Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

ПОЈАВА И ШИРЕЊЕ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО НА БАЛКАНОТ И ВО

МАКЕДОНИЈА
Светиот Апостол Павле најпрво дошол во Македонија, потоа во
Хелада и Илирик и од тука христијанството заочнало да се шири на
Балканот.
Кон средината на првиот век од н.е. Павле неколкупати престојувал во
Македонија. Св.Лидија е првата Македонка која го примила
христијанството. Најпрвин проповедал во градот Филипи, а потоа во
Солун (Тесалоника). Во Македонија христијаните основале
христијански општини. Тоа биле првите христијански заедници во
Македонија, но и во Европа. Има 3 посланија од Светиот Апостол
Павле до христијанските општини во Македонија: едно до
Филипјаните, а две до Солуњаните. Во почетокот христијание
служеле скришно, во катакомби и пештери, а потоа граделе свои
храмови – цркви, каде што ја проповедале својата вера. Такви цркви
биле изградени во Баргала кај Штип, во Хераклеја (Битола), во Стоби
кај Велес, во Лихнидос (Охрид) и на други места. Од Македонија,
апостолот Павле заминал за Хелада, каде што продолжил да го шири
христијанството. Најпрвин бил во Атина, па потоа во Коринт основал
христијанска општина.
Од средината на I век од н.е., христијанството започнало да се шири и
во Илирик, и тоа најпрвин во крајбрежјето. Градот Дирахион бил
епископско седиште. Од крајбрежните илирски градови се вршела
христијанизација во внатрешноста на Земјата. Била основана црковна
организација. Секој поголем град имал свој епископ (владика). Се
граделе христијански цркви и крстилници со раскошни мозаици.
Христијански цркви биле изградени во многу илирски градови, како:
Билис, Саранда, Аполонија и Дирахион. Со примањето на
христијанството, Илирите се вброиле во редот на културните и
напредни народи во римското царство. Кон крајот на четвртиот век,
христијанството станало главна религија во Византиското Царство.
Христијанството ќе се прошири и во другите земји во светот и ќе
изврши големо влијание врз развојот на светската култура.

You might also like