Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Поим за движење и брзина

Рамномерно праволинсико движење

Кога ѓе погледнеме на улица забележуваме дека автомобилите се движат,


ние се движиме , , се движат и небесните тела , Земјата се врти околу својата оска
и се движи околу Сонцето. Се движат и честичките и молекулите во
сустанициите. Значи сите тела во природата се во непрекинато движење.
Ние кога стоиме на улица, односно кога мируваме мируваме во однос на
автомобилите кои се движат , во однос на улицата но сепак се движиме заедно со
Земјата. Значи кога се движат автомобилите тие се движат во однос на телата
кои се релативен мир , односно во однос на куќите или дрвјата покрај улицата.
Значи положбата на автомобилот се менува во однос на дрвјата иили куќите.
Едно тело мирува или се движи се одредува во однос на тоа дали тоа ја
менува положбата во однос на другите тела. Па така промента на положбата на
телата во однос на другите тела се нарекува механичко движење.
Телата во однос на кои ја разгледуваме положбата на другите тела се
нартекуваат референтни тела. На пример движењето на автомобилот го
разгледуваме во однос на дрвјата кои мируваат. Бидејќи тие во однос на
автомобилите мируваат но се движат заедно со земјата. Сега тие се референтно
тело за да го разгледаме движењето на автомобилите.
Линијата што ја опишуваат телата при движењето , односно линијата што ги
поврзува местат низ кои минува телото се нарекува патека или траекторија.
Во однос на формата на патеката движењата можат да бидат
праволиниски или криволиниски.
Должината на линијата односно патеката по која се движело телото се вика
изминат пат ( s). Основна мерна единица за пат е метар (m).
Кога стоиме на улчицата можеме да забележиме дека автомобилите,
велосипедистите , пешаците се движат со различна брзина, односно еден ист пат
можат да го поминат за пократко или подолго време едни во однос на други.
Тоа значи дека сите имаат различна брзина на движење.
Брзината е физичка величина се која се определуваат состојбите на
телото по траекторијата по која се движи. Брзината зависи од патот кој треба да го
поимине телото и времето за кое го поминува тој пат.
Брзината е векторска величина.
Ознака за брзина е ᴠ .

s
V=
t
Основна мерна единица за брзина е m/ s . Поголема мерна единица кој
ќе ја користиме е km / h.
Преку бризната можеме да согледаме како се движи едно тело. Доколу
брзината не се менува во текот на движењеето движењето е рамномерно, а
доколу се менува во текот на движењето тогаш тоа движење е промениливо.
Рамномерно праволиниско движење е движењето кога телото за еднакви
временски интервали изминува еднакви растојанија.

You might also like