РАЗВОЈ НА СОПСТВЕНИТЕ ОСОБИНИ

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

РАЗВОЈ НА СОПСТВЕНИТЕ ОСОБИНИ

За да можеме да го планираме нашиот развој, многу е значајно да се познаваме себеси,


своите вредности, особини, факторите кои влијаат врз нивно формирање и слично.

Колку подобро ги знаеме сопствените карактеристики, толку поумешни ќе бидеме во


одредување на нашите цели и начините на постигнување на истите.

На тој начин се остваруваме себеси како граѓани кои придонесуваат во заедницата во која
живеат.

За да можеме да го оствариме она што го посакуваме, постојат работи кои зависат од нас
самите и со кои можеме да влијаеме врз нашите постигнувања.

Пред сè, треба добро да се познаваме и да имаме реална слика за нашите способности,
потенцијали и знаења во моментот.

Потоа, треба да сакаме да прифатиме предизвици и да сме посветени, истрајни во


постигнување на истите.

За да го постигнеме тоа треба да сме добро организирани и да ги планираме


чекорите/активностите.

Многу е важно да имаме самодоверба, односно позитивна верба во себе дека можеме и
умееме да го направиме она што го посакуваме.

Врз нашата самодоверба многу влијае позитивниот и поттикнувачки однос на родителите,


наставниците и пријателите.

И самите можеме да влијаеме врз самодовербата доколку се трудиме во секоја ситуација


да дадеме сè од себе за да успееме
Во вашите тетратки запишете одговор на следните задачи

Мојот идентитет –развој на сопствените особини


Размислувај за себе и одредени аспекти од твојот идентитет.

Одговори на следните прашања:

-Кои особини ги поседувам (на пример: истрајност, отвореност, сочувствителност,


избувливост, трудољубивост, дружељубивост, интровертност, екстровертност,
мрзеливост, креативност, љубопитност, реалистичност, прилагодливост ...):

- Кога, во кој период од животот (мало дете, предучилишна возраст, училишна возраст) ми
се развија овие особини:

- На развојот на овие особини ми влијаеа: семејството, училиштето, врсниците, друг/и


(кој/кои):

- Кои особини ги делам со повеќето од моите врсници:

- Кои особини се карактеристични само за мене:

- Каква личност сакам да станам? Кои особини сакам да ги променам, кои дополнително
да ги развијам?

Откако ќе одговориш на прашањата, сподели ги и спореди ги твоите одговори со


одговорите ученикот/чката кој ти се најблиски. Разговарајте во однос на тоа по што сте
слични, а по што различни.

Задача 2-Замисли се себеси за една година. Што би сакал/а да постигнеш? Какви цели
имаш поставено за себе?

You might also like