КОПАЧИТЕ

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

„КОПАЧИТЕ“

Стихозбирката „Бели мугри“ завршува со песната „Копачите“, која се смета за негов врвен
уметнички дострел, најдостоен презент на целокупната Рацинова социјално-револуционерна
поезија. Во неа до полн израз доаѓаат мислата и идеите на комунистичкиот деец кој се формирал и
градел врз марксистички позиции и во духот на социјалистичкиот интернационализам. Песната
започнува со муграта, со раѓање на новиот ден, симбол на новиот живот и иднина на
пролетаријатот. Неговата симболика е длабока и осмислена. „Се кати ноќта црна“ асоција на
ропството и неговото исчезнување, „Се рути карпа - мрак“ е пропаѓањето на стариот н гнил
општествен капиталистички поредок, „И петли в село пеат“ се гласовите на народниот бунт и
револуцијата во која што со многу жртви и крв ќе се плати слободата „над карпа в крв се мие“ и
како круна на сите патила ќе светне новиот ден на слободата. Ги повикува поетот морните копачи
и копачки да станат и да појдат „по патиштата стрмни, / по полињата рамни, / у вивналиов ден - /
да тргнеме и ние / страдалници од век“. И ги потсетува на традијата, на револуционерната мисла и
акција, на сонцељубивите и слободољубиви сннови, од дедо Богомила, до вивналиот ден денешен.
Стиховите на песната прават една хомогена и слоевита целост за слободата како род и плод на
револуционерната борба. Високо се издигнува сознанието дека луѓето од целиот свет само
здружени и заеднички ќе го урнат стариот и ќе создадат нов свет на братство и единство, свет на
меѓународниот пролетаријат и на сите демократски сили. Токму во оваа песна најизразито доаѓа
Рациновата мисла и визија за одењето по новите патишта на историската перспектива, и
претставува вреден аргумент за идејниот растеж на македонскиот човек меѓу двете светски војни,
кој ќе стане локомотива на сопствениот историски развиток и ќе побара место за сонце под капата
на светот. Тоа се здружените и осознаени работници, аргати, селани и нивната непоколеблива
верба во праведноста на борбата и во перспективите на иднината. И така низ работа и труд, низ
сопствена борба и жртви, одѕвонуваат стиховите како мисла и акција на меѓународниот
пролетаријат:

Та не сме саде ние


та не сме саде тука -
ние сме по цел свет
безбројни
милиони,
на трудот
црн-
народ!

Се раѓаат новиот човек и новиот живот. Светот ја има својата иднина и перспектива. Тоа се идеите
на кои целосно и непожртвувано им се посвети и согоре севкупното човечко, револуционерно и
творечко битие на големиот

You might also like