Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 12

Универзитет “Св.

Кирил и Методиј”
Машински факултет – Скопје
Република Северна Македонија

Семинарска работа по предметот:


Мотори со внатрешно согорување

ТЕМА: АДИТИВИ ЗА ГОРИВАТА НА МСВС

Ментор: Изработил:
Проф. Д-р Даме Димитровски Ина Ѓозо 2292 МВ

Скопје 2020
СОДРЖИНА

ВОВЕД.........................................................................................................................................................3
КОЈА Е ЦЕЛТА НА УПОТРЕБАТА НА АДИТИВИ ЗА ГОРИВО?.....................................................................4
АДИТИВИ ЗА БЕНЗИН.................................................................................................................................4
АДИТИВИ ЗА ДИЗЕЛ...................................................................................................................................5
ВАЖНОСТА НА АДИТИВИТЕ ЗА ГОРИВО...................................................................................................6
НАЈВАЖНИ АДИТИВИ.................................................................................................................................6
Стабилизатори на бензин..................................................................................................................7
Антифриз за резервоарот на гориво................................................................................................7
Засилувачи на октани........................................................................................................................7
Средства за чистење на инјекторот за гориво.................................................................................8
Лубриканти на горниот цилиндер....................................................................................................9
Анти-тропачки адитиви.....................................................................................................................9
Дизел издувна течност....................................................................................................................10
ОСТАНАТИ АДИТИВИ...............................................................................................................................10
ЗАКЛУЧОК.................................................................................................................................................11
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА........................................................................................................................12

Скопје 2020
ВОВЕД

Кога говориме за квалитет на горивото, пред се се мисли на посакуваните физичко-


хемиски својства, кои донекаде се разликуваат помеѓу бензинот и дизел горивото.
Нечистотијата во горивото веќе речиси и ја нема, но тоа не значи дека горивото само по
себе има идеални својства. Затоа во базата на горивотовсе додаваат најразлични адитиви
со кои се постигнуваат посакуваните особини. Познато е дека својствата на горивото се
менуваат со промена на температурата, па така на ниски тепмератури бензинот потешко
испарува и смесата потешко се пали, додека пак дизелското гориво, кога температурите се
спуштаат забележливо под нула, е склоно на создавање на парафински ланци односно
восок, кој може да ги запуши доводните канали и потполно да ја блокира работата на
моторот. Тука влегуваат во игра адитивте за горива кои ја олеснуваат работата и
истовремено го заштитуваат моторот од поголеми кварови. Па така во дизелското гориво
на зима се додаваат адитиви кои го спречуваат создавњето на парафинските ланци, а и
самото гориво кое се увезува од рафинериите за зимскиот период содржи повеќе полесни
фракции кои сами по себе се помалку склони на создавање на такви ланци.

Адитивите за гориво се хемиски супстанци кои се додаваат во бензинот, дизелот,


керозинот и останатите горива за да се додадат или подобрат одредени својства во
горивата. Тие помагаат да се подобри ефикасноста на горивото и истовремено да се
одбегнат проблеми како што се слабо забрзување, проблеми со стартување на возилото,
ненадејно гасење на моторот и слично. Иако нема прецизна дефиниција што всушност
претставува адитив, како компонента за мешање, општо прифтено е дека адитивот е
материја која се додава во количини од помалку од 1%. Поради ниската стапка на
адитивот во горивото, немаат значителна промена во физичките вредности како што се
густина, вискозност и нестабилноста. Тие се течности кои се додаваат во резервоарот за
гориво преку капакот за филтер или преку други делови на системот за гориво.

Скопје 2020
КОЈА Е ЦЕЛТА НА УПОТРЕБАТА НА АДИТИВИ ЗА ГОРИВО?

Адитивите за гориво можат да имаат влијание на подобрувањето на работата на моторот,


со тоа што експертите повеќе ги препорачуваат за дизел моторите, а помалку кај
бензинците. Еколошките стандарди бараат модерните возила со дизел мотори да имаат
многу додатни делови како што се ERG вентилите или филтери за тврди честички за
издувните гасови да се вратат назад во усисната гранка. Во одредени места е потребно
дизелот да се меша со биодизелот, иако горивото ги прати еколошките стандарди истото
може да го оштети моторот. Се од наведеното всушност го валка системот за инјектирање.
Тука можат да помогнат адитивите за гориво кои можат да го разложат таложењето
седименти од горивата на млазниците, кои во системот дошле со биодизелот. Сличен
проблем може да имаат и автомобилите кои се малку возени и во резервоарот за гориво
имаат седименти. Со помош на адитивите тие седименти можат полека да излезат од
возилото а притоа да не ја валкаат издувната цевка.

АДИТИВИ ЗА БЕНЗИН

Адитивите за бензин го подобруваат согорувањето, спречуваат корозија, ги чистат талогот


и нечистотијата од вентилот, карбураторот, дизни за инјектирање и целиот систем за
напојување со гориво. Постојат и адитиви за бензин кои ги појачуваат октаните. Се
користат за супер и безоловен бензин и можат да го зголемат бројот на октаните за 2 до 4
единици.Таков адитив воедно и ги подмачкува и спречува абење на вентилот, ја зголемува
силата и ефикасноста на бензинот и не е штетен за катализаторот.

 АДИТИВИ ЗА ДИЗЕЛ

Скопје 2020
Се до доцниот дваести век адитивите на дизел горивата скоро и да не се користеле.
Поради разновидноста и робустноста на дизел моторот соодветно дизел гориво може да се
произведе од мешавина на директни компоненти на атмосферска дестилација. Кога
рафинерот имал потреба од производство насочено кон употреба на бензин, тогаш дизел
базенот често се надополнувал со испукани бензински масла од процесот на рафинирање
на бензинот. Бидејќи нивото на сулфур на горивото постепено се намалувало, тогаш било
потребно да се бара дополнителна обработка во зависност од изворот на сурова нафта. Со
зголемената побарувачка на гориво, промената на мешавината која се побарувала и
поголемата контрола на спецификациите, процесите на рафинирање се промениле и со тоа
се започнало со користење на адитиви за дизел горивата. За дизел горивото постои голем
избор на адитиви од кои секој има своја цел. Како на пример повеќенаменскиот адитив ја
подмачкува пумпата за гориво, го подобрува согорувањето, го намалува димењето и
буката од издувниот систем, го штити моторот и го олеснува неговото палење.

Слика 1. Дотур на гориво во резервоарот на возилото

ВАЖНОСТА НА АДИТИВИТЕ ЗА ГОРИВО

Скопје 2020
Многу професионални авто-техничари често ги класифицираат адитивите за гориво како
“автомеханичар во конзерва ”, односно како решение за одредени проблеми со
механизмот за доток на гориво бидејќи можат да ги превенираат или санираат истите.
Постојат различни категории на ваквите адитиви кои се наменети за различни услови и
имаат различна цел.

Слика 2.Варијации на адитиви за горива во производствена амбалажа

НАЈВАЖНИ АДИТИВИ

Иако при производство се употребуваат најразлични адитиви, како најважни за квалитетот


и својствата на горивата и нивната интеракција со моторот би се издвоиле следните.

Стабилизатори на бензин

Скопје 2020
Загубата на волумен на бензинот не претставува никаков фактор при возењето, но може да
биде причина за проблеми кај сезонските моторни возила како што се бродовите,
подвижните домови и сл. Употребата на стабилизатор на бензин ги редуцира проблемите
со стартување на возилото, предизвикани од гасовитите копмоненти во бензинот кои
испаруваат во атмосферата. Многу нови формули вклучуваат и инхибитори на корозија
кои превенираат корозија од бензин базиран на етанол.

Антифриз за резервоарот на гориво

Уште од најраните денови на автомобилите, кондензацијата на водата во резервоарот за


гориво предизвикува горивото да замрзне во зимскиот период. Историското решение е да
се додатат различни антифриз средства за гориво базирани на алкохол кои ќе се помешаат
со водата да превенираат замрзнување на резервоарот и линијата на горивото. Адитивот за
гориво против смрзнување ја олеснува работата на моторот при ниски температури и го
зголемува работниот век на вилтерот за гориво. Негова главна задача е да ја спречи
кристализацијата на парафинот во горивото и со тоа да го спречи запушувањето на
инјекторите за гориво. Помага и во намалување на издувни гасови и бука, спречува
таложење на разни седименти од горивата и го штити моторот од корозија поради
присутноста на водата во горивото.

Засилувачи на октани

Етилското олово било користено многу години за да се зголеми вредноста на октаните во


горивото и да ги подмачкуваат вентилите на моторот. Откако употребата на етилското
олово била отфрлена во 70-тите, адититиве за зголемување на октаните станале познати
кај бензинот користен за моторите со голема компресија. Во многу случаи, во
засилувачите на октани се додава подмачкувач за вентилите за да се намали или одбегне

Скопје 2020
оштетување на автомобилите опремени со колекционерски мотор со вентили со леано
железо.

Средства за чистење на инјекторот за гориво

Симптомите на затнат инјектор за гориво се потешкотии при старт на моторот, слабо


ладење на моторот и слабо забрзување. Овие симптоми настануваат од јаглеродни
депозити кои ги затнуват млазниците на инјекторот за гориво. Повеќето средства за
чистење на инјекторите на гориво со пониска цена се дизајнирани како превентивни
адитиви за одржување, додека средствата за чистење со повисоки цени се дизајнирани да
ги отстранат тешките јаглеродни наслаги од цилиндрите, вентилите и клиповите. Било кој
од овие адитиви обично функционира добро кога се користи според дадените инструкции.

Слика 3. Анализа на ефикасност на дејство на средствата за чистење на инјекторот за


гориво

Лубриканти на горниот цилиндер

Скопје 2020
Благодарение на употребата на масла со висока вискозност на моторот, лакови и
поспорото возење, раните бензински мотори најчесто имале проблем со oштетување на
вентилите на моторите. Ниско вискозни масла за горни цилиндри со висок процент на
детергенти се дизајнирани за да се додадат во резервоарот за да помогнат при чистење и
лубрикација на оштетените вентили. Денес се поретки се истите оштетувања и претежно
предизвикани од инсуфициентни промени на маслото. И покрај тоа, многу модерни
адитиви во својот состав имаат некоја форма на лубриканти за вентилите.

Анти-тропачки адитиви

Детонацијата, позната и како „тропање“ (“knock”), долго време била непријател на


моторот со внатрешно согорување. Таа може да предизвикаа висок притисок во
цилиндерот и во најлош случај оштетување на главата на цилиндерот или на клипот.
Познати се повеќе фактори кои придонесуваат за тоа “тропање”, вклучувајќи: високи
температури во цилиндерот, проблеми во мешавината гас-гориво, употребата на горива со
ниски октани. Додека современите компјутерски стратегии можат автоматски да го
забават тајмингот и да ја променат ширината на пулсот на инјекторот на гориво, како што
е потребно со цел да помогнат во одржувањето на ефикасно согорување под различни
товари на моторот, постарите возила се потпираат на повеќе прилагодени подесувања за
да најдат компромис помеѓу економијата и перформансот. Односот помеѓу топлината и
притисокот исто така значи дека моторите со висока компресија (вклучително и мотори со
полнач и турбо полнач) може да бидат повеќе склони кон тропање на моторот, особено
кога работат со пониски октанични горива. Додека премиум горивата со високи октани
можат да помогнат во борбата против тропањето на моторот некои клиенти претпочитаат
да користат адитиви за гориво за да помогнат во зголемувањето на оценките за октанот на
редовната пумпа за пумпа од 87 октани. Адитивите за гориво, како што се засилувачи на
октани и замени за олово, се популарни набавки за DIY (“do it yourself”), особено кај
сопствениците на класични и спортски автомобили.

Скопје 2020
Дизел издувна течност

Додека дизел издувната течност (DEF) не е адитив, важно е да се разбере како се користи.
DEF се доставува од посебен резервоар на возилото, директно во проток на дизел гасот
каде ги раздвојува соединенијата на азотниот оксид (NOX) во неговите основни
компоненти на азот и вода. Ако возачот ги игнорира предупредувачките светла DEF што
означуваат дека нивото на DEF станува критично ниско, модулот за контрола на
погонската моќност на дизелот (PCM) може да ги ограничи брзините на возилото на околу
8km/h додека не се врати нивото на DEF.

ОСТАНАТИ АДИТИВИ

Покрај горенаведените во пракса често се користат и најразлични адитиви за


најризлични цели, а некои од нив се следните:
Ферокс е катализатор на моторот кој ја подобрува економичноста на горивото и ги
редуцира емисиите кај бензинските мотори.
Силиконот се користи како средство против пенење во дизел моторите.
Некои антиоксиданти се користат како стабилизатори на горивото да превенираат
оксидација.
Оксигенати се горива помешани со кислород. Тие се користат да се намалат емисиите на
јаглеродот моноксид кои се создаваат при согороување на горивото.
Бои за горива се адитиви кои се додаваат во горивата бидејќи во некои земји е
предвидено со закон да се обои горивото со ниски даноци со цел да се спречи негова
употреба во апликации наменети за оние со повисок данок. Неоданочените горива се
нарекуваат “обоени”, додека оданочените се нарекуваат “јасни” и “бели”.
Азотниот оксид и нитрометанот (нитро) се користат како адитиви на горивото за
автомобилски трки и други работи за кои се потребни високи перформанси на

Скопје 2020
автомобилот. Ацетонот е испарувачки додаток кој главно се користи со метанско
тркачкото гориво.

ЗАКЛУЧОК

Многу експерти сметааат дека употребата на адитиви кај понови и исправни мотори е
непотрбна. Но, сепак постојат голем број возила кои се со истрошени мотори каде што
дополнителна нега и и користење на адитиви за горивото можат да постигнат одлични
резултати и продолжување на работниот век на моторот. Исто така тука се и адитивите
кои што се додаваат при самото рафинирање на горивата за заштита од екстремни
температури и најразични околности без кои би дошло до големи проблеми кај сите
возила. Оттука може да се каже дека адитивите за гориво се доста корисни, но сепак треба
да се има на ум дека тие не можат да направат чудо и од истрошениот мотор да направат
нов.

Скопје 2020
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

 www.sciencedirect.com - Computer Aided Molecular Design: Theory and Practice;


A. Sundaram,, J.M. Caruthers, 2003

 www.intertek.com - Analysis of Formulated Oils, Hydraulic Fluids, Oil Additives and


Base Oils

 www.machinerylubrication.com - Lubricant Additives - A Practical Guide, Jim Fitch

Скопје 2020

You might also like