Жан Валжан

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Жан Валжан,виновен или не?!

Романтизмот во литературата се јавува по буржуаската револуција (1789) на


преминот помеѓу XVIII и XIX век и како реакција на претходната стилска
формација,означено со терминот класицизам.Станува збор за сложено движење,кое
нема единствен развиток во различните земји и културни средини во
Еворпа.Меѓутоа,сепак е можно да се определат некои негови основни тенденции, како
што се:мистиката,незадоволството од сегашноста и копнеж по нешто ново и
непознато,враќање кон минатото(култ кон минатото),творечки
индивидуализам,сликање на убавината на жената,полна слобода во
творештвото(мешање на жанрови),свртување кон традиционалното творештво...

Зборот романтизам бил општоприфатен во Франција,откако францускиот


писател Стендал се нарекол романтичар.Еден од најпознатите француски писатели е
Виктор Иго.Тој е гигант на светската литература,автор на многу прозни,поетски и
драмски дела,а за негово најпознато дело се смета Клетници.Романот
„Клетници„ требало првобитно да се вика „Мизерии„.Во Клетници пишува за тоа како
општеството може да влијае негативно и да ги преобрази чесните и достоинствени
граѓани,во криминалци и проститутки.Тоа можеме да го согледаме преку суровата
судбина на Жан Валжан кој бил чесен човек кој се трудел да ги издржува неговата
сестра и нејзините седум деца и за да не ги остави гладни се жртвувал и со неговата
тупаница го скршил излогот на пекарата Мобер Изабо и украл парче леб.За ова дело
тој бил осуден на 5 години затвор,но поради неколкуте негови обиди за бегство
робијата нараснала на 19 години.Жан Валжан во затворската ќелија влегол со страв и
трепет,но од неа излегол железен.Влегол очаен а излегол мрачен.Во затворот требало
да врши напорна физичка работа и под влијание на синџирите и
малтретирањето,сфатил дека наравил непромислено дело.Под влијание на бискупот
Мигел,Жан Валжан се заколнал дека целосно ќе се преобрази и ќе почне да прави
добри дела за да се искупи за лошите дела што ги направил во животот.Жан Валжан се
преобразил во господин Мадлен кој отворил фирма во Монтреј на Море,во која
пробал да ги вработи сите жители во тој предел.Еден ден се сретнал со кутрата
Фантина која имала туберкулоза и започнал да се грижи за неа.Таа му кажала дека има
ќерка која ја оставила кај „добрите„ гостилничари Тенардиеви,за да заработи пари па
да се грижи за неа.По смртта на Фантина,Жан ја откупил Козета од Тенардиеви и
почнал да се грижи за неа.Тој постојано го ставал животот на Козета пред
неговиот,постојано заштитувајќи ја.Жан Валжан и Козета им носеле облека,храна и
пари на оние на кого им било потребно.На крај кога ја венчал Козета со Мариус,тој
напишал дека Козета била сираче како мала и дека тој само се грижел за неа,само за
да ја спречи директната поврзаност со него(за да ја заштити).

Сите постојано правиме најрзалични грешки,некои поголеми,некои помали.И


покрај грешките што ги правиме најважно е од нив да извлечеме поука за да не ги
повторуваме,но и да се покаеме за нив.Жан Валжан на почетокот бил обвинет и
етикетиран како робијаш со жолт пасош,но на крај тој од неговите гревови извлекол
поука и до крајот на својот живот правел добри дела за другите за да си ја искупи
грешката.

You might also like