Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Активни и пасивни реченици

1. Активни реченици – граматичкиот подметот е вршител на дејството, а предметот е трпител.

Пр: Јана прочита книга.


Професорот го пофали ученикот.

2. Пасивни реченици – предметот како трпител на дејство се јавува во улога на подмет,


вршител на дејство.
Пр: Книгата е прочитана од Јана.
Ученикот е пофален од професорот.

!!! И покрај тоа што, конструкциски,предметот е ставен во улога на подмет, сепак, сѐ уште е
трпител на дејството.

Пасивот се прави на 2 начина:

Пасив 1 : СУМ + ГЛАГОЛСКА ПРИДАВКА


ПР: Агенцијата распишува конкурс за вработување. ( активна реченица )
Професорот го пофали ученикот.

Конкурсот за вработување беше распишан од агенцијата.


Конкурсот за вработување е распишан од агенцијата.
Ученикот е пофален од професорот.

Пасив 2 : СЕ ( повратна заменка ) + глагол :


Агенцијата распишува конкурс за вработување. ( активна реченица )
Пр: Конкурсот за вработување се распишува од агенцијата.
Се распишува конкурс за вработување од агенцијата.
Од агенцијата се распишува конкурс за вработување.
Се пофалува ученикот од професорот. Ученикот се пофалува од професорот.
Примери:
Тутунарите ги нижеа листовите. (активна) Листовите беа нижани од тутунарите.

Вежба : претвори ги речениците од актив во пасив и обратно

Јана го однесе дедото во полето.


Детето беше нахрането од баба му.
Дедо ми ги продава најслатките лубеници.
Беше соопштено на најдобар начин.
На крајот ни изрекоа една необична казна.
Филмот се прикажува секој ден.
Потоа се случи голема брканица.
Јас се слушам овде!

You might also like