Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

ПОЛОЖБАТА НА МАК ВО ГРЦИЈА

1. Македонците во периодот на Македонската диктатура (1936-1940)


 Со воведувањето на диктатурата на Јоанис Метаксас во 1936г, Генералот Метаксас строго ја забранил
употребата на македонскиот јазик не само во секој дневниот живот , туку и во рамките на семејството . За
секој македонски збор искажан јавно , надвор или во кругот на семејството , следувале тешки казни
 Македонците биле принудени да ги посетуваат т.н. вечерни училишта и принудно да учат грчки јазик .
 За да го принудат македонското население да зборува на грчки јазик и во семејствата , грчките џандари
ноќе ги прислушкувале Македонците по селата .
 Поради кршењето на забраната за користење на македонскиот јазик во селата или во тесниот круг на
семејството , повеќе од 5 000 Македонци биле осудени и затворени .
 Режимош на Јоанис Метаксас за македонскиот народ имал фашиситички карактер .
2. Македонците и Грчко- италијанската војна
- Со почетокот на Грчко-италијанската војна и борбата меѓу грчкиот и италијанскиот фашизам,
Македонците објективно се определиле.
- Тие не се ставиле во служба на италијанскиот фашизам , ниту , пак , со воодоошевување учествувале во
одбрана на еден режим што толку упорно ги прогонувал .
- Мобилизирани , Македонците учествувале во борбите кај Иван Планина, Морава и др . места .
3. Македонците во периодот на Втората светска војна(1941-1944)
- Делот на Македонија под Грција бил поделен помеѓу Бугарија , Италија и Германија .
- Бугарија добила делови од источниот дел со регионот Струма и островите Тасос и Саматраки , Италија
добила делови од : Леринско, Костурско и Кожарско, а централниот дел на Македонија ( Солунско ,
Кукушко , Воденско и Гуменциско ) останале под германска управа и под грчката предавничка влада
- Македонците во текот на војната се вклучиле во антифашистичката борба кои политички и воено
дејствувале во рамките на КПГ .
- Во текот на НОВ , Македонците успеале да формираат свои воено-политички организации , но под
иницијатива и контрола на КПГ .
- Во 1942 година во Воденско била формирана Македонска антифашистичка организација - МАО .
- Во 1943 година во Костурско бил формиран Славјано - македонски народноослободителен фронт ( СНОФ )
, а во с . Бел Камен се формирал СНОФ за Леринско
4. Афирмирање на Македонските културни вредности
- Во текот на НОБ во Егејска Македонија биле издавани македонски весници како : Славјано македонски
глас , Искра , Победа , Слобода и др .
- Се отворале курсеви за народни учители , се создала македонска азбука , се издал буквар и македонска
читанка и се отвориле првите македонски училишта . Македонскиот јазик бил воведен и во богослужбата
- Македонскиот јазик успешно го афирмирале и македонски уметнички друштва кои низ Македонските
села го презентирале македонскиот фолклор , македонските песни и други културни вредности .
- Кај Македонците особено силен впечаток оставила изведбата на драмата Македонска крвава свадба од
Војдан Чернодрински.
- По 1945 година , сите придобивки биле повторно укинати од грчката држава и Грција ја продолжила
традиционалната политика на денационализација и асимилација на македонскиот народ од овој дел на
Македонија .

You might also like