Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 6

Холокаустот и последиците во текот на втората светска војна

Холокауст е термин кој се користи за масовното систематско убивање на


околу шест милиони европски Евреи, во текот на Втората светска војна, од страна
на нацистичкиот режим во Германија, предводен од Адолф Хитлер.
Овој режим исто така масовно убивал и други народи и групи на луѓе,
како: Ромите, Словените,  хендикепираните, итн.
Почетоците на систематскиот прогон и убиства на Евреите стартуваат
веднаш по доаѓањето на власт на нацистичката партија во Германија во 1933
година. Прогонот на Евреите кулминира низ цела Европа со почетокот на Втората
светска војна. Нацистите ги убиваат Евреите во логори на смртта распослани во
повеќе источно-европски земји и во Германија. За време на војната нацистичкиот
режим негира дека се случува геноцид над Евреите, а целосните размери на
ужасното сценарио се откриваат дури по завршувањето на Втората светска војна.

Зачетоците на Холокаустот - 1933-1938

Се започна со бојкотот на еврејските продавници и заврши со гасни комори


во Аушвиц, во намерата  Адолф Хитлер и неговите следбеници да ги истребат
Евреите и другите "неариевци" низ Европа, а подоцна и Светот. Во
јануари 1933 година, по десетгодишна политичка борба, Адолф Хитлер дојде на
власт во Германија. Додека неговата моќ растеше, тој континуирано ги
обвинуваше Евреите за поразот на Германија во Првата светска војна и
за економските тешкотии со коишто таа се соочи потоа. Во јавноста, тој ја
пласираше расната теорија, според која Германците со светол тен, плава коса и
1
сини очи се супериорна човечка раса, владеачка раса, а спроти нив се Евреите,
кои коваат светски заговор со што се обидуваат да ја оттргнат германската раса
од позициите во светот што им припаѓаат и да владеат со светот.

Во тој период, Евреите беа едвај еден процент од тогашната 55 милионска


германска популација. Германските Евреи во тоа време беа космополити и горди
што се Германци по националност, а Евреи по религија. Тие живееа во Германија
со векови. Тогаш, како и сега, важеа за интелигентни луѓе со успеси во
многубројни професии.
Меѓутоа, германската држава, водена од нацистичкиот режим, со Законот
од Нирнберг (1935) најпрвин го забрани бракот меѓу не-Евреи и Евреи и со што
Евреите беа отстранети од училиштата како професори, им беше забрането да
обавуваат јавни професии, да служат во војската, па дури и да седат на иста
клупа во парк со не-Евреи. Евреите ги изгубија своите основни човекови права.
Како и во Германија, беа приморувани на јавна работа зачинета со потсмев под
будното око на германската нацистичка младина.

Историјата, особено онаа во текот и пред почетокот на Втората светска


војна, е преполна со црни точки кои засекогаш ќе бидат тажен потсетник за
насилството и за притисоците кои биле направени врз Евреите. Еден од тие
настани е и „Кристалната ноќ“, акт на масовно прогонување на Евреите во цела
Германија и делови од Австрија на 9 и 10 ноември 1938 година. Домовите на
Евреите биле опустошени во неколку германски градови, како и 8000 еврејски
дуќани од страна на цивили и членови на (паравоена организација на
Нацистичката партија во Германија), кои ги рушеле еврејските градби со токмаци,
2
оставајќи ги улиците покриени со скршени прозорци и излози. Оттаму доаѓа името
„Ноќ на скршено стакло“ кога многу Евреи биле претепани до смрт, а 30.000 Евреи
мажи биле однесени во концентрациони логори, додека 1668 синагоги биле
опустошени и 267 биле запалени.

Хитлер ја започнува својата борба („Мојата борба“)

Во говорите на Хитлер, тој ги обвинува Евреите за поразот во Првата


светска војна. Тој се обидувал да ги обвини Евреите за
лошата економска состојба во земјата, со намера да добие огромна поддршка
од германскиот народ. Испровоцирани од неговите говори, тие се придружувале
кон германската нацистичка војска. Војната започна на 1 септември 1939 година,
со нападот на Германија врз Полска, земја која беше дом на три милиони Евреи.
По брзата победа над Полска, Хитлеровата администрација ги оформи Еврејските
гета во Лоѓ, Краков и Варшава. Била забранета секаква комуникација на Евреите
од гетата со останатиот дел од светот. Илјадници умреле бавно од глад и
болести. Наскоро, гетата потпаднале под администрација на Хајнрих Химлер,
водачот на нацистичките СС сили, Хитлеровата најлојална организација,
составена од фанатични млади Германци од чиста раса, според наци-
стандардите.

3
Пролетта 1940 година, Химлер наредил градење на концентрационен
логор близу полскиот град Освик, преименуван од нацистите во Аушвиц, со
намера да се изолираат полските затвореници и да се обезбеди бесплатна
принудна работа. Во Аушвиц, голем дел од логорите веќе биле во изградба,
именувани под името Аушвиц 2 (Биркенау). Овој дел ќе стане средиште на четири
огромни гасни комори, употребувани за масовно истребување. Идејата за масовно
убивање потекнувала од програмата Убиство од милосрдие, која ја применувале
докторите за еутаназирање на болните и немоќи цивили од
окупираните Австриски и Полски територии. Во меѓувреме, за само два дена, во
месноста Баби Јар во Украина, биле стрелани 33.000 Евреи-цивили.
Нередната 1942 година, вториот по ранг командант на СС-силите, Рајнхард
Хејдрих, на конференцијата во Ванси, Берлин, ги изнел плановите за Финалното
решение. Според него, Евреите од Европа треба да се депортираат во Полска,
каде што со полна пареа се граделе нови погони за истребување,
како Белзец, Собибор, Треблинка и Аушвиц-Биркенау.

Секој детал од истребувачкиот процес бил


методски испланиран. Евреите кои
пристигале со возови од Белзец, Собибор и
Треблинка, биле лажно информирани
од СС дека тоа е само транзитно запирање и
дека ќе продолжат кон нивното вистинско
одредиште (фабрики каде требало да
4
работат) по извесно време. Им било кажувано дека нивните алишта ќе бидат
дезинфицирани и дека треба најпрвин да се истушираат. Мажите биле
одделувани од жените и децата. Сите биле водени во бараките за соблекување.
На жените и девојките им била сечена косата. Најпрвин мажите, а потоа и жените,
биле водени во простории со тушеви, каде откако ќе влезеле, им ги затворале
вратите и ги вклучувале машините на бензин. Смртоносниот јаглероден
моноксид за кратко им ја труел крвта, по што следела нова тура на "капачи".

Депортирањето на македонските Евреи во логорот Треблинка

Ноќта на 11 март 1943 година, околу 7.700 Евреи од Македонија (од Скопје,


Битола и Штип) или нешто повеќе од 98% од вкупното еврејско население во
Македонија биле уапсени од бугарската окупаторска фашистичка власт и
затворени во скопскиот Монопол (магацините на тутунскиот комбинат Скопје) од
каде што со товарни вагони биле депортирани во концентрациониот логор
Треблинка во Полска, каде што скоро сите биле убиени.

5
Скоро два милиони жртви на Холокаустот не беа Евреи

Tочната бројка на жртви на холокаустот не може со сигурност да се утврди,


но располагајќи со документи кои не биле уништени од нацистите, научниците и
аналитичарите, пресметале дека се работи за бројка помеѓу 6 и 7 милиони
убиени, отруени и потоа кремирани затвореници од логорите на смртта. Таа
бројка вклучува 5-6 милиони Евреи, од кои дури 3 милиони биле полски Евреи, 1,8
милиони полски христијани (бројка која не ги вклучува оние кои се приклучиле во
антифашистичките движења и така го загубиле животот и оние кои биле
депортирани од Советите во Средна Азија и Сибир), околу:

o 300.000 Роми,
o 300.000 лица со физички недостатоци,
o 100.000 европски Масони,
o околу 100.000 комунисти,
o 25.000 хомосексуалци и
o околу 5.000 Јеховини сведоци.
Постојат статистички податоци дека уште:

o 3.5-6 милиони цивили Словени,
o 2.5-4 милиони Советски воени заробеници и
o 1-1,5 милиони политички десиденти биле стрелани од страна на
нацистите,
но за нив нема поткрепени со факти податоци.

Изработил:
Марко Ивановски 9б одд

You might also like