ХРАНЛИВИ МАТЕРИИ

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

ХРАНЛИВИ МАТЕРИИ

Главна цел на исхраната е внесување на хранливи материи и резерви на хемиска


енергија. Хемиската енергија се ослободува со помош на клеточно дишење (во
митохондриите), од која се добива јаглерод диоксид, вода во форма на пареа и
топлинска енергија која ја распоредуваме во телото.

Храната се дели на 2 групи:


-храна од растително потекло и
-храна од животинско потекло
Храната кога навлегува во телото претрпува механички и хемиски промени. Механички
е раздробување на мали парченца, а хемиска промена е во структурата, односно да се
разложи на своите елементарни составни делови.
Храната во организмот, врз основа на тоа што врши, може да ја поделиме на 3
групи:
1. Градбена-влегува во градбата на клетките и ткивата , односно во органите.
Тука спаѓаат протеините (белковини) и мастите.
2. Енергетска – ослободуваат најголема енергија која е потребна за активноста
на човекот. Тука спаѓаат јаглехидратите.
3. Заштитна – заштита на имунитетен систем.Тука спаѓаат минерали и
витамини. Овошје и зеленчук се богат извор на некои од нив.
Растителни влакна и вода
Растителните влакна помагаат храната полесно да се движи низ дигестивниот
систем. Ги има во зеленлчукот, овошјето и интегралните семиња. Нашето тело е
изградено од 60%-70% вода. Водата го прочистува организмот.
Доручекот е најважен и го забрзува метаболизмот. Преку храната главно
внесуваме :
а)јаглехидрати- извор на енергија и ги има најмногу во житарките, брашното,
тестенините. Скроб и глукоза( шеќер) се два вида јаглехидрати.
б)протеини- влегуваат во градба на клетките и создаваат одредени ензими и
антитела. Ги има најчесто во храната од животинско потекло, но и во растително
потекло.
в)масти -вишокот масти го складираме како топлински изолатор и влегуваат во
градба на клеточната мембрана . Ги има во месо, млеко, малку во јајцата,
лешници, ореви, авокадо.

You might also like