Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Митот за Едип

Едип е еден од најтрагичните ликови во древнобалканската митологија.

Тој бил син на кралот на Теба, Лај. Аполон го предупредил Лај дека ќе биде убиен
од сопствениот син, па тој за да се заштити себеси, кога се родил Едип наредил
да му ги прободат стапалата со шајка, да го однесат во шумата и таму да го
остават. (Едип значи – натечени стапала.) Но, детето го пронашол некој овчар кој
го однел кај својот господар, кралот на Коринт. Бидејќи тој со жена му немале
деца, одлучиле да го задржат и одгледаат.

Кога пораснал, Едип отишол во пророчиштето Делфи каде му било кажано дека
му е судено да го убие татка си и да се ожени со мајка си. Кога слушнал каква
страшна судбина го чека и сакајќи да ја избегне, тој засекогаш го напуштил
Коринт.

Наместо да побегне од судбината тој налетал на неа. Не знаејќи дека му е


вистински татко, тој го убил Лај, отишол во Теба, ја решил загатката на сфингата и
ја добил како награда кралицата за жена.

Тоа била неговата мајка Јокаста. Тие имале четири деца: Етиокле, Полинеик,
Антигона и Исмена.

Подоцна, кога ја откриле вистината, Јокаста се обесила, а Едип си ги извадил


очите со игли. Слеп и осакатен отишол во прогонство.

You might also like