Professional Documents
Culture Documents
Практикум По Медицинска Психологија и Социологија (Последна Верзија)
Практикум По Медицинска Психологија и Социологија (Последна Верзија)
Практикум по медицинска
психологија и социологија
Димитар Боневски
Андромахи Наумовска
Марија Ралева
2021 год
Практикум по медицинска
психологија и социологија
Димитар Боневски
Андромахи Наумовска
Марија Ралева
Медицински факултет
Автори:
Проф. д-р Димитар Боневски, невропсихијатар, редовен професор на
Катедрата за психијатрија и медицинска психологија, Медицински
факултет, УКИМ, Скопје
д-р сци. Андромахи Наумовска, специјалист по медицинска
психиологија, научен соработник на Катедрата за психијатрија и
медицинска психологија, Медицински факултет, УКИМ, Скопје
Проф. д-р Марија Ралева, невропсихијатар, редовен професор на
Катедрата за психијатрија и медицинска психологија, Медицински
факултет, УКИМ, Скопје
Рецензенти:
Проф. д-р Антони Новотни, невропсихијатар, редовен професор на
Катедрата за психијатрија и медицинска психологија, Медицински
факултет, УКИМ, Скопје
Проф. д-р Бранислав Стефановски, невропсихијатар, редовен професор
на Катедрата за психијатрија и медицинска психологија, Медицински
факултет, УКИМ, Скопје
Лектор:
Митра Блажевска
СОДРЖИНА
ВОВЕД ....................................................................................................... 1
Емоционални процеси.................................................................................................. 21
Eмоции ............................................................................................................................ 21
Афекти............................................................................................................................. 24
Расположение ................................................................................................................. 24
Практична работилница - Емоции............................................................................... 25
Адаптација .................................................................................................................... 35
Фрустрација .................................................................................................................. 35
Фрустрациона толеранција .......................................................................................... 35
Последици од фрустрацијата ...................................................................................... 36
Конфликти .................................................................................................................... 36
Конфликт на мотиви ..................................................................................................... 36
Конфликт на улоги ......................................................................................................... 37
Конфликт на неспоиви улоги ......................................................................................... 37
Конфликт на дифузни улоги .......................................................................................... 37
Реакции на фрустрации................................................................................................. 38
Неуспешни начини во совладување на препреките ..................................................... 38
Агресија ........................................................................................................................... 38
Повлекување.................................................................................................................... 39
Страв .............................................................................................................................. 39
Анксиозност ................................................................................................................... 39
Вовед .............................................................................................................................. 87
Справување со „Согорување“ : Tри „R“ или Три „О“ пристап .......................... 104
Практична работилница на тема: согорување ........................................................ 104
Прашалник за Согорување .......................................................................................... 105
Толкување на резултатите од прашалникот за согорување ................................... 106
1
ПСИХОЛОШКИ ПРОЦЕСИ
Психoлошките процеси се делат во три големи групи:
1. Сознајни-когнитивни;
2. Емоционални;
3. Конативни.
Сознајни-когнитивни процеси
Во сознајните процеси спаѓаат:
- свест,
- осети,
- перцепции,
- претстави,
- внимание,
- учење,
- помнење,
- мислење,
- говор.
Свест
Иако се чини дека свеста како поим е сосем јасна, нејзиното
дефинирање како психолошка функција е особено тешко. Раковски (Janusz
Reykowsky) ја дефинира свеста како резултанта од низа интегративни
ментални процеси и како сеопшт психички простор, кој дозволува
систематско одржување на физичкиот, социјалниот, временскиот и
семантичкиот простор и активност во кој се одредуваат субјективниот модел и
моделот на активност. Еден од најголемите психолози (и филозофи) на XX
век, феноменологот Карл Јасперс (Karl Jaspers), вели дека свеста е актуелната
состојба на психичкиот живот на човекот и таа вклучува три елементи: реална
присутност на доживувањето, одвојување на субјектот од објектот и сознание
за свесност на самиот себе си.
Важно е да се обележи дека свеста е интегративна психолошка
функција, односно conditio sine qua non во психолошкото функционирање и во
нејзино отсуство е невозможно опстојувањето на која било друга психичка
функција.
Вообичаено свеста најчесто се поврзува со будноста, па оттаму и
степенот на свеста се мери квантитатовно. Според квантитавното ниво на
свесност разликуваме:
- максимална будност,
2
- будност,
- површен сон,
- подлабок сон,
3
Испитување на свеста на еден од учесниците од страна на останатите
на индиректен и директен начин.
Работа во голема група:
Споделување на искуствата
Завршно резимирање од страна на асистентот.
Осети
Осет е елементарна психичка трансформација на енергијата на
дразбата и со него започнува процесот на сознание. Тој претставува свест за
дејствување на одредена дразба врз организмот и е всушност субјективен
одраз на објективната стварност. (сл.1)
Трансформација на физичката дразба во осет (Тјеплов)
1. Дразбата е физички процес (на рецепторите за допир-болка на прстот
на шемата (RP) делува одредена дразба-допир, боцкање од игла,
топлина и сл. што претставува физичка дразба, односно дејство на
одредена енергија.)
2. Надразбата е физиолошки процес (всушност физичката дразба како
нервен импулс оди по нервните патишта прикажани на шемата-I,II,III.)
3. Осетот е психички процес кој се случува во кората на големиот мозок
во центарот за допир-болка (IV) каде се врши анализа-декодирање на
имформацијата и нејзино интерпретирање што всушност го создава
осетот.
4
Ебингхаус тврди дека осетите се таква содржина на свеста која во себе
не содржи искуство бидејќи доколку осетот би бил поврзан со искуството
тогаш претставува посебен психички процес наречен перцепција.
Поделба на осетите во однос на рецепторите каде се прима дразбата:
- Екстерорецептори (сетило за вид, слух, мирис, вкус, допир);
- Интерорецептори (кинестетски осети од зглобови, мускули, тетиви,
статички осети од вестибуларниот апарат, органски осети од
внатершните органи).
Карактеристиките на осетите го чинат нивниот квалитет, интензитет,
траење и локализација (местото од каде доаѓаат).
Перцепција
Перцепцијата (забележување) е психичка функција, која овозможува
непосредно спознавање на сето она што се случува во и околу личноста.
Спознанието се одвива преку сензорните органи и процесите на мислењето,
кои го користат поранешното искуство. Сетилните органи ги примаат
надворешните дразби кои преку аферентните нервни патишта се пренесуваат
во одделни психосензитивни центри во централниот нервен систем, каде што
примената информација се претвора во осет. Кога ќе се поврзе осетот со
искуството, настанува перцепцијата, која го овозможува спознанието на сето
она што е примено (или перцепирано) преку сетилните органи.
Значи секоја перцепција има осет, на која всушност таа се заснова.
Секоја перцепција содржи низа осети, бидејќи секој предмет има повеќе
својства од кои секој предизвикува осет. На пр. пишуваме со молив, гледаме
боја, чувствуваме притисок, слушаме шум и сё се тоа различни осети (видни,
тактилни, слушни), но сепак сето тоа не е перцепција, ако првпат се среќаваме
со молив. Факторот искуство (претходното познавање на моливот) е фактор
без кој нема перцепција на моливот инаку би била некој шилест предмет кој
остава трага.
Влијание на перцепцијата на други психички процеси
Секоја перцепција предизвикува некоја емоција врзана за тој предмет
(цвеќе-убаво, страшна слика-страв, гадење). Освен тоа перцепцијата
стимулира и други психички процеси, особено вниманието и мислењето.
Карактеристики на перцепциите се ниваната целовитост, константност и
селективност. Перцепирањето се одвива според одредени законитости.
Законитости на перцептивната организација
Дразбите се перцепираат групирано во целини врз основа на нивната
близина, сличност, симетрија и континуитет.
5
Во перцепирањето на одредени објекти од особена важност е
околината во која е предметот. На долната слика кругот окружен со помали
кругови се перцепира како поголем од кругот окружен со поголеми кругови
иако се всушност идентични. (сл.2)
6
Сл. 4 Рубенова фигура
Постои индивидуална способност за издвојување на објектот од
подлогата на перцепцијата. Така на пр. остро уво ќе слушне фалш тон. При
перцепирањето, од значење е и афективната склоност. Мајката ќе го
перцепира тивкиот плач на детето и покрај бројните паралелни звуци кои се
многу посилни.
Перцепцијата зависи од бројни фактори:
- физичките карактеристики на дразбата (на пр. звук кој е преслаб или
прејак не може да се перцепира, брзината на перцепираниот објект –
куршумот на пр. е пребрз а стрелките на механичкиот часовник
пребавни за да бидат перцепирани);
- физиолошки фактори - состојбата на личноста која перцепира (во
состојба на глад или жед, фигура станува храната или водата);
- психолошки фактори- искуство, интереси, мотиви, емоции.
Претстави
Претстави се ментална слика на запомнетите перцепции, кои не се
актуелно присутни во нашите осети, но може да ги повикаме во нашето
сеќавање (енграми). При тоа нема објективна дразба и зависат од нашата волја
да ги повикаме. Разликата во однос на перцепциите се состои во помалиот
степен на живост, помалата јасност и богатство на детали, недоволната
постојаност и воопштеност.
Видови на претстави
- Претстави на помнење и на фантазија;
- Ејдетски претстави (специфичен вид на претстави кои имаат
извонредна јасност и деталност и кои се можни кај одреден број на
индивидуи, т.н. ејдетичари, кои поседуваат способност со
краткотрајна перцепција да извршат еден вид на скенирање на
објектот и при повикување на претставата да можат до најситни
детали да го екфорираат перцепираното);
7
- Хипнагогни претстави се специфичен вид на претстави кои се јавуваат
во хипнагогните состојби (помеѓу сонот и будноста).
Внимание
Вниманието претставува насоченост и сосредоточеност на сетилната и
менталната активност на некои посебни физички и ментални содржини. Тоа е
организатор на психичката активност, го овозможува одвивањето на
психичките процеси и сознанието на предметите и појавите, и затоа уште се
нарекува главна егзекутивна (извршна) функција.
Физиолошка основа на вниманието
Вниманието е поврзано за процес кој се состои во истовремено
надразнување на едни одредени нервни центри и инхибиција на други. Така
издвојуваме одредени надразби, на кои го насочуваме нашето внимание со
истовремено инхибирање на претходно надразнетите нервни центри. Колку е
интензитетот на новата дразба појак толку е поголема можноста за
инхибиција на претходната дразба и така јаките дразби ја придвижуваат
психичката активност во соодветната насока.
8
Од физиолошки аспект вниманието всушност се одвива според
Павловиот закон за индукција на нервните процеси.
Учење
Учењето претставува свесна, намерна, насочена активност кон
стекнување знаења и вештини. Тоа создава трајни или релативно трајни
промени во личноста и нејзиното однесување како резултат на искуството и
доведува до хуманизација на човековата психа. Учењето е оспособување за
што поцелосно доживување и сфаќање на себе си, другите луѓе и светот кој не
опкружува.
Видови учење
10
- Со повторување;
- Хабитуација – детето со тек на време научува (се хабитуира) дека пред
секое јадење треба да ги измие рацете;
- Сензибилизација – детето се сензибилара да ја чисти масата или
собата кога е во неред;
- Асоцијативно – со помош на асоцијации (се објаснува преку теоријата
на асоцијациите, кои се довикуваат по одредени врски: по временски и
просторен допир, по смисла, по сличност, по контрасти, по звучност).
- Условување:
o Класично условување – законот на Павлов (кучето на кое му се
дава храна и истовремено се пушта звук со тек на време и при
пуштање само на звукот лачи плунка),
o Оперантно условување – делфинот научува дека после извесна
операција (скокање низ кругот од дресерот) добива награда
(храна) па истата ја изведува очекувајќи ја наградата.
- Со набљудување;
- По модел (децата најчесто учат по моделот кој им го нудат родителите
со своето однесување).
Според содржината учењето може да биде: вербално (сл.6, сл.7, сл.8)
или моторно (сл.9, сл.10, сл.11).
Сл.12
Бројни истражувања упатуваат на тоа дека ефикасноста на учењето е
најголема во временски период со траење од 45 минути на што всушност е
заснована и должината на училишниот час, при што ефикасноста е најголема
на средина од тој период. (сл.12)
Сл.13
Ефикасноста на учење во текот на едно деноноќие е најголема околу
11 и околу 17 часот. (сл.13)
12
Пирамидата на учење го одредува процентот на просечна ретенција на
наученото при различни методи на учење. (сл.14)
Сл.14
Помнење
Помнењето е комплексна психолошка функција која овозможува
запомнување, задржување и репродуцирање на информации од претходните
искуства. Тоа се состои од:
▪ Прием и регистрација (или меморирање) на примените
(перцепираните) и сфатените (аперцепираните) впечатоци и содржини
на свеста и рекогниција, односно препознавање на веќе порано
примените содржини.
▪ Задржување или ретенција на запаметеното се одигрува преку неколку
фази:
- краткотрајна ретенција на сликите на сеќавањата или енграмите
(краткорочно помнење - неколку минути),
- долготрајна ретенција на енграмите, која се одигрува преку секундарна
обработка на задржаниот материјал (долгорочно помнење- часови),
- фиксирање и консолидација на сликите во сеќавањата, со чести повикувања
во свесниот дел на психата.
Нивото на процесирање кај помнењето може да се објасни едноставно преку
учењето на лекцијата и одговорање во врска со неа во креираниот тест:
- Рекогниција (препознавање на ученото, можност да се одговори на
прашања со заокружување),
- Ретенција (можност да се одговори тест со дополнување),
- Репродукција (можност да се раскаже лекцијата во есејска форма).
Видови помнење според намера
- Намерно,
- Ненамерно.
13
Според вид содржина
- Ментално,
- Моторно.
Заборавање
Комплементарен процес во однос на ретенцијата кој се состои во
потполно или делумно, трајно или привремено губење на она што е научено.
Мислење
Мислењето е сложена психичка функција, т.е. процес кој овозможува
задоволување на биосоцијалните и сознајните човекови потреби. Мислењето
опфаќа проток на идеи и асоцијации што можат да доведат до логични
заклучоци. Тоа му помага на човекот да ги oсознае случувањата во реалниот
свет, да стекне нови сознанија, да создаде одредени заклучоци, да биде
14
способен за стекнување нови типови на однесување и да може да се
приспособува во нови ситуации. Во мислењето се вклучени повеќе
психолошки процеси, како што се: перцепциите, предвидувањето (што ќе се
случи ако...) и заклучувањето (принцип на каузалитет).
Мислењето го карактеризираат постојаност и континуираност („река
што тече“). Главно, се одвива со помош на поими што претставуваат одраз на
важните својства на предметите и појавите.
Процесот на заклучување е дел од мислењето, при што се служиме со
повеќе методи и операции, како што се:
- компарација (метод на споредување на сличностите и разликите на
предметите и појавите);
- анализа (мисловно разложување на една целина на нејзините составни
делови);
- синтеза (мисловно соединување на одделни делови или појави во
функционална целина);
- апстракција (мисловна операција, која има за цел издвојување или
запоставување на еден дел или особина од една сложена целина);
- конкретизација (размислување за некои конкретни појави, без
тенденција за воопштување);
- индукција (заклучување за една општа целина врз основа на
поединечни податоци). Пр. за индукција:
1. Механичките појави се појави на движење на телата.
2. Акустичните и топлинските појави се појави на движење на
молекулите.
3. Светлината е движење на фотоните.
4. Елекстромагнетизмот е движење на електроните.
5. Според тоа, сите физички појави се појави на движење.
- дедукција (заклучување за одредени поединечни својства врз основа
на општото сознание).
Пр. за дедукција:
1. Сите луѓе се заљубуваат.
2. Марко е човек.
3. Марко е заљубен.
Мисловниот процес се одликува со:
- способност да оперира со перцепциите, претставите, зборовите,
поимите и симболите;
- способност да ги насочи идеите кон одредена цел и решение на
задачата (детерминантни тенденции);
15
- способност да ги увиди (дотогаш невидливите) односи и претстави,
кои ќе придонесат за поуспешно решение на задачата.
Една од важните особини на мислењето е неговата непрекината врска
со говорот, кој, според повеќе автори, претставува облик и орудие на
мислењето, бидејќи придонесува за негово подобрување и збогатување.
Секако, сѐ што се мисли не се зборува, зашто постои внатрешен говор кој е
подготовка за она што гласно ќе се изговори.
Фази на мисловниот процес
- Поставување на проблемот;
- Стеснување на проблемот- дефинирање;
- Поставување хипотези - можни решенија;
- Проверка на хипотезите.
Видови мислење
Според вид на симболи:
- Конкретно,
- Апстрактно.
Според корисност на мисловната активност:
- Непродуктивно,
- Продуктивно,
- Творечко.
Според степен на реалистичност:
- Реалистично,
- Имагинативно,
- Творечко мислење.
Творечкото мислење се карактеризира со оригиналност,
флексибилност, флуентност, осетливост за проблеми, редефинирање и
елаборација.
Говор
Основен начин на комуникација помеѓу две човечки суштества е
соопштување по пат на зборови, преку гласно искажување, насочено кон
единка или група со која се воспоставува контакт. Вербалната комуникација е
создадена низ еволуцијата на човекот и се развивала низ неговиот
цивилизациски развој со тенденција да се усовршува сѐ повеќе. На вербалната
комуникација ѝ претходи т.н. внатрешен говор, кој е воедно и основа за
препознавање и освестување на внатрешните доживувања.
Развој на говор - Теории
Теорија на учење Феин од 1978година - говорниот репертоар на детето
се засновува на оние говорни облици кои ги наоѓа во околината.
16
Лингвистичка теорија - децата располагаат со вродени модели на
јазични структури.
Когнитивна теорија - имитацијата и симболичната игра се основите
на формирањето на говорот.
Општи точки во развојот на говорот независни од културата и
индивидуалните разлики:
- разбирањето на туѓиот говор се јавува пред продукцијата на
сопствениот;
- во еден јазик развојот на говорот тече со помалку или повеќе ист
редослед во поглед на употреба на некои граматички правила;
- сите деца прво користат реченици составени од само една, а дури
подоцна од повеќе зборови;
- граматичките правила се усвојуваат под влијание на средината
(родителите);
- бебињата почнуваат да гугаат на крајот од 2-от месец;
- почнувајќи од 5-тиот па во наредните 6-8 месеци доаѓа до нагол
пораст на количината и бројот на гласови кои бебето ги изговара
(бидејќи нема разлики во однос на различни култури се смета дека е
ова врзано со биолошкото созревање);
- во текот на втората година полека се зголемува активниот речник на
детето и на 24 месеци изнесува околу 50 зборови;
- комбинација од два збора е следниот чекор, за по извесно време да
следи формирање и на подолги реченици.
Раната реченичка продукција ги има следниве карактеристики:
- кратки и едноставни реченици-телеграфски говор;
- непочитување на граматичките правила;
- усвојување и почитување на основните граматички правила резултира
со појава на реченици кои се хиерархиски организирани, но и со први
грешки.
Ниту говорот е единствена комуникација, ниту пак комуникацијата е
исклучивата намена на говорот. Голем дел од говорната продукција на детето
не е врзана само за комуникација. Таа често е следбеник на моторна или
когнитивна активност која ниту вклучува ниту очекува соговорник. Чести се
всушност монолози т.е. т.н. егоцентрични рани говорни продукции..
Воведување на прашални и одречни реченици
Прво прашањата се поставуваат со повишување на
гласот/интонацијата на крајот, а потоа се воведуваат прашалните зборчиња
(што, како..) за на крај да се направи целата конструкција.
17
Сличен е развојот и на одречните реченици – најпрво е „нема“,
следува „не сакам“, потоа „не е“.
Основите на граматичките правила на мајчиниот јазик детето ги
совладува на 4-5 год., но дури во раната адолесценција говорно се проширува
фондот со својот распон на значење и смислата на говорот, говорните форми и
репертоарот и со речникот младиот говорител се доближува до нивото кое е
сосем близу до говорот на возрасните.
18
Постарите луѓе со нормален развој се релативно успешни во решавањето на
рутинските задачи, но недоволно се успешни во решавањето на задачи за кои
е потребно да се користат информации добиени на нов начин или да се
извлечат нови заклучоци и апстракции од тие информации. Една од
когнитивните функции што бара употреба на овие механизми е меморијата.
Најчестото објаснување за промените во меморијата е дека постојат биолошки
промени во мозокот кои се случуваат при стареењето. Некои од овие
биолошки промени што предизвикуваат нарушена функција на меморијата
може да бидат намалување на бројот на невроните, губење на невронската
миелинизација и намалено дендритично разгранување. Севкупното
психофизичко здравје, мотивацијата и целите, исто така, можат да влијаат на
когнитивното функционирање. Примарната меморија, која не е засегната од
стареењето, се разликува од, секундарната меморија, во која е видливо
влијанието на возраста. Примарната, или краткорочната меморија, кодира
информации на кои им било посветено внимание поради некоја причина во
тек на покус временски период, додека секундарната меморија се однесува на
меморија која има практично неограничен капацитет, но заради големата
количина на зачувани информации, тешко е да се селектира она што е
потребно. Понатаму, многу важно за секојдневното функционирање е
потенцијалната меморија, односно меморијата што му е потребна на човек за
да изврши одредена задача во соодветно време во иднина. Потенцијалната
меморија е поделена на потенцијална меморија на времето (на пр. треба да
одиме на забар во одредено време), каде од испитаниците се бара да извршат
одредена задача во одредено време и потенцијална меморија на настани (на
пр. да вратиме нешто што сме го позајмиле), кога ќе биде потребно
однесување предизвикано од некаков надворешен знак. Потенцијалните
задачи на меморијата, кои бараат употреба на повисоки нивоа на
контролирани стратегии, се поврзани со значително повисоко влијание на
стареењето од потенцијалните задачи на меморијата поврзани со автоматски
процеси. Иако ефектите од стареењето се комплексни, истражувањата
покажаа дека дефицитите поврзани со стареењето се во: (1) задачите за
запомнување на локацијата каде што е претставен објектот, (2) запомнување
на начинот „како“ се случило нешто. Покрај менталните, значајни се и
ефектите од физичката активност и употребата на специфични хранливи
материи за забавување на „стареењето“ на мозочното ткиво, т.е.
неврохемиската деградација, при што овој пристап дава големи можности.
Вербалните способности, јазикот и вербалната изведба во зрелата
возраст, покрај сознанието, се исто така клучни за развој на социјалната
интеракција во текот на животот. Тешкотиите во разбирањето на изговорените
19
зборови или тешкотијата во изговарање на самите зборови кои се случуваат
кај старите лица, можат да ја намалат желбата и можноста за комуникација со
нив. Негативната самопроценка на вербалните способности кај постарите
лица, исто така ги спречува социјалните интеракции. Постојат различни
теории за појавата на промените во вербалните способности со возраста.
Некои од овие теории ги поврзуваат промените кај постарите лица со
дефицитетите на ресурсите предизвикани од стареењето, како што се
посиромашна работна меморија, опаѓање на сензорните и перцептивните
системи, пад на вербалните можности, т.е. вокабуларот што го користат.
Анализата на различни студии за влијанието на стареењето врз вербалните
способности укажува на тоа дека постарите возрасни имаат поголеми
потешкотии со задачите што активираат специфични когнитивни механизми,
при што најголем пад се забележува кај задачите за кои е потребна долгорочна
меморија, како што се аналогија и расудување. Едно од најголемите откритија,
што доследно ги објаснува промените во вербализацијата, е поврзаноста на
когнитивните промени при стареењето со промените во перцептивните
процеси, што се совпаѓа со моделите на опаѓање на вербалните способности
при стареење. Кога се соочуваат со меѓучовечки проблеми, постарите
возрасни претпочитаат да изберат стратегија за пасивно регулирање на
емоциите, како што се негирање и избегнување.
20
Емоционални процеси
Емоционалните процеси се доживувања на физиолошка надразнетост
на поголем дел или на целиот организам. Настануваат како последица од
влијанието на надворешни физички дразби или од други луѓе, или дразби од
внатрешноста на сопствениот организам.
Eмоции
Емоциите (чувствата) се субјективни доживувања на објективната
реалност, кои настануваат како последица од дејствувањето на материјалниот
свет врз нашите сензорни органи. Тие имаат субјективен карактер бидејќи се
непосредни доживувања на сопственото „Јас”, односно се однесуваат на
нашата личност и ги одразуваат нашиот став и однос кон перцепираните
доживувања.
Физолошка основа на емоциите се мозочните структури (сл.15):
- Хипоталамус,
- Лимбичка кора,
- Ретикуларна формација,
- АНС.
21
Изразување на емоциите (сл.16, сл.17, сл.18)
Мимика Движења на телото Промени на
гласот
Димензии на емоциите
- Интензитет,
- Ниво на тензија,
- Хедонистички тон,
- Степен на сложеност.
Развој на емоциите
- Наследство,
- Учење,
- Искуство.
22
Постојат четири основни (примарни) емоции (сл.19. сл.20, сл.21, сл.22):
1.Страв 2. Гнев
Сл.19 Сл20
3.Радост 4. Жалост
Сл21 Сл22
Сетилни емоции:
- Болка,
- Одвратност,
- Незадоволство,
- Задоволство.
Видови емоции според насоченост на чувствата
1. Кон сопствената личност:
- Успех,
- Гордост,
- Срам,
- Вина и каење.
2. Кон другите луѓе:
- Љубов,
- Љубомора,
- Завист,
- Омраза.
Видови емоции според содржината
- Интелектуални (љубопитност),
- Естетски (восхитување, воодушевување),
- Морални (одговорност, должност..).
Особини на емоциите
- Влијание врз свеста,
- Влијание врз логичкото размислување,
- Асоцијативна моќ,
23
- Го надживува настанот,
- Дополнително дејство,
- Губење на интензитетот,
- Ирадијација,
- Проекција,
- Амбиваленција,
- Инконтиненција.
Видови емоции според траење и интензитет
- Афекти,
- Расположенија,
- Страсти (емоционална врзаност со силен интензитет и долго траење),
- Сентименти (љубов, омраза, патриотизам- стекната сложена
диспозиција за емоционално реагирање).
Афекти
Афектите се интензивни и краткотрајни емоционални доживувања,
проследени со видливи телесни, вегетативни и ендокрини манифестации.
Афектите најчесто настануваат одеднаш, имаат бурен тек и чести бурни
празнења (абреагирање). Тие дејствуваат на многу психички функции преку
кои се одразува социјалното однесување на човекот. Од особена важност е
нивното влијание врз свеста (можат да доведат до стеснување на свеста) и
логичкото размислување (не само што го нарушуваат логичкото размислување
туку ја менуваат и мисловната содржина).
Од нив човекот се брани преку бројни одбранбени механизми:
- интелектуална обработка,
- абреакција (катарза),
- потиснување,
- одложување (за друга попригодна ситуација),
- ирадијација и
- проекција.
Најчести афекти се: афектот на бес, на страв, на лутина, на ужас и на
восхитување.
Расположение
Расположението (тимија) е трајна состојба на емоциите и тоа зависи од
карактерот на личноста и од состојбата на невроендокриниот систем. Било
пријатното, било непријатното расположение е предизвикано од дејствување
на пријатни и непријатни дразби врз нашите сензорни органи, задоволување
на нагонските пулсии и социјални чинители. Расположението влијае врз
24
целокупното човеково однесување и тоа зависи од активноста на лимбичкиот
систем.
25
Секој учесник во втората група добива задача да направи листа како
одговори на прашањето „Што прави да се чувствувам лошо?" (На оваа листа
следат и наредните неколку констатации кои треба да се дополнат:
- Кога нештата не одат добро јас...
- Кога сум осамен/а јас...
- Кога треба да донесам тешка одлука јас...
- Koгa нештата околу мене се менуваат на полошо јас...
- Кога луѓето се ужасни кон мене јас...
Потоа секој со првиот со кого погледот ќе му се сретне формира пар.
Задачата на секој пар е да размени меѓу себе што придонесува да се чувствува
добро или лошо.
Двете групи се обединуваат и се презентираат разговорите како
одговор на прашањето „Што прави да се чувствувам добро?" и „Што прави да
се чувствувам лошо?".
Дискусија:
Бура од идеи, дискусија за важноста од покажување на емоциите.
Притоа се поставуваат и следниве прашање од страна на асистентот и
се бележат одговорите:
- Дали ги споделуваш своите чувства со некого?
- Со кого обично ги споделуваш своите емоции?
- Како ги покажувааш?
- Дали понекогаш имаш потешкотии да ги покажеш емоциите?
Работа во голема група
Споделување на искуствата од работилницата. Учесниците се
поттикнуваат да зборуваат за емоциите кои низ работилницата се „разбудиле"
кај нив. Се разменуваат сопствените искуства во покажувањето на емоциите.
Завршно резимирање од страна на асистентот.
Конативни процеси
Мотивација
Во психолошката науката процесот на мотивација се дели на три
подпроцеси: активирање, упорност и интензитет.
1. Активирање или иницирање на мотивирано однесување вклучува
преземање на првите чекори за да се постигне целта.
2. Упорност е одлучниот вложен напор за да се постигне одредена
цел.
26
3. Интензитет се однесува на фокусираната енергија и вниманието
што го применува поединецот за да ја заврши работата и да ја
постигне својата цел.
Постојат 4 вида мотивација (сл.23)
Сл.23
Сл24.
Фази на мотивациониот процес
- Активирање на потребата,
- Идентификација на потребата,
- Анализа на ситуацијата,
27
- Избор на една од целите,
- Планирање на патот,
- Остварување на целта,
- Попуштање и пад на напнатоста како резултат на задоволената
потреба.
Класификација на мотиви
Биолошки – за храна, вода, сон, одмор, сексуален, мајчински,
избегнување болка, потреба за движење и активност.
Социјални – грегариски (друштвен), афилијативен, за постигнување, за
стекнување имот, за агресивност.
Персонални:
- За самопотврдување,
- За самоактуелизација.
Хиерархија на мотиви според Абрахам Маслов (сл.25)
- Биолошки- жед, глад, секс;
- Социјални- сигурност, емотивна поврзаност;
- Лични- почитување, самоактуелизација.
Волја
Волјата претставува свесно насочување на психичката енергија кон
одредени активности кои се насочени да извршат смислен избор меѓу повеќе
28
цели и повеќе мотиви. До остварувањето на целта, таа минува низ еден
динамичен и етапен развој. Започнува со појава на свесна желба да се направи
нешто одредено, а желбата, пак, е детерминирана од виталните и социјалните
мотиви. Кога субјектот ќе заклучи дека желбата е во согласност со неговите
лични интереси и етичко-морални норми (и личните и општествените),
желбата ја претвора во намера и одлука и за нејзина реализација ги
мобилизира своите психички и телесни сили. Ако желбата е во спротивност со
социјалните интереси или општествените норми, настанува конфликт на
мотивите и свесното „Јас” може да ја отфрли или одложи, или, пак, да ја
прифати и да ја реализира, и покрај сите социјални забрани.
Карактеристики на волевата активност
- Знаење на целта;
- Знаење на можностите;
- Прифаќање на целта- доживување на одлуката;
- Пристап кон реализација на таа активност.
Нагони
Нагоните се движечка сила што го придвижуваат човекот кон
различни активности. Многу често, нагоните се изедначуваат со инстинктите.
Сепак инстинктите се карактеристични за животинскиот свет, тие имаат чисто
витален карактер (за одржување на видот), додека нагоните се специфични
само за човекот, па оттаму тие и се идентификуваат со мотивите, како
специфична движечка сила на целокупната човекова активност, проследена со
емотивно доживување. Нивната реализација, и покрај тоа што носи
задоволство, е под контрола на општествените социо-културни норми, кои
важат за таа средина и кои, на некој начин, ги обликуваат во нивната
реализација. Спречувањето на нивната реализација (од која било причина)
доведува до фрустрација, која личноста ја доживува како анксиозност и
нерасположеност. Присуството, пак, на два спротивставени мотиви (нагони)
доведува до конфликт, кој, исто така, предизвикува анксиозност и ја мотивира
личноста да изнајде адекватно (за неа) решение.
Нагоните можат да се поделат на: витални и социјални.
Витални нагони/мотиви
Виталните нагони се сложени наследни и ненаучени обрасци на
однесување, кои се услов за биолошка егзистенција. Од своја страна, и тие се
делат на неколку подгрупи:
1. Нагон за самоодржување, во кој се разликуваат:
а) нагон за живеење и
б) нагон за исхрана;
29
2. Нагон за одржување на видот, кој се состои од:
а) сексуален нагон и
б) родителски нагон.
Социјални нагони/мотиви
Социјалните нагони се стекнати и научени обрасци на однесување, кои се
градат во текот на човековата еволуција и нивното задоволување му служи на
човекот за негова подобра социјална адаптација. Во нив спаѓаат:
-мотивот за работа,
-мотивот да се живее во заедница,
-мотивот за афирмација и самопотврдување,
-мотивот за стекнување нови сознанија и
-мотивот за жртвување и сожалување.
Психички особини
Психичките особини се релативно трајни карактеристики на личноста, тука
спаѓаат:
- Способности;
- Интелегенција;
- Темперамент;
- Карактер.
30
Способности
- Сензорни-разликување интензитет, квалитет, односи меѓу дразби.
- Психомоторни-точност, брзина, сила, флексибилност и координација.
- Интелектуални-ментални.
Интелигенција
Постојат многубројни дефиниции за интелигенцијата коишто ја
дефинираат од најразлични аспекти. Едни автори ја дефинираат како
„способност да се размислува и да се дејствува рационално и логично“, други
како „способност за решавање нови проблеми и снаоѓање во нови ситуации“.
Во некои дефиниции се истакнуваат способностите на индивидуата за
снаоѓање во нови ситуации и барање најадекватни решенија, други ја
апострофираат способноста за приспособување, учење и користење на
стекнатите искуства, трети, пак, ја издвојуваат способноста за апстрактно
размислување и разбирање на проблемите итн.
Самиот збор „интелигенција“ доаѓа од латинскиот збор inteligere, што
значи сфаќање или разбирање. Како сложена психичка функција, таа зависи
од функционирањето на другите психолошки функции, особено од состојбата
на свеста, перцепциите, памтењето и мислењето.
Интелигенцијата многу зависи од наследните фактори (вродена
предиспозиција) и од надворешните услови во кои субјектот се развива и учи.
Се мисли дека наследството го одредува можниот опсег на развојот на
интелигенцијата, додека социо-културните чинители ја детерминираат
мерката во која ќе се развие интелигенцијата, во дадениот наследен опсег.
Развојот на интелигенцијата достигнува најголем скок меѓу првата и
третата година и расте до 16 или 18 години, а според некои автори дури и до
25 години.
Видови интелигенција по Торндајк:
- aпстрактна,
- практична,
- социјална.
по Кател:
- флуидна,
- кристализирана.
Спирман врз основа на факторската анализа, ја дели интелигенцијата
на т.н. генерална (општа) или „Г” интелигенција, кај која Г-факторот му
овозможува на субјектот да се развива во сите правци и специфична или „С”
интелигенција, каде што С-факторот ги одредува специфичните способности
(или надареноста) на личноста.
31
- спацијален фактор,
- перцептивен фактор,
- нумерички фактор,
- вербален фактор,
- фактор за помнење,
- фактор за индуктивно заклучување.
Развој на интелигенција-Пијаже
1. Сензомоторна – до 2 години
- Нема поими,
- Нема постојаност на објектот; она што го гледа – го гледа, ако му се
скрие нешто, не го бара.
2. Предоперационална 2-7 години
- Сфаќа констатност,
- Ако сака да дофати нешо подалеку и ако има врвка ќе ја фати, но сам
нема да ја врзе,
- Сфаќа разлика поголемо-помало.
3. Конкретни операции 7-12 години
- Сваќа константност на волумен, тежина, величина, пр. тесто, вода во
чаши.
4. Формални операции
- апсракција,
- генерализација,
- индукција,
- дедукција
Мерење на интелигенција (Терман):
Интелигенцијата се мери со помош на повеќе стандардизирани
тестови, преку кои математички се пресметува количникот на интелигенција
(IQ): календарската возраст се дели со менталната возраст и се множи со 100.
Прифатено е нормалниот количник на интелигенција да се движи од 90 до
110. Над 120, интелигенцијата е мошне висока, додека под 70 спаѓа во групата
на ментална ретардација.
Под 70 изразена заостанатост (2% од популацијата)
70-80 тапост
80-90 подпросечна
90-110 просечна (82% од популацијата)
110-120 висока
120-140 високо надпросечна
Над 140 многу висока (1% од популацијата)
32
Темперамент
Темпераментот го означува начинот на емоционалното реагирање на
една личност. Значи пред сѐ, колку лесно, колку често, со кој интензитет и со
кое траење се јавуваат емоциите кај човекот. Под начин на емоционално
реагирање подразбираме не само емоции, туку и брзина, силина и траење на
сите активности на поединецот. Затоа би било поточно ако кажеме дека
темпераментот е карактеристичен начин на реагирање на единката на
различни дразби и ситуации.
Видови темперамент според Хипократ се:
- Колерик;
- Сангвиник;
- Меланхолик;
- Флегматик.
Карактер
Севкупност на особини на личноста кои се поврзани со нејзиното
однесување, дејствување и претставуваат психолошко јадро на личноста,
поврзано со нејзината морална страна, а се резултат на воспитувањето и
влијанието на средината.
Видови карактери
- Добар-лош карактер,
- Цврст-слаб карактер.
Карактерни црти
Волеви особини кои покажуваат со која сила се остваруваат поставените цели:
- Решителност-нерешителност;
- Упорност-неупорност;
- Дисциплинираност-недисциплинираност.
Однос кон општеството и другите луѓе:
- Хуманост-нехуманост;
- Себичност-несебичност;
- Внимателност-грубост;
- Искреност-неискреност.
Однос кон работата:
- Совеснот-несовесност;
- Работливост-мрзливост.
Однос кон самиот себе:
- Вообразеност-скромност;
- Самокритичност-несамокритичност;
- Сигурност во себе-несигурност во себе.
33
Практична работилница на тема интелигенција, темперамент,
карактер
Цели на работилницата:
1. Разбирање на психичките особини кои ја карактеризираат личноста како
трајна појава.
Бура од идеи: Што е интелигенција, што е темперамент, што е карактер?
Објаснување на асистентот:
Теоретско објаснување и разјаснување на трајните психички особини
на личноста (интелегенција, темперамент, карактер).
Работа во мали групи:
- Работа на примери за различните видови темперамент и карактер;
- Разработка на факторите за интелигенција и нејзините развојни фази.
Споделување на искуствата од работилницата.
Завршно резимирање од страна на асистентот.
34
АДАПТАЦИЈА-ФРУСТРАЦИЈА-КОНФЛИКТИ,
МЕХАНИЗМИ НА ОДБРАНА
Адаптација
Главна функција на задоволувањето на потребите и остварувањето на
мотивите на секоја индивидуа e редукцијата на напнатоста, што води до
заштеда на психолошката енергија и можност за нејзина инвестиција во друга
активност. Напорите за задоволување на своите потреби и мотиви се со цел за
воспоставување на баланс меѓу сопствените потреби и околината, (меѓу себе и
социјалната средина). Ваквото однесување се нарекува адаптивно однесување
(т.е. приспособување на личноста).
Фрустрација
Фрустрација е спречување на задоволување на мотивите или на
потребите на една индивидуа, а фрустративна состојба е психолошката
состојба во која таа индивидуа се наоѓа. Изворите на фрустрацијата, т.е.
препреките за задоволување на целта можат да бидат:
- објективни, да произлегуваат од условите на средината, од социјална
природа, кога средината или општествените вредности и норми на
однесување претставуваат препрека за оставрување на целите и
- во самата личност, кога причините за фрустрација се од преголема
амбицозност во поставување на целта и во неможноста таа цел да ја
реализира.
Фрустрациона толеранција
Поимот фрустрациона толеранција ги одбележува индивидуалните
разлики во способноста на реагирањето на фрустрации. Розенцвајг (Frantz
Rosenzweig) ја дефинира како „способност на личноста да се справи со
одлагањето и спречувањето на задоволувањето на потребите, или со
конфликтот на потребите, без да манифестира маладаптивни облици на
однесување (неприспособено однесување)“, т.е. без да се намали неговата
ефикасност во работата и без појава на високо и долготрајно ниво на
напнатост.
Индивидуалните разлики во способностите на личноста да се
спротистави на фрустрации од најразличен вид, најчесто потекнуваат од
најраниот развоен период и од семејната средина. Родителската несигурност
и вознемиреност, доминацијата и агресивноста кон децата или пак нивно
отфрлање најчесто се причина за базичната несигурност и за ниската
отпорност на незадоволените потреби и цели. Постојат значајни
35
индивидуални разлики во степенот на толеранција (отпорност) на
фрустрациите, како и во способноста една иста личност да се спротистави на
фрустрација во разни временски (развојни периоди) и во однос на разни
извори на фрустрации. Децата кои растат во хармонична, топла семејна
средина најчесто се развиваат во емоционално топли и зрели личности.
Резултатите од истражувањата за влијанието на семејните односи врз детскиот
развој укажуваат дека отсуството на еден од родителите може да доведе до
развој на личност кај која доминираат несигурност, склоност кон
повлекување, вознемиреност. Нехармоничните семејни односи (семејства во
кои се среќава семејно насилство, агресија и алкохолоизам) најчесто создаваат
депресивни, уплашени или агресивни личности склони кон асоцијални облици
на однесување.
Од ова можеме да заклучиме дека иста незадоволена потреба кај зрела
личност ќе активира потенцијали кои овозможуваат реалистичен пристап и
оптимално решавање на проблемот.
Депресивната личност избегнува да се соочи со проблемот, додека
агресивната се обидува да го реши со конфликт во односите со луѓето, при
што проблемот станува уште потежок.
Последици од фрустрацијата
Последица од фрустрација предизвикана од кој било извор е појавата
на внатрешна напнатост (анксиозност) од неодредено потекло, како и
намалена ефикасност во извршувањето на професионалната активност и во
воспоставувањето хармонични односи со луѓето во околината.
Конфликти
Конфликтите се извор на најсилни фрустрации, со најтешки последици
по личноста, а настануваат како резултат на борбата на два мотива. Бидејќи
кај човекот постојат голем број различни мотиви кои го поттикнуваат на
активност, неизбежно е да постои борба меѓу нив. Конфликтите во различен
степен се наоѓаат кај сите луѓе.
Конфликт на мотиви
1.Пријатност наспроти казна - кога личноста ја придвижуваат многу
мотиви кои средината ги контролира и ги пригушува или кои се забранети и
општествено казниви (сексуалниот и агресивниот нагон), а при тоа се морално
неприфатливи. Единката доживува поголем број основни конфликти меѓу
своите желби за различини активности и стравот од критиката на средината и
од непосредната казна.
36
2. Лична корист наспроти принципи - кога општествените стандарди
се солидно интернализирани (вградени во личноста) во вид на морални и
етички принципи, можат да се јават конфликти меѓу желбата за лична корист
(себичност) и потребата да се избегне чувството на престап и кршење на
принципите и вредностите со што би се нарушила сликата за себе.
3. Успех наспроти казна од неуспех - кога човекот има потреба да
создава, да успева, да постигнува. Потребата за впуштање во активност која
би можела да го доведе до успех може да биде во сериозен конфликт со
стравот од неуспех во тие напори, што би можело да доведе до губење на
самопочитта и на угледот во очите на другите.
4. Независност наспроти припаѓање - кога човекот има потреба од
независност и автономија, од планирање, од градење и изразување на своите
ставови, но во исто време тој чувствува и силна потреба да биде член на
некоја група, на некоја заедница, да биде сакан и прифатен од другите.
Конфликт на улоги
Прифаќањето и хармонизирањето на различните улоги кои
општеството ѝ ги наметнува на индивидуата, претставува еден од најкризните
периоди во развојот речиси на секоја личност.
Процесот на приспособување на улогите и нивното интегрирање е полн со
конфликти (пр. адолесценција). Доколку барањата на улогата не се во
согласност со способностите на индивидуата, може да се генерира токму
ваков вид на конфликт.
37
Формирањето на идентитетот кај една личност, Ериксон го опишува
како процес во кој различните улоги со кои адолесцентот се идентификувал
постепено се хармонизираат и се организираат во кохерентен склоп на
верувања, способности, вредности и мотиви. На тој начин индивидуата се
идентификува себе си и станува личност, а не само збир на дифузни улоги и
идентификации од минатото.
Реакции на фрустрации
1. Успешни начини во совладување на препреките:
а) активирање на силите на личноста и зголемување на напорот во решавање
на конфликтната ситуација;
б) промени во личноста (промена во мотивацијата која го менува односот кон
целта);
в) замена на целта со друга цел со иста или со повисока вредност;
Според Фенихел, сите успешни обиди за совладување на
фрустрациите имаат две битни карактеристики:
1. Проблемот се решава на тој начин што како последица не се појавува
анксиозност.
2. Проблемот се решава на тој начин што не се намалува ефикасноста во
извршувањето на основните животни активности.
За Фенихел и за психоаналитички ориентираните истражувачи,
успешен начин за решавање на проблемите е по пат на сублимација. За овој
механзиам карaктеристично е дека конфликтот не се потиснува во несвесното
и не доаѓа до блокирање на психичката енергија. Кога ќе престане да влијае
изворот на фрустрацијата, целата енергија може да се ангажира во решавање
на друг проблем.
Агресија
Агресијата е чест облик на реагирање на фрустрации и обично
претставува најнепосреден резултат од фрустрацијата. Се појавува во два
вида:
- манифестна агресија (физички или вербален напад),
38
- и латентна (се појаваува агресивниот имулс, но личноста успева да го
спречи-контролира неговото манифестирање во сопственото
однесување).
Агресивноста како израз на незадоволство најчесто се гледа во
најраната возраст. Co созревањето и со социјалниот развој агресијата се
социјализира и се појавува поретко. Кај возрасните агресијата во манифестен
облик се појавува кај личности кај кои процесот на социјализација не е
успешно завршен, кај социјално и емоционално незрели личности, во
ситуации на ненадеен психички стрес, кај ментално недоволно развиени
личности и кај некои стари лица (дементни состојби). Bo прикриена
(латентна) форма секогаш е присутна и кај најприспособените и
социјализирани личности. Во извесни ситуации и кај одредени личности,
агресивните реакции можат да се појават и во експлозивна форма (acting out)
како ненадеен напад.
Повлекување
Деца или возрасни, кои како личности се несигурни во себе,
поверојатно е на фрустрација да реагираат со повлекување отколу со агресија.
Страв
Стравот е чувство кое се појавува како реакција на силни, ненадејни,
неочекувани и опасни ситуации. Стравот е нормална човечка реакција на
реална опасност. Ако чувството на страв е несообразено на ситуацијата
(стравот е посилен од реалниот интензитет на опасноста) и ако се појавува
често, можеме да зборуваме за стравот како патолошка реакција (чувство).
Развојно гледано, стравот е најчеста емоција кај малите деца поради чувството
на беспомошност. Некои форми на страв се појавуваат на рана возраст и кај
голем број луѓе остануваат за цел живот, како што се стравот од губењето на
подлога и интензивен звук. Другите стравови се стекнуваат во текот на
животот по пат на учење (условување) - страв од змија, од електрична струја,
од автомобил и сл.
Анксиозност
Анксиозноста е чувство на вознемиреност и напнатост кое се појавува
како последица на опасноста која е во очекување. Тоа е реакција на
антиципација на настан кој може да ја загрози личноста во целина или некоја
негова значајна потреба. Анксиозната личност се чувствува загрозено, иако не
ја знае причината што може да ја загрози. Чувствува напнатост, немир,
незадоволство и неодреден страв. Анксиозноста како реакција се појавува во
39
ситуации на неуспех во остварување на целта, губење на самопочит, страв од
сопствените агресивни импулси и како резултат на чувство на вина.
Анксиозноста ја поттикнува личноста да најде начини да се ослободи од
непријатното чувство. Bo ситуации кога не е можен реален избор на решение
на проблемот, личноста активира разни одбранбени реакции кои служат да се
намали или да се избегне анксизноста и непријатното чувство, наречени
одбранбени механизми.
Механизми на одбрана
40
дека пациентите во еден момент се спротивствуваат на психоаналитичкиот
процес (освествувањето на несвесните содржини) што го нарекол отпор, а
сметал дека причината за тоа е создавањето на анксиозноста при ваквото
освестување. Според него одбранбената обработка преку ОМ е одговорна за
недостапноста на овие содржини во свеста. При успешно освестување на овие
содржини се случувале трајни промени во личноста (доказ за трајното
влијание на потиснатите психолошки содржини врз личноста на пациентот).
ОМ се психолошки процеси кои му овозможуваат на егото да го контролира
идот, да ги елиминира неговите импулси, барања и потреби и да ги задоволи
во ситуација кога тие можат да се задоволат на реален начин.
Современата психологија смета дека механизмите на одбрана
претставуваат начин на одбрана на личноста во ситуација на фрустрација или
во очекување на опасност од фрустрација. Всушност, механизмите на
одбрана ја штитат личноста во целост, а не само егото. Со ОМ личноста се
обидува да ги разреши конфликтите меѓу нагонските тенденции, чувствата и
надворешната реалност. ОМ се активираат во ситуација кога егото или
личноста во целост се загрозени и се наоѓаат во сериозен емоционален
конфликт.
Основни функции на ОМ според Лафлин (1970 год) се:
- Разрешување на емоционалните конфликти;
- Одржување на интегритетот на личноста;
- Одржување на емоционалната стабилност;
- Спречување на потиснатите содржини да се вратат во свеста;
- Намалување на анксиозноста;
- Одржување и зголемување на самопочитта;
- Овозможување контрола и трајно задоволување на неприфатливите
импулси;
- Влијание врз развојот на цртите на личноста.
Заеднички карактеристики на ОМ
Тоа се нормални психолошки процеси кои стануваат симптоми само
при нивно користење во претерана мера. Станува збор за воглавно несвесни
процеси (функционираат во претсвесниот дел на личноста) или
автоматизирани постапки, навики кои се користат во ситуација на зголемена
анксиозност и при други последици од фрустрации. Кои ОМ ќе бидат
активирани во одредена ситуација зависи од ситуацијата и од
карактеристиките на личноста.
41
Лепезата на ОМ кои доминираат кај една личност ја определува
специфичноста на нејзината структура. ОМ може да влијаат на
приспособувањето на личноста на два начина:
1. На негативен начин:
- Долготрајно повлекување како резултат на дејствувањето на ОМ ја
спречува индивидуата да се бори со проблемите.
- Долготрајно потиснување како резултат на дејствувањето на ОМ
можно е да ја направи индивидуата слепа за согледување на природата
на проблемите.
- Несоодветниот избор на ОМ за елиминирање и справување со
анксиозноста може да доведе до сериозни тешкотии во однесувањето
на индивидуата, дури и до сериозни психолошки нарушувања.
2. На позитивен начин:
- Придонесуваат за намалување на анксиозноста;
- Ја одржуваат и зголемуваат самопочитта;
- Го зајакнуваат интегритетот на личноста;
- Имаат можност да ја заштитат индивидуата од идни извори на
загрозеност.
Развој на ОМ
OM се разликуваат според значењето кое го имаат за индивидуата во
одреден животен период. Децата во својот развој рано почнуваат да се бранат
со едноставни OM, на пр. негација на неприфатливите импулси. Со развојот се
вклучуваат сложени OM, на пр. сублимација на импулсите во социјално
корисни цели.
Примитивни и зрели OM според Ана Фројд
Примитивни (незрели) OM се јавуваат веќе во првата година на
животот, несвесни се и автоматизирани:
- Инкорпорација (кај доенчиња, мали деца);
- Негација (кај мали деца, предшколска возраст);
- Интроекција;
- Проекција (школска возраст, адолесценција);
- Фиксација;
- Регресија.
Зрели – комплексни OM се јавуваат подоцна и постепено во животот,
влијаат на поконкретни ситуации, влијаат од површинските до длабоките
слоеви на личноста, не се апсолутно несвесни и автоматизирани:
- Рационализација;
- Компензација;
42
- Интелектуализација;
- Сублимација;
Класификација на ОМ.
Суштината на OM е да ѝ овозможат на личноста да ја совлада
анксиозноста, кога степенот на органзираноста на нејзините потенцијали не е
доволен за да го реши настанатиот проблем.
Некои OM се обид на личноста да го реши проблемот со користење
неадекватни методи во ситуации кога не успева да ги сфати вистинските
причини за настанување на проблемот (потиснување, рационализација,
проекција, реактивна формација). Некои OM се научени механизми на
однесување со кои личноста на проблемот реагира со бегство од ситуацијата
која не успева да ја реши (изолација, негативизам, регресија, репресија,
фантазија).
Негација
Негација е OM кој помага во разрешување на емоционални конфликти
и релаксирање на анксиозноста. Функционира несвесно со одбивање да се
сфати непријатниот аспект на реалноста.
Ана Фројд ја класифицирала во примитивни OM. Според неа,
негацијата е застапена кај малите деца, но со созревањето Его-то не
продолжува со нејзина честа употреба бидејќи и негацијата е во конфликт со
способноста да се препознае и критички да се тестира реалноста. Во
околности на стрес, повеќе луѓе прибегнуваат кон негација, на пр. смрт на
блиска личност.
Според Киблер-Рос (Elisabeth Kübler-Ross), прва фаза во прифаќањето
на смртта кај терминално болните е негацијата, што има адаптивна улога во
процесот на тагување. Во моментот кога негацијата ќе добие квалитет на
делузивност (налудничавост) истата станува маладаптивна (пр. мајката
психолошки ја негира смртта на детето, на почетокот на адаптацијата на
болната реалност, но кога ќе продолжи упорно и ќе предизвика и халуцинации
дека го слуша или гледа умреното дете, веќе состојбата добива психотични
димензии што е маладаптивна компонента).
Репресија/потиснување
Потиснувањето на содржините, доживувањата и искуствата од свеста е
главен одбранбен механизам на егото или личноста кој е основен за
настанување на другите OM. Овој OM директно го оневозможува
појавувањето на забранети сексуални и агресивни импулси во свеста на
личноста.
43
При неговото дајствување личноста не е свесна за изворот на
напраноста/конфликтот и не може да се сети на содржината на настанот.
Потиснатите импулси не можат да дојдат во свеста отворено. Тие се
задоволуваат на пр. со појава во сон, во грешки при зборувањето (лапсус).
Репресијата ја ослободува личноста од напнатост, но потиснатите импулси и
понатаму се активни, а нивното одржување во несвесното троши психичка
енергија. Оттаму, кај личности кај кои доминира репресијата како OM за
справување со проблемите во животот има малку слободна психичка енергија
за конструктивни активности, креативност и развој.
Проекција
Несвесен психолошки процес при кој на другите им се припишуваат
сопствените нерпифатливи импулси, ставови, мислења, верувања и
однесување. Механизам кој овозможува другите да ги обвиниме за своите
недостатоци. (Пр.1: млада девојка без свесност за своите сексуални импулси и
потреби, силно потиснати, ги обвинува момчињата за сексуално заведување.
Пр.2: студент кој не го положил испитот го смета професорот за необјективен.
Пр.3: Социјалните, етничките, расните предрасуди.
Пр. 4: Не го мразам јас него туку тој мене.
Пр. 5: За скржавиот сите се скржави.
Пр. 6: Поради Никола го мрази св. Никола.
Рационализација
За оправдување на своето однесување, неуспех или погрешен суд
личноста изнесува исконструирани, лажни причини наместо вистинитите:
Пр.1: Кисело грозје (ме одби, но не ја бива).
Пр. 2: Сладок лимон (не ме пуштаат со момчето, но и така треба да учам).
Регресија
Тоа е несвесно враќање на начините на реагирање кои биле
каракретистични за некој ран, веќе надминат период на развојот. Враќање на
примитивни форми на однесување.
Пр. 1: Дете кое е големо, при незадоволена желба плаче, при стрес мокри ноќе
во кревет, има страв да се одвои од најблиските.
Пр. 2: Возрасна жена при кавга со сопругот бега кај родителите.
Личноста обично регредира на оној стадиум на развој на кој е
фиксирана. На пр. кај лице со орална фиксација, при стрес почнува да пие.
Овој OM ја истакнува неадекватната зрелост на сите особини на личноста.
44
Реактивна формација
Овој ОМ овозможува несвесно да се замени импулс или чувство кое
создава напнатост со сосем спротивно чувство.
Пр. 1: Омраза – љубов, агресија – љубезност, потреба за валкање –
претерана педантност.
Пренагласеност на одредена карактеристика на личноста во
социјалното комуницирање укажува на користење на овој ОМ.
Поместување
Поместувањето е ОМ при кој личноста ја пренасочува негативната
емоција предизвикана од некој извор кон помалку заканувачка цел. Класичен
пример за овој ОМ е поместената агресија.
Пр. 1: Ако едно лице е налутено, а при тоа не може да го насочи својот
гнев кон изворот на својата лутина без последици, тоа може да го „отстрани“
својот гнев врз друго лице или предмет што претставува помал ризик.
Сублимација
Кај овој механизам на одбрана, егото канализира неприфатливи и
забранети импулси во социјално дозволени и вреднувани активности. Тоа е
здрав и корисен ОМ, нема инхибиција на импулси, енергијата се врзува
директно за позитивен објект или акција. Значи станува збор за супституирана
активност за примарен импулс или нагон. (Пр.: Младо момче своите
сексуални нагони ги канализира во спорт, учење). Според Фројд, западната
култура е настаната со сублимација на сексуалниот нагон и енергија.
Фантазија
Дневно сонување, често се откриваат начините како да ја одржиме
самопочитта, да ги задоволиме желбите и да се одбраниме од различни
ситуации кои не загрозуваат (постигнување успеси, подвизи, справување со
некои претходни неуспеси во животот). Во блага форма е адаптивна функција,
ја намалува анксиозноста, овозможува нов обид за решавање проблеми.
Постојаната употреба на овој ОМ е маладаптивна, ја оддалечува личноста од
реалноста.
Повлекување
Најнеплоден OM. Личноста целосно се откажува од целта и ја
избегнува конфликтната ситуација исклучувајќи можност за решавање. Пр.:
Бегање од испит.
45
Идентификација со агресорот
Идентификување со поединци или групи кои ја загрозуваат личноста,
па личноста, т.е. жртвата станува агресор. Пр.: Затвореници кои се однесуваат
насилно со другите затвореници.
Компензација
OM кај кој целта која е тешко остварлива, се заменува со полесна цел.
Пр. Наместо да студира, решава да се бави со фудбал.
Надкомпензација (според Алфред Адлер)
Надпросечни постигнувања и успех во област во која личноста била
подпросечна и се чувствувала инфериорно. Се постигнува со вложување на
извнореден напор.
Пр.: Бетовен, еден од најпознатите светски композитори, бил глув.
Пр.: Грчкиот филозоф и говорник Демостен имал говорна мана.
46
ПСИХОЛОШКИ ФАКТОРИ ВО ЗДРАВЈЕТО И БОЛЕСТА
47
МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ И МЕНТАЛНА БОЛЕСТ
Менталното здравје се дефинира како психолошка благосостојба или
отсуство на ментална болест. Тоа е состојба на задоволително ниво на
емоционално функционирање и прилагодено однесување. Од гледна точка на
позитивната психологија, менталното здравје вклучува способност на
поединецот да ужива во животот и да создаде рамнотежа помеѓу животните
активности и напорите за постигнување психолошка стабилност. СЗО
дефинира дека благосостојбата на една личност зависи од остварувањето на
нејзините способности, справувањето со нормалните стресови во животот,
продуктивната работа и придонесот во општеството.
Холистичкиот модел на ментално здравје вклучува концепти
засновани врз антрополошки, психолошки, религиозни и социолошки
перспективи.
Трипартитниот модел на ментална благосостојба ја дефинира како
благосостојба составена од три компоненти (емоционална, социјална и
психолошка благосостојба). Емоционалната благосостојба се дефинира како
високо ниво на позитивни емоции, додека социјалната и психолошката
благосостојба се дефинираат како присуство на психолошки и социјални
вештини и способности кои придонесуваат за оптимално функционирање во
секојдневниот живот.
Терминот ментално заболување се однесува севкупно на сите
дијагностички ментални нарушувања - здравствени состојби кои се
карактеризираат со промени во размислувањето, расположението или
однесувањето поврзано со вознемиреност или нарушено функционирање.
Менталното здравје и менталната болест се два континуирани концепти.
Луѓето со оптимално ментално здравје, исто така, можат да имаат ментално
заболување и луѓето кои немаат ментално заболување, исто така, можат да
имаат лошо ментално здравје.
Ментални здравствени проблеми може да се појават како резултат на
стрес, осаменост, депресија, вознемиреност, проблеми во релациите, смрт на
близок, самоубиствени мисли, тага, зависност, растројство на внимание,
самоповредување, разни нарушувања во расположението или други ментални
заболувања од различен степен.
49
- Селективна превенција: таргетирање на лица или подгрупи на
населението чиј ризик од развој на ментално нарушување е
значително поголем од оној на остатокот од популацијата.
- Индицирана превенција: насочување кон лица со висок ризик за
ментални нарушувања.
Секундарната превенција се однесува на интервенциите преземени за
да се намали преваленцата, т.е. сите специфични стратегии поврзани со
третманот и терциерната превенција вклучуваат интервенции кои ја
намалуваат инвалидноста и сите форми на рехабилитација, како и спречување
на релапси на болеста.
Промоцијата на менталното здравје СЗО ја дефинира унапредувањето
на здравјето како „процес кој им овозможува на луѓето да ја зголемат
контролата и да го подобрат своето здравје“ (СЗО, 1986). Промоцијата на
менталното здравје честопати се однесува на позитивно ментално здравје.
Позитивното ментално здравје е посакуваниот резултат од интервенциите за
унапредување на здравјето. Менталното здравје е дефинирано од гледна точка
на отсуство на ментална болест, но треба да се редефинира од гледна точка на
позитивно ментално здравје во различни контексти и култури. Стратегиите за
унапредување на менталното здравје се поврзани повеќе со подобрување на
квалитетот на животот и потенцијалот за здравјето отколку со подобрување на
симптомите и дефицитите. Овие треба да бидат препознаени, не како
стратегии за терцијарна превенција, туку како унапредување на менталното
здравје во нејзина најпозитивна смисла. Промоција на менталното здравје е
секоја акција преземена за да се зголеми менталното здравје и благосостојбата
меѓу населението и поединците. Превенцијата се занимава со избегнување на
заболувања, додека унапредувањето е за подобрување на здравјето и
благосостојбата. Со идентификување на позитивните аспекти на менталното
здравје, може да се потенцираат или таргетираат областите за промовирање и
целите што треба да се постигнат. Детерминантите на менталното здравје
вклучуваат не само фактори поврзани со активности на поединци, како што се
однесување и начин на живот, вештини за справување и добри меѓучовечки
односи, туку и социјални и еколошки фактори како приход, социјален статус,
образование, вработување, домување и услови за работа, пристап до
соодветни здравствени услуги и добро физичко здравје. Спречување на
ментални нарушувања не само што вклучува таргетирање на факторите на
ризик и раните симптоми на болеста, туку може да вклучи и промовирање на
поврзани активности кои го подобруваат целокупниот квалитет на живот на
луѓето и нивното општество. На пример, откриено е дека злоупотребата на
децата, сексуалната злоупотреба и употребата на супстанции се поврзани со
50
голем број ментални нарушувања. Промотивни и превентивни активности
насочени кон подучување на родителски вештини во основните и во средните
училишта и поддршка на семејствата може да ги намалат злоупотребата и
занемарувањето на децата и да ги спречат идните проблеми со менталното
здравје.
51
- Контакт со поглед - колку се гледаат учесниците додека се договараат, кој
гледа на страна.
- Покажување поддршка и одобрување - како луѓето се поддржуваат меѓу
себе, како одобруваат, или спротивното - како негодуваат.
- Ориентација кон задачата - колку секој член од групата учествува во
задачата, колку е мотивиран за соработка.
- Вербална комуникација - кој зборува малку, кој зборува многу, кој воопшто
не зборува, дали учесниците се слушаат еден со друг.
- Донесување на решенија - кој донесува решенија, дали сите заедно се
договараат, дали еден пресекува и донесува решение, дали се јавува конфликт
и како се разрешува.
Споделување на искуствата од работилницата.
Завршно резимирање од страна на асистентот.
52
ПСИХОЛОГИЈА НА ФИЗИЧКА БОЛКА
Перцепцијата на болката вклучува многу повеќе од eдноставна
сензација. Афективните и когнитивните компоненти на болката се честопати
исто толку важни како и создавањето и преносот на сигналот за болка. Овие
емоционални аспекти се најистакнати кај пациенти со хронична болка, но
познавањето на психологијата на болка може во голема мерка да го подобри
третманот и на акутна болка.
Контекст
Перцепцијата дури и на акутната болка е многу зависна од контекстот
во кој се јавува. Во лабораториските студии за експериментална болка во која
се контролира контекстот (стравот и вознемиреноста) болката е послаба.
Внимание
Фокусирањето на вниманието на болката ја појачува самата болка.
Пациентите кои имаат соматска преокупација или хипохондријаза се
преосетливи на телесните сензации. Најдено е дека присуството на
вообичаените телесни сензации кај нив се засилува до тој степен што ги
чувствуваат болно.
Спротивно на тоа, оттргнувањето на вниманието на пациентите е
многу ефикасно во намалувањето на нивната болка. Пациенти кои се
подложуваат на болна интервенција чувствуваат помала болка ако нивното
внимание при интервенцијата е окупирано на пр. со видео игра.
53
Анксиозност
Анксиозноста, стравот и чувството за губење на контролата го
зголемуваат доживувањето на болката. Докажано е дека третирањето на
анксиозноста и обезбедување психолошка поддршка ја намалува болката и ја
намалува употребата на аналгетици. Подобрување на чувството за
самоконтрола кај пациентите и овозможување да се вклучат во сопствената
нега е исто така корисно во намалување на доживената болка. Од тука многу е
важно да се даде објаснување на пациентот пред секоја дијагностичка,
тераписка и хируршка интервенција која предизвикува болка. Во
објаснувањето на болноста во постапката пожелно е да се користат изрази
како што се „блага непријатност“, наместо „болка“.
Научена болка
Болката може да биде повеќе научен одговор, отколку чисто физички
проблем. Исто како што пациентите со карцином можат да развијат гадење
како научен одговор на третманот и да го искусат тоа дури и пред
администрација на хемотерапија, пациентите можат да научат да имаат болка
дури и во отсуство на физичка дразба. Во некои случаи, болката може да биде
во целост „само во умот“. Пациентите можат да научат да чувствуваат
различен квантитет на болка само со гледање на други луѓе.
Очекувања
Очекувањата на пациентите за тоа колку болка треба да имаат, исто
така, влијаат на тоа колку болка чувствуваат, нивниот одговор на третман и
дали состојбата станува хронична. Исти повреди предизвикуваат различно
ниво на болка во различни културни средини што се припишува на локалните
култури и очекувања. Било каква порака од лекарот за пациентот во правец на
драматизирање на состојбата поврзана со болка, па и самото давање на
терапија за болка и особено боледување, влијае на нејзиното доживување во
поголем интензитет. Од друга страна на пациентите на кои не им е дозволено
боледување, не им е препишан аналгетик и им е кажано дека „треба да се
однесуваат вообичаено“, имаат помало чувство на болка.
Ефектот на плацебо, исто така, е под влијание на очекувањата на
пациентите и лекарите. Може да се претпостави дека ефектот „ноцебо“ (т.е.
перцепцијата на штетата што произлегува од верувањето на пациентот) може
да биде резултат на пораки кои ненамерно ја зголемуваат вознемиреноста на
пациентот и очекувањата за болка.
54
Верувања и справување
Пациентовите верувања за нивната болка, нивните вештини за
справување, нивната тенденција да имаат „катастрофични очекувања“,
самоефикасноста и нивната внесеност во „улогата на болен“ имаат влијание
врз тоа колку чувствуваат болка и како таа влијае врз нив. Во успешното
враќање на работа на пациентите со болки во грбот, најважниот фактор е
намалување на субјективните чувства на инвалидитет. Пациентите кај кои е
дијагностицирано фибромијалгија треба да престанат со катастрофични
очекувања за да се подобрат и мора да бидат убедени дека имаат капацитет да
бидат пофункционални. Пациентите треба да разберат дека тие самите имаат
важна улога во пренасочувањето на вниманието и дека можат да го
минимизираат влијанието на болката врз нивните животи.
Хронична болка
Пациентите со хронична болка обично имаат проблеми со
психолошките и емоционалните аспекти на болката. Се покажа дека
базичните психолошки фактори се многу важни во развојот на хронична
болка по операцијата, тензичните главоболки и фибромијалгијата.
Идентификувани се шест фактори кои се поврзани со неуспехот во третманот
на долногрбната болка и сите шест се психосоцијални. Дури и кај хроничната
епизодична долногрбна болка од големо значење се психолошките влијанија.
Постои еден маѓепсан круг во кој болката предизвикува попреченост и
стрес, што пак ја влошува перцепцијата на болката. Нездравиот начин на
живот, недостатокот на социјална поддршка, депресивното заболување и
злоупотребата на супстанции се предиспонирачки фактори за хронична болка.
Хроничната болка се нарекува „сложена“ кога има интеракции на
психолошки, семејни и правни проблеми.
Однесување
Неактивноста е сериозна пречка за подобрување на хроничната болка.
Откриено е дека многу пациенти со фибромијалгија имаат магепсан круг на
погрешно однесување кон болката, што резултира во понатамошно губење на
кондицијата, социјална дисфункција и последователно влошување на болката.
Дебелината е исто така проблем во хроничната болка.
Некои пациенти со хронична болка демонстрираат однесување на
болка само пред околината, а го намалуваат ваквото однесување кога мислат
дека никој не ги гледа. Елиминирањето на ваквото однесување доведува до
подобрување на состојбата со хроничната болка.
55
Болката може да резултира од условени реакции на страв, кои
опстојуваат дури и по разрешување на болката, фобични реакции на болка и
посттрауматско стресно нарушување. Некои пациенти имаат подобрување на
нивната болка со терапија за десензибилизација.
Психијатриска болест
Севкупно, некои психијатриски морбидитети се присутни кај 67% од
пациенти со хронична болка. Нарушувања на личноста се откриени кај 31% до
59% од пациентите со хронична болка. Кај пациенти со нискогрбна болка 70%
имаат хистерично нарушување, а 8% имаат социопатско нарушување на
личноста.
Нарушувања во расположението
Постои несомнена поврзаност на болката со депресијата. Во една
студија на пациенти со хронична болка на опиоиди, откриено е дека 61%
имаат мајор депресија. Се чини дека болката предизвикува депресија барем
толку често колку што депресијата предизвикува болка. Во депресија со
доживување на болка, пациентот се чувствува полошо. Со лекување на
депресијата често може да се реши и хроничната болка. Без разлика дали
депресијата се смета за причина или последица на хронична болка, треба да се
третира како коморбидна состојба која бара истовремен третман.
56
Анксиозно растројство
Анксиозното растројство е откриено кај 10,6% од хронични пациенти
со мускулно-скелетни болки. Животниот ризик за анксиозно растројство е два
пати поголемо кај пациенти со хронична долногрбна болка од останатата
популација.
Резиме
Емоционалните проблеми се многу важни во проценката и третманот
на болката. Лекувањето само на физичката болка може да ги остави нерешени
овие проблеми и, можеби, да ги влоши преку засилување.
Разбирањето на влијанието на стравот, очекувањата и вниманието
може да им помогне на лекарите поефикасно да се справат со болката.
Психолошките проблеми се особено истакнати кај хроничната болка. Иако
лекарите за акутна нега не ги третираат овие психолошки состојби, тие можат
да помогнат при упатување на пациентите на соодветно психолошко или
мултидисциплинарно иследување и третирање.
58
ПСИХОЛОШКИ ОДГОВОР НА БОЛЕСТ
Здравјето и болеста се крајни точки на континуумот низ кој постојат
застои, динамика помеѓу постојано променливиот организам и бројните
патогени агенси, развој и адаптација на факторите од надворешната средина.
59
• На настанокот, текот и резултатот на болеста не влијае само еден
патоген агенс, туку и постојаната интеракција помеѓу организмот (на
болната индивидуа) и околината, којашто воедно е и променлива;
• Местото кое поединецот го зафаќа на континуумот здравје-болест,
зависи од бројни, внатрешни (генетика, развој) и надворешни услови
(вработување, сиромаштија, маргинализација...);
• Здравјето е во врска со однесувањето на поединецот, животниот стил,
психолошките и социјалните фактори, на кои може да влијае директно
со сопствената волја.
Холистички пристап:
• Човечкото суштество е комплексен, целовит, единствен систем;
• Го увидува значењето на психосоцијалните фактори;
• Е во основата на биопсихосоцијалниот модел на здравјето и болеста,
со сфаќање дека тие зависат од биолошките, психолошките и
социјалните фактори
62
- сериозноста на болеста,
- сфаќањето на болеста и опасноста што ја носи,
- психолошката структура и искуствата на пациентот.
Адаптација на дијализа
Периодот на прилагодување кон дијализата е долг процес поделен во три фази
(Рајхман и Леви):
1. период на „меден месец“,
2. период на разочарување и обесхрабрување,
3. период на долгорочно прилагодување.
1. „Меден месец“
Чувството на задоволство и надежта по примената на првата дијализа
доведува до намалување на симптомите на уремична "псевдоневрастенија"
(апатија, замор, раздразливост..).
2. Периодот на разочарување и обесхрабрување
Овој период е условен од техничките ограничувања на дијализата, потребата
да се вратат социјалните улоги во семејството и општеството и
компликациите на основната болест.
3. Период на долгорочно прилагодување
Започнува приближно 3-12 месеци по првата хемодијализа и се карактеризира
со флуктуации во расположението и општата состојба:
- Помалку адаптирани и кооперативни пациенти најчесто се
интровертни, се доживуваат себеси како „очајни“ луѓе, имаат
ниска толеранција на фрустрации во својата животна историја,
имаат импулсивно и неодговорно однесување и не ја прифаќаат
улогата на пациенти.
- Подобро прилагодени и кооперативни пациенти, најчесто се
екстровертни и оптимисти, со надпросечна интелигенција, ја
прифаќаат улогата на пациенти и имаат поддршка од семејството.
Како да се помогне?
Неопходна е тимска работа и социјална поддршка со земање предвид
сложеноста на сите психосоцијални фактори кај овие пациенти и
интеракциите на психолошките фактори и успехот во третманот.
63
Објаснување на асистентот: Различни модели на објаснување на
болеста, содржина на психолошкото доживување на соматската болест, на
што е заснована перцепцијата на болеста, нормопсихичките и патопсихичките
реакции на соматските болни, психичките реакции и фази на прифаќање на
тешка болест.
Работа во мали групи:
- дискусија за моделите на болест, психолошките реакции на болеста и фазите
на нејзинот прифаќање.
Играње улоги:
Пациент во момент на соопштување на дијагноза од страна на лекар
(определување на возраст, пол, социјален. статус...).
Улоги: - пациент, лекар, медицинска сестра, членови на семејството.
Да се распределат различно: како би било да е пациентот постар,
помлад, да има семејство, да нема семејство, итн. Секоја група поднесува
извештај за својата работа.
Дискусија за впечатоците од работилницата.
Завршно резимирање на работилницата од страна на асистентот.
64
ПСИХОЛОГИЈА НА БОЛНО ДЕТЕ
65
Реакција на семејството на болест на дете
За време на акутната фаза на болеста, семејствата покажуваат
тенденција кон поголема кохезивност.
Ако болеста стане хронична, постојат две екстремни реакции на
надминување - два различни начини на кои семејствата можат да се
организираат околу хроничното заболување на детето:
1. Семејството задржува зголемена блискост. Тоа се фокусира на болеста
и инвалидитетот, што влијае на независноста на секој од членовите,
кои ја преземаат одговорноста од пациентот да се грижи за себе.
2. Семејството се разделува, еден родител влегува во симбиоза со
болното дете, а другиот родител го напушта семејството.
66
ПСИХОЛОШКИ АСПЕКТИ НА РАЃАЊЕ НА ДЕТЕ СО
ПОПРЕЧЕНОСТ
67
Став на родителите кон детето со пречки
Повеќето родители успеваат да воспостават топла врска со своите
деца со пречки и покрај фактот дека тие можат објективно да имаат многу
побарувања и да бидат напорни, пред сѐ поради бавната способност за учење,
проблемите во однесувањето или други дополнителни барања што можат да
ги имаат. Мал број родители може да имаат проблеми. Потценувањето на
способностите на овие деца доведува до нивна прекумерна заштита и
инфантилизам, нивно отфрлање или занемарување. За повеќето родители,
здравото дете кое добро се развива е дел од нивниот систем за самопочит и
сопствено чувство на вредност, така што можат да се јават психолошки
проблеми кај оние родители кои немаат други деца.
Стекнување вештини
Некои телесни пречки дефинитивно доведуваат до доцнење во
стекнувањето одредени вештини, но може да се појават и одложувања поради:
а) недостаток на родителска стимулација,
б) несоодветно образование,
в) отсуство од училиште,
г) ниска самодоверба.
Самопочитвање
Секоја личност се вреднува себеси когнитивно и емотивно. На
когнитивно ниво, детето се гледа себеси како паметно или помалку паметно,
поубаво или помалку убаво, а на емотивно ниво може да биде тажно со
негативен став кон себе и склоност кон самокритичност. Во помлада возраст,
негативен став се развива под влијание на родителите, а подоцна и врсниците
имаат многу големо влијание.
И искуството од телесната шема и самодовербата се од многу
поголема важност во адолесценцијата, кога се решаваат проблемите со
идентитетот, идната професионална ориентација или сексуалноста.
69
- Потиснување,
(Јас навистина немам никакви сексуални желби);
- Поместување,
(„Се чувствувам лошо со егземот и не знам зошто“ се поместува на „мојата
соба е хаос и се чувствувам лошо затоа што е таква“).
70
ПСИХОЛОГИЈА НА ХОСПИТАЛИЗИРАНИ ПАЦИЕНТИ
Во последниве децении фокусот на професионалците во здравството
од ексклузивна посветеност кон дијагностицирање и лекување на
заболувањето на пациентите се поместува на третманот на заболените лица во
целина, односно севкупна грижа за сите аспекти на болеста, на техничките и
психосоцијалните компоненти поврзани со болеста, односно нејзиниот
третман.
Пациентите кои се хоспитализирани не се само болни, тие честопати
имаат и проблеми, понекогаш сериозни психолошки и социјални проблеми.
Покрај чувствителната природа на здравствените работници и вработените во
болниците, овој проблем е најчесто запоставуван и ставан во втор план во
секојдневната рутина на згрижување на голем број пациенти.
72
Релација пациент – персонал
Лекарите и медицинските сестри, за пациентот ја играат улогата на
семоќни родители. Ако искуствата со примарните објекти од детството
(родителите) биле неповолни за пациентот, тие можат да влијаат негативно
врз актуелните односи со медицинскиот персонал.
Многу пациенти се нагласено загрижени за односот на здравствените
работници од кои се зависни така што ги задушуваат своите чувства и не ги
изразуваат за да не ја нарушат релацијата со нив. Задушувањето на овие
интензивни чувства може да има неповолен ефект на севкупната состојба и
текот на болеста. Може, на пример, да предизвикаат астматичен напад,
интензивирање на хипертензијата, зачестување на нападите на ангина
пекторис итн. Поради наведеното, неопходно е на пациентот да му се даде
можност слободно да разговара за неговите чувства на страв, срам, лутина.
74
КУЛТУРА НА БОЛЕСТА ВО ДОМОТ НАСПРОТИ
БОЛНИЦАТА
Постои голема разлика дали пациентот е во кревет дома или во
болница. Пропишаната медицинска помош може да биде иста, но има огромен
контраст во интерперсоналните односи.
Според традициите, домот на човекот е негова тврдина, па покрај тоа
што тој станува „пациент“ таму, тој сè уште има соодветно чувство за своите
права и привилегии и може да инсистира на тоа да се лекува според неговите
услови. Постои збир на обичаи што би можеле да се наречат „култура на
болест“ во домот. Дома болниот ја задржува облеката и своите лични
предмети што му даваат чувство на приватност, компетентност и
самостојност.
Во болницата целата негова опрема и придружните симболи на моќ се
одземени од него и се заклучуваат надвор од неговиот поглед и допир или
дури и се испраќаат дома. Социјалното опкружување се менува уште
порадикално. Луѓето во бела униформа сега започнуваат навистина да
управуваат со животот на овој човек, а не ретко, се чини дека го држат
неговиот живот, ако не и неговата смрт, во свои раце. Докторот може да стане
скоро семоќен, (или најмалку блиску до Бога), а медицинската сестра е без
сомнение личноста со најголема моќ во собата, а таква моќ во очите на
пациентот поседува и другиот помошен персонал.
Социјалните карактеристики на болницата (нејзината култура) имаат
тенденција да стимулираат значителен степен на страв кај пациентот. Било
кои од дијагностичките и тераписките постапки, при недоволна психолошка
подготовка на пациентот, може да бидат непотребно голем психолошки стрес
и тие може да бидат доживеани како недоволно оправдани и насилни што
може да влијае на текот на лекувањето.
Постои сериозен суштински контраст во психолошката позиција на
пациентот дома и во болница. Во болницата пациентот ѕвони на ѕвончето и
чека помош од сестрата и докторот кои се на свој терен, додека во неговиот
дом тој е домаќин, а сестрата и докторот ѕвонат за да влезат. Во домот,
здравствените работници доаѓаат и си одат додека пациентот останува, но во
болницата тоа е спротивно.
Неопходно е здравствените работници да се свесни за тоа што се
случува во телото, но и во душата на нивните пациенти, како и за важноста на
добрите меѓучовечки односи во високо контролираната болничка средина.
75
Психолошки аспекти на приемот во болница
Приемот на пациентот е особено важен. Првиот впечаток на пациентот
за болницата каде го донела болеста или повредата се создава токму на
местото за прием. Ова кратко искуство може да влијае на севкупниот однос
кон хоспитализацијата и третманот кои следуваат.
Секој пациент доаѓа во болница со одредено ниво на очекувања за
грижа и внимание и посакува пријателско место за тој престој. Нема
сомневање дека начинот на кој пациентот е примен кога влегува во болница
може да има големо влијание врз неговата перцепција дали е добредојден како
човечко суштество, или е само носител на некоја болест што треба да се
лекува. Односот на лицето кое го прима, тонот и внаманието со кои му се
обраќа треба да му создадат чувство дека тој е навистина добредојден. За жал,
ваквите симболи за гостопримство често недостасуваат, а самиот прием го
засилува стравот на пациентот.
Колку и да е сето ова добро познато на сознајно ниво, сепак е
неопходен континуиран тренинг и сензибилизација на лицата кои се
задолжени за прием на пациентите во болниците за да се надмине рутинското
секојдневие означено со занемарување на индивидуализираниот пристап кон
секој пациент поединечно.
78
ПСИХОЛОШКИ СТРЕС И ТРАУМА
Теорија на стрес
Во средината на 30-тите години на 20-тиот век Сели ја поставува
својата теорија на стрес во која го проширува неговото значење од физички и
на психички инсулти. Тој вели дека зборот стрес не треба да се преведува
бидејќи неговото значење се насетува.
Стресор
Стресор е секој агенс кој го загрозува психофизичкиот интегритет
(болест, војна, земјотрес), но има голем број на индивидуални стресори кои се
специфично штетни само за одредени индивидуи.
Стресна ситуација е објективно случување кое ја поттикнува или
предизвикува појавата на стресот, односно кризата, а стресот (стресната
состојба) пак е субјективна реакција на ситуацијата на стрес, односно криза.
Стресната ситуација (во психолошка смисла) е ситуација предизвикана со
промена во надворешната средина, која до тој степен ја нарушува
индивидуалната динамичка психосоцијална рамнотежа на сите поединци кои
се изложени на неа, така што поединецот не е во состојба да ја воспостави за
вообичаено време.
Низ животот, поединецот често се среќава со ситуации кои ја
нарушуваат оваа рамнотежа, но најчесто му треба кратко време повторно да ја
воспостави. Тие ситуации кои само површно ја нарушуваат индивидуалната
динамична рамнотежа, вообичаено се нарекуваат проблеми. Проблемите не
предизвикуваат подлабоко нарушување на рамнотежата ниту пак
придвижуваат позначајни промени во личноста.
Повторното воспоставување на рамнотежата по состојбата на стрес, за
разлика од постоење на некаков „проблем“, не е можно без ангажирање на
дополнителни когнитивни и емоционални потенцијали на личноста во подолг
период (сл.26).
Стресните ситуации имаат ваков ефект на индивидуален психолошки
план поради нивната ненадејна појава и заради назначените, понекогаш
драстични промени во амбиенталната ситуација.
79
Сл.26
Природни стресори се природните несреќи, физичкото и
психолошкото насилство, војната, губиток на дом/земја/семејство/пријатели,
опасност, несигурност за иднината, социјални нарушувања (одвојување од
семејство, исчезнување на член од семејство, губење на социјалната улога).
Дистанца од стресорот
Примарна трауматизација е кога жртвата е директна цел. (Пр. обид за
убиство, убиство, тортура, силување..).
Секундарна трауматизација е кога секундарно трауматизираниот има
блиски врски со директната цел. (Пр.роднини или блиски пријатели на убиен,
исчезнат, силуван, малтретиран..).
Терциарна трауматизација (сведоци, помагачи, терапевти..).
Влијанието на стресорите, односно трауматските ситуации мора да
бидат сфатени во однос на зачестеноста, во однос на контекстот на
опкружувањето, како и во однос на културниот и индивидуалниот контекст на
жртвите. (Пр.способност за справување, семејно единство и сила, социјална
поддршка, идеолошки/религиски верувања).
Кардиовскуларен ефект
Се случува срцебиење (забрзано и силно негово чукање) што е од
витално значење за подготовка за акција, при истовремено менување на
крвниот притисок и прераспределување на крвта од периферијата (кожата,
прстите и сл.). Заради ова често при стресната ситуација кожата е бледа и
студена, а прстите се исто така студени и се чувствуваат трпки или треперење
во нив.
Респираторен ефект
Доаѓа до забрзување на дишењето (организмот се подготвува за акција
и му треба повеќе кислород). Ваквата состојба може да предизвика чувство на
недостаток на воздух и гушење, дури и болка во градите. Физиолошка
81
реакција е намалување на протокот на крв низ мозокот со вртоглавица, матно
гледање, конфузност итн.
Потни жлезди
Активирањето на одговорот на стресот предизвикува зголемено
потење чија функција е да го излади организмот.
Системот на варење
Сушењето на усните и на цел дигестивен тракт може да предизвика
стомачна неугодност, па и болка.
Мускулен систем
Се случува затегнување на севкупната мускултаура со примарна цел
да се подготви организмот за акција, па тоа може да предизвика чувство на
напрегнатост на мускулите, болка, треперење во поединечни мускулни групи
или на сите мускули.
Целиот овој итен одговор на организмот резултира со активација на
севкупниот телесен метаболизам и зголемена осетливост на стимулација од
надвор, со последователно чувство на топлина и замор, заради големата
потрошувачка на енергија.
82
Динамична рамнотежа принцип на економичност и принцип на
сигурност
Сигурноста и чувството на смиреност во секојдневниот живот кај
човекот се должат на воспоставените обрасци на односи со околината и со
самиот себе, односно на динамичната рамнотежа во која тој егзистира.
Стабилниот, па донекаде и стереотипниот вид на односи на човекот
кон средината и кон самиот себеси е заснован на принципот на економичност
и принципот на сигурност, кон кои човекот спонтано тежнее.
Нарушена рамнотежа-анксиозност
Анксиозноста алармира дека нешто се нарушило во односот на
поединецот со средината:
- Изгубениот ориентир (шема на односи) во кои се одвива
комуникацијата со средината;
- Недоволно задоволување на основните потреби (сигурност,
рамнотежа);
- Нарушување на индивидуалната контрола на потиснатите и
незадоволените инстиктивни потреби.
Последица од сѐ е преплавување со ексицитараност и чувство на
загрозеност и беспомошност, односно состојба на анксиозност. Ургентната
состојба го води поединецот кон барање поефикасни начини за одново
воспоставување на рамнотежата и контрола на ексцитираните пулзии, што
само по себе е повторно извор на анксиозност и го соочува со страв од
неизвесност. Во ваквите состојби, делотворен е уште еден аспект на стравот,
стравот од исчезнување на реалноста (онаква како вообичаено се доживува)
т.н. сепарационен страв. Секоја стресна ситуација претставува закана од
губиток на објектот.
Сепарациониот страв го дефинирал Фројд во 1926 година. Стравот кај
детето се јавува кога: останува само, во мрак, или со непозната личност. Во
сите три случаи суштината е недостиг на објектот на љубов (мајката), што е
клуч за разбирање на анксиозноста. Човекот по својата природа е врзан за
некого или за нешто и можноста за одвојување од објектот за кој е приврзан
секогаш го исполнува со страв. Приврзувањето треба да биде сфатено како
еден од важните системи на однесување како на пр. земање храна,
сексуалното однесување и сл.
Сл. 27
84
Практична работилница на тема-анксиозност
Цели на работилницата:
1. Разбирање на анксиозноста и изворите на нејзиното појавување при различни
фрустрации.
2. Препознавање и детектирање на анксиозноста, видови на анксиозност,
соматизација на анксиозноста.
Бура од идеи : Што е анксиозност и кога се јавува?
Објаснување на асистентот:
Теоретско објаснување на анксиозноста, физиолошките и психолошки
извори, начини на манифестација. Состојба на вознемиреност, страв,
беспомошност и назаштитеност. Тоа е состојба на внатрешна напнатост,
загриженост, очекување дека нешто страшно ќе се случи. Анксиозноста е
несвесно доживување, личноста не знае од каде доаѓа тоа чувство.
Според интензитетот на анксиозноста може да се диференцираат неколку
нивоа:
Хронична анксиозна реакција (може да трае долго време и да доведе
до психосоматски нарушувања).
Акутна анксиозна реакција (акутна епизода на нелагодност и страв
која може да се одрази на внатрешните органи и да доведе до реакции на
кардиоваскуларниот систем, гастроинтестиналниот систем, респираторниот
систем).
Соматизација на анксиозноста и појава на соматски симптоми
Работа во мали групи:
Според објаснувањето за анксиозноста во секоја група да се разговара
за искуството на секој од членовите во однос на овие видови на анксиозност.
Секоја група да изготви заедничка листа на тоа што е причина за анксиозноста
во нивните искуства и да се подредат по степенот на интензитет на
анксиозноста што ја предизвикуваат.
На пример: сепарација, лекување во болница, загуба на близок и сл.
Секоја група ја презентира својата листа. Се утврдуваат некои заеднички
причини и се договара листа на целата група.
Правење листа на групи на симптоми поврзани со анксиозноста.
Играње улоги: (две или повеќе сценарија) ,
1.Дете на возраст од 8 години кое се загубило во непозната средина и неговите
реакции.
2. Адолесцент кој играјќи кошарка паѓа и ја повредува ногата.
3.Возрасен човек кому му соопштуваат дека има нејасна сенка на КТМ.
85
Споделување на искуствата од работилницата.
Завршно резимирање од страна на асистентот.
86
РЕАКЦИЈА НА ТАГУВАЊЕ
Вовед
Тагувањето е субјективна состојба на емоционални, физички и
социјални одговори на загуба, на пр. смрт на некој близок, губење на личен
имот, но и загуба која може да се согледа само од поединецот без да може да
биде споделена или идентификувана од други. Повеќето реакции се
вообичаени додека други можат да развијат комплексна реакција на тагување.
Тагувањето е збир на когнитивни, емоционални и социјални тешкотии
што следуваат по смртта на некој близок. Тоа е серија на интензивни физички
и психолошки реакции на загубата чија функција е прилагодување на загубата
и создавање и прифаќање на новата реалност. Всушност тоа е манифестација
на бројни реакции кои вклучуваат и можни растројства во душевниот живот
на личноста. Всушност станува збор за цела лепеза на манифестации кои се
случуваат во склоп на вообичаена или нагласена реакција на било која случка
која претставува трауматично искуство на загуба за личноста. На скалата на
трауматичните случувања на загуба највисоко е поставена загубата на близок
сродник која има најсилно влијание на севкупното психолошко
функционирање.
Тагувањето се јавува кај сите лица кои биле во некаква емотивна врска
со починатиот, но секако најизразено кај оние од најблиското семејно
опкружување. Иако тагувањето за блиска особа се разликува во својот
интензитет па и квалитет од личност до личност и зависи како од структурата
на личноста, степенот на близина, возраста итн., сепак мора да се напомене
дека таа е неизбежна во својата појавност.
Вообичаените психолошки реакции после губиток на блиска личност
се движат низ повеќе фази кои всушност го сочинуваат т.н. процес на
тагување.
88
За време на оваа, последна фаза во овој модел на тагата, реалноста се
прифаќа, но тоа не мора да значи моментална среќа. Со оглед на болката и
превирањата што се доживеани, никогаш не може да се врати целосната
состојба како пред загубата, но сепак се наоѓаат сили за продолжување
напред.
Типови на тагување
Антиципаторно тагување
Антиципаторното тагување се дефинира како цел сет на когнитивни,
афективни и културно специфични реакции на очекуваната смрт што ја
чувствува пациентот и семејството.
Тоа содржи:
- депресија,
- засилена загриженост за умирањето,
- обиди за прилагодување на последиците од смртта.
Антиципаторното тагување им обезбедува на членовите на
семејството постепено да ја апсорбираат реалноста на загубата, да завршат
недовршени активности со лицето што умира (на пр. велејќи ..„ збогум “, „ те
сакам “ или „ти простувам “).
Нормално-вообичаено тагување
Нормалната или вообичаена рекација на тага се манифестира со
постепено движење кон прифаќање на загубата и иако секојдневното
функционирање може да биде многу тешко, личноста успева да продолжи со
основните дневни активности. Нормалната тага обично вклучува некои
вообичаени емоционални реакции емоционална вкочанетост, шок, неверување
и / или негирање на смртта, што често се случува веднаш по смртта, особено
ако смртта е неочекувана. Кај 85% од лицата кои претрпуваат загуба се следи
овој тип на тагување кое е временски ограничено, започнува веднаш по
загубата и во голема мерка се завршува за период од една до две години.
Комплицирано тагување
Овој тип на тагување е одбележан со манифестации кои се разликуваат
од нормалното тагување:
- Инхибирана или отсутна тага.
Кај овие лице не се забележуваат очекуваните манифестации на
тагување.
- Одложена тага.
89
Манифестациите на тагување се јавуваат многу подоцна, отколку што
е типично.
- Хронична тага.
Продолженото траење на симптомите на тага.
- Видоизменета тага.
Маниефстација на екстремно интензивни атипични симптоми.
Скриено тагување
Скриено тагување е термин што ја опишува тагата која не е
вообичаена за културниот контекст. Тоа е тагување кое другите не го
препознаваат и признаваат.
1. Мислење
Неверување - Ова е често нашата прва мисла кога слушаме за смртта,
особено ако смртта е ненадејна.
Збунетост - Ова се манифестира како проблем со концентрирање,
заборавање, доживување на збунето размислување.
Преокупација – постојано размислување за починатиот.
Чувство на присуството на починатиот - Ова вообичаено се случува
веднаш по смртта. Халуцинации - Тоа е прилично вообичаен и нормален
симптом да се види или да се слушне некој близок, обично во рок од неколку
недели по смртта.
2. Физички сеназации
Напнатост во главата, грлото, градите, сува уста, глад за воздух,
преосетливост на бука, недостаток на енергија, слабост.
3. Емоции
Шок - Ова се случува најчесто во случај на ненадејна смрт, но може да
се случи и по очекувана смрт.
Затапеност - Ова обично се доживува рано во процесот на тага.
Тага - Ова е најпознатата реакција на тагата
90
Раздразливост и гнев - Овој гнев доаѓа од два извора. Прво, се
чувствуваме фрустрирани што не можеме да ја спречиме смртта, второ,
нормално е регресивното искуство да чувствуваме лутина на лицето што нè
„напуштило“. Многу е вообичаено да се премести гневот кон друга цел, како
што се лекари, медицински сестри или друг здравствен персонал. Ако гневот
се сврти кон себе, тоа може да прерасне во самоубиствено однесување.
Вина-тоа е многу чест симптом, особено во случај на самоубиство.
Анксиозност - Ова може да се движи од лесна вознемиреност до силен
напад на паника. Извор на оваа вознемиреност е стравот дека нема да можеме
сами да се грижиме за себе и зголемено чувство за сопствената смртност.
Осаменост - Ова е особено проблем за преживеаните сопружници или
во други блиски секојдневни врски.
Замор – Тагата е емоционално исцрпувачка. Овој замор може да биде
изненадувачки и вознемирувачки за активна личност.
Беспомошност - Стресот е засилен со фактот дека нема ништо што
можеме да сториме за да ја одбегнеме смртта.
Копнеж – Болното недостасување на починатиот е нормален одговор
на загубата.
Ослободување – Ова е позитивно чувство што може да се појави после
смртта, особено во тешка или многу конфликтна врска.
Олеснување – Многу луѓе чувствуваат олеснување после смртта, особено
кога саканиот починал со големо страдање.
4. Однесување
Нарушувања на сонот – Некогаш бара медицинска интервенција, но
во нормално тагување обично се надминува. Може да симболизира разни
стравови, како што се стравот од сонување, стравот од самостојно легнување
во кревет и стравот од не разбудување.
Соништа за починатиот – И соништата и кошмарите се многу чести.
Нарушувања на апетитот – Губењето на апетит е честа појава.
Отсуство на концентрација – Ова може да биде опасно ако на пример
не се внимава при преминување улица.
Социјално повлекување – ова е обично краткотрајно и се корегира.
Може да вклучува и губење на интерес за надворешниот свет, како што се
откажување од ТВ и весници.
Избегнување на сѐ што потестува на починатиот – Места или
работи што предизвикуваат болни чувства на тага. Кога ќе се ослободиме од
предметите веднаш, тоа може да доведе до комплицирано ужаснување.
91
Посета на места или носење на предмети кои потсетуваат на
починатиот – Честопати зад тоа стои стравот од губење на спомените за
починатиот.
Плачење – Постои потенцијална лековита вредност на плачењето.
Фактори кои влијаат на тагата
• Когнитивниот развој;
• Религиозниот и културниот контекст;
• Односот со починатиот;
• Причината за смртта.
Траење на тагувањето
Должината на процесот на тага е различна за сите. Не постои
предвиден распоред за тага.
Процесот на тага не може да се забрза и понекогаш е многу болен.
93
волево-нагонските динамизми кои се провлекуваат во целиот период се до
завршување на процесот на тагување, кога тагата иако сѐ уште присутна,
поприма форма која дозволува нормализирање и хармонизирање на
психолошките функции кај личноста.
За разлика од наведеното, при т.н. пренагласена реакција на тагување
низ фазите на тагување може да се следат разни манифестации на
психијатриски нарушувања. Пренагласената реакција на тагување може да
биде условена пред сѐ од самата психолошка структура на личноста од една,
како и од пренагласената емотивна близина со починатиот од друга страна. Во
суштина и тука следиме основна нишка на пренагласено душевно трпење и
очајување манифестирани низ лепеза на психијатриски синдроми кои
досегнуваат подлабоко ниво на растроајтво, (некогаш и ниво на психотичност
– губиток на адекватен контакт со реалноста). Со тоа се оневозможува
завршување на процесот на тагување што е услов за нормализирање и
хармонизирање на психолошките функции кај личноста.
95
ПСИХОЛОШКО СОГОРУВАЊЕ „СОГОРУВАЊЕ“
Согорувањето може да биде резултат на тежок и продолжен стрес, но
тоа не е иста состојба. Стресот вклучува премногу притисоци кои поставуваат
премногу физички и психички барања. Луѓето под стрес сѐ уште може да
замислуваат, да мислат. Ако можат да стават сè под контрола тие ќе се
чувствуваат подобро. Кај „согорувањето“ тоа не е доволно.
Да се биде во состојба на „согорување“ значи да се чувствуваш празно,
без мотивација и неспособен за грижа за себе. (сл.28)
Сл.28
Луѓето со „согорување“ често не гледаат никаква надеж за позитивни
промени во нивните ситуации.
Друга особено важна разлика е што додека сме под стрес обично сме
свесни за тоа, но не секогаш забележуваме кога согорувањето ќе се случи.
• преангажираност,
• емоциите се пренагласени,
• продуцира ургентност и хиперактивност,
• губиток на енергија,
• води до анксиозни растројства,
• примарната штета е физичка,
96
• животот изгледа напорен.
Кај „согорувањето“ следиме:
• дезангажираност,
• емоциите се затапени,
• продуцира беспомошност и бесцелност,
• губиток на мотивација, идеали, надеж,
• води до oдвојување од околината и депресија,
• примарната штета е емоционална,
• животот изгледа невреден за живеење.
Сл.29
Причини за „согорување“
Работа:
• чувство на мала или никаква контрола врз работата,
• недостиг од признавање или награди за добрата работа,
• нејасни работни задачи или премногу барања и очекувања,
• монотона или работа која не нуди предизвик,
• работење во хаотична средина или под висок притисок.
Стил на живеење:
• премногу работа, без доволно време за одмор и дружење,
• премногу улоги на работа,
• преземање премногу обврски, без доволно помош од други,
• недоволно спиење,
• недостиг на блиски, поддржувачки релации.
Црти на личноста:
• перфекционистички тенденции,
• ништо не е никогаш доволно добро,
• песимистички поглед на себеси и светот,
• пренагласена потреба за контрола,
• неподготвеност да се делегираат обврските,
• високи аспирации-тип А личност.
100
Како може да се спречи појава на „согорување“
Пристапи кон системот:
• стрес на работа (на пр. работни обврски),
• работно искуство,
• обука (грижа за себе, разрешување на конфликти, управување со
времето),
• креирање на отворено, поддржувачко, добро комуницирачко работно
опкружување,
• нудење на редовни признанија за работните достигнувања,
• програма за помош и служби за поддршка.
Пристап кон личноста:
• стрес во личниот живот,
• наоѓање рамнотежа помеѓу одржување на личен и професионален
живот,
• промена на работните навики,
• работни часови,
• темпо,
• користење паузи,
• НЕ-прекувремено работење,
• Одмори,
• НЕ- непотребни состаноци,
• ДА- дневни приоритети во работењето.
Професионален развој:
• семинари, конференции,
• нови вештини и интереси (компјутер...),
• разјаснување на професионалните цели и вредности,
• спречување на здодевноста во работењето.
-промена на работните задачи, методите кои се користат, времето
распределено за задачите.
-вклученост во различни работни задачи и улоги.
Претварање на работното место во место за личен раст
- естетика, личен комфор во канцеларијата;
- смејте се, користете хумор, бидете весели на работа;
- научете да се прифатите само како „доволно добар“ вработен;
- прифатете дека не е возможно да се работи со 100% капацитет, 100% од
времето,
- прифатете дека Б категорија квалитет на работа понекогаш е доволна.
Максимизирање на искуствата од професионалниот успех
101
- внимание на малите добивки и позитивниот фидбек;
- давање на значење на фидбекот кој го добиваме од страна на другите.
Минимизирање на двосмислените загуби
• признавање дека некои луѓе доаѓаат и си одат;
• разговор со колегите за добивање поддршка;
• размислување за наученото од евентуалната загуба;
• избегнување прекумерна блискост со колеги;
• поставување јасни граници;
• избегнување на неразумни барања;
• консултации со колеги.
Справување со сопствената личност
- управување со времето;
- разрешување конфликти;
- вештини за решавање проблеми;
- техники за релаксација;
- длабоко дишење, мускулна релаксација;
- релаксација, музика, масажа.
Користење на социјалните ресурси
- професионална поддршка од колегите;
- насочување од надредените, ментори;
- поддршка од семејството и пријателите;
- стручно советување;
- ограничување или елиминирање на нездрави релации.
Внимание на физичкото здравје
• соодветна исхрана;
• урамнотежено јадење, избегнување прејадување на емоционална
основа;
• вежби (аеробик, јога, фитнес);
• соодветно спиење;
• избегнување/ограничена употреба на кофеин, цигари, алкохол, дроги;
• медицинска грижа (превентивна здравствена заштита, решавање на
здравствени проблеми).
Зголемување на самосвесноста
-за следење на знаците на сопствена исцрпеност;
-за разбирањето на сопствените потреби и мотивации и увид во сопственото
однесување;
-за интеракција на личните идеали/аспирации со условите за работа и
реалноста;
-за рефлексија кон себе.
102
Биди си свој тренер
- самопоттикнување наместо самокритика;
- потсетете се да ги гледате работите во перспектива;
- секогаш погледнете и пријдете кон одредена ситуација од повеќе страни;
- дали тоа ќе биде важно по 10 години?;
- потсетувајте се на посветеноста за континуирана грижа за себе, раст и развој
и потсетувајте се на причините поради кои го правите тоа;
- изградете став на прифаќање на алтруистичен егоизам: задржување на
сопствената благосостојба како света, со верување дека вашата обврска да
бидете во благосостојба е неопходна за компетентна грижа за другите.
Посветеност на безгрижност и забава
• поминувајте го времето во слободни активности, рекреација;
• развивање и учествување во хоби;
• користете хумор и смеа како ослободување од стрес;
• потсетете се на позитивните искуства во животот.
Превенција на „согорување“
Ако ги препознаеме предупредувачките знаци на надоаѓачкото
„согорување“ треба да знаеме дека тоа само ќе се влошува ако ништо не
презмеме, но ако преземеме чекори за да го вратиме животот назад во
рамнотежа, може да се спречи „согорувањето“ за да не направи сериозно
нарушување.
Едноставни совети за превенција на „согорувањето“
Започнете го денот со релаксирачки ритуал. Наместо нагло станување
од кревет веднаш по будање, поминете најмалку петнаесет минути во
медитација, пишување, правење нежни протегања, или читање на нешто
инспирирачко.
Здрава исхрана, вежбање и навики за спиење. Здравата храна,
редовната физичка активност и одморот прават да имаме енергија и
издржливост за справување со проблемите.
Поставете граници. Кажете „не“, кажувањето „не“ овозможува да се
каже „да“ на работи кои навистина сакате да ги направите.
Земете дневна пауза од технолошките помагала.
Одредете секој ден време за целосно исклучување. На страна
лаптопот, телефонот, проверка на мејл.......
Негувајте ја својата креативна страна. Креативноста е моќен
противотров за „согорувањето“. Обидете се со нешто ново, почнете забава,
интересен проект, продолжете со своето хоби или најдете ново. Најдете
активности кои немаат никаква врска со работата.
103
Научете како да управувате со стресот. Кога сте на пат кон
„согорување“, може да се чувствувате беспомошни. Сепак, имате многу
повеќе контрола врз стресот отколку што може да мислите. Учењето како да
управувате со стресот може да ви помогне да ја повратите својата рамнотежа.
104
Објаснување на асистентот:
Објаснување на причините за појава на согорувањето, симптомите на
манифестација, суштинските разлики со стресот, начините на превенција и
третман.
Работа во мали групи:
- Разработка на симптомите на согорувањето (физички, психички,
бихевиорални...). Секоја група разработува одредена група на
симптоми и потоа ја презентриа во целата група.
- Разработка на разликите помеѓу стресот и согорувањето
- Работа во групи на проценка на сопственото ниво на согорување со
користење на прашалникот за согорување.
Споделување на искуствата од работилницата.
Завршни излагања и заклучоци на асистентот.
Прашалник за Согорување
Одговорете ги прашањата според следнава скала
1- никогаш, 2- ретко, 3- понекогаш, 4- често
Дали:
______ сте загрижени навечер и дали имате проблеми со спиењето?
______ се чувствувате помалку компетентно или ефективно од порано?
______ се чувствувате непожелно или искористено на работа?
______ секогаш се чувствувате уморно дури и кога сте доволно наспани?
______ се плашите да одите на работа?
______ лесно станувате иритирани и лути?
______ имате повторувачки главоболки, болки во стомак или во долниот дел
од грбот?
______ се чувствувате преплавено со работни обврски?
______ постојано гледате на часовникот кога сте на работа?
______ избегнувате разговори со колегите?
______ ригидно ги спроведувате правилата без да побарате покреативни
решенија?
______ зголемено конзумирате храна, алкохол или лекови?
______ автоматски покажувате негативен став кон околината?
______ претерано сте отсутни од работа?
Дали вашата работа:
______ ви дава премногу обврски?
______ не ви дозволува паузи, време за ручек, боледувања или одмор?
______ бара долги смени или често прекувремено останување?
______ е платена премалку?
105
______ има недостаток од социјална-професионална поддршка?
______ зависи од фонд за финансирање кој е непостојан?
______ нема доволно средства да бидат исполнети сите цели на
организацијата?
______ нема јасни правила?
______ се состои од толку многу различни задачи што прави да се чувствувате
како да сте во делови?
______ бара да се справуваш со брзи промени во програмата?
______ бара да се справуваш со агресивни клиенти?
Вашиот скор се состои од вкупен скор од колоната за одговори
_______________
106
Доколку вашето тело покажува знаци на стрес, побарајте стручна помош.
резултат 91 +
Делувате како да сте под загрижувачко ниво на стрес и се приближувате кон
напреднатите фази на „согорување“ .
Со некои промени во вашето однесување и околностите на работа вашите
потенцијали за надминување на стресот поврзан со работата е сѐ уште висок.
Размислете за барање стручна помош за редукција на стресот и превенција на
„согорување“.
107
КОМУНИКАЦИЈА
Дефиниција на комуникацијата
Комуникацијата, во основа, претставува пренесување или примање на
некаква порака по пат на одредено соопштување или прикриено искажување,
за чие времетраење се случува и обид за поврзување, контакт со друга целина
или систем.
Цел на комуникацијата
Целта е остварена целосно кога ваквиот обид завршува со размена на
содржините од двострана корист или пак делумно успешно со еднострано
пренесување на содржината-пораката.
Вербална комуникација
Основен начин на комуникација помеѓу две човечки суштества е
соопштување по пат на зборови, преку гласно искажување, насочено кон
особа или група со која се воспоставува контакт. Вербалната комуникација е
создадена во еден период на цивилизацискиот развој на човекот и е со
тенденција да се усовршува сѐ повеќе. Таа се состои од употреба на зборови
како симболи, но и како знаци (договорени со договор).
Внатрешен говор
На вербалната комуникација ѝ претходи т.н. внатрешен говор кој е
воедно и основа за препознавање и освестување на внатрешните доживувања.
Моќта на говорот
Говорот може да допре најблиску до точниот опис на чувствата,
мислите, намерите, сфаќањата, дејствијата, стравовите и сето она што би го
претставувало одживувањето на просторот и времето на една индивидуа или
пак настаните од околината кои влијаат на неа. Говорот овозможува размена
на информации, намери, мисли, емоции и очекувања, односно комуникација
меѓу луѓе, култури и времиња. Тој учествува во регулирање на однесувањето,
решавање на проблеми, организирање на идеи, мисли и чувства, стекнување
на знаења итн. Тесно врзан за другите когнитивни процеси (перцепција,
памтење, мислење, формирање на поими, решавање на проблеми, планирање)
тој сепак суштински придонесува за разликување на човекот од другите
суштества.
108
Телесен говор (body language)
Mногу почесто од вербалниот, човекот спонтано го заменува ваквиот
начин на искажување со изразување без зборови. Телесниот говор може да се
препознае преку промена на ставот на телото, движењето, одот, промената на
соодносот помеѓу посебни делови од телото, играта, танцот, цртежот,
графичката експресија итн.
Поспецифични форми на телесен говор
Овие состојби можат да се случуваат и прикриено, да се продлабочат
до ниво на:
- телесни доживувања: стегање во гради, срцебиење, вртоглавица,
гадење...
- комплексни ментални состојби со промени во сознанието и свеста
(збунетост, блокирани мисли, дезориентација, несеќавање...)
Молчење како невербална комуникација
Мошне чест феномен на невербална комуникација е и молчењето, која
во дистанцата која ја создава обично содржи множество на пораки.
Невербални моменти при вербална комуникација
При вербалното соопштување се проткајуваат невербални моменти
кои може да се забележат преку следење на:
- висината, силината и бојата на гласот,
- брзината и ритамот на говорот,
- начинот на завршување или незавршување на речениците,
- спојот помеѓу нив како и соодносот помеѓу зборовите во нив, кои
секогаш ги кријат емоционалните резонанци.
Работа во парови:
110
„Многу ми е топло.“
„Досадно ми е.“
„Умерен сум.“
Човечка скулптура
112
КОМУНИКАЦИЈА ЛЕКАР ПАЦИЕНТ
113
Физичкиот изглед на докторот е многу важен. Исто така од голема
важност е да му се овозможи на пациентот да има доживување на удобност и
сигурност.
Бариери во комуникацијата од аспект на докторот
- Недостаток на специфично знаење;
- Недостаток на вештини за советување;
- Недостаток на време;
- Недостаток на соодветни ресурси.
Бариери во комуникацијата од аспект на пациентот
- Пол;
- Ниво на едукација, социјален статус;
- Јазична бариера;
- Етничка припадност.
Елементи за подобрување на бариерите
- Активно слушање;
- Неврбална комуникација;
- Агенда;
- Емпатија;
- Едуцирање на пациентите;
- Реосигурување;
- Усогласување на план за третман;
- Преземање одговорност;
- Избегнување прекумерни реакции;
- Воспоставување граници.
Комуникациски вештини
Комуникациските вештини се исто така важни:
- флуентен дијалог,
- умешна употреба на тишината,
114
- дозвола за изразување на емоции на пациентот,
- употреба на поддржувачки зборови,
- ефикасно невербално однесување,
- употреба на отворени, истражувачки прашања,
- адаптирање на говорот,
- емпатија – способност за разбирање и споделување на емоции – да
му се покаже на пациентот дека е тука за него, со него и да умее да
муа даде надеж,
- слушање,
- смиреност,
- покажување разбирање, а не сожалување или симпатија.
115
Клучни елементи кои влијаат на комуникацијата лекар-пациент
- Личноста на пациентот;
- Личноста на докторот;
- Споделувањето на моќта и одговорноста;
- Терапевтската алијанса;
- Биопсихосоцијалната перспектива.
Особено е важен партнерскиот однос во третманот – двострано
споделување информации, заедничко донесување одлуки, договор околу
третманот.
За сето тоа важни се комуникациските вештини на докторот:
Содржина – што кажува, дадените информации, базичното знаење,
времето овозможено за комуникацијата.
Процес – како кажува, како поставуваат прашања, колку добро слуша,
како објаснува, планира, како ја структурира интеракцијата.
Чекори во комуникацијата
Иницирање на сесија – Воспоставување релација, идентификување на
проблемот.
Собирање информации – Експлорација на проблемот, разбирање на
перспективата на пациентот, овозможување структура.
Градење на релацијата – Рапортирање и инволвирање на пациентот.
Објаснување и планирање – Обезбедување доволно време, доволно
информации, разбирање и планирање.
Затварање на сесијата.
116
Терминатор: Каква храна не јадете ... Сте мереле ли т.т. ... Да не сте пиеле
алкохол ... Да не сте трудни ...
Продолжувач: олеснувач на понатамошното истражување и евентуална
директна експресија на емоција.
пр.: Сте ослабеле? Во кој смисол ви се гади?
“Тiming” во емпатичните одговори
прерано - прекин на емоцијата
„Ласо ефект“ – повеќе продолжувачи на група емпатички можности – еден
емпатичен одговор.
Базична емпатична вештина – препознавање на имплицитно навестена
емоција, покана за истражување на неискажани емоции и ефективно
соопштување на примените емоции со цел пациентот да се почувствува
разбран.
117
(време, простор, подготвеност за работа)
Прифаќање (безусловно)
Особено при отварање на афективно катектиран материјал -
„разголени, ранливи, изненадени, посрамени, осетливи на критика и
отфрлање“.
Потребна: целосна посветеност и безусловно прифаќање.
Пациентите со траума имаат потреба од пасивност и зависност (регресија!) -
што треба да им се дозволи (на почетокот).
Ризик:
-избегнување на одговорноста за себе и хабитуација на крајно зависна и
регресивна улога во терапискиот процес,
- идеализација на лекарот.
119
ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ ВО КОМУНИКАЦИЈАТА СО
ПАЦИЕНТ ДЕТЕ
- Комуникација на пријателско ниво со детето, пријателски и
смирувачки тон, допир, поглед;
- Користење вербална комуникација сообразена со степенот на
интелектуалниот развој (возраста) на соговорникот;
- Отсуство на било каков степен на осудување, оценување, прекор;
- Почитување на добиеното мислење без оглед на возраста на детето;
- Позитивно конотирање на соработката добиена особено од помалите
деца.
Важни моменти во невербална комуникација со децата
- Невербалниот дел од комуникацијата мора да го следи вербалниот во
смисла на внимателно следење, гледање во соговорникот, отсуство на
било какви гестикулации кои би значеле запрепастеност,
изненадување, прекор, осуда;
- Прилагодување на невребалниот момент кон наведените принципи на
рамноправна комуникација (доведување на себе си во исто ниво со
соговорникот со клекнување до него).
Авторитетот на лекарот и довербата на детето во него зависи од
односот на родителите кон лекарот и од претставата што детето ја создало за
докторот во тек на неговото досегашно животно искуство (ако не сте добри ќе
добиете инјекција ...).
Квалитетот на комуникацијата зависи од личноста на лекарот и
неговата способност да воспостави контакт со детето (предуслов е познавање
на психологијата за одредени фази од развојот на детето).
Односот дете-лекар има карактеристики на односот дете-родител.
120
- Постојано бараат лекарот да ги увери дека заболувањето на
нивното дете не е опасно;
- Љубомора кон докторот заради неговиот авторитет кај детето;
- Мајките во симбиоза се чувствуваат загрозени затоа што имаат
силен страв од одвојување.
Лекар кој може добро да се идентификува со родителите на болно
дете, да се соживее со нивната состојба, кој ја познава психологијата на
родител трауматизиран од болеста на детето и кој ги контролира своите
емоции во потребната мерка, ќе создаде поволен однос со родителите за
лекување на детето.
Бура од идеи:
Работа во групи
123
Практична работилница-реалција доктор-пациент
Цел на работилницата: Разбирање на можните видови на релации доктор-
пациент и нивните специфичности.
Бура од идеи:
Работа во групи
124
ПСИХОЛОШКО СОВЕТУВАЊЕ
Историја
Психолошкото советување, како повеќето модерни психолошки
гранки, се развива како последица на потребите на војската во САД по
Втората Светска Војна. Во ’40-тите и ’50-тите години на 20-тиот век војската
на САД креира гранка – Психолошко советување, сега позната како
Психологија на советување, која ги следи АПА стандардите.
Подоцна се креирани првите институти, постдипломски и докторски
студии од областа на Психологијата на советувањето на Универзитетит на
Минесота, Мисури, Универзитетот Каламбиа, Универзитетот на Тексас
(University of Minnesota; University of Missouri; Columbia University; and
University of Texas at Austin). Во последниве декади, како професија е
раширена низ сите земји во светот.
Важно е да се прави разлика помеѓу:
• Водење: давање информации;
• Советување: помош при решавње проблем и помош при адаптација;
• Психотерапија: промена на личноста.
Дефиниција на советување
Советувањето се користи да му помогне на клиентот да ги разбере
своите комуникациски проблеми и да најде начин да се адаптира и да се
справи со нив (Blood, 1995).
Личноста на советникот
• Најважен инструмент е личноста на советникот;
• Автентичност;
125
• Отвореноста на советникот води до тоа и клиентите да се отвараат за
своите проблеми;
• Јасност;
• Со подготвеност за вклучување и грижа;
• Толерантност и трпеливост;
• Искреност, осетливoст и флексибилност;
Во советувањето треба:
• Целта на советувањето да биде реална,
• Да постои почитување помеѓу советникот и клиентот.
Според Купер (Cooper, 1983) советувањето е взаемно истражување на
идеите, однесувањата и чувствата помеѓу советникот и клиентот и ги
вклучува клиентовите погрешни перцепции за реалноста и околината кои
креираат емоционални состојби кои го засегаат селф-концептот и
несогласувањето помеѓу неговите мисли и чувства.
Личноста на клиентот
• Со привремено изгубена способност за реална самопроценка;
• Неефикасен во секојдневен живот;
Со потреба за:
• Чувство за сигурност и заштитеност;
• Чувство за љубов и самопочитување;
• Актуелизација;
Со отпори и употреба на механизми на одбрана.
Сл.30
Интервенција преку комуникација
• Директна вербална (интелектуално ниво) – клиентот има потреба само
од поддршка за одредени идеи и решенија;
• Индиректна вербална (емоционално ниво) – зборовите се средство за
сокривање на емоциите;
• Диретна невербална – плачење, немир;
• Индиректна невербална – симптоми, знаци несвесни за клиентот
(тресење нога, грицкање нокти...).
Во советувањето за корекција на ирационалните мисли важно е:
• Да се креира атмосфера на доверба без цензура;
• Клиентот никогаш не е виновен за тоа како се доживува себеси;
• Фокусирање на клиентот не на проблемот;
• Истакнување на иднината, не минатото;
127
• Да му се помогне на клиентот да се справи со релапсите и чувството
на вина;
• Да се охрабрува клиентот да биде свој советник.
Цел на советувањето
P = permission/ дозвола
O= ownership/ поседување
W= well-being/ добросостојба
E = esteem (of self)/слика за себе
R = resilience/ отпорност
R = responsibility/одговорност
Фази во советувањето
Иницијална/ почетна
• Емпатија/ советникот да покаже разбирање и прифаќање;
• Почитување/ поради чувство на срам, чувство дека погрешиле,
незадоволство со себе;
• Експлорација на проблемот/ собирање информации;
• Цели и очекувања/ да се модифицираат нереалните очекувања;
• Оцена на мотивацијата на клиентот;
• Договор/ околу целите, број на средби;
• Автентитчност/ непосредност во комуникација;
• Конфронтација/ може прерано да го прекине контактот.
Средна/ насочена кон промени
• Проширување на свесноста;
• Разработка на добивка од промена;
128
• Оцена на препреки;
• Планирање на нови активности;
• Проба на нови активности;
• Емпатична комуникација;
• Конфронтација/ за демаскирање на значењата на однесувањата.
Терминална/ завршна
• Планирање на завршување на советувањето;
• Подготовка за соочување со слични проблеми во иднина;
• Антиципација на идни проблеми;
• Емпатична комуникација/ во однос на емоции при завршувањето.
Пречки во советувањето
Пречки од страна на советникот
• Пасивност на советникот;
• Доминантност на советникот;
• Претерано испитување;
• Забрана за плачење;
• Форсирање на социјална интеракција;
• Претерана љубезност;
• Интелектуализација;
• Морализирање,
• Употреба на професионални зборови;
• Употреба на груби зборови;
• Притисок.
Пречки во советувањето од страна на клиентот
• Отпор;
• Релациони конфликти и контратрансфер;
• Когнитивни дискрепанци;
• Погрешни информации;
• Нереално гледање на себе;
• Искривена перцепција на релациите;
• Ирационални стравови;
• Отфрлување на проблемите;
• Префрлување на одговорноста;
• Порешно гледање на алтернативите;
• Погрешна процена на последиците;
• Емоционални разлики и несовпаѓања.
129
Техники на советување
• Да му се помогне на клиентот да го види проблемот од друга
перспектива;
• Демистифицирање;
• Неосудувачко слушање;
• Парафразирање и сумирање;
• Охрабрување;
• Тешење и покажување емпатија;
• Разјаснување;
• Употреба на тишината.
Корисни прашања при советувањето
• Што прават?
• Отварање можност да сторат нешто друго.
Тренирање во текот на советувањето
а) Решавање проблеми;
б) Генерални комуникациски вештини;
в) Асертивност;
г) Вештини за справување;
д) Реалистички очекувања за успехот и можните рецидиви.
Видови советување
Советување насочено кон личноста
• Луѓето се позитивни, способни за промени;
• Имаат тенденција кон самоактуализација;
• Се работи со користење рефлексија.
Гешталтистички пристап
• Фокусирање на сегашноста, наместо иднината;
• Завршување на незавршените работи од минатото;
• Работа на подобрување на контактот;
• Празна столица, жешка столица, дијалог.
Трансакционен пристап
• Фокус на интеракциите во рамки на структурата на личноста;
• Играње игри и нивна функција;
• Свесност за животен скрипт.
Когнитивен пристап, разјаснување
• Рационално-емоционален пристап;
• Клиентот учи да ги препознава мислите, чувствата и однесувањата;
• Изложување;
130
• Десензитизација.
Реалитетен пристап
• Симптомите се одговорот на изборите;
• Фокус на одговорноста на клиентот;
• Советувањето е фокусирано на сегашноста.
Бихејвиорален пристап
• Фокус на актуелните проблеми;
• Советувањето е едукативно/ само-менаџирање;
• Условување;
• Учење по модел.
Редослед на активности при советувањето
• Ориентација/ од каде е проблемот;
• Анализа/ вредности, стандарди;
• Одлучување/ нови потреби;
• Планирање/ одредување цели;
• Акција и евалуација/ реализација на план, повратни информации.
Видови на психолошко советување
Советување насочено кон
• Решавање проблеми;
• Одлучување;
• Решавање актуелна криза.
Супортивно советување
Советување во криза
При акутна криза фокусот е на
• Телесните реакции;
• Емоции;
• Процена на ризик/ особено на суицид.
Групно советување
Советувањето во група им помага на клиентите со тоа што се слушаат помеѓу
себе, споделуваат заеднички искуства, истражуваат можности и си даваат
поддршка.
Цели на групното советување
• Создаваат безбедно место за изразување на сопствените емоции;
• Им помага на членовите да се чувствуваат подобро со самите себе;
• Го валидираат искуството на членовите;
• Зајакнуваат вештини за справување;
• Градат самодоверба и самопочитување;
• Учат динамика и адптација во група со рефлексија на општеството
131
Предности на групното советување
• Економичност;
• Подобрување на мотивацијата;
• Опасности од групното советување.
Опасности на групното советување
• Притисок на членовите;
• Неетичност.
Видови групно советување
• Отворени групи;
• Затворени групи;
• Пар;
• Семејство;
• Група хомогена според проблемот;
• Група хетерогена според проблемот.
Советување за советници
Може да биде во однос на:
• Мотивацијата за да се биде советник;
• Поддршка од други професионалци во работата;
• Справување со сопствени дилеми, проблеми;
• Справување со контратрансферот.
Corey „...советниците не можат да отворат врати за клиентите кои не ги
отвориле за самите себе.“
Важно е поради лични придобивки и професионален развој.
133
• Односот помеѓу медицинската дејност-професија и другите дејности
(прашањето на автономноста и доминантноста на медицинската
професија во однос на другите професии).
Сл.31
135
место, да се намали долготрајната невработеност и да се превенираат
причините за социјална изолација.
• Пошироко општество
• Системи
• Акцент на превенција
136
• Осврнување на „причините на причините“ – поттикнување луѓето да
имаат доволно вештини и контрола врз сопствениот живот и да можат
да го менуваат однесувањето.
• Здравствените нееднаквости
Сл.32
• Нееднаквости во здравјето
137
• Здравствените неизедначености се подвид на нееднаквостите кои
можат да се модифицираат, асоцирани со социјални неповолности и се
сметаат етички недоволно фер. Диспаритетите во здравјето,
нееднаквостите, се важни индикатори за здравјето во заедницата и
обезбедуваат информации за одлучување и имплементација на
интервенции за намалување на превентабилниот морбидитет и
морталитет .
138
Влијанието на социјалните детерминанти врз здравјето
Социјални категории
• Влијанието на возраста:
Детство
139
• Овие поврзаности се засилуваат со низок СЕС, но истовремено можат
да се подобрат со користење на одредени педагошки практики
сосредоточени на ученикот.
Прашања:
Влијание на родот
Теорија на етикетирање
• Болеста е етикета
Дефинирање на нормалност
• Отсуство на ментална болест;
• Контакт со реалноста и реалистична перцепција на себеси;
• Позитивна слика за себе и добар идентитет;
141
• Автономија и независност;
• Одржување нормални интерперсонални релации, капацитет за сакање;
• Способност за справување со стресни ситуации;
• Капацитет за раст и развој, самоактуелизација.
142
68% од луѓето се во
рангот од 15 поени
96% од луѓето се во (+/- ) од скорот 100
рангот од 30 поени
(+/- ) од скорот 100
Сл.33
- Сила (Која е нормална човекова сила?)
- Брзина (Која брзина на човекот сметаме дека е нормална?)
- Исхрана (Колку е нормално да се јаде во количина?)
- Флексибилност (Колкава е нормалната растегливост на човечкото
тело?)
- Емоционална осетливост (Колку е нормално да сме емоционално
осетливи?)
- Емпатија (Кое е нормалното ниво на емпатичност?)
- Смисла за хумор (Кое е нормално ниво на поседување смисла за
хумор?)
- Физичка атрактивност (Која е нормалната атрактивност во однос на
физичкиот изглед на човекот?)
143
Нормите не се објективни и стабилни, се менуваат низ времето и
културите. Базирани се на морал, лесно се злоупотребуваат, a културата има
значајна улога во нивно поставување.
Улогата на контекстот…
Секое однесување ако е извадено од контекстот е видено како
абнормално. Ако некој силно вика на фудбалски натпревар е сосема
нормално однесување, додека викањето на пр. во опера или во супермаркет е
сосема ненормално.
Сл.34
Се менува низ времето…
Социјалните верувања, што е нормално, се менуваат низ времето. Што
е девијантно во една генерација не е во наредната. Во 20-тите години на 20-
тиот век немажените девојки со бебиња биле сместувани во ментални
институции, а бебињата им биле одзeмани. Во актуелново време тоа е сосем
нормално.
Kултура…
Од една до друга култура нормалноста е различно видена, тоа се
нарекува – културни разлики. Зборувањето на невидливи личности и
суштества е ненормално во Европа, САД, но не и меѓу некои жителни на
Африка и Индија.
„Менталното здравје е состојба која подразбира реализирани
капацитети, нормално справување со стресот, продуктивно работење и
придонесување за општеството“ (WHO, 2005)
Сл.35
145
Сл.36
Информациите за здрав животен стил, вклучувајќи техники за
самопомош, помагаат во воспоставување чувство на контрола. Пристапноста
до службите за одржување здрав животен стил помагаат за резилиентноста /
отпорноста.
Самопомош
Препознавање и јасност;
Идентификување на предностите;
Рефлектирање за сопствените справувачки капацитети;
Мапирање лични и професионални ресурси;
Акционен план за самопомош.
146
- Кожни проблеми;
- Потење во сон;
- Запоставена хигиена.
Бихевиорални
- Неможност да стои во место;
- Често плачење;
- Никогаш нема доволно време;
- Постојана готовност нешто да се случи;
- Избегнување да работи или останување доцна на работа;
- Подолго работи помалку сработува;
- Неодлучност;
- Зголемена употреба на алкохол;
- Несреќни случаи;
- Промени во јадење – премалку, премногу;
- Грицкање нокти;
- Иритабилност;
- Слабо расудување;
- Губење интерес во релациите работни/емоционални/сексуални.
Емоционални
- Фрустрации;
- Анксиозност;
- Очај;
- Иритабилност;
- Лутина;
- Повреденост;
- Загриженост.
Когнитивни
- Тешкотии во донесувње одлуки;
- Проблеми во концентрацијата;
- Негативни мисли;
- Заборавност;
- Редукција во решавање проблеми;
- Повторувачки мисли;
- Глобална дисфункционалност;
- Губење смисла за хумор;
- Чувство за губиток;
- Осаменост;
- Осетливост на критика;
- Депресивност.
147
Самогрижа и предности од неа
- Разбирање и прифаќање на сопствените сили и слабости.
- Разбирање и рефлексија на сопствените реакции и чувства.
- Следење на сопствената интуиција.
- Кога е потребно има капацитети за самогрижа.
- Прифаќање на индивидуалните разлики и сличности.
- Јасно чувство за ред и давање предност на приоритети.
- Поефективно одлучување.
- Поздрав, баланс, меѓу приврзаност и дистанцирање.
- Редукција на стравовите од сопствените емоции и од реакциите на
другите.
Принципи на самогрижа
- Балансирање меѓу работа и одмор.
- Поставување приоритети.
- Имање контрола.
- Очекување на неочекувано.
- Делегирање на работата кога е потребно.
- Сигурност во себе.
- Оставање на грешките во минатото.
- Реалистички акциони планови.
- Акционен план за самогрижа.
- Регуларно извршување на обврските.
- Антиципаторно мислење за критичните ситуации.
- Идентификување стресори.
Самоподдршка
- Идентификување она што може да се промени;
- Разговарање со пријател при потреба.
149
ПСИХОСОЦИЈАЛЕН СТРЕС, СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО,
ЗЛОУПОТРЕБА НА ДЕЦАТА, НАСИЛСТВОТО ВО
ЗАЕДНИЦАТА, МЕЃУОДНОСИ И ОДРЖУВАЊЕ
Нивоа на трауматизација
- Примарна трауматизација – жртвата е директна цел на
агресијата (пр. обид за убиство, тортура, силување..).
Ссекундарна трауматизација – трауматизираниот има блиски
врски со директните жртви (пр. роднини или блиски пријатели на
убиен, исчезнат, силуван, малтретиран..).
- Терцијарна трауматизација – трауматизираниот не е блиско
поврзан со целниот објект, но доаѓа во контакт со примарно или
150
секундарно трауматизирани од други причини (сведоци, помагачи,
терапевти..).
• Децата и возрасните ги доживуваат трауматските настани различно
• Близината на настанот има поголем ефект на децата,
• Детското чувство за време е повеќе изменето.
Предшколски деца
(пасивност, беспомошност, страв од одвојување од родителите..).
Училишни деца
-когнитивни потешкотии (концентрација,фантазирање);
-емотивни потешкотии (грижа, чуство на вина, тага);
-нарушено однесување (пасивни и аспонтани или агресивни и со многу
барања).
Адолесценти
-предвремено пораснување, брзи промени во однесувањето, чувство на вина,
желба за одмазда.
151
ПСИХОСОЦИЈАЛЕН СТРЕС И ТРАУМА, РЕПЕРКУСИИ
НА ИНДИВИДУАЛЕН, СЕМЕЕН И НА ПЛАН НА
ЗАЕДНИЦАТА
На индивидуално ниво
- повлекување,
- депресивност,
- раздразливост,
- избувливост.
На семејно ниво
- создавање напнатост,
- запоставување на потребите на децата,
- насилство,
- круг на семејно насилство.
На ниво на заедница
- морална ерозија,
- криминал,
- агресивност.
Психосоцијалниот стрес и траума низ своите манифестации на
индивидуално, семејно и ниво на заедницита води до сложени меѓуодноси и
одржување. Имено, индивидуите кои се подложени на него имаат нарушено
семејно и социјално функционирање со што го затвораат волшебниот круг на
одржување на насилството и зголемување на општото ниво на стресот на
индивидуално, семејно и пошироко социјално ниво.
Семејно насилство
Семејното насилство подразбира која било форма на злоупотреба,
лошо постапување или занемарување што ги доживува дете или возрасен од
член на семејството, или некој со кого има интимна врска. Претставува акт на
насилство, казниво со закон. Семејното насилство може да вклучува
повторувачки тепања и нанесување повреди, психолошка и сексуална
злоупотреба, прогресивна социјална изолација, депривација и др.
Физичко насилство
- Туркање, буткање, удирање шлаканици, удирање со тупаници,
клоцање, давење;
- Напад со оружје;
- Држење, врзување или ограничување;
- Оставање на партнерката/от на опасно место;
- Одбивање помош кога партнерката/от е болен/на или повреден/а.
Психолошко насилство
- Закани за повредување;
- Физичка или социјална изолација;
- Екстремна љубомора и посесивност;
- Депривација/лишување;
- Заплашување;
- Деградација и понижување;
- Нарекување со разни имиња и постојано критикување, навредување и
потценување;
- Лажно обвинување, обвинување за сѐ;
- Игнорирање, отфрлување или исмејување;
- Лажење, прекршување на ветувањата, уништување на довербата;
153
- Брзо и непромислено возење заради заплашување и заканување.
Сексуално насислтво
• Присилување на партнерката на сексуални односи против нејзина
волја;
Глобална оптовареност
Последици
- Физички;
- Сексуални и репродуктивни;
155
- Психолошки и бихејвиорални;
- Смртни резултати;
- Економски влијанија;
- Влијание врз децата.
Превенција и третман
Служби за препознавање
Поддршка на жртвите:
- кризни центри,
- засолништа за малтретирани жени,
- индивидуално советување,
- помош при вработување или професионален тренинг,
- третман при злоупотреба на супстанции.
Правни и полициски реформи;
Зголемена јавна свест.
Напори засновани во заедницата:
- работа на терен,
- координирани интервенции во заедницата,
- превентивни кампањи,
- училишни програми.
Принципи на добри практики:
- осврнување кон насилството на сите нивоа,
- вклучување на жените,
- менување на институционалните одговори,
- повеќесекторски пристап.
Препораки за политиките:
- инвестирање во истражувања,
- засилување на неформалните извори на поддршка,
- интеграција со други социјални програми,
- инвестирање во примарна превенција.
156
- Дали вашиот партнер инсистира на секс кога вие не сакате или ве
прислилува?
- Сите ние дома се расправаме, што се случува кога вашиот партнер
и вие не се согласувате?
- Дали често се чувствувате уплашени од вашиот партнер?
- Дали вашиот партнер секогаш ви брани да излезете од дома, да
одите на работа, да се видите со пријателите, да се школувате?
- Вие спомнавте дека вашиот партнер употребува алкохол, дрога,
како тој се однесува тогаш?
- Дали тој некогаш вербално или физички ве злоупотребил?
- Дали имате дома оружје?
- Дали вашиот партнер ви се заканил кога ќе се налути дека ќе го
употреби?
157
• Психолошки (когнитивни нарушувања, злоупотреба на супстанции,
заостанувања во развојот, депресии, анксиозност, растројства во
јадењето и спиењето, хиперактивност, слаба самодоверба, суицидално
однесување и посттравматско стресно растројство).
159
ЛИТЕРАТУРА
1. Badenoch J., Communication skills in medicine, Journal of the Royal
Society of Medicine, Volume 79 October 1986, 565-569.
2. Barbara Korsch, M.D., The Intelligent Patient’s Guide to the Doctor-patient
Relationship, Oxford: Oxford University Press, 2005.
3. Bardosono S., Effective Communication Skill: Doctor – Patient
Consultation, Worl Nutrition Jurnal, 2018.
4. Beecher HK. Relationship of significance of wound to the pain
experienced. JAMA, 1956, 161:1609–13.
5. Bennett, P., An Introduction to Clinical Health Psychology. Buckingham:
Open University Press, 2000.
6. Bowling, A., Measuring Disease. Buckingham: Open University Press,
1995.
7. Boohaker, E.A. et al., Patient notification and follow-up of abnormal test
results: A physician survey. Archives of Internal Medicine 1996, February,
156 (3): 327-31.
8. Choundharu A., Gupta V., Teaching communications skills to medical
students: Introducing the fine art of medical practice, Article (PDF
Available) in International Journal of Applied and Basic Medical
Research, 2015, August, 5(4):41.
9. Coponen J. at all., Communication Skills for Medical Students: Results
From Three Experiential Methods, Article (PDF Available) in Simulation
& Gaming, 2014. July, 45(2): 235–254.
10. Feine J.S. et al., Memories of chronic pain and perceptions of relief Pain,
1988, 77(2): 137–41.
11. Ferrari R., Prevention of chronic pain after whiplash. Emerg Med J., 2002,
19(6): 526–30.
12. Fields H., Depression and pain: a neurobiological model. Neuropsychiatry
Neuropsychol Behav Neurol 1991, 4(1): 83–92.
13. Fong Ha J. at all., Doctor-Patient Communication: A Review, Ochsner J.,
2010, 10(1): 38–43.
14. Fordyce W.E., Behavioral factors in pain. Neurosurg Clin N Am, 1991,
2(4): 749–59.
15. Gamsa A., The role of psychological factors in chronic pain. II. A critical
appraisal. Pain, 1994, 57: 5–30.
16. Hansen G., Streltzer Ј., Тhe Psychology of Pain, Emerg Med Clin N Am,
2005, 23: 339–348.
17. Hoffman H.G., Patterson D.R., et al., Effectiveness of virtual reality-based
pain control with multiple treatments. Clin J Pain, 2001, 17(3): 229–35.
160
18. Horstman J., Flax P., Controlling chronic pain. Hippocrates 1999, May:
29–35.
19. Kurtz S., Doctor-patient communication: principles and practices. The
Canadian journal of neurological sciences, 2002.
20. Maslach C. Burnout: The Cost of Caring, Malon Books, Cambridge, MA,
2003.
21. McGuire S., Woolfson T., Cole A., Advanced Patient Communication
Skills for Doctors, Oxford Medical, 2015.
22. O’Dowd G., Doctor-Patient Communication: An Introduction for Medical
Students, Oxford: Oxford University Press, 2005.
23. Ogden J., Health Psychology: A Textbook. 3rd edn. Buckingham: Open
University Press, 2004.
24. Penny G., Bennett P., & Herbert M., Health Psychology: A Lifespan
Perspective. Amsterdam: Harwood, 1994.
25. Perera J., Effective Communication Skills for Medical Practice, Institut for
postgraduate medicine, 2015.
26. Ranjan P., Kumari A., Chakrawarty A., How can Doctors Improve their
Communication Skills? Journal of clinical and diagnostic research, 2015.
27. Rosenbaum E.E., MD. The Doctor Tells the Truth. Tokyo: Nan’Un-Do
Publishing Co.Ltd., 2000.
28. Rotter D. and Hall J., Doctors Talking with Patients/Patients Talking with
Doctors. Auburn House, 1992.
29. Skovholt T. The Resilient Practitioner Burnout and Compassion Fatigue
Prevention and Self-Care Strategies for the Helping Professions,
Routledge2016
30. Stroebe W., Social Psychology and Health. 2nd edn. Buckingham: Open
University Press, 2000.
31. Suchman A.L., et al. A model of empathic communication in the medical
interview. Journal of the American Medical Association (JAMA), 1997, p:
678-682.
32. Taylor S., Health Psychology. 4th edn. Boston: McGraw-Hill, 1999.
33. Toombs K., The Meaning of Illness: A phenomenological account of the
different perspectives of physician and patient. Kluwer Academic
Publishers, 1992
34. Vastag B., Scientists find connections in the brain between physical and
emotional pain. JAMA, 2003, 290(18): 2389–90.
35. Wong S., Lee A., Communication Skills and Doctor Patient Relationship
Department of Community and Family Medicine, The Chinese University
of Hong Kong, Medical Bulletin, 2006, March, Vol.11, No3.
36. Чадловски Ѓ., Медицинска психологија, Просветно дело, Скопје, 2004.
161