Прилошки определби се додатоци на прирокот за околностите во кои или под кои
се врши (се вршело, ќе се врши) дејството. Се даваат податоци за тоа: кога, каде, како, колку, зошто, со каква цел и под кој услов се врши дејството.
Пр: Марија вчера купи торта.
Синтаксичка анализа: Марија – подмет, вчера – прилошка определба за време,
купи- прирок, торта – директен предмет.
Морфолошка анализа: Марија – именка, вчера – прилог за време, купи – глагол,
торта –именка.
1. Додаток за место: (каде, до каде,од каде,на каде ? )
Пр: Марија чита книга во кревет. Јунак дома не умира. Тргнавме до Матка. Отидовме накај Тетотво. Почнавме од улица.
2. Додаток за време (кога, од кога, до кога, за кога?) :
Пр: Тоа утро заспав.Марија денес чита книга. Од вчера почнав да работам. До задутре ќе завршам. За среда ќе биде готово. Замина по полноќ. 3. Додаток за начин (како? - ) : Марија ја чита книгата со особено внимание. Ја пречекаа со цвеќиња. Го сркшија ко ветка.
4. Додаток за количество/степен ( за колку, колку?) :
Пр: Марија многу чита книги. Работи за тројца. Крена 20 вреќи. Стаса до дното. Стигна до крајот. Почнавме од нула.
5. Додаток за причина (зошто?) :
Пр: Марија чита книга заради мајка ӣ. Не дојде поради болест. Скокаа од радост.
6. Додаток за цел (со каква цел се врши дејството):
Пр: Марија ја чита книгата за да (со цел) ја напише лектирата. Отиде по млеко. Тргна по цигари. 7. Додаток за услов (под кој услов се врши дејството) : пр:Без лектирата Марија нема да добие петка. Без потпис нема документ.
8. Додаток за допуштање( се случува дејство спротивно на она што се очекува):
пр:И покрај лектирата, Марија не доби петка. И покрај сите услови, ти не учиш. И покрај сето внимание, детето падна.