Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 18

Човекови права

1. Како ги дефинираме човековите права?

Збир на принципи и норми создадени врз основа на признавањето на човековото достоинство


како универзална,основна особина на човековата природа,кои имаат за цел обезбедување на
нивното почитување во односите меѓу луѓето во општеството и меѓу луѓето и политичките
институции во државата,а се со цел заштита и развој на човековото достоинство,слобода и
еднаквост.

2.Кои се правно-политички акти кои се сметаат за почеток на определбата на правата на човекот?

Политичките и правните акти,кои ја одразуваат промената на третманот на човековите права


почнува со : Магна карта список на привилегии,Петиција на правата,Мај дај агремент,Хабеас
Сорпус,Картата за правата ,Декларација за независност на американските колони и американскиот
билл оф ригхтс.Во последните акти се темелат врз нов политички став во поглед на правата на
човекот тие се соодветен и потребен објект за меѓународно регулирање на оваа социјална област.

3. Првите обиди за интернационализација на правата на човекот се:

Движење против ропство,Антиропските договори,Берлинската конференција,Бриселската


конференција и Конвенција за укинување на ропството.Прво со договорот од Берлин се
воспоставува принципот дека есктремните облици на кршење на правата на човекот можат да
бидат предмет на меѓународно регулирање.Второ се обидите на т.н меѓународно хуманитарно
право што посебно се занимава со заштита на правата на човекот во вооружени конфликти.Трето
се обидите на ограничени хуманитарни протести и интервенции и Четврто е искуството на Лигата
на народите третманот на правата на малцинствата.Најсериозен е обидот со регулирање на
прашањето за позицијата на малцинства.

4. Објасни ја природно - правната теорија за човековите права.

Првите природно правни теортии имаат и најголема улога во развивањето на своевидната


самосвест западен поглед на правата на човекот и либерализмот поаѓаат од стојалишта дека:
1.Правата на човекот се дефинирани во листа на права се идентификува во Универзална
Декларација 2. Тие права можат да му се припишат на човекот неговото поседување на природно
достоинство и разум.3. тие права се сопственост со неговата способност да прави разумен избор и
проценка дека тие се рационално самоочигледни природно му припаѓаат на човекот.Со овие
особини правата на човекот му претходат на секое социјално организирање и се мерило на
моралноста и праведноста на секое такво организирање.

5. Објасни ја позитивистичката теорија за човековите права.

Позитивните стојалишта имаат тезата дека со појавата и добивањето на легитимитет и теоретски


стојалишта во секое демократско општество не е можно да се брани дека само едно од нив е
најдоброто.Бидејќи правата на човекот треба да се бранат на поинаков начин :
самоочигледни,интуитивно или традиционално усвоени како вредности и сл.Правата на човекот
треба да се сведат на нивната стриктна позитивно – правна форма каква што е дадена во
законите.

6. Кога се појави меѓународното право за правата на човекот?

Се појави во 1945 година со формирањето на обединетите нации и посебно со нивната политичка


и правна акција на ова поле,со општата декларација за правата на човекот,од 1948
година.Меѓународните права на ловекот треба да се разликуваат од правата на човекот под
јурисдикција на националните законодавства на државите,иако се работи за поврзани поими.

7. Што е меѓународно право за правата на човекот?

Право кое извира од современите меѓународни договори и обичај во кои државите се обврзуваат
да признаат да почитуваат и да гарантираат посебни права за своите државјани.

8. Што треба да овозможи правниот лек?

Правниот лек овозможува социјалната функција на имањето право.Се гарантира остварувањето на


тој социјален однос во практиката.Правниот лек треба да овозможи на имателот на правото
негово ефективно уживање.Такви институции се : жалба,тужби,вонредни правни лекови и сл.

9. Кои се правни одговори на кршењето на меѓународните права на човекот?

За случаите на кршење постои неколку начини на правен одговор: интервенција од страна на


држава потписнична на договорот,само во многу ретки случаи постои можност за тужба од видот
актио популарис или секоја држава против државата прекршител се сведува на спор помеѓу
државите потписнички во корист на нивните државјани.Државите можат одредбитеда ги
доуредат со билатерални договори кои ќе предвидат и други контролни механизми.

10. Наброј ги обврските на државата од аспект на меѓународното право за своите и граѓани на


други држави!

Прва ситуацијата на давање економска помош и помош за остварување на некои економско –


социјални права кога се работи за критични ситуации во другата држава.Не се смета за мешање во
внатрешните работи,а се остварува со давање на таа помош на локалните власти.

Втора ситуација е кога се работи за хуманитарни катастрофи или елементарни непогоди.

Третата ситуација е за лица без државјанство и

Четвртата за лица т.н бегалци.

11. Кои се основни карактеристики на правата на човекот?

Основни карактеристики на правата на човекот се : нивното


универзалност,неотуѓивост,апсолутност и неделивост.
12. Објасни ги правата на универзалност и неотуѓивост!

универзалност – дека тие се создадени врз основа на единствените особини на човековата


природа,врз нејзиното достоинство нивна цел е примена врз сите луѓе без оглед на нивниот
пол,раса,етничка и религиозна припадност и сл.

неотуѓивоста – значи тие права му припаѓаат на секое човечко битие со фактот на негово рагање
како такво.Човекот што ги поседува не може ниту доброволно да се откаже од нив.

13. Објасни ги правата на апсолутност и недделивост!

апсолутно важење – нивното важење во однос на сите тие важат и во однос на институциите на
државата во целост

неделивоста – на правата на човекот значи дека тие функционираат како целина,не е можно тие
легално да се поделат и да важат само дел од нив.

14. Како се делат правата на човекот? Врз кои основи?

Правата на човекот се делат на универзални и позитивни

Се делат во три основи : 1.област на која се однесуваат,2.време кога се настанати правно


формулирани и 3.според нивен титулар или субјект.

15. Кои се човековите права базирани на областа на која се однесуват

Според областа на која се однесуваат постојат : граѓанско политиќки права,социјално економски и


културни права,солидарносни права и сл,права на деца,на жени,на хендикипирани лица,на
маргинализирани социјални слоеви и сл.

16. Кои се човековите права базирани на времето кога се настанати?

Според времето кога се настанати постојат: права од прва генерација (граѓанско политички
права),права од втора генерација (социјално економски и културните права) и права од трета
генерација (солидарни права)

17. Како се делат човековите права врз база на нивниот титулар?

Според нивниот титулар постојат : индивидуални и колективни или групни права.

18. Кои се и што означуваат солидарносните права?

Солидарносни права се :

Правото на економско,политичко,социјално и културно самоопределување;


Правото на економски и социјален развиток;
Право да се користи цивилизациското наследство;
Правото на мир;
Правото на здрава околина;
Правото на хуманитарна помош.

Се деклараторни права но сеуште немаат статус на права во позитивно – правна смисла.Зависат од


поширокото опкружување и се вистински меѓународни права.

19. Наброј неколку облици на колективни права?

Вистински колективни права (право на самоопределување на народите,право на сувереност врз


природните богатства,право на развој,други солидарни права и сл);

Синдикални и други трудови права;

Квазиколективни права на различни групи: жени,деца,хендикипирани лица.маргинализирани


културни практики;

Квазиколективни права на малцинства,етнички групи,домородни народи или групно –


диференцирано граѓанство.

20. Што е дискриминација, објаснете како го разбирате овој поим?

Не постои при секоја поделба и класификација.Понекогаш тие се нужни за да се постигне токму


еднаквост во третманот.Дискриминацијата е спротивен термин на еднаквоста и нејзината забрана
е императив во светот кој го регулира предметот на правото на човекот во националното и
меѓународното законодавство.

21. Какви видови дискриминација има, објаснете?

Директна – кога се поставуваат јасни законски или практични разлики и различни стандарди за
лица и групи за кои тие не треба да се прават во согласност со начелата на правда и разумност
(работни места каде се преферираат машките способности)

Индиректна – кога независно од формално еднаквиот третман на законите се создава разлика


која не може да им се препише на личните способности на лицата за кои се работи.

22. Што се афирмативни акции? Под кои поими се попознати?

Афирмативните акции како правен институт се познати под имињата: позитивна или обратна
дискриминација,специјални мерки,бенигна дискриминација,преодни или преферентни
мерки.Афирмативните акции се поединечни мерки,временски ограничени од државата за
овозможување на специјални права третман на одделни лица и групи,со цел да им овозможи
изедначени шанси за користење на правата што им се гарантирани.
23. Која е целта на афирмативните акции?

Нивна основна цел и гаранција е да се обезбеди реална или супстанцијална еднаквост во


користењето на правата гарантирани за граѓаните.Државата е должна да обезбеди еднаквост во
користењето на правата;Овие и вакви акции може да ги преземе само државата тие спаѓаат во
јавниот домен;овие мерки се исклучок крајни мерки за обезбедување еднаквост,кога нема
ниедно друго средство за корекции во реалната еднаквост;тие се поединечни мерки,не опфаќаат
поширока област и генерално важење туку со точно дефинирани опсег на наведени мерки,овие
мерки секогаш се временски ограничени,често се проектираат за период во кој нужно се
анализираат резултатите се одлучува дали ќе се продолжи со нив,дали ќе се изменат или ќе се
укинат.

24. Каков е меѓусебниот однос на националното и меѓународното право?

25. Каква е улогата на меѓународното обичајно право и во кои случаи?

Обичаите и општите правила посебна улога имаат во случаите на постоење на правни празнини и
несистематизирани области од меѓународното право или за толкување на одделни областа на
внатрешното законодавство во однос на меѓународното право.

26. Што значи Повелбата на ООН за меѓународно-правната заштита на човековите права?

Со неа се интернационализираат правата на човекот и стануваат легитимна тема во


меѓународното право.Државите прифатиле дека правата на човекот се дел од грижата на
меѓународната заедница,покрај тоа се внатрешна работа на
државите.Недостатоците(недефинирање на поимот и немање контролен механизам) причина и
мотив за унапредување на човековите права.Усвојувањето на универзалната декларација за
правата на човекот во 1948 година дефинирање и кодифицирање на човековите права и слободи.

27. Историјат на Повелбата на ООН.

28. Карактеристики на Повелбата на ООН во областа на заштита на човековите права.


29. Универзална декларација за правата на човекот – објасни ги чл 1 и чл 2

Е првиот сеопфатен меѓународен документ за правата на човекот,усвоен од глобалната


меѓународна организација.Претставува фундамент на меѓународното право за правата на човекот
и артикулира на филозофијата за меѓународната заштита на правата на човекот.УДЧП има
преамбула и 30 члена.Не е меѓународен документ.Е деклараторен документ чија цел не била да
предвиди правни обврски за државите,туку да ги воспостави стандардите и целите за идното
дејствување.

Чл 1. Сите човечки суштества со раѓаат слободни и еднакви во достоинството и правата.Правата на


слобода и еднаквост е вродено и неотуѓиво право на секое човечко суштество.
Чл 2. Забрана за дискриминација и еднаквост пред законот активна улога на државите мерки на
афирмативна акција.

30. Универзална декларација за правата на човекот –делот за економски , социјални и културни


права!

Со членот 22 се воведуваат економските,социјалните и културните права.Овие права како


неделиви од достоинството и од слободниот развој на личноста “секој има право на социјална
сигурност што треба да се оствари преку национални напори и меѓународна соработка„.Според
членовите 23 до 27 предвидуваат правото на работа правото на еднаков надомест за еднаква
работа,правото на одмор,правото на соодветен стандард на живеење потребен за здравје и
благосостојба,право на образование и право да се учествува во културниот живот.

31. Дали Универзална декларација за правата на човекот е правно обврзувачки документ? Ако е
(не е ) објасни зошто ?

УДЧП не е правно обврзувачки инструмент.Создадена е како правно необврзувачки во практиката


денес ретко се смета таква,нејзиното правно значење помина низ трансформација,правната
вредност на УДЧП го надминува значењето обична препорака односно декларација.Различните
ставови ги поставуваат неколку дилеми : дали сите права имаат обврзувачки карактер за
државите ; дали нивниот обврзувачки карактер произлегува од нивниот карактер на автентична
интерпретација на обврските во однос на правата на човекот предвидени во повелбата на ОН или
произлегува од обичајно право.До 1976 година била единствен инструмент на кодификација на
правата на човекот, и најцитиран меѓународен инструмент за правата на човекот на национални и
меѓународни рамки добива третман на меѓународно обичајно право.

32.Меѓународен пакт за граѓански и политички права -појава и значење !

Меѓународниот пакт за граѓански и политички права е правно обврзувачки инструмент.Тој влезе


во сила во 1976 по депонирањето на 35 тиот инструмент за ратификација на истиот.Апрол 1999г
144 држави го ратикувале МПГПП.Република Македонија е држава договорна страна на
МПГПП,нема дадено декларација во однос на член 41.Одредбите на МПГПП се систематизирани
во 6 дела.Повеќето од правата и слободите претставуваат детална и прецизна елаборација на
истите предвидени во УДЧП.Државите се обврзуваат ако не се почитуваат правата да се обезбеди
ефективен правен лек во случај на повреда на правата.Во МПГПП не се предвидени правото на
сопственост,државјанство и азил.

33. Меѓународен пакт за економски ,социјални и културни права- појава и значење !

Заради несогласувањата околу природата на економските на социјалните и на културните права


како права го детерминирале процесот на драфтирање и придонесле кон донесувањето на
конечната одлука наместо еден да се подготват два меѓународни договата пакта за двете
категории на права граѓански и политички како и економски,социјални и културни.МПЕСКП има
многу слични одредби со МПГПП некои се и идентични.Е правно обврзувачки инструмент,влегува
во сила во 1976 година три месеци пред МПГПП од април 1999 година 141 држави го
ратификувале МПЕСКП.Република Македонија е држава договорна страна на МПСЕКП.Тој е
систематизиран во 5 дела.Првиот дел (право на самоопределување)е идентичен во двата пакта.Во
вториот дел ги содржи генералните одредби за обврските на државите.Секоја држава договорна
страна на овој пак се обврзува да преземе чекори до максимумот на нејзините расположливи
ресурси за постигнување реализација на правата предвидени со овој пакт како и посебно
донесување на законски мерки.

34. Наброј кои се базични меѓународни договори за правата на човекот?

Меѓународната конвенција за елиминирање на сите форми на расна дискриминација (усвоена


1965 во сила 1969)

Конвенција за елиминирање на сите форми на дискриминација на жената (усвоена 1979 во сила


во 1981)

Конвенцијата против тортура или друг суров нехуман или понижувачки третман или казнување и
(1984 – 1987)

Конвенција за правата на детето (1989 – 1990)

35. Напиши се што знаеш за меѓународната конвенција за елиминирање на сите форми на расна
дискриминација!

Елиминиранје на расната дискриминација била и се уште е една од клучните теми во меѓународно


правната заштита на правата на човекот.МКЕРД е усвоена во 1965 година влегла во сила во
1969г.Од април 1999 година 153 држави ја ратификувале МКЕРД а декларација на член 14
( комитет за елиминирање на расната дискриминација да прима и да разгледува индивидуални
петиции) дале 28 држави.Република Македонија е договорна страна на МКЕРД и има дадена
декларација во однос на член 14.МКЕРД е прв меѓународен договор во рамките на меѓународното
право за правата на човекот,предвидува специјален и сеопфатен имплементациски механизам
наречен (комитет против расна дискриминација).Чл 1. Секое
разликување,исклучување,ограничување или преферирање врз основа на раса,боја,припадност
или национално или етничко потекло,има ефект или цел на негирање или загрозување на
признавањето,уживањето или остварувањето врз еднаква основа на правата на човекот и на
основните слободи во политичка,во економската,во социјалнта,во културната или било која друга
од јавниот живот.

36. Напиши се што знаеш за меѓународната конвенција за елиминирање на сите форми на


дискриминација на жената?

Како посебен вид на дискриминација е воочен многу подоцна од проблемот со расната


дискриминација кој бил резултат на колонијализмот и апархејдот.КЕДЖ е усвоена во 1979 г а
стапила во сила во 1981г со статус од април 1999 година 163 држави ја ратификувале
КЕДЖ.Република Македонија е државна договорна страна на оваа конвенција.Има третман на
лекс специалис во одредена област детално ги елаборира принципите и нормите вградени во
Меѓународната повелба за правата на човекот.Не претставува прв меѓународен договор посветен
на меѓународно-правната заштита на правата на жената (постои конвенција за политичките права
на жените и конвенција за државјанство на омажените жени).Таа е прв универзален инструмент
кој на сеопфатен начин ги елаборира клучните прашања за елиминирање на дискриминацијата на
жената.Според чл1 дефиниција на дискриминација кон жената : кое било
издвојување,исклучување или ограничување врз основа на полот,што има последица или како цел
да го загрози оневозможи признавањето уживањето или остварувањето на правата на човекот и
основните слободи од страна на жените,врз основа на еднаквост меѓу мажите и жените на
политичко,економско социјално културно цивилно или кое било друго поле без оглед на нивната
брачна состојба.Специфика на КЕДЖ е членот 5 мерки за модифицирање на социјалните и
културните модели на однесување за постигнување на еднаквост на половите,да се надминат
стреотипите за улогата на жената во домот и семејството,правото на образование и сл.Со
членовите 2,4 и 5 се применуваат да се елиминира експлоатацијата преку проституција,да се
елиминира половата дискриминација во политичкиот и јавен живот,да се обезбедат еднакви
права во однос на државјанскиот статус, да се обезбедат еднакви права во образованието,при
вработувањето,во здравствената заштита,еднаквост пред законот и во правото и еднаквост во
семејното право.КДЕЖ има проблеми со интерпретацијата и имплементацијата е меѓународен
договор со најмногу изјавени резерви од страна на државите договорни страни.
37. Напиши се што знаеш за меѓународната конвенција против тортура ?

КПТ е уште еден меѓународен договор кој специфично се однесува на определено човечко право
или слобода,утврдено во меѓународната повелба за правата на човекот.Предмет на КПТ е
меѓународно правната заштита на едно од фундаменталните права кои се однесуваат на
интегритетот на индивудуата.КПТ е прв правно обврзувачки инструмент.Усвоена е во 1984 година
влегува во сила во 1987.Со статус од април 1999г 144 држави ја ратификувале КПТ декларација во
однос на член 21 и 22 (прифаќање на надлежноста на комитетот против тортурада прима
разгледување петиции држава против држава и индивидуални петиции) даде 42
држави.Република Македонија е државна договорна страна и има дадено декларација за
членовите 21 и 22.Како лекс специјалис КПТ детално го разработува значењето на слободата од
тортура предвидена во УДЧП и од МПГПП во членот 1 тортурата се дефинира : било кој акт со кој
на некое лице му се нанесува сурова болка или страдање,физичко или ментално,намерно
направен со цел од него или трето лице да се добие информација или признание,да се казни за
дело кое тој или трето лице го направиле или е осомничен дека го сторил или да го заплаши или
присили тој или трето лице.Членот 1 има неколку карактеристични елементи Актот на тортура не
се ограничува само на физичка тортура туку секаква постапка,намерно направена или по наредба
на официјално лице,која предизвикува физичка и ментална болка и страдање.Членот 2
предвидува обврска на државата договорна страна да ги превенира другите акци на суров
нечовечки или понижувачки третман или казнување кои не се сметаат за тортура како што е
дефинирана со членот 7 кога таквите акти се направени по наредба на официјално лице или на
лице кое има официјално овластување.

38. Кои факултативни протоколи ја надополнуваат Конвенцијата за правата на детето?

После неколкугодишна работа во мај 2000г генералното собрание на ОН ги усвои двата


факултативни протокола кон конвенцијата за правата на детето : факултативниот протокол за
вклучување на децата во воените конфликти и факултативниот протокол за трговијата со деца
детската проституција и детската порнографија.Овие протоколи ја дополнуваат меѓународно –
правната заштита на детето предвидена со конвенцијата за правата на детето во области кои не се
опфатени со неа.

39. Наброј ги контролните механизми предвидени во системот на ООН!

Контролни механизми предвидени со системот на ООН се:

Меѓународните договори ( комитет за правата на човекот предвиден со МПГПП; комитет за


елиминирање на расна дискриминација предвиден со МКЕРД; комитет за економски социјални и
културни права предвиден со ЕСОЅОС; комитетот против тортура предвиден со КПТ ; комитетот за
елиминирање на дискриминацијата на жената предвиден со КЕДЖ; комитет за правата на детето
предвиден со КПД) и
Контролни механизми – ги применува комисијата за правата на човекот.Се разликуваат како во
однос на правната основа врз која се темелат и во однос на нивната природа.(Постапка за
разгледување на состојбите на масовно кршење на човековите права 1503 ; јавна дебата и
можност за ангажман специјални известувачи на комисијата за човекови или специјални
претставници на генералниот секретар.

40. Објасни ја постапката за поднесување индивидуални петиции!

Вистински ефикасност на меѓународното право за правата на човекот постои ако таа предвидува
можност за разгледување на индивидуални петиции прет соодветно ( тие се индивидуи или групи
на индивидуи кои сметаат дека нивните човекови права се повредени од државите)меѓународно
тело.Една од карактеристиките на контролните механизми е воспоставување на постапки за
индивидуални петиции.Постапка за поднесување на индивидуални петиции предвидуваат само
меѓународната конвенција за елиминирање на сите форми на расна дискриминација,конвенција
против тортура или друг суров нехуман или понижувачки третман или казнување,меѓународен
пакт за граѓански и политички права и конвенција за елиминирање на сите форми на
дискриминација на жената со дополнителен протокол како посебен меѓународен
инструмент.Постапката не е ограничена само на жител на државата туку се однесува и на странец.

41. Кој и кога може да започне постапка за поднесување петиција против држава?

Оваа постапка има неколку фази прифаќање на надлежноста на специфичното супервизирано


тело да ги понуди своите добри услуги да посредува во помирувањето при евентуален спор меѓу
две држави договорни страни на меѓународниот договор,кои ја имаат признато таквата
надлежност на супервизирачко тело.Двете договорни страни треба да имаат декларација со која
ја признаваат надлежноста на специфичниот комитет да прима и да разгледува меѓудржавни
петиции.

Прва фаза : Секоја држава договорна која ја признава надлежноста на комитетот може да ја
извести другата држава писмено дека не ги имплементира одредбите од пактот.Втора страна
треба во рок до 3 месеци да даде објаснување или писмена изјава што се презема за конкретниот
случај или што ќе се преземе во определен рок.

Втора фаза : Комитетот разгледува случајот само ако се исцрпени сите домашни правни лекови.Се
расправа на затворена седница.Комитетот ќе се обиде да најде прифатливо решение,ќе побара од
договорните страни да ги достават сите релевантни информации,нивни претставници имаат право
да учествуваат во расправата.Се нудат добри услуги на двете страни,по 12 месеци комитетот ќе го
изготви извештај во кој ќе реферира дали е постигнато пријателско спогодување,објаснува
фактичката состојба и спогодбата која е постигната.Доколку нема пријателско спогодување
комитетот ќе ги приложи писмените и усни контрибуции на конфронтираните страни и ќе
информира дека пријателска спогодба не е постигната.
Трета фаза : Според членот 42 доколку не е постигнато пријателско спогодување комитетот се
формира ад хок комисија за помирување со своите добри услуги во решавањето на спорот,уште
еднаш ќе се обиде да постигне пријателско спогодување.Комитетот ќе и ја предаде на ад хок
комисијата целокупната документација во однос на случајот,комисијата може да побара од
страните дополнителни информации.12 месеци по приемот на случајот,комисијата ќе достави
извештај до претседавачот на комитетот и до договорни страни.Ако не успеала да го заврши на тој
рок таа во извештајот ќе информира до каде е со работата во однос на случајот.Доколку е
постигнато пријателско спогодување комисијата ке ја објасни фактичката состојба и елементите на
постигнатата спогодба.Доколку не е постигнато пријателско спогодување ќе ја објасни фактичката
состојба ќе ги приложи писмените и усните контрибуции на конфронтираните страни и ќе ги
приложи своите видувања за решавање на спорот прифатливи за двете страни.Во рок од 3 месеци
страните треба да го известат на комитетот дали го прифаќаат извештајот на ад хок комисијата за
помирување.Ова е последната фаза во постапката проблемот може да остане нерешен.

42. Која е целта на постапката 1503?

Со резолуцијата 1503 на ЕСОЅОС од 1970 г е утврдена постапката за разгледување на жалбите во


врска со масовните кршења на правата на човекот во определени држави.Не е постапка за
примање и разгледување на индивидуални петиции,туку за масовни кршења на правата на
човекот на поголем број индивидуи во подолг временски период.Постапката ја спроведуваат
комисијата за правата на човекот и нејзиното тело поткомисијата за заштита и унапредување на
правата на човекот.Во оваа постапка имаат индивидуи групи на индивидуи кои тврдат дека се
жртви на континуирани и масовни повреди на правата на човекот.Правна основа црпи од
резолуција а не од меѓународен договор.

43. Кои се разликите меѓу постапката 1503 и Факултативниот протокол на МПГПП?

Основната разлика меѓу постапката 1503 и постапката предвидена со факултативниот протокол на


МПГПП е во рамките на правата на постапката се разгледуваат ситуации на масовни и
континуирани повреди на правата на човекот,втората се однесува на разгледувањето на
индивидуални петиции поединечни случаи на повреди на правата на човекот.Втората разлика е
1503 се заснова врз резолуција на економскиот и социјалниот совет,постапката по индивидуални
петиции е предвидена со меѓународен договор државите договорни страни се обврзани да
прифатат тврдењата поднесени против нив.Постапката 1503 се однесува на сите
држави,постапката по факултативниот протокол се однесува само на државите договорни страни
на пактот и протоколот.Повредите на сите права на човекот и на фундаменталните слободи се
опфатени со првата постапка,втората се однесува само на оние граѓански и политички права што
се заштитени со МПГПП.Која била индивидуа група на индивидуи може да ја иницира постапката
1503 во случај на повреда,постапката по факултативниот протокол предвидува петиција
поднесена само од страна на наводната жртва или од лице овластено од неа.Апликантите во
постапката 1503 не се вклучени во која било фаза на нејзината примена не се информираат за
било кое дејствие од надлежните тела освен ако тоа не се објави.Се информираат дека нивната
петиција е примена копии од неа се испратени до засегнатите држави.По факултативниот
протокол е директно вклучен во постапката.Се информира за сите дејствија преземени од
комитетот и неговите работни групи во врска со петицијата,апликантот има можност да коментира
во врска со кој било писмен поднесок од страна на државата.

44. Како функционира Комисијата за правата на човекот и кои се нејзините надлежности?

Е формирана во 1946 г како функционално тело на економскиот и социјалниот совет и основно


одлучувачко тело на ОН во областа на правата на човекот.КЧП е клучното меѓувладино тело во
системот на ОН ја креира и артикулира меѓународната политика кон правата на човекот.Нејзината
надлежност се лоцира во : креирањето на меѓународната политика во оваа област,утврдување на
насоките и препораки за унапредување на заштитата на правата на човекот на глобално и
национално ниво; изготвување на студии и извештаи за состојбата со правата на човекот;
кодифицирање на новите меѓународни норми и стандарди во оваа област и следење на
имплементирањето на постојните норми и стандарди на глобално ниво.

45. Какво е значењето на Високиот комесар за правата на човекот, како се избира и кои обврски
ги има?

Високиот комесар за правата на човекот го избира Генералниот секретар на ОН со мандат од 4


години неговиот избор треба да го потврди и генералното собрание.Комесарот е надлежен за
промовирање на ефективната имплементација на сите меѓународно признати права на
човекот,реализацијата на правото на развој ; адаптирање,рационализирање,јакнење и
потенцирање на целокупната машинерија за права на човекот во рамките на системот на ОН.Една
од клучните области е раното предупредување во случаите на потенцијално опасни ситуации кои
загрозуваат правата на човекот.Следната област е обезбедувањето на советодавни услуги и
техничка помош на заинтересираните држави.Целта е обезбедување на секаков вид на експертска
и финансиска помош за државите во градењето на демократските институции.
Втор колоквиум прашања

1. Кога и во која институција започна развитокот на Европскиот правен поредок за правата на


човекот?

Европскиот правен поредок за правата на човекот најпрво беше иницирано во рамките на Советот
на Европа преку неговата конвенција за човековите права и основни слободи.Европскиот јавен
поредок се појави уште во поранешната биполарна Европа преку ограничената и делумната улога
на правата загарантирани со конвенцијата.Денешна европа во стразбуршката институција
членуваат скоро сите држави од централна и источна европа поимот на економски правен
поредок доби и своја судска потврда.Европскиот јавен поредок влијае врз државното однесување
на национално и меѓународно ниво во корист на поединците.Тој ги обврзува европските влади да
се придржуваат до неговата содржина,да преземаат позитивни мерки за заштита на правата на
човекот,ја скицира правно политичката рамка европските држави мораат да се придржуваат и да
се хармонизираат ако не сакаат да бидат маргинализирани или исклучени од европската
фамилија.Денес не е поврзан само со името на советот на европа и со материјалното подрачје на
неговиот статут и неговата конвенција за права на човекот.

2. Кои се основни карактеристики на Европскиот правен поредок?

Основни карактеристики на Европсткиот правен поредок се :

Интензивна и меѓусебно комплементарна работа на европските меѓувладини организации


Основање на многубројни меѓународни постапки на контрола и
Обврски преземени од страна на европските држави во ова подрачје.

3. Структура на Советот на Европа!

Внатрешната структура : комитет на министри одлучувачко тело и извршен орган на


организацијата,парламентарното собрание (консултативно тело на организацијата кое нема
легислативни овластувања во чија работа учествуваат делегации на парламентите на државите
членки на организацијата,конгресот на локални и регионални власти на Европа,секретаријат на и
генералниот секретар.

4. Кој е основниот мотив за основање на Советот на Европа од аспект на човековите права?

Основниот метод за неговото основање беше потребата за обезбедување на демократијата и


спречување на повторна појава на големите повреди на правата на човекот што се случија за
време на втората светска војна.Неговата цел е да постигне поголемо единство меѓу неговите
членки заради обезбедување и остварување на идеалите и принципите што се нивно заедничко
наследство.

5. Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи (основање и


функционална поставеност ).

Европската конвенција за правата на човекот е потпишана во Рим на 4 ноември 1950 година од


страна на дотогашните дванаесет држави членки на советот на Европа.Влезе во сила на 3
септември 1953година а во моментов ја имаат ратификувано 43 држави членки.Е првиот
меѓународен инструмент со кој суверени држави се согласија да бидат правно обврзани на секој
во рамките на нивната јурисдикција да му обезбедат цел спектар на човекови права и основни
слободи,тие се согласија да воспостават супранационален контролен систем заради
обезбедување на почитувањето на нивните обврски.ЕКЧП еволуираше во европска повелба на
правата со европскиот суд за права на човекот,имајќи слична функција на уставен суд во
федерални правни системи.Според членот 1 ЕКЧП државите членки се должни на секој поединец
во рамките на нивната јурисдикција да му ги обезбедат правата и слободите дефинирани во делот
1 на конвенцијата.За државите кои ги ратификувале и првиот четвртиот шестиот и седмиот
допопнителен протокол оваа обврска ги опфаќа и правата и слободите утврдени во овие
протоколи,нивните одредби се дополнителни одредби и се применуваат сите останати правила.

6. Негативни и позитивни обврски на ЕКЧП. Објаснете!

Негативна обврска значи обврска на државата да се воздржи од преземање мерки или активности
што би го оневозможиле непречено уживање на правата и слободите.Никој да не биде повреден
под тортура или друг нечовечки третман никој да не биде лишен од слобода освен нема да има
мешање на јавните власти во вршењето на правото на семеен живот и слично.Позитивни
обврски:мерки коишто треба да ги преземе државата за заштита на правата на човекот.Ваквиот
тип на обврски се релевантни во контекстот на правата од втората генерација –
економски,социјални и културните права.

7. На кој начин ЕКЧП е инкорпорирана во домашните права и практиката на националните судови.

ЕКЧП е инкорпорирана во домашното право на повеќето држави договорни страни.И во земјите


во кои конвенцијата има внатрешно правно дејство тоа се уште не значи дека поединецот може
да се повикува директно на сите нејзини одредби во постапка пред домашните судови.Е можно во
однос на оние одредби на конвенцијата кои според домашниот суд се директно применливи или
самоизвршни според мислењето на судот можат директно да се применат во конкретен случај,без
потреба од дополнителни легислативни или други државни мерки.Во земјите во кои ЕКЧП е
инкорпорирана во домашните права,практиката на националните судови во однос на директната
применливост на одредбите на конвенцијата.Пр италјанскиот касационен суд целата конвенција
ја смета за документ со програмски правила кои служат како упатсво за законодавецот.
8. На кој начин са анализира придонесот и значењето на Конвенцијата за почитувањето на
човековите права и слободи?

Може да се анализира низ три меѓусебно комплементарни димензии :

1.нејзината улога на коректив во однос на конкретни повреди на правата на човекот – на пример


во некоја земја не гледам дали има добри закони туку дали има такви кои се исполнуваат,добри
закони има насекаде.По правило основниот проблем на секое меѓународно правило е неговата
ефективност.Постоењето на меѓународен суд надлежен да разгледува и да одлучува по
претставки врз основа на повреди на човековите права и слободи во услови кога сите домашни
процедури според поднесувачот не ја задоволиле правдата,има значење за поединците кои
тврдат дека биле жртви на повреда на гарантираните права и слободи.

2.нејзиното влијание врз националните правни поредоци – димензија што треба да се има
предвид при обидот да се вреднува влијанието и значењето на конвенцијата и е нејзиниот
значителен ефект врз домашното право на државите договорнички.Функција на катализатор на
правните промени кои ја унапредуваат заштитата на правата на човекот,со тоа го поттикнува
процесот на хармонизација на европските национални права во оваа област.Кога во определено
пресуда на судот е утврдено дека националното право не е во согласност конвенцијата тогаш
односната држава е должна да пристапи кон измени на релевантната легислатива исполнувајки ги
своите договорни обврски.

3.нејзиниот придонес во развојот на меѓународното право за правата на човекот и на


меѓународното право воопшто – трета димензија пресудата од нирнберг и универзалнара
декларација за правата на човекот ги поставија темелите на меѓународното право за правата на
човекот,дека индивидуалните права на човекот треба да бидат заштитени на меѓународно
ниво,индивидуите имаат меѓународно правен субјективитет.Конвенцијата е првиот меѓународен
договор што создава правни обврски за заштита на правата на човекот и кој на сите индивидуи
вклучувајки ги и државјаните на државите договорнички дава активна легитимација.

9. Улогата на постојаниот суд co седиште во Стразбур од аспект на ЕКЧП?

Настаната поради потребата за поедноставување на системот за заштита на човековите права во


меѓународни рамки.Воведен е со протоколот 11 се формира нов постојан суд со седиште во
Стразбург кој ја замени целокупната дотогашна машинерија со цел таа да биде попристапна до
поединците и да ја забрза самата судска постапка.Според новиот систем сите жалби за повреди на
индивидуалните права се упатуваат директно до судот комитетот на министри повеќе не е
надлежен за решавање ја задржа неговата важна улога на контролирање на извршувањето на
пресудите на судот.Судот е составен од судии,нив ги избира парламентарното собрание одделно
за секоја држава договорна страна мандатот е шест години со можност за реизбор.Судот има
регистратор а судиите имаат правни секретари како асистенти.
10. Постапка на поднесување на индивидуална жалба пред Судот во Стразбур!

Регулирани се со членот 34 на ЕКЧП судот може да прими жалби од индивидуи невладини


организации или група на индивидуи кои тврдат дека се жртви на повреда на правата
стипулирани во оваа конвенција или во протоколите кон неа сторени од страна на некоја
договорна страна.Договорните страни се обврзуваат на ниеден начин да не ги спречуваат
ефикасното остварување на ова право.Индивидуалната жалба може да се поднесе само против
оние држави што се договорни страни на ЕКЧП и на нејзините протоколи и која го признала
правото на индивидуална жалба.Апликантот треба да трвди во својата жалба дека жртва на некоја
повреда на одредбите на ЕКЧП.

11. Постапка за испитување на допуштеност на индивидуална жалба пред Судот во Стразбур!

Во фазата на испитување на допуштеноста на жалбата се врши и т.н. прелиминарно испитување на


меритумот на самиот случај од аспект на утврдување на постоење на елементарни услови за
подоцнежно мериторно испитување.Ако самите наводи се очигледно неосновани поради
недостиг од докази за нивно поткрепување,тогаш жалбата е очигледно неоснована и нема да
биде допуштена.Индивидуалните жалби што нема да бидат прогласени за недопуштени од страна
на судскиот комитет се испитуваат од страна на некој од судските совети,тоа е случај и со оние
жалби што судијата известител директно ги упатил до некој од тие совети.Судскиот совет ги
утврдува допуштеноста и меритумот на индивидуалните жалби,го прави одделно со посебни
одлуки,каде што е соодветно тоа го прави со донесување на една одлука.

12. Постапка по меритумот на случај пред Судот во Стразбур!

По допуштеноста на жалбата започнува постапката по меритумот на случајот со цел претседателот


на судот може да ги покани странките да доставаат нови докази и писмени забелешки.Расправите
пред судот се јавни во исклучителни ситуации судот може да одлучи поинаку.Претседателот на
судот ја насочува расправата и го одредува редоследот според кој владините агенти и
застапниците на странките ќе бидат повикани да зборуваат.Ако некој од странките не дојде на
расправа советот може да продолжи со расправата само под услов истото тоа да не е во
спротивност со интересот за правилно одвивање на постапката.Може да одлучи да сослуша
сведок,вештак или друго лице.

13. Постигнување на пријателска спогодба пред Судот во Стразбур!

По прогласувањето на допуштеноста на жалбата судот има можност да им даде шанса на


странките да склучат пријателска спогодба за предметот врз основа на почитувањето на правата
на човекот што се дефинирани со ЕКЧП и со нејзините протоколи.Дава привремено мислење за
меритумот на спорот.Соопштува усно на страните во спорот,страните се стимулираат да се
договорат,ако се договорат се прекинува постапката пред судот.Се следи понатамошната
реализација на договореното (исплата на средствата,рокови,висина и сл).Пријателска спогодба
има слаба страна што се однесува на нејавната постапка за заштита на правата на човекот како
резултат на фактот што пријателско решавање претставува еден компромис без натамошни
квалификации постои и ризикот од евентуално непочитување на стандардите за правата на
човекот при постигнувањето на компромисот,затоа судот е должен да го провери при
постигнување на пријателска спогодба.

14. Донесување пресуда пред Судот во Стразбур!

Советитет го решаваат случајот со донесување на пресуда,се усвојува со мнозинско гласање.Секој


судија кој учествувал во разгледувањето на случајот има право на издвоено мислење во поглед на
пресудата.Кога советот ќе утврди повреда на ЕКЧП тогаш тој во пресудата одлучува и за паричниот
надоместок.Пресудите се читаат во јавна расправа од страна на претседателот на советот или од
страна на некој друг судија делегации од претседателот во присуство на повиканите владини
агенти и застапници на странките на спорот.Заверени копии од пресудата се доставуваат до
Генералниот секретар на советот на европа,на трети странки и на сите директно засегнати
лица.Пресудата на советот е конечна кога : странките изјавиле дека нема да бараат случајот да
биде упатен со големиот совет и во рок од три месеци по донесувањето на пресудата странките не
барале случајот да се упати до генералниот совет и одборот на големиот совет ќе го одбие
барањето.

15. Толкување и ревизија на пресуда пред Судот во Стразбур!

Секоја страна во спорот може да бара толкување на пресудата во рок од една година од денот на
нејзиното доставување.Барање се доставува до регистарот прецизно се наведуваат
диспозитивните одредби на пресудата за кои се бара толкувањето.Ако не биде одбиено
регистарот го доставува тоа барање до другата странка или странки повикувајќи ги истовремено
да доставаат нивни писмени коментари во рамките на рокот утврден од страна на претседателот
на советот.Надлежен е истиот совет кој ја донесол таа пресуда,советот може да одржи расправа
која завршува со изрекување на соодветна пресуда.Ревизијата на пресуда е предвидена со
правилникот на ЕСЧП.Барање може да поднесе секоја страна во спорот кој се однесува
конкретната пресуда.Може да се бара во случај на отркивање на некој факт што би можел да има
решавачко влијание во моментот на изрекувањето на пресудата,истиот тој факт не вил познат ниту
на барателот на ревизијата ниту на самиот суд.Треба да се наведе самата пресуда чијашто
ревизија се бара треба да содржи податоци кои го покажуваат постоењето на условите за
поднесување на барањето и копии од сите релевантни документи за докажување на наводите.

16. Набројте кои се други значајни правни инструменти на Советот на Европа во подрачјето на
заштитата на правата на човекот!

Европската конвенција за државјанство,Конвенцијата за заштита на правата на човекот и


човековиот дигнитет во поглед на примената на биологијата и медицината и дополнителен
протокол за забрана на клонирање на луѓе и рамковната конвенција за национални малцинства.
17. Основни карактеристики на Европската социјалната повелба!

Социјалната повелба претставува комплементарен инструмент на ЕКЧП која гарантира социјални


и економски права на човекот.Со повелбата се стипулирани следниве права и слободи во областа
на вработувањето : право на работа,право на еднакви работни услови,право на безбедни и здрави
работни услови,право на фер надомест,право на организирање,право на колективно
преговарање,и сл.Посебно значење се двете основни обврски коишто мора да ги прифати секоја
држава во моментот кога таа станува договорна страна на повелбата.

18. Кои категории на организации според членот 1 на Протоколот, можат да поднесат жалба?

Набројте ги и објаснете!

Според членот 1 на протоколот следниве три категории на организации можат да поднесат таква
жалба :

Меѓународни организации на работодавци и синдикати кои можат да учествуваат во работата на


владин комитет

Други меѓународни невладини организации кои имаат консултативен статус во советот на европа
и кои се ставени на листата составена за таа цел од страна на владиниот комитет и

Репрезентативни национални организации на работодавци и синдикати во рамките на државата


против која тие поднеле жалба.

You might also like