Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Свети Климент Охридски

Периодот на детството на Климент нема точни податоци, се смета дека се


родил околу 840 година во пределот околу Солун, што се поврзува со фактот
дека одлично го познавал и грчкиот јазик. Дел од овие податоци се запишани
во “ Краткото житие на Св.Климент’.
Климент бил еден од следбениците на Кирил и Методиј, кои ги придружувал и
на Моравската Мисија и на патувањето во Рим, каде на Папата му ги предале
моштите на Климент Римски. Пред смртта, Методиј од своите ученици за свој
наследник го назначил Горазд кој ја продолжил Методиевата мисија, но
германското свештенство по налог на Папата Стефан V ја забранило
словенската богослужба во Моравските и Панонските цркви, и ги прогонило
словенските духовно – просветни дејци. Меѓу прогонетите биле и светите
Климент, Наум и Ангелариј.
Овие ученици на Кирил и Методиј поради прогонството од германските
свештеници во 886 се упатиле кон Македонија. По патот минале низ Белград
кој тогаш бил во составот на бугарската држава. Белградскиот управник
веднаш ги испратил во престолнината на Бугарија, Плиска, кај бугарскиот кнез
Борис I. Борис ги примил со големи почести и веднаш ги ставил во функција на
својата политика.
Наскоро умрел Ангелариј, Наум останал во Плиска создавајќи ја
Преславската книжевна школа, а Климент, бидејќи уште од Методиј бил
назначен за Епископ на цел Илирик, со дозвола на Борис I се упатил кон
областа Кутмичевица. Кутмичевица се наоѓа на пошироката територија во
Охридско и југозападно од Охрид, со два поголеми града Охрид и Девол.
Неуморно одел од село до село, од град до град и на разбирлив народен
јазик го советувал народот да прави добрини и да има чиста душа. Бидејќи бил
свесен за тоа оти со својот жив говор може да допре само до своите
слушатели, а не до целиот народ и генерациите што ќе дојдат по него, тој
основал универзитет во Охрид, познатата Охридска книжевна школа што
претставува своевиден прв словенски универзитет. Низ оваа висока просветна
богословска институција, во текот на триесет години, поминале околу 3.500
ученици, од кои 120 ученика годишно биле оспособувани за учители и
свештеници. Како обележје на оваа школа е тоа што ја зачувало
кирилометодиевската глаголска традиција, а во Охридската школа кирилицата
почнала да се применува дури во XII век.
Мисијата во Кутмичевица имала за цел да го шири словенскиот јазик и
писмо кај населението во пограничните области на Бугарија со Византија те. да
се намали грчкото јазично влијание.
Покрај црковните и педагошките дејности, особено учителско
просветителски, Свети Климент развил и богата книжевна дејност. Автор е на
многу поучни и похвални слова како похвалата на Кирил Филозоф, похвалата
на пророкот Захариј и св. Јован Крстител, за свети Кирил и Методиј итн. Но, во
неговото творештво преовладуваат поучителните слова кои се однесуваат на
општохристијанските светители: Св.Ѓорѓи, Св.Тома, Св.Антониј, потоа слова
посветени на Пресвета Богородица и слова посветени за настаните од животот
на Господ Исус Христос.
Се спори дека Св Климент е создател на кирилицата како азбука, бидејќи
сите негови дела се напишани на глаголица, но сепак постојат записи дека
учениците на Кирил и Методиј започнале да создаваат нова, модифицирана
азбука на глаголицата.
Од крајот на IX век Климент од бугарскиот двор е назначен за епископ на
Величката епархија (Велика, Дрембица струмичко), со што станува првиот
словенски епископ. Останал во Величката епархија до смртта на Св.Наум во
Охри во 910 година, по што Климент се враќа во Охрид, го направил
манастирот Св. Пантелејмон на Плаошник и ја продолжил дејноста до својата
смрт во 916 година.
Свети Климент е патрон на Македонската Православна Црква, на
Македонската Православна Богословија и Богословскиот факултет, како и на
голем број просветни и научни институции во нашата земја. 

Користена литература:
https://svitok.info/2008/12/07/свети-климент-охридски/
https://makedonskijazik.mk/2010/11/климент-охридски.html
http://www.makedonijaese.com/sv%20.kliment%20ohridski.htm
https://mk.orthodoxwiki.org/Свети_Климент_Охридски

Подготвил:
Алек Јанкијевиќ I - 9

You might also like