Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 3

Прилошки определби

Прилошки определби се додатоци на прирокот за околностите во кои или под кои


се врши (се вршело, ќе се врши) дејството. Се даваат податоци за тоа: кога, каде, како,
колку, зошто, со каква цел и под кој услов се врши дејството.

Пр: Марија вчера купи торта.

Синтаксичка анализа: Марија – подмет, вчера – прилошка определба за време,


купи- прирок, торта – директен предмет.

Морфолошка анализа: Марија – именка, вчера – прилог за време, купи – глагол,


торта –именка.

1. Додаток за место: (каде, до каде,од каде,на каде ? )


Пр: Марија чита книга во кревет. Јунак дома не умира. Тргнавме до Матка. Отидовме
накај Тетотво. Почнавме од улица.

2. Додаток за време (кога, од кога, до кога, за кога?) :


Пр: Тоа утро заспав.Марија денес чита книга. Од вчера почнав да работам.
До задутре ќе завршам. За среда ќе биде готово. Замина по полноќ.
3. Додаток за начин (како? - ) : Марија ја чита книгата со особено внимание.
Ја пречекаа со цвеќиња. Го сркшија ко ветка.

4. Додаток за количество/степен ( за колку, колку?) :


Пр: Марија многу чита книги. Работи за тројца. Крена 20 вреќи. Стаса до дното.
Стигна до крајот. Почнавме од нула.

5. Додаток за причина (зошто?) :


Пр: Марија чита книга заради мајка ӣ. Не дојде поради болест. Скокаа од радост.

6. Додаток за цел (со каква цел се врши дејството):


Пр: Марија ја чита книгата за да (со цел) ја напише лектирата. Отиде по млеко.
Тргна по цигари.
7. Додаток за услов (под кој услов се врши дејството) :
пр:Без лектирата Марија нема да добие петка. Без потпис нема документ.

8. Додаток за допуштање( се случува дејство спротивно на она што се очекува):


пр:И покрај лектирата, Марија не доби петка. И покрај сите услови, ти не учиш.
И покрај сето внимание, детето падна.

You might also like