Vrazhinovski Tanas Narodna Demonologija Na Makedontsite

You might also like

Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 161

ТАНАС ВРАЖИНОВСКИ

1ИжИЖ

<ѕ&

^ЧЈ,
1
(
Ји*
шШ ^
НАРОДНАТА МИТОЛОГИЈА HA МАКЕДОНЦИТЕ
Народна демонологија на Македонците

Рецензенти
акад. Блаже РИСТОВСКИ
проф. д-р Анета СВЕТИЕВА

Издавачи
ИНСТИТУТ ЗА СТАРОСЛОВЕНСКА КУЛТУРА - ПРИЛЕП
КНИГОИЗДАТЕЛСТВО „МАТИЦА МАКЕДОНСКА" - СКОПЈЕ

Директор на Институтот
д-р Вангелија ДЕСПОДОВА

Директор на „Матица македонска"


Раде СИЛЈАН

Ликовно-графички уредник
Нико П. ТОЗИ

MACEDONIAN FOLK MYTHOLOGY


Macedonian Folk Demonology

Reviewers
Acd. Blaze RISTOVSKI
Prof, d-r Aneta SVETIEVA

Publishers
INSTITUT FOR OLD SLAVONIC CULTURE - PRILEP
PUBLISHING FIRM - MATICA MAKEDONSKA - SKOPJE

Director of the Institute for Old Slavonic Culture


D-r Vangelija DESPODOVA

Director of Matica Makedonska


Rade SILJAN

Artisting editor and shaping


Niko P. TOZI
НАРОДНА '"
ДЕМОНОЛСГИЈА
НА
МАКЕДОНЦИТЕ
TANAS VRAZINOVSKI

MACEDONIAN
FOLK DEM0N0L0GY
ASSISTANTS
Vladimir KARADZOSKI, Ljupco RISTESKI
LolaSIMOSKA

S K n P . I F . P R I I P P _ 1QQq
ТАНАС ВРАЖИНОВСКИ

НАРОДНА ДЕМОНОЛОГИЈА
HA МАКЕДОНЦИТЕ
СОРАБОТНИЦИ
Владимир КАРАЏОСКИ,Љупчо РИСТЕСКИ
ЛолаСИМОСКА

П К О П . 1 Е - П Р М П Р П . 1QQ*;
КОН ПРОУЧУВАЊЕТО HA ДЕМОНСКИТЕ СУШТЕСТВА ВО
НАРОДНАТА РЕЛИГИЈА КАЈ МАКЕДОНЦИТЕ

ТЛародната митологија кај Македонците, а во нејзиниот склоп и


демонологијата, останува една од најнепроучените области на наша-
та наука. Во изданијата од минатиотвек и оние од меѓувоениот период
посветени на народната митологија печатени во Бугарија и во Србија
наоѓаме богат материјал што се однесува на митските верувања на
македонскиот народ. Па, така се до Втората светска војна митологија-
та на Македонците била предмет на проучување на повеќе бугарски и
српски научни работници, кои, се разбира, неа ја проучувале како
составен дел на својата народна култура и наука.
По Втората светска војна и создавањето на македонската држа-
ва, се создале благопријатни услови за собирање и научна презента-
ција на народната митологија кај Македонците, како дел на македон-
скат-а народна култура. Во повоениот период e карактеристично дека
во српската наука се забележува извесна позитивна еволуција во
однос на митологијата на Македонците, додека, пак, бугарската наука
си останала на старите позиции. Таквиот однос придонел во словен-
ски, а и во пошироки рамки да се создадат недоразбирања од повеќе
аспекти: историски, етнички, географски и сл. Тоа веќе постепено се
разјаснува и македонската народна култура го зазема своето место
во проучувањата на повеќе познати истражувачи на словенската
митологија.
Приодот на бугарската наука во тој однос се движи во три
насоки: прво, целосно присвојување на митологијата на Македонците,
второ, смислено пренебрегнување на македонските истражувачи и
нивните трудови посветени на проблематиката на народната митоло-
гија на нашиот народ, и трето, таму каде што се споменуваат македон-
ски истражувачи се претставени како бугарски, што се разбира, e
голем апсурд.
Тука исто така мораме да забележиме дека во трудовите на
некои бугарски автори, се појавуваат неточности кои резултираат од
непознавањето на теренот на Република Македонија, а нивните заклу-
чоци, главно, се базираат на материјали коишто потекнуваат од
минатиот век, кои во некои случаи не се прецизни, а од сегашен
аспектод бугарските истражувачи не се проверени. Во првред, тоа се
однесува на застапеноста на пооделни демонски суштества на тери-
торијата на Република Македонија, нивните именувања и сл.
Нашата наука e должна да укажува на таквите моменти, бидејќи
тие ја засегнуваат посебноста на македонскиот етнос. Сепак, за жал,
мораме да укажеме на фактот дека, меѓу другото, тоа се должи и на
нашите недоволни истражувања и научно презентирање на народната
митологија кај Македонците.
Посериозни проучувања на народната демонологија кај нас за-
бележуваме дури во осумдесетите години, иако и во претходниот
период се среќаваме со трудови од оваа област, но тие се малуброј-
ни. Таквите истражувања, главно, се посветени на застапеноста на
демонските суштества во народната поезија и проза, додека со
проучувањата на народните верувања ситуацијата e уште понеблагоп-
ријатна. Тука би ги навеле трудовите на К. Пенушлиски, Душко На-
невски, Фанија Попова, Марко Китевски и др. Co појавата на зборникот
„Вампирите во македонските верувања и преданија" од Лепосава
Спировска и Танас Вражиновски и монографијата „Митски преданија"
од Т. Вражиновски и Кшиштоф Вроцлавски e направен суштински
чекор во проучувањата на пооделни демонски суштества.

Како што e познато, во традиционалниот архиетип на словенска-


та народна култура, многу изразито се зацртани тенденциите' кон
митолошко-симболичка персонификација на појави, процеси, коишто
се одвивале во природата и во општествената стварност којашто го
окружувала човекот. Овој момент e многу важен во сферата на
народната свест, во формирањето на широк круг на фантастични
демонски ликови и претстави. Врз основа на тоа, се создавале
верувања за најразновидни демонски суштества, кои во својата суш-
тина носат аспекти на персонификација на соодветни појави и проце-
си во сферата на природата и општествениот живот. Појавата на
демонската персонификација на природата и општествената реална
стварност содржи митологизирана форма во откривањето на народ-
ната свест на конкретни услови на постоење и општествениот карак-
тер на процесите на производство и стоковната размена. Тие исто
така содржат и извесни практични показатели кон кои се повикува
човекот при моделирањето, класификацијата и интерпретацијата на
природата, општеството, како и сопствениот животен пат.
Одразот на овој факт во сферата на народната свест станал еден
од мотивите за создавање на широк круг на фантастични демонски
претстави. Првобитно, меѓу нив се појавувале основни разлики во
однос на нивното потекло, облик, изглед, делокруг на дејствување,
како и односот кон човекот. Co текот на времето овие разлики
подлегнувале на постепена нивелизација во рамките на процесите на
преобразбите и преоценувањето на народните верувања коишто нас-
танувале во таа сфера. Извор на соодветните процеси биле детерми-
нантите и условувањата коишто произлегувале од дијалектичката

8
променливост и на општествено-стопанскиот модел на животот на
народот, како и на неговите принципи на однесување.
Според тоа, предмет на нашето истражување e посебна област
на народната култура, таканаречена демонологија, која содржи група
на верувања во демони, односно натприродни суштества и поврзани
со нив магиско-религиозни практики. Што се однесува на потеклото
на демоните, се сметало дека барем дел од нив го влече од религијата
на старите Словени, што во некои случаи овие претпоставки ги
потврдуваат историските извори. Исто така, честопати e потцртувано
влијанието на христијанството на необичниот развој на демонологи-
јата меѓу селското население.
Во овој случај важно e да се спомене и дејноста на црквата, која
се стремела кон ликвидација на секакви нехристијански верувања и
обреди, која траела доста долго време и постепено давала видливи
резултати. Но, постоела исто така и народната традиција, сериозна
сила која ја оформувала свеста на луѓето. Тоа, во голема мера
решавало за времетраењето, односно, за скороста или спороста на
промените во повеќе области на народната култура. Црквата во тие
настојувања правела големи напори од свеста на народот да ги
отстрани спомените на паганските божества. Веројатно поради тоа,
таа ги запоставила обичаите и верувањата кои се однесувале на
демонските претстави и суштества. Благодарение на тоа, меѓу друго-
то, и до наше време се зачувале повеќе пагански обичаи и верувања,
понекогаш изменети или прилагодени, но кои во себе ја зачувале
првобитната содржина и многу елементи на митологијата, односно на
ниската митологија. Така што некои моменти од паганската обредност
и верувања таа ги вклопила во својот систем и ги прилагодила на
својата догматика. На таков начин врските со митските претстави,
стануваат & потесни и заемноусловени, така што актуелните митски
ликови се дел од религиозниот систем со определена функција во
народниот светоглед. Некои од нив влегуваат во официјалното христи-
јанство, кои најчесто се вплетени во култот на христијанските светци,
а со другите црквата се помирила, покажувајќи со тоа дека e бессилна
да ги искорени, таа ги преосмислила во христијанскиот дух.
Во однос на дефинирањето на демонологијата можеме да издво-
име три основни нивоа за нејзино разбирање: секојдневно, научно и
теолошко. Секојдневното разбирање на демонолгијата e сфаќано
како сфера на верувања во разновидни духови, најчесто неиндивиду-
ализирани и понекогаш безлични, кои би требало да се јавуваат во
природата и општествената стварност која го окружува човекот. Овие
суштества не носат атрибути на божественост, но во убеденоста на
луѓето кои веруваат во нивното постоење и дејствување, тие имаат
одредено влијание врз текотна човечкиотживот. Поинаку речено, тоа
e сфера на одредени магиско-религиозни погледи коишто функциони-
раат во областа на општествената свест.

)
9
Знаењето за поодделните погледи во однос на демонологијата
беше објективизирано во повеќе етнолошки и религиозни трудови,
односно теолошки, кои со самиот приод во разгледувањето на проб-
лематиката се разликуваат доста суштествено. Тоа, во прв ред се
должи на различното сфаќање на демонологијата од страна на наука-
та и од страна на теологијата.
Научното разбирање на демонологијата, може да се изложи од
два аспекти: религиозен и етнолошки. Ние тука би додале и, фолкло-
ристички. Во првиот случај имаме работа со истражувачка област во
однос на теориите за претставите на суштества слични на боговите,
или антибоговски, оформени во пооделни религиозни доктрини. Пред-
мет на ваквите истражувања се проблемите на генезата на тие
претстави, нивното место и улогата во дадениот религиозен систем,
како и општественото условување на нивниот развој, функционирање
и исчезнување. Во другиот, пак, случај тоа e истражувачка област на
сферата на народните верувања, кои се однесуваат на претставите за
демонските суштества, полудемонски ликови и парадемонски појави,
како и поврзани со нив верувања, практики и магиско-религиозна
дејност. Во тој склоп треба да се подразбира важноста на истражува-
њата на застапеноста на верувањата во демонските суштества во
фолклорот.
Теологијата, пак, од своја страна се занимава со размислувања
врз структурата на демонските суштества, како и опсегот на нивната
негативна ингеренција во животот на човекот, како и можностите за
заштита на човекот од нив.

Во традицијата на македонската народна култура важно место му


припаѓаат на демонските верувања, кои силно се преплетуваат со
верувањата надругите словенски народи, а посебно со верувањата на
јужнословенските народи. Во согласност со тоа, во нашиот труд
вниманието го насочивме кон укажување на некои елементи коишто
потекнуваат од општите претстави на јужнословенските демонски
верувања, како и преглед на нивното функционирање во македонската
народна култура. Во таа смисла, појдовна точка e претставувањето на
главните блокови на демонските верувања во правец на генетско-
проблемските начини кои дејствуваат во народната култура во XIX век,
а посебно во XX век, главно нашата современост. Нивната презента-
ција e опфатена во контекстот на феноменолошко-генетската ориен-
тација со функционална застапеност.
Според тоа, истражувањето го подредивме на современите про-
цеси коишто се карактеристични за народната демонологија, но при-
тоа се поаѓа од најстарите извори на демонски верувања на нашиот
народ во однос на постоењето, дејноста, изгледот и поврзаноста на

10
нашиот човек, со разни демони со кои тој се судрувал, односно кои
на својствен начин ја одредувале неговата судбина или, пак, таа била
сврзана со нивната дејност, укажувајќи врз него свое влијание. По-
себно се задржавме и на прашањето на етнографско- фолклорните
преплетувања, без кои не би биле во можност целосно да ги опфатиме
демонските претстави и ликови, кои се цел на ова истражување.
Врз основа на нашето истражување утврдивме дека во совреме-
ната македонска народна култура живеат верувањата во сите демон-
ски суштества познати во минатото, иако во многу случаи тие се
среќаваат во редуцирана познавачка форма. Благодарение на тоа,
дојдовме до важни податоци за постоењето на следниве демонски
суштества: змевот, самовилата, ламјата, вампирот, караконџолот,
навите, наречниците, стопанот-покровител, ѓаволот, болестите и сл.
Податоците, се разбира, не се рамномерни, што укажува на фактот за
исчезнување на ред елементи кои во минатото влегувале во системот
на верувањата во демонски суштества. Исто така, податоците укажу-
ваат и на нерамномерната застапеност на пооделни демонски ликови
во солгасност со регионалната распространетост. Тоа значи, дека во
некои делови на Република Македонија одделни демонски суштества
не се познати или, пак, се „заборавени". Сепак, ја потврдивме нашата
констатација изложена порано дека во нашата современост најпопу-
ларни се верувањата и преданијата за вампири и нивната застапеност
на целата територија на Република Македонија.
Забележаниот материјал содржи автентичност и оригиналност,
поткрепен со фолклорни творби од народната проза. Се разбира, при
еден таков приод во обработката на проблематиката се нужни и други
извори, a so прв ред историски и археолошки. Кон овие извори треба
да се додадат и пишаните документи, кои сепак, се доста оскудни, a
тие главно се сврзани со средновековната литература, во која наоѓа-
ме елементи што се однесуваат на народната демонологија. Такви
пишани извори имаме и во црковните забрани, беседи, хроники и сл.
Тука треба да се нагласи дека во јужнословенската народна
демонологија, се среќаваат и други слоеви, како резултат на туѓи
влијанија, а пред се, хеленистички и ориентални. Посебно тоа e
евидентно во обичаите и верувањата со доаѓањето на Турците на
Балканот.
За верувањата во демонските ликови и претстави кај Македонци-
те и другите словенски народи, за нивната првобитна форма, како и
конкретно кои демони ги почитувале нашите предци имаме само
фрагментарни знаења. Подоцнежната историска документација, иако
доста сиромашна, дозволува на реконструкција на претставите на
словенските демонски верувања. Ваквата реконструкција укажува на
очигледни и изненадувачки сличности на верувањата кај сите словен-
ски народи. Постоењето на стереотипите на ситуациите, можат да се
забележат не само во свеста на поколенијата кои доаѓале едно по

11
друго во дадениот регион, туку на теренот на сите словенски земји.
Повеќе истражувачи укажуваат на оваа блискост, но најмеродавно ја
оценил одличниот познавач на словенската митологија К. Мошињски,
кој во врска со тоа забележал дека словенската демонологија без
оглед на привидните разлики и многуте имиња на ликовите e доста
монолитна. Тоа укажува дека таа им припаѓала на старите слоеви на
народната култура. Настанатите промени понекогаш се резултат на
христијанизацијата, а што се однесува конкретно на јужнословенски-
те народи, тие доаѓаат и од средбата со медитеранскиот и црномор-
скиот супстрат. Во согласност со тоа, доаѓаме до констатацијата дека
оние истражувачи кои детално се запознале со материјали кои се
однесуваат на демонологијата на разни земји, тие при понатамошни-
те студии сосема веќе ретко ќе се сретнат со некои верувања кои за
нив би претставувале нешто ново. Најчесто тие ја имаат можноста да
потврдат дека привидната новина се потпира на механичко претставу-
вање на веќе добро познати сижеа. Но, секако, лесно ќе се забележи
дека не само карактеристиката на поодделни демони, нивното однесу-
вање кон човекот и сл., туку и цели раскажувања кои изнесуваатлични
доживувања на еден од селаните од даденото село, се повторуваат со
детали на огромни просторни оддалечености.
Овие согледувања сведочатза блискоста на народната традиција
на словенските земји, кои дозволуваат реконструкција на оние еле-
менти на верувањата, кои во некои места исчезнале, или, пак, не се
доволно познати. Тоа особено доаѓа до израз во верувањата кај
јужнословенските народи, каде што нивното сфаќање и разбирање e
многу блиско, а во многу случаи и идентично во однос на потеклото,
изгледот, функциите, односите со луѓето и сл.
За таквите состојби, меѓу другото, зборува и самото именување
на демонските суштества. Идентичноста и различноста во нивното
именување кај јужнословенските народи ги илустрираме со следнава
табела:
Македонија Словенија Србија Ц. Гора Босна Хрватска Бугарија

1. Самовила
вила вила вила вила вила вила вила
самодива виленице дива
самовила самовила
самовида
самојуда

2. Змеј
змеј змај змаЈ змај стуха змај змеј
змев стуха стуха стува
стува стува змај
здуха здуха
здухач здухач
стувач

12
3. Ламја
ламја хала хала хала хала хала
ламња ала ала ала ала ала
аждер аждаха ламја
аждаја аждаја аждер
аждава аждаја
4. Караконџол
караконџол караконџула караконџол
караконџула
5. Вампир
вампир вампир вампир вампир вампир вампир вампир
гробник тенац вампуер вампири
вокодлак

6. Наречници
наречници ројенице суиенице суџенице суџенице суџенице наречници
сојенице

7. Нави
нави нави нави нави нави

8. Стопан -
стопан таласон таласон таласон стопан
таласон таласон

За блискоста на верувањата во демонски суштества кај словен-


ските народи сведочат и неколкуте класификации во едни општосло-
венски рамки, како и пооделно во национални рамки. При постојните
класификации се поаѓало врз основа на критериумите на стрефите и
нивната просторна појава, како и опфатот на функционирањето во
областа на општествено-производниот живот на луѓето. Таквата кла-
сификација, се разбира, иако не e најдобра, дозволува поделба на
четири основни групи: 1. атмосферски демони, 2. демони на природата
(полски, шумски, водни, 3. демони на судбината (наречници), 4. штетни
(демони на болестите и демони на смртта).
Слободан Зечевиќ, класифицирајќи ги демоните што се појаву-
ваат на српска почва, поаѓа од нивните функции и потекло. Тој ги
издвојува следниве групи: 1. демони на природата. Во составот на ова
група тој изделува две подгрупи: демони на природата во потесна
смисла, меѓу кои ги вбројува шумските и водните духови и самовили-
те, додека меѓу атмосферските демони се герман, ламјата и змевот, 2.
демони на судбината, кон кои припаѓаат наречниците и Усуд, 3. демони
на болестите, тоа се бабичките, милосниците и чумата, 4. домашни
демони во кои се вбројуваат куќната змија, таласонот и домашниот
услужен дух, 5. демони кои настануват од луѓе и луѓе со демонски
особини, меѓу кои се вбројуваат вампирите, вештерките, мората и сл.,
и 6. останати демони, меѓу кои ги вклучува караконџолот и некои други
демони карактеристични за српските верувања. Во руската класифика-
ција на сижетите на меморатите (билички) и суеверните фабулати
(бивалштици) ги среќаваме следниве групи: 1. духови на природата, 2.
домашни духови, 3. ѓаволот, 4. змевот и проколнетите.

13
Bo согласност со тоа, треба да се нагласи дека и постоечката
словенска литература од областа на демонологијата, а посебно јуж-
нословенската, ја карактеризира сличноста, а во некои случаи и
идентичноста во изложувањето на материјалот, како и заклучоците
кои произлегуваат од него. Тоа значи дека скоро кај сите автори
концепцискиот и методолошкиот пристап e сличен. Посовремен прис-
тап, во таа смисла, се забележува кај некои од помладите српски
истражувачи, кои во своите проучувања внесоа доста новини од
методолошки карактер.
При една ваква блискост, односно идентичност на верувањата ни
се нафрлува едно битно прашање, кое e од терминолошки карактер.
Имено, дали e најсоодветно да се зборува за македонска демоноло-
гија, српска демонологија, бугарска демонологија и сл. Ова прашање
e уште посложено кога ќе се има предвид, а посебно во верувањата
на јужните Словени влијанието кое го извршиле религијата и митоло-
гијата на старобалканските, античките и ориенталните народи. Дали
поаѓањето од застапеноста на верувањата на дадениот етнички прос-
тор e доволно аргументирано за едно вакво одредување на демоно-
логијата на соодветните народи од јужнословенскиот простор? Сме-
таме дека поцелисходно и поаргументирано e да се зборува за
верувања кај Македонците, Србите, или Бугарите. Во прилог на тоа
зборува и мешаноста на населението на балканскиот простор, кое
укажува на соодветно влијание врз создавањето и животот на веру-
вањата.
Карактеристично за словенските верувања e дека на секое де-
монско суштество му одговара извесен број на мотиви, од кои дел
имаат суштествено значење, а дел во поголема или помала мера
имаат сижети од второстепено значење. Сижетите можат да се
поделат на две групи. Во првата група ќе се најдат мотивите со чие
посредство се опишуваат надворешните особини (главно изгледот на
демоните). Во втората група - нивниот однос кон луѓето, односно
заемните односи, начинот на живеење, како и односот кон надвореш-
ниот свет. Кон надворешните особини на демоните во општословен-
ски рамки спаѓаат, пред се, следниве елементи: по принцип тие се
невидливи, имаат густа коса, густи веѓи, или тие потполно отсуству-
ваат, имаат голема глава при мал раст, очите им се зелени или светли,
имаат необични заби и усни, имаат рогови. Немаат плеќи, имаат
крилја, шест прсти, животински ноѕе, имаат опашка, се јавуваат голо
и сл.
Демоните во однос кон човекот обично се лоши, но исто така ее
среќаваат и такви кои му излегуваат во пресрет и му помагаат.
Демоните исто така се познати како љубители на песната, музиката и
орото. Во основа, изгледот на демоните e двојствен: човечки и
животински, односно комбиниран: човечко-животински со можност
за метаморфоза.

14
Bo проучувањата на верувањата во демони важни се истражува-
њата од областа на фолклористиката. Фолклористиката придонесува
за согледување на сложениот карактер на односите кон демонските
ликови и претстави и со нивна помош да се обиде да го разбере
внатрешниот механизам на фолклорното творештво и спецификата на
фолклорната естетика. Покрај обредната поезија и приказните, најоп-
ределено и најнепосредно, етнографската условеност и другите етно-
графски односи во фолкорот се појавуваат во преданијата, а во прв
ред, во митските преданија, каде што верувањето e основен елемент
за нивното создавање и постоење.
Генетскиот и функционалниот карактер на верувањата во овој
тип на преданија e очигледен. Создавањето на митското предание e
условено од верувањето. Одразот на демонските суштества и нивни-
те главни функции сврзани со односите со човекот, всушност ја
создаваат фабулата на преданието. Ако овие два елементи: верување
и фабула не би биле заемно пополнети, тогаш би имале само сиро-
машна информација или податок за соодветното верување, а фабула-
та секако би изостанала, би немале развиен сижет, би го немале
системот на дејството на учесниците, а воопшто и ситемот на ликови-
те и нивната заемна обусловеност. На таков начин, преданието доби-
ва стабилна форма и со тоа рбезбедува живот и разнообразност како
фолклорен жанр. Но, исто така, тоа се претвора и во извор за
етнографски проучувања. Без тоа етнографскиот податок, затворен во
своите рамки, во нашата современост нема подолга перспектива за
опстојување. Според тоа, заклучокот тука e единствен: двата елемен-
ти добиваат регулациона смисла и карактер.
Тука треба да се потцрта дека поврзувањето на верувањето со
преданието не e во потполна зависност, како што тоа го среќаваме
во некои други жанрови на фолклорот. Врската меѓу нив e доста
сложена. Изложувајќи го верувањето, преданието не го копира, не го
следи слепо. Тоа го трансформира него, односно пооделни негови
елементи. Но, митското предание колку и да сака да го избегне
верувањето, не e во можностда се отргне од него. Тоа не e остварли-
во од самиот факт што во овие преданија се зборува за демонски
суштества во кои се верува.
Верувањето преку преминувањето во предание во ное веќе
сижетот e поврзан со конкретно лице, конкретно место каде што се
случува настанот, добива елементи на вистинитост во границите на
семантичката условеност, подредена на симболиката на верувањето,
на сижетот, na во продолжение и на ликовите и на нивните посебнос-
ти, на пример, на оние ликови кои влегуваат во разни односи со
демонските суштества, и тоа: убавина, сила, бесмртност и сл.
Јунакот во митското предание мора да дејствува во согласност
со нормите што ги наметнува верувањето. Секое негово дејствување
кое не e во согласност, на пример, со извесни забрани, односно се

' 1 5
оддалечува од тие норми на постапување, за него завршуваат кобно.
Постапките на јунакот мора да се во согласност со забраните коишто
ги налага етнографскиот супстрат. Тој мора да го исполнува кодексот
на неговите морално-етички норми.
Но, во ред случаи старите односи се покажуваат како противреч-
ни на тој морал. На пример, во широко познатиот мотив спасување на
девојка која e наменета за жртва на чудовиштето, односно на змевот
или на ламјата, механизмот на преобразбата на етнографскиот супс-
трат e мошне очигледен. Обредот на жртвопринесувањето, што неко-
гаш имал сакрална смисла, не се опишува во неговите реални форми
и во неговото основно значење, а и повеќе од тоа - како обред тој
воопшто не се прифаќа, туку целата ситуација се третира како неволја
на колективот, но на тоа бедствие му се спротивставува само избра-
ниот јунак; неговата борба со чудовиштето и победата врз него се
воспевува како голем подвиг. Ако некогаш во реалниот бит на колек-
тивот бил неопходен обредот на жртвопринесувањето, тоа во фолкло-
рот, особено во волшебната приказна, се поставува како животен
подвиг, кој, како резултат на неопходноста за принесување на жртва
отпаѓа. Според тоа, прекодирањето на етнографскиот супстрат придо-
несува за создавање на типична во фолклорот колизија, варијации кои
создаваат мноштво сижети.
Според тоа, јунакот во волшебната приказна го изложува својот
живот во опасност, но секогаш крајот за него завршува успешно и
среќно. Во верувањата и во митските преданија контактот на јунакот
со демонското суштество, без оглед на тоа во каков вид тој e
остварен, за јунакот завршува со тешко заболување и како краен
ефект, во повеќето случаи, со неговата смрт. И во едниот и во другиот
случај доаѓа до конфликтна ситуација. Додека во приказната конфлик-
тот e очигледен, во митските преданија тој e прикриен, тој дејствува
внатрешно и e подреден на забраните, диктирани од верувањето.
Нарушување на забраните, како на пример: обраќање кон некои
демони, нагазување на соодветни "демонски места", излегување над-
вор во несоодветно време и сл., а понекогаш и самата средба со
демонот завршува трагично за јунакот.
Врз основа на односите верување - фолкорен сижет, односно
мотив, доаѓаме до извесни психолошки аспекти за дејствувањето на
демонските ликови, на односот на човекот кон нив, или кон самото
верување, на нивното прифаќање, или отфрлање во нашата совреме-
ност. Поаѓаме од фактот, дека едно и исто верување поинаку живеело
да речеме пред 50-тина години, а поинаку тоа живее во нашата
современост или тоа останало само како спомен од изминатото
време, а тоа значи познавање на самото именување на демонското
суштество или штура информација дека некогаш имало некое такво
суштество и ништо понатаму. Момент кој доста често го среќаваме
во нашите теренски истражувања.

16
Bo повоениотразвоен период на македонскиот народ, всушност,
како и кај другите словенски народи, настанале крупни промени во
општествено-производните и културните услови на живеење,
воопшто, на цивилизациските процеси со кое e опфатено нашето
национално битие. Овие промени e природно да најдат одраз и во
нашата народна култура, а во нашиотконкретен случај во системот на
верувањата во митските суштества. Во прв ред, тоа се однесува на се
поголемото отсуство надемонските суштества во практичниотживот
на македонскиот народ. Од ослободувањето na наваму, се поприсутна
e појавата на „заборавање" на демоните, но сепак, не можеме да
зборуваме дека демоните веќе му припаѓаат на минатото, но мораме
да констатираме дека тие ја загубиле улогата на инспираторски фактор
на народниот систем на вредности и обичајни норми.
Тука треба да се нагласи дека исчезнувањето на верувањата и на
верските преданија не e еднократен чин, туку e резултат на спора
еволуција, која се врши во свеста на човекот нерамномерно и не во
однос на сите демонски појави еднакво.
Книгата „Народната демонологија на Македонците" произлезе од
работата врз проектот „Народната митологија кај Македонците", кој
претставува еден од проектите на Институтот за старословенска
култура во Прилеп. Врз овој проект во изминатите три години се
работеше на народната демонологија, а во следните три години на
високата митологија, со што ќе биде заокружено проучувањето на
народната митологија кај Македонците во целина.
Главна цел на овој труд e да се запознае нашата јавност и
пошироко со најновите истражувања од областа на верувањата во
демонските суштества и митските преданија. Поради тоа, во оваа
книга даваме само скромни податоци за секое демонско суштество
кое било предмет на нашето истражување, а во продолжение го
приложуваме собраниот материјал од областа на верувањата и пре-
данијата.
Овој фактукажува на нивото на распространетоста и застапеноста на
пооделни демонски суштества на територијата на Македонија.
Благодарение на така планираните теренски истражувања, кон-
статиравме дека не сите демонски суштества рамномерно се познати
во сите региони на Македонија. Таков e, на пример, случајот со
демонското суштество - караконџол, каде што во Порече воопшто
не се среќава. За него не можевме да добиеме никакви информации
и од најстарите жители од овој терен. Дали тој тука воопшто не се
појавувал или e исчезнат, односно заборавен, не сме во состојба да
утврдиме. Слична e и состојбата со демонското суштество - русалка,
кое e доста познато во словенската митологија. Ова прашање e
дотолку важно, бидејќи во некои региони на Македонија, како што се
Гевгелиско, Валандовско, Радовишко и други, се познати таканарече-
ните русалии, односно русалски ора, русалска недела, и сл., а самото
демонско суштество e непознато.
Собраниот теренски материјал се однесува на сите нам познати
демонски суштества: самовили, змевови, ламји, наречници, стопан- =>
покровител, болести, караконџоли, вампири, нави, ѓаволи, вештерки. И
тука постои битно разграничување. Знаењето за некои демонски
суштества кај нашиот народ e доста богато, додека за други демони e
мошне сиромашно. На пример, додека за такви демонски суштества
како: самовилата, змевот, наречниците, а посебно за вампирот, соб-
равме доста разнообразен и за денешни прилики доста богат матери- .
јал, тогаш за караконџолот, ламјата, болестите, со исклучок за чумата,
знаењето кај нашите информатори e минимално.
Потребно e да нагласиме дека во многу случаи функциите, како и
изгледот на некои демонски суштества се мешаат. На пример, таков e
случајот со вампирот и сеништето. Во некои региони на Македонија,
како што e Прилепско, Мариово и сл., овие демонски суштества се
изедначуваат, додека во други региони се разликуваат. И во материја-
лите на Марко Цепенков не постои разграничување помеѓу овие
демонски суштества. Истото се однесува и на релацијата вампир -
караконџол, или вампир - ѓавол.
За време на нашите теренски истражувања се судривме и со ред
проблеми, кои главно, се однесуваат на откривањето на вистински
познавачи на проблематиката на народната демонологија, а во тој
контекст и на добри раскажувачи на народни творби од областа на
народната проза. Овој момент укажува на фактот дека во нашата,
современост се одвиваат важни процеси во животот на македонска-
та народна проза и верувањата кои, меѓу другото, се однесуваат и на
самата појава на творци и носители на усната традиција. Тоа значи
дека се потешко се доаѓа до вистински информатори и раскажувачи
воопшто.
Во повеќето случаи добиените информации се фрагментарни. Во
нив отсуствуваат вистински познавања со кои ќе се објасни потекло-

20 »ѕ
то, функциите, односите на релација: човек - демонско суштество.
Ретки се случаите кога имавме можност навистина да дојдеме до
добри познавачи на верувањата за демонски суштества и добри
раскажувачи на народни творби.
Без оглед на тоа, собраниот материјал носи вредни елементи и
го одразува времето во кои верувањата и народните творби за
демонските суштества живеат, како и на промените на кои се подло-
жени во наше време. Тие се сведок на еден процес на постепено
исчезнување од народната свест на нашиот човек. Најверојатно тоа
се последните мигови во животот на многу верувања за пооделни
демонски суштества. Овој факт нс наведува на сс поинтензивни терен-
ски истражувања од областа на митологијата воопшто.
Во таа смисла нужно e да се споменат имињата на следниве
информатори и раскажувачи, главно на митски преданија, од кои
успеавме да добиеме вредни податоци за животот на демонските
суштества во нивната општествена средина и добар раскажувачки
материјал. Меѓу нив ги издвојуваме следниве лица: Трајан Димитри-
јовски од e. Белица, а којшто сега живее во e. Цер, Ангелина Јовчева
од e. Полчишта, Милан Костадиноски од e. Вирово, а живее во e.
Кадино Село, Спаса Рулеска од e. Свето Митрани и други. Тука e и
Гроздан Недановски од Торонто, роден во e. Арвати, Преспанско, кој
се покажал како добар познавач на некои демонски суштества и
добар раскажувач на приказни. Во Торонто бевме во можност да се
сретнеме и забележиме верувања и митски преданија и приказни од
повеќе наши иселеници. Овој момент укажува дека добрите познава-
чи на верувањата и раскажувачи, селејќи се во Канада со себе го
понеле и не го заборавиле својот репертоар од Македонија кои
продолжуваат да го негуваат во нови услови на живеење, далеку од
својот роден крај.
Теренските истражувања беа започнати во 1992 година, кога
всушност и започна реализацијата на проектот„Македонска народна
митологија". Во тој период, главно, беа истражувани градот Прилеп и
повеќе села од овој регион: Варош, Мажучиште и Горно Село. На
прилепскиот терен навративме и во 1993 и 1944 година, а истражува-
њата беа спроведени во следниве села: Мало Коњари, Галичани,
Кадино Село, Боротино, Обршани и Долнени.
Во текот на 1994 година, теренските истражувања беа интензиви-
рани и во тој период се посетени следните региони: Порече, со
селата: Ковач, Самоков, Бенче, Ботуше, Лукше, Белица, Црешево,
Модришта, Грешница, Слатино и Требино.
Во прилепскиот дел на Мариово беа истражувани селата: Пол-
чишта, Бешиште, Витолишта и Дуње.
Во регионот на Демир Хисар, теренските истражувања беа изве-
дени во селата: Жван, Сапотница, Белче и Слепче. ;,.,,

21
Bo областа Раец, Кавадарско, се задржавме во селата: Белово-
дица, Тројаци, Големо Радобил и Дреново.
Во Гевгелиско, теренските истражувања беа водени во селото
Стојаково, а во Валандовско, во e. Миравци. Co теренски истражува-
ња беше опфатена и Демир Капија.
Во Охридскиот регион, покрај самиот град Охрид, теренски истра-
жувања се водени во селата Пештани и Велгошти.
Во Крушевскиот регион беа посетени селата: Пуста Река, Цер,
Горно Дивјаци и Ариљево.
Co теренски истражувања продолживме и во текот на пролетта
во 1995 година и тоа главно беа опфатени повеќе региони од источна
Македонија. Во Радовишко истражувањата се водени во селата: Лес-
ковица, Гарван, Загорци, Дедино, Ракитец и Коњче. Во Струмичко,
селата: Мокрино, Борисово, Мокриево и Габрово. Во Беровско: Дво-
риште, Русиново, Ратево и Робово. Во Штипско: Горни Подлог, Трка-
ње, Спанчево, Соколарци, Чешиново, Чифлиг и Караорман. Исто така
беа спроведени и контролни истражувања во неколку прилепски села.
Во согласност со погорните податоци, теренските истражувања
беа водени во над 65 населени места во Македонија и Торонто,
Канада. Снимениот материјал потекнува од 80 информатори и раска-
жувачи, од кои во книгата се застапени 48, со 107 текстови. Во просек,
ртаросната граница на информаторите и раскажувачите се движи од
60 до 90 години. Снимениот материјал e депониран во Институтот за
старословенска култура во Прилеп.

Танас Вражиновски
I
САМОВИЛИ

^амовилите се едни од најприсутните и најпопуларните митски


суштества застапени во нашите верувања и во усната традиција. Тие
во поголема или помала мера се познати скоро кај сите словенски
народи, но посебно се присутни во верувањата и во народната
традиција кај јужнословенските народи.
Во македонските верувања и во усното творештво, самовилите
се познати со неколку имиња: најпознато и најпроширено e името
самовила, na потоа следуваатимињата: самодиви, вили, јуди и„мајки".
Името мајни се среќава многу ретко. Во современите наши записи
воопшто не го среќаваме, а во минатото се сретнува со следните
изрази: „Го земале мајките", како метафора за лудило, кога некој
умствено се пореметил од страв. Самовилите, се разликуваат од
другите демони и по тоа што се индивидуализирани, со што повеќе се
потврдува нивната блискост со човечкиотрод. Тие носатсвои имиња,
и тоа: Ангелина, Ѓурѓа, Јана, Стојна, Ерина и сл., значи, имиња многу
популарни кај жената Македонка.
Самовилите се исклучиво митски суштества од женски пол.
Децата на самовилите исто така се од женски род и се раѓаат по
вегетативен пат. Машко дете може да се роди само од врска со
смртен човек, но не останува во женското општество на самовилите.
Мажите кои доаѓале во допир со самовили, како резултат на тоа, се
здобиле со извесни својства и моќ, коишто обичните мажи ги немаат.
Во македонските верувања, многу интересно се претставени односи-
те помеѓу луѓето и самовилите. Самовилите за свои партнери обично
избирале убави, здрави и силни мажи, во прв ред, меѓу планинските
овчари. Луѓето кои одржувале љубовни односи со самовилите треба-
ло врската да ја кријат, не требало да влегуваат во љубовни врски со
друга жена, а ако тој бил во брак, бракот пропаѓал. Според верувања-
та, овие луѓе живееле кратко, обично пет-шест години, а ако ја
откриеле тајната врска со самовилите, тие биле свирепо казнувани од
нив. Обично мајките и сестрите на луѓето се спротивставувале на
таквите односи и собирале разни тревки и билки за да ги разделат.
Според некои верувања, обично самовилите ноќно време се
појавувале во женски облик, а преку денот во вид на бура, луња. Во
овој случај се верува, дека самовилите летаат во бурата, тоа од друга
страна значи дека неа ја користат за средство за движење или, пак,
бурата ја носи нејзината појава.

23
За самовилите во верувањата постојат најразновидни сфанања и
определувања, кои во многу случаи се спротивни. Обично за нив се
зборува како за многу убави суштества. Ќе се сретнеме со следниве
определби: „Тие се убавици на светот", „Лични што нема каде", „Нај~.
добри се во светот што не постои, тие се за арно, за лошо ништо не
праве", „Тие се божји деца", „На Господ му се најмили деца". Но, пак,
од друга страна ќе слушнеме: „Како чума се", „Нешто страшно",
„Нешто штетно" и слично.
Основните елементи коишто ги среќаваме, кога станува збор за
убавината на самовилите тоа се: лицето, кое e многу убаво, очите кои
се модри, или зеленикави и косата, која во некои случаи e црвена,
долга и никогаш не \а скратуваат, ја оставаат долга до земјата. Се
верувало дека нивната животна сила се наоѓа во косата, така што тие
не смееле да изгубат ниту едно влакно.
Co такви атрибути на убавина, се разбира, преовладува привлеч-
носта на самовилата. Но, тука постои еден момент којшто ја разбива
целосната убавина на овие демонски суштества, а тоа e појавата на
козји копита. Тоа се зооморфни елементи што се однесуваат на
нозете. Оддругите зооморфни црти најмногу се среќаваат крилјата, со
што тие слободно летаат.
Самовилите се натприродни суштества што не можат да се
видат, а може само да се слушне нивниотглас. Но, сепак постојат луѓе
кои можат да ги видат, Тоа се таканаречените „саботници", луѓе
родени во сабота, а тоа посебно во сабота пред задушница. или пред
Велигден, на полноќ на Бадна вечер. Исто така самовилите можат да
ги видат кучиња, со четири очи, мешани „самовилски деца".
Посебно интересни моменти наоѓаме во верувањата што се
однесуваат на начинот на кој се облекуваат самовилите. Облеката на
своевиден начин ја заокружува нивната убавина. Таа всушност e дел
од неа, со која го привлекувала вниманието на народот. Таа облека e
позната како „самовилска облека". Според некои верувања, самови-
лите не носеле никакава облека, се движеле голи. Според, пак, други
верувања, тие носеле разни наметки, односно проѕирни фустани во
разни бои. Најприсутни бои тоа биле: белата, црвената, розовата и
зелената. На половината се опашувале со жолт колан. Исто така
носеле и убава срма. Понекогаш, а тоа главно во преданијата, само-
вилите се појавувале облечени во народна носија, карактеристична за
даденото село. Начинот на кој се облекувале самовилите ја потцрту-
вал нивната посебна припадност.
Самовилите живеат на разни места, но тие места мора да бидат
и убави, како што се убави и самовилите. Во прв ред, тоа се планините,
потоа покрај места кајшто растат убави и миризливи цвеќиња, покрај
извори, езера и сл. Обично водата од тие извори e лековита. Некои
самовили живеат на небото, други на земјата. Небесните слегувале на
земјата само тогаш кога требало да ја исполнат божјата волја. Врз

24
основа на местото на живеење на самовилите ги среќаваме и следнп-
те именувања за самовили: планинки, езеркињи, облаќињи, и слично.
Исто така, се верува дека тие живееле и во некои растенија. За
самовилски растенија се сметаат бршљенот, здравецот и некои други.
Во некои региони на нашата татковина се среќава практиката кога се
берат овие растенија, да се остава конец од облеката, леб или монета.
Самовилите коишто живееле во овие растенија, ќе му се одмаздат на
човекот ако не остави ништо.
Во верувањата за самовили, многу e распространето верување-
то за таканаречените свадби на самовилите. Случајно сретнатиот
човек го даруваат и му даваатда пие вино од букле, а тој невестата ја
дарува со пари. Тоа значи дека човекот e поканет да учествува на
свадбата. Веселбата му се чини дека e свадба на некој негов познат.
Тој останува со нив додека не пропеат петлите. Тогаш завршува и
самовилската свадба.
Важна улога во карактеристиката на самовилите како вегетатив-
но божество одигруваат ората. Ората имаат стимулативна улога за
плодородието - тоа e молба за дожд, за сонце и сл. Тие играат
страсно, во некои песни и преданија танцуваат голи, што се јавува
како дополнителен стимулатор во заклинанијата на природата. Место-
то каде што тие ганцуваат e волшебно, а може да се познае по тоа
што црнее. На пример, на тревата во ливадите можеле да се забеле-
жат самовилски црни кругови. Нивните нозе имаат својство да предиз-
викаат горење на местата по кои тие минуваат и оттука тоа место e
црно. Обично, кај нас, танцот на самовилите се вика самовилско оро,
кај Србите врзино коло, а кај Бугарите врзулово хоро.
Пеењето, пак, на самовилите e магионичарско и волшебно. За
нивниот прекрасен глас се верува дека оној што ќе го слушне, потоа
нема да биде во состојба да слуша човечки глас. Гласот на самовила-
та може да предизвика кај човекот лудило, ако не се заштити со
затнување на ушите. Тие не трпат подобри пејачи од себе.
Според некои верувања, кои нашле одраз и во песните, самови-
лите забрануваат да се работи на празник или недела. Прекршителите
на оваа забрана тие грозно ги казнуваат.
Во согласност со верувањата, самовилите се карактеризираат со
двојственост во нивните постапки спрема човекот: можат да бидат
добри, да му излегуваат во пресрет и да му помагаат, но истовремено
можат да бидат многу лоши и опасни, но и одмаздливи. Народот
верува дека многу болести произлегуваат од самовилте. Таквите
болести се нарекуваат самовилски, а најкарактеристични се епилеп-
сијата и парализата.
Во согласност со тоа како народот си ги претставува самовили-
те, односно во каков облик тие се покажувале, можеме да ги групира-
ме во неколку групи:

2!
1. Самовили коишто се појавуваат во облик на човек, тоа значи,
жена.
2. Самовили коишто се појавуваат во невидлив облик:
а) во вид на невидлив дух.
б) во вид на женски невидлив дух со натчовечка сила.
3. Во вид на сенка.
4. Самовили во облик на животни:
а) во облик на пиле, односно врапче,
б) во облик на пеперутка.
5. Самовили во вид на атмосферски појави:
а) во вид на ветришта, ветер.
б) во вид на бура, луња.
6. Самовили во облик на други митски суштества, на пример,
наречници и ѓаволи.
Според тоа, за самовилите e карактеристична и појавата на
метаморфоза; тие се во состојба да се преобразуваат во најразно-
видни облици.
Нашиот народ во минатото длабоко верувал во постоењето на
самовили. Сопред некои информатори, тие постоеле се до Втората
светска војна. По војната самовилите исчезнале и само во ретки
случаи се верува дека и денеска постојат.
1.
ЛЕКУВАЊЕ ОД САМОВИЛСКИ БОЛЕСТИ

Самовилите тоа се ветрови. Ка ќе дуне колце врте, вака колце.


Ууув, коа ќе дувне, дали џам ќе скрше, дали алишта ќе земе. Тоа
самовили се вика. А, иначе, ноќеска надвор да излезеш, самовилите
викаат - уу, уу. Викат и шетат. Тие можат да го градисат човекот. Ќе се
поболи. Ќе оде чоеко по басни. Имало женски самовили и машки.
Машкиот самовилник се вика. Тој шо e машко ќе ој кај некоја жена шо
e убава, бела, дебела и ќе ја заљуби. И таквата жена ќе нема деца. Кај
неа ќе оде само тој самовилнико. Ќе ја тепа по нозете, ќе има синило.
Мојата мајка тоа ми го има кажуано мајка ми. Ќе речат: „Ако си видите
модрици и нешто коа да дошол маж кај вас, ќе станиш ноќеска, ќе си
кладиш нош над зглавје". Нош ќе кладиш и ко ќе го видат ножот ќе се
врате. Или просо вратено на врата ќе кладиш, да се врател, да не може
да влезе. Просо вратено тоа e од просото за сеење. Ќе врателе малце
дома од семето, за тоа да се најдело, за лек.
Еднаш самовилите ја викнале бабата Анѓа. Тоа било ноќта: „Анѓо,
Анѓо, стани!" А зеле по џаде, ја завеле наму од спротива, играле со гајди,
свиреле, пееле. Таа ко се сетила на џадето - дошла. Се вратила дома и
од тогај жената ко се разболе, така се влечеше и така и умре.

2.
НЕВИДЛИВИ САМОВИЛИ

I 1орано имало самовили, ама никој не ги вишол. Тие никој не може


да ги види и никој не знае кај живеат. Кажуале старите дека ко имало
некој силни ветришта тогаш самовилите врвеле. Кај нас еднаш се случи
едно чудно нешто кога жниевме. Жниевме јас, дедо Грнче и мајка ми. My
велиме на дедо Стојо да ги врзиме полозите. Веднаш потоа ко дуна еден
силен ветер, сите полози ги крена и ги однесе во Дучевата нива, горе над
дабјето. А еден сноп од стриковата нива, кога го крена, го врте, го врте
на небото, потоа го нашле дури таму далеку снопот, исправен простум.

27
3.
НЕВИДЛИВИ САМОВИЛИ

Оамовилите биле жени. Кога тие врват. како на канти да тропајат.


Јас еднаш излегов од колибата да и вида јагнињата. Слушам одоздола
ми лупа вака како тенеќии. Си велам дека тоа може да биде некој
трактор, ама таму нема пат. Па ми удри умот: да не e некоја самовила.
My турив на јагнињата и испаѓам na. Ко испаѓам na, коа гледам тија
дапчиња се веат вака и тоа тропа, а не можа да ви вида ништо. И така
ме вати страв. Си реков: „Ќе дојде тука и мене ќе ме крене!" Ама згора
помина над колибата. Сила замина над колибата, друго не видов ништо.
Само така лупај како на тенеќии и силен ветер дуј, дуј.

4.
ЗАБОЛЕНА О Д С А М О В И Л И

V/ни самовилјаци се ветрушките, кога се здуат ветрушки. Они да


поминат покрај тебе можат на место да те остават или да ти дигнат
капа или некоја дреја. После да ја облечеш може да те парализираат.
Имало e еден самовилски кладенец. Каде него се собирале луѓе, ама јас
во тоа не верувах, оти после ме фаќало страв. Еднаш ојдох на полето.
Бех месила леб и околу дванајсе сато ќе ода долу. Ама тука под селото,
има еден пат на доле еден нагоре и издуваа некои ветришта, што не
може да се види нешто. He минаа од тогаш три дена, зеде мене да ме
боли главата и тоа само од левата страна. Денеска ќе си работам и
таман ќе дојде три саато, мене главата ќе ме заболи од половината
натака. Боже, и пи инекции и апчиња, затровах се и не помага и не
помага.
Арно, ама детето нешто болеше, сина ми, увото и докторо ме
прати у Штип. Ојдох ме таму сос него. Тука сретнав една моја снаја и и
реков за моите болки, што ме боли главата и таа ми рече да ода кај
некоја жена во манастирот Св. Ѓоргија кај Штип. Ојдохме таму и една
жена викна:
- Ај, нека влезе таа жена, Марија. - Вика.

28
И ка го погоди името мене ме фана језа. Од кеде она ми знае
името. А флезе и Киро, синот. И она крсти се там, икона има, друго
ништо нема. Крсти се и моли се, и вика: „Ахк", „Ахк". По некое време ми
вика на мене:
- Тетко, да не си одила веќе на доктор. Ти не си за лекар. Тебе
самовилјаци те прелетали од левата страна. Ако тие те фанале преку
главата, таму ќе си паднала и ќе си умрела, ама те фанале само од
едната страна. Тизе од три саато те заболи главата додека пропејат
петлите. Тоа се самовилјаците. Они вов тоа време играат. И штом
пропејат петлите, тебе главата не те боли!
И викам:
-Точно така e! Здрава сам до три сат, другиоте ден пак така.
Вика:
- Да не одиш по лекарства, јас имам самовилско дрво, ќе ти дам
да се подкадиш. Ќе идеш во вашата црква Св. Богородица и на крсто
двете свешти шо се дигат и свалат да ги запалиш, кога литургијата ќе
мине и ќе се опоравиш.
Верували деца или не. Од кад се вратих там, кад се подчадих од
дрвото, турих си вера, а тоа бара и вера малку да си туриш. A jac не
веруах по такви самовили, вампире, а од тогај поверувах. Ги запалих и
во црквата свештите. Главата мене ме преболе и никогаш од левата
страна не ме заболе. По тоа поверувах оти тија ветришта тоа се
самовиљаци.

5.
САМОВИЛСКО ПЕЕЊЕ

b e r n e летно време. Си работев како секој ден во воденицата.


Еден ден онака идат одоздола по јазот, ништо не гледам кој иде, туку
слушам по јазот некои свират, да ти e милина да и слушаш. Жетварски
песни. Самовилине, шо и викат, ноќе свират, пеат, да ти e милина да и
слушаш. Двата камења во воденицата си работеа. Вратата затворена,
пенџерата затворена. Од каде поминаја низ камењава, камењата не
работат. To чудо нешто, а и да и видов, не и видов, само гласо го
слушаш во водејницава кај шо бев а друго ништо, а години тука бев.
Тие пеат на глас, ти не можиш ништо да видиш. Жетварски песни,
да ти e милина да и слушаш. Ние имавме кобила, сабајлето ко ќе
станевме гривата на глата плетена и опашката. Да не можиш да ги
отплетиш. Тоа биле самовили.

29
6.
БАЕЊЕ ЗА Л Е К У В А Њ Е О Д С А М О В И Л И

УЈд самовилите луѓето најмногу глата ги ваќа и јас му давам


самовилска трева. Ако ми се кажува од иконата, треба да оди болниот
во недела на Самовилец. Ако ми се кажи и праќам на Самовилец. Тој e
извор, јас не го знам каде e, негде кај Дабница, кај Прилеп. Така мене ми
се кажува. Да се измијат во недела таму и му олеснувало на глаата.
А, пак, тие што и ваќа самовилата се онесвестуваат, а пак мене,
ко ќе гледам на иконата ми се кажува шо да му напрам. Јас гледам на
икона. Ќе ми го кажи името и ќе му кажам сс за него:

„Вие три светители, јавете се за Љупчо,


какви се судиите, дали има некоја мака,
шо је, јавете ми, отворете тевтер."

За да гледам Исус ми кажа, лично тој ми дојде. Овде во собава и


и вели: „Ти на месечина ќе си гледаш!" И од тогаш ми се .јавуваат трите
светители: Василије, Тома и Глигор, тие се тие наречниците. Тие мене се
ми јавуваат. Ми ја извадоа иконата, ми ја покажаа, за со неа да работам.

7.
САМОВИЛСКО ЦРКВИЧЕ

D o нашата планина имало едно црквиче. Во тоа црквиче живејале


самовили. Тоа било испуштено црквиче. Го викавме самовилско цркви-
че. Тие главно тука ноќно време се збирале и си решавале, ко конферен-
ција нешто тука прајле. Па тоа време старите клавале стража, за да
видат какви се самовилите. Еден стар чоек се скрил во олтарот, рекол:
„Да му а ебам, шо сакат нека ми прат, ќе фатам ќе се скријам во олтарот
и ќе видам какви се тие самовили!" Коа дошле самовилите, една се
доближи до олтарот и тој ја фатил. Сета мека ко душа, самовилата. Но,
штом ја фатил самовилата, се здрвил човекот, се здрвил, се фатил
целиот. Чекат да си дојди - го нема. Одат таму, го наоѓаат чоеков
здрвен.

30
8.
САМОВИЛСКИ БРЕСТ

И м а м еден комшија, Ристо се вика, имам еден Васил се вика и


Ефрем Филипов. Еднаш ме викнаа мене, они постари беа, јас дете, имав
15 години. Me викат:
- Ајде, да одиме добици да пасеме!
- Ајде, да одиме!
И вјанаме добиците:
- Каде ќе одиме?
Еден вика:
- Да одиме кај Ливадиште.
Ефрем вика:
- Да одиме во Рамништето!
Вија Васил вика:
- Да одиме Курилов Камен. Таму има повечко трева, местото е
широко, ќе и сопниме добиците и ќе си легниме!
Добро, јас како дете не проговорив. Тргнавме, отидовме. Тоа
место e високо над селото, околу два саата пат. Голем рид, а има едно
мало долче, војца тече, има еден кладенец, војца малце. Сето e шипја,
капиње, има голем брест од старо време. Старите викаа дека бил на
Франчевци, Лазо Трајков и Јованче, нивни беа тие ниви и брестот. Арно,
ама од него никој не можел да пресече ни една гранка. Ако некој
пресече една гранка, најмалце ќе лежи болен 15 дена. Тој брест се вика
Самовилски Брест. Таа вечер, кога отидовме таму тие почнаа муабет.
Boa било, ноа било, кој воа направил, кој оноа. Јас како дете ништо не
можам да кажам, траам. Едно време вија дедо Ристо вика:
- А, бре, гледајте кај брестот огин има запалено!
Одалечено e од нас, можеби да има половина саат. Ние сите таму
се озреме. Гледаме таму некаде пламења се дигат. Васил вика:
- Слушај, јас пиштол носам, ќе врлам!
Па вија Ристо му вика:
- Слушај, бре Васил, ја су чул од стари човеци дека не треба, тоа e
Самовилскиот Брест, шо знаеш, може се таму самовили, туа се бератј
- Mope, кој сака нека биде, јас ќе врлам!
И пиштолот пуук чине и туку слушаме ни чине: оле-е-е, o, o, ле. Me
изгоре. Ама едни танки гласови, ем дебели потоа гласови, ем како деца,
ем како мажја. Ние коа ги чуме тие работи, тој Ефрем вика:
- Mope, бегајте, сеа ќе ни ибат мајката, ако дојдат овде ќе ни ги
земат главите! Шо прајме? Чабук добиците!
И ние Чабук добиците, ама добиците сопнати. Кој ваму трче no
добиците, кој наму трче по добиците. Се оѕираме назад да не идат по
нас. А оттука прао долу дури дома. Татко ми, Господ да го просте, вика:
- А, бре, Неде зошто ти толку рано си дојде?

31
Ја му кажујам:
- Тате, така, така стана работата.
И он вика:
- He требало тоа така да го направите. Таа нива, тој брест, тоа e
на самовилите, не смее гранка да се пресече.
Татко му на Јованче, Пешо пресекол гранка, 15 дена лежал болен.
Зе мед, го растопија во вода, зеа босилок, отидоа таму кај брестот,
прскаа, та се пушти.

9.
САМОВИЛСКА ЧЕШМА

Оамовилската чешма се наоѓа во реонот на селото Дабниште.


Некој пат тука имаше самовили, затоа се вика Самовилска Чешма. Една
вечер дојдоа комшиите, браќата се собраа тука, дојде и дедото Ристо
Гиневски. Праевме муабет, де тоа, де тоа, тоа така било, ова така било,
а утре бил Мртвен, жените пупки раздават. Ние со муабетот тераме
некаде до 11 саатот вечерта. Они си кинисаа да си одат дома. Коа тие
си кинисуа и ние ќе си легнујме. Жената вика:
- Неде, бре, шо направивме!
- Шо e воа?
- Ами за утре брашно немаме, чисто брашно, со што ќе раздавам
пупки, ќе бидам срамота преку дента!
- Шо прајме, мори жено? - Јас викам. - Еве доцкина e.
- Доцкина не доцкина ќе идиш. Вјани ја маската, иди земи го
мливото, ако таму не прележи, na сабајле дој си. Маската нека пасе
таму!
Јас како човек се преварив. А зе маската, си ја јавнав и си тргнав.
Ама саатот бил близу 11 и пол. И дојдов до тоа местото што го викат
Самовилска Чешма. Има дол тука, има војца, тече и чешма. Од патот
малку погоре, една вртома од патот беше, не e на патот. Таман ја
поминав чешмата, коа вака слушам наеднаш свирки, ем дајриња, ем
мешница. Свире, свире, ај по мене оде. Ја подзастана на едно место:
„Чекај, да видам кај одат вија гајдаџии, шо ќе работат во Дабниште воа
време. Да e недела може да има свадба, ама сега, утре e петок, нема
свадба?" Почекав, си свират, ама во место, се повратив малку назад, a
не многу една вртома место. Ништо не можам да видам, а свират ем
гајди, ем дајриња, не бива. Па кинисав, терам, терам, терам таман се
прегледа селото, а требало да биде 12 саатот и една птица, две ли беа,
чине кукургууу! И наеднаш ги снема и толку беше. Таму ја растоварив
маската и прележав. Рано сабајле си дојдов дома, жената да месе

32
пупки, да раздаде за душа. E тоа ми се случи во тоа време. Тоа беше
1921 година.
Ами самовилите правеа штета. Ако се случи да нагазеш на тоа
место да му направиш штета и они можат да ти направат штета или да
те потфанат во нози, или да те потфанат во рака, или да те остават без
око, или да те боли глава. Без ич да те бележат не може. Тоа така беше.
Лекувањето од нив беше чим се потфана од самовила ќе те праша мајка,
или жена: „Каде одеше, бре, синко, денеска, кај ли ги пасеше воловите,
со добиците, со овците кај си бил?" Ти ќе им расправаш: "На Само-
вилскио Брес или на Самовиската Чешма, или Анѓина Чешма." Тие места
беа бележити. Они утрото ќе земат или мед, или шеќер ќе стопат со вода
босилок, ќе одат, ќе прскат, по некој оздравува.

10.
ЖЕНАТА ИСАМОВИЛИТЕ

Сдна жена од селото, на полуноќ си ги зела стомните и си отишла


да налее вода на чешмата во сред село. Кај чешмата нашла неколку
жени, кои не биле облечени како жените од селото. Таа помислила дека
тие се Албанки, кои застанале на чешмата да се напијат вода. Им
прозборела на албански. Тие не и одговориле ништо. Од тогаш, таа
сметала дека била казнета и многу кашлела. Нејзината казна била
полесна од онаа на овчарот.
Народот вели: ако видиш самовили не ги вознемирувај, бидејќи тие
биле господари на изворите и на чешмите.

11.
ОВЧАРОТ И С А М О В И Л И Т Е

11реку летото овчарот си живеел на бачилото и си ги пасел овците.


Една вечер овчарот излегол од трлото и отишол да си напее вода од
блиското изворче. За големо свое чудење кај изворчето видел неколку
моми облечени во бели алишта. Овчарот си помислил дека тоа се жени
од блиското влашко село Псодери, бидејќи во тоа село жените носеле
фустани. Во нашето село Желево жените си носеле македонска народна

з 33
носија. Овчарот знаел по некој влашки збор и затоа се решил да им
прозбори. Штом го изрекол првиот збор и тој паднал на земјата и се
онесвестил. Сабајлето селаните го нашле во таква состојба. Го кренапе
и го однеле во селото, дома му. Кога дошол кај себе им раскажал што
се случило. Штом завршил со раскажувањето си умрел.
Се верувало дека ако видиш самовила, не треба да зборуваш
ништо. Полно молчење. Ако прозбориш со нив, тие ќе те удрат и ќе те
умртват.

12.
МАРКО КРАЛЕ ДОБИВА СИЛА ОД САМОВИЛА

IVIapKO Крале како дете, бил сирак, без татко во младите години,
а мајка имал. Мајка му го праќала да паси волои. Ама тој бил слаб и
другите деца го тепале. Секој ден со плачки си идел дома. Еден ко шо ги
пасеше говедата, воловите најде едно самовилче. Го насипале мравките
и не може да се спаси од смртта, го грицкаа, го грицкаа. Вати Марко го
исчисти од мравките, го истреби и го пушти да си летка. А тоа беше
ќерка на една самовила голема. И си отиде и самовилчето и кажа на
мајка му, оти оноа дете шо и паси воловите ја спаси од мравките, од
смртта. На крајот и рече на мајка му, самовила:
- Да му дадиш нему голем бакшиш!
Самовилата го викна Марка, му вика:
- А, бре, синко, што сакаш бакшиш од мене, шо си ми ја спасил
ќерка ми од смртта?
- Ами, јас ништо не сакам бакшиш, само шо сум многу слаб.
Децата ме тепат, малку да бидам појак, да не можат да ме тепат децата!
- Ех, сега - рече - ќе бидиш појак. Цицни од мојата лева боска.
И Марко цицна еднаш. Пред него имаше еден камен, толку многу
тежок, колку шо тежеше целата земја.
- Оди - рече - поткрени го оној камен!
Појде, не може да го поткрени.
- Ај - рече - цицни по втор пат!
Цицна Марко и по втор пат. Појде тој, го поткрена каменот малце.
- Добро - рече - ај уште еднаш цицни!
Марко цицна по трет пат.
- Ај - рече - сега поткрени го каменот!

34 A
Појде Марко, го издига каменот до коленици. И самовилата си рече:
„Доста му e! Оти тој камен тежи колку шо целата земја тежи. Доста му
e. Ако биди поголем јунак, можеби не ќе чини!"
И оттука Марко си ојде дома. Си ги истера воловите вечерта. Ама
веќе Марко стана голем јунак и другиот ден си замина да ги паси
говедата. Дојдоа децата да го тепат, ама не можи никој да се прибери
кај него. Тој сите деца сега можел да ги тепа. Марко станал јунак од тоа
што цицал млеко од самовилата.

13.
ОВЧАРЧЕТО И САМОВИЛИТЕ

Сдно овчарче си пасело овци во една планина и на свиден, му


дошле неколку женски, така убај, лични, со долги коси и тие сакале да го
поништат, или да го земаат, или да го заробаат овчарчето. Тој ден
овчарчето ги пасело овците во вакафско место. Дури не биле во
вакафско место никогаш не било напаѓано. И ко шо си свирел со
кавалчето, му рекле:
- Слушај ваму. Сега ќе напрајме една опклада: ти ќе свириш, а ние
ќе играме. Ако ти не натсвириш ќе ти кажеме на кое место има пари,
злато да си земаш, а ако ние те натсвириме ќе ти го земиме стадото, a
му се заканиле со убиство. Детево се согласило. Тоа свирело, тие си
играле. Свирело, свирело и почнало да се заморува. Тие му рекле:
- Оти така ти почнаа прстите да ти играат?
- Ама оти газдарицата - рекол - ја поштам од вошки, дека има
фатено вошки во косата и затоа јас ја поштам. Мојве прсти се нежни,
помладо сум и често ја поштам.
- E, како ја поштиш?
- E, вака. - Рекол.
И почнал да ја пошти едната:
- Леле - рекла - убо ми e!
Другата рекла:
- Чекај и мене поштиме!
Поштејќи ги така дека долги коси, тој едната другата им ги собрал
косите и ватил коса за коса ги врзал за едно дрво. И сега им рекол:
- Ако не ми кажите каде e златото нема да ве пуштам!
И самовилите му кажале на кое место се наоѓа златото. Отишол и
навистина нашол злато. Ги забрал овците, ги истерал од тоа вакафско
место и ги испуштил. Самовилите си заминале, а и тој си заминал со

з* 35
овците. И станало тоа богато. Ги остајло овците, не ги пасело повеќе.
Имало веќе повеќе пари за да живеј и да си создаде семејство.
Самовилите во ликот изгледале како многу убај жени, како многу
убај лични невести, облечени во долга носија, насрмена, убо накитена
носија и со многу долги коси, и многу лични биле, како во вид на женски
особи. Тие биле душа на некое тело, на некој тела, така зближени, на
пример, заедничка соживот шо има. Тоа по мое мислење e душата на
умрени жени, кој шо се повратиле во живот односно нивната совест,
нивната свест. Нивната душа со свеста заедно се движат. Тоа се души,
души со совест на некој си покојни жени. Тоа претежно се млади
девојки, до невеста, а не стари жени, додека другите, она старите шо
се, тие еден вид вампири.

t
II
ЗМЕВ

Омевотво верувањата на Македонците, како и во верувањата на


другите јужнословенски народи му припаѓа на т.н. група на „градобра-
нители", чија главна задача им била спречување или пренасочување
на градоносните облаци, носени од други демонски суштества, во прв
ред, од ламјата, надвор од селото или атарот што го чувале. Според
овие верувања, секоја земја, крај и село имале свој змев - покрови-
тел, кој го заштитувал својот атар и не допуштал никому да влезе во
неговиот простор. Ако се случело ламјата да ги донесе облаците со
град над неговото село, тогаш, змевот легнувал да спие, а неговата
душа излегувала од телото и се борела со напаѓачите. Се верувало
дека не смее да се разбуди змевот, зашто неговата душа после
борбата не можела да си го пронајде телото, се губела, а змевот
умирал.
Во преданијата се среќаваме со конкретизација на функциите на
змевот врз основа на народните верувања: „... а пак работата мојајет
по облаци да летам, да вардам да не пуштат град облаците и да не го
опере бериќетот. Едни патија гонам ламјата, да не го испие бериќетот
од полето, што e во синорот мој; а, пак, во друзи синори имат друзи
змејој како мене, што си варда синорите..."
Најчеста претстава за змевотe во лик на получовек- полуживот-
но, или огнена птица со долга опашка, која за време на летањето
исфрла од себе искри. Кога e меѓу луѓето змевот има способност да
се претвори во човек. Според тоа, се појавуваат два типа на: змев -
човек и змев - животно, на пример змев - змија. Кога душата на овие
два типа ќе излезе од нивното умрено тело и полета кон облаците, тоа
останува потполно самостојно имагинарно суштество кое се бори со
невремето. Во тој случај тоа не e ништо друго туку специфична,
самостојна форма на човечка или животинска душа.
За потеклото на змевот во македонските верувања постојат
различни објаснувања, но најголем број од варијантите се вклопу-
ваат, односно се слични со верувањата на другите јужнословенски
народи. Според тоа, потеклото на змевот се објаснува на неколку
начини:
1. Од животинско потекло: змија односно смок,
2. Од човек: од полов однос меѓу маж и жена,
3. Од полов однос меѓу демонско суштество и жена: меѓу змев и
*ена,
4. Од полов однос меѓу демонски суштества: змев и самовила,

37
5. Од полов однос меѓу сонцето и жена.
Во македонските верувања се среќаваме со следниве определу-
вања во однос на потеклото на змевот и неговите родители, кои
всушност ги сочинуваат дистинктивните особини на змевот:
а) се раѓале од родители,
б) змевот бил човек, од жена роден, како дете,
в) имало време кога змевовите како човек шетале,
г) змевот како човек си бил,
д) Ѕмевот бил таков, какви што сме и ние,
ѓ) змевот си седел дома, си работел како човек,
е) родителите на змевот биле добри и богоугодни,
ж) на Бошко Елнарот бил син.
Ваквото прикажување, согласно на македонските народни веру-
вања, e да се прикаже човечкото потекло на змевот.
Во верувањата кај Македонците најчесто за змевот се верувало
дека се раѓал како и сите деца, но со исполнување на одредени
услови, тоа станувало змев. Се верувало дека таквото дете - змевче
се носело повеќе отколку останатите. Постојат верувања кои укажу
ваатдека бременоста најчесто се движела од11, 15, 18 или20 месеци,
а според едно верување од Катланово, бременоста траела три години.
На жените кои го преминувале деветтиот месец од бременоста, луѓето
им се обраќале со следниве зборови: „ Змеј ли носиш, та уште нема да
родиш?" Детето се раѓало со кошулица, која требало да се чува на
посебен обреден начин, и најважно, било со нрилца под мишките. На
детето родено со крилца, во некои краишта на Македонија се собира-
ле девет баби кои во текот на ноќта му шиеле кошула, за утрото да му
ја облечат. Најчесто новороденото змевче не смеело да се види до
40-те дена, бидејќи во спротивно детето умирало, односно одлетува-
ло.
Откако детето змевче ќе се родело, се превземале низа зафати
за негова заштита. Во врска со тоа постоеле извесни забрани, што
морало да се почитуваат за да можело детето да се одржи во живот.
1. Бројот на оние што требало да знаат дека се родило змевче e
строго ограничен. Според некои верувања, за неговото раѓање треба-
ло да знаат неговите родители, и само неколку девојќи од соседство-
то, кои специјално биле повикувани да сошијат кошула со цел да се
прикријат крилцата. Бројката на поканетите девојки изнесувала 12.
Симболиката на 12-сте девојки веројатно e поврзано со дванаесетте
месечни мени во годината. Кошулата требало да биде сошиена ноќно
време, се додека не се раздени, Според други верувања, ако се роди
дете со крилја, се собирале девет баби и во текот на ноќта му шиеле
кошула за да му ги скријат крилцата.
2. Постои забрана на ширење на веста за раѓањето на детето -
змевче до 40-сет дена од раѓањето.
3. Забрана да се гледа детето - змевче од раѓањето до 40-сет
дена

38
Bo селото Јабланица се сретнавме со мошне интересна практи-
ка сврзана со верувањето околу раѓањето на змевчето. Откако тоа ќе
се родело, мајка му гола, ноќно време, требало да се качи на
покривот на куќата и гласно да извика: „ Чујте народе, ми се роди царче
на земјава! Цар се роди на земјава!"
Во зборникот на С. Верковиќ „Јужно македонски народни приказ-
ни", под број 107, го наоѓаме преданието кое на мошне интересен
начин го одразува верувањето за првобитното потекло на змевот,
како резултат на полов однос помеѓу сонцето и жена.
Многу објаснувања на верувањата за потеклото на змевовите
наоѓаме во преданијата, од кои најзастепени се оние во кои настану-
вањето на змевовите e од човечко потекло. Ова верување непосред-
но e поврзано со верувањето за сексуалната моќ на змевот. Благода-
рение на тоа, тој одржувал разгранети љубовни односи со жените.
Оваа врска не се сфаќала како грешна, бидејќи давала здраво, силно
и паметно потомство. Во љубовниот занес, змевот можел да ги
занемари своите должности на дождоносец и бранител од град.
Меѓу нашиот народ познато e верувањето дека змевотсе вљубу-
вал во девојки уште од дете и не давал таа да се омажи за друг. Тој се
заљубувал во девојка зачната или родена во ист ден со него. Се
верувало дека таквите девојки имале посебни карактеристики: тивки
затворени во себе, туѓи на другите, кога грми „стојат како мртви",
често „се тажни и плачат". Змевот не им доволувал да си ставаат
китки со цвеќе, да се мијат, да се променуваат. Ноќно време змевот
одел кај нив низ оџакот, како голема змија со крилја, потоа претворај-
ќи се во убаво момче. Само девојката што го сакала можела да го
види а за своите интимни односи со него не смеела да ги каже никому,
бидејќи во спротивно девојката умирала.
Саканите жени од змевотне живееле долго. Според верувањата,
љубовта на змевот се определувала како некој вид на болест. Сакани-
те жени од змевот имале аудио и визуелни халуцинации. Живееле по
10-20 години и умирале од болест. Останувале туѓи за светот, a
честопати се верувало, дека завршувале со самоубиство, или умира-
ле бргу, бидејќи змевот сексуално ги измачувал.
Змевот до девојки и жени доаѓал и преку грабење. Во одредени
денови од годината, обично во празници, кога целото село и сите
убави девојки биле на средсело, ја грабнувал најубавата мома од
орото и ја носел во својата пештера.
Во македонските волшебни приказни, змевот e прикажан со
повеќе глави. Најчесто има три, но бројката достигнува, во некои
варијанти и до четириесет. Местото на живеење на змевот биле
високите планини, а самото живеалиште-пештерите.
Во преданијата се забележуваат одредени објаснувања за изгле-
дот на змевот, односно за неговите атрибути:
1. Змевовите се родени со соодветни нишани:

39
а) златни крилја на нозете со чија помош летаат,
б) светат како оган, всушност како што светела Змеевитата
ѕвезда,
в) Змеевитата ѕвезда ги доела со змеовито млеко,
г) доаѓањето на змеовите на земјата, поврзано e со „божјата
волја".
Во традиционалното творештво и верувања за змевот се верува
дека неговото постоење во најголема мера било поврзано со појава-
та на огДеното оружје, барутот и пушката, затоа што тогаш „почнале
да се бијат, не со јунаштина, ами со итрина". Имено со појавата на
пушката, луѓето веруваат дека змевот, побегнал во непознати краиш-
та или умрел. Постаро e верувањето дена тајната на животот односно
смртта на змевот e солта. „Мене можи да ме поништит само кобливе
чоек сол да ми тури... и ко ќе си дом уморен да 'и испијам јас, тогај
можам да умрам". Најголемиот број на верувања, но и творби на
народното усно творештво завршуваат трагично по животот на зме-
вот. Најчесто неговата жена му тура сол во коблите и го усмртува.
Трагичниот крај e интензивиран со тоа што, најчесто и жената и
детето на змевот умираат (се скаменуваат) поради клетвата што тој
им ја дава заради предавството.
Во согласност со реченото, може да се забележи дека митолош-
киот змев пред се претставува симбол на космичките стихии. Светот
на природата e пренесен на животинскиот и на човечкиот свет, преку
кои се појавува едно натприродно суштество кое ги присоединува
елементите на оганот, воздухот и водата со атрибутите на животин-
скиот свет, змија, птица и сл. Co човекот змевот се сродува поради
тоа што има човечки дух, или поради човечкиот лик. Митолошкиот
змев во себе носи едновремено и елементи на „своето", „познатото",
„човечкото", но пред се означува еден непознат, таинствен и необјас-
нив свет на несовладени стихии.

&:
14.
„ Ч У Ј Т Е Н А Р О Д Е , ЦАР СЕ Р О Д И HA 3EMJABA!"

З м е в о т e еден обичен човек. Секоа една мајка шо ќе роди змев го


раѓа со крилца. Тоа од мало ќе биде многу напредно и многу силно. To
не чека како обичните деца на годината да заодело. Тоа за два - три дена
почве да одит. Одма се гледа деке e напредно. Али секоја мајка треба
него да го заштит. Таа не треба да кажвит, да го завијет, да го повијет.
И коа ќе одрастело да бидит све облечено. Никој пат пред туѓи луѓе голо
да ојт. Од мајка му тоа нема гајле. Ако го видит некој друг, тоа ќе умрит.
Можит да го видит и татко му, брат, сестра не. Тоа не можит и силата
да ја покажува пред луѓе. Само коа ќе бидит сам.
Жена коа ќе родит такво дете, чим ќе го види дека e со крилца, тоа
значи дека e змејче. Да не го фатит лошо око, мајка му треба да се качит
горе на куќа, на ќерамиди, на кровот, цела гола и низ малото да развика:
„Чујте, народе, ми се роди царче на земјава! Цар се роди на земјава". Коа
ќе чуат сите, ќе научат дека e родено царче на земјава, се знајт дека e
некој змев со крилца. И така ко ќе се расчуе низ селото, веќе нема
опасност да умре и да го видат други.

15.
ЗА ЗМЕОВАТА Р О Ж Б А HE СЕ К А Ж У В А Л О

г ш а л о случаи жена да роди змеј. Тоа дете се раѓало со крилчиња


оздола, под мишките. Ама таквата мајка ко ќе родила такво дете шест
недели не кажувала. Тоа детево одрасло, одрасло, ама и крилцињава му
растат. Еднаш тој застојал на пенџере, мајка му му се радувала, ама од
пенџере летнало и пак се вратило. Рече:
- Мајко, јас шетав, шо шетав, ама јас ќе одам по небо, облацине
кај што врват, јас со ними ќе бидам. Можа и штета да нанеса а и да не
нанеса!
Мајка му неќела да каже никому. Оти ако кажела, моментално
умирало. Тоа си летнало и мајка му повторно не го видела. Кажуат дека
тој бил како чоек, од чоек e. Но, имало и ламја. Таа одела со облаците
по житава, по едно по друго и се правела штети. Змејот не и давал да
одит по нивите и да ништит. Тој ја гонил неа, се борел со неа. Тој бил
појак од ламјата.

41
16.
ЗМЕВЧЕТО О Д ПЕШТАНИ

D o селото Пештани се родило змејче. Од мајка родено. To имало


и крилја. Дури било мало го крила. Змејчето се борело со стихијата, со
некои самовили и со некои ламји. Ламјата градобитие носела. Ламјата го
носела градот да го обери бериќетот, да речиме некои лозја во Габрово.
Еднаш се пренесе низ селото ѓомти се задала ламјата, некој облак да го
обери лозјето во Пештани. Змејчево му рекло на селаните:
- Легнете вие, поспијте тука мапку, јас за брзо време ќе се вратам!
Тој телото тука, ама духот кој знае каде одел, кај лутал. Се борел
со таа ламја. Ко згрмел, ко спукотил тој, создал некоја сила. А тој пред
тоа на другарите им имал речено: „Немој да ме скоривате, дури јас не се
вратам!"
Едно време тој ја сузбил ламјата, ама и ја скршил ногата. Некој си
пат пошле во Возарци, повторно, една баба крива, таа била ламјата ги
прашала:
- Од кај сте бре луѓе?
- Од Пештани сме ние. - И рекле селаните.
Таја му рекла:
- Ах, то едно куче од Пештани мене ме изеде!
Тоа било змејчето од Пештани. Имало змејче и во Мојановци. Тоа
било домакинство. Таа ко му рекла задетето, селаните се заинтереси-
рале. Имало во селото панаѓур и сега ќе се борат змејчето од Пештани
и од Мојановци, или ќе врлат камен. На змејчето од Пештани му се
прогледале крилцата. Ко му и вишле крилцата, а не смеело да му и видат,
излетало и уште еднаш не се повратило.

17.
ЗМЕВОТ О Д ПЕШТАНИ

В о Пештани во нашата куќа имало змеј. Децата од нашата куќа


играја, камења врлаја, врлаја, прерипаја, се играја. Тоа дете стојало.
Дватринајсе години:
- Оти не врлаш, бре, ти?
- Ами, не можа јас да врла!
- Како не мојш? Ние еве сме помали. Сите врламе.

42
- Aj - рекол - да врла!
Зел камено, ко го врлило оџакот од куќата го турнало. Отука
почнал да шета, отишол кај Кузета Кузев на нивата. My рекол:
- Ај, да ви ги терам јас овците, вие да ги молзите.
- Кој ќе те плаќа?
- He ви сакам ништо. По едиа лејка млеко ќе ми давате.
Тој се вртел тука, дури да и истера овците, после кој знае кај оде?
Оделе некои стари на воденица, онаму во Пепелишта. Стариот му рекол:
- Ај, бре, нека иде и детето мое, да помогне во товарање.
Си отишле таму, ама тогај чумата шетала по Пештанското. Ама
таа чумата него го барала. Девет бочви вино наполнила. Од овдешното
вино немало поубаво. И пошле баш кај неа. Таму имало две снаи, двајца
синови си ги местат добиците, ги затвораат. А тоа детето змеј со камен
ја удрил чумата и таа окривела. Ама, таа не знаела оти тоа детето било.
Во воденицата се напиле вино. Детето седи, молчи, седи и молчи. Си
вечерале, се напиле вино, го сомлеле житото. Си тргнале за дома.
Одиле, одиле до некоја ливаѓа и стемнило некаде. Детето рекло:
- Ај, дедо ќе растовариме овде. Ќе починат магарињата ноќеска. И
мене да не ме барате, ни да ме викате, јас ќе си дојда. Нека врни, нека
грми, нека трешти, нека пука вие да стојте... Ама тоа да заврне, тие оган
да ги изгоре, избегале. Тогаш тоа. змејќето му отишло во селото
Пепелиште, коа му удрило дождови, змејчето кои и довикало облаците,
кои и одвело, ко му удрило дождови, се да го крени тоа Пепелиште. И
од тогаш Пепелиште го викат.
Змејчето e родено од мајка. Тоа имало крилца под мишките.
Бабата не го кажувала, ако го кажела, тоа ќе излетало уште мало,
куќните не го кажуваат, то така ќе си живее. Тоа имало голема сила. Од
Пештани камен да врли, дури во Леништа ќе паднел.

18.
ЗМЕВОТ ОД ПИСКУПШТИНА 1Г>

г1маше кај нас во Пискупштина еден случај. Тоа се случи во


фамилијата Џутески. Од таа фамилија има уште. Куќата што ја имаат
праено и денеска e во Пискупштина. Ѕидојте се дебели едно метро.
Девет мајстори работеа околу куќата. Кога требало да почнат со
работа немало никаков материјал. My викат нему:

43
- А, бе што прајме? Утре ќе идеме на работа, али да не идеме?
Гледај сам, нема ништо со што да работиме. Како утре да дојдеме да
работиме?
Тој што ја градел куќата бил змев. Им вика:
- Што ви e гајле вас!
- Ама, утре треба греди да фрламе. Ти немаш ниту една греда.
- А, бе, ја сабајле ќе ви дам да работите! Што ви e гајле вас!
А тие не знаат што тој e змев, што сила имат. И тој како човек,
како и тие. Ко се сноќило тој излегвит од куќата надвор, секирата и во
шумата, во дабјето. да го посечит дабот и на рамо да го донесит. Таков
даб што десет, петнаесет души можат да го носат. А тој еден сам. A
дабот коа e суров e многу тежок. Носел, носел греди, цели купој собрал
околу куќата.
Мајсторите идат сабајлево, се чудат: „Од каде овие греди?" Се
прашуваат. My велат на газдата:
- Од каде овие греди, тазе ноќеска сечени и донесени. Co што и
донесе?
- Што ви e гајле вас! - Велит. - Вие само да имате да работите!
E, едно сабајле, го затекна зората во носењето. Дабот на рамо и
си оди, како ништо да немал. Ама една жена сабајлето искочила,
станала рано некаде да одит, го сретнала на патот:
- E, што e море, толкав даб на рамо? Каде?
Тој ништо не прозборе. Го пресекла. Дабот го пуштил од рамото и
си отишол дома. Тука умрел.
He требало никој да го види како носи дабови. Чим некој ќе го
видел тој бил готов. А ако никој не ќе го видел умирачка за него немала.
Стареење немало, еднаков сејт. Тоа e самовилска работа, дарба. Или
коа лета в облак, горе. Чим некој човек ќе го видел, озгора паѓал долу.
Само што никој не можит да го видит коа лета. Тој лета со голема
брзина.

19.
ЗМЕЈОВА ДУПКА

в и л е девојка и беќар од Крушејца. Си играле, си чинеле и дошло


време да се земат. Момчето и рекол:
- Да се промениш во најубаво!
Се променила и испаднала кај шо и рекол. Ама, туа имало дупка -
Змејова. Си отишле тамо. Таа била во положение и рекла:

44
- Ќе ми се смејат другачките, ќе одиме тамо.
Три години не се вратила. И рекла на мајка и:
- Ни да ме бараш, ни да ме сакаш!
Отишла со змејот, со момчето, то се препрајло. И денеска тие
крстати орли шо се, шо шетает, e тија се змејови. Три години таја со
него. Тој лета на сабајле на работа и то орлето, детето со него одело.
Мајка и на трите години станала, шетала по ридовите, викала. И ваа се
оѕвала, ја чула:
- Кај седите?
- Овде седиме?
- Шо јадите?
- Се јадиме. Тој се носи. Чоек обичен.
- Ами ти дете нели имаше?
- Ами и то оди со татко му на работа.
Уш еднаш праша:
- Се јадиме, само тој сол не јаде.
Си отишла тогаш мајка и. Тој пак змејот по девет ведра вода пиел.
Ќе му наполнит, ќе си ги испие.
Си дошол тој, рекол:
- Кој дојде денеска?
- Мајка дојде.
- Шо ти рече?
- Ништо!
Дошла мајка и по два-три дена. Ваа си тура вода во сите девет
ведра, а таа сол да му тури во сите ведра. Си дошол тој и na ја прашал:
- Кој дојде?
- Мајка дојде.
Кренал тој водата сета ја испил. Ко се дул, ко се дул, ко пукнал сите
се умртвиле: не дете, не жена - сите!

20.
ЗМЕЈОВА ПЕШТЕРА ВО БАБИНО СЕЛО

t дно село се вика Бабино. Во Бабино оделе старите и јас во млади


години ко сторив десетина години, ме однесле дедо и баба. Таму
пештера имало. Пештерата ја викале Змејова Пештера. Коа девојките
тука играле, змевот излегувал ко сноп, онака го гледаш ко сноп, во бело
променет. Девојката која играла напред ја грабнал и луѓето гледат кај ја

45
носит, а не можат да видат што човек e. Девојкава ја земат и ја носит
во пештерата. Секоја година змевот им земал по една девојка. Таму ги
чувал. Од тука некој од селото и тогаш имало решителни луѓе. Тој зел
пушка и влегол во пештерата, заедно со еден друг. Влегол тој во
пештерата сто метри, а другиот одел зад него и со ламбиче светел.
Оделе, оделе и нашле една тесна врата, ко железо, од камен. Вратата од
камен била заклучена и не можат да влезат понатака. Почнале да тропат
и змевот им проговорил од внатре:
- Бегајте назад, ќе излезам, целото село ќе ви го запустам!
И овие се уплашиле и се вратиле назад и му кажуваат на селаните.
И од тогај внатре чоек не влезе. Ко стана војната во 1912 година клале
бумби внатре, да експлодира. Ко клале бумби внатре, змевот избегал и
шетал низ планињето и викал: ууу, ууу, ууу, и планињето се треселе,
земјата се тресела. И ко луѓето влегле внатре ги нашле сите девојчиња
што ги имал грабнато, така умрени, шпиртосани.

21.
ЛОТОМАНСКИОТ ЗМЕВ

D o селото Бешиште велат: „Еве го лотоманскиот змеј каде e


закопан. Тој, змејот коа бил мал, со децата ги пасел говедата. Си паселе
говеда и си врлале камења. Фрлај ги децата камењата, но никој не
можел да го натфрли змејчето. Тој си направил сам плоча, ко за гроб.
Одело време, се оженил. За тоа дека тој e змеј знаеле само мајка
му и баба му. Само тие знаеле дека има крилја под мишки. Ко се оженил,
му дал Господ и деца. Пораснале и оделе сите да жнијат. Ожнале со
жената и почнале да вршат со коњите. Ама се задал некој облак. My
рекол на жена му:
- На жено - рекол - потерај ти, јас ќе полежа малце.
Таја терала, тој полежал. Ама таја го гледала. Тој дури лежал нешто
од устата му испаѓало за нагоре. Како некој дим. Се растерало времето.
E, се собрале за да одат дома. My рекол на жената:
- Жено, оди ти залеј вода!
Тој се слекол гол. Таја отишла и брзо се вратила. Ко му вишла под
мишката крилца. Го прашала:
- Што ти се тија под мишките?
И рекол:
- Устата да ти капне, зошто ме праша?
Ги рекол овие зборови и умрел.

46
Ill
ЛАМЈА

J 1икот на ламјата e еден од најнепроучените демонски ликови,


како од етнолошка, така и од фолклористичка страна. Причината за
тоа, секако, се крие во фактот што за овој лик во нашите верувања
имаме скромни податоци, што значи дека нашите собирачи во мина-
тото не му посветиле доволно внимание. Нашето искуство од совре-
мениот терен укажува дека не може да се најде доволен и автентичен
материјал, со чија помош би можеле да утврдиме една комплетна
претстава за ламјата кај нашиот народ. Во повеќето случаи e позната
кано демонска појава, но отсуствува поширокото знаење за нејзино-
то постоење и делување. Друга e положбата во усната проза и
песните каде што ламјата e активен демонски лик и тоа со исклучител-
но негативни особини,
Податоци за ламјата од етнографски и фолклорен аспект главнб
наоѓаме кај нашите собирачи во минатиот век и во почетокот на
нашиот век. Ламјата се појавувала во магла и тогаш таа го „пиела
житото". Познато e и верувањето дека св. Илија се бори против
ламјата фрлајќи по неа громови, особено, летно време кога таа го
уништува житото. Свети Илија качен на кочија трча по облаци за даја
стигне ламјата и фрла по неа морски камен и од силното удирање
излегува силен оган. Каде што удирал сс растурал и убивал. Ламјата од
страв се криела да не ја погоди и во тоа време не излегувала да шета
по земјата.
Според тоа, ламјата им припаѓа на исклучиво лошите демони и
како таква таа ги спроведувала градоносните облаци и бури за да ја
уништува летнината од нивите, грозјето и овошјето. Појавата на
ламјата во вид на облак, всушност претставува нејзина видлива
појава а истовремено и атрибут. Во таа смисла и темната магла се
јавува како атрибут на ламјата. Ламјата со такви особини се сметала
за многу опасен и штетен демон. Покрај ова, според некои наши
верувања, таа e несреќно суштество коешто ноќно време ги гони
луѓето и не им дава никако да излезат на пат. Посебен плен на ламјата
можатда бидат децата.
Во повеќето краишта на Македонија, ламјата се замислува како
животно со голема челуст, заби и јазик, со крилја, четири нозе и долга
опашка. Посебно внимание кај народот предизвикува бројката на
главите на ламјата. Таа e од оние демонски суштества кои маат
п
овеќе глави. Бројките се најразлични и тие се движат од три, седум,
Аевет до четириесет. Но, исто така можат да се сретнат ламји што
и
маат само една глава. Интересна e појавата на зелената боја во

47
описот на ламјата, а еден од атрибутите на ламјата e оганот и
пламенот.
Изгледот на ламјата e поврзан со змијата и таа личела на
огромна змија која достигнувала должина до 4-5 метра. Според тоа,
некои определби за змијата и ламјата се идентични. Така на пример ќе
се забележи следнава определба: „љута змија троеглава", односно
„ала троеглава". Според некои верувања таа e главатар на змиите.
Има долги коси, и обично живее покрај езерата, морињата од каде
што излегува и тргнува по својата жртва. Покрај ова, потеклото на
ламјата се поврзува со смоковите или змевовите, кои преживувајќи
одредени години (на пример 100) достигнуваат големи размери, ис-
пуштаат од себе ноѕе наоружани со остри нокти и огромни крилја.
Нејзината глава, треба да биде слична на конската или кучешката со
остри заби. И не случајно во песните ламјата го носи епитетот на
„кучка ламја", или „кучки ламји". Во некои верувања ламјата се повр-
зува со волот или биволот. Основна црта на ламјата e лакомоста и
крвожедноста.
Според други верувања, ламјата во права линија потекнува од
воздушни труби, иако селското население, преку неа разбирало секој
црн облак што носи силен и уништувачки дожд и град. Кога таа лета во
воздухот предизвикува силни бури, кои ги корнат дрвјата, покривите од
куќите, понекогаш носат со себе и луѓе.
Кај нашиот народ покрај името ламја, ламна се среќава и нази-
вот аждер, аждаја, што несомнено e последица на влијанието на
христијанските легенди и иконографски престави за борбата на св.
Ѓорѓија со аждајата. Тие христијансни претстави се измешани со
пагански, бидејќи аждерот се замислува и како жена и како животно.
Во македонското народно творештво по својот изглед ламјата
се појавува во животински облик и во човечки. Во песните таа се
јавува во женски лик, додека во приказните ја среќаваме и како човек
и како животно. Во верувањата ламјата има само животински лик.
Митолошкиот лик и името на ламјата укажуваат на древни тради-
ции. Старите и новите грчки верувања, знаат за страшното и демонско
суштество Xafxia, кое граби и убива деца, за да им ја пие крвта. Инаку
во верувањата на јужнословенските народи името на ламјата скоро e
идентично: ламја, ламња, аждер, аждаја, хала, ала, аждаха, аждаја и
слично.

48
22.
ЛАМЈАТА О Д СТРУМИЧКАТА КОТЛИНА

З а ламјата што била во Струмичката Котлина дедо ми ми раска-


жувал. Струмичката Котлина била преполна со вода. Таму си пливале
лотки, a rope покрај сувото луѓето си ја чувале стоката. Денеска нема
од стоката, утре нема од стоката. Стоката исчезнувала. Што да прават
луѓето? Се одлучиле да идат во шумата да берат прап, така се вели тоа
растење. Порано служело за палење на оган. Го товариле на некое
магаре. После ја запалиле таа прапта и коа ќе дојде ламјата, ќе го голтне
магарето и таа ќе се запали однатре и ламјата ќе се сотре. Во истиот
момент го сториле тоа, ламјата го голтнала магарето и пливала по
Струмичката Котлина. Стигнала таму кај Петричко, доле e тесно, колку
за една мала река. Таа од тешкотиите, од болките што ги чувствувала
од огинот што горел внатре во неа, ја прокопува и тогаш езерото се
истекло надолу.
Ова лично сум го слушнал од дедо ми. Таа ламја била некоја која ја
ништела стоката. Кога го голтнала магарето горела, а кај Петричко ја
испуштила водата.

23.
ПРЕТПАЗЛИВОСТ О Д Л А М Ј А

Л а м ј а , кога ќе обере нешто бериќетот, кога ќе ск'ца градо тоа


викаат било ламја. Или, пак, еве старите така прикажуваат: некои оделе
по полето, децата маленки ги носеле no полето, во лулка и коа ќе заврте
некоа летина, заврте се и бутне лулката на детето и оно осакате -
викаат ламјосало го, значи тоа било ламја, али невидливо. Таа се зададе,
одеднаш ветерот врте, врте.
И трештела и громови, ударала и во луѓе, а најпојќе ако некој човек
носел мотика. Под мотиката ламјата се криела од змејот, оти змејот
оде по неа и озгора мава на неа. Арно, ама она за да не ја убие змејо,
таа се крие под мотиката долу. А овој змејот удира од горе, ама не
Удира во човекот. Покрај него и само буботе.

4 49

I
Кога се одеше по поле ги затворавме стомните со кочан од пченка,
ако забележувавме дека се зададе некој облак. Стомната требало да
биде затворена за да не влезе ламјата. На поле бардето не смее да биде
отворено. Плус тоа, на вечера не смееме да се собираме ко ќе се зададе
облак. Чим грми не смееш да јадеш, оти ламјата бегала по лебо кај нас,
а громо од горе ќе не утепа. И заради тоа луѓето не смееле да седат на
трпеза кога грме.

24.
ЛАМЈА И ЗМЕВ

Me секогаш се раѓале змејови. Понекаде и како ламји. Ама, бабите


потури го со врела вода и уше тогај умри го.
Ламјата како дете било, ама боската ко ќе ја лапне - цела, не само
боската, туку целата града ја ваќале. И од то се вика како ламја. Бабите
шо оделе на пороѓај со врела вода потури го и умрито. Ако не го убие
ќе порасне ламја и ќе избега од тука.
Велат, градот од ламјата бил. Кај шо ќе помине ламјата, бериќет
нема веќе.

#
IV
НАРЕЧНИЦИТЕ

D o македонските верувања и во усното творештво, верата во


судбината зазема одредено место и тоа доста широко застапено. Во
рамките на верувањето за одредување на судбината еден од најпри-
сутните e мотивот, според кој, се одредува судбината на новородено-
то дете.
Во согласност со нашите верувања, судбината на новороденото
дете се врши на третата вечер од раѓањето на детето. Судбината ја
одредуваат три жени, коишто во верувањата, а од таму и во фолкло-
рот, се познати како наречници, од зборот НАРЕЧУВАМ. Наречници
тоа се митолошки, натприродни суштества кои се блиски на Господ и
дејствуваат во согласност со неговите укажувања, со таа разлика што
тој не влијае на она што ќе го наречат наречниците, а исто така и
божјите светци. Во зборникот на браќата Миладиновци ја наоѓаме
следнава определба на наречниците: „Кога детето се рожат, таја
вечер идат три жени, кои нар'чват колку и како ќе живјат роденото, и
што ќе нар'чат третјата това ќе бидит. Тије три жени се викајат
нар'чници".
Наречниците се појавуваат на третата вечер, токму на полноќ и
тогаш се договараат каква судбина да му одредат на новороденото
дете. Своите дејности ги завршуваат со второто пеење на петелот и
си заминуваат. Тие се невидливи суштества и ја одредуваат судбината
за целиот живот.
Верувањата во судбината на човекот се присутни кај сите сло-
венски народи, а посебно кај јужнословенските и кај балкански несло-
венски народи.
Во согласност со верувањата, одредувањето на судбината на
новороденото дете има степенест карактер, тоа значи дека прво
судбината ја одредува првата наречница, потоа средната и на крајот
најстарата, чија одредба e полноважна и конечна, тоа значи дека не
трпи никакви промени. Обично наречниците се одредуваат како: три
жени, три девојки, три сестри, кои живеат вечно, а нивното живеалиш-
те се наоѓа некаде на крајот од светот.
Наречувањето, наречниците го запишуваат на челото на детето,
кое e невидливо или во форма на некоја нечитлива за човекот црта,
или пак, го запишуваат во тефтер. Во врска со тоа М. Цепенков
забележал: „Коа ќе се родело дете, на треќата вечер, коа ќе му
дојделе наречниците за да му наречат што ќе му врви преку глаа дури
e живо, едни стари веруат оти наречниците му пишувале на децата (на

4* 51
луѓето) што ќе им врви преку глаа во тевтери од книга, а пак, од друзи
стари сум се учил оти немале тевтер за да му пишат на детето ами му
пишуале на глаата од роденото дете (на коската).
Што му је пишано на треќата вечер на глаата на чоека, сето ќе
му врви преку глаа".
Според нашите верувања, третата вечер претставувала посебна
грижа за родителите на новороденото дете. Тие пристапувале кон
соодветни подготовки и вршеле извесни обреди кои имале за цел да
го заштитат детето, односно нареченото од наречниците да биде
среќно за него. Во разни делови на етничка Македонија таквите
обреди имаат различен приод но целта e единствена: да се умилости-
ват наречниците за да им одредат што подобра судбина на новороде-
ното дете. Обично обредите ги врши баба. Според тоа, во Солунско
на третата вечер бабата заедно со две други деца го лулат детето во
кошулата на таткото. Во Велешко, во лулката ставаат три предмети:
пенкало, ќесе со пари, цвеќе (ако e девојче) и некои други работи. Во
Скопско бабата спие сама крај детето за да ги слушни наречниците.
Тогаш таа го повива детето и го прекрстува на челото, на стомавчето
и на нозете велејќи: „На глава крст, в срце ангел, под ноѕе волк".
Во Охридско постои верување, според кое, наречниците се три
жени богинки на среќата на човечкиот живот. На третата вечер се
спремало вечера и се канеле најблиските роднини, кои носеле одре-
дени јадења. Бабата го облекувала и превиткувала детето и на повои-
те му врзувала прстен кој се оставал до четириесетиот ден. После
вечерата бабата го благослувала детето со следните зборови: „Да
биде умно и разумно, среќно и честито, здраво и весело, послушно".
По нејзиното наречување се подразбирало наречувањето на наречни-
ците.
Исто така во Охридско постои верување дека наречниците како
три жени, седат пред огништето и ја предат нитката на животот.
првата прела фурка, втората со раката кажувала, а третата в pane
држела ножици. Овој момент потстетува на старата грчка митологија
кога судбината на човекот ја одредувале мојрите. Едната ја преде
нитката, втората ја одредува неговата должина, а трета ја пресекува.
Обично наречниците се жени, облечени во бели алишта, а една
од нив држи запалена борина. Само во некои приказни наречниците
се претставени како мажи.
На наречниците за да бидат наклонети кон новороденото дете им
се оставало мед и нешто благо, а во огништето требало да гори оган.
Сите наведени дејствија на најблиските на новороденото дете
имаат за цел да му обезбедат здравје, долг живот, богатство и слично.
Всушност, како што укажуваат верувањата, а и приказните во кои e
застапен овој мотив, наречувањето на наречниците треба да се сведе
на два основни правца: долготрајноста на животот на новороденото
дете и неговата добра материјална благосостојба. Нареченото од
наречниците никој не бил во состојба да го измени.

52
25.
НАРЕЧНИЦИТЕ И ГОСПОД

г \ о г а ќе се роди дете иделе наречниците. Што му било наречено


на детето од наречниците, тоа ќе го преживее низ неговиот живот.
Кога ќе се роди дете наречниците оделе да го питат Господ што да
му наречат на тоа дете. И родило се детето во понеделник и оделе да го
питат Господ, што да му наречат на тоа дете да преживее низ неговиот
живот. А, тој Господ некаде сб занел, некаде копал. Копал целиот ден со
копаче. Работел целиот ден, поти се и рекол: „Тоа денеска јас шо сум го
работил, тоа ќе му го наречете! Копање и работење!"
Другиот ден, вторник, се родило друго дете. А он дедо Господ си
работи, Работник бил. Наречниците оделе пак да го питат дедо Господ,
што да му наречат: „E - вика - тоа што јас денеска го работев, a jac
косев. Тоа нека го работе цел век!"
Третиот ден, na така. Тоа што работил Господ, тоа наречниците му
нарекле. Ама дојдува сабота и na се родило дете и пак го питат дедо
Господ, тој рекол: „Денеска јас не работам ништо. Ќе се измије, ќе се
обрише, ќе се окупа и ништо да не работи целиот живот!"
Недела пак така. Друго се родило. Што да му наречат: „Целиот
живот да не работи и да живее!"
Па имаме денес некои кои ништо не работат и живеат. Така им
било наречено од наречниците.

26.
ПРЕЧЕКУВАЊЕ НА НАРЕЧНИЦИТЕ

Н а третата вечер се избираат деца кои ќе го лулат детето. Тие го


лулат, а бабата ќе вика: „Се со среќа, сос касмет, со гора вишна, со гора
вишна, со поле бериќетно, среќа, благослов. Госпо нека го благослови,
нека биде живо, здраво, долговечно. Наречниците нека му наречат некоа
убава среќа." Така бабицата вика. Таа вечер ко ќе јадат на децата ќе им

53.
дадат паричка и ќе си одат. Сега ноќта кој не спие мож ќе ги види, ама
успиват ги, успива се човекот и наречниците наречувале.
Покрај лулката, покрај оганот се ставале предмети: маша, лук,
пенкало, ножички, мотика, тесла, мајстор да биди. Детето го лулат у на
таткото кошулата. Ко ќе седнат да јадат, ќе турат босилок, на босиле-
кот ќе турат крпче, на крпчето ќе турат прстен, на мајката прстенот. Тоа
ќе го запалат, ќе^изгоре и ќе турат у него едно модро конче и модра
монистра и паричка. На гушата на мајката тоа ќе го врзат, a coc тоа ќе
начадат од светилото, тогај светило имаше. Тоа e адет на третата
вечер, то адет го прават. Значи, на детето на гушата ќе му го турат тоа
шо ќе го изгорат, од босилоко на детето на гушата ќе го турат, a
прстенот пак на мајката на гушата ќе го турат. Тоа детето до четирие-
сет дена ќе го носи, ќе го бањат со него и мајката до четириесет дена
ќе го носи прстенот. И некоја жена, комшивка ли некоја, ако си родиле
у тоа време двете и тие ќе си ги сменат прстените. Нејниот ќе и го дадат
на таа, ако се виделе да не им бидело нешто.

27.
ДОАЃАЊЕТО НА НАРЕЧНИЦИТЕ

Ј а с имав снаа. И се роди машко бебе. Таа на третата вечер околу


12 саатот го зеде бебето да цица. Детево плакало и таа го зела да цица.
И таман цицало, се пули на саатот - 12. И тие дошле и во очи и поплукале
на мајката: „Леле - рекла таја - шо e ова кој ми плукна вака". И го остајла
бебето. Се покрила со ложникот, со јорганот, се завиткала. Тога тие
биле наречниците.
Пред да си легнат сите, постарите велеле: „Вечерва, сега ќе му
набарат наречниците на детево, како ќе проживеј во живота". Бабата и
мајката останувале да ги слушнат наречниците. Мајката си лежи со
бебето, бабата лежи од другата страна. He чини бебето и мајката да се
остават сами. Треба тука да лежи и баба му. Ако нема баба, тогаш
јатрва. Задолжително една жена да лежи со леунката.

54
28.
НЕВИДЛИВИТЕ НАРЕЧНИЦИ

Сднаш дедо ми ми кажуаше за неговиот татко. Кога ќе се роди


дете, неговите родители до три вечери не спијат. Жената, детево и
мажот одделно лежат, а не спијат за да видат што наречниците ќе му
наречат на детето. И на третата вечер тие дојдуваат. Дојдуваат збору-
ваат, а тие гледат и не можат ништо да видат, само слушат, а луѓе не
гледат. Зракот земен, светлото земено, никој ништо да не гледа. Тие
викат вака. „Ќе растит детево, ќе живејт толку години, ќе му дај Госпо
деца. Децата ќе страдат на млади години, во војските ќе изгинат, ќе му
изумрат. Детево ќе живејт 90, мож да живее до 100 години, а ќе биди
значи апаш. Тогај викале кумита. Кумита и ќе скита по планињето. И
вистина така се случи. Дедо ми кажуваше:
- Вистина - вика - чедо така беше, вистина ко што рекле наречни-
ците!
Наречниците биле во бело облечени. Но, никој не можел да ги види,
само зборот се слушат, а да види не можел никој. Луѓето куќата на
третата вечер ја спремале. Клавале книги, клавале секира, клавале
сврдли, детево да биде дограмаџија. Клавале и пченица. Детево да биди
бериќетлија, да учит, да работит, да делкат, да знајт дрво да делкат. Во
тоа време од тоа си живеело: со дрва, со делкање, со штици.
Но, се фаќало тоа што ќе го кажала најсетната. Од тоа немало
мрдање, задолжително тоа се вршело. И ти кажувам за деда ми. Тој ми
расправаше дека се што му кажале наречниците на татко му, се случило:
шест деца му изгинаа, му изумреја, три чупиња.

29.
О Д РЕЧЕНОТО HE СЕ БЕГА

Н а третата вечер на детето му клавале под глаа лебче, за да дојт


наречниците. Ама наречниците не мојт да и видит. Лебче му ставале за
да се залагат. Да каснат од лебчето, да не мислат лошо за детево. Ама
да и слушат никој немој нив. Ретко, ретко може да станит некој да и
слушат.

55
Наречниците на детето му нарекувале и лоши и добри работи.
Зошто велат: како му e речено на трите вечери, така ќе врвит. Тие си
ојле по својата волја. За некого не биле добри, за некого биле добри.
E, така ко мене некој сиромав, си работел некаде. Почнал: „Ох, бре
дал и ова работа, измеќар одам, деца ранам!" Ама тие наречниците си
врвеле од некаде. Едната од нив му вели:
- Зошто караш, зошто викаш?
- А*бре, дали e ова наречување, од ко сум кукнат маки да тргам.
Цел живот со измеќарлук деца да ранам!
- Слушај - му рекла - така ти се чкртнало, така ќе си живејш. He
карај, не викај, не гнаси си ја устата!
Го зела, го одвела некаде, таму кај шо тефтерите ги чувале. My
отвораат таму:
- E, овдека ти пишит. Од ко си роден дури да умриш, се со измеќар
да се раниш. Ништо појќе, то ќе си биди.
Тие жени се, во бели фустани биле облечени. Тие си се башка,
немаат ништо со Господ. Наречниците башка воделе списоци. Госпо
ништо не наречува. Тие шо ќе наречат, то ќе биди. Господ ништо не
можи да влијае врз наречниците. Она што ќе го наречат не мож да се
промени.

30.
НАРЕЧНИЦИТЕ - БОЖЈИ ЖЕНИ

Паречниците се божји жени. Дете ко ќе биди на третиот ден,


оделе кобајаги, оделе и му нарекувале како да живеј. Некоје момче
тргнало како од Дебар, да оди некаде на гурбет. И го стемнило во едно
село. Влегол во селото да најди преноќиште. Во селото имало кафанче
и влегол на една ракија. Си пиел од ракијата и си седел. Идат луѓе праат
муабет: „Од кај си, шо си, кај ојш." Никој не велит: „Бујрум кај мене." И
еден по еден, еден по еден сите си отишле, останал уште кафеџијата и
тој:
- А бе - рече - ти шо напрај, не отиде кај никого да ноќеваш?
- Ами ми беше страм да му речам, а никој не ме покани. Ќе те
молам тебе - рече - ако имаш некое кошарче некаде да се доберам, да
не седам сам, да не сум на ведрина.

56
- Ами - рече - ко си останал ти кај мене, не те оставам во кошарче.
Ајде, дома ќе ојме, на кревет ќе те клам.
И дома му дал ракија, му дал и вечера, му дал и кревет. А имал тој
и дете од три дена. Таа вечер требало да дојдат наречниците. Тој се
растревожил и не можел да заспијет. Ете дошле наречниците. А газдава
и женава си спијат. И сега тој слушат. Едната велит:
- Ај, да му го земиме детево!
- He - рече другата - ја велам да му ја земиме мајка му!
- Како да му ја земиме мајка му - рече - што ќе прајт душа сама?
- Јас ко шо ќе речам така ќе биде. - Рече третата. - Да растит
детево, да порастит, да дој до женење и ко ќе се женит на свадбата или
в бунар да падни да се удајт, или змија да го касни да умри!
Ова детево слуша. И ги снемало наречниците. Утрото се раздени,
станува детето, се помни:
- Слушај ваму - рече - пријателе. Од денеска јас и ти ќе бидеме
побратими. Кај ќе одам јас, тебе ќе ти се јавувам. Детулево ко ќе
пораснит, ко ќе го жениш, немој да заборавиш да не ме каниш. Да ме
каниш, кај да сум јас ќе дојдам!
И овој си го врзал то. И ко дошло детево, расло порасло на двајсет
години, стигнал да се жени. И му праќа писмо на пријателов, да речиме,
може e во Америка, или во Србија: „Те поканувам во недела, свадба, ќе
го женам детето". И овој еден ден порано, пред свадбава ојт. И пред
еден ден му вели:
- Побратиме - рече - овој бунаров мене не ми се свиѓат за
свадбава нешто, ќе има деца, пијани, ќе пијат, ќе играт, да не стани
нешто лошо, да се удај некое дете, дај да го затвориме!
- Закој го побратиме!
Зеле штица, шајки и го закоал. „E - рече - од едната го средив
детето". Имаше една харма треска:
- Овие трескиве, море, побратиме, пречат во дворо. Ај да ватиме
да ги пренесеме онаму некаде зад куќа. Овде ќе играт сватојне, децана.
Свадба со играње бидува.
- Добро, побратиме, прај шо ќе прајш, се e твое овде, тебе не ти
расипувам ништо.
И собра некој деца, тој р'жаничиња врзувал, крени го р'жањчево од
тука и однеси го, крени го - однеси го, со пет-шест деца. Се појавила
змија: „У змија, у змија, змија" викале. Оданде, одавде ја потиснале, ја
ватиле во штипка, жива: „Ај да запалиме оган! Запалиле оган, ја печат
змијата. На зетов му вели:
- Ти бегај, не си за овде. Бегај - рече - ти не си за овде. Бегај онаму,
дома в куќи.
Ама тој се качил дома, а таму имало балкон и тој излегол на
балконо. Змијата се дула, се дула, се дула и едно време пуфнала и право
јадот кај зетот отишол и тој тука умрел. И тогај му кажал:

57
- Побратиме - рече - од реченото не се бега. Јас вака и вака. Ко
лежав кај тебе пред двајсет години, наречниците дошле и ја чув. Едната
овака рече, другата онака рече, третата рече: или в бунар рече да се
удајт, или змија да го каснит. Ете од бунаров го куртуливме, а змијата го
напари. - Рече.
Реченото си e речено. На третата вечер на детето му клавале
чекан, да биди мајстор, ножици - да биди терзија, моливче - да биди
писар.

31.
НАРЕЧУВАЊЕТО НА НАРЕЧНИЦИТЕ

1\о ќе се роди дете, на трите вечери ќе дојделе наречниците. Тие


му наречувале на детето. Среќа ли, таксир ли, како ќе му фати паметот.
На детето му наречувале неколку работи. Да расне да порасне, мома да
се стори, да го земе вој проматаров. Таа ноќ во таа куќа останал да
преноќева еден проматар. Тие проматарите по селата одеа со роба. Од
село на село. Ама мајка му на детето и тој слушале. Тогаш проматарот
рекол: „Mope, ќе види таа што мене ќе ме земе!" Ноќта тој станал,
откако заспала мајка му на детето, го зел бебето и го фрлил надвор. Тоа
се закачило за еден кол, се обеси на колјето со повојчето. На бебето му
останало белег од колот на кој се фатило. Праматарот си заминал.
Сабајлето кога домашните станале детето го нема. Ко испаднале
надвор ете го обесено на колот. Го зела мајка му од таму. Си го гледале,
си го гледале, го изгледале. Се сторило мома, се сторила за мажење. Кој
ќе се фате за неа? Проматарот? Се заватил проматарот за неа. Одило
време, одило, а видел гола:
- Шо ти e ова на стомак? - И рекол.
- А, бре тоа ми било од трите вечери. Некој проматар ме врлил и
од тогај ми e вој белегов!
Тогај проматарот рекол: „Од наречниците што нарачале, нема
куртулија."
Наречниците се три. Детето на трите вечери ќе го земат на една
пелена. Две баби ќе ја ватат пелената, едната од едната страна, другата
од другата страна и три пати на огнот згора ќе го залулајат. Таков e
адетот. На трите вечери да го залулајат. Наречниците оставале знак на
детето. Кај било ќе му кладеле. Знак дека биле. Детето го лулале да биде
стрејчено, да e дуговечно, да e работно.

58
32.
НАРЕЧНИЦИТЕ И СВЕТИ ИЛИЈА

Наречниците биле три жени. Мажот билна орање. Кога завршил си


тргнал за дома. Но, пред да стигне тој дома, во куќата дошол еден
туѓинец и ја прашал жената:
- Дали има кај вас место за преноќевање?
- Ами не знам. - My рекла. - Кога ќе си дојди мажот ќе гледаме, ќе
прајме!
- Добро!
Вечерта си дошол мажот. Туѓинецот се преправил божјак. Седнале
да вечерат. Мажот и вика на жената:
- Дај да му туриме да јади и тој.
Тој рекол:
- He, турите ми мене во ваганчето.
- Абре, иди кај нас да јадиш!
- He! - Рекол. - Да ме извините деца, челад сте ми може, жената
родила ноќта.
-Добро!
Арно, ама тие немале нунко. Жената му рекла на мажот:
- Ами сега шо прајме, немаме нунко да ни го крсти?
Тој му рекол:
- Ај, Божјако да го клајме?
My рекле:
- Дедо Госпо ни даде мало, ако сакаш да ни го крстиш?
Тој се согласил. Го крстиле, ручале, сториле и го испратиле тугине-
цот. Жената му рекла на мажот:
- Mope, не го прашавме, ако бидеме живи и здрави да го изгледаме
детево, за нунко кај ќе го бараме?
Мажот притрчал и го стигнал:
- Абре, дедо, не те прашавме кај седиш, шо седиш? Ако го
изгледаме детето за нунко да му бидиш?
- Ќе ви бидам! - My рекол. - Земете ја картата, на она брежено
излезете и викнете: „Повели нунко да венчаш!" и јас тука сум.
- Чекај да видам јас наречниците шо ќе му речат на детево?
- Добро, седни таму!
Дошле наречниците. Првата рекла:
.- Мило, мило, три дни ми било!
Другата:
- Мило, мило, три години ми било!
- Мило, мило, од вода да загиниш!

59
Нунково се забележал и си заминал. и одело време, одело време
порасна детето за женење. Дошло време, нунково го нема. Мажот се
сетил и рекол:
- Mope, заборавивме нунково да го поканиме!
Излегле на брежето, кај шо му рекол и му викнале: „Повели нунко
да ни венчаш!" И тој си дошол, седнале на трпеза и ручале. Дојде време
да кинисат по невеста. Таа била преку некоја река. Нункото им рекол на
сватовите:
- Слегнете сите, коњот со зетот ќе го дигниме в раце!
И го пренеле преку реката. Кога пошле кај невестата да e земат,
опашката на коњо му била врзана. Коа се враќале со невестата му ја
одврзале. Нункото коа требаше да ја поминат реката, пак им рекол:
- Слегнете пак, сите коњо да го пренесиме на раце преку водата!
Ама овој пат опашката на коњо му била одврзана и се влекла по
водата. Коа го пренеле на суво, коњо замавна со опашката и на зето
капка в уста. Зето умрел. E добро, шо прајме сега? Едни плачат, едни
пејат. Овој нунково шо бил им рекол:
- Тргајте, ојте дома!
Невестата плачи:
- Абре, како, зашто?
Отишле дома. Овој рекол:
- Седете овде, шо ќе прам јас, ќе прам!
Оди тој право кај наречниците. Кај оние шо му ја решиле животта.
Но пред тоа ошол кај господ.
- Абре, вака и вака. Вака стана работата. Господе, јас да исчекам
толку години да бидам нунко и така да се случи?
Нункото бил свети Илија. Господ му рекол:
- Оди кај наречниците, тие решават за животта!
Отишол кај наречниците и тие му рекле:
- Оди кај свети Арангел. Тој му ја зема душата!
Отишол кај свети Арангел, му вика:
- Вака и вака ми e работата!
My кажал се по ред. Св. Арангел му рекол:
- He можам, оди кај татко му и мајка му. Тие имаат по 70 години и
ако му дадат нешто од нивните години ќе стане, ќе оживи.
Св. Илија отишол кај татко му и кај мајка му. Мајка му му рекла:
- Ами јас не му давам!
И татко му истото му го рекол. Шо да прај? Па оди кај наречниците.
Тие му рекле:
- Оди кај невестата. Таа има да живее 201 година.
Св. Илија, пак отишол кај свети Арангел и тој му рекол:
- Ако жена му му дај живот и ние ќе му дајме живот!
Отишол кај невестата, му рекол:
- Слушај невесто, до тебе e работата?
Таа се согласила и затоа жените косата на половина ја чешлат:
половина e за зетот, половина за невестата.

60
V
БОЛЕСТИТЕ И СМРТТА

Ј^Хемонската персонификација на болестите и на смртта има


длабоки корени во верувањата и народната традиција на македонски-
от народ. Согласно на народните верувања болестите се поделелени
на две групи: машки и женски. Женските болести се: чумата, бујцата,
улерата, треската. Другите болести се машки, и според верувањата
тие се поопасни од женските. Според тоа, во верувањата и традицио-
налното усно народно творештво на нашиот народ се создадени
бројни демонски ликови за болестите. Создадени се врз подлога на
реална состојба, болеста, најчесто со лик на човечки суштества со
натприродни особини и квалитети.
Болеста се прифаќала како нешто материјално што се вовлекува
во организмот на болниот човек. Се јавува како антропоморфно,
зооморфно и орнотоморфно суштество, непријателски расположено
спрема човекот, вовлекувајќи се во неговото тело, да го гризе, да ги
користи неговите сили се додека не го усмрти.
Духовите на болестите во верувањата на словенските народи се
однесуваат на религиозните претстави и сознанија од периодот на
анимизмот. Co развојот на религиозните претстави, особено под
влијание на христијанството, се јавуваат посебни претстави за демо-
ни на болестите. Во традицијата на македонскиот народ, најпознати
се претставите за чумата, синоним на смртта, односно симбол на
смртта. Оттука и определбите: црна смрт, врла, безредица, пуста,
страшна, стара чума, баба чума и сл.
Освен изразот чума во народната терминологија се среќаваат и
други изрази: колера, панукла, пануклица, улера и др.
Постоеле верувања дека чумата, после создавањето на светотја
создал Господ, за да се ослободи од лошите луѓе на земјата, и во
првичниот период нејзината сила била многу голема. Кога Господ тоа
го видел, плашејќи се и за својата лична судбина, и ја намалил силата,
ја треснал и оттогаш на чумата вратот и e здрвен. He може да гледа
наназад, ниту да се врти.
За потеклото на чумата наоѓаме укажувања и во приказните. Во
приказната „Чумата", забележана од М. Цепенков, на следниов начин
e објаснето настанувањето на чумата. Некој цар бил познат по своите
зли дела, а особено по силувањето на жените. Еднаш се обидел да
силува една сиромашна девојка, која упорно му се спротивставувала.
Тој неа тешко ја мачел и на крајот девојката умрела. Царот ја фрлил
во еден подрум и заминал на војна, но пред тоа, тој неа мртва ја

61
силувал. Телото на девојката се зачувало. По загубената војна, царот
се вратил дома и погледнал во подрумот и забележал дека срцето на
девојката не претрпело никакви промени. Единствено видел дека
срцето на девојката e подуено и се мрда. Тогаш царот го клоцнал
срцето и од него излегла девојка - тоа била чумата. My ce обратила на
царот со следните зборови: „Од поган татко сум се зачнала и од
умрена мајка родена, затоа кого ќе видам, ќе го испоганам кај
скришните места и ќе го умрам. Тебе те видов за прв пат, татко, и тебе
ќе те испоганам за веднаш да умреш, за што си сторил да најдеш." Од
тој ден секој човек што ќе го сретнела чумата го усмртувала. Во тоа
време таа била видлива и убивала се додека не ги истребила сите
погани луѓе, и останале само чесните. Никој не можел да се скрие
пред чумата. Се појавувала во облик на жена, на мачка, на jape, на
Еѓупка.
Второ објаснување за потеклото на чумата, исто така наоѓаме
кај М. Цепенков, но тоа се движи во сосема друг правец. Таа потекну-
ва од риба од реката Нил. За време на едно разлевање на реката,
многу риби по повлекувањето на водата останале на земјата. Тука
рибите се засмрделе и од нив се зародила чумата.
Чумата најчесто e претставена како стара, мошне грда баба со
грпка, која се движи со стап и торба на грбот. Понекогаш таа може да
биде невеста, девојка, а во некои примери одредено e и нејзиното
потекло: Циганка (Еѓупка), Влаинка. Во торбата ги носела списоците на
луѓето што требало да бидат усмртени. Во неа, или во некои варијанти
кошничка, носела: тесла, игла, шило, сабја, нож, секира, брич, камен,
штипки, клешти, срп и, се разбира, коса. Co овие алати чумата ги
убивала луѓето. Многу често чумата се појавувала и во облик на црна
мачка.
Се верувало дека секој човекудрен од чумата, ако почувствувал
болки на срцето умирал, а ако почувствувал болки на снагата, остану-
вал жив.
Според едно предание за чумата кога таа го зафатила Охрид: „По
улиците течела крв од трупјето на покосените од чумата - немало кај
да ги закопат. За да се спасат од натамошната зараза и од страшната
смрдеа од распаѓањето на трупјето, истурале по улиците вар. Во една
улица имало многу трупје и вар и сето личело на попара. Затоа таја
улица ја нарекле Попарница. Улицата сега има друго име, но постарите
ја паметат и го употребуваат старото име".
Верувањата за чумата нашле одраз во усното народно тво-
рештво, каде e претставена како убивала на ден од илјада до две
илјади души, не успевајќи при тоа никој да се скрие.
Чумата имала свои деца. Според приказната забележана од М.
Цепенков „Петко Лајчаро и син му со самовилското коњчње", чумата
имала десет ќерки.

62
Чумата најмногу се појавувала во облик на црна мачка и секое
лошо однесување спрема неа значело смрт. Прво се појавувале
болки под мишките и во рок од 24 часа човекот умирал.
Според македонските верувања, од чумата, населеното местс
можело да се спаси ако тоа наоколу се изора. Браздата, чумата не
можела да ја премине. Најчесто браздата ја заорувале двајца браќв
близнаци и два црни вола, пак близнаци. Како курбан при заорувањетс
носеле два црни петли „близнаци", кои се колеле и закопувале вс
заораната бразда. Од чумата се заштитувале и со лоши кучиња,
трнливо растение, наречено чумотрн, со кое ги оградувале куќите.
Чумата најчесто ја протерувале со прелажување со мед, пита,
вино изнесувајќи ја надвор од селото.
Заради заштита од чумата во традицијата на нашиот народ
вршело обредно ткаење на т.н. чумино платно или чумина кошула. Tp
жени, ноќно време го ткаеле тоа платно, и со истото го заобиколува
селото, велејќи: „По гора, по воѓе, по планиње, по рудини, овде e
запотнато". По враќањето на сред село, жените делеле на секој чле)-
од семејството по неколку кончиња од чуминото платно.
Во селото Сливово, Дебарца, за заштита од чумата, постари
жени на сред село палеле оган на кој ределе дрва, трески, изветвеш
алишта, чевли, постелнина, волна, коноп и сл. Овие предмети носејм
ги на огнот секоја жена, велела: „Како што горат... (ги именувалс
предметите донесени од куќата), можатда горат болестите, (посебн
нагласувајќи ја чумата), да им изгорат крилјата, косите, очите". Kpa
огнот го ткаеле чуминото платно, а останатите жени играле оро
пееле песни, од кои некои имаат заканувачки карактер во однос ш
чумата.
Друга мошне распространета персонификација на болест e онае
на треската. Се јавува најчесто во лик на жени што ги напаѓале луѓето
едни со студ ги треселе, други со оган, секојдневно, на неколку дена
сл.
Се верувало дека треските биле две жеии кои заради својап
сиромаштија решиле да ги заболуваат луѓето. Тие богато се хранел1
од понадата што им ја донесувале на болните.
Затоа, основниот начин на лекување од треската, било горчлив
то (пелинот) и лутото. Болниот требало да лежи на рогозина, на лад
и да се потура со студена вода. Само така можело да се избркаа:
треските од болните луѓе.


33.
ЗА Ч У М А Т А

П е к о г а ш чума работила. Мојта баба са били седем сестри. Сички-


те ги удушила. Само мојата баба e останала и тогај расправат, баба ни
расправала, дека чумата одила по село и викал како човек што вика. И
мојта баба e останала, ама e останала малка. На двајсе години остана-
ла. И тогај са го изместили нашто село кон другото, изместили го,
подале да бега чумата. И тогај расправат, дека чумата одила по селото,
по куќите одила, викала по луѓето, варила некакви билки,* зашто кога
наождала чумата, со такви дрва праила отровата и удушавала луѓето.
Тоа сум го слушала. А, и една метла вика, na имало и со таја метла,
чумина метла викаме ние, во нашто село ја има, тука поретко ја има.
Таму нагоре многу ја има, там многу e работила чумата. И со таа метла
не било убо да метеме в куќи. И затова луѓето почнали да сеат такви
метли со какви си метеме. Та ја тоа знам знам за чумата, оти баба ми
ми e расправала.
Само гласо и са чували, не са ја гледале. Расправаа, викала како
човек. Како жена пискала, некаде тогај кучињата са се врзували, затоа
што многу са ја гонили, не са ја пуштали и фанат и врзат кучињата, ако
не ја врзат, ќе удуши децата.
Ставале на прагот мед, ѓозем што го викаме, го викаме само-
вилско, та него го ставале на вратата, за да не доожда чумата.

34.
ЧУМАТА ВО ГАЛИЧАНИ

Ј а с имам слушнато дека нашево село не било овдека кај што e


сега овдека, туку било кај што e. вакафсково, горе према станицата
Галичани. Тука на тумбата, и можеби према тоа тогаш таму да била и
црква. Затоа e вакафско место. Таму било можеби и селото. Таму се
здала некоја чума, почнале луѓето нагло да умираат. И од тадека тие се
имаат доселено подоцна ваму.

64
Чумата сметам дека e некоја невидлива болест, која се појавува и
ги напаѓа луѓето и умирата. По мое мислење, колку што слушам и како
што знам, чумата e една обична болест, како успивен сон, како еден
стрес, како еден потрес на човекот. Сето тоа ние порано го сфаќавме
како една болест - чума. И сега, на пример, еден чоек се разболува, ама
таа чумата фаќа поголеми размери: цели семејства, повеќе луѓе, цели
семејства, цели куќи и луѓе. сите умираат. Значи умира еден, умира друг,
а чумата не избира: младо, старо, болно, здраво. Умираат во голема
количина. Тоа e чума и ние така го сфаќаме тоа.

35.
ОД ЧУМАТА НЕМА СПАС

\Јд нашето село биле луѓе на работа во Турција. Таму мавала


чумата и тепала луѓето. Еден од нив ноќта ја чул чумата. Тој си рекол:
„He спијам цела ноќ, ќе ја видам чумава шо прајт." Дошла чумата во
дванајсе сато ноќта и велела: „Еее, двајсе души до сега поништив, уште
двајсе имам да поништам. Вилан, вилан." Овој слушат. А и за него
намнисала. Тој рекол: „Ќе бегам!" Ама чумата рекла: „Кај да одит, шо да
одит и во рого на волот да се пикни, јас ќе го најдам. Од мене не можи
да куртули чоек." И тој тргнува од Турција да си идит. Идел, идел, ја
прешол границава, ваму стигнал до Македонија, си дошол дома, до
Илино, таму живеел и напат да ти умрит. И дома не си дошол.
Чумата била гадна, лоша, нокти големи, очи големи, заби големи.
Била како жена, ама лоша, гадна. Исто како и маш имало. Тој пак, уши
големи имал, веги големи, очи бели. Тоа било машка чума. Жената
носела црни алишта, а тој носел мрки алишта, ко војнички. Носела торба.
Во торбата имала некој ко боздоганчиња, куси. Ко да одела со него
дувнувала и чоеко одма умирал. Носела и тефтер, по име бил тефтеро.
Читала од таму, кој треба да загини тогај, кој после. Од чумата никој не
можел да се спаси. Но, имало магесници. Ноќе во дванајсе сато, во
глувата доба ткаеле и правеле магии. Тије магесниците, тие се жени, со
чуминото платно пробувале да ја запрат чумата, ама не можеле. Го
мијале платното и давале вода да попрскуваат кај шо удирала чумата.
Од платното попрскувале кај шо мавнала чумата.

5 65
36.
ЧУМА ВО СЕЛОТО КОНЧЕ

D o нашето село имало чума. Во селото Иншаси имало некој оџа


кој знаел како да се заштити селото. Тие што се спасиле му рекле: „Ние
ќе образуваме ново село!" Тој им рекол: „Ќе земете две машки деца
близнаци, две девојчиња близнаци, две јагниња близнаци и две дрва
чатали близнаци. Тие машките деца ќе го пресечат дрвото, ќе направат
рало, овците ќе ги острижите, девојчињата ќе предат. Ѓуптин ќе напрај
паличник. Ќе го турат на ралцето. Тоа ралце како за лек. Едното дете ќе
заводе, едното ќе држи ралото. Девојчињата ќе влезат меѓу ѕевгарот,
ќе предат од овците што се близнаци и жицата ќе ја турат у браздата,
тај ќе ја запретува жицата. И коа то ќе го напрајле тука веќе болка не
дојдела. Од тогаш во Конче немало да се појави чума. Сите работи биле
закопани кај Ѓурговденското кладенче.

37.
ЧУМАТА ВО СЕЛОТО КРСКО

И м а л о повеќе начини луѓето да се заштитат од чумата. Некој


стари жени чумино платно прајле. Тоа сум го видел со свои очи. Ќе
напраат чумино платно и таму ќе се збираат незнам колку жени. Откако
ќе го исткаеле платното, ќе отсечат тро од платното и од то ќе напрајт
онакво, како и викаат, амајлија и ќе му дајт амајлија на луѓето да немаат
гајле од чумата, да не ги фаќа чумата и ќе си ја носат на гушата. Јас тоа
го видов како носеа. Парче посечено од платното, завиткано во платно,
напраено ко топче. To ќе го напрајт за околу гуша и ќе си го носит.
Некоја жена во селото Крско, едно село имат овдека. Се разбудила
на полноќ и слушала: „Леле, леле, леле!"
- Што лелекат така? - И вели на комшијата.
- Mope - вика - чумата не можит да влезит овдека, дека e изорано
селото!
Пред тоа го заорале селово да не влагат чумава. Само како било
не знам, но имам слушано дека два вола од една крава, да бидат
близнаци. И со ними околу, наоколу ќе го заорат селово и та не могла да
влезит внатре. Селово го заорувале ноќно време, да не гледат никој,
ноќе. Така на месечина.

66 9
38.
ЧУМАТА УБИВА СПОРЕД ТЕФТЕРОТ

Чумата и берела, берела и то нагло. Од една куќа пет-шест души


собирала. Еден однеси го, закопај го, други земи го, закопај го, пет-шес
души, десет души колку биле во куќите сите и смакна само свекоро и
невестата и детето останале. Се исчистила.
Некој бегал од чумата. Бегал, бегал и ко едно време чумата му
вели:
- Аирлија - му вели - кај ојш вака?
- Абе, бегам од чумата - рече - ваму кај нас владее чумата, и тоа
многу. Луѓето бегат.
- Од кое место си?
- Од филан село.
Чумата го извадила тефтерчето:
- Слушај - рече - не си запишан ти овде, оди си, не си запишан ти
во тефтерчето. Тоа сум јас шо и берам, јас сум чумата. Како шо му e
редот така се берат.

39.
ГОСПОД И ЧУМАТА

Имало некој Стојан, тој бил богат. Имал и овци и момци. Чумава
не можела да влезит кај него, да му e земи душата. Имал кучиња големи
и куќава околу наоколу со авлија заградена. И еден ден ојт чумава кај
Господ:
- Господе - рече - јас сакам да влезам кај Стојана - рече - ама не
можам да влезам никако да му ја земам душата.
- Стојан држи овци?
- Држит!
- Ти ќе се напрајш мечка голема, таму ќе напрајш една јоклама и
овчарите одма ќе и побарат кучињата шо се од дома за другата вечер
и ти ќе си влезиш слободно. - My рече на чумата.

5* 67
И та вечерта се напрај една голема мечка и јоклама ѓомити ќе
фаштат овци, ќе напаѓа на овчарите. Дента одат му велат:
- Дедо, Стојан, дојде една голема мечка едва ја избркавме. He
можеш да ни дајш кучињата ноќеска да не дојт пак?
- Земајте!
E, кога и зедоа кучињата та влегва слободно, чумава:
- E, Стојане - рече - дојде време да ти ја земам душата!
И овој му велит на чумава:
- Имам една молба. Ќе ми дајш три дена изим.
- Зошто?
- Да и викна селаниве на една вечера, на еден ручек.
- Се стори работава!
Стојан одит сега, ќе колит овни, овци, шо требало и ќе праит гозби
тука. Ги викнал селаниве, сите.
- E, сега - му велит - јадете, пијте за душа моја, ама за здравје
чумино. - Им рекол на гостиве.
А чумава слуша. Стојан тоа три пати го рекол. И ова пак одит кај
Господа, чумава:
- Абе, Господе, вака и вака - рече - ги викна Стојан селаните на
гости. Јадат, пијат, му велит: „Јадете, пијте за душа моја, за здравје
чумино". E, шо прајме?
- Да го остајме да живеј!
Еве и до ден-денес Стојан живее.

40.
СВЕТИ ПЕТАР, ЧУМАТА, СВ. АРАНЃЕЛ И ОВЧАРОТ

З а чумата ете што имам слушнато. Некој си чоек, бил светец.


Свети Петар се викал светецот. И св. Петар, светецот ошол кај некој
овчар. Ошол и му рекол:
- O, овчаре, ќе ми дајш едно јагне?
- Абе, кој си ти?
- Ја су свети Петар. - Рекол.
- E, рекол - свети Петар e ветар!
Ама со него биле чумата и свети Арангел:
- Ај, бе св. Петар e ветар, не давам јагне.
И тогаш викнала чумата:

68 i
- Овчар, бе еј, ќе ми дајш едно јагне? Ја су чумата!
- He ce плаша од чумата!
Го чукнала, ама чумата ништо не му напрајла. И сега ојт св.
Арангел:
- O, овчаре бе еј, ќе ми дајш едно јагне?
- Абе, кој си ти?
- Ја су - рекол - св. Арангел!
- Богами од св. Арангел ми e страв, мора да ти дам јагне.
My дал јагне, ама му рекол:
- E, сега - велит - ќе ми кажиш колку време ја ќе живеја?
- Абе - рече - опули се онаму.
Се опули гледат две свеќи горат:
- Видое нешто?
- Видов!
-Што?
- Две свеќи онаму горат!
- E - рече - едната e твоја поголемана. Ко ќе угаснет свеќата тогаш
ќе умреш!
- До тогаш не мојш ништо да ми напрајш?
- Ништо!
- Дај ми го јагнето ваму! - My го зел јагнето.
И си заминале тројцата без ништо и чумата и Аранѓел и св. Петар.

41.
ЗАШТИТА ОД ЧУМАТА

Н и е чумата болест ја викаме. Она e многу косила свет. Викаат


како жена била, e црни дреи. Тука се помакне в кашти и болнио стенка.
Она там седи, отвори вратата, направи нешто низ кашти да умре, болка
донеси и умре човекот. Влеза ли в кашти тоа e страшно нешто.
Нашто село e заоруванб од чумата сос два вола близнаци од крава
и момчето што ора да e близнак. Се наоколу e изорано. Значи, насекаде
e изорана бразда. Исто така не се дава во една недела да има две
свадби, кога e e заорувано селото. Две свадби не може во енда недела.
Тоа се прави од чумата. He може да се венчат две невести во текот на
една недела по заорувањето. Ќе се венча една, na една. Тука во нашето
село две свадби од памти века не се правени. Ако се две, едната не e
цела. Ја ќе нема деца, ја некој ќе умри, или нешто ќе се случи.

69
42.
ЧУМИНА ДУПКА

H a местото кое што го викаме Чумина Дупка во нашио век или


порано се имале собрано луѓе и момите играле на оро. Се појави тогаш
чумата и ги чумисало сите моми. Сите умреле во орото, како шо играле.
Сите моми тука се закопани и така како што играле. Тука сите се
закопани. Тоа место до скоро стоеше. Сега на тоа место e изграден
манастир. И таја дупка се вика и до денешен Чумина Дупка, затоа што
тука се закопани момите што играле оро, дека чумата ги убила. Во тоа
време од чумата не можело со ништо да се заштити.

43.
СИПАНИЦАТА ВО СЕЛОТО РУСИНОВО

D o нашето село имаше двајца стари. Сега се поминати: едниот


беше куц, другиот беше оќоравен од таја сипаница. Во нашето село има
дури и панагии, се креваат на празникот св. Харалампие. Се пее за од
сипаницата.
Сипаницата e како болест, тоа e болест. Таа e одела од човек во
човек. И јако прифатлива била. Тоа e одавна. И поради таа болест,
нашето село ја празнувало на едикој си ден. Тогаш си подигаме панагии
за здравје на св. Харалампие. Он, ние го сметаме за лекар против оваа
болест. Го имаме признаено како светец.
Така сум чул. Мајка ми беше попоска ќерка. Тој ја лечел, он e
против болеста. Тоа мајка ми ми кажуваше.

. '70
р^^ѕ^"

44.
КОЛЕРАТА И ДЕДОТО

Колерата одела како жена, до тука коса. Таа гледала во книга.


Гледала и ќе напишела: утре од ваа куќа два-троица за умирање,
другиден... Еден стар човек речел: „Јас сум девеесе години, na да ибам
мајката на колерата, да видиме дали ќе дојде!" Навалил го огништето
убаво и под ќепето надрукал, под ќепето до огинот. Нели така имаа тие
старите, така лежеја сос ќепето наметнени и до огин. И тај човек чекал.
Дошла таа. И тие книгите вака ги распослала до огништето. Огништето
ќутук горело, жар вака. И сеа ќе пише, ќе пише кој и кој. Дедото рипнува,
тие книгите ги пикнува во огинот. Таа фанала се за косата: „Ооо, боже,
шо напраих!" Таа надоле да слегне, дедото ги пуштил кучињата и ја
згрвале. Утрото кога дедото станал сета башча крв била. Запретал ја
така крфта и немало веќе. He ce родило колера, немало.

45.
ЗА ШАРКАТА

Ц Ј т о м чуем дека има шарка, ставаме сладко на куќите, на


вратите, ставаме така, слатко да има, метче да има, за да не доде
шарката. Хлеб редиме, еј толачки питички и ги намажеме со мед, и ги
изнесеме на патот да се частат сите натук-натам, да се разнесат, да си
ја испраќат.
Шарката иде како жена на сон. Како изгледа јас не сум сонила, сум
чула така, нали на двор кога се собериме, се лажеме жените. Сум
слушнала од една баба Ана, таа беше на золва ми свекрва, таја така
кажваше. Дошла, вели, една бољка била, што e било сега не знам, и
влезе, а таја лежела. Нели тога немавме легла, немавме ништо, на
рогозки лежавме, и се наредили така и таја си прострала нозете, истата
бабичка. И заминала чумата, истата чума. И вика:
- Замина - вика - и ми казува „Е-еј-и, што сега пак, ем како
биволица се e прострела и не си трегна - вика - баре нозете нагоре!"
Болест ли e била, баба Шара ли e била, каква e била, таја e ритнала
na сон.

71
VI
СТОПАН ПОКРОВИТЕЛ

D o традицијата на македонскиот народ се верувало дека секоја


нуќа, секое населено место, како и обработливата земја во атарот
имале свој стопан покровител. Стопани покровители имале и водите,
езерата и изворите.
Според тоа, во разни делови на Македонија, ова суштество има
различни имиња. Во Гоцеделчевско, Пиринска Македонија, стопанот
покровител се викал наместник. Во Охридско e познат под името
домашар или домаќин, а во Велешко - сајбија. Овие последниве три
имиња се сретнуваат во повеќе региони на Македонија.
Најпознати демонски суштества кои се јавуват како заштитници
на куќата и семејството се змијата покровител и смокот.
Се верувало дека змијата сајбија на куќата и носела благосос-
тојба. Таа обично живеела под прагот на куќата или огништето.
Во Драмско, Егејска Македонија, луѓето правеле обредна трпеза
секоја седма година во чест на „дедото", како што често го нарекува-
ле - духот покровител на куќата. За тоа време куќата требало да се
исчисти и сите да бидат облечени во свечена облека. Во спротивно
тој се лутел и одмаздувал на домашните преку болести: со смрт,
умирање на добитокот, град ло полињата и сл.
Во селото Орман, Скопско, се верувало во исцелителната моќ на
змиите. На 22 март, денот на пролетта, луѓето одат да ги разбудат
змиите од змискиот сон, каде стоејќи наредени, молчливи, за да не ги
исплашат, ги чекаат за да поминат преку нивните оставени „нишани",
алишта. Само тогаш ќе му се исполнела желбата на оној преку чиј
нишан ќе поминела змијата. Бездетните жени верувале дека ќе родат,
болните дека ќе оздрават, девојките дека ќе се омажат.
Марко Цепенков за верувањата околу појавата на змиите на
Благовец, пишува: „Во истиотден Благоец, штотуку ќе болсни сонцето
и до што има змија во земјата, сите ќе излезат за да видат бел ден и
благ ден. He било возможно на ден Благоец да касни змија чоек, али
имање. Гази 'и, тепај 'и, кошкај 'и со ноз», валкај 'и со раце, шо сакаш
прај му, не било чаре да те каснат, чунки биле блаѕи, како дено што је
благ. Освен што не касаатзмиите, ами и богатство големо извадувале
од земјата надвор за да подарат на луѓето, оти му је стопли Господ
земјата и му облагна. Мнозина луѓе одат по полиња и планиње во
зората на Благоец и вардат од кај ќе излези царицата или царо на
змиите од некое дувло, кај што лежат."

73
Меѓу e. Ореовец и Роман имало змијарник. Овие змии биле
стопан на некогашниот град Роман. Некој ги убил змиите, „та дури си
дошол дома му се здрвила десната рака и си останал сакат во рацете,
чунки и левата му се фати. Пишман се сторил селанецо оти и истепал
змиите, арно ама беше се сторило".
Се верувало дека смокот e заштитник и на селските граници, на
нивјето, на лозјата. "Раштанци освен што не го задеваа, ами веруат
оти тој смок му бил стопанот на селото и на сиот синор, чунки смокот
не одел од нашиот синор на друг."
Марко Цепенков, запишал... „пред седум-осумдесе години имало
еден голем смок колку едно арно теле големо; глаата му била како од
некој сом. По глаата и по снагата имал обраснато козина, како од
некој биол ретка." Тој дава уште еден интересен опис, сличен на
погорниот: „Одвртел очи смоко, како од некој страшен бијол. Една
остра коса имал смоко на глаата, како некоа свинска кострушина,
толку долга му била, што дури по сета снага била растурена".
Во селото Белица, Порече, тамошниот смок живеел во некоја
смрека. Некој си Вељан ја исекол смреката, а после тоа го снашла
несреќа - се разболел. Во Порече смоковите ги нарекуваат „ангели".
Селаните пак од e. Модришта велат: „Ангелот го чува синорот".
Според некои други верувања функцијата на стопан ја исполнува
и таласонот. Постои верување според кое ниту една зграда не може
да се одржи без таласон. Заради тоа, при секое почнување на нова
градба со конец се мерела сенката на непознат минувач и таа мерка
се ѕидала во темелот. Таквото лице, после 40-сет дена, се верувало
дека ќе умре, а неговиот дух се претворал во таласон на градбата. Во
Охрид овие суштества се покажувале ноќно време по старите куќи и
цркви. Во поширокиот простор на Охридско се верувало дека секоја
куќа имала свој вардач, кој го викале таласон, во вид на смок, наречен
домашар или домаќин. Во Битола исто така при градењето на куќите
се мерела сенката на некој човек и се заѕидувала во темелите. Тоа
лице по смртта, станувало таласон и ноќно врем се јавувало како
безтелесен и нем човек, а во околината на Гевгелија се споменува
како лош дух. Таквиот вид на таласон се појавувал еднаш годишно и ;'
тоа во времето кога била заѕидана неговата сенка. Во Прилепско, [
местата каде биле убиени и закопани арамии, биле нарекувани тала-
сомлии. „Во еден темен дол, кај што требало на едно место да се '
врвит, и тука беше му попречиле патотдва вола многуголеми, со едни (
рогои колку еден стажер, очи беа одвртиле како некои ѕверои. Заста-
нал коњо пред волоите, неќит да оит. Фрчит и назад се враќал, и
полека-лека волоите фатиле да одат кај него. Друго чаре немало, ами
тргна пиштолите во нив, да што сака нека бидит, си рекол со умот. Туку
откоа пукнал пиштолите на волоите, веднаш загинале - и наизлегле
'ртки илје и милје, та кога се раскакале преку него, пред него, зад него,
како некој стрели. Уште малку ако беше стојал, очите со нокти ќе му

74
беа 'и изваеле. Господ да чуат и да бранит." - така! jЛ•
Цепенков средбата со таласонот ноќно време. Во Пор>е1с .""•.,,
Латово се верувало дека таласоните живееле и во ирквит^ !?• е о '
жувало дека некоЈ бил долг осум метра, а главата потсеТу^ала н
„глава од мачка". Ниту најстарите луѓе не се сеќавале на неговат!
старост.
Според други верувања, таласонот e невидливо суштество кое
само ги вознемирува жителите на дадената куќа. Во куќите каде се
појавувале таласони, луѓето умирале или веднаш ја напуштале куќата.
Танвите куќи обично веќе никој не ги населувал.
Таласонот, според некои други верувања од Порече, се појавувал
со бела боја: „Како во бели алишта". Тој ги чувал куќите од пожари,
болести, а посебно од чумата и од лошите духови. Верувале дека
единствено се плаши од кучињата. Тие биле лоши само спрема оние,
кои приоѓале кон куќата со лоши намери. Според тоа должноста на
таласонот била да ја чува куќата.

?*1ЃЅ»

ЧН,

нп

'•V
46.
КУЌНА ЗМИЈА

М м а змија во куќата. Таа змија не се тепа. Ете што сум чула јас.
Слушаме, ама не сме виделе во куќата змија. Овде во една куќа најдоа
змија со изведени мали змивчиња. Ги истепале сите. Ко ги запотера: умре
домаќино, умре ова снаата, умре домаќинката постара - тројца. Во тие
месеци тројца умреа во една куќа. Стори шест месеци умре снаата,
свекрвата, а свекорот умре порано. И така тоа не e нешто за арно.
Поарно да ја истераш змијата надвор, истерај ја змијата, нека излези.
Таа пак ќе се врати од некоја страна, но не ја гибај, таа не каса, внатре
в куќи си живеј. На домаќините не им прави ништо лошо.
Мајка ми споменуваше дури беше жива, само не се сеќавам за кое
дете стануваше збор, дали за мене или, пак, некоја од сестрите ми. Била
на работа, пошто мало дете во крошна го носеше. Од полето заедно со
детето змија донесе дома. И честопати самата себеси не можеше да си
објасни, како змијата не изврши напад на детево. Сигурно тоа била куќна
змија.

47.
БАЕЊЕ ЗА ЗАШТИТА ОД ЗМИИ

Д е ц а кога бевме, првиот пролетен празник кога идеше, тенџере


едно ќе ни дадеа, едно стапче и ќе чукавме no тенџерето и ќе ја пееме
песната:

„Бегајте гуштери и змии


идат арамиите, ќе ве колат, ќе ве бесат."

Тоа се правеше за празникот оти идела пролетта, змиите да не се


вртат во дворот. После децата од маалата ќе ја обиколат целата маала,
откоа ќе зајде с'лнцето na до ноќта и после ќе си идат дома. И денеска

76
децата така чукаат. Тоа изгледа како заштита од змиите, на првиот
пролетен ден, а змиите тогаш излегуваат, а да не идат по куќите.
Од постарите сум слушал дека змиите се појавувале во местото
наречено Побрегови. По некое време се појавива една голема змија во
местото звано Камено. Како што сум слушал, еднаш по патот врвел
некој човек и го фатила змијата. Трага немало од него. Селото се
согласило да дадат жртва секоја година за да не се случуваат повеќе
такви случки. Но, потоа се решило да не даваат жртва. Требало човечка
жртва да биде, да не биде од животно. Значи исклучиво човечка жртва.
Али до ден-денеска, еве јас имам шеесе години, не се има случено такво
нешто и не се појавила змијата.
Има змии што ние ги викаме домашни змии. Еднаш имаше таму
горе и луѓето велеја ако ја убијат ќе умрел човек. Домашна змија ја
викавме. E, тие по гредите си лежеле, ќе ја видиш и ќе ја оставиш.

48.
ТОЛОСОМ ВО ОХРИД

Ј а с имав една сестра. Таа сега живејт во Австралија. Имаше една


куќа во град. Јас станав еден ден одам таму. Ми велит:
- Ноќеска ич не сум спана. Цела ноќ ми тропет горе на куќана.
- Како ти тропет?
- Тропет - рече - имат куќата толосумлија. Турска стара куќа и
горе ми тропат.
Толосумлија тоа значи да има нешто тука, тело сохрането и
станвит ноќе шета.
- Добро - му велам - дај да се качиме горе. Одклучи да видиме шо
e со тропањето.
Се качивме, одклучи горе и наоколу наредени круши. Јас и велам
дека нема ништо, може некој круша да паднала. Ама ништо, таа била
уверена и верувала дека тоа бил толосумлија. Значи некој човек погре-
бан некојпат тука во куќата и тој од време на време се јавувал. He барал
ништо, не правел бели, туку ноќе шетал, демек станувал ноќе и шетал.

77
49.
С М О К Ч У В А Р HA Ц Р К В А Т А „ С В . Т Р О Ј Ц А

Д о л г о време во црквава наша имаше еден голем смок. Никој не


смеел да го тепа него. После се веруваше за еден даб овде Пепелиште
се вика. На тој даб имаше орили, тие орли крстачи. Тоа се орли ко ќе се
спрема облак да иди или олуја, тие се кревале горе и облаците ги
растерувале за да не врни град. Луѓето верувале во тоа. E, сега некој
ловџија. Се зборува овде, ѓомити го отепал еден од орелот. Децата на
ловџијата што се раѓале после отепувањето на орелот му се раѓале
болни.
Смокот честопати излегувал пред праго на црквата. Бил голем три-
четири метри должина. Глата вака ја држел крената и никого не напаѓал.
После ќе влезел и ќе се изгубел во шуплините таму или во камењето во
црквата. Чоеко што одел да го чука клепалото на камбаната често го
среќавал.
Смокот долго време го гледале и потоа сам се изгуби, но никој не
смеел да го тепа. Луѓето го гледале како составен дел на црквата, како
да e чувар на црквата, на храмо.
Некој човек, пак, зел плоча од авлијата на црквата и ноќе му идело
на сон некој светец, некој стар со брада и му велел да ја врати од таму
каде ја зел.

50.
С М О К О Т HE СЕ У Б И В А

А к о некој отепа смок нему или дете ќе му умре, или тој ќе умрит,
или жена му ќе умрит. Тоа сказание беше и така беше. Ја во мои години
ко пораснав така се случи. Еден чоек тука до црквата имаше куќа, куќа
до црквата. Ватил тој, спијале надвор во летно време и смоков излегол
од кај алтаров од црквава, излегол и кај што спијале се качил и му ги
врзал нозете. И чоеков не можел да стани. Вика по жена му:
- Аман, некој ми ги врзал нозеве! ..-.,
Таа стаиува: •!

78
- Смок - викат - смок!
Земува таа кацијата, машата го отепува смокот. И за една година
нејзиниот 15 годишен син умрел. Смокот не смејле да го тепат. Тој не
прај штета.
Во Вирово, ти кажувам, на покрсти ќе одевме со крстите в планина
на свети Никола летен. Ќе земевме со крстите да одиме, имавме таму в
планина манастирче. Ко ќе појдевме таму со крстите, ќе забележавме
смок, два или три излезени на врата, станати онака простум на вратата
и чекаат. И таман ќе се доближеше попот тука и тие ќе ги снемаше, ќе
се скријат. И една година не излезе ниту еден од смоковите. Тогаш како
фати еден град една девојка ја однесе, ја удај тогај, истиот ден на свети
Никола. Тоа што не излегле смокојте било знак дека селото ќе го погоди
голема штета. Ќе се напрај некој облак. Ќе фатело град. Така викале
старите.
Смокојте не се појавиле оти крстите не биле поштени. Co луѓето
не било нешто во ред, со тие што ги носеле крстиве. Ти велам истиот
ден ко си дојдовме в село, дома и чекавме гости, вечерта ко фати еден
облак, одвај куќите издржале водата да не ги однесит. Никој пат во
животот да не веруаш. Облакот од кај црквичето се зададе. И овде ко
се зададе облакот да грми, се затемни, страшно нешто. Кај се најде таа
вода? Кај се запусти? Тој што го носеше барјакот, беше ништоверец. И
штета голема го снајде. Неговото чупе од куќата му ја крена водата и
го удај. Кога ги носел крстиве тој бакнал туѓа невеста и затоа смоковите
не се појавија.
Знаеш светецот се праел смок, на пример, свети Илија се претво-
рал во смок, светецот на храмот. Затоа ние смоковите ги викаме
ангели. Света Петка или света Богоројца се претворале во змии. А овие
друзиве машкиве се претворале во смокој.

51.
СМОК - ЧУВАР НА ПАРИ

Толосомите не смееле да се бијат. Велат, во куќа морало да имат.


Јас ја расипав до темел куќата, ништо немало. Ја направив од бетон.
Како ќе влезит? He мож да влезит.
Но, не било убао да се убиет. Ако некој убивал, од неговата куќа
некој умирап. Викавме: „He смее да се бијат, бидејќи биле ко светци".

79
Така старите велеа, дека биле светци. Расправаа дека некој нашол многу
пари. Имат едно црквулче во Градиште, Богородица. Имало многу пари
и тој дошол и викнал некој негов. My рекол:
- Ајде да ојме, на фиљан место има многу пари, да ги земиме!
И одет двајцата. Ко дошле таму, париве седат таму. Но, над парите
еден смок голем. И не смееле да се доберат до парите. По извесно
време и парите и смокот ги снемало.

52.
НЕЧЕСНИОТ ПРОДАВАЧ НА КУЌА

|\/1и расправаше еден мој пријател, кој очигледно го гледал смо-


кот во својата куќа. Претходниот стопан на куќата ја продап и ја купил
мојот пријател. Тој ја продап куќата поради смокот. My ги зел парите и
си купил куќа во градот, а не му кажал оти ја продава куќава. По едно
време низ куќава, жена му приметила смок, а смокот огромен, голем.
Тој веднаш се скрил. Дошол мажот му, му кажал:
- Вака и вака.
- Како мори?
- Смок голем!
И овој ојт кај тој шо ја продаде куќата, му велит:
- Ти колку години си живеел во куќава? Дали виде нешто да имаше?
- Шо да имаше?
- А, бе еден смок голем има!
- Да - му рекол - и ја ко бев беше.
- Заш не ми кажа ко ја продаваше куќана?
- He ти кажав!
Се вратил човекот дома. Еден ден жената го отворила долапот.
Порано во куќите имаше долапи и само вратниче кладено. Отворила
жена му да зема нешто, ко гледа внатре смоков. И препискала. Веќе не
се живееше во таа куќа. И тој решил да ја продава куќата. Си зеде стан.
Сега брзо тоа беше, има 3-4 години. Куќата ја продал и ја рушија.
Купувачот си напраил друга куќа. Дали го најде смокот или не - не знам.
Тој мојот пријател со очи го видел тој шо велиме толосон, смок, ко на
светец. А тој смоков голем, преку три метра.

80
53.
CMPT HA ЖЕНА ОД УБИСТВО HA CMOK

Омоковите ги напаѓале леунките. Некоа жена, велеле, ја цицал


смокот. Таа на жетва била, со детето, со лулејката таму. Ко шо жниела,
си го оставила детето да спие. По некое време ошла кај детето и
почнала да го доит детето, а таму бил и смок. Како што го доела детето
и смокот почнал д^ цица од неа. Тоа било точно, ама и таа храбра. Да
го убиет не можела и таа праела како праела од појасот извлекла еден
конец. Жениве наши по селско руво оделе, носеле појаси. Фртома, само
обоена на црно. И таа кога ја нападнал за да ја цицат и таа од фртомата
зела плеталка и коа почнал да ја цица и таа тик и го затегнала за гуша.
Ко го стегнал и тој ја пуштил и го убила.
Таа потоа се разболела и умрела. За година време умрела.

54.
СМОК ВО СЕЛОТО ВИРОВО

D o селото мре Вироо, онаму во Демирхисарско, тоа што ќе го


кажам, јас лично го запазив. Сега ти спијаш, тогаш со покрој и наземи
се спијало, не се спијало ко сега на кауч. Смоков идит од кај нозете, но
најмногу по жениве што се леунки. E, јас ко сум бил дете, мал, смокот
се качил и почнал да цица од мајка ми. Ама таа слушала од постари
жени, што да прави ако се појави смоко. Таа носеше плетенки. На
плетенките имаше врвчиња, принки ги викале. Примкава ќе ја земиш
одма, ќе молчиш, ќе ја одврзиш од плетенката и ќе му ја клаш на гуша
на смоков, ќе го стегниш. И така мајка и напрајла. E, за мене лично, јас
ко сум бил мал. И таа боска дури сум си израснал ич не пушти млеко.
Значи, го изгуби млекото и често течеше крвајште.
Сите стари луѓе викаа, ми кажуваше мајка: „Тоа не e убо Толејце,
ќе останит детево без мајка, или без татко, или некој ќе умрит. Или татко

6 81
му или ти!" И вистина татко ми го зеле Турците и назад не се врати.
Значи, тоа што рекле старите се исполнило, се извршило
А не смеело да се отепува смок, не и тепале. На луѓето им било
страв да отепат, оти голема штета ќе те фати ако го отепаш. Оделе по
кравите, по овците и цицале, друго ништо.

•Ц

82
VII
НАВИ

Оа демонските суштества што ги напаѓале родилките, леунките,


цивните деца но и другите луѓе, во традиционалната терминологија ео
Македонија најповеќе се користи терминот нави. Во Скопска Црна
Гора познати се како нави и навоји, во Охрид како хунапи, a so
Велешко како навои.
Според македонските народни верувања навите биле деца кои
што умреле некрстени. Тие имале крилја и летале по села и градови за
да откријат каде имало трудна жена, која очекувала да се породи. Тие
уа „фаќале" жената, ја мачеле, и по можност ја усмртувале. Најмногу
оделе по оџаците, кај бремените жени, а потоа низ оџакот влегувале
во куќата. Истото се случувало и таму каде што имало и леунка. Во
такви случаи бабата која седела покрај леунката ќе земела пушка и
пукала во оџакот, за да ги убие навите или да ги разбрка. Покрај
оџаците навите плачеле како мали деца.
Според некои верувања, навите биле како пилци, кои летале
многу високо по лошите ветрови и пееле „латински" песни. Освен
трудните жени, никој друг не можел да ги слушне нивните песни. Тоа
можело да се случи на полноќ. Ако во тоа време некоја трудна жена
останала надвор од куќата и го слушнела пеењето на навите односно
на пилците, жената била забележувана од нив и во соодветно време
била грабнувана и однесувана во некои пустелии.
Според едно верување од селото Мартолци, навите биле ветро-
шани. Според друго, пак, навите биле три жени што ги напаѓале
леунките. Заради тоа, леунките се лекувале преминувајќи низ венец
направен од различни треви. Во Малешево ако умрело некрстено дете
се верувало дека тоа станало навјак (навјаци) или навјаче. Тие се
движеле ноќно време во групи и „пискале" и „плачеле", а бидејќи
немале млеко, секое одело кај својата мајка да „сучи", но најчесто
оделе во трлата кај овците. Навјаците можело да се протераат ако на
нив се фрлело со гламна.
Во Дебарско се верувало дека родилката ја напаѓаат и самовили,
јуди и навјаци, и дека овие лоши духови настанале од некрстени деца
и најмногу ги напаѓале куќите каде што се родени. Ја напаѓале
родилката до четириесеттиот ден од породувањето.
Во нашите верувања постојат и други претстави за потекло на
навите и нивниот изглед. Во Кочанско се верувало дека навјаците биле
како лилјаци, дека настанувале од лилјаци дека се ѓаволски браќа.

6* 83
Според едно верување, родилката и новороденото дете се изло-
жени на голема опасност од невидливи „баби" кои им посакуваат
несреќа, болести смрт. Овие„баби", женски демони, се викаатбабкц,
бабици, нави. Тие биле невидливи суштества за човечко око, се
покажувале во облик на лош ветер и биле во состојба да ја задушат
родилката или детето, или пак, извесно време да ги мачат, Опасности-
те траеле до 40 ден од породувањето. По овој ден свештеникот
служел молитва и родилката веќе можела да се движи слободно ео
секоја средина.
Во согласностсо некои верувања во Самоков и Дебарско навите
се машки суштества, но бидејќи настанувале од умрени деца
воопшто, би требало да ги има во двата пола, Во e. Црешнево, Порече
се верува до денес дека навите ги напаѓаат и жените и мажите, но
најмногу леунките. За да се ослободат од нив, луѓето земале еден
кантар, запнувале од едната страна едно ѓумче и ги изговарале
следниве зборови, кои почуваат во вид на прашање и одговор:

- Дали си бил ти на вода?


- Сум бил.
- E, Крсте сам на вода бил,
сам си дошол дома,
сам си измет сторил.
Ќе си го викате вие,
ќе си го каните вие.
He e готов, не e спремен,
да си одите во широко поле,
под широко дрво.
Таму има девет рала тапани,
девет барјаци развиени,
девет трпези ставени,
златни лајци, златни вагани,
и златни момички.
Таму да си ојте, деир да гледате,
вие којшто го каните, *
вие којшто го каните
не e спремен.

Оваа ситуација се повторува три пати и на крајот водата ќе ја


фрлатвисоко нагоре и ќе викаат: „Водата долу, Крсте горе". Во таквите
случаи се велело: „Навите навеале".
Во Охрид леунката до третата вечер не ја оставаат сама да лежи,
особено да заспие, зошто верувале дека постои опасност„даја фатат
хунапите" и да умре. Како претпазливост од хунапите, под перницата
ставале: железен чешел, јаже, пиралка, секира а на главата чешел.

84
Околу грлото и завиткувале неварена прега, а на рацете и нозете
тесто.
Во Велешко, откако ќе се роди детето во коритото каде го
бањале ставале неколку јагленчиња жар. Од една страна на коритото
стоела една баба, а од другата родилка. Бабата на родилката и
Завиткувале една шамија околу вратот како со оглавник, влечејќи ја
дз го пречекори коритото и да дојде до нејзината страна. Потоа ја
легнувале леунката во постелата. Често пати бабата земала со кација-
га оган, го ставала под коритото, а секирата ја ставала покрај неа. Се
обрзќала на леунката, да ја прескокни водата, огнот и секирата, за да
не можат „навите да ја фтасаат". Леунката ги изговарала зборовите:
„Поминав вода, не се удавив,
Поминав огон, не се изгорев,
поминав секира, не се пресеков".

Овие зборови ги изговарала три пати, и дури тогаш си легнувала,


но пред тоа требало бабата со секирата да му „го сечи пато на
навите".

Нави да сечам, Цоно, али тебе да сечам, чедо


- Нави сечи, бабо Тасо, мене не сечи.

Ова се повторувало до три пати, и дури тогаш леунката спокојно


легнувала во постелата.
Според други верувања, „баби надарени од Господ" правеле
венци од секакви тревки, билки, собрани на Иванден, пред изгрејсон-
це. Од нив плетеле венци, низ кои ги поминувале леунките за да
оздрават. Венецот го носеле по чешмите, кај што пееле песни и лееле
вода. На леунките им врзувале на врат прстен направен од црвено
предено.
Леунката можела да се разболи, „да нагази", односно да ја фатат
навите ако стоела под стреа, под некое дрво, на некое лошо место
каде што се збирале навите. Во такви случаи леунката требало да оди
на тоа место со една киска босилок намакана со натопен мед и да го
попрска местото. Прво ќе го попрскала местото, потоа ќе се враќала
назад, прскајќи и изговарајќи ги зборови:

„Сестрички, милички,
Што ни зедовте, дајте ни,
Што ни остаивте, земете си го".

Истите зборови, со мала измена на редоследот ги повторувала


уште еднаш:

85
„Сестрички, милички,
Што ви зедовме, на ви го,
Што ни дадовте, земете си го".

Тоа се повторувало три пати и се верувало дека леунката ќе


оздравела.
Често на леунките им ги врзувале нозете, бидејќи верувале дека
навите не ќе можат да ги „кренат". „Ех, како ќе ја носиме сега - кога ц
се врзани нозете" - ќе речеле навите.

86
55.
НАВИТЕ ГИ КРЕВААТ ЖЕНИТЕ

Навите коа некоја жена ќе има мало, ќе ја дигнат, ќе и го земат


умот, ќе шетаат со неа. Ќе викаат жените: „Кренала e од навите!". Па ќе
одат да бараат лекови, ќе баат. Навите ќе ја избудалат, умот ќе им го
земаат, умот. Угу болна ќе биди и она и малата. Ко ќе има жената мало,
бабата, свекрвата ќе зема едно мало секирче и ќе мане до неа и ќе рече:
„Опсег сакаш, али нави сакаш? Леунката ќе рече: „Опсег сакам, нави
нејќум!" Три пати така ќе велат, за да не ја кренат навите и млекото да
не и загине. Да не шета леунката од коа ќе зајде сонце.
Ако леунката се разболе ќе и баат. Барат тие басмарките со
рацете, со жар, ама шо велат, не знам. He кажуваат, оти ако кажат не
му e e фаќа.

56.
НАВИТЕ - ВЕТРОВШТИНИ

11еунките најмногу ги фаќаат навите. Тие се ветроштињето. My го


зема умот и млекото на леунките. Тие ветроштињето тоа го работат.
Тие ги мачат луѓето. Ко животинки се тие. Ко ќе ја ватат жената, таја
само нешто си зборува. Тие ја викаат „Ела ваму", за да ја отепат.
Јас сум однесена во бунар, така од навите. Па таму викна една
баба да и наврзува. Бај за од нави со лукче и со коноп и наврзува.
Црвено, алово конче ќе го врзуваш и со умо ќе велиш, ќе го врзуваш на
пет-шес места и ќе го носиш на гуша, ќе го сошиеш на алишта и така ќе
го носиш шес недели. После ќе го исфрлиш no река. Јас ги знам тие
работи како се бај, ама на друг не ги кажувам. Ајде na тебе ќе ти кажам,
еве вака, ќе врзувам, ќе велам:

„Одете си в планина
кај шо секири не сечат,
кај шо луѓе не зборуваат,

87
кај шо петлине не пеат,
кај шо кучиња не лаат,
одете си, одете си, одете си!

И така ќе си велам со умот, ќе го наврзувам и ќе ги дам на таја


леунката да го носи до шесте недели, а после да го врли во река. Кај
леунките, инако, навите до годината работат. Ако не го напрај ова, ќе и
заболи гдата, ќе вати лоша, црна крв и така ќе си боледува.

БАЕЊЕ ПРОТИВ НАВИ


q

глога немало лекари, тогај навите работеле, а денеска има лекари,


с;екакви специјалисти и нави нема. Порано навите најповеќе ги напаѓале
породилките. Ќе ја заболи главата, ќе речеле: „Mope, навите ја ватиле и
умреа!" И готово. За да не ја ватат навите леунката ќе и врзела катран
во едно шамивче и ќе го носи на левата страна. На детето ќе му кладеле
ноже, огледалце, чешле, метла и друго. Огледала ставале за да не го
ваќа во детинството, а чешелот се правел планина, за да не можи
болката да дојде, a co метлата да се брани. Ножот, пак, се клавал за
кога ќе дојде болката да ја убоди.
Кога леунката ќе ја вателе навите, ја носеле кај жени што знаат да
бајат. Бајачките бајале:

Господи, помогни
Ј; нека оди болката во црна гора,
таму има ладни води,
таму има ладни сенки,
, таму e многу убаво,
таму да оди болката,
а не во леунката.

Тоа три пати го велеле. Исто така ја обиколувале леунката со


ортома, за да не ја вати болката. Потоа ја носеле леунката преку оган.
Го клавале детето во кошула, огон василарски шо викат, коледарски.
Мајката и таткото ја држеле кошулата на огнот и го префрлувале три

88
пати. Кошулата била од платно и требало да биде на таткото уште зет
коа бил. Кошула со ракави, со пулејќи, со сунсулки. Леунката, пак, ќе ја
поминела секирата и викала:

Помина вода, не се удави,


помина огин не се изгоре!

Три пати ќе поминела леунката и три пати ги изговарала овие


зборови.

58.
З А Ш Т И Т А О Д НАВИ

11еунката, жената што имала бебе, ако ја фателе нави, жената ќе


имала вртоглавица. Ќе ја болела глава, ќе била болна како скината. И таја
одит се бајт кај некоја жена шо знајт да бајт, да наврзува со коноп. Таму
со копчиња, со конопчиња, ќе наврзи, na ќе го носи овде жената врзана
на плетенките и така ќе ја оздрават. Ќе помини од болеста што носат
навите.
Навите идат до шест недели. Леунката коа ќе ја фателе навите, се
лекувала и по басмарки. Оди по жени што баат, што наврзуваат вака со
конопца, со едно со друго.

59.
CO ВЕНЕЦ ПРОТИВ НАВИ

Мавите најпојќе оделе по леунките. Ако ја вателе навите таа ќе


боледува. Неа ќе ја провират низ венци. Венецот треба да биде направен
од трева, берена на Иванден. Појќе од смил. Ќе ја подчадува со смилот.
Смилот ќе го запалат. Низ венецот ќе ја провират откако ќе ја поболи.
Ќе ја обиколат и со ортома. Клавале уште сеќира. Сеќирата ја ставале
да ги сече навите. Навите биле како ветер.

89
60.
БАЕЊЕ ЗА ФАТЕНА ЛЕУНКА О Д НАВИ

глога ќе се породи жена, ако не се направи молитва ќе ја ватат


навите и ќе почне таа да пропаѓа. Тогаш ќе ја чурат со катран, ќе ја чурат
со босилок. Ќе ја баат, ќе ја сечат со секира. Навите држат четириесет
дена, дури молитва не се стори од попо. Ако се стори молитва таа
оздравува.
На леунката фатена од нави и бајат така. Ќе земат босилок, ќе
земат катран, ќе земат метла копрова и ќе се бае:
Мили сестри, мили мајки,
ако сте млади, сестри да ни бидете,
ако сте средни, ќерки да ни бидете,
простете ја Јана, оти ние сме баснарици,
со босилок ќе ве боцкаме,
со нож ќе ве убодеме,
со секира ќе ве сечиме,
со катран ќе ве смрдиме,
овде кај Јана да не живеете, ,..
ќе ве нападиме Пуста гора да ојте, '*
таму петел не пее, •
таму секира не сечи, !
°
таму човек не оди, *
таму има трева зелена, »••'
таму има вода студена,
таму има сенка ладовина, т-
уште еднаш ако дојте, >*о
нема да се вратите назад.
И така жената ќе си оздраве.

61.
БРАНЕЊЕ О Д НАВИ

11орано викале дека ако некоја жена ја фатат нави, таа требало
три пати да помини низ секира и да речит: „Нави да сечам, или тебе да те
сечам. Нави да сечиш, мене да не ме сечиш!" И трипати така околу неа
ќе помини со секирата. И ќе си замине жената дома. Тоа се правело кога
ќе паднит, кога ќе се породи. Тогаш дома жените се пораѓале и без

90
бабици, со стари жени. Така се случи со снаа ми. Таа падна и жената
рече: „Нави сет овие." Старите викале дека ја вати крвта и не се
свестуваше.
Така и едно чупе мое се разболи од навите. На лекар беше, ама
ништо, таа беше разболена од нави. И јас појдов кај една жена вака да
је наврзи, наврзуваат вака од нави со коса. Ко си дојде дома и дадовме
да се напијат војца низ дуле, низ тоа наврзочето. И ќе поминат. Така тоа
се гледа на леунката и се мелит умот, ќе паѓа, тоа се нави. Исто така има
трева, таја трева се вика навилничка трева. Таја трева треба да ја
свариш и да ја пијаш. Лисја вака има. Таја ја пијат и в уши ја турат, оти
ушите од навите ѕунат.
Старите викале дека леунката да не ја фатат навите, ја опколуваат
со ортома. Таа лежела на слама до огништето. Легната на слама на
едно веленцуле. До неа ставале уше дуле, метла, вода. Метла и дуле
војца, кромитче и лајца. Ставале и катран. Крст од катран. И тоа од нави
ги чуало леунките.

91
VIII
ВАМПИРИ

Оерувањата во вампири кај нашиот народ се вкоренети од


дамнешни времиња. Вез оглед на тоа што вампирот e познат кај сите
словенски народи, сепак тој e најзастапен во верувањата на јужно-
словенските народи. За тоа, меѓу другото, сведочат истоимените
имиња на ова демонско суштество, кои имаат очигледна заедничка
основа.
Кај нас Македонците, познати се повеќе именувања на ова
демонско суштество: во Гевгелиско - вампирин, во Охрид и Струга -
вопер, гробник, во Прилепско - вампир, сениште, во Преспа - вопер,
вопир. Во Порече се среќава името- јапер. Поимот гробник, најчесто
се среќава во Струшно, но според верувањата e друго демонско
суштество, многу слично на вампирот, но многу често и идентично.
Сепак, најпознат e називот вампир.
Верата на постоењето на вампири одразува одредени претстави
на народниот светоглед, сврзани со поимот за животот и душата, за
смртта и надворешниот свет. Вампирот се појавува во два вида: а)
како дух на умрениот човек. Така вампирот e невидлив, и б) како жив
труп, односно како труп оживеан од сопствениот дух.
Во таа смисла важно e да се издвојат и причините, кои според
традиционалното верување доведуваат до настанување на вампирот
- повампирување:
а) покојниот не се остава сам. Овој момент има двојствено
значење: да се чува мртовецот да не го прескокне некое домашно
животно и да не се подаваат предмети преку него;
б) прецизно исполнување на погребниот обред: покојникот да
биде добро и правилно опеан, прелеан со вино и масло и да му се
направи знак - крст. Поради тоа, над мртовецот деноноќно се бдее,
свеќите горат, ламбите светат и се истеруваат домашните животни,
како: куче, маче, кокошка: „Секој мртовец треба да се чува, викаат
старите... Секој млад, било стар, го пазат од мачки и кокошки, од такви
работи, да не го прерипа нешто".
в) како основен обреден момент исто така e и бањањето на
покојниот. Водата од бањањето се фрлала далеку и таа вода e позната
како „мртовечка вода".
Се верува дека луѓето што умирале сами „невидени" во својата
куќа можеле лесно да станат вампири.
Во верувањата за вампири посебно место му се посветува на
превентивните мерки за спречување на вампирењето на умрените. Се

93
потребувале различни начини: ги палеле телата на умрените, ги
рлале труповите во мочуришта, ги погребувале на раскрсници, гро-
овите ги затрупувале со камења; во сандакот со умрениот се ставал
фион, или се ставало срп или коса; под јазикот му ставале камче или
\етална прачка, на плеќите му се врзувале прстите од двете pane кон
ебе, му се потсекувале петите или под колената му се пресекувале
ускулите (за да не може умрениот да се движи), а често пати се
лучувало на мртовецот да му ја пресечат главата и да муја стават на
10зете или на стомакот во околината на папокот. Co колец му ги
^робивале срцата или главите. Во некои места тоа го правеле со
минец, пробивајќи го длабоко во челото или со ковање на клинец во
1етата. Најчесто во петата или папокот му забодувале глогов. трн или
•ранчиња со трње ставале во сандакот со умрениот. Во собата каде
ито лежел мртовецот, на земјата или на подот исто така ковале
метален клинец. До денешно време се покриваат огледалата, телеви-
зорите и радијата, за „да не се огледа умрениог".
Меѓутоа како причина за повампирување може да биде и самиот
умрен човек. Погоре изнесените моменти се независни од мртовецот.
Повампирувањето се случува како резултат на постапките на живите
во однос на мртовецот. Но, исто така постојат причини кои се зависни
од самиот човек, тоа значи од неговиот начин на живеење:
- луѓе кои за време на својот живот воделе грешен живог.
предавници, лоши луѓе, нечесни, жедни за богатство. Во верувањата
предавството се смета за еден од најтешките гревови од кој мора да
произлезе вампир.
- од тага за своите најблиски,
- мртвиотне ги исполнил своите животни обврски кон семејство-
то, или кон општествената заедница, на пример, не оставил потомс-
тво. Во такви случаи земјата не го прифаќа мртовецот и го исфрла. Co
самото тоа тој станува вампир.
- ако го оставил семејството во сиромаштија,
- неисполнета желба и тоа само во некои околности: ако не се
исполни желбата на бремена жена,
- ако умрел во некрстени денови,
- ако e закопан на место каде паднала ѕвезда,
- за жените, гледачки и бајачки се верувало дека почесто се
повампируваат. Се верувало дека тие, додека биле живи влегувале во
врска со „нечисти сили". Исто така и леунките, кои според верувањња-
та, до 40 дена се „ нечисти" и ако умрат во тоа време можеле да се
повампират.
- многу e присутно верувањето дека човек станувал вампир ако
умрел од насилна смрт. За време на војните, убиени луѓе се вампиру-
ваат. Местата каде што биле убиени многу луѓе се познати по тоа што
таму најмногу се појавуваат вампири.

94
- ако за време на опејувањето на мртовецот на 40-сетиот ден
душата на мртовецот e надвор од гробот. Тогаш таа вечно ќе лута во
вид на вампир.
Основна карактеристика на вампирите, според верувањата, e тоа
UJTO дење мируваат во гробот, додека пак ноќно време, се до првите
петли излегуваат од гробовите и се враќаат кај живите. Напуштајќи го
гробот, вампирот ги менува своите егзистенцијални својства. Во
ноќта најчесто доаѓал во својата куќа, кај своите, изведувал се-
којдневни работи, но одел и кај својата жена. Се верувало дека
жената можела да остане трудна и да роди дете, кое најчесто било
нарекувано вампирче или вампиров син.
Вампирот можеле да го видат само одредени видови на луѓе или
животни:
а) оние луѓе кои се родени со полов однос меѓу вампир и жена,
гоа значи вампирџии,
б) родени во сабота,
в) четворооки кучиња.
Големината и обликот на вампирот се променливи, непостојани:
можат да се намалат и да поминат преку мала дупка од гробот или
клучалката на вратата. Тоа се должи на пифтијастото тело, тело без
коски. „Кроце тргајте орото, оти ние (вампирите) сме луѓе без коски"
- ќе го предупреди човекот кој се фатил за вампирско оро - жената
вампир. Кај вампирот e присутно и својство na метаморфоза, способ-
ност за претворање во различни животни. Имал лик на човек и се
хранел со крв. Во едно предание на следниов начин e опишан изгле-
дот на вампирот. "... очите црвени, ноктите црвени, алски, лицето угу
крв, с'то црвено, мршата цела црвена". Вампирот што се појавувал во
вид на човек обично живеел долги години, се додека не се „уковчу-
вал". Тој so секојдневниот живот се однесувал како обичен, жив
човек, ја работел својата поранешна работа, на пример: земјоделец,
касап и сл.
Главна храна на вампирот e крвта. Оттука и честата појава на
вампир ној се вработува како касап во месарниците: „И едно време
се главил. Дотерај волови, заколи го волот, капка крв на земи да не
капни". Според тоа, вампирот прво им ја испивал крвта на добитокот
а потоа ги убивал. Вампирот исто така, се хранел и со човечка крв,
особено од малите деца.
Појавата на вампир меѓу живите луѓе значело изнаоѓање на
соодветни одбранбени средства. Најчесто од него се ослободувале
со негово протерување од куќата или селото или негово убивање. Во
такви ситуации домашните викале вампирџија или некој друг човек кој
има можност за распознавање на вампири, кои го канат вампирот на:
пазар, гости и на свадба. Чинот на канење на свадба e истоветно со
канењето на вистинска свадба. Вампирот со големо задоволство ја
прифаќа поканата за свадба, бидејќи тој се јавува како љубител на

95
музиката, орото и сл. Познати се вампирските ора. Вампирот обично
бил пренесуван преку река и од таму, според верувањата, не можел
да се врати. Водата тука претставува своевидна граница, која за него
e непремостлива.
По убивањето на вампирот, без разлика дали тоа било сторено
од човек, куче или волк како доказ за неговото уништување се
наведуваат „пивтииштата" или „крвиштата" што останале по него. За
поголема сигурност овие остатоци од вампирот се попарувале со
врела вода или се гореле и пепелта се фрлала во реката: „Колку еден
котел перачен пивтија се истурала тука... Вода ќе вријат, со вода ќе го
попарат местото, оти оживувало пак. Ќе се пари седум дена". Најчес-
то за ослободувањето од него се преземало:
1. протерување од куќата со кадење на темјан, молитва од
свештеникот, или негово пренесување преку вода со погача и вино;
2. оградување на куќата од трње, или други бодликави растенија,
метални клинци или нож;
3. бркање со оган;
4. кучиња - четворооки или волк;
5. турање на врела вода на гробот;
6. убивање на вампир со пушка од страна на вампирџијата.
Однесувањето на луѓето против ова демонско суштество било
организирано во сложен обреден систем, во хој се вклучени голем
број магиско-религиозни прописи со кои се регулирало сопственото
однесување, со цел да се оневозможи вампиросувањето на покојни-
кот или да се неутрализира, односно да се отстрани дејствувањето на
вампирот. Во основата на целиот овој систем, всушност лежи тежнее-
њето на луѓето, стварно или симболички да се уништи вампирот.

t»"> ;

96
w
62.
ПРЕТПАЗЛИВОСТ Д А HE СЕ СТАНЕ ВАМПИР

ГЧако се крева мртовецот, ко да умри го вардат, не го остават да


e сам. Велат, ќе го пречекорела мачка, нешто да не го пречекори. Ако
некој го пречекори тој мртовецот се свампирува. Така велат. И ко ќе го
креват отука, земаат земја и му клаваат на него, или ќе скинат од теписи,
сега шо ги има и ќе му клат на него да не му тежит. И тогаш викат: „Да
му e лесна земјата".
Треба да се внимава како се палат свеќите и како се клават
даројне, крпи шо ќе дават кај поближен и тие преку него не ги клават.
Само од една страна ги клават, се навртува, инаку ќе се свампирува. My
ги одврзуваат на мртовецот врвците, ништо не му остават на него
врзано, за да не му биде патот врзан. Никако не треба да се остави
петличе, му се отплетуваат, петлиците, врвките, на чевлите, му ги
отплетуваат петлиците на кошулата, на блузата. Тоа го прават за да не
му биди патот врзан.

63.
КОЈ СТАНУВАЛ ВАМПИР

> Ѕуѓето, никој ништо не смеј да си подава преку умрениот, се пази


само околу него да се прави, а преку него не, ништо. Затоа што се
смета дека ако прејде преку него куче или маче, ќе му ја земе со себе
душата, na така после тој ќе мјаука, ќе квичи. Значи еден вид да му ја
земе душата и затоа се повампируваат. И затоа мртовците се чуваат.
Умрените се чуваат 24 часа, затоа што многу пати се случувало од
искуство, на пример, кој шо биле од струја убиени, или од други работи,
така да уште недоумрени ги закопувале и после ќе ги најделе превртени
во гробот. Исто за некои викаат дека дури во гробот се превртувале
иако бил умрен. На пример луѓето тоа го гледале кога го откопувале
гробот и во него да погребат друг. За таквиот мртовец луѓето викале
дека имал некој каил, некоја тежина дома, заради некои клетви што му
ги дале предвремено, или некој грев шо напрајл, na сега поради тој грев,
ете мачен e и во гробот, шо се вика на тој век. д;

7 97
64.
ЗАШТИТА О Д ВАМПИРИ

А к о мртовецот го прерипа некоја мачка, ќе се повампири. Затоа


него го чувале од три работи. Мачката, на пример, била ѓавол. Таа e
сродна со ѓаало. Зајакот го сторил Господ, мачката e створил ѓаоло. И
сега капината e сторил ѓаоло, малината ја стори Госпо. Змијата исто
ѓаоло, јагулата Госпо. Тие се слични, ама едната има крло, а другата
нема. Така порано прикажуваа.
Цела ноќ најмногу пазеле од мачка, седеле цела ноќ. Мора да има
дежурни кај умрениот и се менуваат. Еден ако се замори, некој блиски
роднина, некој комшија, таму постари луѓе ќе го заменат. Се вари кафе,
се пие ракија за душата на умренио. Ќе седат цела ноќ, ќе го причуву-
ваат.
A ce слуша дека вампир има дојдено кај Анастаса, таму имало
дојдено вампир. My тропало на таван.
Имаше еден случај. Се слушаше во една куќа има вампир. Тој
стално им пречил на домаќините. Домаќинот зел секира се качил вака по
скалите и чекал горе. Тој слези долу и вампирот почнувал да тропа.
Вампирите ги бркале бајачките, или некои постари жени. Co баење,
со едно со друго ќе го истерале од тука. Во вреќа се клајт нешто и ќе
баеле и ќе го носеле на некое друго место. Бајачките ќе се соберат таму
и ќе месат погача, карта вино и да го носат, да го префрлат во друго
место, друга населба, друго село, да не биди тука кај ними.
А кога ќе го погребат мртовецот, кај нас овде клават преклопи,
камења, земја. Ги клават згора вака над сандакот. Сандакот ќе го
пуштат вака долу со ортоми и вака ќе му наклаат она камења одозгора.
Лреклопите ги клаваат за да не излегувал, да воскреснувал, клаваат и
други некои работи. Додека кај Муслиманите, овдека ние сме комшии,
тие клаваат трње. E тоа e разликата. Трњето ги клаваат за ако сака да
избега, да воскресни, да не можи да излези да се боцни од трњето.
Имало и луѓе што ги отепувале вампирите и само крвишта од нив
ќе се истурат. Ништо друго не најдуваат, само некоја локва од крв.
Имало и некои кучиња што ги напаѓале. Тие имале очи над слепоочници-
те, e тие трчале по вампирите. Тие луѓе што ги отепувале вампирите биле
вампирџии, оние шо ги викале басмари, бајачи што знај да бај. Ќе дојсит
исто ко да e светит куќата за да го избрка вампиро одовде и ќе онадит
со босилок и ќе пејт некој песни. Јас не сум онадил, туку од кажување.
E, заборавив да ти кажам дека од крвиштето коа ќе го убиеле
вампирот, се мачкале за да не и ваќа болест луѓето, се мачкале за здавје,
а и да не се повампируваат, да бидат отпорни од вампири, вампирите
бегале од него.

98
65.
РОГОЗИНАТА ПРЕЧКА ЗА ВАМПИРОТ

D o старо време, дедо ми, мајка ми, татко ми викаја дека се


појавувал вампиро, дали у нашето село, или тука во комшилакот,
друзите села не знам точно. Порано немало соби, цела куќа отворена,
ќе клават по една црничка, по две на огин да се грејат. Еднаш добитокот
некој го одврзал, а ништо не се гледа, не се гледа човек. Вампирот бил.
Еднаш се појавил човек шо ги познавал вампирите. Тој земал пушка и
так, ка шо го држ огламникот на добитокот и ќе бувне крв, а човек нема.
Значи тоа e било.
За да се заштитат луѓето од вампирите знајш шо правеле? На
самата врата од рогозина секоја вечер клавале жица да а плете. Преку
таа плетеница, вампир не преминувал. Многу дечки се наоѓале умрени,
бидејќи тој ќе му се запије на папокот и ќе му ја пие крвта а сабајле
детето ж'то ќе биде и ќе умре. Во сите села имало вампири, a ce плашеле
од рогозина. Таа жицата e од борина.
А имало и луѓе шо ги гледале вампирите, тие биле живи вампири.

66.
ЗАШТИТА ОД ВАМПИР

D o нашето село на секој мртовец му се тура вода околу гробо.


My ce прави круг околу гробо, значи се затвора гробо за да не можи
духо преку водата да излези. И то четириесет дена, секој ден се потура
гробо со вода наоколу. Секој ден, 40 дена. Јас знам, овде кај нас секоја
вечер али утро се оди на гроб, се пали свеќа и се потура вода во круг.
Значи 40-сет дена духот e тука. После шест недели, ко шо викат, духо
заминува горе кај Госпо, на небо. На 40-сетиот ден попот врши служба.

7* 99
67.
ПРЕНЕСУВАЊЕ HA ВАМПИР HA ДРУГО МЕСТО

г \ о ќе умре некој чоек, домашните и други луѓе го вардат. Го


вардат за да не го прескочи некоја мачка за да не се повампирел. Ако
мртовецот се повампирил одел низ куќите, ги плашел. Некоја девојка се
свампирила, оти брат и ја отрул. Останала немажена. Снаата и била
лоша. Барај чаре, му велела на мажот и: „Или омажи ја, или отруј ја!"
Ошол в град и купил отров. И рекол:
- Сестро, седни по една чаша вино да се напиеме!
И таја се напила и умрела. По некое време чупата се сваперила.
Пошла да му тропа: „Вие душата ми ја извадовте, ама и јас ќе ви ја
изваам". На снаата и било веќе страв да седи. Некој рекол: „Ќе го
преносиме вампирот. Ќе месиме погача, една карта вино и ракија и ќе го
однесеме на раскрсница. Ќе му речеме: 'E, овдека ти e идењето, појќе
кај нас да не идеш'. И се прекинал вампирот.

68.
БРКАЊЕ НА ВАМПИР

Ш т о се однесува за вампири кај нас, јас памтам кога бев мал, на


10-15 години, во тој период, некој човек од нашето село, така како што
стариве кажуваат, со нечиста душа, некрстен, расипан, арамија, паков-
џија, го закопале в црква. Ама, откако го закопале тој се повампирил.
Односно понатаму тој шетал како човек. Се појавувал низ селово и
многу пати ќе речеја дека тој човек таму помина, го видов јас, ама од
тука го гледав, а од таму натака немаше: „А бе, јас - вели - сега
разговарав со таков човек и ваму замина, трага му нема."
Тоа се појавува претежно во утринските часови, преку денот - не,
така во полутемна состојба ко ќе e времето. Тој се појавува, на пример,
низ повеќе места, низ полето, на нива, на премини. На оние места кај што
можи да го снема вампирот, да речиме прешол преку ова река и уште
еднаш го нема на некој такви кривини, на некоја улица така поќора. Така
није знајме и слушаме за тие работи.

100
За да се избрка вампирот требало да се направи погача, пресна
погача, na бокалче вино и тие се оставале на вакафско место, или како
да кажеме, божјо заштитено место, или кај што има шипови. Јас лично
знам, думам, и јас имам видено погачата кај шо беше оставена на еден
шип и бокалчето вино.
Нас, како деца ни велеа да не фаќаме оти тоа e поднесок за
вампирот, за уште еднаш да не постои таков случај. А дали јас лично
каснав, не се сеќавам од погачата и не можам да тврдам, оти бев мал.
А знам дека некој велеа оти јаделе од таа погача и чинело да се јади. Ни
забрануваа нас родителите, постариве, да не одиме ноќно време под
стреите, да не одиме ноќно време под сенка, под дрво, да не одиме
ноќно време или денски да не лежиме, да не спијаме под шип. Шипот
бил најопосното растење во полето. Се сметало дека тука бил собирот
на поганите, да речиме, за човекот створени, како што се вампири,
ветроштини. Тие биле ветровски, вакафски растења,
Под него било недозволено да спија човек, оти лоши соништа ќе
гледал, оти во тие шипови се криеле овие шо ги викаме, како шо ги велат
вампири, како ветроштина. Ако човек скрши шип намерно да го оштету-
ва, можело да му се фати рака, да му се фати нога, na да го мачат ноќе,
дење, исто, на пример, цркварски камен да земеш. Ако земиш од
црквата камен и го однесеш дома, ноќеска на сонот ќе ти седат на глава
луѓе, na ќе те мачат, ќе ти речат: „Знаеш дека тежи, тежи, каменот што
го зеде некогаш беше човек, na сега и нему му тежи, na сега да го земиш
и да го вратиш!" Личен пример јас имам слушнато во Веселчани. Од
Веселчани ко ќе дојте према црквата нагоре, има еден камен и велат
дека тоа биле сватови, свадбари и биле скаменосани.
Co нив било нешто нечесно, нешто не било во ред од страна на
семејствата. Можеби тие биле роднини, брат и сестра да се земаат, или
некој сличен случај, напрајле нешто и биле проколнати од божјата сила
и тие се скаменосале. Ама и во тие камења. четвртасти, така згодни
камења. Еден зел еден таков камен и го поставил на портата, кај него да
седат и деца и едно и друго. Го ставил така вечерта. Ноќта го потиснале
него неколку мина, го гњават, деца се качуваат по него, рипаат, офкаат.
И на човекот на крајот му викаат:
- Гледаш - вика - тешко ти e?
- Тешко ми e!
На сонов му рекле:
- Да го вратиш овој камен. Како шо гледаш, како шо тебе ти e
тешко, овие шо ти се качуваат, шо те гмечат, нели на него треба да
седат луѓе да го гмечат, да го малтретираат, тоа човек скаменат, ами
само шо ти не ја гледаш неговата душа. Затоа да ги вратиш на истото
место!
Човекот утринава рано в зори ги враќа таму.

101
69.
ПРЕНЕСУВАЊЕ НА В А М П И Р ПРЕКУ РЕКА

И м а м слушнато дека вампир можело да се поништи ѓомти со


куршум, еден вид оган. Ќе се пука во него и ако се погоди со куршумо и
на местото кај што ќе биде отепан вампирот останува само црвена
точка, дамка останува, ништо повеќе. А некогаш можи да се згреши и
да се отепа недолжен човек. Па затоа оружје не се користи често, се
користи едноставно само пренесување, дажбина преку вода и преку
огин.
Исто така се вели дека вампирот се поништува од вода и од оган.
Вампирот од неговиот гроб има место од кај што излегува, некоја
дупка. И луѓето кога ќе го откријат вампирот и дупката од кај што
излегува и преку таа дупка тураат вода, врела вода и со тоа се
поништува.
Човекот којшто го напаѓаат вампири честопати, шо сонува, шо
мисли и шо зборува околу тие работи му се забајува по овие баснарки
шо се. И тие баснарки му кажуваат од која вода да потури, од која вода
да се напие, од која чешма или кладенец. Има, на пример, вакафски
кладенци и ќе појдиш и ќе ти речи петочна вода, неделска вода.

70.
В О Л К О Т ПРОТИВ В А М П И Р О Т

11орано ко ќе го закопале човекот, до пред шест недели она ко


снопиште излагаше вампирот од гробот, ко оган, а човек - не. Као оган,
ко сноп, ко сноп да гори р'жајцана сламана. Ко сноп си одит, си горит
така и одит кај иио живеел кога бил човек, кај куќава шо беше, баш кај
првата спија, кај 12 саато то го прајше. И овие стариве, значи тие
кажуваа, ќе се накашлале и него го немало, а и кога ќе пропејале петлите
го гледале како во гробот влагал. Значи ко ќе се накашлале, сеништето
од тука избегувало.
Јас имав еден дедо. Тој 99 години живејал, та тој кажуаше, многу
истории кажуаше. Вампириве, чоек до шест недели ко ќе го закопаш
идел во куќава баш во 12 саатот. А старите варделе дали ќе дој чоекот.
И ко ти кажувам, ко да идел вратава се отворат ама чоек нема. Вратава
ќе чкрапит, а чоек нема. И тогај тие старите викале. „бегај да те волкот

102
секнал, да те нема одовде!" И тој избегувал од тоа: „Од волкот да те
секни!" И по тоа запамтив стариот мој, дедо ми, така правеле ко умрел
татко му.
Ко умрел тој се јавило сенчиште и отуа ошол долу кај волојте и
таму влегол. Влегол и таму светит во кевори, а ламба нема. Тогај ламби
немало, ламби со динамит, али само со свеќи овие лоени, или бадер шо
го викаме ние. To го палеле и со него кај волојте оделе. Влага таму
таман тропнала вратава, го снемало, угаснало, Дошол тој дома ја
скорнал баба ми:
- Стани - рече - татко ми e дојден кај волојне!
И таа му викала:
- Како татко ти? Вчера го закопавме!
- Дојден e! Се сваперил!
- E, како се сваперил?
- E, така - рече - сега јас таму бев, на волјето му зборваше, коњот
го чешлаше, коњот 'ржеше. Јас станав, ојдов и ко влегов во вратата го
снема. Ко излегов пак зеде да работи внатре.
Ко дојдов овдека во 1956 година, умре еден човек, Павле се
викаше. Јас ојдов и ги ранев волојте и чоеков Павле си зборват. Ги вика
волојте по имињата Сагина, Сурчен, Шарке. Коњот го исчешла, зборват
а наврата стојам јас, си зборува чоеков внатре:
- Mope, Павле - реков - шо бараш ти овдека?
Рече:
- Од тебе не мојт чоек да си дојт во куќава!
- Како бе така?
- Така - рече - јас идам 6 недели, овде сум секи ден. Само децава
не можам да ги видам. Ти ме затече сега тука.
- Ај, бе Павле шо бараш тука да ги плашиш децата?
И чоеков го снема. Потоа викнаа поп. Тука тој вода крсти и од
тогај не дојде.

71.
ТЕЛЕ-ВАМПИР

V/ва што сега ќе го кажа мене ми се има случено во 1964 година.


Имав насадено две нивје тутун, а сам бев. Мајка ми не можеше да иди,
а и немав толку брзина за да наберам многу. He пулев кое време ќе одев,
не пулев колку e саатот. А тоа време од нашето село беа удавени две
чупиња. Станав јас, ода удолу, можи беше скоро 12 саато. Кога излегов

103
удолу од селото, имаше тука гробишта турски и почна да ми рика теле,
рика теле: „мајката - реков - шо e ова? Сега во 12 саато теле да рика!"
Имав куче, идеше везден со мене. Ама то кучето одеше да јади месо од
едно пцојсано магаре. И сеа ко навлезов удолу. магарето не ој. Мавај,
не ој: Си велам. „Шо ме најде сега?" Mope, ги поминав турските
гробишта, немав страв штом ги поминав турските гробишта. Оп ми
излезе телето пред мене, црвено, да видиш. He ce мрда, и магарето не
оди. Тоа седи и не се мрда. Мене ич не ме удри умо шо e. Ако ме удреше
на умо на место ќе бев јас пукнат. На моментот кучето пристигна и
телето одма загина. Ко тоа загина, магарето литна, не можев никако да
го стигна. Одвај го фатив магарето и сега ќе бера тутун. Полојната од
местото беше бавча со јаболка, а полјната беше тутун. Цела ноќ успеав
само една низа тутун да наберам.
Телето беше вампир, преправен вампир како теле. Најпојќе тие се
покажуваат во пола ноќ, пред да пропеј петлите. Чим ќе пропејат
петлите, се знај - бегаат.

72.
ВАМПИРКАТА МИЛКА

Ј а с каде се мажив имав свејкрва, таа се викаше Благујна. Биле


три-четири јатрви. Едната јатрва имала дете машко, тогаш дома се
пораѓале. Другите две јатрви и викале:
- Немој, не мијсе, денеска e четврток. утре ќе се мијаш!
Но, таа не послушала се измила, се испрала. А тогаш бил закон
откако ќе зајде сонцето леунката да не излегува надвор, да биди дома.
Колку што си влегла таа дома, легнала, ја стресло, јаки трески ја фатиле.
Бре ја мачкале, ја чинеле. Свекрва ми до 12 саатот седела покрај неа.
Никако поарно, само треска голема. Кога и се преспало на свекрва ми,
му рекла на девер ми: А
- Јас ќе си легнам, а ти чини ја мукает Милка.
Арно и нему му се преспало и тој заспал. Милка умрела и и свикале
н
а свекрва ми:
- Благујно, мори, Милка умрела!
и т
&а како што рипнала, се уплашила и преку неа се префрлила со
се нозе, с о с е р а ц е ] сосема ја прескокнала. E било тоа, како било ја
закопале женава и си дошле вечерта дома. Некој пат тремовите биле

104
без тавани, а на собите имало тавани. Таман си дошле од погребот,
почнало да тропа горе на таванот, со црпките, со кандилчињата тропа,
боже какво тропање. Ја клале скалата, качи се горе, запали го кандило-
то да видат нешто, ништо нема. Слези долу, чим e темница na си тропа,
си работе горе. Поминало така една недела, две, погледај ова вечер,
нема ништо, погледај другата пак нема ништо. а тоа си тропало горе, си
работело. Таа се свапирила. И рекле на јатрвите на Благујна:
- Нема друго чаре, Благујно, со тебе живееше, ти ја прескокна,
денеска e петок, ќе месиш кравајче, утре e сабота. Ќе го клајш кравајче-
то в торба и ќе застанеш на надворешната врата и ќе свикаш:
- Милке, ај ќе одиме на пазар. Милке, ај ќе одиме на пазар, Милке,
ај ќе одиме на пазар!
И така свекрва ми три пати и викала и излегла. Таман пречекорила
преку прагот и тежело назад на снагата. Тежи нешто и одела пешки.
Торбата преку рамо, кравајчето, одела. одела кај мостот онаму, na
одела кај што имаше камчиња, не одевме no џадето како што виткаше
порано. Имаше река, погоре од мостот имаше камчиња. Таман дошла
до реката преку камчињата ја прејдела реката и се олеснило. Штом
прејдела преку реката ова шо се свапирило паѓало во реката, не можело
да дотрај. И од тука и се олеснило на свекрва ми штом ја прејдела
реката. Така кажуваше мојата свекрва.

73.
ВАМПИРОТ ЧАЧКИРОВ

И м а ш е едно време во нашето село еден Ристо Чачкиров. Така го


викае. Тој умре и по некоа недела-две излезе, како вампир стана. Жената
негова беше сестра на дедо ми. Тој беше роден во друга кашча и беше
оден зет. Таму дека умре тој не му правеше нишчо, демек. Коа излегва-
ше одеше и им ропаше. My ропа денес, му ропнива утре, месец појќе.
Коа помина шес недели, појќе од шес недели и му отива на козите, овци
имае оздола, лежее. Оди му таму натре тие бррр, таму со ѕвонците
банга-бунга, банга-бунга. Оди му на кобилата, имаше таа кобила, таа
'ржи таа кобила. Таа вика:
- Деверо e туа, Ристо вапир излезе.
- Ре, ка ќе излези вапир? ':"

105
- He, вапир излезе, ако не вервате...?
И таа шо прај. Греј дома му се плачи на дедо ми:
- Така и така. Шо праа брате? Шо праа од тој човек, не се куртули!
Озгора имае пченка на тавано, кочани. низи обесени да се суше.
Оди скини, бам тој долу му мава. Таа беше со две дечки, долу живееше
сама, маж му не беше дома. My оди тој дома, му прави ношјата по
полнош: заспи дечките, заспи свите и тој бррр, бррр, крц, крц таму, само
му ропа, му чини и ние не верваме. И плачи таа. Денес греди, утре греди
дома у нас. И од таму ми вели баба ми и дедо ми:
- Ојте, вијте - вели - да видиме таму шо прај!
- E, шо ќе виме, ка ќе виме?
И јаска шо ќе ми текни. Имав чифте јаска и полјако го зве. Тој го
викае Борис Чирипанов:
- Ape, бар ќе ојме таму.
- Бар ќе ојме - вели - ќе го умориме. ќе му ебам мајката, ќе го
умориме дја ќе ропа, ќе плјускаме, ќе го умориме.
И нејсе ојдоме сја да спиеме при нему таму. Си легнае од едната
страна тие жената и две дечки, ние на ваа страна. Дојде, заспаме некое
време, пулиме на едно време: пам, пам, пам таму, ропни таму. Ебаго
мајката!
- Бре, чеклина, ќе ти ја еба мајката - му вика тој - ќе ти ја еба
мајката!
И зве фишек во пушката тој да му плјуска и тој ќе осети штра, штра
ка напрај пушката и пулиме нема да ропа. Нема да ропа. Подолу дека
спеме бее овците, кози имаше со кљукашки, со звонци и му ојде долу:
пам, пам, бррр, бррр. Ние шчукаме одозгора: „Мајката шо прај?" И
ојдоме долу, а отвориме вратата полека, тие овците бррр на еден ќош.
И тој ка шчо чинеше така. тк, тк, тк во едно ќоше кај шчо имаше
темница, а јас име чифте, na у o пушчи при овците таму бим со то
чифтето. Плјусна во натре и чекаме да ропне назад, нема, нема, нема и
ојдоме горе. Чекаме таму да ропне, чекаме, осунаме, не ропна наза. E,
рекоме: „Сја го умориме!" My кажавме на жената, другата таа дојде туа:
- O, Бог да прости - рече - сега го нема, го нема!
Нејсе го нема. По тро днови na фати да му ропа. Два, три дној не
дојде, се уплаши тогај, тој не дојде. Па му ојде да ропа: „Шо прајме?" My
казае на таа жената тие, му веле:
- Знајш шо ќе напрајш. Ќе месиш една погача - му вели - еден
зелник и ќе му речиш, ко ќе месиш: „Ајде, деверу, сја ќе ојме на пазар, да
Аојдеш утре ќе ојме на пазар."
Тој имаше во друго село ќерка:
- Утре ќе ојме во Цила, во ќерка ти таму во Трсје. Ќе спиеме таму
и
ќе ојме на пазар.
И таа другио ден кинисва. Имаше кобила, товари тро дрвца да и
Р°дава. Кобилата оди, потни. Тој озгора и тој таму. Стигнаа кај ќерка

106
му, да спие таму. Преку ношјата, едно куче имаа таму: ay, ay се пушчи
тоа таму. И бре, шо трча, шо трча, излегое надвор. Нема нишчо и нејсе.
Беше ка шо беше и другио ден ко станае. најдое крв таму истурена o
дворо нимни, во ќерка му во Трсје. Кучето го удави таму и си дојде,
куртули жената. И тоа беше, загина вапиро.
Тоа истина беше, вапир излезе тој, ама дома не одеше, на фамили-
јата таму дека беше роден. Тој одеше секој ден, секој ден таму. Ропај
денес, ропај утре, се стори некој три четири месеци и сетне загина. Ко
ојде таму, ама таа го измами: „Ќе ојме на пазар!" и ојде, спа таму. А таа
имаше куче таму и тоа куче било со четири очи и пулело вампирите без
да знае, без да се осети никако. И така му загина вапиро и куртули таа.
И се благодари многу шо се стори така.

74.
ВАМПИРОТ ГЕЛЕ

г1мало еден Ристо, тој имаше побратим Геле, го викале. Тој се


обеси. Пред тоа како побратими си иделе на кафе. Кога го закопаа
престанал побратимот да оди кај него дома. Покојниот се повампирил.
Една вечер жените имаа месено леб. Во тоа време лебот одма не го
береа, туку на штици го редеа. Другио ден го клаваа на ноштвите. И
станвет тој му го бери лебот и му го клава во ноштвите. Беа две јатрви.
Едната и вика на другата:
- Оди да пуштиш вино!
Кога видва тој го бери лебот, све работи. Таа паднала, вреснала.
Пошла другата јатрва, вели:
- Ш о e?
- Геле лебот го береше, го клаваше во ношвите!
- Ами Геле, тебе ти се пули Геле од страв!
Рече:
- Утре вечер ти ќе го видиш.
Другата вечер, таа првата јатрва не оди и e страв. Рече:
- Јас ќе ода, шо сака нека биди. Тие мажите не вервале. И таа оди.
Го пули магарето, самаро кладен на магарето и тој качен на него пред
вратата. И таа му викна на мажите:
- Елате да го видите Гелета, качен e на магаре.

107
Ошле тие, тој одма побегна. Шо да праат сега. Тој се научи секој
пат им иде. Тој почна да и ги дави овците, да им прави и други бели. Многу
маки. И сетне станаа и ошле кај една Циганка. Таа и рече:
- Да клајте трње на вратата и одма ќе се спасите. Ќе клајте и котел
вода да сфарите и ќе го чекате. Co врелата вода че ги попарите
крвиштата од него!
Тие наредија секаде трње, сфарија вода и чекаат. и тој стигна и
право кај шо оди секој пат. А тие трњето биле магарешки, едно фатвање
и се истури, едно врескање и се истури, се наполни местото крф. Тие
веднаш водата и ја залеа. Го исчистија местото и уште еднаш не се
појави. :.
Ц

I
75.
ТИКВЕШКИОТ ВАМПИР

Ј а с во животот свој имам лично видено вампир, таму во Тиквеш


кај мајка ми. Мајка ми e премажена. Имаше еден стар човек се викаше
Силе. Човекот бил болен на плуќа. Тогаш лекар немаше. Кога ќе почнел
да повраќа цел леген, пет шест кила крв повраќал. Човекот повраќа два,
три месеца, така, а човекот e жив. Едно време, ние комшии тука бевме,
тука со селото Драгник, кај шо беше штабот на партизаните. Имаше
една жена Кола Гаџо, баба му, мајка му се викаше - Маре и она ќе дојде
кај мајка ми. Мајка ми се викаше Дона. Таа дојде и рече:
- Мори, невесто, Донке, дојди да видиш ти во сирењето наше шо
има и никаде да не се чуе!
Мајка ми појде, измет од мачка во сирењето. Едно сабајле таа пак
дојде кај мајка ми. Отишле таму измет на синијата, на три места. На
синијата озгора, кори шо правиме. Едно време жената се крена, отиде
во Дреново. Тука, na, Турци имаше и од тука доведе еден Турчин, еден
мал вака, ама носеше пушка. Појдоа таму кај неа и тој му вика на
стариот што блуеше крв, тој стана:
- Слушај сега, чичко Силе, ене го на средната греда!
Човеков вака си кладе тревка под устата и пак рекол:
- Ене го на средната греда, црн e како едно кутренце малечко!
Ние сите гледаме, не можеме ништо да видиме.
- Ништо нема! - My викаме на човекот. - Ништо нема чиче, ништо
нема!

108
- Како рече нема, ене го на средната греда!
Тинк со пушката и падна и му рекол на Силе:
- Boa - рече - чичко Силе се свединела крвта и постана вампир,
како жив човек. А тој бил на Коле Гаџов дедо.
Од тука крвта ја собраа, тој им рекол:
- Крвта ќе ја соберете и ќе ја префрлите преку синорот кај шо има
вода и таму ќе ја закопате.
Прво крвта треба да се попаре со врела вода. И женава така
направила, одма го запали огништето, тогаш немаше ни шпорет, ни
пампур, ништо немаше. Го запали, го кладе котленцето црно, ја попари
крвта и рече:
- Ова ќе го соберите во еден партал и во туѓ синор ќе го однесите
и таму ќе го закопате!
E тоа во животот мој го видов, рекоа дека бил вампир и со свои
очи видов оти зијан правеше.
Инаку коа се покажуваше вампир домакинката ќе си месеше лепче,
едно букленце и ќе се однеси, на пример, да видиме како e булукот, дека
му се овците, на сенокос и така се пренесуало. Ќе го пренесат да речиме
од Радобил во Мало Царевиќ, таму преку едно село, преку две, подалеку,
преку вода, преку огин, шо викат бајачките, преку девет планини. Но, тоа
e лошо. Ако ти си пострадал и јас да пострадам. Од стари сум слушал
дека откако пушка пукнала вампир не се вишол овде. E, уште тоа да ти
кажам. Кога некој умирал, во папокот игла му тураа, го боцнувале. А на
Бадник трње од капини клавале пред куќите. Се мислело дека тој може
да се боцне. Вампирот бил мек и малку да се боцнело и крвта ќе му
истечи, оти кај него коски немало, само од крв бил створен вампирот.

76.
ВАМПИРЏИЈАТА ОД КИЧЕВО

Оиле двајца браќа, едниот се викал Стојче, другиот се викал


Ставро. Тој Ставро отишол во осојница, секле напред лазој откоа ќе
рашумит орманот. Ама, тој сечејќи се пресекол на ногата. Се засекол,
му подледила ногата, му отекла. Седел дома. Наспроти имало бавча.
Излегол да лежит под сенка. Заспал туа. Дошла една змија, го укасала за
нога, за болната нога и умрел. Ко умрел, по некое време се подигнал, се

109
појапирил. Праел тој бели. Ќе седнеле да вечерат, тој озгора им пуштал
земја. Ко ќе станат сабајле на ковчегот од жена му, од Ставројца, што
не ти имал донесено, низи пари, други работи.
Имало во Кича вампирџија. E, тој можел да го гледа упирот. Станал
попот, пратил чоек од овде во Кича да го викнат вампирџијата. Викнале
и еден гајдарџија да свирит, да заиграт сите оро, а и невестата тука. Се
собрале и почнале да играт и тој ќе ти дојт кај невестата. А тој
вампирџијата скриен во ќош, со пушката в раце. Попот седи до него,
жените се нафатиле на оро и вампирџијата почнал да му шепоти на
попот. „Ене, ене го се фати до невестата. И тој играт. Туку речи им да
играт право, да не вртат, да не утепам некој чоек". И тој како била
пушката преку рамото на попот, пам сторил. Го погодил, се истурил туа
и одма котелот врела вода ги попариле крвојците за да не се подигне
пак.
Тој многу жалел, бил љубоморен на жена му и затоа станал јапер.

77.
ВАМПИРИТЕ ВО БЛИЗИНАТА HA PECEH

11ред да се појави струјата, пред да се осветли, станаа тогаш


многу вампири. Луѓето немаа сатови да одат на пазар во Ресен, Битола
и гледаа на петлите да попејат. И петлите кога попеваа од тоа човекот
се ориентирал. Немаше светло по темница и ние ќе си заминевме. Кој на
коњ, кој на магаре, ќе излезевме. Во тоа време имаше многу вампири.
Вампирите работеа, немаше светло и ние вака одиме и вампирот излегол
пред нас. He дава пат да поминиме. И ние шо прајме? Од магарето
ортомчето го пуштавме по земја, за да ни даде вампирот пат да
заминиме. Иначе нема спас. И тоа време ја пуштаме ортомата, тој се
тргнал, вампиро. Заминавме некој 5-6 километри, пак на друго место
пред езерото ни излегол друг вампир и пак ни го фати патот. Опет ние ја
пуштивме ортомата, опет заминавме. Ние си продолживме. E, кога се
наближавме ваму близу д 0 Ресен се осунало: „Мајката, кај се наоѓаме
ние?" Без саат вака, ние рано сме стигнале овдека. И ко одиме во Ресен
пулиме дуќаните уште затворени. Си ојме по сокаците, гледаме нигде -
НИ1<
-ој. Помина доста време од како почнале да се отворат дуќаните. Ние
ме можевме добро да се ориентир аме . Немаше саати, немаше светлина,
е
^оеше човекот најдобро да се снајди

110
78.
В А М П И Р BO Т Р Л О Т О

Имаше кај нас еде овчар од Галичник. Гино се викаше. Нему многу
пати ноќе вампир му ги бркаше овците во трлото и бајаги ќе си најдеше
умрени, три-четири. И нему му кажале за вампирџијата од Битола.
Отишол во Битола, всушност во селото. Тој му кажал на овчарот:
- Оди си сега, јас вечер ќе дојдам. Ќе клајш едно котле вода на оган
да врије, јас ќе дојдам.
Овој си дошол, клал вода, се како шо му рекол. По време, еве го,
стасал со коњот, дошол:
- Добро вечер!
- Добро вечер!
- Кладе вода?
- Кладов!
- E, добро!
Поседиле, напраиле муабет дур се стемнило и влегле внатре. Гледа
водата врија:
- Угаси го огано, доста e!
Поседиле уште некој сат и му рекол:
- Вие седите тука, a jac ко ќе викнам, ко ќе пукни пушката, вие со
син ти одма да ја донесите водата!
Влегол во трлото, се скрил кај јаслите во ќошот и пушката на
готово ја држи. Едно време ги плаши овците. влага вампирот. Влегол и
прво се качил на еден голем брав шо го имал. Се качил на бравот и со
двете раце ко со шамиче мавтал. И овците вррррр... побегнале в ќош кај
човеков, кај што стојт. И тој отаде со бравот трча и овој тогај со
чифтето, так! и браво избегува и овој изрипува отаде и e отвора
вратата, ја бара водата од газдата и син му. Ја носат водата и кај шо
пукнала пушката олку вака, само крв, ништо друго. И одма водата врела
на крвта. Тоа се попарува со врела вода и веќе не се појавува.
Вампирџијата има бела коса. Дење не гледа, а ноќе гледа. Како шо
ние денеска гледаме, така тој ноќе гледа. И само тој ги гледа вампирите.
Како што реков имаше еден таков во Битола. Еднаш се слушна дека
Цветко се викал. Старите кажувале, дека вампирите напаѓале некоја
жена и таа останувала трудна од него. Јас имав една внука од сестра,
таа има родено такво дете. Таа велеше: „Шо да му праам, како да му
праам, сд Господ e! Тој сега e голем, слика, слики прај, a co наочари e,
ама очите ко на зајак му се, само му играат, носи наочари и можи малку
да гледа. Можи да оди, по темнина и навечер ги вади наочарите, не му
требат.
Овие вампирџииве можеле да ги залажат вампирите. Тој ќе земе
едно грне или шише и една погача и со то вампирот се лажел. Вампирџи-
јата ќе го пренесол преку мостот, преку водата и од таму тој не можел
да се врати. Ко ќе преминат мостот, тој ќе му рече на вампирот:

111
- Варди ја ти овде погачава и виново, jac да појдам друго нешто да
земам.
- E, шо друго да земиш?
- Јас заборавив ракија за мене да земам!
И овој го остава и уште еднаш не се враќа таму. Тој не можи сам
да премини ваму.

79.
УДАВЕНИТЕ ДЕВОЈКИ BO E3EPOTO

D o Крани имавме килимара, таму работеа две девојки од нашето


село. После работа тие ојдоа да работат, да прашат пипер на нивата.
Откако завршија отидоја да се капе во езерото. Се фатиле тие за рака
и си се шетале така во водата. Арно, ама таму имало некој вир, вртела
водата. Едната девојка паднала и ја тргнала водата удолу, а таа ја
тргнала и другата девојка. Се удавија двете. После отко се удавија тие,
како што кажуваат луѓето, јас не ги видов, нешто почнало да плаче во
езерото затоа што се удавиле, дека душа не им се видела. Едната од
девојките ја истрга некое дете од Наколец. Кога ја изнесоа готова била,
другата никој не ја видел.
На тоа место секој пат светело, коа ќе поминиш - свети. Сите
викаја. „Ако ојте рано таму, ќе видите, ќе светат чупите". Едната беше
18-19 години, а другата беше 20. Едната требаше во недела да се сврши,
а тие се удаја во петокот.

80.
НЕПОЗНАТИОТ ЧОВЕК - ВАМПИР

Сдна жена од нашето село си идела од пазар со своето чупе.


Стигнапе таман овдеа кај Лалевото лозје, некој човек ја запрал.
- Кај одиш?
- Од пазар си ида.
-Стој!
- Како да стоја, ќе си ода!
- Јас ќе ти го кажа пато! - И рекол.

112
Тој напре, ваа по него. И чупата со неа. Ја занесол во ридот горе
со се чупата. Одиле доста време, одиле, шетале, ја занесол таму и и
рекол:
- Овде сега ќе спиеме!
- Како ќе спиеме! - Рекла жената. - Boa не e мојата куќа!
- Така ти се чини. Твојата e! - Рекол.
Во тоа време имаше овчари, залајал пес и вој да го нема. Ваја седи,
поседи, кога се осамнало, коа видела, по кроце по кроце си дошла. И
жената и чупето по малку време умреле.
Истои така и дедото Ристо Влачев си идел дома. My застанал на
патот чоек со стап:
- Чекај - му рекол - кај одиш?
- Дома си ода!
- Како ќе си одиш дома? Ајде, иди по мене!
- А, бре, како ќе ида по тебе? Јас го знам пато каде e!
Го носел, го носел, го носел до лозјето овдеа Бојовото лозје. Дури
петли не запејаја, после го снемало. Си рекол: „Бог да прости оти не ме
занесле наму Гудјаковското или Дренското, добро шо петлите запејаја".

81.
ВАМПИРИТЕ ОД ДЛАБОКОТО ДОЛИШТЕ

n a мајка ми и се случи еден ваков случај. Таа имаше прилика беше


во Корча одена, по некоја причина, со некои проблеми шо и имаше. Таа
беше со со мојата помапа сестра со 6-7 години помала. А мајка ми
беше леунка, немаше поминати 40 дена и не смееше да излегува во глуво
доба од дома. Си идеше од Корча во 12 саатот ноќе по џадето за дома.
Таа живееше во селото Штрбово, во Горно Штрбово, тоа беше во
планината, а сега e во полето. Кога идеше мајка ми после 12 саатот,
кога дојде до Длабоко Долиште, кај што се убиени многу луѓе, а има
убиено и еден мој тетин, а има други познати од нашето село.
Мајка ми кога стигнала до тоа долиште, осетила голема тежина на
малото што го имаше в раце. И она не можеше да оди, тешко и беше да
оди, седи на исто место како некој да ја држи. Се завртила назад за да
види шо ја трга, шо не можи да оди по пато, вишла зад неа лисица со
светликави очи. И она одма се присетила на вампирите, на отепаните
луѓе шо беа во долиштето. Таа се сетила шо зборуале сатрите и и го
извај појасо со кој беше завиткана и го испушти да се влечка и лисицата

8 113
појќе не се приближувала, одела само по појасо, до кај стигал. Лисицата
одеше по мајка ми дури стигнала дома. Во тоа време сигурно пропејаа
петлите, кучињата почнале да лајат и лисицата си побегнала. Мајка ми
три дена лежеше болна од тоа. Таа лисицата бил вампир, од некој од
убиените во долиштето.

82.
ВАМПИР - СЕНИШТЕ

Т о а се случи пред да се разболам. Као што ќе лежев вака, позади


мене ми шуми. Јас од страв не можев да спијам, воопшто да заспијам.
Заврти се отаде, na одавде ми шуми. My кажувам на брат ми.
- Mope, брату, не можам да спијам. Барајте некое чаре, по жениве
овие што чачкат, шо баат. Ене од Кубура Стојчета мајка му, та чачкат,
бае по жени, еве кај e, донеси ја!
Па отиде, од Обрешани таа беше. Отиде во Обрешани, ја зеде со
колата. Две ноќи со мене лежеше и ко ќе и речам: „Еве се ми шуми" и
таа со раката преку мене ќе ја клајт нејзината рака и со устата шепоти
нешто, бајт и таму чепкат со раката. Три вечери едно по друго и од тогај
веќе загина. А ме притискаше, ме притискаше. Како што шумеше, после
се качуваше на мене и многу ми тежеше. Тогај и многу се потев. E, тоа
беше вампир, сениште.

83.
ГОЛЕМА ТЕЖИНА ОД ВАМПИР

D o селото имам слушнато, кај еден од комшиите, ко ќе си легнел


стално го стегал вампиро. Човекот имал голема мака, не само што го
стега, но и не можел да спие. Тежина чувствувал. И ќе сетил како
тежината идеше, како сенка. Некои од селото му рекле:

лл л
- Да си наредиш трње ко ќе си легниш, на покривачите згора и то
ко ќе дојт ќе се боцни и ќе пукни.!
И тој си наредил трње од оние брана шо праат некој пат. Co брана
ко ораа со волој, со брана влачеја на житото. И тие трњето ги наредил
озгора на него, на јамболијата. И ко дошол вампирот се закачил за
трњата и човекот само сетил како сторило „пом" и толку. Пукнал и од
тогај никако не го гмечеше, не чувствуваше тежина.

84.
УБИСТВО НА ВАМПИР

Сднаш ми се покажа една кокошка. Се престрашив, го зедов


кандилото и почнав да трчам по неа, се загнав. Ко кокошка ко шо беше,
поваки по то штиците, ми побегна низ имањето и во ќошот таму ми
загина. Се вратив назад, го кладов кандилото на поличето и ќе земам да
ги ранам волојте. Таман посегнав ме натисна тука в ќош. He можам да
ја земам сламата. Ја пуштив сламата, замавнав вака, чинев - избега. Ја
свикав снаа ми. Та стој тука со кандилото јас рани го волојте. A TO го
гледа и таа:
- Абе, ене го - рече - скака по греди, зајак ли e? Шо бара зајак
онаму? Како можни онаму да се качи?
- А како можи да ме натесни во сламава?
My кажав на зет ми. А зет ми имаше едно пиштолче мало, олко
вака:
- Ко ќе го видиш - рече - уште еднаш, само земи го пиштолчето и
тргни. Внатре има вишек, само овде ќе го клајш прсто и ќе тргниш. Ко ќе
влезиш да го видиш кај e...
- Кај волојте стојт, на греди стојт. Ко ќе појдам волојте испотени
што ги вјавал, жива вода.
Ми го даде пиштолот. Од ко вечеравме со снаа ми, јас ќе ги
наранам, na ќе си легниме. Слушнав врева. Одам таму, гледам јагне
блекат, на греди стојт:
- А сега ќе ти ебам мајката, ќе те суредам!
Го вадам пиштолчето и гледам вака дури да нанишам, ми избега, ми
загина. Само шо го кренав и го снема: „Мајката да пукам, во шо да
пукам?" Го зедов пиштолчето, го кладов до кандилото и си земам слама,
го ранам имањето и на сите му фрлив. Нема да ме натиска, ни да ми
излези да го видам на гредите.
Сабајлето дојде шурата, ме свика да ојме на нива:
- Шура, шо напрај - рече - ти се јави?
- Се јави, ама таман го извадив пиштолчето загина. - Реков.
- He ce јави уште еднаш?
- He ce јави!
- Вечер уште еднаш пак да видиш али ќе се јави!
Другата вечер na го земам пиштолчето со мене. Го клавам до
кандилото и земам слама да го ранам имањето и го нема да се јави. По
една недела, така ќе да беше, тогај есента, кај Богоројца беше тоа,
царевки кои се берат, а од царевките ние граор тогај вршевме за
имањето, за зоб шо беше. Го собравме вечерта со снаа ми и се стемна.
А селаниве почнаа да ги берат и останав да ги чувам заврсците, да не се
пушти некое имање да не ги преврти или да се прејади. Се наметнав со
една сакма и ко шо лежев така околу 12 сато, 11 ќе беше, ноќта и туку
ми тежи нешто на мене, ме газит: „Мајката, шо ли ова?" Ја метнав таа
јакушката вака, ко се пулам стои ко поп над мене, ко поп со мантил,
само забите му светеа и очите. Рече:
- Станувај - рече - да ми кажеш царевката, што ги катевте
кочаните, кај се?
- Абе, немам царевка берено, ние само граоро го вршевме!
- Абе станувај!
Me клоцна со ногата. Видов не видов станав и вака тој пред мене
простум стојт, јас пред него стојам и му се пулам. Се упулив вака кај
куќата, свети пенџерето. Снаа ми имаше дете од три-четири месеци и
беше му давала да цица. И му велам:
- Ене, снаа ми свети, да одам да ја прашам. Можи сум заборајл, ама
јас знам оти не вршевме царевка, немаме почнато да катиме.
- Ја шо ти велам. - Ко ми се тутна. Јас едно трчање, наместо кај
мене да одам, по скали угоре се искачив и влегувам внатре в одаја, кај
неа:
- Шо - рече - така уплашен?
- Вака и вака!
- Одма - рече - легнувај тука на столо.
Имавме стол гостински, вака голем и така со ќебето ко шо бев
наметнат, ноќта тука ја прележав на столот до сабајлето. А немавме
набрано ни царевка, ни ништо. Сеништето појќе не се јави.

116
85.
ДРУГ ВАМПИР BO СЕЛОТО ЖЕЛЕВО

v / e раскажувало дека некогаш во селото се појавил вампир. Тој не


им пакостел на селаните, туку им правел услуги. На пример, ако некој
маж се токмел да оди на орање, вампирот му ги впрегнувал вооловите
уште преку ноќта; ако се токмела некоја жена да меси, вампирот и го
одсејувал брашното преку ноќта и сл. Вампирот сакал да посетува
свадби и да го води орото. Луѓето се загрижеле и почнале да бараат
начин да се спасат од него. Некој предложил да го излажат вампирот. И
рекле на една жена да меси погача, да налее вино и да тргне в планина.
Вампирот ќе помислел дека жената оди на свадба и ќе тргне по неа. Кога
ќе одел в планина волците ќе го растргнале. Но, вампирот не се излажал.
Некој друг од селаните рекол дека вампирот можел да биде виден
само од син на вампир. Тргнале да барат таков. Нашле таков во едно
соседно село. Го довеле во селото. Тој им наредил да направат една
невистинска свадба. Го сториле тоа и кога започнале да играт оро,
дошол вампирот и доведениот вампиров син го познал. Пукнал во него
и го убил. Протече многу крв. Стоплиле казани со вода, за да ја измијат
крвта, бидејќи ако не ја измиеле, вампирот пак ќе оживее.
Народот верувал дека вампирите се покажувале само ноќно вре-
ме, пред да попејат првите петли. Се верувало дека ако вампирот бил на
некоја забава и закаснувал да се врати во гробот, тој се развивал како
крв и тоа бил неговиот крај. Ако, сепак, вампирот ќе доживеел повеќе
од три месеци, тој веќе стануал врнколак и се движел меѓу луѓето
денски. Тој се плашел само кога одел кај бербер за да не посече за
време на бричењето. Тоа би значело крај за него. Се разливал на крв и
исчезнувал за секогаш.

86.
БАМПИР ВО СЕЛО ЖЕЛЕВО

D o 1914 година се разнесол слух низ селото дека се појавил


вампир. Повеќето од луѓето поверувале. Луѓето почнле да се плашат.
Сите во селото се прибирале дома рано, пред да зајде сонцето.
Вампирот ноќно време посетувал една куќа на крајот на селото. Дома-
ќинот им раскажувал на луѓето дека вампирот ги посетуал и вршел некои
работи како: им ги одврзуал воловите, им одсејувал брашно, им ги
преместувал котлите и тавите и други работи.

117
Вампирот почнал да посетува уште една куќа во селото. Пред да
влезе во таа куќа, поминувал покрај дворот на комшијата. На чардакот
на комшиската куќа лежело малко кученце. Кога вампирот поминувал
тоа лаело и се тресело од страв. Никој немал смелост да излезе ноќно
време и да го види вампирот. Штом ќе паднел мракот, сите се прибирале
во своите куќи и се покривале под ложника и се молел да не биде
посетен од вампирот. Се случило еден селанец да умре во последната
куќа и сите тоа си го објасниле дека го задушил вампирот.
На «екој селанец му текнало да доведат големо овчарско куче.
Селаните претпоставувале дека тоа куче ќе го види вампирот, бидејќи
тоа имало четири очи - две обични и две од друга боја над обичните.
Вампирот само од такви кучиња се плашел. Така се верувало за тие
кучиња. Го довеле кучето и навистина вампирот престанал да ја посету-
ва куќата.

87.
ВАМПИРОТ ОД СЕЛОТО БЕЛИЦА . •!

D o моето село Белица викале дека имало вампир. Викнале вампир-


џија за да го тепат вампирот. Ама требало да има чоек со гајда да сирит.
Вампирџијата го гледал вампирот, а овие другите никој не го гледал. Во
куќата свирела гајдата и тој се појавил. Вампирџијата велит:
- Еве го вампирот, тука e дојден, в оро играт и вампирот.
Кога вампирџијата го приметил вампирот, тој летнал и почнал да го
молит за да не го тепа. Ама, тој бил пазарен два наполеона за да го
утепат вампирот. Оти од вампирот умирале деца, малечки од шест
недели, помали деца умирале. Вампирот им праел нешто. Едно дете
нашле помодрено, малечко. И таткото затоа дал два наполеона да го
отепат вампирот. Ко го утепале вампирот, паднало нешто како крвиште,
како џигериште. Вампирџијата им наредил:
- Ова - рече - одма да се попарит со врела вода, да се попарит!
И го попариле. Од тогај не се појавило демек ништо.
Вампирот само вампирџијата го гледал, ама клавал нешто под
јазик, некоја тревка клавал и зато могол да го гледат. Тој бил Турчин од
Кичево дојден. Имам слушнато дека овој вампирџијава како вампир да
му бил таткото, зато вампирџија бил.
Баш во Битола јас гледав едно чупале, бело во глата, во косата
онакво како овца. E, то било од вампир. На жената му умрел мажот

118
млад и се повампирил и одел кај жена му и останала таја трудна. После
то се родило и сега не гледа дејне, ноќе гледа. Значи сум го видел то
девојче. Ноќе гледа се. Тие, таквите можат вампирот да го гледат.

88.
ДЕВОЈЧЕ ВАМПИР ВО ПЛАСНИЦА

D o Пласница умрело некое дејче. Така си умрело и се слушнало


дека дејчево e живо и шетапо низ поле. Тоа секако било умрено, ама
некој рекол:
- Ебаго мајката - рекол - не може да биде живо. Ова не мож да
биде умрено, na да оживит. Јас ќе ода за Пласница!
Од Дворци за Пласница e далеку 3-4 километри. И тргнал чоеков ќе
си ојт во Пласница. Како си идел и дејчево му излегло: променето, убо
изгледало. My излегло во нивјето. Ко излегло ватило да се кркоти
дејчево, да умират од смеење, заоѓат од смеење дејчево. И тој видел не
видел се исплашил, а и се летнал од страв, си ошол во Пласница. Им
кажува таму вака и вака. Тоа дејчево било друга вера, муслиманче било
и рекол:
- Навистина дејчето e повампирено!
Тогаш поверувал во тоа што се зборувало. Друг чоек не го видел
дејчето, само тој. Ко го видело, било убо променето, дотерано, најубаи
алишта носело.

v
89. -
ВАМПИР ВО ДЕБАР

D o 1947 година татко ми бега во Австралија, седум души: едни од


Кичево, еден од Брод и од Стојаково. Нас не интернираја во Дебар и
таму живеаме четири и пол години: јас, мајка ми и брат ми и тука
останаме седум месеци. Па се преселиме во друга куќа. После си
праеме муабет, не прашуваја дали нешто ни тропкало. Ами ние мислевме
дека мачорот тропка. Тие тогаш ни рекоа дека тоа беше сенка. Таму
седум деца му умреја.

119
Си легнувале здрави, ќе и кладеле уф крошната, а ко ќе станеле
насабајле умрени и наоѓале. Станале од таа куќа и после си имале деца.
Комшијата викал дека дух наминувал, чукнувал на вратата, ама мие сме
ја потпирале. Тие не са e потпирале и влегувал кај нив. Ќе дојде тоа, ќе
шутне вратата ќе си флезе, тие си спијат. Ќе го задуши детето и пак ќе
си оде сенката. И така ние не знаехме оти дух бил, инаку ќе бегавне. Тој
бил вампир.

90. .,«.,
ВАМПИР УБИЕН ОД СВОЈАТА ЖЕНА '

глоа умирал чоек, го измивале, го променувале и го чувале мртое-


цо да не го прелета пиле, или да не го прескочи мачка, или чоек преку
него да не предај нешто, инаку ќе се повампири.
Вампирот идел како, со луѓево си разговарал, а после ќе го
снемало. Сул слушала, на некоја жена тука во селово и умрел мажот,
ама тој се свапирал и секој ноќ идел кај неа во постелата. Таја за некој
ден останала бремена. Отишла кај една од комшиите и и кажала:
- Ами како мори, така? Ами тој e умрен!
- Мори, си иди секоја ноќ!
Ама таа напрајла некои адети. My клала игла кај шо требало да
легни и тој ќе се набодел и ќе си истечи. Така напрајла таа. Истекол тој,
ама вампирчето си го родила. Сето бело било то вампирчето, и веѓи, и
коса.
А можело и да отепува вампирот. Го гаѓале со пушка. Ко ќе оделе
старите на ќумур на коњот му се качувал. Коњо дишел, дитолку тешко
му било. He можел да оди. Ама пропеало пилето, петел и вампирот го
снемало. Се криел, не знам каде. Коа праеле старите ќумур, некој го зел
вампирот, го излагал, го однесол на врво на некоја планина. Сакал да го
турни тука, да го отепа.

120
91.
СМРТ ОД СЕНКА

1лоа бев јас млада, мажот ми беше војник. Имав јас едно девојче.
Едно постилаче волнено си имав и една жена ми го тргна од мене, ми го
зеде. Си велам: „Оти ми го зеде, сега си го перев?" Велат старите: ако
некој ти земе волнено - душа ти зеле. Девојчево се роде, пет месеци ми
живеј и после умре. Тоа на сон прво го видов, ама девојчето не беше
родено. Таја ноќ ко го најдов јас детево умрено, не го видов како
умрело. Нешто на мене цапаше, вака цап, цап, цап, стега и реков јас дека
e мачка, чт, свикав, ама нема ништо. Чпиртото под перницата ми беше,
чкртнав, ништо нема, ни мачка, ни ништо. He можев да спијам. Станав,
ај ѓо ќе пеглам тутун. Излегов низ врата: „Чекај - реков - да го видам
чупево, ич не ми се разбуди, не плака." Ко го откривам - умрено.
E, то било сенка шо гази. Од мене на неа се префрлила. Ми тежеше
како сто кила да има на мене. Толку што тежеше. ко се префрлило на
детето то не можи да се одбрани. Мало стегнато, повијано. Тоа мало го
потиснало сенката и ми умре на спиење.

92.
ДЕДОТО НИКОЛА - ВАМПИР

D o Виро, онаму кај шо бевме, онаму кај шо сум роден јас имаше
еден дедо Николе. Николе се викаше стариот. Тој умрел. Една ноќ
седевме во кафеаната, таму до кај 11-12 саатот. Еве, го идит сега,
бастун носеше, по скала се качуваат, тропа по скалата со бастунот. A
дедо ми не беше умрен:
- Чекај - рече - Костадине, сега ќе те земам и тебе ваму!
A ja од меана си идам, онака слушам чоек му вика: „Ќе те земам
Костадине!" А чоек не гледам. Само ми светна онака два пати ко пламен,
онака да запалиш ко шпирт. Јас право да ти кажам се уплашив, многу се
уплашив: „Леле - реков - дедо Николе e свапирен!" И свикав:

121
- А, волкот да те секни, што бараш овдека, кај Костадина?
- Дедо ти го барам!
- Дедо ќе живеј уште години! - My викам.
А чоеков не ми одговори ништо. Од тука влегов дома и му кажувам
на дедо и тој одма рипна:
- Каде e? Николе - рече - e свапирен. Некни ме газеше овдека.
Дојде ме газеше, ме цапаше. My велам: „Никола шо ме давиш? Немој!"
Вика: „Ќе те удам, ќе те удам, ќе те земам кај мене. He можам без тебе
да живеам."

93.
ВАМПИРОТ КАЈ ЖЕЛЕЗНИЧКАТА ПРУГА

Ј а с работев во Црн Бор. Умре еден овде од комшиите. Алиштата


му ги исфрлија ондека, близу кај нас. Во 12 саатот работев во Црн Бор,
rio работа си идам ондека кај мостон. Онде има мовче. По мртвица ваму
си идам и ко шо одев, чуп, ме фати вака за рамото:
- Сега - рече - ќе ти ибам мамицата, кај одиш?
Се уплашив, na риби носев. Рибите ми ги зеде од торба, ми ги
истури, а чоек нема - ништо, само така рече: „Ќе ти ибам мамичето, што
бараш овде да врвиш!" Торбава ко шо си ја носев, ми ја грабна и онака
страшно ме стегна, ко со нокти и право да ти кажам јас се уплашив,
многу се уплашив. Си ојдов дома, уште немаше точно 12 саато, си
дојдов, отворив вратата, децата уште не беа легнати, овде беа и не
кажувам ништо:
- Оти - рече Миљаница, жената моја - не си зел риби?
- Да ти кажам вака и вака ми се случи.
Триесет и пет години одев на работа и такво нешто не ми се имаше
случено, дури тогај ми излезе. Тука ги фрлиле тие алиштата негови, пред
шест недели ги фрлиле алиштата. И тука сега се појавуваат, ваму кај
линијата, ко ќе тргнеш преку станицата, тука има пат и тука има едно
јако сенчиште. Тоа порано било, сега немам запазено. Вампир или
сениште e едно и исто.

122

ѓЈШѕ*
94.
ВАМПИР ВО СЕЛОТО СВ. МИТРАНИ

Д а не дај Госпо вампир. Вампирот врлат, прајт куменди. Ќе земит


она телевизорон ќе го турнит, ќе земит радионо ќе го врли. А чоек не
гледаш нигде, не гледаш никаде. Тука ќе ти тропни, ваму ќе тропни,
онаму а чоек не гледаш.
Луѓето на најразличен начин се ослободувале од вампирот. Да
речиме умрел мажот, останала жената. Мажот и станал вампир и тој пак
си одел кај женава и женава останува бремена и таа раѓа дете,
вампиров син, шо се вика. И тој можит вампирот да го гледа ко ќе
порастит голем. И сега тој одит кај што има вампир и со раце го тепа,
не го коли, ниту со пушка, само со раце го борит. Кај Колевци јас знам
во село Св. Митрани. Вака ќе го гледаш човеков се бори со вампиров,
мават на него и ќе видиш малку крвца, и ќе речит: „Сега соберете ја оваа
крв и да ја закопате некаде. Крвта исто така се пари со врела вода. Ќе
ја соберат со се земја и пак ќе ја закопат, na да не излези уше еднаш
вампиро.
Кај нас имало и друг начин. Жената ќе месе погача, едно шише вино
и ракија и ќе се стави во една торба. Ќе му ја дади на мажо торбата и ќе
му речи да го однеси вампирот, на пример, во Пашино Рувци ноќеска. И
преку блато ваму, ваму има река Црна и ќе оди да го носи но со тробата
на раце и ќе му речи: „Ајде иди и ко ќе ја најда водата качи се на мене,
ќе те пренесам јас одавде, ќе ојме на гости". И ко ќе се качил на чоеков
ќе испотел тој од шо вампирот бил тежок. И ко ќе го префрли прекуре-
ката, ќе му рече: „Ај, сега овде ќе јадиме". Чоеков ќе ја остај торбата на
некое дрво и ќе се вратит. Ко ќе се вратит, тој ќе иди по него до водата.
Ко ќе дој до водата и не можи преку вода и ќе остани. Чоеков вампирот
го пренесува на грб. На грб и тежи многу и се поти многу.
Во ова селото Крушани, коа сте поминале за наваму, ако сте
забележале тука има еден бунар. На излезот од Крушани, од лева страна
e тоа бунарче. И тука некој си нашол од комшиите една торба со погача,
со вино, со ракија и ја обесил торбата од дрвото, ја зел. Ја зел и си ја
однесол дома, рекол: „Mope, шо убо вино, црвено, таљкана." Кр, кр, си
се напил. Си се напил и си го однесол јаперов дома. И го газел, се му
прајл. Па, тој фатил го однесол на друго место и така да се спаси.

123
95.
ВАМПИРОТ КАЈ СВОЈАТА ЖЕНА

О к о л у 1930 или 1929 година овде имаше еден човек и денеска има
од неговата фамилија. Почнало да го плаши некој вапер. И одеја луѓе кај
него, седеја да го видат. Но, не можеа ништо да приметат. Ама тој само
нему му се јавуваше. И стана човеков направил друга куќа. Имаше бавча
онаму и напрај куќа, ја напушти куќава. Таму седе 5-6 години и доведе
во куќата ваперов син. Ваперов син, тоа e ако жена затрудни од вапир,
али караконџол. Тој одит кај женава негова и врши работа. Таа жена
останува трудна и раѓа син. И тој вампиров син го гледа свапирениот.
Коа тој дојде јас не приметив ништо на него, како чоек. Дојде со
пушка, ловџија: „Еве го, ене го!" И едно време тргнал со пушката, го
отепал во нужникот. И нашле крвајчиште. Крвајчиштето го измиле со
врела вода, го попариле, за да не се оживи na. Велеа дека имало
можност крвта na да се оживи.

96.
ДЕВОЈКАТА ВАМПИР И ЕДЕН ВОЗАЧ

&ден човек, после полноќ, поминал со кола покрај некои турски


гробишта. На влезот во гробиштата, покрај самиот пат гледа една гола
девојка. Таја немала на себе ништо. Возачот застанал со колата и ја
прашал:
- Зашто ова време си останала гола овде?
My одговорила:
- Гола ме закопаја. Излегов сега од гробот, ама не можам така да
си одам дома!
- Знаеш ли - рече - каде живееш?
- Знам! - Одговорила.
Ја зел човекот макар да се плашел, но за тоа време се обестрашил.
My дал Господ сила. My го дал своето палто, ја ставил во колата, ја
однесол дома кај мајка му. Рекол:
- Ајде - рече - слези. Ова ет куќата твоја.
Мртвата девојка која била оживеела, му рекла на човекот:

124
- Оди, викни му на мајка ми, да ти дади фустан да се облечам, оти
гола ако ме види ќе се исплаши мајка ми!
Човекот отишол. Ропнал на вратата и излезе мајката и таткото.
Човекот со колата му рекол:
- Извинете што касно ропам. Нема да се плашите, вашата девојка
ја имам во колата. Дајте ми еден фустан да се облечит, оти ет гола,
покривена ет со моето палто!
Мајката и таткото почнале да викат:
- За каква девојка зборуваш? Нашата девојка има седум години
што ја има простено Господ!
Човекот му рекол:
- Луѓе, смирејте се, јас не знам како ет и што ет. Елајте, видете ја
во колата. Ја имам покривено со моето палто. Таја ет гола.
Мајката и таткото отишле кај колата. He нашле ниту девојка, ниту
палто. Тогаш станала голема кавга. Во полноќ било и наишла милицијата.
Се собрале комшиите, што се пробудиле. Човекот го кажува она што
му се случило. Никој не можел да го поверува. Одлучиле да одат на
гробиштата, да му кажи каде ја нашол девојката, која ја зел кај нејзините
родители. Кога отишле на гробиштата, го нашле палтото на човекот
што му го дал на покојната гола девојка над самиот споменик, каде била
закопана девојката. Така сите поверувале дека човекот не лажел за тоа
што му се случило кога ноќно време возел покрај турските гробишта.
Затоа во старо време се викало: „да не си патувал после полноќ". Дури
не попејале петлите први не патувале никаде луѓето во поранешните
времиња.

125
IX
ЃАВОЛ

Do народната демонологија на македонскиот народ важно мес-


то заземаат претставите за демонското суштество - ѓаволот. Иста
нати претстави за него се забележуваат најповеќе во христијанизира-
ните форми на постарата претхристијанска и нехристијанска демоно-
логија.
Во народната терминологија на Македонците најчесто се употре-
бувал терминот ѓавол, но сепак чести се и враг, сатана, едноногиот,
нечестивиот, поганец, a ce користел и назив „тој натема го" (со цел да
не се спомнува неговото вистинско име).
Во верувањата и народните претстави за ѓаволот, при обидите за
реконструкција на неговите општи карактеристики како демонско
суштество, може да се забележи дека некои од особините ги добил од
постарите митолошки суштества.
Сепак, во претставите за ѓаволот преовладеала христијанската
конотација, при што најчесто e претставен како субститут на сите
гревови и грешници, антагонист на Бога и непријател на човекот. Во
некои варијанти во усното народно творештво, но и во верувањата,
постојат претстави дека понекогаш ѓаволот може да помогне, да
излекува; честопати e творец на некои изуми на човештвото и сл. (ја
измислил косата, ковачкиот занает, а посебно се разбирал во лекува-
ње. Пр., во околината на Гевгелија пред изгревањето на сонцето
луѓето ги лекувале очите со ѓаволска вода).
За настанувањето на ѓаволот во народните приказни најчесто се
изнесува христијанската варијанта. Откако Господ ги создал земјата и
небото, кај некои од ангелите се јавила завист кон него. Кога тоа
Господ го дознал, го проколнал ангелот наречен Деница, вечно да
живее во огненото езеро под земјата во вечни маки. Во друга
варијанта создавањето или повторното оживување на ѓаволите се
должи:
„Еден ден стрел ѓаолот една баба што била многу лоша. Ако беа
умреле сите ѓаволи, од таја баба пак се заплодиле ѓаолите, од шо била
лоша".
Мошне чест назив за ѓаволот e „едноногиот", „куциот", зашто
според верувањата на народот, едната нога му ја изел волкот кога го
нападнал ѓаволот. Бегајќи од волкот, ѓаволот се скрил во морето, од
тогаш тоа e едно од неговите живеалишта.

127
Вообичаено се верувало дека ѓаволот при создавањењто на
светот живеел на земјата. Откако Адам и Ева, заради сторениот грев,
морале да го напуштат рајот и да одат на земјата, за да го добијат
својот дел, морале да се спогодат со ѓаволот, живите на Адам да
бидат, а мртвите на ѓаволот.
После направениот грев, се верувало, дека луѓето на земјата
почнале да живеат по примерот на ѓаволот, се до жртвувањето на
Христос за спасување на човечкиот род. Но и подоцна, за разните
човечки страсти, пороци и мани, луѓето велат дека „ѓаволот влегол во
луѓето", „ѓаволски работи".
Се верувало дека биле многубројни и се населиле главно во
пеколот, морето, по планините и шумите, a ce збирале и биле активни
ноќно време крај водениците, под дрвјата и тогаш биле најопасни, се
до пеењето на првите петли. На ноќните состаноци обично пред
нивниот „цар" кажувале за своите „ѓаволштини" и лошотии што ги
нанесле на луѓето, во текот на денот.
Најголемиот ѓавол, „царот на ѓаволите", во македонските народ-
ни приказни се нарекувал Зерзевул или Везевул, но и тој како и другите
ѓаволи живеел во голем казан полн со катран и писа, на вечна мака
или по други варијанти во сарај црн и темничав.
Во народната традиција ѓаволот e претставен како многу грозен:
ни човек ни животно, црн како арапин, обраснат со влакна, со рогови
и опашка како на прч, со крилја, a co лице како на говедо. Имал големи
заби, низ кои излегувал оган или молњи. Нозете му биле како на куче,
а рацете како нозете од кокошка, со големи нокти, канџи на прстите.
Роговите на ѓаволите, според народните приказни му никнале откако
Зерзевулот (царот на ѓаволите) ги благословил останатите ѓаволи за
сторените лошотии.
Важна карактеристика на ѓаволот му била, тоа што можел често
и брзо да се престорува во човек (најчесто баба), животно (коза,
глушец, мачка), а најчесто патниците ноќно време ги лажел и ги носел
по други патишта.
Луѓето најчесто се бранеле и заштитувале од ѓаволот со крстење
при секое излегување од куќата, посебно ноќно време, или изговара-
ле „Волкот да те молкне, јаде", „Во име отца", или „натема го". Се
верувало дека ѓаволот обично бега и од миризбата на темјанот „дури
до четириесет чекори".

128
97.
ЃАВОЛОТ И Д Е В О Ј Ч Е Т О

I атко ми беше водејничар. Водејнцата ни је далеку. Едно чупе


беше дошло кај татка ми од Брезоо. Милица го викаа. Од сиромашка
фамилија. Дошло вечерта и татка запалил оган во дворот пред водејни-
цата:
- Ајде Милице, огреј ми се.
Донесол леб, тро манџичка. Татко кревет си имал внатре во
водејнцата. Чупето останало надвор, го покрил да си лежи. Имало 12-13
години. Едно време татко станува, го бара чупето, го нема: „Мајката, шо
се стори чупево? Кај отиде?" Го запалил венеро, го бара, го немат. Ајде
таму кај Бигорите, то карпи по двајсе метри високи го има. Го нашол на
крајот на тој бигорот, на 20-30 метри висина. Сето жива вода. To го
водел ѓаволо no реката. Лежало на крај на карпата.

98.
ЃАВОЛОТ И Т Р А К А Т А Ш К А Т А

I оспо кога e напраил воденицата заборавил да ја тури таа трака-


ташката, трак, трак, трак, да затресе житото да биде брашно. Требало
да седе еден човек со раката у чашката да тура. Арно, ама дедо Госпо
пуштил ја пчелата: „Ќе се скриеш сега кај ѓаволот, он ќе најде нешто
мана." Она залепила се за гредата на воденицата и јаго ѓаволот: „Ах -
рече - ја напраил воденицата! Шо воденица ли e воа, шо ќе седи чоек
туа. Ами туа да турил една тракаташка вака." Ете така речел ѓаволот.
Дедо Госпо напраил воденица, ама не знаел да тури как житото да течи.
Требало тука да тури штракатало, тоа да штрака, житото само ќе се
тресе, а он турил човек со раката да го тура. И пчелата избегала. Ошла
кај Госпо и право му кажала. И уште утрото туриле го штракалото.
Ѓаволот коа го видел тоа рекол: „Ах - речел - да знаев таа пчелата ќе ја
отепах там дека што стојала. Госпо не можел да го надвие ѓаволо кога
се такмичеле, оти ѓаволо се нешто повечко кажувал, na вај му попуштал.

9 129
99.
ЃАВОЛИТЕ ГИ НАСЕЛУВАЛЕ В О Д Е Н И Ц И Т Е

D o нашето село имаше десет воденци, од селово долу по реката.


Влези му таму ѓаволите - лажи ги. Луѓето ќумур праеа, а ѓаволите многу
ги лажеја. Ноќно време некој идел со добичиња и тој наметни ја
јакуцката в седело на коњот. To велело: „Отаде страна, отаде страна,
чиче го нема". Го водел така, го водел близу до село. Ко петлите
пропеале, e го нема чича: назад го нема. Куртулисал чоеко. Коњот
спотнат.
Само по воденици оделе ѓаволите. Тие се преправале со рогој како
кози, како јариња. Ноќе и како чоек.

100.
ЃАВОЛОТ О Д С Л И В Н И Ц А

О в а се има случено во селото Сливница. Во некоја куќа, некоја


стара куќа била и имало внатре како некој ѓаол. Ама тие луѓето што
живееле таму со него не ги гибнал. Доста време си живееле. Дојде
време да одат во Битола. Ја продале куќата на други луѓе од селото, a
тој ѓаолот останал во куќата. Ко се уселија луѓето, по некоја вечера,
почна да ропа внатре ѓаолот, да работи, ко шо работи чоек секој пат. И
овие го пулат - чоек. Луѓето почнале да се плашат, не можеле да живеат
во куќава. Беа принудени да ја продадат куќата. Питале некој од луѓето
во селото, како да напраат некако да се ослободат од ѓаолот. Некој им
рекол ко ќе оди некој во странство тие да си спремат дома да одат на
гости цела фамилија. Да земат една канејца вино, погача и да поканат и
ѓаволот.
Еден мој внук требаше да оди во Австралија. А тој внук ми и детето
на овие луѓето беа другарчиња. Сите сјодваа да го преводат Колета. A
тие имале друга мака, да му го остае ѓаолот. Осунеле таму. Станале
сабајле го проодиле детето и сјојле. На вечерта кога се вратија од коа
го продаваа детето: мајка му, баба му, еден брат помал дома имаше,
една сестра. После 12 саато почна да ропа здола. Ѓаоло му остана кај
нив. Таа невестата вика на свекрвата:
- Некоа мачка ропа! Оди види!
Мажот на невестата беше во Австралија. Само жените беа со едно
дете. Оди свекрвата, пули стар чоек, во старски пљачки од старо време,
работи здола. Co викање свекрвата и вели на невестата:

130
- Невесто, вака и вака e работата. Има здола еден чоек и работи.
Одкај дојде овој чоек, ние досега немавме чоек. Оди види!
Па, таа се плаши, млада e и коа пули вистински чоек. И отишла кај
татко му, му вика:
- Вака и вака, татко. Има здола во куќата наша ѓаол. Ни го дојсоа
некој, ама не знаеме кој го дојсе. Досега ништо немавме.
Тој беше ловџија, вика:
- Тоа јас не верувам!
- Ела да видиш. - My вика.
И одтаму дојде чоекот со чифтето да го отепа ѓаоло. Ѓаол се
тепало? Тој почнал да плуска, чифтето не фаќа никако. He може да најде
никако чаре. И во некое село во Охридско имало вамперовски цинови.
Тие од вамипир биле праени. Само тие можеле да го видат, никој други.
И тогај жените во тоа време било една куќа да напрајш. Тогај ги дојсоа
тие двајцата браќа да видат и да ги спасат од ѓаоло. Но, од него не
можеа да го спасат, бил престар, голем бил. He можеа никако, рекоа:
- Шо сакате прајте, ние не можеме да ве спасиме. Овој престар e.
Ќе ви работи, ќе ви сеј. Само да не ви штети.
Тие си заминаа. Ѓ1о малку време почнал да ги гиба жените. Многу,
многу маки јадоа. Во Битола имаше една Циганка. Таа беше многу
прочуена. Зеде таа една торба со една погача и во 12 саатот го извела
него на џадето, далеку некаде од синорот за да не се врати назад. Ама
тој ојде и вели на Циганката:
- Од каде ме зеде, таму да ме зајсиш.
Па му дојде. Шо праат сега овие? Од другата вечер истото. И сега
некој од селото вика:
- Ќе станите сите одвечер, ќе ојте наџаде во 12 саатот да прејди
наџаде. Ќе напрајте една погача - рече - едно шише вино и торбата ќе
ја остајте во автобусо. И овие цела фамилија се собрале и така напраја
и така се спасија. После не му се врати, кај го зајсоа, не знам?

101.
ЃАВОЛ ГИ ВОДИ ВОЛОВИТЕ

И м а ш е еден селанец. Одел рано на орање, а тој ѓаолот го


скорнал. Ги спрегнал волојте. Жената му вели:
- Mope, Коле, кај ојш, рано e сега?
- He, не, таман e сега, да пом да изорам побргу!
Тргнал со волојте, се качува на кола и оди. Место на нива да одит,
има една река така; кај што ги поиме кравите, свињите, ама тука e многу
длабоко, се капат биоли. И тргнал по патчево лево, а не по патчево кај

9* 131
што треба да оди. Дошле на брего. Тој ги тера волојте, тие се истават
назад: „А, бре, стопанката да ебам". Те на едниот вол мавни, те на
другиот мавни, едниот лево скршни, другиот десно. Рипнал од колата, да
види што e. Ко ќе види виро, реката пред него, на брего застанал: „Mope,
ебати, тој ѓаол шо ми напрај!" Тука местото e многу длабоо, има три
метра само вода. Вака, ги завртел за јарем и си дошол дома.

102.
ЃАВОЛ - МАЧКА

I оа беше 56 или 58 година. Јас бев во Охрид. Имав слушано оти


на едно место тука нешто излегват, a ce знаеше на кои места. Имаше на
две три места ко излегваше од Охрид до овде. Имаше тогаш една
месечина, еден сатот по полноќ беше. Го качив јас овде точаков, кај
синоро. Тогаш тука немаше ни куќа изградено вака, ни хотел, ни ништо,
се пусто беше, све капиње беше покрај пат. Ко дојдов во Лагадин и пред
мене едно маче претрча од песокот на горе си ојде. Едно маче, да ти
беше мерак да го гледаш, такво шарено. И јас не му удрив толку, да
речам: „Шо e ова? Мачка прошетала!" Ко минав Лагадин, истово маче
пак претрча, na одоздола нагоре ми излезе. „E - реков - ова e нешто!" И
оттука со цела сила го терав точакот. Ѕвездата гореше. E, ама, Танас,
ако сум бил без точак, ѓаовло ќе ми излезеше, ама коа e точак не
излегве, оти бил со две колца. Така имам слушано од нашите, расправа-
ле старите на точак не излегве. He можело да ти излезе на точак да ти
напраи штета. Ако пешки одиш, патот ќе ти го препраи, кај шо e патов
ќе ти излезе планина и ти одоздола мораш да ојш, та ќе те пикни в езеро.
Тоа e ѓаволска работа.

132 • ч
X
КАРАКОНЏОЛ

С п о р е д повеќето истражувачи нараконџолот се јавува на Бал-


канскиот полуостров, и тоа во прв ред кај оние народи коишто биле
под турско ропство и културно грчко влијание. Така што и самото
именување на ова демонско суштество e од турско потекло.
Караконџолите тоа се демонски суштества со светли очи, кои со
себе носат голем стап со кој ги тепаат непослушните деца, а исто така
се верува дека ги јадат. „Ќе те изедат караконџолите!" - велат во некои
места. По својот изглед не личат на човек, ниту на животно. На
човекот му нанесуваат големи пакости, а особено ако бидат налутени
од него.
Некои истражувачи издвојуваат четири вида караконџоли: кара-
конџол - глас, караконџол - животно, караконџол - ѕвер и нараконџол
- човек Карактеристично за караконџолот - глас, e во тоа што тој не
се гледа, туку само се слуша. Тоа се случаите кога ноќно време во
сонот некого вина глас и го изнесува од куќата и го носи во непознато
место. Караконџолот- човек ги содржи следниве особини сврзани со
неговиот надворешен изглед: тој e космат, со голема глава, рог или
два рога и опашка, а според некои други верувања, тоа e суштество
со едно око и една нога, или со едно око на челото. Карактеристично
за релацијата караконџол - човен e обидот на каранонџолот да го
натера човекот да издаде глас, односно да прозбори, како повод да
му го одземе гласот, a co тоа да биде и погубен.
Во Радовишко се верува дека караконџолите тоа се грозни и
црни суштества со голема глава. На грозните луѓе им викаат „Како
караконџол си!".
Кај некои јужнословенски народи се зборува за караконџоли со
железни заби. Кај Србите постои и именувањето за,рва суштество кое
го одразува погорното верување: „гвоззуба".
Караконџолите, како и другите демонски сутества имаат својство
на метаморфоза и можат да се претворат во: куче, овца, теле, човек
и слично.
Според верувањата на јужнословенските народи, караконџолите
тоа се духови, коишто се појавуваат на земјата еднаш годишно, во
таканаречените ненрстени денови од Божиќ до Водици. Во ова време
со цел да не се предизвика караконџолот во македонските верувања
постојат и ред обреди. Така, во Скопска Црна Гора, од Божиќ до
Водици жените не работеле после вечерата поради страв од каракон-
џоли и караконџолки. Според некои верувања од овој крај, караконџо-

133
лите се невидливи суштества во облик на луѓе нои ноќно време се
појавувале и ја викале онаа жена која работела по вечерата. Слични
верувања има и кај жителите од скопската котлина. Таму жените во
времето кога се појавувал караконџолот не работеле вечерно време
и не излегувале надвор од куќите поради страв од нив. Жените исто
така тогаш не смееле да крпат, да шијат и да перат.
Се верувало дека детето родено во деновите кога се појавувале
караконџолите нема да има добар живот. За тоа дете родено тогаш се
верувало дена e караконџолче. Во Пиринска Македонија таквите деца
се лекувале. Ако во тоа време некое дете се изгори исто така
постоела можност да стане караконџол. При баењето на децата се
водело сметка водата да не e многу топла.
Исто така постојат и одредени верувања за луѓето ноишто уми-
раат тие денови. Се верувало дека тие станувале караконџоли и во тие
денови не ги погребувале со свештеници.
Караконџолите се појавувале ноќно време, излегувајќи од своите
пребивалишта: пештери, рени, запустени воденици и други места и му
шгетат на човекот се до пеењето на првите петли. Во народните
верувања се познати нападите на караконџолите врз задоцнетите
патници ноќно време. Нив караконџолите ги јаваат и тие чувствуваат
огромна тежина врз себе, се потат од измореност, а од тежината
пропаѓаат в земја, истото се случувало и со добитокот на кој тие
јаваат. Според некои податоци од e. Г. Дрјаново, Пиринска Македони-
ја, караконџолите се кријат под мразеви, се појавуваат само зиме, a
дотогаш спијат во реките, na затоа и месецот јануари го нарекуваат
„караконџолов месец".
За караконџолот се верува дека ја сакал песната и играта, со кои
песни ги залажувал луѓето, а позната e таканаречената „караконџоло-
ва свадба".
Во македонските верувања, како и во верувањата на другите
јужнословенски народи, во многу случаи караконџолите се изедначу-
ваат со другите демонски суштества, а најповеќе со вампирите, како
по својот изглед, така и по вршените функции, како и по начините по
кои луѓето можеле да се спасат од нив: „Спасот од конголите му бил
само во едни кучиња што ги викаат 'со четири очи', пес ти e тој, ги
гледале, ако ги најделе ќе ги растуреле. Другиот спас им бил во тоа
што ќе се собереле селаните, ќе земеле свирки, тапани и една кола со
волови, и откако на гробишта ќе го отвореле гробот, ќе /а најделе
Секулица како си плетела во гробот. Ќе ја замолеле да стани од гробот
и со воловската кола ја носеле во синорот на другото село каде ја
викале за кума".
Во денешно време караконџолите исчезнале.
Според досегашните истражувања посветени на караконџолот,
можи да се заклучи дека тој има туѓо потекло. Најверојатно e настанат
со спојувањето на словенски со туѓи елементи, со очигледно влијание
и на античките митолошки ликови.

\
134
103.
ВАМПИРОТ - КАРАКОНЏОЛ

1\о ќе умрет некој можит да станит вампир. Вампирот ќе почне да


шета по куќи по едно-друго, ќе го изејт нешто вампирот, или ќе го убијат.
Бог да го видит од каршија и ќе го изејт, ќе исчезни вампирот. А, пак,
некој вампир ако до шесте недели не исчезнит e тој станует веќе
караконџол. И после него ништо не можи да го поништи. Никој не могол
после да видит како изгледат караконџол. Тој шетал, ама никој не могол
да го видит, било нешто невидливо.

104.
КОНГОЛОТ САКУЛИЦА

D o едно село умрела една жена. To било преспанско село. Никој


не ја видел кога умре. Ја викале Сакулица. Таја постанала конгол.
Правела голем пакос низ селото: му ги одврзувала воловите, кравите, на
коњите му ги плетела пашките и гривите. My фрлала све по куќите. Ќе си
дојделе мажите со риби, ќе му ги расфрлала низ куќите. Ќе си ја земале
старите гламната со жар и ќе викале: „Те пулам каде си сега, ќе те
запалам!" Само од огнот се плашела, од друго ништо. Имало и еден
човек што ја гледал. Само тој можел да ја види. Тој викал: „Ете, каде
ет!". Другите не можеле да ја видат.
Спасот од конголите му бил само во едни кучиња што ги викат со
четири очи. Пес ти e тој. Ги гледале, ако ги најделе ќе ги истуриле.
Другиот спас од нив им бил во тоа што ќе се собереле селаните, ќе
земеле свирки, тапани и една кола со волови, ќе оделе на гробиштата,
ќе го отвореле гробот, го наоѓале конголот, ја нашле Сакулица, како си
плетела во гробот. Тогаш ја замолиле да стани од гробот, да оди во
друго село каде ја викале за кума. Се качувала на колата, ја измамиле и
ја однеле до синорот на другото село, како што и овие му пуштале на
другите села. Така се терале работите дури да се изгубиле конголите.
Ама благодарение од кога излезе струјата и возилата, се спасиле луѓето
од тија ноќни конголи и вампири што работеле нојшата. Но, пак, сега
почнаа да се работат ѓаволски и вампирски работи и дење и ноќе.

• 135
}
105.
КАРАКОНЏОЛ ВО ВИРОВО

ГЧај што живеев јас порано таму во селото Вироо имаше каракон-
џол. Тој караконџол се јавува пред шест недели, ко ќе стори душава
шест недели. Таа шетала така, се свапирувала и од душата шо се
свапирувала од чоеков станувал караконџол. E тоа го викаат каракон-
џол. Тој караконџол многу штета прајше кај нас таму горе. Тој каракон-
џол прај голема штета: цапат, фрлат, кршит, ко ќе дој во куќава, а ти
ништо не гледаш. Прва спија, баш овде кај коњот, првата спија, шо
викаат, шо викаат реката спија. Тогај значи се појавувал и сеништето и
караконџолот.
Од сениште се прајло караконџол. Луѓето од селото не можеле да
се спасат и тие ошле во Грција. Толку шо прајл штета. Зеле некој од
овие вампри синој, шо викат, вампирџии. Ко зеле и овој сега оди кај
аурите. Таму караконџолов прај штета. И тој влагат:
- Аман - му вика - не тепајме! He тепај - вика - одсега не прам
штета!
И тој тргнува со пушката го отепуваат. Ко го отепал на амбарот -
крвајчишта. Од караконџолот останале само крвајчишта, немало ниту
коска, ништо немаше. Еден куп ко бувајца од пес.
Караконџолот изгледал со три прсти. Вака три прсти, а не цела
рака, туку три прсти само. И нозете што му биле само три прсти и така
одел. Тој немал коски, само трака од жила тоа било. Караконџолот се
створува од вампир. Нагоре тој изгледал како мачка. Глава ко од мачка,
само што, имал три прсти, а не пет.
Да ти кажам, вамперот тропат, зборват, пуштал по малку пламен,
а сенчиштето многу пламен пуштало, а караконџолов e претворен од
вампир.

106.
ВАМПИРОТ - КАРАКОНЏОЛ

Г\ога ќе умри чоек тој до шест недели станува вапер, а од шесте


недели караконџол. Тој се вика караконџол. Ко ќе се стори караконџол,
тој не прај пакос низ куќи, а си живеј низ куќи. Тој караконџолот не прајт
нешто дома, а ваперот зијан прајт.

136
107.
К А Р А К О Н Џ О Л О Т Ш Т О СЕ В Р А Т И Л ВО А М Е Р И К А

И м а в јас еден стрико, анџија беше и нему му кажувал некој од кај


горните села од кај Посрања, од кај Чеврен, од Кале дека некој бил во
Америка и таму ватил дуќан, а имал ортаци свои другари. Едно време тој
си дошол ваму на видовиште и умрел, вака умрел. Неговите и пишале во
Америка дека тој умрел, не знам како се викал: „Филан да не го чекате!"
По извесно време се вратил во Америка како човек, како шо бил порано.
Отишол и си почнал работа во дуќанот.
На неговите другари му станало сумњиво. My пишале умрен, а еве
го си дојде тој. Тие си мислеле:
- А, бе зошто Алекса умрен, еве си дојде тој?
- А, бе како си дојде? - Велеле други.
- Така, еве работи на дуќан.
- Дајте му ораснато железо да видите дали ќе го крени.
Орасно тоа значи ралник, шо се ора. Донеле такво железо, но тој
го зема в раце, не го прима. И овие се посумњале навистина да не e
караконџол. Тој си имал свој бербер и му велел нему: „Колку сакаш ќе ти
платам, ќе вардиш да не ме насечиш!" И така се бричел некое време и
другариве му велат на берберов:
- Како нагрешка насечи го малце, некаде како по грешка.
И го насече и тука се срушил. Значи малку го насече и тука се
срушил. Останало само крваиште, ниту коска, ниту месо. И тогаш го
сетиле дека e караконџол. Караконџол настанува од вампир после шест
недели ако не го надји некој волк да го шмркни, ќе се напрај караконџол.
Вампирот светкат и летат и се качуват по тавани, тропат, а караконџо-
лот e човек. Од тука бега и оди во друга земја да живеј, ама таму ќе го
најдат.

137
XI
ВЕШТЕРКА

Оештерката, живее како и сите обични луѓе, како обична жена,


само што во неа се вплотил лош дух, ѓаволсни дух, а нејзините функции
се различни: испраќа болести, ги престорува луѓето во животни, ги
разделува сопружниците, може да предизвика невреме, да го краде
млекото од стоката, да ја сметнува месечината, но понекогаш и да
лекува.
Најчесто за жените - вештерки се верувало дека контактираат,
дури и полно со ѓаволот или со змевот.
Жените - вештерки, кои во себе го носеле ѓавоскиот дух стану-
вале активни ноќно време, кога нивната душа излегувала во вид на
голема пеперутка (нарекувана вештерка или самовила), и шетала по
селото пиејќи ја крвта на малите деца, јадејќи маст, сирење, изварка,
за потоа да повраќа околу куќите, по авлиите и гумната. Додека
нивната душа шетала низ селото, телото им останувало како мртво да
лежи во постелата, и слабо дишело. Се верувало дека во тој момент
не смее никој да \а разбуди, ниту пак да ја премести заспаната
вештерка, зашто нејзината душа потоа не можела да се врати, и по
кратко време вештерката умирала. Освен како пеперуга, можела да
се престори во животно: гуска, куче, волк и сл.
Во Македонија за ваквите жени најчесто ги среќаваме термините
вештерка, вештица, маѓесница, мамница и др.
Луѓето верувале дека вештерката можела да се стане уште сс
раѓањето, доколку малото девојче било родено со кошулица, која
требало да се крие и чува се додека детето не станело возрасно.
Најчесто, пак, се сметало дека вештерките настанувале само ол
многу лоши жени, распуштеници, сводници, мртвородени na оживеа-
ни, но со исполнување на.сложен обред. Жената што сакалада стане
вештерка, го земала првото јајце снесено пред изгрејсонце на Велш*
Четврток од црна кокошка, и го носела под мишката или во пазуватг
се додека од него не се изведело пиле. Потоа се мачнала со крв пс
снагата, и така останувала 40 дни, се додена обредно не се изменила
ноќно време, во глуво доба со водата од лева воденица и друп
„самовилски билки", „предавајќи" се со тоа на ѓаволот, станувалс
вештерна.
Секоја вештерка можела да се распознае според нејзинап
надворешност. Според народните верувања, вештерки можеле д<
бидат само дородени жени (што престанале да раѓаат) или неротки
значи поврзани жени со зол поглед, со крст над очите и споени веѓи

13$
Бојата на кожата им била модра, со изразени темни рилки, ретка
брада и мустаќи, крвави очи, влакнести нозе и опашка.
Вештерките најчесто ги убивале луѓето удирајќи ги со некаков
„токмак" на спиење, а потоа му ги черечеле градите и му го ваделе
срцето. Човекот со извадено срце, или веднаш умирал или станувал
тешко болен и потоа умирал. Најчесто ги напаѓале своите блиски и
роднини, додека на непријателите не биле во состојба да им наштетат.
Сепак, најголемо задоволство им било да ја испијат крвта на децата и
да ги усмртат. Се верувало дека жените - вештерки имаат лоши очи
со кои можеле да ги пресретнат, „ со поглед да умртваУ. Тие најчесто
ги пиеле и одземале млекото од стоката, a ce хранеле и со месо од
умрените.
Вештерките имале редовно свои состаноци, на кои тајно во
точно определено време, глуво доба, во одредени празници се збира-
ле поддрвјата (најчесто ореови), на раскрсниците, водениците, гумна-
та и се гостеле со извадени срца на луѓето. Можеле да се забележат
бидејќи во ноќта испрекинато светкале како светилки.
Предда заминат на состанок, вештерките се мачкале со некаква
маст од пазувите или од грнето што го криеле под огништето, ги
изговарале магиските зборови, и најчесто невидливи или јавајќи на
кросно одлетувале на состанок.
Бидејќи кај луѓето владеел голем страв од вештерките, најчесто
ги заштитувале своите деца и себеси велејќи: „Волкот да ве јаде" -
бидејќи верувале дека тие се плашат од волкот. За нив не се зане дека
не јаделе лук, na затоа луѓето во периодот од нивната најголема
активност, некрстените денови, се мачкале со лук по градите, под
мишките и на петиците. Во крошните на децата ставале отворено
ноже и главица лук. Понекогаш по селата луѓето собирале ѓубре и го
палеле за да ги избркаат вештерките со смрдеа.
Во повеќе наши села луѓето веруваат дека вештерките бегаат од
трновити растенија, na затоа нив ги клаваат по ѕидовите и вратите на
куќите. Против нив често правеле и амајлии, a ce плашеле и од
споменувањето на Бога, Богородица и другите имиња на светците и
крстот.
Жените вештерки можеле да го преземат млекото од стоката на
луѓето и да го користат за себе, но притоа требало да ја сметнат
месечината.
Вештерките и нивното магиско делување секогаш било остро
санкционирано. Најчесто таквите жени доживувале морална осуда,
биле изложувани на потсмев, но и физичко казнување од страна на
заедницата. Се верувало дека „тоа било најгреовно".

140
108.
МАГЕСНИЦИ ВО КАДИНО СЕЛО

H a Ѓурѓеен во e. Кадино Село старите кажувале излегувале (жени)


со кросна, шетале, велеле нешто и така млекото ќе му го собереле. Ко
дете ко бев, една велеја била магесница, стара жена. Колку млекото ќе
му го земела и месечината дури ја сметнувала. Ама зато 4 години не
можеше да умри. Како кучка вијаше. Велеја, маѓесницата гревојте и
отпева од народот.

109.
МАЃЕСНИЦИ ВО РОПОТОВО

Н а Ѓурѓеен, утре ако e Ѓурѓеен, вечерта тие шо знаат, голи слечени


и кросна зеле na се чукале по гас и велеле: „Гас и гас каца мас". Сите тие
знаат да преземаат, и јагниња и млеко и деца дури.
To греовно било. Една маѓесница, стара, ко умираше, се најпрајла
како избудалена. Се фаќала кај газо и лапала в уста, велејќи: „He ce јада
јагнинава од овие луѓе или не се јада децава од овие луѓе", и така со маки
умрела. Ако не можела кај неа да го однеси, некаде на даб ќе го однеси
и од дабо ќе течит млеко.

110.
МАЃЕСНИЦИ ВО ВИРОВО

Тије жените маѓесници и викале. Тие дури од лајното не си каснале,


магесници не бидувале. Само така можеле млекото да го преземат.
Млекото го земале на Ѓургоен. Вртеле околу тркалата со матилото -
кросно. Мајка и ќерка од магесници родени. Се согласувале да го
соберат млекото, ама требало месечината да ја сметнат. Ватуваат да ја

141
сметнат. Ја сметнувале, ја сметнувале, до кај шо ја сметнале ја сметна-
ле, ама не можеле да ја качат сега. Дошол некој уште помаѓесничар, и
му рекол оти така не можат да ја качат, туку го зеле кросното, зеле
вино, турај на кросното вино и прскај угоре. На врвот на кросното
врзале крпче за да прскаат виното, месечината да се качи погоре. Ко ја
сметнувале, клавале пирустија, кација, во крст и клавале и мотале со
брдата. Обавезно биле слечени голи. На гумно до стожеро. На стожерот
кај шо вршат, го ружаат китат со цвеќиња, сноп, крст ќе наклаат и само
тогаш можеле да работат. Стариве кажуваа, да ми простите жениве се
чукале по гради, од напред од назад, млеково да му го земале.
Ние како млади, 17-18 години, организиравме стражи. Ни рекоја
вилан жена, утре на Ѓурѓоен ќе се соголи. Баш во дванајсе саатот, то го
работеше ноќе, се соголела угул гола, а матоилото - брдото го врти и
вика нешто, да му го собери млекото, на вилан чоек. И није ја вативне
угул гола.
Некоја пак друга маѓесница од Охрид, била прва магесница во
околината, ја ватила ја сметнала месечината. Ама сега не мојт да ја
качит. Само полојна се качла. Ама од магијата се одштрбнала месечи-
ната, и вистина и денес је одштрбната месечината.

111.
„ПРЕЗИМАЧКИ" ВО МАРИОВО

Сдна тета имаше, на татко ми сеста, таја ако виде негде оган да
свете, ако је бачило ќе му ја преземе благотата и дома ќе си дојде кај
неа. Ако је жетва, во нејнава нива ќе појде семето, родот. Ако мате
некој, она ќе презима и ќе и се нагГне ечменот во млекото.
Тие жени си знајат, бајат. На мојата мајка, таја золва била, и имало
една нива, наму Вртешка се вика местото. Сторила шес недели ич не се
променила, едно алишче од гробот не го слекла. На шес недели ја
викнале нумката да а распромене во нивата, невестата. Да била дарлија
невестата. Таја ќе се слечела после, ноќе, во дворот, ќе а затворела
портата и ќе викала: „Дојди ваму кај нас, дојди ваму кај нас" и благоста
ќе дојдела кај ним.

142
112.
БЕШИШКИТЕ МАГЕСНИЦИ

H a Ѓурѓовден, според Ѓурговден, одиле тие шо презимаат (млеко,


жито), ама еден се затскрил и и видел бешишките жени како дошле, две
жени, да презимаат. Се слекле голи, и три пати се завртиле около пато
(раскрсницата) едната одваде, другата отаде, грб со грб, na после меј
со меј се ставале до три пати. Ама дедот Коле му и зел кошулите. Одиле
тие нешто си баиле. Три пати се вртеле и велеле:

„Гас и гас, се кај нас,


пич и пич на орачот
овчарот ич".

Тие а симињале месечината, ама тоа било многу грешно. Коа се


симињале таја ко крава мукала дури да се качела. Co басни ја сметнува-
ле. Месечината на земи рикала како крава од мака. После пак со басни
а качувале. Многу греовно било тоа.
Жените знаеле и на свадбата да „презиваат". Околу Ѓургоен ќе се
врти околу нивата. Ноќно време на полноќ. Ќе и скине и си и носила
седба. Гола соблечена. Таму ќе се слечи.

113.
ПРЕЗИМАЧКИ BCyi£gfe|

Имала една баба во комшиите овде, на Ѓурговден, ја виделе зад


црквата, таму беше сето посеано, гола проа - проа гола, шетала по
нивјето. Презимала жито.
Има и две жени да играат на гумно, да презимаат жито, играат,
пеат, си велат некои нивни песни, ама не можат да се чујат. Зад црквата,
пред сонце на сам ден Ѓурѓоен, тогај фаќало најмногу. Имаше пак една
баба Цвета од Вепрчани, таја а сметнувала месечината, и тогај како
говедо ревала, значи (месечината).

143
114.
ПРЕЗЕМАЊЕ НА МЛЕКОТО BO Ж В А Н

Имало баби шо знаеле, баеле во месечината и ка ќе ја сметнеле


месечината го ваделе млекото. Голи треба да бидат, а месечината да
греи. Полна месечина.

115.
ВЕШТИЦИ ВО ОБРШАНИ

Вештиците биле стари жени со муцките модри. Таа (таква) жена


преку ноќта се стварала вештица. Таја спиела, ама душата и излагала и
летала rope no небото. И одела на дрвја, некаде. Старио ми кажуваше,
лично јас ја видов, и на дрвото, баам, ко ѕвезда застана. Одел таму в
водејнца. Едно време, рече се крена и си замина. Па на друго место ја
гледал летала, преку планињето. Преку имањето, рече поминала. Ама
никако зијан не праела. Само така шетале no лланињето. Тие се позна-
вапе, модри му биле муцките.

116.
МАГЕСНИЦИ ВО БОРОТИНО

n a Ѓурѓоен, некогаш, бабите земале кросно, се свлекувале двете


голи, излегле надвор од селото, на полноќ, ноќта, удри се гас со гас и
вели:
гас со гас, каци мас кај нас,
пич со пич, кај ними ич...

.Жените требало да бидат мајка и черка. Го јавале кросното.

144
Macedonian Folk Demonology
Summary

Macedonian Folk Mythology and Demonology as its part, remains one of


the least investigated field of our sciense. In the last centry publications and those
from the period between the wars, we find a rich macedonian material which
reffers to the mythological beliefs of the macedonian people, Until the Second
World War, macedonian folk mythology had been a subject researched by
bulgarian and Serbian scientists who considered it part of their own folk culture
and sciense.
We notice more serious researches of the macedonian demonology in the
80's, although we meet scientific works with these problems in the previous
period but in a smaller number. Such research works are mainly devoted to the
representations of mythological ballads by K. Penushliski, Fania Popova, and
Marko Kitevski. With the appearance of the anthology „Vampires in macedonian
beliefs and legends", written by Leposava Spirovska and Tanas Vra'inovski, and
the monograph „Mythological legends!" written by Tanas Vra'inovski and K{i{tov
Vroclavski, an important step forward has been made toward the study of
different demoniac creatures.
Traditional archetype of Slavic folk culture clearly points out the tendencies
for mythological and symbolic personification of appearances and processes
which were happening both in the nature and the society surrounding the human
being. This moment is very important in the sphere of national consciousness
and the formation of a wide circle of fantastic demoniac characters and
presentations. On the basis of this, beliefs for the existence of different demoniac
creatures were formed.
According to that, the subjekt of our research is a special field of the folk
culture, so called „Demonology" which contains a group of beliefs in demons -
supernatural creatures, and in connection with them, so called „magic - religious
practices". As to the origin of demons, there was a belief that at least part of them
have their origin in the religion of the Old Slavs, which has been confirmed with
historical sources.
Christianization had also had a great influence on the development of
demonology among the countrymen. It is important to mention that the church
aimed at liquidation of all christian beliefs and ceremonies, and takiug away of all
reminiscences of pagan celestial beings. Nevertheless, a lot of pagan ceremonies
and beliefs have been kept today. They are often reduced, changed or adapted
but they have preserved the original contents and a lot of mythological elements,
elements of low mythology (demonology). A lot of moments from the pagan
ceremonies and beliefs have found their place in the system of the church and
dogmatism. Some of them found their place in the official Christianity where they
have been incorporated in the cults of the Christian saints.

10 145
As to the defining of demonology we can point out three basic levels for its
understandig: everyday, theological and scientific.
- The everyday understandig of demonology has been understood as a
sphere of beliefs in diferent spiritual creatures, in most of the cases nonindividual
and sometimes without form.
- Theological understanding deals with thinking about the structure of these
creatures as well as the scope of their negative connotation in the human life and
the possibilities of protection from them.
- The scientific understanding of demonology may be explained from
several aspects: religious, ethnographical and folklore. It includes the theories for
presentations of creatures similar to the Gods, their genesis, place and role in the
religious system, their functioning and their disappearing. It is a researching field
in the sphere of folk beliefs which refer to the presentations of these demoniac
creatures, semidemoniac characters and parademoniac appearances, for the
ceremonial practice and magic - religious activity.
In the tradition of the macedonian folk culture, beliefs in demoniac creatures
are very important and they are interlaced with the beliefs of other Slavic nations,
especially of the South - Slavic ones.
We pay a special attention to the question of ethnographical - folklore
interlacing without which we can not entirely include the demoniac presentations
and characters wich are our aim in this research.
The purpose of the research of beliefs in demoniac creatures is to some to
their reconstruction through the way of empiric relations. For that purpose,
detailed field researches have been done in more regions of Macedonia where a
rich material has been collected from the field of macedonian folk beliefs and the
folk prose: legends and tales.
On the basis of our research, we have concluded that beliefs in all well -
known demoniac creatures known in the past live in the contemporary macedo-
nian folk culture, although in many cases they are met in their reduced form.
Owing to that, we have come to important data about the following demoniac
characters: „zmev", „lamja", „vampir", „samovila", „navi", „stopan - pokrovitel",
„demoni na bolesta". These researches show that there is unequal presence of
some demoniac characters in concordance with the regional extension. However,
beliefs and legends for vampires are the most popular ones.
Material and analyses allow formation of a conditioned qualification where
the demoniac creatures are divided into four groups:
1. Atmospherical demons
2. Demons of nature (field, wood, mountain and wather ones).
3. Demons of destiny (destined men/women)
4. Harmful demons (demons of diseases and death).
The analysis of beliefs, motives and their wide introduction, allow to define
the basic characteristics of the demoniac creatures most important of which are
the physical ones. In principle, these creatures are invisible and they became
available to the people only in some weather or ceremonial conditions. Then they
have a mouth, thick eyebrows, or, they don't have them at all. They have a big
head and they are short, their eyes are green or brigth, they have unusual bid

146 o?
teeth, horns, they do not have a back, they have wings, six fingers, animal legs,
a tail, and they appear naked. They are known as song lovers, music lovers and
folk - dance lovers. Their appearance is double: animal and human, in most of
the cases with possibilities for metamorphosis.
The study of mythological presentations in the folk culture of our nation will
contribute to the enligthment of important questions in the history of the national
religion, mythology and folk opinion of Macedonians.
•IP Ч

*<?.'
СПИСОК НА ИНФОРМАТОРИТЕ И РАСКАЖАНИТЕ ОД НИВ
ВЕРУВАЊА И МИТСКИ ПРЕДАНИЈА

1. Љубе Ангелески, роден во 1947 година, во e. Мало Коњари.


Снимено во август 1933 година, во Мало Коњари, 66.
2. Јордан Атанасоски, роден во 1934 година, во e. Дуње. Снимено
во октомври 1944 година во Дуње, 16. 113.
3. Стојна Атанасоска, родена во 1921 год. во e. Ропотово. Сниме-
но на 22. 11. 1994 год. во Р о п о т о в о , 109.
4. Илија Бажески, роден во 1907 година, во e. Пуста Река. Снимено
во октомври 1944 година, во Пуста Река, 89.
5. Димитар Белчевски, роден во e. Русиново. Снимено во мај 1955
година, во Русиново, 43.
6. Мара Блажеска, родена во 1919 година. во e. Големо Радобил.
Снимено во ноември 1944 година, во Големо Радобил, 75.
7. Неде Ставрев Борчев, роден во 1890 година, во e. Бегниште.
Снимил Киро Андонов, во 1969 година, во Неготино, 8, 9.
8. Блаже Гачоски, роден во 1945 год. во e. Обршани. Снимено на
24. 10. 1994 год. во Обршани, Прилепско, 115.
9. Борка Дамчевска, родена во 1932 година, во e. Стругово.
Снимеио во октомври 1944 година, во e. Жван, 61.
10. Милка Дамчевска, родена во 1934 година, во e. Жван. Снимено
во октомври 1944 година, во Жван, 62.
11. Трајан Димитријоски, роден во 1916 година, во e. Белица.
Снимено во о к т о м в р и 1944 година, во e. Цер. 37, 40, 45, 87, 88, 103.
12. Александар Ѓамос, роден во 1919 година, во e. Трнава. Сниме-
но во декември 1987 година, во Торонто, Канада, 10, 11, 85, 86.
13. Сребре Ѓорѓиески, роден во 1910 година, во e. Боротино.
Снимено во август 1993 година, во e. Мало Коњари, 78, 82, 83, 84, 101.
14. Јован Јанев, роден во 1933 година, во e. Двориште. Снимено
во мај 1955 година, во Двориште, 22.
15. Славе Јанкуловски, роден во 1934 година, во e. Наколец.
Снимено во јуни 1933 година, во Торонто. 96, 104.
16. Ангелина Јончева, родена во 1926 година, во e. Полчишта.
Снимено во октомври 1994година, во Полчишта, 2, 3, 21, 24, 31, 33, 112.
17. Тоде Јошески, роден во 1923 година, во e. Велгошти. Снимено
во декември 1994 година, во Велгошти, 48.
18. Виолета Каева, родена во 1936 година. во e. Стојаково. Сниме-
но во декември 1994 година, во Стојаково, 89.
19. Силвана Каева, на 60 години, родена во e. Стојаково. Снимено
во декември 1994 година, во Стојаково, 47.

149
20. Даница Кебекоска, родена во 1934 година, во e. Криво.гаштани.
Снимено во октомври 1994 година, во e. Кадино Село, 91, 108.
21. Милан Костадиноски, роден во 1912 година, во e. Вирово.
Снимено во октомври 1994 година, во Кадино Село, 7, 20, 28, 35, 50, 54,
70, 92, 93, 105, 110.
22. Тодор Костадиноски, роден во 1904 година, во e. Модришта.
Снимено во јуни 1944 година, во Модришта, 15.
23. Љубе Костевски, роден во 1933 година, во e. Русиново. Сниме-
но во мај 1995 година, во Русиново, 25.
24. Весела Костоска, родена во 1919 година, во e. Радобил. Сниме-
но во октомври 1994 година, во Радобил, 57.
25. Крсте Крстески, роден во 1911 година, во e. Жван. Снимено во
октомври 1994 година, во Жван, 30, 95, 106.
26. Неда Лозановска, родена во 1938 година, во e. Штрбово.
Снимено во август 1993 година, во Торонто, 81.
27. Анѓа Макревска, родена во 1923 година, во e. Велгошта.
Снимено во октомври 1994 година, во Велгошта, 1, 111.
28. Трендафиле Миноски, роден во 1902 година, во e. Бенче.
Снимено во јули 1994 година, во Бенче, 76.
29. Никола Мирчевски, роден во 1915 година, во e. Сопотница.
Снимено во октомври 1994 година, во e. Прибилци, 29.
30. Тана Младенова, родена во 1915 година, во e. Вељуса. Снимено
во мај 1955 година, во e. Коњче, 26, 36, 44, 48.
31. Трајан Мрсак, роден во 1938 година во e. Ропотово. Снимено
во ноември 1944 година, во Ропотово, 49, 64.
32. Алексо Мускоски, роден во 1917 година, во e. Сопотница.
Снимено во октомври 1994 година, во Сопотница, 97.
33. Гроздан Недановски, роден во 1938 година, во e. Арвати.
Снимено во јуни 1993 година, во Торонто, 71, 74, 79, 100.
34. Јордан Недановски, роден во 1930 година, во e. Арвати.
Снимено во јуни 1993 година, во Торонто, 77.
35. Марија Пејкоска, родена во 1945 год. во e. Единаковци, При-
лепско. Снимено на 26. 10. 1994 год. во e. Неван, Демирхисарско, 114.
36. Марија Поповска, родена во 1925 година, во e. Робово. Сниме-
но во мај 1995 година во Робово, 4.
37. Стева Ристеска, родена во 1919 година, во e. Мажучишта.
Снимено во ноември 1992 година, во Мажучишта, 72.
38. Трајанка Ристеска, родена во 1922 година, во e. Пештани.
Снимено во октомври 1994 година, во e. Обрешани, 17, 19, 80.
39. Спаса Рулеска, родена во 1927 година, во e. Свето Митрани.
Снимено во октомври 1994 година, во e. Обрешани, 27, 46, 58, 94, 10Б.
40. Цветан Самарџиоски, роден во 1949 година, во e. Кадино Село.
Снимено во октомври 1994 година, Кадино Село, 13, 34, 63, 68, 69.
41. Милан Славески, роден во 1905 година, во e. Беловодица.
Снимено во ноември 1994 година, во Беловодица, 32.
y
Г
150
42. Блага Србиноска, на 65 години, родена во e. Кадино Село.
Снимено во јуни 1994 година, во e. Небрегово, 6, 56, 90.
43. Јордан Стенкоски, роден во 1921 година, во e. Пештани.
Снимено во декември 1994 година, во Пештани, 51, 52, 53, 102.
44. Гицо Тасев, роден во 1924 година, во e. Чифлик. Снимено во мај
1995 година, во Чифлик, 23, 42.
45. Славе Трајчевски, роден во e. Јанковец. Снимено во декември
1994 година, во Охрид, 5, 12, 38, 39.
46. Атанаска Треноска, родена во 1928 година, во e. Витолишта.
Снимено во октомври 1994 година, во Витолишта, 53.
47. Борис Хаџопулос, роден во 1907 година, во e. Статица. Сниме-
но во ноември 1987, година, во Торонто, 73.
48. Павлина Шалеска, родена во 1925 година во e. Робово. Сниме-
но во мај 1995 година, во Робово, 41.
49. Митра Шестакоска, родена во 1912 година, во e. Боротино.
Снимено во октомври 1994 година, во Боротино, 59, 60, 67, 116.
50. Ѓуро Шиников, роден во 1926 година, во e. Јабланица. Снимено
во јуни 1986 година, во Јабланица, 14,18.
51. Васил Челев, роден во 1905 година, во e. Стојаково. Снимено
во декември 1994 година, во Стојаково, 65.

/
15* ѓ;1
.- i

ft

I"»

I
РЕГИСТАР НА ЛИЧНИ ИМИЊА

Адам, 127 К. Мошињски, 12


Алекса, 137 К. Пенушлиски, 8
Ангелина (самовила), 23 Киро, 29
Ангелина Јовчева, 21 Коле, 130, 143 г ,
Анѓа, 27 Коле гаџов, 108, 109
св. Арангел, 60, 68, 69 Костадин, 121, 122
Крсте, 84
Благујна (Благуна), 104, 105 Кубур Стојче, 114
св. Богородица, 80 Кузе Кузев, 43
Борис Чирипанов Кузман Шапкарев, 19 !;Ч«,
Бошко В'лнарот, 38 Кшиштоф Вроцлавски, 8

Васил, 31, 32 Лазо Трајков, 31


Василија, 30 Лепосава Спироска, 8
Вељан, 74 п V.3. Лола Симоска, 19
Владимир Караџоски»19
Љупчо, 30
Геле, 107 ' Љупчо Ристески, 19
Гино, 111 •/ ;.-.T;
Глигор, 30 >' Марија, 28
Грнче, 27 Марко. 34, 35
Гроздан Недановски, 21 Марко Китевски, 8
Марко Крале, 34 »
Донка, 108 Марко Цепенков, 19, 20, 51, 61, 62,
Душко Наневски, 8 73, 74, 75
Миладиновци, 19, 51
св. Ѓорѓи, 50 Милан Костадиноски, 21
Ѓурѓа (самовила), 23 Милица, 129
Милка, 104, 105
Ева, 127
Ерина (самовила), 23 Никола, 121, 122 ѕ V *;
Ефрем Филипов, 31, 32 св. Никола, 80

св. Илија, 59, 60, 62, 80 Павле, 103


Исус, 30 св. Петар, 68, 69
св. Петка, 80
Јана (самовила), 23, 90 Петко Лајчаро, 62 »'•-•
Јованче, 31, 32 Пешо, 32

153
Ристо, 31, 32, 107 Тома, 30
Ристо Влачев, 113 Трајан Димитријоски, 21
Ристо Гиневски, 32 олејца, 81
Ристо Чачкировски, 105
Фанија Попова, 8
С. Верковиќ, 39 Франчевци, 31
Сакулица, 135
Слободан Зечевиќ, 13 Цвета, 143
Спаса Рулеска, 21 Цветко, Ш
Ставројца, 110 Цоно, 85
Стајо, 27
Стојан, 67, 68 св. Харалампие, 70
Стојна (самовила), 23
Стојче, 109 Џутески. 43

Танас Вражиновски, 8, 19 Шара, 71


Тасо, 85

154
РЕГИСТАР НА ГЕОГРАФСКИ ИМИЊА

Австралија, 77, 119, 130 Големо Рдобил, 22


Америка, 56, 137 Горни Подлог, 22
Анѓина Чешма, 33 Горно Дивјаци, 22
Арвати, 21 Горно Село, 21
Ариљево, 22 Горно Штрбово, 113
Гоцеделчевско, 73
Бабино, 45 Градиште, 80
Балкан, 11 Грешница, 21
Балкански Полуостров, 133 Грција, 21
Белица, 21, 74, 118
Беловодица, 22 Дабница, 30
Бенче, 21 Дабниште, 32, 33
Беровско, 22 Дебар, 56, 119
Бешиште, 46 Дебарско, 83, 84
Битола, 74, 110, 111, 119, 130, 32 Дебарца, 65
Борисово, 22 Дедино, 22
Боротино, 21, 144 Демир Капија, 22 . г -
Босна, 12 Демир Хисар, 21
Ботуше, 21 Демирхисарско, 81
Брезово, 129 Двориште, 22
Брод, 119 Дворци, 119
Бугарија, 7, 12 Длабоко Долиште, 113
Долнени, 21
Валандовско, 20, 22 Драгник, 108
Варош, 21 Драмско, 73
Велгошти, 22 Дреново, 22 (...
Велешко, 52, 73, 83, 85 Дрјаново, 134
Вепрчани, 143 Дуње, 21, 143
Веселчани, 101 Дучева Нива, 27
Вирово, 21, 75, 81, 136, 141
Витолишта, 21 Егејска Македонија, 73

Г. Дрјаново, 134 ,Жван, 21, 144


Габрово, 22 ,Желево, 117 <-....
Галичани, 21, 64
Галичник, 111 Загорци, 22 ^, г£
Гарван, 22 Змејова Пештера, 45 ј-
Гевгелија, 76
Гевгелиско, 20, 22, 93 Иншаси, 66 ^г ј, ' <;ч-

155
Охридско, 22, 52, 73, 74, 130
Јабланица, 39
Пашино Руфцу, 123
Кавадарско, 22 Пепелиште, 43, 78
Кадино Село, 21, 141 Петричко, 49
Кале, 137 Пештани, 22, 42, 43
Канада, 22 Пештанско, 43
Караорман, 22 Пиринска Македонија, 73, 134
Кичево, 109, 119 Пискупштина, 43
Ковач, 21 Пласница, 119
Коњче, 22, 66 Побрегови, 77
Корча, 113 Полчишта, 21
Кочанско, 83 Порече, 20, 21, 74, 75, 84, 93
Крско,66 Посрање, 137
Крушевско, 22 Преспанско, 21
Крушејца, 44 Прилеп, 17, 21, 22, 30
Курилов Камен, 31 прилепско, 20, 74, 93
Псодери, 33
Лагадин, 132 Пуста Река, 22
Латово, 75
леништа, 43 Радобил, 22, 109
Лесковица, 22 Радовишко, 20, 22
Ливадиште, 31 Раец, 22
Лукше, 21 Ракитец, 22
Р.амниште. 31
Мајановци, 42 Ратево, 22
Мажучиште, 21 Ресен, 110
Македонија, 7, 11, 12, 20, 22, 47, 52, Робово, 22
65, 73, 83, 139 Роман, 74
Малешево, 83 Ропотово, 141
Мало Коњари, 21 Русиново, 22, 70
Мапо Царевиќ, 109
Мариово, 20, 21, 142 Самовилец, 30
Мартолци, 83 Самовилски Брест, 31, 33
Миравци, 22 Самовивлска Чешма, 32, 33
Модришта, 21, 74 Самоков, 21, 84
Мокриево, 22 Сапотница, 21
Мокрино, 22 Свето Митрани, 21, 123
Скопска Црна Гора, 83, 133
Наколец, 112 Скопско, 52, 73
Слатина, 21
Обршани, 21, 144 Слепче, 221
Ореовец, 74 Сливница, 130
Орман, 73 Сливово, 65
Охрид, 22, 62, 74, 77, 84, 93, 132 Словенија

156
Соколарци, 22 Хрватска, 12
Солунско, 52
Спанчево, 22 Ц. Гора, 12
Србија, 7, 12, 56 Цер, 21, 22
Стојаково, 22, 119 Црешнево, 84
Струга, 93 Црешово, 21
Струмичка Котлина, 49, 51 Црна (река), 123
Струмичко, 22
Струшко, 93 Чеврен, 137
Чешиново, 22
Тиквеш, 108 Чифлиг, 22
Торонто, 21, 22 Чумина Дупка, 70
Требино, 21
Тркања, 22 Штип, 28
Трејаци, 22 Штипско, 22
Турција, 65 Штрбово, 113
СОДРЖИНА

КОН ПРОУЧУВАЊЕ НА ДЕМОНСКИТЕ СУШТЕСТВА ВО НАРОДНАТА РЕЛИГИЈА


КАЈ МАКЕДОНЦИТЕ 7

ТЕРЕНСКИ ИСТРАЖУВАЊА ВО ТЕКОТ НА ИЗРАБОТКАТА НА ПРОЕКТОТ


„МАКЕДОНСКА НАРОДНА МИТОЛОГИЈА - НАРОДНА ДЕМОНОЛОГИЈА" . . . . "'19
(
1САМОВИЛИ 23
1. Лекување од самовилски болести 27
2. Невидливи самовили 27
3. Невидливи самовили 28
• 4. Заболена од самовили 28
5. Самовилско пеење 29
• ' • 6. Баење за лекување од самовили 30
7. Самовилско црквиче 30
* * * » € Л » " 8. Самовилски Брест 31
' 9. Самовлилска Чешма 32
10. Жената и самовилите 33
' " 11. Овчарот и самовилите 33
' • ; 12. Марко Крале добива сила од самовила 34
' ' 13. Овчарчето и самовилите 35
I3MEB . sw\ 37
14. „Чујте народе, цар се роди на земјава" 41
15. За змеовата рожба не се кажувало 41
' • ' ' 16. Змевчето од Пештани 42
• • • • • 18. Змевот од Пискупштина 43
19. Змејова Дупка 44
20. Змејова Пештера во Бабино Село 45
21. Лотоманскиот змев 46
47
1ИЛАМЈА •••••*
22. Ламјата од Струмичката Котлина . . £ 49
24. Ламја и змев ^ 50
IV НАРЕЧНИЦИТЕ ,' 51
25. Наречниците и Господ ** 53
26. Пречекување на наречниците '\\ 53
27. Доаѓањето на наречниците ,1 54
28. Невидливите наречници 55
29. Од реченото не се бега ., 55
30. Наречниците - божји жени ,' 56
31. Наречувањето на наречниците , 58
32. Наречниците и свети Илија ,.'. 59
V БОЛЕСТИТЕ И СМРТТА 61
33. За чумата ."'. ';.' 64
34. Чумата во Галичани 64

159
35. Од чумата нема спас 65
36. Чумата во селото Конче 66
37. Чумата во селото Крско 66
38. Чумата убива според тефтерот 67
39. Господ и чумата 67
40. Свети Петар, чумата, сц. Арангел и овчарот 68
41. Заштита од чумата 69
42. Чумина Дупка 70
43. Сипаницата во селотот Русиново 70
44. Колерата и дедото 71
45. За шарката 71
VI СТОПАН ПОКРОВИТЕЛ 73
46. Куќна змија . . 76
47. Баење за заштита од змии 76
48. Толосом во Охрид 77
49. Смок чувар на црквата „Св. Тројца" 78
50. Смокот не се убива 78
51. Смок - чувар на пари 79
52. Нечесниот продавач на куќа 80
53. Смрт на жена од убиство на смок 81
54. Смок во селото Вирово 81
VIHABM 83
55. Навите ги креваат жените 87
56. Навите - ветровштини 87
57. Баење против нави 88
58. заштита од нави 89
59. Co венец против нави 89
60. Баење за фатена леунка од нави 90
61. Бранење од нави 90
УШВАМПИРИ 93
62. Претпазливост да не се стане вампир 97
63. Кој станувал вампир 97
64. Заштита од вампири 98
65. Рогозината пречка за вампирот 99
66. Заштита од вампир 99
67. Пренесување на вампир на друго место 100
68. Бркање на вампир 100
69. Пренесување на вампир преку река 102
70. Волкот против вампирот 102
71. Теле - вампир 103
72. Вампирката Милка 104
73. Вампирот Чачкиров 105
74. Вампирот геле 107
75. Тиквешкиот вампир 108
76. Вампирџијата од Кичево 109
77. Вампирите во близината на Ресен 110
78. Вампир во трлото 111
79. Удавените девојки во езерото 112
80. Непознатиот човек - вампир 112
81. Вампирите од Длабокото Долиште 113
A
160
82. Вампир - сениште 114
83. Голема тежина од вампир ' . 114
84. Убиство на вампир со убивање 115
85. Друг вампир во селото Желево 117
86. Вампир во селото Желево 117
87. Вампирот од селото Белица 118
88. Девојче вампир во Пласница 119
89. Вампир во Дебар 119
90. Вампир убиен од својата жена 120
91. Смрт од сенка 121
92. Дедото Никола - вампир 121
93. Вампирот кај железничката пруга 122
94. Вампир во селото Св. Митрани 123
95. Вампирот кај својата жена , . . 124
96. Девојката вампир и еден возач 124
IX ЃАВОЛ . 127
97. Ѓаволот и девојчето 129
98. Гаволот и тракаташката 129
99. Ѓаволите ги населувале водениците 130
100. Ѓаволите од Сливница 130
101. Ѓавол ги води воловите 131
102. Ѓавол - мачка 132
ХКАРАКОНЏОЛ 133
103. Вампирот - караконџол . 135
104. Конголот Сакулица : . 135
105. Караконџол во Вирово 136
.' 106. Вампирот - караконџол 136
'..' 107. Караконџолот што се вратил во Америка 137
ПНШПРИА 139
108. Маѓесници во Кадино Село 141
109. Маѓесници во Ропотово 141
110. Маѓесници во Вирово 142
111. „Преземачки" во Мариово 142
112. Бешишките маѓесници 143
113. Преземачки во Дуње 143
115. Вештиви во Обршани 144
116. Маѓесници во Боротино 144

MACEDONIAN FOLK DEMONOLOGY (SUMMARY) 145

СПИСОК HA ИНФОРМАТОРИТЕ И РАСАКЖАНИТЕ ОД НИВ ВЕРУВАЊА И

МИТСКИ ПРЕДАНИЈА 149

РЕГИСТАР НА ЛИЧНИ ИМИЊА 153

РЕГИСТАР НАГЕОГРАФСКИ ИМИЊА ,155

161
Издавачи
Институт за старословенска култура - Прилеп
Книгоиздателство „Матица македонска" - Скопје

Д-р Танас Вражиновски


Народна демонологија
на Македонците

Соработници:
Владимир Караџоски,
Љупчо Ристески и Лола Симоска

• »

) Илустрации по
мотиви од резби, фрески и икони
Нико П. Този

Јааична редакција и корекТур»


Дејан Павловски

Компјутерска подготовка и печат


Просвета - Куманово

Изданието финансиски e потпомогнато од


Министерството за наука на Република Македонија

CIP - Каталогизација во публикација Народна и универзитетска библиотека


„Климеит Охридски". Скопје

398.221 (=866)
398.221 (=866) (049.3)

НАРОДНА демонологија на Македонците / [собрал] Танас Вражиновски ;


соработници Владимир Караџоски, Љупчо Ристески, Лола Симоска. - Скопје : Матица
македонска , Прилеп : Институт за старословенска култура, 1996. -164 стр. : илустр.
; 24 см

Ha наспор. насл. стр.: Macedonian folk demonology / [compiled by] Tanas Vrazinovski. -
Кон проучувањето на демонските суштества во народната религија кај Македонците
/Танас Вражиновски: стр. 7-[17]. - Библиографија: стр. 18. - Summary - Регистри.
1. ВРАЖИНОВСКИ, Танас

ISBN 9989-48-066-4

You might also like