Прашања по историја12

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 4

Прашања по историја

Тема 1

1.Како во минатото било толкувано настанувањето на човекот?

-Во минатото настанувањето на човекот било толкувано на два начина... Според библијата и
според науката, Според библијата бог го создал човекот од глина и му вдахнал безсмртна душа, а
потоа за да не биде сам од реброто на човекот бог ја создал и жената. Според науката потеклото
на човекот доаѓало од така наречен човеколики мајмун, и во потрага по храна и подобри услови
за живот, со текот на времето мајмунот си го сменил изгледот и станал човек.

2. Со што се карактеризира ордата – првата заедница на луѓето?

-Првите орди не биле цврсто сврзани ниту организирани.

3.Какви промени предизвикала појавата на првите метали во животот на луѓето?

- Почнале да се прават глинени садови. Се појавило грнчарството кое овозможило луѓето да јадат
освен печена и варена храна. Луѓето почнале да припитомуваат животните, да ги размножуваат и
одгледуваат. И така се појавило сточарството, почнале и да ја обработуваат земјата и од тогаш се
појавило и Полјоделството.

4. Разликите помеѓу матријархатот и патријархатот.

- На чело на Матријархатот стоела жената а на чело на патријархатот стоел маж.

5. Како настанала државата?

- Со развојот на производството почнало да се распаѓа родовското општеството. Луѓето живееле


подобро и создавале вишок на производи, а со нив се појавила потреба од нова работна сила а за
тоа ги користеле заробениците, Семејствата на старешините се богателе и се одвојувале од
другите и се појавила имотна нееднаквост и населението се поделило на богати и сиромашни,
Богатите од страв од бунтови создале јавна власт наречена дршава.

6. Проследи го развојот на религиозните верувања во првобитната заедница?

- Едно од најраспространетите верувања кај првобитните луѓе е тоа што тие верувале дека кај
луѓето, животните, растенијата, небото и земјата е присутен дух. Тие верувале дека водат потекло
од некое животно и дека нивниот опстанок зависи од тоа животно. Тоа верување се нарекува
ТОТЕМИЗАМ Кај првобитните луѓе бил развиен и култот за черепот. Мртвите или само нивните
черепи ги закопувале близу до местото на живеење.
7. Како ја објаснуваш појавата на уметноста кај старите луѓе?

- Нашите предци биле вешти во сликањето. Нивните цртежи биле пронајдени по ѕидовите на
некои пештери. Тоа најчесто биле биковите., слики на бизони , мамути, елени и глетки од ловот.
Луѓето ги украсувале своите орудија, посебно тие што биле изработени од коски.

Тема 2

1. Каде се појавиле најстарите цивилизации?

- Првите цивилизации се појавиле во Египет, Месопотамија и Кина

2. Како била организирана власта на најстарите држави?

- Тие биле мали и обично опфаќале град со поширока околина па затоа се нарекувале градови-
држави, На чело стоел владетел кој имал неограничени права и бил врховен бог на земјата и
луѓето. Населението се делело на 3 слоја тие се Богати, Сиромашни и Робови.

3. Како изгледале најстарите градови во индија?

-Во нив цветало занаетчиство, а полињата биле испресечени со иригациони системи од насипи,
канали и брани. По полињата одгледувале разни житни растенија, шекерна трска и памук.

4. Дали хамурабиевиот законик важел подеднакво за сите слоеви?

- Не, за богатите не важел затоа што богатите биле слободни луѓе, а сиромашните морале да го
почитуваат законикот на Хамураби.

5. Какви биле природните услови во Египет?

- Во долниот тек на реката Нил, имало ретки врнежи додека во горниот тек на реката Нил врнеле
поројни држави и коритото не ја собирало водата и таа се излевала.

6. Како дошло до создавање на старата египетска држава?

- Одделни семејства кои живееле на иста територија, почнале да се соединуваат во поголеми


заедници – општини, а општините во Номи. На чело стоел Номарх. А потоа се формирале две
држави Горен и Долен Египет.

7.Какво било општественото и државното уредување?

- На чело на државата стоел Фараон, кој бил апсолутен господар на државата. Народот се делел
на слободни и неслободни луѓе. Слободните биле трговци, селани, занаечии и др. Додека
неслободни луѓе биле робовите.
8. Зошто се распаднало старото царство?

Од средината на 3ти Милениум п.н.е настанал период на слабеење на фараонската власт.


Причината е во зајакнувањето на номарсите, кои веќе се одвојувале од централната власт. Тоа
довело до распаѓање на старото Царство.

9. Зошто египќаните ги балсамирале телата на мртвите?

- Затоа што тие верувале дека по смртта душата повторно се враќа во телата, затоа за да ги
зачуваат телата тие ги балсамирале и ги погребувале во величенствени гробници.

10. Какви видови писма постоеле кај старите народи?

- Хиероглифско, Клинесто и Египетско писмо.

11. Кои гранки на науката се развиле кај старите источни народи?

- Кај старите источни народи се развиле повеќе гранки тие се Математиката и Геометријата а
потоа и медицината и хемијата.

12. Како се градела Кеопсовата пирамида?

- Во Египет биле изградени многу пирамиди но Кеопсовата пирамида била најголема, таа била
висока 146 метри, до кеопсовата пирамида се наоѓа една голема статуа наречена Сфинга и е долга
72 метри.

13. Опиши ги природните услови на Стара Хелада.

- Стара хелада се простира на јужниот дел од Балканскиот полуостров, островите по Егејско море и
крајбрежјето на мала Азија. Континенталниот дел на хелада е повеќе планинска земја .
Планинските масиви ја разделувале Хелада на три дела, Северна Средна и Јужна Хелада.

14. Опиши го процесот на населувањето на хеленските племиња во Хелада.

Хеленските племиња почнале да се населуваат во стара Хелада во вториот милениум п.н.е .


Најнапред од северните делови на Хелада се населиле Ахајците кои постепено продирале кон
јужниот пол на хелада и Околу 1200 година п.н.е во Хелада пристигнале и хеленските племиња
Јонци Дорци Еолци. Тие постепено ја населиле цела Хелада со островите и крајбрежјето на Мала
Азија . Притоа наполно го покориле староседелското население, го уништиле или асимилирале.

15. Како биле организирани малите хеленски држави – полиди?

- На чело на полисите стоел Базилеус. Кој исто така бил и војсководач, судија и свештеник. За сите
важни прашања тој бил должен да се советува со советот на старешините составен од
аристократските семејства и народното собрание кое го сочинувале сите возрасни т.е луѓето над
18 години. Најголеми и најпознати полиси биле Спарта Атина и Теба.
16. Каква била целта на спартанското воспитување?

- Целта била децата да бидат здрави и силни војници.По 7мата година грижата за децата ја
преземала државата со државни учители. Воспитувањето главно се состоело во телесни вежби. Во
привикнувањето на најстрога дисциплина и секакви напори, главно оделе боси со оскудна облека
а на зима ја бањале во студена вода. Машките деца биле школувани 10 години, од 7та до 17та а
потоа добивале свое оружје и биле распоредувани по дружини наречени систии.

- За воспитувањето на женските деца постоеле постоеле посебни гимназии, каде учеле


гимнастички вежби, музика и пеење. Благодарение на ваквото воспитување Спартанците станале
храбри, дисциплирани и издржливи војници а Спарта најсилна војничка држава во цела Хелада

17. Какво било општественото и државното уредување на Атина?

18. Зошто се воделе Хеленско-Персиски војни?

- Стремежот на хелените да ги ослободат поморските патишта како и да ја одбранат својата


независност од Персиската опасност биле главна причина за хеленско-персиските војни.

(500-449г.п.н.е) во 490г.п.н.е здружените сили на Атина и Спарта а потоа и на другите хеленски


држави ја разбиле персиската војна кај маратонското поле кај Атина. По победите кај
Саламинскиот Залив и крај островот Кипар, Хеленско-персиските војни завршиле со победа на
Хелените.

You might also like