Sanacii Na AB Konstrucki - ADING - Katalog

You might also like

Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 40

АДИНГ СИСТЕМИ И ТЕХНОЛОГИИ ЗА САНАЦИЈА

И ЗАШТИТА НА АРМИРАНОБЕТОНСКИТЕ КОНСТРУКЦИИ,


ВО СОГЛАСНОСТ СО ЕВРОПСКИ СТАНДАРД ЕN 1504
Смеси за залевање

pH 8,5

EUROPEAN STANDARD EN 1504 Products and systems for the protection and repair
of concrete structures – Definitions, requirements, quality control and evaluation of conformity

Конструктивни лепила

АБ КОНСТРУКЦИИ

EN 1504
Заштитни премази
Репарација на бетони
АДИНГ СИСТЕМИ И ТЕХНОЛОГИИ ЗА САНАЦИЈА И ЗАШТИТА НА АРМИРАНОБЕТОНСКИТЕ
КОНСТРУКЦИИ, ВО СОГЛАСНОСТ СО ЕВРОПСКИ СТАНДАРД ЕN 1504

ПРЕДГОВОР

Со експанзијата на бетонските конструкции и бетонот како најчесто применуван градежен материјал,


сè почесто е присутна потребата за санација на бетонските и армирано-бетонските конструкции, кои се
оштетени во текот на експлоатацијата на објектот или како резултат на грешки при самата изградба.

Еден од основните предизвици на инженерскиот тим на АДИНГ се проблемите поврзани со санација и


реконструкција на армирано-бетонските конструкции. Современите методи на реконструкција и
санација на бетонските конструкции бараат технички решенија со примена на специјализирани
производи дизајнирани според најновите трендови на меѓународните норми и стандарди, кои се
применуват на пазарите каде АДИНГ e присутен со својата производна програма.

Правилното одржување, санација и реконструкција на армирано бетонските конструкции се главниот


услов за продолжување на векот на истите. АДИНГ АД Скопје следејќи ги Европските норми EN 1504 нуди
повеќе системи наменети за заштита и санација, со што во целост одговара на најсовремените
предизвици во оваа област.

Со цел правилно извршување на санацијата на одредена а.б. конструкција, како и изработка на план за
мониторинг и заштита на истата, потребно е да се изврши релативно сложена проценка на состојбата
и изготвување на проектна документација. Со воведување и дефинирање на клучните принципи за
заштита и санација на конструкциите, европските норми EN 1504, им олеснуваат како на корисниците на
објектите, така и на професионалните градежници целосно ди ги разберат проблемите и да изнајдат
најсоодветни решенија во текот на различни фази од процесот на санација. Европските норми во EN 1504
ги опфаќаат производите и системите за санација и заштита на бетонските конструкции, а наменети
се за сите оние кои се вклучени во работата, инвеститори, инженери, проектанти, изведувачи, надзори и
производители на градежни материјали.
АДИНГ СИСТЕМИ И ТЕХНОЛОГИИ ЗА САНАЦИЈА И ЗАШТИТА НА АРМИРАНОБЕТОНСКИТЕ
КОНСТРУКЦИИ, ВО СОГЛАСНОСТ СО ЕВРОПСКИ СТАНДАРД ЕN 1504

СОДРЖИНА

1.БЕТОНОТ КАКО ОСНОВЕН ГРАДЕЖЕН МАТЕРИЈАЛ 5

1.1.ОСНОВНИ ПРИЧИНИ ЗА ОШТЕТУВАЊЕ НА АБ-КОНСТРУКЦИИ 6


1.2 КЛАСИФИКАЦИЈА НА ПРИЧИНИТЕЛИТЕ НА ОШТЕТУВАЊА КАЈ БЕТОНСКИТЕ КОНСТРУКЦИИ ВО
СОГЛАСНОСТ СО ЕВРОПСКИОТ СТАНДАРД EN 1504 ЗА САНАЦИЈА И ЗАШТИТА НА БЕТОНСКИ
КОНСТРУКЦИИ 9
1.3 КЛАСИ НА ИЗЛОЖЕНОСТ НА БЕТОНСКИТЕ КОНСТРУКЦИИ НА АТМОСФЕРСКИ ВЛИЈАНИЈА И
ХЕМИСКА АГРЕСИЈА 10
1.4 КАРБОНИЗАЦИЈА 12
1.5 ОТПОРНОСТ НА БЕТОНОТ НА ПРОДОР НА ВОДА И АГРЕСИВНИ МАТЕРИИ 13

2. ЕВРОПСКИ НОРМИ ЗА САНАЦИЈА И ЗАШТИТА НА АБ КОНСТРУКЦИИ EN 1504 16

2.1. ФАЗИ НА САНАЦИЈАТА 16


2.2. СТРУКТУРА НА СТАНДАРДОТ EN 1504 17
2.2.1 EN 1504-1 Дефинирање на специфичната терминологија во стандардот 17
2.2.2 EN 1504-2 Материјали и системи за површинска заштита на бетонот 18
2.2.3 EN 1504-3 Материјали и системи за конструктивна и неконструктивна санација 19
2.2.4. EN 1504-4 Материјали и системи за конструктивно поврзување 21
2.2.5 EN 1504-5 Материјали и системи за инјектирање 21
2.2.6 EN 1504-6 Анкерување на челична арматура 23
2.2.7 EN 1504-7 Заштита од корозија на челичната арматура 23
2.2.8 EN 1504-8 Контрола на квалитетот и оценка на сообразноста 23
2.2.9 EN 1504-9 Принципи и методи за заштита и санација на бетонски конструкции 24
2.2.10 EN 1504-10 Дефинирање на процедурата за контрола на квалитетот на
извршената работа (санација) и примената (апликацијата) на производите за санација 26
2.3 ИЗРАБОТКА НА ПРОЕКТ ЗА САНАЦИЈА 26

3. АДИНГ ПРОИЗВОДИ ЗА САНАЦИИ - ВО СОГЛАСНОСТ СО СТАНДАРДОТ EN 1504 28

3.2 АДИНГ СИСТЕМИ ЗА САНАЦИЈА И ЗАШТИТА НА БЕТОНСКИ КОНСТРУКЦИИ 30


3.2.1 СИСТЕМИ ЗА ЗАШТИТА НА ПЕШАЧКИ ПАТЕКИ НА МОСТОВИ И ДРУГИ ИЗЛОЖЕНИ ОБЈЕКТИ 32
3.2.2 AДИНГ СИСТЕМ ЗА ЗАШТИТА НА АРМИРАНОБЕТОНСКИ МОСТОВСКИ КОНСТРУКЦИИ 32
3.2.3 СИСТЕМИ ЗА ИЗВЕДБА НА ХИДРОИЗОЛАЦИЈА НА МОСТОВИ 33
3.2.4 АДИНГ СИСТЕМИ ЗА ЗАШТИТА НА ТУНЕЛСКИ КОНСТРУКЦИИ 33
3.3 ПРОИЗВОДИ И СИСТЕМИ ЗА ЗАШТИТА НА ТЕМЕЛНИ КОНСТРУКЦИИ, ПОТПОРНИ ЅИДОВИ, 36
ПРОПУСТИ, „ЊУ ЏЕРСИ” ОГРАДИ И ДРУГИ ИЗЛОЖЕНИ КОНСТРУКЦИИ

АДИНГ - ИСКУСТВО И ГРИЖА ЗА ПАРТНЕРИТЕ 37

4
АДИНГ СИСТЕМИ И ТЕХНОЛОГИИ ЗА САНАЦИЈА И ЗАШТИТА НА АРМИРАНОБЕТОНСКИТЕ
КОНСТРУКЦИИ, ВО СОГЛАСНОСТ СО ЕВРОПСКИ СТАНДАРД ЕN 1504

1. БЕТОНОТ КАКО ОСНОВЕН ГРАДЕЖЕН МАТЕРИЈАЛ

Дваесеттиот век во историјата ќе остане забележан по многубројните револуционерни пронајдоци и нивното


усовршување, чија примена во практиката значи нов квалитет во животот на луѓето. Во сферата на градежништвото,
бетонот го завзема доминантното место, како основен конструктивен материјал на многубројни објекти во
високоградбата, хидроградбата и нискоградбата. Интензивниот развој на цементната индустрија, како и технологиите
на проектирање и изведба со примена на армираниот бетон, доведоа до тоа современото градежништво да не може
да се замисли без употреба на бетон.

Современите методи на дизајнирање и реализација на конструкциите овозможуваат изведба на сложени форми со


смели пресеци и распони. Дизајнот на АБ конструкции се базира на основниот принцип на армираниот бетон, каде
челикот и бетонот во меѓусебна интеракција ги превземаат силите на напрегање.
Во шеесетитте години технологијата на бетонот е збогатена со уште една компонента, а тоа се адитивите за бетон, кои
придонесуваат за добивање нови квалитети на бетонот и на бетонските конструкции. Така, со примена на соодветни
адитиви се добиваат бетони со поголема отпорност на притисок и затегнување, лесно лиени бетони,
водонепропустливи бетони и др.

По својата природа, бетонот како градежен материјал е многу стабилен. Со стареењето, неговите јакосни
карактеристики се зголемуваат. Истовремено, челикот во армираниот бетон е заштитен и не ги менува своите
карактеристики. Сепак, не смее да се заборави дека армираниот бетон е често изложен на надворешни агресии, како и
на механички оштетувања.

5
АДИНГ СИСТЕМИ И ТЕХНОЛОГИИ ЗА САНАЦИЈА И ЗАШТИТА НА АРМИРАНОБЕТОНСКИТЕ
КОНСТРУКЦИИ, ВО СОГЛАСНОСТ СО ЕВРОПСКИ СТАНДАРД ЕN 1504

1.1 ОСНОВНИ ПРИЧИНИ ЗА ОШТЕТУВАЊЕ НА АБ-КОНСТРУКЦИИ

Изложеност на конструкциите на надворешни атмосферски и хемиски влијанија


Бетонот е евтин, траен, еколошки матерјал, кој дава бескрајни можности за обликување и примена. Ваквите
карактеристики придонесуваат и во современото градење бетонот и армираниот бетон да бидат најшироко
распространети градежни материјали во светот. Развојот на современата технологија на бетон секојдневно ја
проширува неговата примена, во некои случаи трансформирајќи го во сосема нов и привидно непрепознатлив
градежен материјал.
Бетонот се применува за градење на објекти на сите континенти, во секоја климатска зона, за изведба на инженерски и
хидротехнички објекти, индустриски објекти, подземни конструкции, пристаништа, платформи и други конструкции
во и покрај морињата.
Ваквиот широк спектар на примена, ги прави различните бетонски и АБ конструкции изложени на агресии
предизвикани од физичко-механички влијанија, атмосферски влијанија, хемиски агресии и др.

*Изложеност на конструкциите на атмсферски и хемиски влијанија

Долготрајната изложеност на бетонските конструкции на надворешните влијанија, како и евентуалните грешки


направени во текот на проектирањето или градењето, неминовно доведува до оштетување и деградација на
конструкциите, односно губење на функционалноста на објектите. Дополнително, недостатокот од одржување во
текот на експлоатацијата на објектите – особено на систематско одржување во согласност со претходно утврден
проект за одржување и заштита - предизвикува дополнителна деградација односно влошување на состојбата во која
се наоѓа конструкцијата.
Пропусти при проектирањето на конструкциите
Оштетувањата на бетонските конструкции можат да бидат
последица на грешки при самото проектирање на конструкциите,
најчесто како резултат на лоша проценка на однесувањето на самата
конструкција, или на несоодветен избор на конструктивен систем.
Значајни оштетувања на АБ конструкции често се јавуваат и како
последица на нерамномерно слегање на темелите на
конструкцијата (најчесто поради несоодветни геомеханички
испитувања на почвата или во случај на изградба на нов објект со
длабоки темели во непосредна близина на постоечките помали
објекти). Притоа, доаѓа до појава на пукнатини кои во текот на
експлоатацијата овозможуваат продор на агресивни материи во
конструкцијата и следствено, корозија на бетонот и арматурата. * Последица на нерамномерно слегање на темелите на конструкцијата

Честа причина за појава на оштетувања кај конструкциите е лошата


проценка на механичките влијанија на конструкциите, динамичките
товари или вибрации, ветер, земјотреси, променлив хидростатски
притисок или хидро-динамички влијанија.
Недоволната посветеност и планирањето на изведбата на објектите
(најчесто поради кратките рокови за изградба) како и несоодветниот
избор на материјали и технологија на градење, доведуваат до појава
на грешки и намален квалитет на изведбата.

*Последици на земјотресот во Кобе, Јапонија 1995


6
АДИНГ СИСТЕМИ И ТЕХНОЛОГИИ ЗА САНАЦИЈА И ЗАШТИТА НА АРМИРАНОБЕТОНСКИТЕ
КОНСТРУКЦИИ, ВО СОГЛАСНОСТ СО ЕВРОПСКИ СТАНДАРД ЕN 1504

Пропусти при изведбата на АБ-конструкции:


Несоодветно обработените прекини во бетонирањето. Ваквите места во експолоатацијата остануваат „слаба алка”
низ кои водата и агресивните материи продираат во конструкцијата. Слични последици се јавуваат и при несоодветно
поставување и обработка на дилатации на конструкцијата.

*Несоодветно обработен прекин на бетонирањето

*Обработка на дилатаци на
мостовска конструкција
*Обработка на прекин на бетонирање *Последици од несоодветно обработени
дилатации на мостовска конструкција

Несоодветен квалитет на бетонот


До појава на вградување на бетон со недоволен квалитет и перформанси најчесто доаѓа поради несоодветен избор на
компоненти на бетонот (тип и количина на цемент, агрегати, адитиви и додатоци), некомплетно извршување на
предвидените претходни испитувања на бетонот, недоволна контрола во текот на производството вградувањето и
негата на бетонот.

Појава на сегрегации или други недостатоци при вградувањето на бетонот


До вакви појави најчесто доаѓа поради лошо одбрана технологија на вградување на бетонот или пак на неадаптирање
на рецептурата на бетонот на одредени амбиентални услови. Во зависност од начинот на вградување на бетонот (со
пумпање, налевање, кибла, екструдирање, итн) како и типот на конструктивниот елемент (густо армиран пресек,
неармиран, масивен итн) потребно е да се избере и соодветна класа на конзистенција на бетонот (S1-S5 или SCC бетон).

* Вградување на бетон со кибла * Вградување на бетон со автопумпа

7
АДИНГ СИСТЕМИ И ТЕХНОЛОГИИ ЗА САНАЦИЈА И ЗАШТИТА НА АРМИРАНОБЕТОНСКИТЕ
КОНСТРУКЦИИ, ВО СОГЛАСНОСТ СО ЕВРОПСКИ СТАНДАРД ЕN 1504

Динамиката на производство на бетонот исто така треба да е адаптирана на типот на конструкцијата која се изведува –
да не се дозволи застој и “чекање” на произведениот бетон во миксерите (при што доаѓа до губење на конзистенцијата
на бетонот и несоодветна врска помеѓу слоевите на бетон). Од тие причини, при подолготраен транспорт или
бетонирање при високи амбиентални температури, неизоставно мора да се адаптира рецептурата за бетон со
додавање на соодветни адитиви (успорувачи на врзувањето и суперпластификатори).

* Сегрегација во бетонот
Несоодветна нега на свежиот бетон
Несоодветната нега на свежиот бетон, може да доведе до појава на пукнатини во раната фаза на врзувањето на бетонот.
Ваквата појава особено е изразена во случаи на бетонирање на конструкции со голема површина изложени на сонце
или ветер (плочи на меѓукатни конструкции, мостови, бетонски коловози, итн). Превенцијата од ваквата несакана
појава е спречување на пребрзото губење на вода од конструкцијата преку испарување. За таа цел можат да се
применат мерки за нега како постојано влажнење со вода, покривање со материјал кој ја држи влагата (најлон,
геотекстил, јутено платно ) или со примена на специјализирани средства за нега на свежиот бетон.

* Заштита на свеж бетон со Заштита Б3 * Заштита на свеж бетон со покртивање

8
АДИНГ СИСТЕМИ И ТЕХНОЛОГИИ ЗА САНАЦИЈА И ЗАШТИТА НА АРМИРАНОБЕТОНСКИТЕ
КОНСТРУКЦИИ, ВО СОГЛАСНОСТ СО ЕВРОПСКИ СТАНДАРД ЕN 1504

1.2 КЛАСИФИКАЦИЈА НА ПРИЧИНИТЕЛИТЕ НА ОШТЕТУВАЊА КАЈ БЕТОНСКИТЕ КОНСТРУКЦИИ ВО


СОГЛАСНОСТ СО ЕВРОПСКИОТ СТАНДАРД EN 1504 ЗА САНАЦИЈА И ЗАШТИТА НА БЕТОНСКИ КОНСТРУКЦИИ

Како што беше прикажано во претходното поглавје, постојат повеќе можни причинители на оштетувања на бетонските
конструкции. Во согласност со Европскиот стандард EN 1504 за санација и заштита на бетонски конструкции,
негативните влијанија на АБ конструкции се класифицираат во две основни групи:
– Оштетувања на бетонот
– Оштетувања на АБ конструкции како последица на корозија на челичната арматура

Основни причинители на оштетувања и деградација на бетонот

МЕХАНИЧКИ ХЕМИСКИ ФИЗИЧКИ


- Удар - Циклуси на замрзнување
- Преоптоварувања - Алкално-агрегатна
реакција /одмрзнување
- Поместување - Температурни поместувања
-Вибрации - Изложеност на хемиска
агресија - Експанзија на кристали на сол
- Земјотрес - Собирање
- Експлозија - Бактериолошки или други
биолошки влијанија - Ерозија
- Ефлоресценција - Абразија и абење на бетонот
(исолување)

* Хемиско оштетување * Механичко оштетување * Физичко оштетување

Оштетувања на АБ-конструкции како последица на корозија на челичната арматура

Корозивна контаминација Хемиски влијанија Електро хемиска корозија

- Изложеност на хемиски - Пасивизација на Последица на постоење на


агресивни материјали заштитниот слој електрично коло во бетонот
Пр.: хлориди од морска на бетонот - Метали со различен електричен
сол или сол за размрзнување - Карбонизација потенцијал се во контакт преку бетонот
- Поради затворање на ел. коло преку
бетонот кај преносните електрични системи

* Електро хемиска * Дејство на хлориди * Комбинирано дејство на мраз, * Комбинирано ерозивно * Kарбонизација
корозија од морска вода сол за размрзнување и карбонизација дејство на водата

9
АДИНГ СИСТЕМИ И ТЕХНОЛОГИИ ЗА САНАЦИЈА И ЗАШТИТА НА АРМИРАНОБЕТОНСКИТЕ
КОНСТРУКЦИИ, ВО СОГЛАСНОСТ СО ЕВРОПСКИ СТАНДАРД ЕN 1504

1.3 КЛАСИ НА ИЗЛОЖЕНОСТ НА БЕТОНСКИТЕ КОНСТРУКЦИИ НА АТМОСФЕРСКИ ВЛИЈАНИЈА И


ХЕМИСКА АГРЕСИЈА
Во зависност од намената на објектите, како и нивната местоположба, разичните АБ конструкции можат да бидат
изложени на различни (главно неповолни) влијанија во текот на нивната експлоатација. Со цел да се изврши градација
на интензитетот на деструктивните влијанија на кои е изложена една конструкција, а на тој начин и да се изврши и
проценка на ризикот да дојде до оштетување во текот на експлоатацијата на истите, европскиот стандард за бетон EN
206-1 Бетон: спецификација, технички карактеристики, производство и усогласување ги дефинира следните класи на
изложеност на бетонските конструкции на атмосферски влијанија и хемиска агресија:

КЛАСИ НА ИЗЛОЖЕНОСТ НА БЕТОНСКИТЕ И АБ КОНСТРУКЦИИ

X0 – НЕМА РИЗИК ОД КОРОЗИЈА И ХЕМИСКА АГРЕСИЈА

Неармиран бетон кој не е изложен на мраз, соли и Пр. Бетонски елементи внатре во зградите со ниска
хемиска агресија влага
Армиран бетон во многу сува и заштитена средина

XC1 – XC4 КОРОЗИЈА НА АРМАТУРАТА КАКО ПОСЛЕДИЦА НА КАРБОНИЗАЦИЈА

Бетон трајно потопен, објекти во средина со ниска


XC1 – Сува или трајно влажна средина
влажност
XC2 –Влажна средина, ретко сува Темелни конструкции
XC3 –Умерено влажна средина Наворешни бетонски површини, заштитени од дожд
XC4 –Циклично влажна средина

XD1 – XD3 КОРОЗИЈА ОД ХЛОРИДИ БЕЗ МОРСКА ВОДА

XD1 – Умерено влажна средина Бетон изложен на хлориди во атмосферата


XD2 –Влажна средина, ретко сува Базени, резервоари со хлор. вода
Делови од мостовски конструкции тротоари,
XD3 –Циклично изложена средина
паркиралишта

XS1 – XS3 КОРОЗИЈА ОД ХЛОРИДИ ОД МОРСКА ВОДА

XS1 – Објкти кои не се во директен контакт со морска


Крајбежни објекти
вода
XS2 –Трајно потопени објекти
XS3 –Циклична изложеност на морска вода Објекти во зона на плима, прскање и бранови

XF1 – XF4 ИЗЛОЖЕНОСТ НА ЦИКЛУСИ НА СМРЗНУВАЊЕ СО И БЕЗ СОЛИ

Вертикални површини изложени на дожд и


XF1 – Умерена заситеност со вода, без сол
смрзнување
Вертикални површини на патна инфраструктура
XF2 –Умерена заситеност со вода, со сол
изложени на дожд и прскање на соли
Хоризонтални површини изложени на дожд и
XF3 – Висока заситеност со вода, без сол
смрзнување
Коловозни плочи, мостовски плочи кои директно се
XF4 – Висока заситеност со вода и сол за размрзнување прскаат со сол, пристанишни објекти изложени на
смзрнување

XA1 – XA3 ИЗЛОЖЕНОСТ НА ХЕМИСКА АГРЕСИЈА

* Бетон изложен на хемиска агресија од подземни води или морска вода, со лимитирачки вредности на
концентрација на контаминенти дадена во стандардот EN 206-1. За повисоки концентрации и друга хемиска
агресија потребно е да се изработи дополнителна студија.

10
АДИНГ СИСТЕМИ И ТЕХНОЛОГИИ ЗА САНАЦИЈА И ЗАШТИТА НА АРМИРАНОБЕТОНСКИТЕ
КОНСТРУКЦИИ, ВО СОГЛАСНОСТ СО ЕВРОПСКИ СТАНДАРД ЕN 1504

Во склоп на истиот стандард EN 206-1 дадени се и препораки за изготвување на бетонот во зависност од тоа во која
класа на изложеност е категоризиран. Ваквите препораки ги дефинираат минималните услови за дизајн на бетон
според неговата класа на изложеност кои вклучуваат:

Ÿ Минимална јакост на бетонот


Ÿ Минимална количина на цемент
Ÿ Максимален W/C - фактор
Ÿ Тип на цемент
Ÿ Содржина на вовлечен воздух

ПРЕПОРАКИ ЗА ДИЗАЈН И ПЕРФОРМАНСИ НА БЕТОНОТ ВО ЗАВИСНОСТ ОД КЛАСАТА НА ИЗЛОЖЕНОСТ

Корозија од хлориди
Нема
опасност
од Хлориди кои не се од
корозија Карбонизација Морска вода морска вода
Класа на
изложеност на
бетонот X0 XC1 XC2 XC3 XC4 XS1 XS2 XS3 XD1 XD2 XD3
Max W/C - 0,65 0,6 0,55 0,5 0,5 0,45 0,45 0,55 0,55 0,45
Мин. Класа на
јакост C12/15 C20/25 C25/30 C30/37 C30/37 C30/37 C35/45 C35/45 C30/37 C30/37 C35/45
Мин. Количина
на цем. (kg/m 3) - 260 280 280 300 300 320 340 300 300 320
Мин. Вовлечен
воздух (%) - - - - - - - - - - -

ПРЕПОРАКИ ЗА ДИЗАЈН И ПЕРФОРМАНСИ НА БЕТОНОТ ВО ЗАВИСНОСТ ОД КЛАСАТА НА ИЗЛОЖЕНОСТ

Циклуси смрзнување - размрзнување Хемиски Агресивна средина


Класа на
изложеност
на бетонот XF1 XF2 XF3 XF4 XA1 XA2 XA3
Max W/C 0,55 0,55 0,50 0,45 0,55 0,50 0,45
Мин. Класа на
јакост C30/37 C30/37 C30/37 C30/37 C30/37 C30/37 C35/45
Мин. Количина
на цем. (kg/m 3) 300 300 320 340 300 320 360
Мин. Вовлечен
воздух (%) - 4,0a 4,0a 4,0a - - -
Агрегат во соглност со EN12620 со задоволителна отпорност на Сулфатно – отпорен
Други барања смрзнување / размрзнување цемент

Лошата проценка на степенот на хемиска агресија на која една конструкција е изложена неминовно доведува до
појава на деградација на конструкциите. Во таков случај, материјалите кои се применуваат за санација и заштита на
истата исто така треба да бидат соодветни за употреба во средина со соодветна класа на изложеност која се
однесува на конструкцијата.

11
АДИНГ СИСТЕМИ И ТЕХНОЛОГИИ ЗА САНАЦИЈА И ЗАШТИТА НА АРМИРАНОБЕТОНСКИТЕ
КОНСТРУКЦИИ, ВО СОГЛАСНОСТ СО ЕВРОПСКИ СТАНДАРД ЕN 1504

1.4 КАРБОНИЗАЦИЈА
Глобалните климатски промени, развојот на индустријата и особено ширењето на урбаните средини исто така влијаат и
на промена на агресивноста на средината – загадување на атмостерфата со CO₂, сулфати, хлориди итн. Како и кај луѓето,
ваквата појава особено штетно влијае на постарите објекти кај кои не е предвидена соодветна отпорност на бетонот
(непропусност на агресии), односно доволен заштитен слој на арматурата. Огромни напори и средства се вложуваат во
многу градови во светот за заштита на објекти кои претставуваат културно историски одбележја со непроценлива
вредност, а се сериозно загрозени поради преголемото загадување на воздухот. Изложеноста на високи концентрации
на CO₂, особено во урбаните средини и кај патната инфраструктура (тунели, мостови) доведува до намалување на
алкалноста на бетонот, односно губење на заштитната улога на бетонот и појава на корозија на арматурата во АБ
конструкции. Ваквата појава се нарекува карбонизација.

*Кородирана арматура како последица


на карбонизација во бетонот

Оформената јаглеродна киселина реагира со алкалниот калциум хидроксид кој е присутен во матрицата на бетонот
и создава нерастворлив калциум карбонат, а овој процес резултира со пад на pH вредноста од 12,5 на приближно
8,5. H₂CO₃+Ca(OH)₂ CaCO₃+2H₂O.

1. ВЛИЈАНИЈА ВРЗ БЕТОНОТ 2. КАРБОНИЗАЦИЈА НА БЕТОНОТ 3. ВЛИЈАНИЕ ВРЗ АРМАТУРАТА 4. ПРОЦЕС НА КОРОЗИЈА НА АРМАТУРАТА

арматурата повеќе брзо зголемување


почетна не е заштитена - на корозијата
карбонизација започнува процес
на бетонот на корозија
карбон арматура
диоксид арматура арматура
арматура
карбон карбон
хлориди диоксид диоксид
бетон бетон бетон
сулфати бетон

Вистинската опасност од карбонизацијата за армиранобетонските конструкции произлегува токму од намалувањето


на pH вредноста на бетонот. Имено, во средина каде pH вредноста е помала од 11, челикот подлежи на корозија. Кога
карбонизацијата ќе дојде до арматурата, а соодветно на тоа и pH вредноста на бетонот се спушти под 11, заштитната
обвивка околу арматурните прачки не може повеќе да ја врши својата улога. Дополнително, создадената р'ѓа на
челикот експандира предизвикувајќи напрегања во бетонот, а тоа резултира со појава на пукнатини и поголемо
навлегување на вода што овозможува понатамошна уште поголема деградација.
Бетонот честопати целосно карбонизира без притоа да има видлив показател за влошувањето на состојбата на истиот,
оставајќи го челикот изложен на воздух, но не и на влага. Проблеми се јавуваат онаму каде што бетонот е изложен на
надворешни атмосферски влијанија или во одредени ситуации внатре во објектот, како што се кујни и бањи, односно
делови кои се подложни на кондензација, влага или вода.

12
АДИНГ СИСТЕМИ И ТЕХНОЛОГИИ ЗА САНАЦИЈА И ЗАШТИТА НА АРМИРАНОБЕТОНСКИТЕ
КОНСТРУКЦИИ, ВО СОГЛАСНОСТ СО ЕВРОПСКИ СТАНДАРД ЕN 1504

Надворешните армиранобетонски фасадни површини се исто така многу подложни на карбонизација, особено
доколку заштитниот бетонски слој е со несоодветна дебелина. Втор негативен ефект од карбонизацијата е тоа што со
намалување на алкалноста на бетонот се зголемува изложеноста на арматурата на корозија од хлориди. Причинител
на овој тип на корозија најчесто е натриум хлоридот (морска сол), кој е присутен во морската вода, почвите, или се
користи на автопатиштата и паркинзите за одмрзнување во зимскиот период.
ЕФЕКТИ НА КАРБОНИЗАЦИЈАТА НА БЕТОНОТ
продирање низ пукнатини и ла
би кислород
порозен бетон на површината лни делови
на бетонот

постепено
зголемување на корозијата
(формирање на рѓа) катода
анода
катода
корозија на челичната арматура

Корозивни материјали рѓа челична


порозен бетон кои што претходно се нашле арматура
во бетонската мешавина
електролити на
влажен бетон

1.5 ОТПОРНОСТ НА БЕТОНОТ НА ПРОДОР НА ВОДА И АГРЕСИВНИ МАТЕРИИ

Како што се гледа и од класификацијата на степените на изложеност на бетонот, основен медиум преку кој штетни
хемиски супстанци може да навлезат во бетонот е водата. Водата често содржи растворени хлориди (пр. морска вода,
подземни води или вода од патиштата третирани со сол за одмрзнување). Хлоридите се исклучително неповолни за
бетонот и за арматурата која ја кородираат. Покрај хлоридите низ водата во бетонот можат да навлезат и сулфати,
органски материи, јаглеродна киселина (при карбонизација) и тн. Дополнително самата вода која навлегува во бетонот
доколку замрзне може физички да ја наруши неговата структура. Чистата изворска вода (таканаречена „мека вода”)
може хемиски да го раствори калциумот од варовникот (агрегатот) и да го деградира бетонот.

* Физичко – механичко влијание на водата врз бетонот

Сам по себе, бетонот е хидрофилен материјал, односно никако не може да биде 100 % отпорен на продор на вода.
Постојат два основни механизми преку кои водата може да навлезе во структурата на бетонот

· Продор на вода како последица на хидростатски притисок


· Продор на вода како последица на капиларна апсорпција

Продор на вода под притисок. Отпорноста на бетонот на продор на вода под притисок (ВДП бетон), зависи од јакоста на
бетонот и неговите перформанси. Европскиот стандард EN 12390-8 Длабочина на продор на вода под притисок го
дефинира начинот на испитување на непропусноста на бетонот на продор на вода под притисок. Стандардот
предвидува изложување на бетонот на константен воден притисок од 5,0 Bar, во траење од 72 часа. На проектантите
останува сами да одредат која отпорност на продор на вода ги задоволува условите за одреден проект, секако
земајќи го во предвид степенот на изложеност на бетонот во дадената конструкција.

13
АДИНГ СИСТЕМИ И ТЕХНОЛОГИИ ЗА САНАЦИЈА И ЗАШТИТА НА АРМИРАНОБЕТОНСКИТЕ
КОНСТРУКЦИИ, ВО СОГЛАСНОСТ СО ЕВРОПСКИ СТАНДАРД ЕN 1504

* Испитување отпорност на бетонот на продор на вода под притисок

Со цел да се илустрира како различните перформанси на бетонот и адитивите влијаат на отпорноста на бетонот на
продор на вода под притисок, во прилог се прикажани резултатите од четири споредбени испитувања на бетон со
различна класа, изработени со користење на четири различни комбинации на адитиви за бетон од производната
програма на Адинг. Сите испитани примероци на бетон се произведени со користење на ист тип на цемент CEM II/A-V
42.5 R. Агрегатот е дробен, со варовничко потекло со максимална гранулација до 32mm. Конзистенцијата на бетоните е
со висока класа S3 и S4 (пумпан бетон).

Тежина Max
Количина на Јакост на Продор
Проба на цемент Пластификатор/ Адитив за Конзист. бетонот притисок на вода
Бр. [kg/m 3] Суперпластификатор водонепропусност Slump [kg/m 3] [MPa] [mm]
1 360 Флуидинг М / S3 2364 43,6 35
2 360 Флуидинг М Хидрофоб Т S3 2353 46,8 21

3 390 Суперфлуид 21М ЕКО / S4 2413 58,2 19

4 390 Суперфлуид 21М ЕКО Хидрофоб 21 S4 2413 57,3 11

Заклучок: Резултатите од испитувањата покажуваат дека на отпорноста на бетонот на продор на вода под притисок
влијае класата на бетонот, квалитетот на вградување, збиеноста и хомогеноста на бетонот. Сите наведени фактoри
допринесуваат структурата на бетонот да биде затворена, да се намали процентот на микропрснатини низ кои може да
продре водата во бетонот. Ваквиот ефект се постигнува со употреба на адитиви од групата на пластификатори и
суперпластификатори кои овозможуваат редукција на вода во бетонот, повисоки јакосни каактеристики и
поквалитетно вградување на бетонот. Дополнително, со користење на специјализирани адитиви за
водонепропусност на бетонот, се постигнува затворање на порите и повисок степен на водонепропусност на бетонот.

Капиларна апсорпција на вода во бетoнот. Друг начин на кој водата може да навлезе во бетонот е капиларно
впивање – пренос на водата преку систем на капиларни пукнатини присутни во бетонот. За да дојде до капиларна
апсорпција доволно е бетонот да биде во контакт со вода или влага, односно не мора да има дејство на активен
хидростатски притисок. Капиларната влага често се „качува” и продира во деловите на конструкцијата кои не се во
директен контакт со вода.

* Ефект од капиларна апсорпција на вода во бетон * Водо - репелентна бетонска површина


14
АДИНГ СИСТЕМИ И ТЕХНОЛОГИИ ЗА САНАЦИЈА И ЗАШТИТА НА АРМИРАНОБЕТОНСКИТЕ
КОНСТРУКЦИИ, ВО СОГЛАСНОСТ СО ЕВРОПСКИ СТАНДАРД ЕN 1504

Слично како и кај отпорноста на продор на вода под притисок, намалување на можноста за појава на капиларна
апсорпција на вода во бетонот се постигнува со производство на бетон со високи јакосни карактеристики и
перформански. Дополнително, со примена на специјализирани адитиви за водонепропусност на бетонот (Хидрофоб Т
или Хидрофоб Флуид) се постигнува формирање на водо-нерастворливи кристали во порите на бетонот кои
дополнително ја затвораат неговата структура.
Најефикасен начин за спречување на капиларната апсорпција на вода во бетонот е употребата на адитиви на база на
силан-силоксан (Хидрофоб 21), кои влијаат на површинскиот напон на бетонските елементи, делувајќи на начин што
бетонската површина ги одбива молекулите на водата и тие не можат да продрат во капиларите на бетонот. На тој начин
површината на бетонот станува хидрофобна (водорепелентна).
Капиларната апсорпција кај бетонот се утврдува согласно стандардот EN 480-5 Испитување на капиларна апсорпција.
При тоа се испитува количината на апсорбирана вода по 7 дена (испитувањето се врши на стандарден малтер и се
испитува во однос на еталон). Примероците се чуваат во затворена комора, поставени на решетки, константно
потопени во вода со висина 2- 4 mm. После 7 дена се мери тежината на примероците и се одредува количината на
апсорбирана вода.

* Испитување на отпорност на бетонот на капиларна апсорпција

Со примена на адитивите за водонепропусност на бетонот (Хидрофоб Т, Хидрофоб 21, Хидрофоб Флуид) се постигнува
намалување на капиларната апсорпција на бетонот за најмалку 50% (до 70%) во однос на еталонот.

ФЛУИДИНГ М Пластификатор/Успорувач на врзувањето за бетон

СУПЕРФЛУИД 21М ЕКО Суперпластификатор за бетон

Адитив за водонепропусност на бетон


ХИДРОФОБ Т
(ги затвора порите во структурата на бетонот)
Пластификатор, адитив за ВДП бетони
ХИДРОФОБ ФЛУИД
(ги затвора порите во структурата на бетонот)
Адитив за водонепропусност на бетон
ХИДРОФОБ 21 (ја прави површината на бетонот водо-одбивна)

Сличен ефект на формирање на водорепелентни бетонски површини (најчесто при санации), се постигнува и со
користење на материјали за површински третман на бетонот во согласност со EN1504-2, метода 1 – хидрофобна
импрегнација. Европските стандарди предвидуваат повеќе методи за утврдување на степенот на отпорност на
капиларна апсорпција на вода кај бетонот и други градежни материјали кои имаат отворена структура.
Друга метода која се применува за одредување на капиларна апсорпција е Karsten tubes (Карстенови цевки) методата.
Според оваа метода, се испитува волуменот на вода која се апсорбирала (впила) во некој медиум за одредено време.
Апликацијата на вода се врши преку цевка (Karsten tube), која се фиксира на површината на порозниот материјал. Со
оваа метода се вршат испитувања на различни материјали кои се површински третирани со средство за хидрофобна
импрегнација (бетон, малтер, природен камен, тула). Во зависност од типот на подлогата, со користење на Фасил В како
средство за хидрофобна импрегнација се постигнува намалување на продорот на вода од 70 до 100%.

15
АДИНГ СИСТЕМИ И ТЕХНОЛОГИИ ЗА САНАЦИЈА И ЗАШТИТА НА АРМИРАНОБЕТОНСКИТЕ
КОНСТРУКЦИИ, ВО СОГЛАСНОСТ СО ЕВРОПСКИ СТАНДАРД ЕN 1504

2. ЕВРОПСКИ НОРМИ ЗА САНАЦИЈА И ЗАШТИТА НА АБ КОНСТРУКЦИИ EN 1504


Со цел да се систематизира и поедностави процесот на санација на одредена АБ конструкција, особено да се олесни
правилниот избор на методологија и материјали за санација, воведен е европскиот стандард за заштита и санација на
бетонски и АБ конструкции EN 1504.

Денeс, Европскиот стандард EN 1504 е имплементиран од страна на сите 33 членки на Европскиот Комитет за
Стандардизција (CEN), каде член е и Македонија. Во овие земји EN 1504 има статус на национален стандард, додека во
над 20 држави во Европа и пошироко овие стандарди се во процес на имплементација.
Санациите во генерален случај се доста комплексна материја, која бара вклучување на голем број на стручни лица од
различни облести, инвеститори, инженери проектанти, изведувачи, специјализирани изведувачи за изведба на
специфични санациони работи, производители на специјализирани градежни материјали, надзори и тн.

Во сите случаи на изложеност или оштетување на АБ-конструкции доколку не се реагира навреме може да дојде до
губење на функционалноста па дури и до загрозување на стабилноста на објектите. Во зависност од карактерот на
конструкцијата и степенот на нејзино оштетување, и самиот процес на санација и заштита на конструкцијата од
понатамошно деградирање може да варира во поглед на степенот на комплексност и цената на чинење. Во одредени
случаи цената на санацијата може да ја надмине цената на чинење на објектот. Од тие причини, неопходен дел на секоја
санација е вршење на правилна проценка на цената на чинење наспроти ефектите од извршената работа. За успешна
санација може да се смета онаа санација при која во потполност е вратена функционалноста на објектот и спречено е
понатамошно деградирање на конструкцијата. Во многу случаи да се постигне ваквата цел не е возможно без да се
изврши дополнително зајакнување на конструкцијата – со цел да се надокнади дел од изгубената носивост поради
настанатите оштетувања.
Како и секогаш и секаде, така и во случајот на бетонските и АБ конструкции, многу е подобро да се превземат мерки да
не дојде до оштетувања отколку истите да се санираат. Развојот на технологијата на бетонот како и новите градежни
материјали овоможуваат лесно и релативно евтино да се заштитат конструкциите од негативните влијанија на кои се
изложени при експлоатацијата. Дополнително интензивниот развој на градежни материјали кои се базираат на
полимери даваат и големи можности за примена при санации на оштетените АБ конструкции.
2.1. ФАЗИ НА САНАЦИЈАТА

Стандардот EN 1504, во потполност ја дефинира постапката на санација на одредена бетонска или АБ конструкција –
почнувајќи со правилна проценка на состојбата во која конструкцијата се наоѓа, изготвување на проект за санација,
правилен избор на материјали и технологија на апликација, контрола на квалитетот на материјалите и изведената
работа, утврдување на мерки за заштита и мониторинг на објектот во понатамошната експлоатација.
Шематски прикажан, Стандардот EN 1504 ги предвидува следните фази на санација:

EN 1504 Фази на процесот за санација и заштита на АБ-констрикции

Информации за Проценка
План/Стратегија Проект Вршење на
конструкцијата на состојбата Технички прием
за изведба за санација санационите работи
на конструкцијата

- Утврдување на Разгледување Планирана примена Примена на утврдените Тестирање на


Историја на на Опциите
постоење на дефекти на материјали и материјали и технологии извршената
конструкцијата - Утврдување на
- Утврдување на технологии на работа работа
- документација принципите на
причините за Дефинирање на Контрола на квалитетот Прием на
- одржување санација/заштита
евентуално постоење условите на: Примена на утврдените документацијата
на дефекти - Утврдување -Подлогата мерки на безбедност Утврдување на
- Проценка на состојбата на методите -Продуктите мерки за
на конструкцијата на санација/заштита -Изведбата одржување
- Утврдување Спецификација
на потребните мерки Тех. Документација
на безбедност и цртежи

EN 1504 16
АДИНГ СИСТЕМИ И ТЕХНОЛОГИИ ЗА САНАЦИЈА И ЗАШТИТА НА АРМИРАНОБЕТОНСКИТЕ
КОНСТРУКЦИИ, ВО СОГЛАСНОСТ СО ЕВРОПСКИ СТАНДАРД ЕN 1504

2.2. СТРУКТУРА НА СТАНДАРДОТ EN 1504

Европскиот стандард кој се однесува на заштита и санација на бетонски и АБ-конструкции - EUROPEAN STANDARD EN
1504 Products and systems for the protection and repair of concrete structures – De nitions, requirements, quality control and
evaluation of conformity, се состои од 10 поглавја:

ДОКУМЕНТ БР. ОПИС

EN 1504 - 1 Опис на термините и дефинициите во рамките на стандардот

EN 1504 - 2 Површинска заштита на бетонот

EN 1504 - 3 Конструктивна и неконструктивна репарација

EN 1504 - 4 Конструктивно поврзување

EN 1504 - 5 Материјали и системи за инјектирање

EN 1504 - 6 Анкерување на челична арматура

EN 1504 - 7 Заштита од корозија на челичната арматура

EN 1504 - 8 Контрола на квалитетот и оценка на сообразноста

EN 1504 - 9 Генерални принципи на користење на продуктите и системите

In-situ Апликација на продуктите и системите и контрола


EN 1504 - 10 на квалитетот на извршените работи

2.2.1EN 1504-1 Дефинирање на специфичната терминологија во стандардот

Првото поглавје на стандардот EN 1504-1 ги дефинира специфичните термини врзани со производите и технологиите
на санација, репарирање, зајакнување, заштита и одржување на бетонски конструкции.

17
АДИНГ СИСТЕМИ И ТЕХНОЛОГИИ ЗА САНАЦИЈА И ЗАШТИТА НА АРМИРАНОБЕТОНСКИТЕ
КОНСТРУКЦИИ, ВО СОГЛАСНОСТ СО ЕВРОПСКИ СТАНДАРД ЕN 1504

2.2.2 EN 1504-2 Материјали и системи за површинска заштита на бетонот

EN 1504-2 претставува дел од стандардот EN 1504 кој ги дефинира методите за површинска заштита на бетонот. Постојат
три основни методи за површинска заштита на бетонските конструкции – Импрегнација, Хидрофобна импрегнација,
Облога.

Impregnation Hydrophobic Coating


Impregnation
ИМПРЕГНАЦИЈА ОБЛОГА
Третман на намалување на порозноста ХИДРОФОБНА ИМПРЕГНАЦИЈА Формирање на континуален
и подобрување на физичко- Третман на добивање на водоодбојна непрекинат слој на површината на
механичките карактеристики на и паропропусна површина, притоа бетонот со дебелина до 5мм кој го
подлогата со делумно или целосно воопшто не се менува изгледот на штити бетонот од продор на влага и
затворање на порите и формирање на површината. на агресивни материјали, ја зголемува
испрекинат тенок филм на физичко-механичката отпорност на
површината. подлогата и отпорноста на хемиска
агресија.

Избор на соодветен продукт или систем за површинска заштита на бетонот се врши врз основа на проценка на
конкретните или потенцијални причинители на деградација.

При изборот, се земаат во предвид следните карактеристики на материјалот/ системот: линеарно собирање, јакоста на
притисок, коефициент на термална експанзија, отпорност на абразија, атхезија на влажна подлога, пропустливост на
СО₂, пропустливост на водена пареа, капиларна апсорпција и водопропустливост, отпорност на дејство на мраз и сол,
отпорност на стареење, хемиска отпорност, екстремна хемиска отпорност, можност за премостување на пукнатини,
отпорност на удар, реакција во контакт со оган, противклизност, длабочина на пенетрација во бетонот, антистатски
својства, дифузија на јони на хлор, како и други специфични својства.

Применетите системи во врзана состојба не смеат да ослободуваат субстанции штетни за здравјето, хигиената и
околината.

Во својата производна програма, фирмата АДИНГ нуди повеќе производи и системи за површинска заштита на АБ
конструкции, сертифицирани според европскиот стандард EN 1504-2.

ПРОИЗВОДИ ЗА ПОВРШИНСКА ЗАШТИТА НА


EN 1504-2
БЕТОНОТ - ХИДРОФОБНА ИМПРЕГНАЦИЈА

ФАСИЛ В Силиконско средство за површинска


импрегнација на површини изведени
од порозни материјали

ДЕКОСИЛ В Средство за импреција, нега и заштита


на нови и стари бетонски површини

18
АДИНГ СИСТЕМИ И ТЕХНОЛОГИИ ЗА САНАЦИЈА И ЗАШТИТА НА АРМИРАНОБЕТОНСКИТЕ
КОНСТРУКЦИИ, ВО СОГЛАСНОСТ СО ЕВРОПСКИ СТАНДАРД ЕN 1504

ПРОИЗВОДИ ЗА ПОВРШИНСКА ЗАШТИТА НА БЕТОНОТ - ОБЛОГА EN 1504-2

Двокомпонентна еластична хидроизолација


ХИДРОМАЛ ФЛЕКС
на цементно - полимерна основа

ХИДРОМАЛ ФЛЕКС 1К Еднокомпонентна еластична хидроизолација


со фибри на цементно-полимерна основа

АДИНГФЛЕКС Високо еластична хидроизолација на акрилатна основа

Предпремаз за полимер-цементни репаратурни малтер


РЕПАРТУР ПЕНЕТРАТ и како и средство за заштита на арматурата од корозија
Антикорозивен премаз во боја за заштита на
АНТИКОРОЗИН ББ
бетонски површини, на акрилатна основа
Антикорозивен премаз во боја, за заштита на бетонски површини
АНТИКОРОЗИН БР
произведен врз база на синтетички смоли и растворувачи
Епоксиден боен премаз наменет за завршна заштитна
АДИНГПОКС 1Б
и декоративна обработка на бетонски ѕидни површини
Епоксиден боен премаз наменет за завршна заштитна
АДИНГПОКС 1БП
и декоративна обработка на бетонски подни површини
Нисковискозна двокомпонентна епоксидна смола без растворувачи
АДИНГПОКС 1 за изработка на малтер или за изведба на транспарентна завршна обработка
Саморазлевен епоксиден систем за завршна
АДИНГПОКС 2
и заштитна обработка на подови

АДИНГКОЛОР РФ Боја за завршна обработка на бетонски и асфалтни подлоги,


изработена врз база на синтетички смоли и растворувач
Епокси-цементен премаз/малтер за репарација
АДИНГПОКС AКВА
и површинска заштита на бетонот

ПРОИЗВОДИ ЗА ПОВРШИНСКА ЗАШТИТА НА БЕТОНОТ - ИМПРЕГНАЦИЈА EN 1504-2

Транспарентен премаз за завршна обработка (лак),


ДЕКОСИЛ
прајмер и додаток во системи изработени на метакрилатна основа
2.2.3 EN 1504-3 Материјали и системи за конструктивна и неконструктивна санација

EN 1504-3 претставува дел од стандардот EN 1504 кој ги специфицира барањата за перформанси на репартурните
малтери и бетони кои се наменети за репарација и/или замена на оштетен/деградиран бетон и заштита на арматурата.
Истите се неопходни со цел да се врати функционалноста и продолжи векот на екплоатација на оштетената бетонска
конструкција.
Основни методи за санација и зајакнување на бетонските конструкции се:
- Репрофилирање со бетон
- Рачно нанесување на малтер
- Прскање на малтер или бетон
*Санација на АБ столб со репрофилирање со саморазливен готов бетон Ексмал 4
АДИНГ СИСТЕМИ И ТЕХНОЛОГИИ ЗА САНАЦИЈА И ЗАШТИТА НА АРМИРАНОБЕТОНСКИТЕ
КОНСТРУКЦИИ, ВО СОГЛАСНОСТ СО ЕВРОПСКИ СТАНДАРД ЕN 1504

* Рачно репрофилирање на бетон со Репаратур Малтер Ф

При изборот на материјал за санација, потребно е да се земаат во предвид следните негови карактеристики со цел
истиот да соодветствува на постојната конструкција и на условите за експлоатација: јакост на притисок, атхезија за
подлогата, волуменска стабилност, отпорност на карбонизација, термална компатибилност, модул на еластичност,
водонепропусност.
Притоа, кај некои системи неопходен е правилен избор на тип на врзивно средство кое ќе овозможи остварување на
трајна конструктивна врска со постоечката конструкција.
Во зависност од методот на апликација, материјалот (репаратурен хидрауличен или реактивен малтер/бетон) треба да
има соодветно отворено време на работа во кое ќе може да биде правилно вграден според предвидената
методологија на работа. Исто така, самата методологија на вградување треба да биде соодветна за апликација на
предвидената позиција – хоризонтална површина, вертикална површина, плафон или неправилна – сферна површина.
Во својата производна програма, фирмата АДИНГ нуди повеќе производи и системи за конструктивна и
неконструктивна санација на АБ конструкции, сертифицирани според европскиот стандард EN 1504-3.

* Репрофилирање на бетон со распрскување на Репаратур Малтер ФС

ПРОИЗВОДИ ЗА КОНСТРУКТИВНА И НЕКОНСТРУКТИВНА РЕПАРАЦИЈА EN 1504-3

Готов саморазливен цементен малтер кој го компензира


ЕКСМАЛ 1
собирањето, за залевање на пресеци со дебелина од 5 до 20 mm
Готов саморазливен цементен малтер кој го компензира
ЕКСМАЛ 4
собирањето, за залевање на пресеци со дебелина над 20 mm
Цементно - полимерен малтер за репарација на пресеци со дебелина
РЕПАРАТУР МАЛТЕР Ф1
од 0.3 до 0.7 сm со компензација на собирањето и армиран со ПП - влакна
Цементно - полимерен малтер за репарација на пресеци со дебелина
РЕПАРАТУР МАЛТЕР Ф2
од 0.7 до 1.5 сm со компензација на собирањето и армиран со ПП - влакна
Цементно - полимерен малтер за репарација на пресеци со дебелина
РЕПАРАТУР МАЛТЕР Ф4
од 1.0 до 2.0 сm со компензација на собирањето и армиран со ПП - влакна
Смеса за израмнување на бетонски и репарирани бетонски
РЕПАРТУР ГЛЕТ површини, изработена на цементно-полимерна основа
Еднокомпонентен материјал за санација на бетонски и армиранобетонски
РЕПАРТУР МАЛТЕР ФС конструкции, на цементна основа, микроармиран со фибри, наменет за
машинско вградување со распрскување (торкретирање)

20
АДИНГ СИСТЕМИ И ТЕХНОЛОГИИ ЗА САНАЦИЈА И ЗАШТИТА НА АРМИРАНОБЕТОНСКИТЕ
КОНСТРУКЦИИ, ВО СОГЛАСНОСТ СО ЕВРОПСКИ СТАНДАРД ЕN 1504

2.2.4 EN 1504-4 Материјали и системи за конструктивно поврзување

EN 1504-4 претставува дел од стандардот EN 1504 кој ги специфицира материјалите наменети за остварување на
конструктивна врска при зајакнување на бетонски и АБ-конструкции.
Санација/зајакнување на АБ конструкција преку конструктивно поврзување може да се оствари со:
- Лепење на надворешни плочи од челик или друг соодветен материјал (пр. Композитни материјали армирани со
влакна) на површината на постоечка бетонска конструкција со цел нејзино зајакнување, вклучително и меѓусебно
врзување – ламелирање на новопоставените плочи.
- Конструктивно врзување на стврднат бетон со стврднат бетон (најчесто кај префабрикувани бетонски елементи), или
врзување на стврднат и свеж бетон каде двата слоја на бетон треба да бидат спрегнати, односно се однесуваат како
еден – композитен материјал.
Изборот за користење на наведените материјали за конструктивно врзување зависи од следните перформанси:
Ÿ Можност за апликација на вертикала, хоризонтала или со инјектирање (зависи од визкозноста и тиксотропијата на
материјалите)
Ÿ Можност за апликација на влажна подлога
Ÿ Можност за апликација на екстремни надворешни температури (позитивни и негативни)
Ÿ Можност за адхезија на различни подлоги (челични плочи, плочи од челик заштитен од корозија, стврднат бетон,
свеж бeтон).
Ÿ Трајност на термички циклуси и циклуси на влага
Ÿ Отворено време на работа, јакост на притисок, јакост на смолкнување, температура на “омекнување”(glass transition
temperature), коеифициент на термичка експанзија, собирање.
Во својата производна програма, фирмата АДИНГ нуди повеќе производи и системи за конструктивно поврзување на
АБ конструкции, сертифицирани според европскиот стандард EN 1504-4.

Трокомпонентен материјал на база на епоксидна смола


АДИНГПОКС-Н

(реактивно врзиво) погоден за нанесување на влажна подлога.


Поседува одлични јакосни карактеристики и атхезија со
бетонска подлога или свеж бетон. Јакоста на атхезијата со
подлогата е толку висока што вообичаено ја надминува јакоста
на затегнување на бетонот и при тестирање (“pull-off” test) до
лом доаѓа во бетонот (не во лепилото).

2.2.5 EN 1504-5 Материјали и системи за инјектирање

EN 1504-5 претставува дел од стандардот EN 1504 кој ги специфицира перформансите на материјалите наменети за
санација и заштита на бетонски конструкции кои се аплицираат со инјектирање.
Инјектирање претставува постапка за апликација на материјал за санација во одреден медиум (бетон, карпеста маса,
некохерентна почва) со примена на зголемен притисок и со помош на пакери за апликација. Наспроти инјектирањето,
залевањето претставува апликација на материјалите за санација без примена на притисок (само по пат на гравитација).
Со примена на инјектирање / залевање, се постигнува затворање на порите и пукнатините во бетонската конструкција,
или прсторот помеѓу бетонот и почвата или карпите кај вкопани конструкции, тунели, темели итн. На тој начин, се
овозможува зголемување на непропусноста на конструкцијата, се спречува продор на агресивни материи кои може да
доведат до корозија на арматурата, или пак се врши конструктивно зајакнување на конструкцијата преку зајакнување
на бетонот. Со инјектирање во некохерентна почва може да се постигне нејзина консолидација.
За различна намена во конструкцијата, се врши инјектирање на различни типови на материјали за санација:
- Заштита на конструкцијата од понатамошна деградација преку исполнување на пукнатината и спречување на продор
на вода и агресивни материи. За таа цел вообичаено се користат еластични и дуктилни материјали, кои имаат
способност да се деформираат и да ги прифатат дилатациите на конструкцијата. Вакви се материјалите на база на
реактивни смоли (најчесто акрилатни и полиуретански).
PUR-O-CRACK

Еластичен материјал на полиуретанска база наменет за


заптивање на пукнатини во конструкциите и обезбедување на
водонепропусност на истите. Поседува висока дуктилност и
можност да ги прати дилатациите на конструкцијата. Се
аплицира со инјектирање под притисок

21
АДИНГ СИСТЕМИ И ТЕХНОЛОГИИ ЗА САНАЦИЈА И ЗАШТИТА НА АРМИРАНОБЕТОНСКИТЕ
КОНСТРУКЦИИ, ВО СОГЛАСНОСТ СО ЕВРОПСКИ СТАНДАРД ЕN 1504

- Спречување на активен продор на вода во конструкцијата. Во случаите кога низ пукнатините во конструкцијата
продира вода под притисок, “вообичаените” материјали за санација не можат да се употребат бидејки водата која
навлегува во конструкцијата го “измива” материјалот за санација и не дозволува истиот да врзе. За таа цел се
применуваат материјали кои имаат екстремно кртко време на врзување (неколку секунди), како и материјали кои
експандираат во контакт со вода при што ја затвораат пукнатината и го спречуваат продорот на вода. Вообичаено, за
оваа намена се користат материјали на база на полиуретански реактивни смоли.

Еластичен материјал на полиуретанска база наменет за


PUR-O-STOP

спречување на активни продори на вода низ пукнатини во


конструкциите и обезбедување на водонепропусност на
истите. Поседува способност да експандира во контакт со
вода и се применува за спречување на активни продори. Се
аплицира со инјектирање под притисок директно во
пукнатината низ која продира вода.

- Конструктивно исполнување на пукнатините со материјал кој ги пренесува напрегањата. На тој начин се постигнува
враќање на дел од крутоста и носивоста на конструкцијата која е загубена со настанувањето на пукнатините. За оваа
намена се користат материјали кои се со високи јакосни карактеристики и модул на еластичност. Истите можат да бидат
на база на цемнтна емулзија, како и на база на реактивни смоли (најчесто епоксидни и полиуретански). Ваквите типови
на материјали за инјектирање – особено материјалите на база на цемент и адитиви најчесто се користат и за
подобрување на почва и карпеста маса, инјектирање на анкери во тунелоградбата и кај други геомеханички проекти,
како и инјектирање за заштита на кабли за преднапрегање.

ПРОИЗВОДИ - МАТЕРИЈАЛИ И СИСТЕМИ ЗА ИНЈЕКТИРАЊЕ EN 1504-5

Нисковискозна двокомпонентна епоксидна смеса


АДИНГПОКС И
без растворувачи за инјектирање и залевање
Адитив за цементни инјекциони смеси, смеси за инјектирање
ИНЈЕКТИНГ К
на кабли за преднапрегање и смеси за залевање и репарација
Адитив за цементни инјекциони смеси, смеси за инјектирање
ИНЈЕКТИНГ К2
на кабли за преднапрегање и смеси за залевање и репарација

При изборот на соодветен производ за инјектирање, а во зависност од целта со која се врши инјектирањето, треба да
се земат во предвид следните карактеристики на материјалот: јакосните карактеристики и модулот на еластичност,
дуктилноста, атхезијата, еластичноста, волуменската стабилност, вискозноста, време на реакција и др.

* Санација на пукнатини во аб плоча со инјектирање на Адингпокс И

22
АДИНГ СИСТЕМИ И ТЕХНОЛОГИИ ЗА САНАЦИЈА И ЗАШТИТА НА АРМИРАНОБЕТОНСКИТЕ
КОНСТРУКЦИИ, ВО СОГЛАСНОСТ СО ЕВРОПСКИ СТАНДАРД ЕN 1504

2.2.6 EN 1504-6 Анкерување на челична арматура

EN 1504-6 претставува дел од стндардот EN 1504 кој ги специфицира барањата за перформанси на материјалите
наменети за анкерување на челични анкери во постоечка АБ бетонска конструкција со цел нејзино зајакнување и
обезбедување на континуитет на арматурата. Дополнително, специјализирани материјали се користат за анкерување
во тунелоградбата.

EN 1504-6 Анкерување на челична арматура

Готов саморазливен малтер кој го компензира


ЕКСМАЛ 1 собирањето. Наменет за конструктивни
санации залевање на анкери

Нисковискозна двокомпонентна епоксидна


АДИНГПОКС И смеса без растворувачи за инјектирање
и залевање

Еднокомпонентна брзоврзувачка прашкаста


КОМПЛЕКСИНГ АМ смеса за залевање на анкери

* Залевање анкери со Ексмал 1


2.2.7 EN 1504-7 Заштита од корозија на челичната арматура

EN 1504-7 претставува дел од стандардот EN 1504 кој ги специфицира барањата за дефинирање и перформанси на
материјалите наменети за активни и одбојни премази за заштита на арматурниот челик од корозија при санации на АБ-
конструкции.

Готов материјал на база на цемент


РЕПАРАТУР и полимери наменет за активна
ПЕНЕТРАТ заштита на челична арматура од корозија

* Нанесување на Репаратур пенетрат


2.2.8 EN 1504-8 Контрола на квалитетот и оценка на сообразноста

Овој дел од стандардот е наменет специјално за произведувачот на материјалите и институтите за испитување и


сертификација на производите. Тука се дефинираат процедурите за контрола на квалитет, оценка на сообразност, „СЕ“
означување и етикетирање на производите. Во согласност со регулативите кои произлегуваат од стандардот EN1504
“CE”- ознаката треба да ги содржи следните информации:

“CE”- ознака Идентификациски број на


нотификационото тело
Име и идентификациски број на
производителот
Година во која е дадена ознаката
Бројот на сертификат
Број на конкретниот дел на стандардот
Опис на производот
17

Информации за карактеристиките
на производот

23
АДИНГ СИСТЕМИ И ТЕХНОЛОГИИ ЗА САНАЦИЈА И ЗАШТИТА НА АРМИРАНОБЕТОНСКИТЕ
КОНСТРУКЦИИ, ВО СОГЛАСНОСТ СО ЕВРОПСКИ СТАНДАРД ЕN 1504

2.2.9 EN 1504-9 Принципи и методи за заштита и санација на бетонски конструкции

EN 1504-9 ПРИНЦИПИ И МЕТОДИ ЗА ЗАШТИТА И САНАЦИЈА НА БЕТОНСКИ КОНСТРУКЦИИ


ПРИНЦИП Релевантен дел Пример на метода АДИНГ Примери на материјали
на ЕН1504
ПРИНЦИПИ И МЕТОДИ ПОВРЗАНИ СО ДЕФЕКТИ ВО БЕТОНОТ
2 Хидрофобна импрегнација ФАСИЛ В
2 Импрегнација ДЕКОСИЛ В

Обложување/Coating ХИДРОМАЛ, ХИДРОМАЛ ФЛЕКС, ХИДРОМАЛ ФЛЕКС 1К,


2
АДИНГФЛЕКС, АНТИКОРОЗИН ББ, АНТИКОРОЗИН БР,
АДИНГПОКС 1, АДИНГПОКС 2, АДИНГПОКС 1Б,
АДИНГПОКС 1БП, АДИНГПОКС АКВА, АДИНГКОЛОР РФ,
ДЕКОСИЛ
Принцип 1
Заштита од Надворешно бандажирање на пукнатини PROOFMATE-FD Foil, АДИНГ БУТИЛНА ТРАКА
продирање Исполна на пукнатини АДИНГОПКС И, PUR-O-STOP, PUR-O-CRACK, RUBBERTITE
5
Трансформација на пукнатини во дилатациони јазли АДИНГАКРИЛ, FIX-O-FLEX, PROOFMATE-EK, PUR-O-CRACK
Поставување надворешни панели СТИРОКОЛ П, АДИНГПОКС Ш, АДИНГПОКС К
Поставување мембрани АДИНГФЛЕКС, FIX-O-FLEX, ХИДРОМАЛ ФЛЕКС 1K, АДИНГПОКС 1,
АДИНГПОКС 2, АДИНГПОКС 1Б, АДИНГПОКС 1БП, АДИНГПОКС АКВА,

2 Хидрофобна импрегнација ФАСИЛ В

2 Импрегнација ДЕКОСИЛ В
ХИДРОМАЛ, ХИДРОМАЛ ФЛЕКС, ХИДРОМАЛ ФЛЕКС 1К,
АДИНГФЛЕКС, АНТИКОРОЗИН ББ, АНТИКОРОЗИН БР,
2 Обложување/Премачкување АДИНГПОКС 1, АДИНГПОКС 2, АДИНГПОКС 1Б,
АДИНГПОКС 1БП, АДИНГПОКС АКВА, АДИНГКОЛОР РФ,
Принцип - 2
Заштита од влага ДЕКОСИЛ
Поставување надворешни панели PROOFMATE-FD Foil, АДИНГ БУТИЛНА ТРАКА
Електрохемиски третман /

РЕПАРАТУР МАЛТЕР Ф, РЕПАРАТУР ГЛЕТ


3 Рачно нанесување малтер
АДИНГПОКС АКВА
Принцип - 3 3 Репрофилирање со бетон ЕКСМАЛ
Репарација на
бетонот 3 Прскање малтер или бетон (Shotcrete) АДИНГПОКС АКВА, РЕПАРАТУР МАЛТЕР ФС
Замена на конструктивни елементи АДИНГПОКС К, АДИНГПОКС Н

Додавање на нови или замена на арматурни прачки /


Додавање на арматурни прачки анкерирани во
6 претходно формирани бушотини ЕКСМАЛ, АДИНГПОКС 1, КОМПЛЕКСИНГ АМ

4 Зајакнување со лепење плочи АДИНГПОКС К, АДИНГПОКС Н, АДИНГПОКС Ш


Принцип 4
Конструктивно Додавање на бетон или малтер ЕКСМАЛ, РЕПАРАТУР МАЛТЕР Ф/ФС, АДИНГПОКС АКВА МАЛТЕР
зајакнување 3, 4 Конструктивни лепила: АДИНГПОКС Н

5 Инјектирање на пукнатитни АДИНГОПКС И, PUR-O-CRACK


5 Пополнување/залевање на пукнатини АДИНГПОКС И, PUR-O-CRACK, ЕКСМАЛ
Преднапрегање /

2 Импрегнација ДЕКОСИЛ В
Принцип 5
Обложување ХИДРОМАЛ, АДИНГПОКС 1, АДИНГПОКС 2 , АДИНГПОКС 1Б,
Подобрување- 2
зајакнување на АДИНГПОКС 1БП, АДИНГПОКС АКВА, ДЕКОСИЛ
површината
ЕКСМАЛ, РЕПАРАТУР МАЛТЕР Ф/ФС,
3 Додавање на бетон или малтер АДИНГПОКС АКВА

2 Импрегнација ДЕКОСИЛ В
Принцип 6
Заштита од АДИНГПОКС 1, АДИНГПОКС 2, АДИНГПОКС 1Б,
хемиска агресија 2 Премачкување АДИНГПОКС 1БП, АДИНГПОКС АКВА, ДЕКОСИЛ
3 Додавање на бетон или малтер АДИНГПОКС АКВА

24
АДИНГ СИСТЕМИ И ТЕХНОЛОГИИ ЗА САНАЦИЈА И ЗАШТИТА НА АРМИРАНОБЕТОНСКИТЕ
КОНСТРУКЦИИ, ВО СОГЛАСНОСТ СО ЕВРОПСКИ СТАНДАРД ЕN 1504

EN 1504-9 ПРИНЦИПИ И МЕТОДИ ЗА ЗАШТИТА И САНАЦИЈА НА БЕТОНСКИ КОНСТРУКЦИИ


ПРИНЦИП Релевантен дел Пример на метода АДИНГ Примери на материјали
на ЕН1504
ПРИНЦИПИ И МЕТОДИ ПОВРЗАНИ СО КОРОЗИЈА НА АРМАТУРАТА

3 Зголемување на заштитниот слој над арматурата ЕКСМАЛ, РЕПАРАТУР МАЛТЕР Ф/ФС


со малтер или бетон
Принцип 7 3 ЕКСМАЛ, РЕПАРАТУР МАЛТЕР Ф/ФС,
Замена на деградиран бетон
Сочувување Конструктивни лепила: АДИНГПОКС-Н
или враќање
на пасивноста Електрохемиска реалкализација на карбонизиран бетон /
5 Реалкализација на карбонизиран бетон преку дифузија /
Електрохемиска екстракција на хлориди /

2 Хидрофобна импрегнација ФАСИЛ В


Принцип 8
Зголемување на 2 Импрегнација ДЕКОСИЛ В
отпорот
(електричен)
преку лимитирање ХИДРОМАЛ, ХИДРОМАЛ ФЛЕКС, ХИДРОМАЛ ФЛЕКС 1К,
на влажноста АДИНГФЛЕКС, АНТИКОРОЗИН ББ, АНТИКОРОЗИН БР,
2 Обложување/Премачкување АДИНГПОКС 1, АДИНГПОКС 2, АДИНГПОКС 1Б,
АДИНГПОКС 1БП, АДИНГПОКС АКВА, АДИНГКОЛОР РФ,
ДЕКОСИЛ

Принцип 9 Лимитирање на содржината на оксиди


Катодна контрола со површински премази (на катодата) /

Принцип 10 Воведување на електричен потенцијал


Катодна заштита /

7 Активна заштита на арматурата РЕПАРТУР ПЕНЕТРАТ


Принцип 11
Контрола на Одбојна заштита на арматурата
Анодни површини 7 АНТИКОРОЗИН Е
Инхибитори на корозија во бетонот /

25
АДИНГ СИСТЕМИ И ТЕХНОЛОГИИ ЗА САНАЦИЈА И ЗАШТИТА НА АРМИРАНОБЕТОНСКИТЕ
КОНСТРУКЦИИ, ВО СОГЛАСНОСТ СО ЕВРОПСКИ СТАНДАРД ЕN 1504

2.2.10 EN 1504-10 Дефинирање на процедурата за контрола на квалитетот на извршената работа (санација) и примената
(апликацијата) на производите за санација

Последниот дел на стандардот EN 1504 ги дефинира барањата и постапките за испитување на состојбата на подлогата
пред извршување на санацијата, испитување на конструктивната стабилност на објектот или елементот,
чувањето/исправноста на производите за санција, методологијата на изведба, контрола на квалитет на извршената
работа, проект за одржување во текот на понатамошната експлоатација, безбедноста при работа и заштита на
животната средина.

2.3 ИЗРАБОТКА НА ПРОЕКТ ЗА САНАЦИЈА

Постапката за изработка на проект за санација на бетонските и АБ конструкции ја сочинуваат следните фази:


- Анализа и утврдување на причините за настанатите оштетувања и затекнатата состојбата на конструкцијата (објектот)
- Определување на принципите на санација во согласност со EN 1504, како и избор на соодветни методи за санација со
цел враќање на функционалноста на објектот
- Избор на производи и системи за санација/заштита како и методологијата за изведба
- Дефинирање на методологијата на припрема на подлогата со цел овозможување на правилна апликација на
материјалите за санација и заштита на бетонот и арматурата
- Дефинирање на мерки за заштита при работа како и заштита на околината

1. Анализа и утврдување на причините за настанатите оштетувања и затекнатата состојба на конструкцијата.


Постојат повеќе методи за дијагностицирање на состојбата во која се наоѓа одредена конструкција кои се поделени во
три групи и тоа:
- Недеструктивни методи кои се состојат од визуелна проценка на состојбата на бетонската површина, согледување на
појавата на пукнатини, појава на видлива арматура и нејзина состојба, мапирање на пукнатини и деградирани
површини, мерење осцилации, примена на ултразвучни и радиографски снимања.
- Тестирање со хемиски раствори со цел да се утврди степенот и длабочината на процесите на карбонизација,
содржината на хлориди и сл.
- Вадење на јадра (кернови) од бетонската конструкција, со цел истите лабораториски да се испитаат и утврдат јакосните
карактеристики на бетонот, како и да се процени длабочината на деградационите процеси.

2. Избор на принципи и методи за санација на конструкцијата со цел враќање на функционалноста на објектот. Во


зависност од добиените резултати од испитувањата на причините и степенот на деградација на бетонот и арматурата
на објектот, потребно е да се изберат соодветни принципи и методи на санација во согласност со EN 1504-9, кои ќе се
применат со цел да се постигне успешна реализација на санацијата.

3.Избор на методологија за припрема на подлогата за правилна санација на бетонот и арматурата. Припремањето


на подлогата на АБ конструкција за санација се состои од две фази:

26
АДИНГ СИСТЕМИ И ТЕХНОЛОГИИ ЗА САНАЦИЈА И ЗАШТИТА НА АРМИРАНОБЕТОНСКИТЕ
КОНСТРУКЦИИ, ВО СОГЛАСНОСТ СО ЕВРОПСКИ СТАНДАРД ЕN 1504

- Припрема на бетонските површини. Бетонот треба да биде исчистен до здрава подлога, односно потребно е да се
отстрани вкупниот волумен на деградиран бетон. Постапката предвидува повеќе методи како рачно механичко
отстранување, хидродемолирање, пескарење и сл. Оваа фаза на санацијата е клучна за понатамошното успешно
спроведување на целата постапка.

- Обработка на арматурата. Околу изложената арматура треба да се отстрани контаминираниот или лабилен бетон.
Старата и новопоставената арматура потребно е механички да се исчисти од корозија со челични четки пескарење.
Истата е пожелно да се заштити со примена на антикорозивен премаз во согласност со EN 1504-7. Новопоставениот
слој на бетон или репаратурен малтер, како и материјалите за површинска заштита секако мораат да овозможат
заштита на арматурата во текот на понатамошната експлоатација.

4.Избор на производи и систем за санација и заштита на бетонот,


како и избор на методолигијата за изведба. При изборот на
материјали за санација на конструкцијата потребно е да се имаат во
предвид условите на терен, расположливите производи, обучени
изведувачи, алат и опрема. Во однос на бетонските работи се врши
дефинирање на: методологија за припрема на подлогата, врзно
средство, избор на репаратурни малтери за рачно или машинско
нанесување, прскан бетон, примена на готов бетон или малтер, заштита
на свежо-нанесениот материјал, обрабока на пукнатини, дилатации и
спојници, анкерување и сл. Во однос на арматурата се врши избор на
корозивна заштита, припрема на старата и поставување на нова
арматура.

5. Контрола на квалитет и заштита при работа . Во текот на реализација на проектот потребно е да се врши
постојана контрола на целиот процес. Истата вклучува: проверка на подготовката на подлогата, контрола на
квалитетот на вградените производи, проверка на квалиетот на апликација, контрола на спроведување на мерките за
заштита при работа и конечно доведување на објектот во состојба која ги исполнува целите зададени во проектот за
санација и потребите на инвеститорот.

27
АДИНГ СИСТЕМИ И ТЕХНОЛОГИИ ЗА САНАЦИЈА И ЗАШТИТА НА АРМИРАНОБЕТОНСКИТЕ
КОНСТРУКЦИИ, ВО СОГЛАСНОСТ СО ЕВРОПСКИ СТАНДАРД ЕN 1504

3. АДИНГ ПРОИЗВОДИ ЗА САНАЦИИ - ВО СОГЛАСНОСТ СО СТАНДАРДОТ EN 1504

EN 1504-2 Површинска заштита на бетонот

ФАСИЛ В Силиконско средство без растворувачи, за водоодбојна импрегнација

Нисковискозен двокомпонентен епоксиден претпремаз без растворувачи.


АДИНГПОКС 1П Прајмер за епоксидни системи наменет за порозни подлоги.
Нисковискозен двокомпонентен епоксиден претпремаз
АДИНГПОКС 1ПВ за влажни бетонски подлоги

АДИНГПОКС 1П ЕКО Нисковискозен двокомпонентен епоксиден претпремаз без растворувачи

АДИНГПОКС 1Б ЕКО Двокомпонентен епоксиден премаз без растворувачи

Нисковискозна двокомпонентна епоксидна смола без растворувачи


АДИНГПОКС 1 ЕКО за изработка на малтер или за изведба на транспарентна завршна обработка

АДИНГПОКС 2 ЕКО Саморазлевен епоксиден систем за подови без растворувачи

АДИНГСТАТИК Статички проводлив трокомпонентен епоксиден под

Готова смеса за изведба на крута хидроизолација на цементна основа, приготвена од


ХИДРОМАЛ специјално селектиран цемент, висококвалитетни полнила и прашкасти адитиви

Двокомпонентен нанос за изведба на еластична хидроизолација


ХИДРОМАЛ ФЛЕКС на цементно - полимерна основа.
Двокомпонентен нанос за изведба на еластична хидроизолација на цементна основа,
ХИДРОМАЛ ФЛЕКС 1 приготвен од специјално селектиран цемент висококвалитетни полнила, адитиви и полимери

АДИНГФЛЕКС Високо еластична хидроизолација на акрилатна основа

Еднокомпонентна антикорозивна смеса на цементно-полимерна


АНТИКОРОЗИН С основа за заштита на бетонски и челични конструкции
Aнтикорозивен премаз на катранско епоксидна основа за заштита
АДИНГПОКС ТЕР на бетонски и метални површини
Антикорозивен премаз во боја за заштита на бетонски површини,
АНТИКОРОЗИН ББ произведен на база на водена дисперзија
Антикорозивен премаз во боја, за заштита на бетонски површини
АНТИКОРОЗИН БР произведен врз база на синтетички смоли и растворувачи
Висококвалитетен премаз произведен на акрилатна основа,
АДИНГМАРКЕР за обработка и обележување на бетонски и асфалтни површини
Висококвалитетен премаз за обележување на бетонски и асфалтни
АДИНГМАРКЕР П подлоги, произведен врз база на синтетички смоли и растворувачи
Боја за завршна обработка на бетонски и асфалтни подлоги,
АДИНГКОЛОР РФ изработена врз база на синтетички смоли и растворувач
Транспарентен премаз за завршна обработка (лак), прајмер и додаток
ДЕКОСИЛ во системи изработени на метакрилатна основа
Епокси-цементен премаз/малтер за репарација
АДИНГПОКС АКВА и површинска заштита

28
АДИНГ СИСТЕМИ И ТЕХНОЛОГИИ ЗА САНАЦИЈА И ЗАШТИТА НА АРМИРАНОБЕТОНСКИТЕ
КОНСТРУКЦИИ, ВО СОГЛАСНОСТ СО ЕВРОПСКИ СТАНДАРД ЕN 1504

EN 1504-3 Производи и системи за конструктивна и неконструктивна репарација


Готов саморазливен малтер кој го компензира собирањето
ЕКСМАЛ 1 Наменет за залевање на пресеци со дебелина од 5 до 20mm (R4)
Готов саморазливен малтер кој го компензира собирањето
ЕКСМАЛ 4 Наменет за залевање на пресеци со дебелина над 20mm (R4)
Цементно-полимерен малтер за репарација на пресеци со дебелина 0,3-0,7 cm,
РЕПАРАТУР МАЛТЕР Ф1 со компензација на собирањето и армиран со ПП-влакна (R3)
Цементно-полимерен малтер за репарација на пресеци со дебелина 0,7-1,5cm,
РЕПАРАТУР МАЛТЕР Ф2 со компензација на собирањето и армиран со ПП-влакна (R3)
Цементно-полимерен малтер за репарација на пресеци со дебелина
РЕПАРАТУР МАЛТЕР Ф4 1,0-2,0cm, со компензација на собирањето, армиран со ПП-влакна (R4)
Смеса за израмнување на репарирани бетонски површини
РЕПАРАТУР ГЛЕТ произведени на цементно полимерна основа
Цементно-полимерен брзоврзувачки малтер за репарација на пресеци со
РЕПАРАТУР МАЛТЕР ФС 2 дебелина до 2,0 cm, армиран со ПП-влакна, за торкретирање
Цементно-полимерен брзоврзувачки малтер за репарација на пресеци со
РЕПАРАТУР МАЛТЕР ФС 4 дебелина до 4,0 cm, армиран со ПП-влакна, за торкретирање

EN 1504-4 Производи и системи за конструктивно врзување

АДИНГПОКС Н Епоксидно лепило без растворувачи за врска помеѓу стар и нов бетон

АДИНГПОКС К Трокомпонентен епоксиден кит без растворувачи.

АДИНГПОКС Ш Трокомпонентно, брзоврзувачко епоксидно лепило со одлична лепливост

EN 1504-5 Производи и системи за инјектирање

АДИНГПОКС И Епоксидно лепило без растворувачи за врска помеѓу стар и нов бетон

ИНЈЕКТИНГ К Адитив за цементни инјекциони смеси, смеси за инјектирање


на кабли за преднапрегање и смеси за залевање и репарација
Адитив за цементни инјекциони смеси, смеси за инјектирање
ИНЈЕКТИНГ К2 на кабли за преднапрегање и смеси за залевање и репарација
Еластичен материјал на полиуретанска база наменет за заптивање на
PUR-O-CRACK пукнатини во конструкциите и обезбедување на водонепропусност на истите
Еластичен материјал на полиуретанска база наменет за спречување на активни продори на
PUR-O-STOP вода низ пукнатини во конструкциите и обезбедување на водонепропусност на истите

RUBERTITE Еластичен трикомпонентен акрилатен гел за инњектирање


АДИНГ СИСТЕМИ И ТЕХНОЛОГИИ ЗА САНАЦИЈА И ЗАШТИТА НА АРМИРАНОБЕТОНСКИТЕ
КОНСТРУКЦИИ, ВО СОГЛАСНОСТ СО ЕВРОПСКИ СТАНДАРД ЕN 1504

EN 1504-6 Анкерување на челична арматура


Готов саморазливен малтер кој го компензира собирањето
ЕКСМАЛ 1 Наменет за конструктивни санцаии и залевање на анкери
Нисковискозна двокомпонентна епоксидна смеса без растворувачи
АДИНГПОКС И за инјектирање и залевање.

КОМПЛЕКСИНГ АМ Еднокомпонентна брзоврзувачка прашкаста смеса за залевање на анкери

EN 1504-7 Заштита од корозија на челична арматура


Предпремаз (прајмер) наменет за подобрување на врската
РЕПАРАТУР ПЕНЕТРАТ меѓу стар и нов бетон или цементен малтер
Двокомпонентен антикорозивен премаз на епоксидна основа
АНТИКОРОЗИН Е за заштита на челични површини

3.2 АДИНГ СИСТЕМИ ЗА САНАЦИЈА И ЗАШТИТА НА БЕТОНСКИ КОНСТРУКЦИИ

Најчест случај во праксата, поради комплексноста на санационите работи кај АБ конструкции, е материјалите за
репарација и заштита да се применуваат како систем. Во вакви случаи, подобноста за користење на ваквите системи во
одредена ситуација треба да се разгледува и докаже во целина – како систем.

3.2.1 СИСТЕМИ ЗА ЗАШТИТА НА ПЕШАЧКИ ПАТЕКИ НА МОСТОВИ И ДРУГИ ИЗЛОЖЕНИ ОБЈЕКТИ


Адинговиот систем за обработка на пешачки патеки се базира на завршни премази на епоксидна и метакрилатна
основа. Ваквиот систем дополнително обезбедува површината на бетонот да биде отпорна на лизгање како и
декоративна завршна обработка на површината со стандардни сигнални бои. Овој систем го штити бетонот кој е
изложен на:
* механички влијанија: пешачки сообраќај, велосипедски сообраќај, медицинска количка и слично
* агресивни физичко-хемиски влијанија
* атмосферски влијанија на хоризонталната површина: дожд, снег, мраз, директна изложеност на сончеви зраци и УВ
радијација
* директна изложеност на мраз и соли
* изложеност на карбонизација
Во зависност од бараниот заштитен ефект на системот, степенот на изложеност на конструкцијата, типот на
конструкција и опасноста од појава на пукнатини, сертифицирани се два системи за обработка на пешачки патеки.

30
АДИНГ СИСТЕМИ И ТЕХНОЛОГИИ ЗА САНАЦИЈА И ЗАШТИТА НА АРМИРАНОБЕТОНСКИТЕ
КОНСТРУКЦИИ, ВО СОГЛАСНОСТ СО ЕВРОПСКИ СТАНДАРД ЕN 1504

Структура и типови на системи за завршна обработка на пешачки патеки:

Систем 1- Основен систем Систем 2- Полн систем


• Епоксиден прајмер Адингпокс 1ПВ - еден • Епоксиден прајмер Адингпокс 1ПВ
премаз • Кварцен песок - Полнило С/Х
• Кварцен песок - Полнило С/Х (0,3-0,8 mm) • Премаз- глет на база на епоксиди и катран Адингпокс ТЕР
• Метакрилатен завршен премаз • Кварцен песок - Полнило С/Х (0,3-0,8 mm)
Адингколор РФ - два премази • Метакрилатен завршен премаз Адингколор РФ- два премаза

31
АДИНГ СИСТЕМИ И ТЕХНОЛОГИИ ЗА САНАЦИЈА И ЗАШТИТА НА АРМИРАНОБЕТОНСКИТЕ
КОНСТРУКЦИИ, ВО СОГЛАСНОСТ СО ЕВРОПСКИ СТАНДАРД ЕN 1504

3.2.2. АДИНГ СИСТЕМ ЗА ЗАШТИТА НА АРМИРАНОБЕТОНСКИ МОСТОВСКИ КОНСТРУКЦИИ

Поради својата функција, мостовите и други слични објекти од патната инфраструктура (вијадукти, надвозници и сл) се
изложени на интензивни физичко-механчки влијанија, карбонизација, дејство на мраз, соли и други хемиски
влијанија. За нивна заштита, Адинг има развиено повеќе системи за санација и заштита на специфичните делови на
мостовските конструкции.

- Aнтикорозивна заштита за арматурата и подлога за репаратурен малтер - РЕПАРАТУР ПЕНЕТРАТ;


- Прајмер за врска стар-нов бетон - АДИНГПОКС Н;
- Малтер за структурни репарации - РЕПАРАТУР МАЛТЕР Ф или ЕКСМАЛ;
- Завршен премаз за заштита од карбонизација и дејство на мраз и соли. Во зависност од агресијата како завршен
премаз може да се употреби: АНТИКОРОЗИН ББ, АНТИКОРОЗИН РБ, АДИНГПОКС АКВА и АДИНГПОКС 1Б

* Заштита на АБ мостовски конструкции од дејство на карбонизација АНТИКОРОЗИН ББ


32
АДИНГ СИСТЕМИ И ТЕХНОЛОГИИ ЗА САНАЦИЈА И ЗАШТИТА НА АРМИРАНОБЕТОНСКИТЕ
КОНСТРУКЦИИ, ВО СОГЛАСНОСТ СО ЕВРОПСКИ СТАНДАРД ЕN 1504

3.2.3 СИСТЕМИ ЗА ИЗВЕДБА НА ХИДРОИЗОЛАЦИЈА НА МОСТОВИ

Искуството покажува дека недостатокот или лошо изведените хидроизолации се честа причина за појава на
оштетувања кај мостовските конструкции. Адинг нуди системско решение за изведба на хидроизолација на мостовите
под коловозната конструкција. Системот за хидроизолација се состои од епоксиден премаз – Адонгпокс 1Б/Адингпокс
1ПВ преку кој се нанесува кварцен посип. Преку ваквата подлога се поставуваат битуменски траки за хидроизолација.
Завршно преку битменските траки се вградува коловозната конструкција од асфалт. На тој начин комплетниот систем
за хидроизолација се монолитизира и обезбедува трајна заштита на армиранобетонската конструкција од продор на
вода и други агресии.

* Последици од несоодветна хидроизолација

* Изведба на хидроизолација

Од особена важност при изведба на хидроизолација кај овие конструкции е да се внимава на изведбата на
дилатационите спојници, канали за одвод на вода, сливници и сл. Адинг со своето искуство во оваа област нуди
техничка поддршка при проектирањето и изведбата на ваквите специфични детали.

* Изведба на дилатациони спојници

3.2.4 АДИНГ СИСТЕМИ ЗА ЗАШТИТА НА ТУНЕЛСКИ КОНСТРУКЦИИ

АБ конструкции кои се дел од патната инфраструктура како и патните тунели се изложени на висок степен на
карбонизација (поради високата концентрација на СО2) и хемиска агресија предизвикана од хлориди, сулфати и др.
Дополнително, современите европски прописи за безбедност во сообраќајот, особено во тунелите предвидуваат
посебен режим на обележување на површините – користење на сигнални бои, подолжни хоризонтални ленти,
обележување на излезите за евакуација и сл.

33
АДИНГ СИСТЕМИ И ТЕХНОЛОГИИ ЗА САНАЦИЈА И ЗАШТИТА НА АРМИРАНОБЕТОНСКИТЕ
КОНСТРУКЦИИ, ВО СОГЛАСНОСТ СО ЕВРОПСКИ СТАНДАРД ЕN 1504

Во зависност од типот на тунелот, интензитетот на оштетување на конструкцијата и нејзината изложеност, постојат


повеќе системи за санација и заштита кои можат да се применат.

Систем 1
За санација и заштита на секундарната тунелска конструкција, на база на цементен репаратурен малтер и заштитен
премаз на база на акрилатни и метакрилатни смоли.

Методологија на изведба:
- Подготовка на подлогата - Комплетната бетонска подлога потребно е да се исчисти со вода под притисок при што се
отстрануваат наслаги од нечистотии и сите деградирани и лабилни делови од бетонот.
- Обработка на дилатациите помеѓу кампадите на бетонот - Доколку на прекините на бетонирање (помеѓу кампадите на
секундарната подграда) се јават значајни пукнатини, истите потребно е да се санираат со употреба на трајноеластичен
кит FIX-O-FLEX, или пак со инјектирање на трајноеластичен материјал PUR-O-CRACK. Доколку постои активен продор
на вода во конструкцијата, истиот најпрво треба да се затвори со инјектирање на експандирачки полиуретански
материјал PUR-O-STOP или брзоврзувачки цементен материјал УБРЗУВАЧ Ч.

- Санација - Глетување на бетонската подлога. Сите позначајни дефекти, оштетувања и сегрегации на површината на
бетонот потребно е механички да се отворат и да се санираат со употреба на РЕПАРАТУР МАЛТЕР Ф или РЕПАРАТУР
ГЛЕТ.

- Заштита на бетонската површина - Завршно санираната бетонска површина потребно е да се заштити со користење на
заштитен премаз на база на акрилат АНТИКОРОЗИН ББ или метакрилати АНТИКОРОЗИН БР. Заштитната облога може да
се нанесува рачно (со ваљак или четка) или машински со распрскување (airless пумпа).

34
АДИНГ СИСТЕМИ И ТЕХНОЛОГИИ ЗА САНАЦИЈА И ЗАШТИТА НА АРМИРАНОБЕТОНСКИТЕ
КОНСТРУКЦИИ, ВО СОГЛАСНОСТ СО ЕВРОПСКИ СТАНДАРД ЕN 1504

Систем 2
Наменет за обезбедување на висок степен на корозивна заштита на секундарната тунелска конструкција, на база на
Епоксиден Репаратурен глет и завршен премаз на база на епоксиди и акрилат.

Методологија на изведба
- Подготовка на подлогата - Комплетната бетонска подлога потребно е да се исчисти при што се отстрануваат и сите
нечистотии, деградирани и лабилни делови од бетонот
- Санација или заштита на бетонската површина - Комплетната бетонска површина на ѕидовите на тунелот до висина од
3,0 m се обложува со малтер на база епоксидна смола на водена основа АДИНГПОКС АКВА. Материјалот најефикасно се
нанесува со машинско распрскување.
- Завршна обработка - Обложената бетонска површина потребно е да се обележи со предвидените сигнални бои со
користење на премаз на база на акрилат АНТИКОРОЗИН БР или АНТИКОРОЗИН ББ.

Систем 3
Санација и заштита на хидротехнички тунели
* Хидротехничките тунели се специфични инженерски објекти кои се наменети да пренесуваат вода. Во голем број
случаи истите се изведуваат во склоп на големи рудници или хидротехнички објекти поради што водата која се
пренесува може да содржи хемиски агресивни супстанци и исто така да врши механичка абразија на бетонот. Од тие
причини заштитата на бетонот кај овие тунели е од особено значење.

Методологија на изведба:
- Подготовка на подлогата - Комплетната бетонска подлога потребно е да се исчисти со вода под притисок при што се
отстрануваат и сите деградирани и лабилни делови од бетонот. Доколку во долниот дел од тунелот – коритото во кое
протекува водата има појава на екстремна ерозија, хемиска контаминација и изложеност на арматурата, потребно е
дополнително механичко отстранување на деградираниот бетон и замена на кородираната арматура.
- Замена на деградираниот бетон со нов репаратурен бетон
- Заштита на бетонската површина - завршно санираната бетонска површина потребно е да се импрегнира и заштити со
премази на база на епоксидна смола АДИНГПОКС 1ПВ. Нанесувањето на материјалот најлесно се врши со машинско
распрскување во два слоја. Алтернативно завршната обработка и заштита на коритото (особено кај постари тунели и
тунели во кои се пренесува питка вода) може да се изврши со крута облога на база на цемент - ХИДРОМАЛ.

35
АДИНГ СИСТЕМИ И ТЕХНОЛОГИИ ЗА САНАЦИЈА И ЗАШТИТА НА АРМИРАНОБЕТОНСКИТЕ
КОНСТРУКЦИИ, ВО СОГЛАСНОСТ СО ЕВРОПСКИ СТАНДАРД ЕN 1504

3.4 ПРОИЗВОДИ И СИСТЕМИ ЗА ЗАШТИТА НА ТЕМЕЛНИ КОНСТРУКЦИИ, ПОТПОРНИ ЅИДОВИ, ПРОПУСТИ, „ЊУ ЏЕРСИ”
ОГРАДИ И ДРУГИ ИЗЛОЖЕНИ КОНСТРУКЦИИ

Поради високиот степен на изложеност во текот на експлоатацијата, на објектите кои се дел од патната инфраструктура
потребно е редовно да се врши мониторинг на состојбата и да се превземаат активности за заштита и санација на
истите.
За санација на ваквите конструкции се применуваат истите постапки како и кај останатите АБ конструкции кои
вклучуваат подготвителни работи, отстранување и замена на деградираниот бетон и завршно нанесување на заштита
за бетонот.

За заштита на подземните делови на конструкциите кои се во контакт со подземни води се препорачува заштита со
примена на еластична облога на база на цемент и полимери ХИДРОМАЛ ФЛЕКС.

Во случаи кога делови од конструкцијата треба да бидат обележани со сигнални бои препорачуваме примена на
АНТИКОРОЗИН БР.

36
АДИНГ СИСТЕМИ И ТЕХНОЛОГИИ ЗА САНАЦИЈА И ЗАШТИТА НА АРМИРАНОБЕТОНСКИТЕ
КОНСТРУКЦИИ, ВО СОГЛАСНОСТ СО ЕВРОПСКИ СТАНДАРД ЕN 1504

АДИНГ - ИСКУСТВО И ГРИЖА ЗА ПАРТНЕРИТЕ

Поддршката од институција која го обединува стручното знаење со можноста за лабораториско и insitu изнаоѓање и
тестирање на предложените решенија, е од непроценливо значење за успешно извршување на санациите. Компанијата
АДИНГ АД Скопје го обединува стручното знаење акумулирано во 50-годишното искуство во областа на санациите на
бетонски АБ-конструкции од високоградбата, хидротехнички објекти, индустриски објекти, мостови, тунели, фабрички
оџаци и други специфични инженерски објекти. Mатеријалите од програма на АДИНГ се применуваат во повеќе земји
на три континенти и се соодветно сертифицирани според Европските норми EN1504, но и според локалните прописи во
други подрачја каде сме присутни. На нашите партнери, АДИНГ им нуди стручна помош во сите фази на санацијата –
вршење на увид и проценка на состојбата во која се наоѓа конструкцијата, изработка на проект за санација, избор на
материјали и технологија на изведба и стручна помош при апликацијата.
Дополнително, Секторот за испитување и развој на материјалите располага со комплетно опремена и акредитирана
лабораторија за испитување на репарационите материјали и системи. Можеби најважно од се, искусниот тим на
инженери во АДИНГ им стојат на располагање за решавање на сите тековни проблеми при вршењето на санациите.
Во случаите на градење на нови објекти, АДИНГ нуди решенија за специфичните детали врзани со
хидроизолацијата на објектот, технологијата на производство и вградување на бетон со високи перформанси,
примената на материјали за антикорозивна заштита на бетонот и арматурата и др. Правилниот избор и примена на
ваквите системи овозможува долготрајна експлоатација на објектите и во најекстремни средини.

37
АДИНГ СИСТЕМИ И ТЕХНОЛОГИИ ЗА САНАЦИЈА И ЗАШТИТА НА АРМИРАНОБЕТОНСКИТЕ
КОНСТРУКЦИИ, ВО СОГЛАСНОСТ СО ЕВРОПСКИ СТАНДАРД ЕN 1504

ПРОИЗВОДНА ПРОГРАМА

Адитиви за бетони и цемент Заштитни премази


Смеси за залевање Противпожарни материјали
Репарација на бетони Градежни лепила
Индустриски
и спортски подови Смеси за израмнување
Градежни китови Декоративни
премази и малтери
Хидроизолации Градежни производи

АДИНГ АД, Скопје, Новоселски пат (ул. 1409) бр. 11, 1060 Скопје, Р.Македонија
Тел.: + 389 / 02 2034 840; Факс: + 389 / 02 2034 850; е-пошта: ading@ading.com.mk; www.ading.com.mk

Членки на групацијата АДИНГ Членки на групацијата


во Македонија АДИНГ во странство Дистрибутери на АДИНГ во странство

БИЗНИС ЦЕНТАР АДИНГ, Скопје АДИНГ БЕЛГРАД, Белград ИЗОЛИМИ, Приштина АЛ РАВАВС, Триполи
тел: + 389 2 2031 424 тел: + 381 11 6158 014 тел: + 381 38 563 280 тел: + 218 91 707 28 24; + 218 92 371 61 72
факс: +389 2 2050 980 факс: + 381 11 6279 338 факс: + 381 38 563 290 e-mail: adinglibya@gmail.com
e-mail: info@bc-a.com.mk email: ading_bgd@ptt.rs e-mail: izolimi_s@yahoo.com
Ниш МАЕЛ Компани, Брчко
ИНВЕСТ А, Скопје ЃУРИШИЌ И КУМ, Бар тел: + 49 214 211
тел: + 381 18 519 432
тел: + 389 2 2034 840 тел./факс: + 382 30 341 559 e-mail: maelcompany.brcko@gmail.com
факс: + 381 18 519 433
факс: +389 2 2034 850 e-mail: djurisic.kum@t-com.me
e-mail: ading_nis@ptt.rs
e-mail: investa@t-home.mk АДИНГ Х КФТ, Будимпешта
ТОО АЛФАР, Алма Ата
АДИНГ БУГАРИЈА, Софија тел: + 362 9 364 621
тел: + 7727 338 6929
БИРО ПРОЕКТ, Скопје тел: + 359 2 9556 106 e-mail: info@ading.hu
факс: + 7727 338 6343
тел: + 389 2 3243 790 тел: + 359 2 9555 388
e-mail: alfar@nursat.kz ВЕГАМАРКЕТ ПЛУС, Москва
факс: + 389 2 3243 796 e-mail: ading.bulgaria@ading.eu
e-mail: biroproekt@biroproekt.com.mk тел: + 791 0 4634 491
АДИНГ ХЕЛЛАС, Солун ВЕЛИС, Загреб e-mail: wegamarket@yandex.ru
тел: + 30 2311 806 300 тел: + 385 1 5617 447
факс: + 30 2310 797 090 факс: + 385 1 5604 016
e-mail: info@velis.com.hr
Смеси за залевање

pH 8,5

EUROPEAN STANDARD EN 1504 Products and systems for the protection and repair
of concrete structures – Definitions, requirements, quality control and evaluation of conformity

АБ КОНСТРУКЦИИ
Конструктивни лепила

Репарација на бетони

EN 1504
Заштитни премази
Компанија за производство на хемиски материјали за градежништвото, уште од 1969 година
design
Окт. 2018,

You might also like