Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 3

Закон за рефлексија.

Примена на законот за рефлекија

Светлината се простира праволиниски во сноп од светлински раци. При


тоа во зависност на кое тело ќе наиде светлината при простирањето правецот
на свтелина се менува.

Некои тела целосно ја впиваат светлината - апсорпција , некои ја


пропуштаат и таа појава се вика транспаренција, додека пак од некои тела
свтелината се одбива – рефлексија. Ние ги гледаме предметите бидејќи
зраците кои се одбиваат од нив доаѓаат до нашите очи. Значи светлината се
рефлектира од предметите.

Одбивањето на свтелината од нерамна површина се нарекува дифузно


одбивање. Кај рамните површини светлината се одбива според законот за
рефлексија . Под рамна површина се подразбира секој добро исполирана
површина (метал или стакло па и мирна водена површина).

При одбивањето на зракот рамно огледало како на сликата

се прикажани упадниот зрак, упадниот агол, одбиениот зрак и одбиениот


агол. Нормалата се повлекува во упадната точка на зракоткој упаѓа на
огледалото. Упаден агол е аголот кој го зафаќа упадниот зрак и нормалата
додека одбиениот агол е аголот кој го зафаќа одбиениот (рефлектиран ) зрак и
нормалата . Значи зраците кои паѓаат врз рамното огледало се одбиваат
според законот за одбивање.Законот за одбивање на светлината кја рамно
огледало гласи:

Светлинскиот зрак кој паѓа на рамно огледало се одбива така што аголот
на паѓање ( упаден агол α ) е еднаков со аголот на одбивање ( одбиен агол β
) .Упадниот зрак, нормалата и одбиениот зрак лежат во иста рамнина.

α=β

Лик кај рамно огледало.

Кога ние се гледаме во оглдало нашата десна рака ни изгледа како


лева . За да се објасни формирањето на ликот кај рамно огледало ќе
користиме зраци кои поаѓаат од предметот. На сликата е означен предмет (P) и
лик (L ).

Од предметот од една негова точка тргнуцаат три зрака и тоа:

1.зрак кој се движи по нормалата и се одбива по остиот правец

2 и 3 . Зрак кој упаѓа по одреден агол и се одбива по истиот агол според


законот за одбивање на светлината од рамно огледало.

Ликот кој се добива на огледалото е :

-еднаков по големина како и предметот

-на еднаква одалеченост од огледалото како и предметот до огледалото

-спротивен на предметот односно левата страна на предметот е десна


за ликот и обратно

-имагинарен - нераелен бидејќи се добива во продолжение на


одбиените зраци.

Одбивањето на светлината е искористено на автопатите односно на


столбчињата поставени по краевите на автопатот т.н мачкини очи . На нив кога
ќе упадне светлината од автомобилите се рефлектира и тука се гледа крајот на
автопатот.
( во учебникот делот кој се однесува на одбивање на светлината)

You might also like