Professional Documents
Culture Documents
Alerginski Dermatozi
Alerginski Dermatozi
Алергиската реакција всушност претставува судир помеѓу алергенот и имуните клетки, кои ги има
два вида : Т-лимфоцити и В-лимфоцити. Како резултат на тој судир се ослободуваат материи
(хистамин) кои предизвикуваат различни промени во организмот, кои во одредени случаи можат
да го загрозат и здравјето на човекот. Во зависност од тоа колку време поминува од моментот на
навлегување на алергенот до моментот на појава на алергискато воспаление, алергиските реакции
се делат на:
Во групата алергиски реакции од ран тип спаѓаат: анафилактичка реакција, цитотоксична реакција
и Артусов феномен. Карактеристично за оваа група реакции е што кај нив доаѓа до ослободување
на една материја присутна во клетките кои учествуваат во алергиската реакција и е наречена
хистамин. Хистаминот доведува до проширување на периферните крвни садови, како резултат на
што се јавува оток, стеснување на дишните патишта, што е причина за отежнато дишење,
намалување на крвниот притисок, нарушување на работата на срцето (тахикардија), појава на
специфичен осип на телото и др. Овие симптоми можат да се појават за кратко време после
внесувањето на алергенот. Во некои случаи симптомите се развиваат толку брзо што може да
настане и смрт. Колку покасно се јавува алергиската реакција, толку помалку е загрозен животот
на пациентот. Во групата алергиски реакции од доцен тип спаѓа т.н. целуларна реакција, во која
главна улога имаат Т - лимфоцитите. Алергените можат да навлезат во организмот преку
респираторниот систем (со вдишување преку уста), кожата, лигавицата, но можат и директно да
бидат внесени преку инфузии, инекции,трансфузии и сл. Алергиите најчесто се јавуваат од храна
(риба, јајца, јагоди, зрнести производи, ореви, лешници, бадеми, млечни производи, сувомеснати
производи, конзервирана храна и др. Во последно време поголемо значење им се придава на
прашината, дерматофагите и лековите кои се чести предизвикувачи на алергиски реакции. Како
алергени можат да се јават и различни супстанции кои се наоѓаат во состав на козметичките
препарати, кои надворешно се нанесуваат на кожата. Откривањето на алергиските реакции, како и
нивното лечење, спаѓаат во доменот на медицината, поради што козметичарот не треба да
пробува да ги лечи овие промени. Поради сложената природа на алергиските реакции,
козметичарот треба да биде внимателен кога работи со клиенти кои претходно имале алергиски
реакции од било која причина. Таквите клиенти треба да се упатат кај лекар дерматолог. Бидејќи
денес, на пазарот се јавуваат се поголем број козметички препарати, поголем е и бројот на
клиенти со алергиски промени на кожата. Со тоа се зголемува одговорноста и ризикот на
козметичарот.
Станува збор за алергиски реакции кои можат да го загрозат животот на човекот. Се јавува како
резултат на внесување на различни алергени во организмот, но сепак тоа најчесто се случува
после убод на инсекти (оса, пчела, стршлен) или при внесување на некои лекови (пеницилин).
Кај овие реакции, промените настануваат веднаш после внесувањето на алергенот или најкасно
после неколку часа. Тука доаѓа до ослободување на големи количества на хистамин, кој е
одговорен за низа промени кои настануваат во организмот, односно се отежнува работата на
белите дробови и срцето. Дишењето станува отежнато поради стеснување на дишните патишта, се
јавува оток во грлото, срцето забрзано работи, а крвните садови се стеснуваат. Сето ова може да
биде причина за смрт.
Карактеристично кај цитотоксичната реакција е што при навлегување на алергенот, тој се врзува со
еритроцитите и тромбоцитите, при што предизвикува нивно оштетување, односно ги разградува.
Ова најчесто се случува при трансфузија на крв со несоодветна крвна група. Во овој случај туѓите
еритроцити имаат улога на алергени.
Податотека:Dermatlas Urtikarija.jpg
Urtica значи коприва и поради тоа оваа алергиска реакција го добила своето име. Кожните
промени кои настануваат личат на кожа која била во контакт со коприви. Причините за
настанување на оваа алергиска реакција можат да бидат: нутритивни (риба, јајце, млеко,
конзервирана храна, зрнести производи и др.), медикаментни (антибиотици, лекови за смирување
и др.), респираторни (материи кои се вдишуваат: куќна прашина, дерматофаги, влакна од
домашни животни и др.) и др.
неалергиски - каде причините се: допир со коприва, ставање на ладна или многу топла вода,
гребење, удар, изложување на UV зраци и др.
Податотека:Eczemamj.jpg
Егзема вулгаре
Егзема вулгаре или контактен алергиски егзем се јавува само кај луѓе кои се многу осетливи на
допир со некои неутрални супстанции, кои кај нормалните луѓе не предизвикуваат никакви
промени на кожата. Причините за појава на овој егзем можат да бидат најразлични: хемиски
средства, пластика, козметички препарати, конзрванси, лекови и др. Овие егземи можат да бидат:
акутни
хронични
Акутните егземи траат кратко и после прекинот на контакт со алергенот тие исчезнуваат. Акутните
алергиски контактни егземи се карактеризираат со не остро ограничени и различни по големина
жаришта на еритем, придружени со лесен оток и благ јадеж. Можат да бидат препокриени со
белузлави лушпи со различни димензии.
Контактниот алергиски егзем може да биде предизвикан од некои супстанции, кои влегуваат во
состав на парфемите, кремовите, пудрите, дезодорансите, лаковите за нокти, депилаторите и сл.
Доколку козметичарот забележи појава на ваков егзем, потрбно е клиентот да го упати кај лекар -
дерматолог.
Податотека:Bullies-using-food-allergy-against-victimmj.jpg
Алергиската болест на усните претставува промена на усните, која настанува како резултат на
алергиска реакција, предизвикана од присуство на некој алерген. Алерген може да биде: паста за
заби, протези, козметички препарати (кармини, сјај за усни, молив за усни и сл.). До оваа промена
може да дојде и при интензивна иритација на усните од UVB зраците и тоа најчесто кај скијачи и
пливачи, поради дуплирањето на сончевите зраци (од една страна сонцето, од друга рефлексијата
на зраците од снегот и водата). Иритација на усните може да се јави и кај пушачи, од цигарите или
кај луѓе кои имаат непријатна навика на грицкање на усните.
Клиничка слика На усните се јавува оток, црвенило и истите се препокриени со суви лушпи.
Пациентот има чувство на чешање, пецкање и непријатност на усните. Усните пораси јаката сувост
се испукани и често при движење (зборување, смеење) длабоко пукаат, јавувајќи се слабо
крварење, пропратено со болка.
Алерголошки испитувања
Алергиските реакции можат да се јават веднаш или после неколку часа од контактот со одреден
алерген. Честопати се јавуваат алергиски реакции, но алергенот не е познат. Затоа се прават
алергиски испитувања (тестови), со цел да се утврди причинителот на алергиските реакции.
Ин виво тестови- кај овие тестови во организмот се внесуваат повеќе алергени и се набљудува од
кој алерген ќе се појави реакција.
Во зависност од тоа од каде и како навлегува алергенот, алергиските тестови се делат на:
Интрадермални тестови - со помош на игла се внесува алергенот кој се остава да стои 24 или 48
часа, а потоа алергиската реакција се отчитува исто како и претходната.
Tест со гребење (scratch) - овие тестови се изведуваат на внатрешната страна од подлактицата каде
најпрво кожата дискретно се греби, со цел да се овозможи контакт на алергенот со клетките на
поткожното ткиво. Потоа на местото на гребнатината се става алергенот, а реакцијата се чита
после 30 min на истиот начин како во првиот случај.
Тест со убод (prick) - на внатрешната страна од подлактицата, линеарно едно под друго на
растојание од 3 cm се капнува од алергенот по 1 капка, а потоа со помош на игла се прави убод низ
капката и после 30 min се чита алергиската реакција.
Професионални дерматози кај козметичкиот техничар
Денес, професионалните болести бележат пораст, поради што претставуваат глобален светски
проблем, бидејќи вработениот го прават помалку способен или неспособен за вршење на
работните задачи. Порастот на овие заболувања е резултат на брзиот пораст на индустријата,
посебно хемиската, во која се произведуваат голем број хемиски супстанции, кои различно
делуваат на организмот и се предизвикувачи на различни промени на кожата. Голем дел од
новосоздадените супстанции се составни компоненти на козметичките препарати, чија примена
во последно време е се поголема.