Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 1

*Вежби од лексикологија, стр.

118

Зборот има своја форма и содржина, што значи своја граматичка и лексичка страна.
Лексикологијата се занимава со лексичката, односно содржинската (внатрешната) страна на
зборот. Зборовите имаат две значења: граматичко и лексичко. Граматичкото значење значи
дека имаат: род, број, лице, време. Лексичкото значење на зборовите значи нивна врска со
предметите или појавите. Според лексичкото значење зборовите можат да бидат: синоними,
антоними, пароними, хомоними.

За да се потсетиш за лексичкото значење на зборовите согледај ја следната презентација!

https://prezi.com/rjav5l3k0mlb/presentation/

ВЕЖБИ

1. За следните зборови напиши синоними:

знаење ________________, работлив _____________________, паметен __________________,

ракоплеска ________________, дом ___________________.

2. Напиши ги антонимите на следните зборови:


здрав _________________, топло _______________, добар _____________,

бел ________________, висок _____________, благо _________, среќа _____________.

3. Ја прочитав првата глава од книгата. Ме боли главата.


Неодамна во нашиот град падна голем град.
Нагласените зборови во речениците се:
а) синоними б) антоними в) хомоними г) пароними
4. Зборовите суша - слуша се :
а) синоними б) пароними в) хомоними г) антоними
5. Објасни го значењето на зборовите кога имаат лексичко значње на хомоними:
мила, лак, јазик, коса.
На пример: Мила е моја најдобра другарка. Оваа девојка е многу мила.
6. Пронајди ги паронимите во следните реченици:
Во нашата библиотека нема речници.
Учениците не ги сфаќаат зависносложените реченици.

Вежбите да се испратат најдоцна до 7.5.2020

You might also like