Закон за безбедност во сообраќајот на патиштата

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 13

Универзитет “Св.

Кирил и Методиј”
Медицински факултет

Семинарска работа на тема:


Закон за безбедност на сообраќајот на
патиштата

Изработија Ментор
Марија Ристеска проф. д-р Фимка Тозија
Михаела Јаканоска
Аделиса Пепиќ
Емилија Стојкоска
Ивана Давчева
Тамара Георгиева
Тамара Контевска
Мартина Тодоровска
Хијние Ферати
Ерјона Сулејмани Скопје 2018
Структурата на законот е иманентна на материјата која што ја
регулира. Имено ,законот ги содржи :

Предметот на уредување на закон


Со овој закон се уредува безбедноста и заштитата на патиштата,
основните начела и меѓусебните односи на учесниците и другите субјекти
во сообраќајот на патиштата, правилата на сообраќајот на патиштата,
системот на сообраќајните знаци, опремата и сигнализацијата на
патиштата, должностите во случај на сообраќајна незгода, кандидати за
возачи, возачи, автошколи, испитни центари и возачки дозволи,
оспособувањето за управување и стекнување право на управување со
моторно возило и прекршочната постапка за деца, посебните мерки на
безбедност, организацијата и задачите на советите за безбедност на
сообраќајот на патиштата, евиденциите и заштитата на податоците,
прекршочните одредби и овластувањата за подзаконски прописи.

Значење на изрази
Во овој дел подетално ни се објаснуваат поимите и изразите од законот за
безбедност на сообраќајот на патиштата. Како пример може да се наведат
некои од изразите:

1. „Пат“ е сообраќаен објект на кој се врши сообраќај;

2. „Експресен пат“ е јавен пат кој е специјално изграден и наменет


исклучиво за сообраќај на моторни возила, означен со пропишан
сообраќаен знак, со најмалку по една лента за секоја насока и лента
за застанување, на кој сообраќајот може да се вклучи, односно
исклучи само на одредени и посебно изградени приклучоци и кој е
заштитен од пристап надвор од овие површини;
3. „Паркинг место“ е означен дел од паркиралиште кој е наменет
исклучиво за паркирање на едно возило;
4. „Тротоар“ е посебно уредена сообраќајна површина првенствено
наменета за движење на пешаци, која не е на исто ниво со коловозот
или од коловозот е одвоена на друг начин;

5. „Возила под придружба“ се возила кои се придружувани од


припадници на Полицијата или воена полиција, со посебни моторни
возила кои имаат уреди за давање посебни светлосни и звучни знаци
во црвена и сина боја;

Безбедност и заштита на патиштата,основни начела и


меѓусебни односи на учесниците и други субјекти во
сообраќајот на патиштата
Во оваа точка се регулираат безбедноста на патиштата и ни се прикажани
основните начела и меѓусебните односи на учесниците во сообраќајот,
нивните обврски и начинот на одговорно однесување кон другите субјекти
во сообраќајот, како и начинот на одговорно однесување кон патиштата и
незагрозување на безбедноста на истите.

Член 3
(1) Учесниците во сообраќајот не смеат да го оштетуваат патот или
објектите на патот и да го попречуваат сообраќајот.

(2) Прекршочен платен налог со глоба во износ од 330 евра во


денарска противвредност ќе му се издаде на учесникот во сообраќај
кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.

Член 14
(1) Правните и физичките лица кои изведуваaт работи на јавен пат се
должни да го обезбедат местото на изведување на работите,
работите да ги изведуваат без прекин и во согласност со
сообраќаен проект за времена измена на режимот на сообраќај,
како и да организираат наизменично пропуштање на возила од
спротивни насоки. Сообраќајниот проект за времена измена на
режимот на сообраќај не подлежи на ревизија.

Правила на сообраќај на патиштата


Овие правила се најобемниот дел и истите претставуваат основа на
законот, бидејќи го регулираат движењето во сообраќајот и обврските на
учесниците во сообраќајот. Непочитувањето на овие обврски претставува
прекршок кој е предвиден и санкциониран во делот за прекршоци одреден
во овој закон.

Член 17
(2) Учесниците во сообраќајот се должни да постапуваат во
согласност со сообраќајната сигнализација поставена на патот и
кога со тоа отстапуваат од прописите за правилата на
сообраќајот.

Член 18
(1) Оштетените возила, предмети и материи што можат да ја попречат
или загрозат безбедноста на сообраќајот, не смеат да се остават на
патот или да се фрлаат на патот или во заштитниот појас.

(2) Возачот е должен да ги отстрани од коловозот предметите кои од


неговото возило ќе паднат и предметите кои при запирањето на
возилото ги ставил на патот или во заштитниот појас.

Систем на сообраќаји знаци,опрема и сигнализација


на патиштатa
Овде подетално ни се објаснуваат сообраќајните знаци, како и опремата
која задолжително треба да ја поседува секој корисник на сообраќајот и
значењето на различните сигнали во различни ситуации во сообраќајот.
Уште во првиот став на Член 187, се наведува дека јавните патишта се
обележани со соодветни сообраќајни знаци, со кои на сите учесници во
сообраќајот им се соопштени соодветни забрани, правила, обврски и
ограничувања кои треба да ги почитуваат. Во спротивно следи соодветна
санкција пропишана со овој закон.

(4) На правното лицe надлежно за одржување на патот кое постапува


спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член, ќе му се изрече
глоба во износ од 2.000 евра во денарска противвредност.

Во ставот 3 се изнесуваат должностите на учесниците во сообраќајот,


според кои тие се должни да се придржуваат кон ограничувањата,
забраните и обврските кои ги имаат изразени со поставените сообраќајни
знаци, па соодветно на тоа имаме:

(6) Мандатен платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска


противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се
регистрираат 25 негативни бода согласно со одредбите од овој закон, на
учесник во сообраќајот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (3)
на овој член.

V. Должости во случај на сообраќајна незгода


Се разработуваат должностите на учесниците во сообраќајот во случај на
сообраќајна незгода, укажувањето на помош од страна на лице кое
затекнало сообраќајна незгода на оние на кои им е потребна
помош,потребата од непроменување на првобитната ситуација во која се
случила несреќата со цел зачувување на постојните траги, должноста на
возачот кој ќе затекне сообраќајна несреќа или незгода, по барање на
полициски службеник од Министерство за внатрешни работи, да го
преземе повреденото лице и да го однесе во најблиската здравствена
установа, како и ред други должности.

Член 217
(1) Во случај кога здравствената установа е известена за сообраќајна
незгода или примила на лекување лице повредено во сообраќајна
незгода, е должна за тоа веднаш да го извести Министерството за
внатрешни работи.

(3) Во случај кога возачот во сообраќајна незгода во која настанала


мала материјална штета на другото возило, поради отсуство на
возачот на другото возило, не е во можност да ги даде личните
податоци и податоците за осигурување на возилото, е должен за таа
незгода да го извести Министерството за внатрешни работи и да му
ги даде своите лични податоци и податоците за оштетеното возило.

Член 221
(1) Лицето кое учествувало во сообраќајна незгода, не смее да зема
алкохолни пијалоци, опојни дроги, психотропни супстанци и лекови
за кои е означено дека не смеат да се употребуваат пред и за време
на возењето додека не се изврши увид.

VI.Кандидати за возачи, возачи, автошколи, испитни


центри, возачки дозволи.
Се наведуваат условите за управување со моторно возило,забраните за
управување со возило доколку возачот е под дејство на опојни дроги или
психотропни супстанци,како и под дејство на алкохол. Понатаму, се
регулира работата на автошколите,основање на истите,условите што треба
да ги исполнува автошколата како би работела согласно законот,бројот на
возила со кои треба да располага автошколата, испитувањето и работата
во испитниот центар, полагање и реализирање на стручниот испит,се до
полагањето на возачкиот испит и осбособување на кандидатот за возач и
издавање на возачка дозвола.

Член 225
(1) Со моторно возило во сообраќајот на патот самостојно може да
управува само лице кое има важечка возачка дозвола издадена во
Република Македонија, странска возачка дозвола или меѓународна возачка
дозвола, во која е впишана категоријата во која припаѓа моторното возило.

(4) Со моторно возило во сообраќајот на патот не смее да управува


возач на кој му е истечен рокот на важноста на возачката дозвола

Член 228
(1) Возачот не смее да управува со возило во сообраќајот на патот,
ниту да започне да управува со возило ако е под дејство на
алкохол.

VII.Осбособување за управување и стекнување


право за управување со моторно возило и
прекршочна постапка за деца
Во делот за оспособување на детето за управување со моторно возило ,се
наведуваат неколку услови кои треба да се исполнат. Тука се возраста на
детето, која треба да биде над 16 години,поседување на лична карта,
потврда од училишниот педагог и психолог за способноста на детето,
односно уредноста на неговото психофизичко здравје, детето да има
завршено основно образование, со одличен успех од претходната учебна
година,да има согласнот од двајцата родители или старатели.Детето кое ќе
се стекне со право за управување на возило и притоа има возачка дозвола
од ,,В,, категорија, истото не смее да управува со возилото во период од
20:00 – 05:00 часот, освен ако во возилото го придружува родител или
старател. Во врска со прекршочната постапка за деца,доколку полициски
службеник увиди дека е направен прекршок од страна на дете, тогаш ќе
постапи согласно со посебен закон.

Член 331
(2) Оспособувањето за управување со моторно возило на дете се врши
согласно со одредбите од овој закон, со зголемен број наставни часови од
практичниот дел на наставната програма за 30% во однос на бројот на
наставни часови од практичниот дел на наставната програма предвидени
за останатите кандидати за возачи.

Член 332
Дете може да се стекне со право на управување со моторно возило од „Б“
категорија, доколку ги исполнува условите од членот 331 од овој закон и
има положен возачки испит за управување со моторно возило од „Б“
категорија

(2) За прекршоците сторени од страна на дете надлежен е суд.

VIII.Посебни мерки за безбедност


Со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот,согласно овој
закон,полицискиот службеник може да го подложи возачот или возачот
инструктор на испитување со помош на соодветни средства и
апарати(алкомер) или да го одведе на стручен преглед со цел проверување
дали возачот е под дејство на алкохол или опојни дроги. Возачот е должен
да се подложи на испитување,односно на стручниот преглед на кој е
упатен.Ваквите прегледи опфаќаат проверка на крв и урина.Соодветно на
ова, доколку се утврди дека возачот или возачот инструктор е под дејство
на алкохол, дроги или било кој вид на лекови кои не смеат да се
употребуваат за време на управување на возило, возачот е подложен на
глоба во износ од 400 евра, 60 негативни поени и забрана за управување
на моторно возило во рок од три месеци до една година. Во посебните
мерки за безбедност спаѓаат и одземнање на возачка дозвола на лице чие
возило не е регистрирано или нема пропишани регистарски таблички.
Доколку возилото е паркирано на место каде го попречува нормалниот тек
на сообраќајот или е паркирано во хортикултурно уредени површини,
тогаш полициските службеници имаат право да го отстранат возилото и да
го пренесат на друго место на штета на сопственикот. Доколку лицето кое
управува со возилото не носи соодветна зимска опрема во зимски услови
на патот, полицискиот службеник може да го запре возилото, со што на
сопственикот му се пишуваат негативни бодови и исто така плаќа
соодветна глоба.

Член 361
(4)Мандатен платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска
противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе
му се регистрираат 25 негативни бодови согласно со одредбите од
овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбата од
ставот (1) на овој член.

Член 360
(1) Возилата во сообраќајот на пат задолжително треба да ги
исполнуваат пропишаните услови во однос на затемнување на
стаклата.
Член 366
(1) Заради развивање и унапредување на безбедноста во сообраќајот,
остварување соработка и координација во развивање на сообраќајна
превенција и самозаштита со граѓаните, како и иницирање на
потребни мерки за поголема безбедност и унапредување на општата
безбедност во сообраќајот на патиштата во Република Македонија,
правните лица чија основна дејност е непосредно поврзана со превоз
на лица и стоки во сообраќајот на патиштата, на своите возила треба
да имаат посебна
налепница за превенција во сообраќајот пропишана од
Министерството за внатрешни работи.

IХ.Oрганизација и задача на совети

Со цел унапредување и развивање на сообраќајното образование и


воспитување на учесниците во сообраќајот, како и остварување на
интеракција и координација на сообраќајно- превентивната работа и
заштита, како и унапредување на општата безбедност, во Република
Македонија функционира Републички совет за безбедност на сообраќајот
на патиштата.

Член 371
(1) Задачи на советите од членот 370 од овој закон се особено: -
унапредување на работите сврзани со безбедноста на сообраќајот на
патиштата; - унапредување на сообраќајното воспитување и образование
на учесниците
во сообраќајот и развивање на сообраќајно-образовната работа на
предучилишните установи и училиштата; - остварување на соработка и
координација во превентивната работа на државните органи,
институциите, правните лица и другите субјекти по прашањата на
самозаштита во областа на сообраќајот на патиштата; - организирање и
учество во сообраќајно-воспитни акции и манифестации од областа на
сообраќајната превентива; - поттикнување, развивање и помагање на
научно-истражувачка работа во областа на сообраќајот на патиштата; -
набавка и издавање на сообраќајно-воспитни публикации, филмови и
слично; - организирање на научни и стручни собири за работа од областа
на безбедноста на патниот сообраќај и - соработка со средствата за јавно
информирање, заради навремено, целосно и објективно информирање на
јавноста за мерките за унапредување на сообраќајната превентива и
безбедноста на сообраќајот на патиштата.

(2) Републичкиот совет го координира, одобрува и финансира


реализирањето на задачите на општинските совети и советот на
градот Скопје од ставот (1) на овој член, кои претставуваат составен
дел на Годишната програма за работа на Републичкиот совет.

Член 375
(1) За унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата,
Собранието на Република Македонија донесува Национална
стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата, за период од
пет години.

X.Евиденција и заштита на податоци


Министерството за внатрешни работи води евиденција на одземени и
издадени лиценци на испитни центри и автошколи. Во евиденцијата се
опфатени податоци како број на лиценца, назив на правно лице на кое му е
одземена лиценцата,седиште на правното лице на која му е издадена
односно одземена лиценцата,забрана за работа од/до на правното
лице,причина поради која била одземена лиценцата. Личните податоци
содржани во евиденцијата се чуваат во тајност. Во однос на секоја
операција или збир од операции што се изведуваат врз личните податоци,
а во врска со нивното собирање, внесување, евидентирање, ажурирање,
организирање, чување, промена, повлекување, употреба, откривање преку
пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, блокирање,
бришење или уништување, како и која било друга обработка на личните
податоци која произлегува согласно со овој закон се применуваат
прописите од областа на заштита на личните податоци.

XI.Прекршочни одредби

Во случај кога полициски службеник ќе утврди дека е сторен прекршок, на


лицето кое го извршило прекршокот,со овој закон е предвидено издавање
на мандатен платен налог,му се издава мандатен платен налог во кој се
наведени дејствијата од кое произлегува правното обележје на
прекршокот, лично име и презиме, место на живеење,ЕМБГ, место и време
на остварување на прекршокот,износот на глобата, број на сметка за
плаќање,правна поука,а сторителот на прекршокот е обврзан во рок од 8
дена од денот на врачување на мандатниот платен налог да ја плати
глобата. Во овј дел се објаснети и последиците од неплаќањето на истата.
(7) Сторителот којшто со заминувањето заради престој во странство би
можел да го одбегне плаќањето на глобата, е должен веднаш да ја плати
глобата изречена со прекршочниот платен налог.

(8) Ако сторителот не ја плати глобата во рокот од ставот (4) на овој член,
полицискиот службеник поднесува барање за поведување на прекршочна
постапка до надлежниот суд, односно прекршочен орган.
Возач кој не поседува возачка дозвола, а стори прекршок од ставот (1) на
овој член, забраната на управување со моторно возило опфаќа забрана за
стекнување на возачка дозвола од најмалку една година.

Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата исто така претставува


бланкетна норма ,чие непочитување, поврзано со настанување на штета од
големи размери или најмалку телесна повреда нанаесена на некој од
учесниците ,претставува важен елемент на кривичното дело. Во
кривичниот законик во членот 297 и член 300, се стипулирани одредби
коишто укажуваат на тоа дека непочитувањето на некоја одредба, односно
бланкетна норма од ЗБСП претставува кривично дело . тоа се кривичните
дела- загрозување на безбедноста во сообраќајот на патиштата од член 297
и тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од
член 300 од кривичниот законик. Основните разлики помеѓу овие две
кривични дела е видот и карактерот на здобиената телесна повреда,
настаната поради непочиување на одредбите од Законот за безбедност на
сообраќајот на патиштата.

You might also like