Download as odt, pdf, or txt
Download as odt, pdf, or txt
You are on page 1of 7

ВОДЕН РЕЖИМ НА РАСТЕНИЈАТА – Примањето вода од околната средина,

патот на растението, испуштањето вода во надворешната средина и


учеството на водата во физиолошките процеси се познати како воден
режим на растението.
Воден биланс на растението е односот меѓу примената и испуштената
вода.
За нормално одвивање на животните процеси на растението е потребно
одржување на водниот биланс без подолг или поголем дефицит.
Влегувањето на вода во клетките од надворешната средина и
излегувањето од нив е последица на пропустливоста на клеточната
мембрана.
Примањето на водата зависи од кореновиот систем, физичките својства на
почвата и типот на водата во почвата.
Водата во почвата се наоѓа како : гравитациона, капиларна и хигроскопска
вода.
Гравитационата вода ги исполнува големите празнини во почвата и под
дејство на Земјината сила брзо истекува од горните во долните слоеви на
почвата.
Капиларната вода ги исполнува капиларите на почвата и се наоѓа во
потесните празнини на почвата.
Хигропската вода не е достапна на растенијата, таа ги обвиткува
честичките на почвата создавајќи водни обвивки.
На растението му се достапни гравитациона и капиларна вода.

ПРИМАЊЕ ВОДА ВО РАСТЕНИЕТО - Вишите растенија преку растителните


органи испуштаат вода во атмосферата во вид водена пареа
(транспирација). Изгубената вода со транспирација растението ја
надополнува од почвата, а растенијата кои немаат коренов систем како
што се лишаи, мовови, алги и други, водата ја впиваат со целата
површина. Вишите растенија кои имаат коренов систем, водата од почвата
ја примаат преку кореновите влакна на младите коренчиња.
Спроведувањето на примената вода до сите органи се врши преку
ксилемските спроводни елементи трахеиди и трахеи.

ТРАНСПИРАЦИЈА е испуштањето на водата во облик на водена пареа.


Процесот се одвива на тој начин што молекулите на водата што се наоѓаат
во набабрените клеточни ѕидови од епидермалните клетки ги напуштаат
интермицеларните простори на клеточниот ѕид и излегуваат во
воздушната средина.

ГУТАЦИЈА е процес со кој водата се испушта од растението во облик на


капки. Количеството вода што се оделува со гутација е помало во однос на
таа со транспирацијата. Гутацијата се одвива кога транспирацијата е мала,
а воздухот е заситен со водена пареа и кога во почвата има достапна вода.

СОЛЗЕЊЕ е сличен процес на гутацијата. Од неа се разлика по тоа што при


солзењето водата не излегува преку хидатодите, туку преку пресечните
спроводни елементи за вода од пресечните органи. До солзење доаѓа при
режење на лозата и овошните дрвја напролет.

Анатомија и морфологија на растителни органи


Сите ткива во растението, се организирани на повисоко ниво, затоа што ги градат
органите на растението, кои интегрално функционираат во еден организам
Во процесот на приспособување на растенијата кон копнен начин на живеење имаме
две групи органи:
- ВЕГЕТАТИВНИ – тие се во функција на исхраната, растењето и одржувањето на
животот т.е. овозможуваат вегетирање ( опстанок) на растението. Овде спаѓаат:
корен, стебло и лист.
- ГЕНЕРАТИВНИ – тие се во функција на репродукцијата ( размножувањето ) и тие
подготвуваат и создаваат зачетоци на нови единки од ист вид, кои се развиваат
независно од мајчиниот организам. Кај скриеносемените растенија во
генеративни органи спаѓаат: цвет, плод, семе.

ВЕГЕТАТИВНИ ОРГАНИ
Со преминувањето на растенијата од вода на копно, растенијата се приспособиле да
живеат во две сосема различни средини: почва и атмосфера (воздух). Делот на
растението што се развива во почвата постепено се приспособувал како орган за
примање вода и минерални материи, а над почвата се формираат специјализирани
органи за транспирација и фотосинтеза. На тој начин растителното тело се дели на три
вегетативни органи кои го овозможуваат индивидуалниот живот на растението:
- корен (со кој се овозможува почвена минерална исхрана).
- лист (кој овозможува раз мена на гасови) и
- стебло (кое овозможува поврзување и заемно дејство меѓу коре нот и
стеблото).
Кај поголем број скриеносемени растенија, вегетативните органи се разликуваат уште
во ембрионот во семето, како делови на никулецот.

КОРЕН
Во текот на еволуцијата на растенијата коренот се јавува како еден од последните
органи. Тој е својствен орган за папратите и семените растенија, а кај другите расте
нија со пониско еволутивно ниво, тој отсуствува, а неговата функција ја вршат из
должени клетки наречени ризоиди.
Коренот ги прицврстува растенијата за почвата и истовремено ги снабдува со вода и
растворени минерални материи.
Во коренот може да се складираат резервни хранливи материи, може да послужи како
орган за вегетативно размножување и да влегува во симбиоза со бесхлорофилни
организми од почвата. Од поновите податоци се знае дека во коренот се врши и
примарна синтеза на некои органски соединенија. На пример, кај тутунот никотинот се
синтетизира во коренот. а се изнесува преку листот.
МОРФОЛОГИЈА НА КОРЕНОТ
Заедно со стеблото коренот спаѓа во основните ор гани на растението.
Создавањето на коренот, обично, почнува од зачеток наречен зародишен, односно
ембрионален корен, што се наоѓа во семето.
При никнењето на семето ембрионалниот корен прв ја пробива семената обвивка и
навлегува во почвата каде расте и се развива позитивно геотропно. Во ретки случаи,
коренот се развива надземно. Ембрионалниот корен откако добро ќе се развие се
преобразува во главен корен. Всушност. главниот корен излегува како продолжение на
стеблото. Местото каде стеблото преминува во корен се нарекува коренов врат.
Од главниот корен, кој брзо расте, се образуваат странични корење. Страничните
корење што излегуваат директно од главниот корен се од прв ред, на нив растат
странични корење од втор ред, потоа на нив корење од трет ред итн., па на тој начин
се создава мрежа на кореновиот систем. Поточно, сите корење на едно растение,
вклучувајќи ги и најмалите разгранувања, го сочинуваат кореновиот систем. Според
морфологијата тој може да биде:
- осен (или вретенест) и
- жилест (или брадест)
ОСЕН КОРЕНОВ СИСТЕМ: главниот корен е добро развиен и се разликува од другите
корење. Ваков систем имаат дикотиледонските растенија како луцерката, глуварчето,
памукот..(должината на главниот корен кај камилскиот трн е до 30м)
ЖИЛЕСТ КОРЕНОВ СИСТЕМ: нема главен корен бидејќи ембрионалниот корен не се
развива во главниот корен, а ако се развие, подоцна умира. Ваквиот коренов систем се
образува од дополнителни корење, кои не потекнуваат од ембрионалниот корен, се
создаваат од стеблото и листот. Овој систем го имаат житните растенија (или
монокотиледонски тревести растенија). Без ваквите дополнителни корење,
вегетативното размножување не би било можно, а развитокот на ваквиот систем
зависи од наследните особини и почвените услови.
МЕТАМОРФОЗА НА КОРЕНОТ
Корењето претрпуваат измени под дејство на надорешните услови (измени во обликот
и градбата)
МЕТАМОРФОЗИРАНИ ИЛИ ВИДОИЗМЕНЕТИ КОРЕНИ: корење со изменета функција и
градба во однос на основата.
Доаѓа до здебелување и метаморфозирање во месните органи за складирање
резервни материи(скроб, инулин)
 Кај морковот, шеќерната репка главниот корен многу израснува и се добива
метаморфозна репа.
 Кај георгината, салеповите растенија, месните корени се познати како грутки,
добиени со метаморфоза на дополнителните корење.
 Кај некои тропски епифитни растенија се јавуваат воздушки корење кои ја
апсорбираат влагата од атмосферата со помош на изумреното ткиво-веламен.
Влагата се апсорбира преку клеточните ѕидови на изумрените клетки кои се
празни.
 Кај растенијата кои се развиваат во почви имаат корење за дишење. Ваквите
корење растат негативно геотропно(врвовите им се секогаш на водената
површина), а паренхимот во примарната кора е аеренхим. Најдобри корење за
дишење имаат мангровите дрвја.
СИМБИОТСКИ ОДНОСИ НА КОРЕНОТ
Заемното дејство на коренот и почвата се забележува со врската меѓу кореновите
влакна (во кои освен вода со растворени минерални материи можат да навлезат и
микроорганизми)и честичките на почвата.
Корењето кај легумонозните растенија живеат во симбиоза со азотофиксатори
(азотофиксирачки бактерии). Ваквите растенија се богати со азот и поради тоа имаат
голема хранлива вредност на семето (грашок, грав) или на целото растение (фуражна
храна)
Бактериите од родот ризобиум навлегуваат во кората на коренот и создаваат грутчиња
или брадавици. Ваквите бактерии се способни да го примаат слободниот азот од
воздухот и да го преобразуваат во азотни соединенија достапни за растението.
Симбиоза може да има и меѓу коренот и некои почвени габи, која е наречена
микориза. Габните хифи се развиваат по страничните корење и престануваат да растат
должински, а според начинот на нивниот распоред постојат надворешна (ектопрофна)
и внатрешна (ендопрофна) микориза.
Габата од клетката домаќин прима шеќери, а растението од габата прима вода со
минерални материи. Коренот од габите прима фосфор и биолошки активни материи.

СТЕБЛО

ИЗДАНОК

Неразгрането стебло со листови и пупки што се развива во еден вегетативен период се


нарекува стебло. Првиот изданок на едно растение што се образува од семе се вика
ембриомална пупка. Кај едногодишните растенија (тревите) целото растение претставува еден
изданок, а кај многугодишните дрвенести растенија секоја година од пупките се развиваат
нови изданоци.

СТЕБЛО

Стеблото како дел од изданокот има способност за растење во должина, да образува пупки
од кои растат странични гранки, цветови, листови и др. Кога растението се развива од семе,
стеблото се образува од ембрионална пупка. При никнењето на семето, стеблото излегува со
ембронално коренче и се насочува вертикално нагоре со негативен геотропизам, што е
спротивно на главниот корен. Основната функција на стеблото е зголемување на површината.
Низ стеблото се пренесуваат хранливите материи од коренот до листот и обратно. Стеблото ја
овозможува и механичката отпорност на растението.

МОРФОЛОГИЈА НА СТЕБЛОТО

По должината на стеблата се разликуваат одредени места каде што излегуваат листовите


наречени НОДИУМИ ( глуждови или коленца), а стеблото меѓу два нодиума се нарекува
ИНТЕРНОДИУМ ( членче ).

Распоредот на листовите по стеблото е во зависност од должината на интернодиумите и


бројот на листови во еден нодиум. Стеблата се јавуваат во различни облици: цилиндричен,
вретенест, ребрест.

Според просторот се разликуваат: исправени, полегнати, позлести, увиени. Според дебелината


растенијата се варијабилни, особено вртенестите.

Според должината на веѓетацијата можат да бидат едногодишни и повеќегодишни.

Во зависност од степенот на дрвосување(цврстината и внатрешната градба): тревести и


дрвенести.

• Тревестите најчесто го завршуваат животниот циклус со развивањето на ветовите и


образувањето на семе и плод. Такви се житвите и многу градинарски растенија

. • Дрвенестите растенија според градбата и изгледот на надземниот дел можат да бидат:


дрвја, грмушки и полугрмушки.

1. ДРВЈАТА обично образуваат главно стебло кое достигнува големи висини, а круната на
дрвотоод гранки која се разгранува е на помала висина.
2. ГРМУШКИТЕ не образуваат главно стебло, се разгрануваат одма над почвата и се со
помала висина.

3. ПОЛУГРМУШКИТЕ имаат стебло кое се дрвосува само при основата, а горните делови се
зелјести и по еден вегетативен период опаѓаат. Дрвенестите растенија достигнуваат длабока
старост. Дрвјата и грмушките живеат од 50тина години до неколку 100летија. Некои древја
можат да живеат и по неколку илјади години. На пр. Роза (13-15год.), винова лоза (80-100год.),
орев (300-400год.), маслинка (700год.), костен (2000- 3000 год.), американски чемпрес (4000
год.).

ЛИСТ
Морфологија на листот
Листот е главен орган за фотосинтеза и транспирација. Во согласност со неговата функција е
неговата голема повржина. Листот се образуба со активноста на врвното стеблено
меристемско ткиво. Како резултат на делбената активност на периферните слоеви
сеобразуваат лисни зачетоци од кои подоцна ќе се развијат листови. Листот е орган ограничен
со растењето, бидејќи кај диференцираните листови нема меристем. Ислучок се листовите на
папратите бидејќи кај нив меристемското ткиво се задржува на врвот со што тие растат
неограничено.

Листот е составен од: ЛИСКА( ЛИСНА ПЛОЧА), ЛИСНА ДРШКА И ЛИСНА ОСНОВА.

Лиската е најважниот дел од листот и има најголема површина. Лисната дршка ја прикрепува
лиската за стеблото и го поставува листот во правец на светлината. Листовите без лисни дршки
се седечки. Лисната основа е местото каде што листот се прикрепува за стеблото. Кај некои
растенија лисната основа или целата лисна дршка преминува во лисен ракавец. Кај житните
растенија лисниот ракавец целосно го опфаќа интернодиумот. Од лисната основа кај некои
растениија се создаваат мали творби наречени прилисници.
Кај семенинте растенија според местоположбата градбата и функицијата постојат : ДОЛНИ,
СРЕДНИ И ГОРНИ ЛИСТОВИ.

Долните листови се лушпести и не се зелени. Тука спаѓаат лушпите на луковиците,


надворешните лушпи на пупките и др. Некои за долни листови ги сметаат и првите зародишни
листови т.е. котиледоните.

Средните листови( вегетативни) претставуваат главни органи за фотосинтеза на растението. Кај


нив многу добро се разликуваат лиската, лисната дршка и основа.

Горните(врвни) листови се наоѓаат во областа на цветовите и соцветијата, како прицветни


листови наречени бракети и имаат заститна улога.

Целата лиска е испреплетена од жили кои ја даваат нерватурата на листот. Разликуваме


паралелна и мрежеста нерватура. Кај паралелната нерватура жилите се развиени и
распределени паралелно и имаат паралелна насока на протегање на лиската. Ова се
забележува кај монокотиледоните. Кај мрежестата нерватура се издвојува една главна жила
од која странично излегувват други жили кои ја создаваат мрежата. Ова се забележува кај
дикотиледоните.
ВИДОВИ НА ЛИСТОВИ

Листовите ги делиме на две големи групи: прости и сложени, според бројот на лиските што се
наоѓаат на една дршка.

Простите листови(листови со една лиска) се најчест облик на листови во растителниот свет.


Според морфологијата на рабовите на лиската тие можат да бидат:

-Целокрајни со рамна лиска( повеќето скриеносемени растенија имаат тркалезни,


јајцевидени, стцебидн ни и др, видови листови).

-Целоктајни со нерамна лиска(кај голосемените растенија) и

-Нецелокрајни( тие имаат назабени, засечени, врежани рабови на лиската).

Сложените листови се кога на една лисна дршка има повеќе лиски. Според бројот и обликот на
лиските тие можат да бидат: двојни, тројни, дланковидни, перјести, прстести и др.

Кај некои растенија вегетативните листови можат да се разликуваат морфолошки и таквата


појава се нарекува ХЕТЕРОФИЛИЈА. Каракреристична е за водните растенија пр. Воднотго
лутиче, бидејки листовите што се во вода се расечени,а над водата се цели.
Листовите можат да имаат различни димензии . Мали листови имаат голосемените растенија ,
а од скриеносемените мали листови имаат некои пустински и полупустински растенија. Со
необична големина се листовите на бразилската палма кои што се долги до 25 метри, а
широки 12 метри.

You might also like