39 Вежби- учтиво барање со модалниот глагол "can"

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

План за час по англиски јазик

Одделение второ одделение


Модул / тема бр.5- Food! (Храна и главни оброци!)
Наставна единица Вежби- учтиво барање со модалниот глагол “can”
Датум
Наставник
Цели на часот Ученикот да може:
 да се потсети и да ги увежба зборовите со кои се именува некој вид
храна
 да ги увежба прашањата со глаголот “can” и соодветните
одговори (A:Can I have an ice cream, please? B:Yes, sure. /No, I’m
sorry.)
Фази на часот Активности
Воведен дел (10 мин) Наставникот распоредува флеш карти низ училницата. Потоа, наставникот
вели “I like (pizza).” И доколку и на учениците им се допаѓа истото брзаат
да ја допрат картичката на која е претставен поимот.
Главен дел (20 мин) Наставникот ги поучува новите зборови со кои се именуваат оброци во
текот на денот (breakfast, lunch, dinner, supper). Учениците ги повторуваат
зборовите повеќе пати увежбувајќи го нивниот изговор.
Наставникот со употреба на флеш карти ги поучува прашањата со
модалниот глагол “can” со кои се искажува учтиво барање (на пр. Can I
have an ice cream, please?) и кратките одговори на овие прашања (Yes,
sure. /No, I’m sorry.).
Во парови, учениците ги увежбуваат прашањата, а наставникот им помага
доколку има потреба од тоа.
Завршен дел (10мин) Наставникот дистрибуира наставно ливче на кое се дадени главните
оброци во текот на денот. Учениците ја цртаат нивната омилена храна која
ја јадат за појадок, ручек и вечера.
Наставни средства Учебник, училишен прибор, табла, креда, флеш карти, CD, CD плеер,
и помагала наставно ливче и сл.
Наставни методи и Природен метод, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, метод на
форми на работа комуникација, фронтална работа, работа во заедница, работа во парови,
индивидуална работа

Корелација со други со македонски јазик (значењето на зборовите)


наставни предмети
Додатна активност На лист хартија учениците ги цртаат видовите храна и пијалоците кои им
се допаѓаат и кои не им се допаѓаат.
Методи, форми и Постојано следење на активноста на ученикот( усвоеност на вокабуларот,
инструменти за составување едноставни искази, учество во кратки дијалошки ситуации),
оценување и усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација,
вреднување на наставно ливче и сл.
работата на
учениците
Очекуван исход Ученикот именува некои видови храна и поставува и одговара на да/не
прашања употребувајќи го глаголот “like” (Do you like…?).

Рефлексија на часот Учениците ги усвоија предвидените зборови и ги увежбаа истите преку


едноставни искази со глаголот “like” во кои се искажува допаѓање. Тие ги
усвоија и увежбаа да/не прашањата со глаголот “like”, но на дел од
учениците им беше потребна помош при учеството во кратки дијалошки
ситуации. Сите ученици учествуваа во предвидените активности, а
најинтересна им беше активноста во парови. Кога би го повторила истиот
час би можела да применам видеозапис со некои видови храна
http://www.youtube.com/watch?v=jQ0FwgtDKu8 или интерактивна игра која
би можеле да ја играат учениците во групи
http://www.angles365.com/classroom/fitxers/3r/food/food.swf .

You might also like