол на апликациско ниво се користи во симулацијата?

Simple Mail Transfer Protocol (SMTP)

2. На кое од нивоата се врши енкрипција на податоците?

Енкрипцијата на податоците се врши во presentation layer.


Компјутерски мрежи/
Податочни и компјутерски комуникации Лабораториски вежби

3. Кое ниво ја одредува патеката по која ќе одат пакетите? Според кои адреси се врши
одлуката?

Network layer. Одлуката се врши според адресите на испраќачот и на примачот на


податоците.

4. За што служи податочното ниво?

Податочното ниво е одговорно за правилно пренесување на пакетите до следниот чвор од


мрежата.

5. На кое ниво се дефинираат изворната и дестинациската порта?

Transport layer.

6. Која е разликата помеѓу TCP/IP и OSI моделот?

OSI моделот се состои од 7 нивоа, додека TCP/IP има само 4. OSI е теориски модел, додека
TCP/IP е имплементација на OSI моделот.

7. Кој протокол од транспортното ниво се користи во анимацијата? Кои функции ги врши


тој протокол?

Transmission Control Protocol (TCP). Овој протокол ја има функцијата на разделување на


податокот на мали пакети, и потоа составување на тие пакети во дестинацијата.

8. Податоците од кои нивоа се менуваат при пристигнувањето на пораката кај секој рутер
мрежата?

Податоците се менуваат во Physical layer и Data Link Layer.

9. Транспортниот слој на изворниот јазол комуницира со кој слој од дестинацискиот јазол?

Со транспортниот слој од дестинацискиот јазол.

10. Зошто при губењето на пакетот (првиот пат) кај вториот рутер, податокот се испраќа
повторно? Кое ниво е одговорно за тоа?

Бидејќи Transport нивото на примачот не испраќа потврда дека го примил пакетот,


Transport нивото на испраќачот ја го препраќа пакетот.

11. Колку слоеви има OSI моделот?

OSI моделот има 7 слоеви.


Компјутерски мрежи/
Податочни и компјутерски комуникации Лабораториски вежби

12. До кое ниво од OSI моделот работи рутерот?

Рутерот работи до Network layer нивото.

13. За што е задолжено сесиското ниво кај дестинацискиот јазол?

Ги користи информациите од сесиското ниво за да одреди на кој податочен проток припаѓа


примената информација.

You might also like