сликар, еден од првите апстрактни автори во Македонија. Најпознат е по своите фрески изведени во Скопје, Кичево, Велес, Град Мексико итн. Исто така, тој е автор на повеќе мозаици.
Академскиот сликар Борко Лазески е роден во Прилеп на 22.10.1917
година од мајка Марија и татко Никола Лазески. Уште како дете тој пројавува интерес кон сликарство во молерската работилница на својот татко ,и ги разоткрива ликовните простори, за понатаму, во својот растеж, да навлезе длабоко во уметноста. Значаен и многу важен момент во неговиот живот е контактот што го воспоставил со учителот Велебит Рендиќ. Овој учител, уште во текот на основното образование му ја открива дарбата за сликање, а воедно и го подготвува за прием во Уметничката школа во Белград. Рендиќ во Прилеп ги донесува и првите книги од областа на ликовната уметност, театарот и музиката. Пред заминувањето во Белград, по инструкциите на својот учител, Лазески приспособува една просторија како ателје и во неа ја подготвува композицијата “Бистата на кралот Петар” (1933 г.), која требаше да му послужи како виза за големиот град. Починал на 16 јуни 1993 година во Скопје. Во 1933/1934 година Лазески се запишува на Уметничката школа во Белград, каде му предаваат повеќе професори, меѓу кои: Бета Вуксановиќ, Љуба Ивановиќ, Никола Башевиќ, Мило Милуновиќ и други. Во совладувањето на цртачката вештина, му помогнал професорот Љуба Ивановиќ.
Лазески сликал и малсо на платно, но најмногу е познат по
своите мурали, главно со тематика од Илинденското востание и од НОБ. Така, со својот мурал во поранешната железничка станица во Скопје, тој се стекнал со слава во рамките на Југославија. Меѓутоа, тоа дело било уништено за време на катастрофалниот земјотрес во 1963 година. Во јануари 2013 година, во пожарот што ги зафатил просториите на централата на Македонска пошта бил уништен уште еден негов мурал. Покрај муралите, тој е познат и по монументалното ѕидно сликарство (фрески), оставајќи повеќе дела кои се наоѓаат во Скопје, Кичево, Велес и Град Мексико.[1] Лазески бил еден од првите апстрактни сликари во Македонија. Во неговите дела доминираат остри прекршени линии чии контури ги обрабуваат широките полиња на масовните сцени на неговите композиции.[1]