Priloski Opredelbi-Vezbi Vi Odd

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Прилошки определби за место, начин и време

Колку научив?

Целта на овој работен лист е да се проверат и утврдат знаењата на учениците за


прилошки определби, кои беа учени претходната недела, но и да направат повторување на
останатите реченични членови за кои учевме (подмет и прирок).

 Да се потсетиме

Реченичните членови кои даваат податоци за околностите под кои се одвива глаголското
дејство се викаат прилошки определби.
Постојат повеќе видови прилошки определби, но ние се задржавме на следниве:
 Прилошки определби за место кои го означуваат местото каде што се одвива
глаголското дејство. Одговараат на прашањето каде?
 Прилошки определби за начин кои го означуваат начинот на кој се одвива
глаголското дејство. Одговараат на прашањето како?
 Прилошки определби за време кои го означуваат времето кога се одвива
глаголското дејство. Одговараат на прашањето кога?

Задача 1. Направи синтаксичка анализа на следниве реченици:

 Во сабота учениците ќе одат на излет.


 Читајќи заспав.
 Лела оди на училиште.
 Во нашата сиромашна соба заѕвони часовникот, рапаво, како да кашла.
 Јане ќе дојде во осум часот.
 Марко налутено одговори.
 Минатата година ги запознав новите другарчиња.
 Воодушевено го прифатив предлогот.
 Си ставила повеќе сол и тоа не се јаде.
 Тој многу зборува.
 Утре заминувам за Гевгелија.
 Тој секогаш ја имал мојата поддршка.
 Вие вчера не бевте дома, а татко ми се чувствуваше лошо.

Задача 2.
 Напиши по две реченици со секој вид прилошки определби за кои имаш учено.

Чек-листа за самооценување:
Ученик: Целосно Делумно
Препознава прилошки определби
Го определува видот на прилошки определби
Го препознава подметот како реченичен член
Го препознава прирокот како реченичен член
Умее да ги примени видовите прилошки определби за кои
има учено

You might also like