Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 22

ИНСТИТУТ НА ОВЛАСТЕНИ

РЕВИЗОРИ НА РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

ИСПИТ

ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА

28 јуни, 2019 година, Скопје

Времетраење: 3 часа

Испитот е составен од два дела

Дел A – 20 прашања со повеќекратен одговор, секое прашање носи 2 поени


Вкупно поени за дел A = 40 поени

Дел Б – Сите прашања треба да се одговорат


Вкупно поени за дел Б = 60 поени

Дозволено време за читање на испитниот материјал е 15 минути. Во текот


на времето доделено за читање, забрането е да се прават пресметки или
белешки.

Сите пресметки кои се користени за добивање на соодветните износи задолжително да се


прикажат во испитната тетратка.

Испит – Законска регулатива Скопје 28 јуни, 2019 година страна 1 од 22


ДЕЛ A – 20 Прашања со повеќекратен избор,
2 поени за секое прашање
1. Во 2018 година Друштвото остварило загуба во износ од 600.000 МКД. Во 2019
година донесена е одлука за распределба на добивката од 2013 година која
изнесува 1.300.000 МКД и истата се распределува:
 За покривање на загубата од 2018 година, износ од 600.000 МКД
 За исплата на дивиденда, износ од 400.000 МКД
 Како нераспределена добивка останува износот од 300.000 МКД
Колку изнесува данокот на добивка што треба да се плати.
А МКД 60.000
.
Б. МКД 40.000
В МКД 30.000
.
Г. МКД 100.000
(2 поена)
2. Странско правно лице врши услуга длабинска анализа на финансиското работење
на Министерството за здравство. Кое од следните тврдења во врска со данокот на
додадена вредност е точно:
А. Македонски ДДВ не се должи затоа што странското правно лице
не е регистриран за ДДВ во Македонија
Б. Македонски ДДВ се должи и треба да го пресмета странското
правно лице без оглед на тоа што не е регистриран ДДВ
обврзник во Македонија
В. Македонски ДДВ се должи и тој треба да се пресмета и плати од
страна на на примателот на услугата – Министерството за здравство
Г. Македонски ДДВ не се должи и никој не го пресметува
(2 поена)
3. За кој од следните видови личен доход не се плаќа данок на личен доход:
А. Доход од права од индустриска сопственост
Б. Исплата на дивиденда на физички лица
В. Доход од продажба на собрани лековити билки и шумски
плодови, остварен од физичко лице
Г. Исплата по основ на деловна успешност на работодавачот
(2 поена)
4. Најнискиот износ на бруто плата на кој мора да се платат давачките врзани за
бруто платата се однесуваат на:
А. Придонесот за пензиско осигурување и персоналниот данок од плата
Б. На сите придонеси кои се плаќаат од платата
В. Само на персоналниот данок од плата
Г. Придонесите и персоналниот данок од плата

Испит – Законска регулатива Скопје 28 јуни, 2019 година страна 2 од 22


(2 поена)

5. Физичко лице резидент на Македонија – наследник во втор наследен ред добило во


наследство куќа чија пазарна вредност изнесува МКД 2 милиона, а набавна
вредност во моментот на набавка од оставителот била МКД 1 милион. Имотот се
наоѓа во Виена и физичкото лице платило данок во износ од МКД 200.000.
Кое од следните тврдења наведени подолу е точно?
А. Физичкото лице ќе добие право на даночен кредит од МКД
160.000 колку што изнесува разликата меѓу данокот што е
пресметан и платен во Австрија и данокот што би се платил
во Македонија.
Б. Физичкото лице е обврзник на доход од остварена капитална
добивка во Македонија независно од тоа што е платен данок
на наследство во Австрија.
В. На физичкото лице ќе му се признае данокот платен во
Австрија до висината на данокот кој би се пресметал во
Македонија.
Г. Ниту едно од претходните.
(2 поена)

6. Данок на доход на капитална добивка од продажба на недвижен имот се плаќа кога


физичко лице:
А. Продава недвижен имот стекнат како наследство кој е
ослободен од плаќање данок согласно Законот за даноците
од имот
Б. Продава недвижен стекнат по пат на денационализација
В. Продава недвижен имот стекнат пред истек на една година
од набавката на истиот
Г. Продава свој имот на својот брачен другар.
(2 поена)
7. Само во еден од случаите странско правно лице не конституира постојана деловна
единица за потребите на данокот на добивка во Македонија.
А. Работа на градежен локалитет во траење од 10 месеци
Б. Давање на консултантски услуги кои во континуитет траат
повеќе од 90 дена
В. Одржување на редовни залихи во Македонија од кои друго
лице кое не е независен агент редовно испорачува од тие
залихи во име на странското правно лице
Г. Работа на градежен локалитет во траење од 5 месеци
(2 поена)
8. Само едно од наведните тврдења во врска со акцизениот склад е точно. Кое?
А. Акцизен склад е место од кое единствено може да се

Испит – Законска регулатива Скопје 28 јуни, 2019 година страна 3 од 22


продаваат акцизни производи.
Б. Акцизен склад е место од кое не смее да се продаваат
акцизни производи.
В. Акцизен склад е место во кое имател на акцизна дозвола
произведува, складира, прима или испраќа добро подлежно
на акциза во постапка на непостоење на услови за
настанување на акцизен долг.
Г. Ниту едно од наведените.
(2 поена)
9. Кој од следните настани не предизвикува обврска за доставување исправка на веќе
доставена ДДВ пријава за предходен ДДВ период:
А. Промена на даночна основа за предходен период заради враќање на
добрата
Б. Грешка во пресметка на ДДВ за веќе испорачани добра
В. Промена на цените откако бил извршен прометот
Г. Промена на околностите на користење на инвестиционо добро

(2 поена)
10. Целосно признати трошоци за потребите на данокот на добивка се:
А. Надоместот на трошоци за користење на сопствено возило на
вработениот за потребите на работодавачот
Б. Износите на заемите дадени на правни лица резиденти на
Република Македонија
В. Трошоците за репрезентација
Г. Надоместите на членовите на управен или надзорен одбор
(2 поена)

11. Само за еден од видовите доход наброени подолу не се пропишани ниту


нормирани ниту стварни трошоци со кои се намалува даночната на данокот на
доход. Кој?
А. Доход од авторски и сродни права
Б. Доход остварен со електронска трговија преку интернет
В. Доход од продажба на корисен цврст отпад
Г. Доход од закуп и подзакуп
(2 поена)

12. Друштвото има акумулирана добивка чија вкупна структура се состои од:
Добивка од 2013 година МКД 120.000
Добивка од финасиските години 2014 до 2017 МКД 1.700.000
Загуба од 2018 година МКД 350.000

Испит – Законска регулатива Скопје 28 јуни, 2019 година страна 4 од 22


Во 2019 година донесена е одлука за исплата на целокупниот износ расположив
за дивиденда. Акционерот е странско правно лице од земја со која нема договор
за избегнување на двојно оданочување. Колку изнесува основицата за пресметка
на задржувачкиот данок за исплата на дивиденда:
А МКД 1.458.000
.
Б. МКД 1.820.000
В МКД 1.470.000
.
Г. МКД 2.050.000

(2 поена)
13. Даночната основа се намалува за износот на извршените вложувања од добивката
од претходната година (реинвестирана добивка) за:
А. Инвестиции за поддршка на непрофитни организации
Б. Инвестирање во изградба на деловен простор за продажба
В. Набавка на постројки и опрема со цел проширување на
дејноста на даночниот обврзник
Г. Инвестиции во хартии од вредност
(2 поена)
14. За кој од следните видови на доход, данокот се плаќа по прогресивни стапки од
10% и 18%:
А. За доходот од закуп и подзакуп
Б. За доходот од авторски и сродни права
В. За капиталните добивки
Г. За добивките од игри на среќа
(2 поена)

15. Одговорен за водење на книга на удели во којашто, по запишувањето на


основањето на друштвото во трговскиот регистар, се внесуваат соодветни
податоци за секој содружник е:
А. претседателот на собирот на содружници
Б. предстедателот на органот на надзор
В. записничарот кој ја води постапката на основање на друштвото
Г. управителот на друштвото
(2 поени)
16. Стечајната постапка се врши согласно одредбите на Законот за стечај, а
ликвидацијата согласно одредбите на:
А. Законот за трговските друштва
Б. Законот за ликвидација на трговските друштва
В. Законот за санација и реорганизација на трговските друштва

Испит – Законска регулатива Скопје 28 јуни, 2019 година страна 5 од 22


Г. Законот за облигационите односи (2 поени)

17. Вкупниот номинален износ на приоритетните акции без право на глас не може да
биде поголем од :

А) 10% од основната главнина на друштвото


Б) 20% од основната главнина на друштвото
В) 30% од основната главнина на друштвото
Г) ниту еден од наведените одговори не е точен
(2 поени)

18. Договорот што ќе го склучи застапник од името на застапувано лице и во границите


на своите овластувања ги обврзува:
А) непосредно застапуваниот и посредно застапникот
Б) непосредно застапуваниот и другата договорна страна
В) непосредно застапуваниот, непосредно застапникот и другата договорна страна
Г) посредно застапуваниот и другата договорна страна
(2 поени)

19. Еден од условите потребни за да се врши правото на ретенција е:


А) да се работи за недостасана обврска од договорот
Б) владението врз стварта да стигнала кај држателот со согласност на должникот,
што не значи дека должникот се согласил со правото на ретенција на доверителот
В) должникот да му ја предал стварта на доверителот поради некоја посебна
намена
Г) доверителот мора стварите да ги држи непосредно и физички, а не симболично
(2 поени)

20. Во рамки на континуираната професионална едукација секој член на Институтот за


овластени ревизори има обврска да посетува обука од
А) најмалку 100 часа за период од три години, односно да посетува обука од
најмалку 30 часа годишно во рамките на континуирано професионално усовршување
заради надградување на знаењето во областа на сметководството и ревизијата
Б) најмалку 120 часа за период од три години, односно да посетува обука од
најмалку 50 часа годишно во рамките на континуирано професионално усовршување
заради надградување на знаењето во областа на сметководството и ревизијата
В) најмалку 120 часа за период од три години, односно да посетува обука од
најмалку 30 часа годишно во рамките на континуирано професионално усовршување
заради надградување на знаењето во областа на сметководството и ревизијата

Испит – Законска регулатива Скопје 28 јуни, 2019 година страна 6 од 22


Г) најмалку 150 часа за период од три години, односно да посетува обука од
најмалку 50 часа годишно во рамките на континуирано професионално усовршување
заради надградување на знаењето во областа на сметководството и ревизијата

ИНСТРУКЦИИ ЗА ЗАДАЧИТЕ:

1. Овие инструкции се за употреба при решавањето на задачите и во никој случај да не


се користат при одговарањето на прашањата со повеќекратен избор.
2. Паричната единица во пресметките и во другите искази се искажуваат заокружени во
МКД без дени.
3. Инструкциите треба да се применат на начин што тие имаат предност во однос на
вашето познавање на прописите за даноците. Ако одделни податоци или
претпоставки се поинакви од моментално важечките прописи тоа е направено
заради поедноставување на пресметките, а во некои случаи за давање поинаков
третман на одделни трансакции во однос на тековно важечките прописи за даноци.
4. Целокупната работа во врска со пресметките на резултатите што се бараат треба
да биде прикажана.
5. Поени се добиваат и за прегледност во приказот на бараните решенија.

Испит – Законска регулатива Скопје 28 јуни, 2019 година страна 7 од 22


ДАНОК НА ДОБИВКА – инструкции за задачата

Следните даночни стапки, намалувања и ослободувања треба да се применат при


решавањето на задачите освен ако поинаку не е нагласено во самите задачи
ДАНОК НА ДОБИВКА
Во врска со ставките на трошоци кои настанале и се евидентирани во текот на фискалната
година
Амортизација Се признава амортизацијата согласно
максималните стапки утврдени во пропишана
номенклатура за амортизација на основните
средства.

Основица за пресметка на амортизацијата Историската набавна вредност на основните


средства
Ревалоризација на основните средства Амортизацијата пресметана на ефектот од
проценката на основните средства не се
признава за потребите на данокот на добивка
Даночен кредит од данок платен врз основа на Износот на платениот данок врз основа на
амортизација пресметана на ефектот од пресметаната амортизација на вишокот од
проценката на основните средства проценката на основните средства се
признава како намалување на пресметаниот
данок во годината во која средството е
целосно амортизирано
Максимални стапки на амортизација за даночни Згради 2,5% годишно
цели Машини 7% годишно
Возила 5% годишно
Почеток на пресметка на амортизација Месецот кој следи на месецот на набавка

Забрзана амортизација Забрзаната амортизација не се признава и


има третман на трошоци кои не се во
функција на вршење на дејноста

Отпис на преостаната вредност на основни Може да се амортизира (отпише) во целост


средства кои не може да се користат независно од пропишаниот век на траење,
при што таквата амортизација во целост се
признава за даночни цели врз основа на
издадена согласност од даночните власти до
висината на неамортизираната историска
набавна вредност.

Неамортизираната на средството кое се


отпишува во целост, а која произлегува од
нивната проценка не се признава како трошок
и се укинува по пат на намалување на
резервите од проценката на основното
средство.
Трошоци за месечни надоместоци на членовите Не се признава износот над 60% од
на органи на управување просечната месечна бруто плата исплатена
во предходната година во РСМ

Трошоци по основ на уплатени доброволни Се признава износ до МКД 23.000 на месечно


придонеси во доброволен пензиски фонд над ниво
висината утврдена со закон

Испит – Законска регулатива Скопје 28 јуни, 2019 година страна 8 од 22


ДАНОК НА ДОБИВКА – инструкции за задачата

ДАНОК НА ДОБИВКА

Индивидуално осигурување Не се признаваат осигурителни премии кои ги


плаќа работодавачот во корист на членовите
на органите на управување и вработените ако
истите не се одбиваат од плата.

Личното колективно осигурување на


работниците за повреди на работа се во
висина на МКД 700 по вработен.

Непризнаениот износ е предмет на данок на


личен доход.
Осигурителни премии Се признаваат сите класи на осигурување
освен животното осигурување
Репрезентација Не се признава 80% од трошоците направени
за репрезентација

Износ на камати на заеми добиени од содружници  Не се признава каматата пресметана на


или акционери - нерезиденти со најмалку 25% износот на кредитот кој надминува сооднос
учество во капиталот на друштвото 1:3 мегу капиталот и заемот, при што
капиталот се пресметува како просек на
почетокот и крајот на годината за која е
пресметана каматата

 Во случај на постоење на договор за


избегнување на двојно оданочување се
признава целиот износ на каматата

Даноци по одбивка (задршка) Не се признава делот кој се уплаќа во полза


на трети лица а не е задржан од фактурата за
услугата извршена од странското правно
ллице.

Дивиденди остварени со учество во капиталот на Се признава вкупно примената дивиденда


друг даночен обврзник оданочени со данок на ако е оданочена на изворот.
добивка кај исплатувачот
Во случај на дивиденда примена од
странство данокот платен на изворот се
признава но не повеќе од стапката на данок
применлива во Македонија.

Ако со договор за избегнување на двојно


оданочување е предвидена пониска или
нулта стапка таквата дивиденда не се
оданочува со Македонски данок на добивка.
Парични и даночни казни, пенали, казнени камати Не се признава во целосен износ
и трошоци за присилна наплата по основ на јавни
давачки

Спонзорства и донации  Не се признава износот кој надминува


6% од вкупниот приход
 За износот што се признава не е
потребно да се обезбедуваат дозволи

Испит – Законска регулатива Скопје 28 јуни, 2019 година страна 9 од 22


ДАНОК НА ДОБИВКА – инструкции за задачата

ДАНОК НА ДОБИВКА
од даночните власти.

Отпремнина при заминување во пензија Се признава износ од МКД 87.000


Јубилејни награди Се признава износ од МКД 50.000 за секој
вработен што има полни 10 години стаж во
Друштвото што ја врши исплатата
Стипендии за специјализација на вработени Се признава целиот износ под услов
вработениот да остане во друштвото 3 години
по завршувањето на годината во која
специјализацијата е завршена.
Осигурителни премии Се признаваат сите класи на осигурување
освен животното осигурување
Трошоци за исправка на вредноста на Се признава износ до висина од 4% од
ненаплатени побарувања – генерално вкупните побарувања за годината намалено
резервирање за износот на посебните резервирања.

Трошоци за исправка на вредноста на Се признава износот на побарувања кои не


ненаплатени побарувања – посебно резервирање се наплатени над 400 дена од денот на
издавањето на фактурата

Трансферни цени Не се признава разликата меѓу трансферната


и пониската пазарната цена остварена меѓу
поврзани лица.

За признавање на применетите трансферни


цени потребно е друштвото да има
подготвено извештај и истиот да го достави
заедно со даночниот биланс

Извештај за применетите трансферни цени


не се подготвува и доставува за друштвата
чиј вкупен приход не надминува 85 милиони
денари.

Извештај за трансферни цени не се


подготвува и доставува ако трансакциите со
поврзаните страни во годината не надминува
15 милиони денари или ако трансакциите се
само со поврзани страни од РСМ.

Во даночниот биланс се додава пребиениот


ефект од севкупните отстапувања за секоја
поврзана страна одделно пресметана на
вкупно годишно ниво.
Период на дозволено пренесување на даночната Четири години
загуба од минати години
Износ на извршени вложувања од добивката Се признава до износот на набавените
(реинвестирана) основни средства

Стапка на данок од добивка 10%

Испит – Законска регулатива Скопје 28 јуни, 2019 година страна 10 од 22


ДАНОК НА ДОБИВКА – инструкции за задачата

ДАНОК ПО ОДБИВКА (ЗАДРЖУВАЧКИ ДАНОЦИ) – Приходи на правни лица


Листа на земји и статус на оданочување на одделните видови на приходи согласно потпишаните
договори за избегнување на двојното оданочување
Земја Дивиденда Камати Авторски Други
% на учество во капиталот Даночна и сродни приходи
стапка права
(не повеќе
од)
Етиопија Најмалку 25% и да се има
како сопственост
непрекинато 12 месеци
пред исплата на дивиденда 0% 5% 5% 0%
Бразил Најмалку 20% и да се има
како сопственост
непрекинато 12 месеци
пред исплата на дивиденда 0% 0% 5% 5%

Стапката на задржувачки даноци која РСМ ја применува кон сите држави со кои нема
договор за избегнување на двојното оданочување е 10%.
Во случај на постоење на договор за избегнување на двојното оданочување предност на
примена има поповолниот третман определен во Договорот или во Македонскиот пропис.
Македонија применува задржувачки даноци за следните приходи исплатени од резиденти
кон нерезиденти на РСМ:
 Приход од дивиденди;
 Приход од камата од резидент и приход од камата од нерезидент кој има постојана
деловна единица во РСМ, ако каматата е на трошок на постојаната деловна единица;
 Приход од авторски хонорар исплатен од резидент;
 Приход од забавни или спортски активности кои се вршат во РСМ;
 Приход од вршење на менаџмент, консалтинг, финансиски услуги и услуги на
истражување и развој, ако приходот е исплатен од резидент или е на трошок на
постојаната деловна единица во РСМ.
Приходот од работа преку подружница во странска земја се оданочува во таа странска
земја. Подружница не значи работа на градежен локалитет чија изградба трае помалку од
12 месеци.

Испит – Законска регулатива Скопје 28 јуни, 2019 година страна 11 од 22


Лично намалување за данок на личен доход

На годишно ниво (се применува за сите видови на личен доход) МКД 120.000
Личното намалување се применува и за странски физички лица
даночно резидентни во РСМ
Стапка на данок од личен доход:

На доход до МКД 1.140.000 годишно 10,0%

На надминувачкиот износ 18,0%

Стапките се применливи на сите видови на личен доход.:

Просечната месечна бруто плата исплатена во предходната


година изнесува МКД 50.000
Дозволено нормирано намалување за приходи од закуп за наместен простор 20,0%
Дозволено нормирано намалување за авторски хонорари 15,0%
Капиталната добивка од продажба на недвижности се оданочува во целост. Набавната
вредност на недвижности се признава во висина на реално платената – докажива
набавна вредност плус трошоците за инвестиционо унапредување и/или одржување на
недвижноста.
За приходите остварени во странство, а за кои на изворот е задржан данок на личен доход
се признава платениот данок, но не повеќе од износот што би се добил со примена на
стапката пропишана во РСМ и според расположивите други намалувања на даночната
основа за соодветниот приход во РСМ.
РСМ има склучено Договори за социјално осигурување со Етиопија и Бразил и социјалните
давачки платени во тие земји се признаваат како намалувачка ставка за платата
фактички остварена кај друштвото домаќин во Македонија.

ДАНОК ПО ОДБИВКА (ЗАДРЖУВАЧКИ ДАНОЦИ) – Приходи на физички лица


Листа на земји и статус на оданочување на одделните видови на приходи согласно
потпишаните договори за избегнување на двојното оданочување
Плати на изнајмен персонал – се оданочуваат според местото на тековната
Бразил резидентност на корисникот без оглед на местото на исплатата или
резидентноста на исплатителот.
Капитални добивки – се оданочуваат само во земјата каде се остварени
Приходи од имот – се оданочуваат само во земјата во која се наоѓа имотот
Прходи од капитал – се оданочуваат само во земјата каде се остварени
Пензии – се оданочуваат само во земјата од каде пензијата се остварува

Испит – Законска регулатива Скопје 28 јуни, 2019 година страна 12 од 22


ДЕЛ Б- Одговорете ги сите прашања / задачи
ЗАДАЧА 1
Општи податоци за задачата
Податоците за разните пресметки во задачата кои се даваат може да бидат во една група
на информации при што истите треба соодветно да се алоцираат и применат во
пресметките.

[1.1] Податоци за даночниот обврзник и податоци од Извештајот за финансиска


состојба и Извештајот за сеопфатна добивка
Друштвото Бразилианер АД е друштво кое се бави со увоз на сирово кафе во зрно, негово
печење врз основа на добиена рецептура и снабдување на производители на мелено кафе
во Македонија и земји од Европа каде традиционалното кафе има развиена потрошувачка.
Сопственици на Бразилианер АД се:
 Brazilian Coffee Taste Ltd сопственик на плантажи за одгледување на кафе во
Бразил, кое поседува 70% од акциите во Бразилианер АД.
 Etiopia Coffee Spice Ltd кое е сопственик на плантажи за одгледување на кафе од
видот Арабика во Етипија и поседува 20% од акциите на АД.
 Остатокот од 10% од акциите е во сопственоест на менаџерскиот тим на
Бразилианер АД, на кои акциите им се понудени и тие ги купиле во 2014 година со
опција за нивна продажба не пред истекот на 5 години по крајот на годината во која
се стеканале со опцијата.
Бразилианер АД е формиран во Декември 2009 година, а дејноста почнал да ја врши
активно во средината на 2010 година.

Податоци од извештајот за финансиска состојба

  2018 2019
Долгорочни средства 3.000.000 7.000.000
Пари 7.250.000 6.950.000
Залихи 5.210.000 6.360.000
Вкупно средства 15.460.000 20.310.000
Издадени и уплатени акции 1.500.000 1.500.000
Резерви од проценка на основни средства 940.000 830.000
Акумулирана добивка 11.400.000 12.960.000
Распределба во резерви за инвестирање од 2018 - 3.500.000
Законски и други резерви 500.000 610.000
Вкупно капитал 14.340.000 18.790.000
Обврски 1.120.000 1.520.000
Вкупно обврски и капитал 15.460.000 20.310.000

Испит – Законска регулатива Скопје 28 јуни, 2019 година страна 13 од 22


Податоци од извештајот за финансиска состојба – детали
Структурата на акумулираната добивка со состојба на 31 Декември 2019 година е
следната:
Опис Износ
(Загуба) од финансиската година 2010 (700.000)
(Загуба) од финансиската година 2011 (250.000)
Добивка од финансиската година 2012 50.000
Добивка од финансиската година 2013 900.000
Добивка од финансиската година 2014 1.080.000
Добивка од финансиската година 2015 1.296.000
Добивка од финансиската година 2016 1.944.000
Добивка од финансиската година 2017 2.916.000
Добивка од финансиската година 2018 4.164.000
Добивка од финансиската година 2019 5.060.000
Вкупно генерирани добивки 16.460.000
Распределба на добивката од 2018 во резерви за инвестирање (3.500.000)
Акумулирана добивка со состојба на 31.12.2019 12.960.000

Податоци од Извештајот за сеопфатна добивка - детали


Вкупниот приход на Бразилианер АД за фиансиската година 2019 изнесува МКД 140
милиони.

Ефективната даночна стапка за финансиската година 2019 година изнесува 5,046%.

[1.2] Амортизација
Бразилианер АД ги води основните средства по проценета вредност. Во следната табела
се дадени вредностите на историската набавна вредност и проценетата вредност со
состојба на 31/12/2018 година, како и на акумулираната амортизација на 31/12/2018.
Историска Ефект од Проценета Акум. Акум. Вкупно
набавна проценка вредност аморт. на аморт. на акум.
вредност набавната ефектот од аморт.
вредност проценката 31/12/2018
31/12/2018
31/12/2018
Градежни објекти 945.000 105.000 1.050.000 118.125 13.125 131.250
Линија за сушење и печење
675.000 75.000 750.000 236.250 26.250 262.500
на кафе во кафе
Вилушкар 135.000 15.000 150.000 54.000 6.000 60.000
Магацинска опрема 675.000 75.000 750.000 270.000 30.000 300.000
Технолошки софтвер 216.000 24.000 240.000 86.400 9.600 96.000
Канцелариски мебел и
54.000 6.000 60.000 27.000 3.000 30.000
опрема
Стапките на амортизација пропишани за даночни цели се поклопуваат со стапките на
амортизација определени врз основа на проценетиот век на употреба на основните
средства за финансиски цели и се дадени во следниот преглед:

Испит – Законска регулатива Скопје 28 јуни, 2019 година страна 14 од 22


Стапки на
Вид средства
амортизација
Градежни објекти 2,50%
Линија за сушење и печење на кафе во
7,00%
зрно
Вилушкар 10,00%
Магацинска опрема 20,00%
Технолошки софтвер 20,00%
Канцелариски мебел и опрема 25,00%

[1.3] Школарина за специјализација (Стипендии)


Бразилианер АД во Јануари 2018 година исплатил едногодишна стипендија за
специјализација за 2 технолога за специјализација за технолошкиот процес на печење на
кафе во зрно во траење од 4 месеци во 2018 година и 5 месеци во 2019 година во износ од
МКД 450.000 по лице. Специјализацијата е извршена од страна на Институтот за
технологија за кафе во Париз, а целокупниот износ на стипендијата е авансно платен во
2018 година.
Едниот специјализант во текот на специјализацијата на кафе муабет со други
специјализанти го запознал својот животен партнер и решил по завршувањето на
специјализацијата да остане да живее во Париз. До 31 Декември 2019 година тој го вратил
целиот износ платен од страна на Бразилијанер АД.

[1.4] Набавка на сирово кафе во зрно од Бразил и од Етиопија

Бразилианер АД целокупната набавка на кафе во зрно ја врши од своите два странски


акционера. Цените се DDU – Delivered Duty Unpaid, односно продавачот му ги доставува
стоките на купувачот на местото наведено како крајна дестинација во купопродажниот
договор. Согласно договорите за набавка:
 Продажната цена се изразува нето од придружните трошоци како што се утовар,
растовар, превоз и осигурување.
 Трошоците за утовар, растовар, превоз и осигурување што ги плаќа продавачот се
префактурираат во стварен износ.

Сите договори за набавка се со примена на просечните тримесечни берзански цени на


кафе во зрно применети на берзата во Сао Паоло за соодветниот вид кафе. Податоците за
набавките од двете поврзани страни се дадени во прегледите што следат.

Набавки од Brazilian Coffee Количина Цена за килограм


Износ во МКД
Taste Ltd - Сао Паоло, Бразил во килограми во МКД

Прв квартал 2019 70.000 125 8.750.000


Втор квартал 2019 67.000 123 8.241.000
Трет квартал 2019 87.000 133 11.571.000
Четврт квартал 2019 90.000 119 10.710.000

Etiopia Coffee Spice Ltd - Адис Количина Цена за килограм во


Износ во МКД
Абеба, Етиопија во килограми МКД

Испит – Законска регулатива Скопје 28 јуни, 2019 година страна 15 од 22


Прв квартал 2019 20.550 140 2.877.000
Трет квартал 2019 26.550 153 4.062.150

Бразилианер АД за утврдување на применетите трансферни цени подготвил и доставил


студија за применетите трансферни цени, која е проверена и одобрена и од независен
експерт за утврдувње на трнсеферни цени.
По анулирањето на ефектите од флуктуацијата на американскиот долар која е валута во
која се продава кафето на сите берзи на кафе и анулирањето на влијанието на опционите
договори кои Бразилијанер АД ги користел за дел од набавките во Студијата за
трансферните цени се утвдрдени отстапувањата дадени во следате табели.

Набавки од Brazilian Coffee Taste Ltd - Цени утврдени во студијта за


Сао Паоло, Бразил трансферни цени

Прв квартал 2019 122


Втор квартал 2019 124
Трет квартал 2019 135
Четврт квартал 2019 116

Etiopia Coffee Spice Ltd - Адис Абеба, Цени утврдени во студијта за


Етиопија трансферни цени

Прв квартал 2019 143


Трет квартал 2019 152
[1.5] Отпремнина при заминување во пензија
Бразилианер АД исплатил на три свои вработени испратнина при нивното заминување во
пензија во вкупен износ од МКД 340.000 во бруто износ заедно со персонален данок на
доход, при што структурата по вработен е како што следи:

  Износ
Вработен НН 90. 000
Вработен АА 110.000
Вработен ББ 83.000

[1.6] Премии за осигурување


Следните се класите на осигурување за кои Бразилианер АД има искажано износи на
трошоци во 2019 година:
 Осигурување од општ ризик на дејноста за периодот Февруари 2018 – Јануари 2019
година износ од МКД 1.350.000
 Осигурување на деловниот имот за периодот Мај 2018 – Април 2019 година износ
од МКД 970.000
 Полиса за животно осигурување на вработен за 2019 година во износ од МКД
73.000 за кој износ Бразилианер АД извршил задршка од платата на вработениот.

[1.7] Камата за јавни давачки

Испит – Законска регулатива Скопје 28 јуни, 2019 година страна 16 од 22


Според евиденцијата на Управата за јавни приходи пресметана е камата за ненавремено
платени даноци по сите основи од МКД 15.600. По усогласувањето на евиденцијата со
Управата друштвото ја платило каматата.

[1.8] Јубилејни награди


Бразилианер АД по повод 10 години работа во друштвото доделил на 7 вработени
јубилејна награда во вид на купон за набавка на производи од специјализираната
продавница на T-home во износ од МКД 18.000. За секој паричен купон платен е
персонален данок од доход во износ од МКД 2.000 по вработен.

[1.9] Реинвестирана добивка


Во текот на 2019 година од добивката за 2018 година набавен е софтвер за следење на
берзанските цени на сирово кафе на Берзата во Сао Паоло, кој со селосна доза на
гаранција ги дава актуелните моментални цени, просечните цени за неделно, месечно и
квартално ниво и очекуваните цени на опции и фјучерси. Набавната вредност на
софтверот изнесува МКД 2.740.000.

[1.10] Отпис на средство


Вилушкарот на почетокот на јануари 2019 останал во дефект кој не може да се отстрани.
Поради тоа целосно се расходува. За неговата неотпишана вредност добиена е согласност
да може целосно да се отпише а целиот трошок да се признае за даночни цели.

[1.11] Платени аконтации и претплати на данок од добивка


Во текот на 2019 година Бразилианер АД платил на име аконтации на данок на добивка
износ од МКД 368.000. Во евиденцијата на Бразилианер АД не е евидентиран друг
преплатен данок од добивка од претходни години.

[1.12] Подготовки за исплата на дивиденда во 2020 година


Од основањето до 31 Декември 2019 година Бразилианер АД не вршел исплата на
дивиденда. Планот на раководството е да предложи целокупниот расположив износ на
акумулираната добивка да се исплати како дивиденда за што Собранието на акционери ќе
одлучува на првото собрание што ќе се одржи во 2020 година. Раководството е задолжено
од Надзорниот одбор за Собранието на акционери да се подготват сите потребни одлуки
за да може исплатата на дивидендите да тече непречено.
Управниот одбор на барање на двата акционера е задолжен да ги направи сите подготовки
за исплата на целиот износ на акумулирана добивка расположив за исплата на дивиденда.
При решавањето на задачата користете ги податоците дадени во Општите
инструкции за задачите при составувањето на даночните пријави.
Се бара:
А.

Испит – Законска регулатива Скопје 28 јуни, 2019 година страна 17 од 22


Во дадениот Даночен биланс составен од страна на Бразилианер АД за фискалната
година 2019, година провери ги износите на пресметката на данокот од добивка и
направи ги потребните корекции ако такви има.
При проверката користете помошни пресметки.
(20 поени)
Б.
Пресметајте го вкупното даночно оптоварување за данок од добивка и други
поврзани даноци кои се однесуваат на исплатата на износот расположив за исплата
на дивиденда во 2020 година.
(5 поени)
(Вкупно 25 поени)

Испит – Законска регулатива Скопје 28 јуни, 2019 година страна 18 од 22


ЗАДАЧА 2
Felipe Cayetano е специјалист за продажба на кафе во зрно подготвено за финална
доработка и пакување кон големи производители на пакувано кафе за крајна уотреба. Тој е
испратен од Brazilian Coffee Taste Ltd, со цел:
[i] Да пренесува знаење од својата специјалност на вработените на Бразилианер АД.
[ii] Во својство на член на Надзорниот одбор на Бразилианер АД
Неговиот работен ангажман во Бразилианер АД е врз основа за дозвола за работа и тој
останува вработен на Brazilian Coffee Taste Ltd. Felipe во Македонија живее со својата
сопруга и три деца и има статус на лице на даночен резидент на Македонија за потребите
на данокот на личен доход.
Felipe е преселен со својата фамилија во Македонија и живее во Македонија во
континуитет од Јануари 2009 година, тој е обврзник за персонален данок на доход за својот
светски остварен приход.
Следните се податоците за неговите приходи остварени во текот на 2019 година.
[2.1] Плата
Во следниот преглед се дадени детали за платата која му е исплатена на Felipe Cayetano
од страна на неговиот Бразилски работодавач за 2019 година.
  Износ
Фактурирано од Brazilian Coffee Taste Ltd, Бразил кон
Бразилианер АД за изнајмување на персонал на месечно 659.000
ниво без маржата
Профитна маргина вклучена во фактурираниот износ 8%
Социјални давачки - платени во Бразил на месечно ниво 98.000
Felipe Cayetano на платата примена од својот Бразилски работодавач го плаќа данокот врз
основа на месечна пресметка која со помош на даночен консултант месечно ја известува
на системот e-pdd на Управата за јавни приходи за што добива пресметка и данокот на
личен доход го плаќа сам врз основа на пресметката генерирана од e-pdd системот.
[2.2] Надомест на член на Надзорен одбор
(Други приходи во Македонија)
Felipe Cayetano прима од Бразилианер АД надомест за член на Надзорниот одбор кој на
месечно ниво изнесува МКД 93.000 нето.
Данокот на личен доход е платен од страна на Бразилианер АД за што на Felipe Cayetano
му е издадена соодветна потврда.
[2.3] Школарина за децата на Felipe Cayetano
Бразилианер АД го плаќа надоместот за школарина во приватно училиште за децата на
Felipe Cayetano. Месечната школарината изнесува МКД 85.000 бруто.
Пресметките не e-pdd системот и плаќањата на месечно ниво ги врши Бразилианер АД.
[2.4] Надомест за домување
Составен дел од платата која Felipe Cayetano ја прима од својот Бразилски работодавач е
надомест за изнајмување на семејна куќа.

Испит – Законска регулатива Скопје 28 јуни, 2019 година страна 19 од 22


Felipe Cayetano изнајмил семејна куќа од физичко лице. Износот на закупнината на
месечно ниво изнесува МКД 150.000 при што износот кој му е одобрен на месечно ниво е
составен дел од платата што ја прима од својот Бразилски работодавач и изнесува МКД
210.000.

[2.5] Приходи од дивиденди


Личен доход остварен во Бразил
Felipe Cayetano поседува акции од своето матично претпријатие во Бразил, како и акции во
повеќе акционерски друштва чија дејност е плантажно одгледување на кафе.
Во 2019 година Felipe Cayetano остварил доход од своето портфолио акции во Бразил во
бруто износ од МКД 6.000.000 за што во Бразил му е задржан данок по стапка од 21%.
Целокупната дивиденда и задржаниот данок Felipe Cayetano преку својот даночен советник
ја пријавил на e-pdd системот при што доставил и доказ за платениот данок во Бразил. УЈП
врз основа на оваа пријава издала соодветно решение.

[2.6] Надомест за ангажман предавање за берзански цени на кафе


Управата за јавни приходи во една од своите обуки на даночните инспектори
специјализирани за контрола на трансферни цени го ангажирала Felipe Cayetano познавач
на работата на продуктните берзи на кафе да одржи предавање за користењето на
берзанските цени и начинот на примената на берзанските цени при подготовка на студии
за трнасферни цени за производи за кој најпогодна метода за утврдување на
трансферната цена е методот на споредлива неконтролирана цена. За надоместот кој во
бруто износ изнесувал МКД 180.000 од страна на исплатувачот е платен данок на доход за
што на Felipe Cayetano му е издадена соодветна потврда.

При решавањето на задачата користете ги податоците дадени во Општите


инструкции за задачата. Се бара:

А.
Подгответе Годишната даноча пријава за Felipe Cayetano.
Во пријавата внесете ги износите на сите видови на доход што Felipe Cayetano ги
примил во текот на 2019 година, износите на намалувањата и износот на платениот
данок преку аконтативното оданочување во Македонија.
(10 поени)
Б.
Felipe Cayetano ја добил годишната даночна пријава составена од страна на УЈП во
која е утврден данок за доплата во износ од МКД 200.000.

Пресметајте дали овој износ е точен.


(5 поени)
(вкупно 15 поени)

Испит – Законска регулатива Скопје 28 јуни, 2019 година страна 20 од 22


ПРАШАЊЕ 3
„Триглав Осигурување“ АД Скопје како друштво постои на македонскиот пазар
повеќе од 45 години. Основано е во 1968 година како единица на Заводот за осигурување
на имот и лица на Југославија (како подружница на друштвото ЗОИЛ Југославија), а потоа
прераснува во подружница со статус на правно лице во новооснованиот Завод за
осигурување на имот и лица  „Дунав Белград“. Во 1994 година друштвото се осамостојува
со трансформација и регистрирање како Акционерско друштво за осигурување „Вардар“,
Скопје. Во ноември 2007 година, Акционерското друштво за осигурување „Вардар“ Скопје,
по откупот на 70,36% од акционерскиот капитал, стана дел од Групацијата „Триглав“. Од
септември 2011 година, по ребрендирањето на компанијата, таа е присутна на пазарот под
името „Триглав Осигурување“ АД, во сопственост на „Триглав ИНТ“.
Во „Триглав Осигурување“ посветено се работи на постојано подобрување на
организацијата, процесите и процедурите, квалитетот на производите и услугите, односите
внатре во компанијата, како и со клиентите и деловните партнери. Перцепцијата за
компанијата, како и нејзиниот одржлив развој во најголема мера  се во рацете на самите
вработени и зависат од нивните вредности, експертиза и волјата за учење. За таа цел се
носи одлука за набавка на 15 патнички возила и истите ќе бидат користени од страна на
вработените како службени возила. „Триглав Осигурување“ Скопје склучува договор за
лизинг со НЛБ Тутунска банка АД за набавка на предметните возила.
Условите за склучување на договорите за лизинг во тој период се најповолни
доколку истите се врзани за швајцарски франци. Каматната стапка на таквите договори
генерално е поповолна за разлика од кредитите врзани за еврото. Овој финансиски
производ е осмислен од страна на австриските банки и пласиран во скоро сите
транзициски земји. Таквите договори за лизинг не би добиле големо значење да не се
случеше големата економска рецесија во 2007 година и да швајцарскиот франк, како
шпекулативна валута, но и сигурно заклониште во време на криза, не почнеше да зајакнува
во однос на еврото, а со тоа и во однос на националната валута. При таквите услови,
банките валутниот ризик од промена на курсот го префрлиле на крајните корисници на
договорите на лизинг. Па така, задолжувањето се врши во швајцарски франци, а
доспеаните ануитети се плаќаат во франци деноминирани во денари според курсот на
рокот на доспевање и на тој начин стануваат зависни од бурните промени на валутните
пазари. Како што банките ги заштитуваат своите позиции, така и крајните корисници би
требало да можат да ја осигураат својата позиција. Но ниту една банка немаше таква
понуда, бидејќи нашиот пазар не е доволно развиен, а од друга страна движењето на
франците или на било која друга валута на долг рок е непредвидливо, па таквиот потез би
бил премногу ризичен и би значел коцкање. Притоа, таквиот нов прозвод би створил
дополнителни трошоци и превземање на дополнителен ризик, на што банките не биле
принудени бидејќи законската регулатива посредно дозолува префрлување на валутниот
ризик на товар на клиентите. Па така, банките со софистицирани банкарски и финансиски
инструменти, ја осигурале и удвостручиле својата заработувачка. Крајните корисници
не знаеле ниту пак биле должни да ги познаваат сложените банкарски и финансиски
инструменти доколку нивниот однос се темели на начелото bona fide. Многу е ризично за
корисниците, ако кредитите не се заштитени, да имаат кредити во странски валути, а
приходите ги остваруваат во домашна валута, бидејќи валутните промени се многу чести и
непредвидливи. Притоа, банките со внимание на добар стопанственик, морале да ги
предупредат потписниците на договорите за лизинг врзани за во швајцарски франци на
засилениот валутен ризик.
Во согласност со социјално-правната традиција, неопходно е да се пронајде
решение кое би ја задоволило социјалната кохезија. Од друга страна, решението не смее
да биде партикуларно и не смее да го загрозува правниот систем кој се поставува како
гаранција на сигурноста во исполнување на договорите.

Испит – Законска регулатива Скопје 20 јуни, 2018 година страна 21 од 22


Се бара:

А) Посоветувајте го „Триглав Осигурување“ кој склучил договор за лизинг врзан со


швајцарски франци, на кој долгот му пораснал дупло, дали може да се повика на
клаузулата rebus sic stantibus и да бараат раскинување на договорот, односно дали
може да се повикаат на одредбите од Законот за облигационите односи за
променети околности. (При формулирање на одговорот аргументирањето базирајте го на
значењето на принципот pacta sunt servanda, начелото на еднаква вредност на давањата,
како и законските одредби кои се однесуваат на институтот променети околности.)
(7,5 поени )

Б) Во кој случај договорната страна не може да се повика на променетите околности


како основ за раскинување на договор?
(1 поен)

В) Од кои начела треба да се раководи судот при одлучување за барањето за


раскинување или измена на договорот врз основ на променети околности?

(1,5 поени)
(вкупно 10 поени)

ПРАШАЊЕ 4
Објаснете ги основните правни акти на трговските друштва во зависност од формата
на трговското друштво!
Аргументирањето базирајте го на:
 законските одредби кои се однесуваат на договорот, односно на статутот, односно
на изјавата за основање на трговското друштво;
 што се уредува со овие правни акти;
 која е разликата помеѓу изјавата за основање и изјавата од чл. 32 од Законот за
трговските друштва; формата во која се склучуваат основните правни акти;
 начините на решавање на евентуалните спорови што се однесуваат на
договорот/статутот на друштвото;
 разликите помеѓу императивните и диспoзитивните норми.

(вкупно 10 поени)

КРАЈ НА ИСПИТНИТЕ ПРАШАЊА

Испит – Законска регулатива Скопје 20 јуни, 2018 година страна 22 од 22

You might also like