Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 4

I.

1 Геометриска веројатност
1. (Испит 26.08.2014) Произволно се бираат два ненегативни реални броеви x и y такви што x  2 и
y  2 . Која е веројатноста производот на овие два реални броја да не биде поголем од 1, а
y
количникот да биде поголем од 2?
x
2. (I колок. 08.11.2014) Два броја се бираат на случаен начин од интервалот
(-1,1). Ако се знае дека нивниот збир е негативен, да се најде веројатноста дека првиот број е помал
1
и истовремено неговиот квадрат е помал од вториот број.
2
3. (I колок. 02.11.2013) Падобранец скока од авион на квадратно поле со страна 2km. Во секој агол на
полето има големо дрво. Јажињата на падобранот ќе се заплеткаат во дрвото, ако тој падне на
далечина помала од 1/11km од стеблото на дрвото. Која е веројатноста дека падобранецот ќе слета
во областа без да биде заплеткан во дрво?
4. (I колок. 03.11.2012)(група 1) Да се определи веројатноста дека два случајно избрани реални броеви
1
x и y помеѓу 0 и 2 се такви што x  y  ?
3
5. (I колок. 03.11.2012)(група 2) Да се определи веројатноста дека два случајно избрани реални
2
броеви x и y помеѓу 0 и 2 се такви што max{ x, y}  ?
3
6. (I колок. 03.11.2012)(група 3) Да се определи веројатноста дека два случајно избрани реални броеви
2
x и y помеѓу 0 и 2 се такви што x  y  ?
3
7. (I колок. 2009) Една хала на саемот на книгата е отворена од 08 до 20h. Купувач влегува во халата во
случаен момент X, а излегува од нејзе во случаен момент Y. Неговото време на задржување на
саемот е случајно. Да се најде веројатноста дека купувачот ќе се задржи во халата најмалку 1, а
најмногу 3 часа.
8. (ФЕИТ Испит 26.08.2014) Случајно се избираат два реални броја p и q така што p  2 , q  3 и се
формира квадратната равенка x 2  2 px  q  0 .
а) Колкава е веројатноста решенијата на добиената равенка да бидат комплексни?
б) Колкава е веројатноста двете решенија на добиената равенка да бидат реални и различни, а
колкава е веројатноста решенијата да бидат реални и еднакви?
9. Од сегментот [0,1] случајно се избираат два реални броја. Да се определи веројатноста:
а) првата цифра по децималната запирка да биде иста кај двата избрани реални броја.
б) првата цифра по децималната запирка кај првиот избран број да биде помала од првата по
децималната запирка цифра кај вториот избран број.
в) првата цифра по децималната запирка кај едниот избран број да биде помала од првата по
децималната запирка цифра кај другиот избран број.
I.2. Тотална и Бајесова веројатност
1. (I колок. 08.11.2014) Во првата кутија има 4 црвени и 6 сини, а во втората има 5 црвени и 3 сини
топчиња. На случаен начин од првата кутија се бира топче и се префрла во втората кутија, а потоа
од втората кутија се влече топче.
а) Да се определи веројатноста дека извлеченото топче е црвено?
б) Ако е утврдено дека извлеченото топче е црвено, колкава е веројатноста дека од првата кутија во
втората е префрлено црвено топче?
2. (I колок. 02.11.2013) На две полици се наоѓаат книги по Веројатност и книги по Статистика. На
првата полица има a книги по Веројатност и b книги по Статистика, а на втората полица има c книги
по Веројатност и d книги по Статистика.Студент од првата полица зема две книги и ги става на
биро, а од втората полица зема една книга и ја става на бирото. Потоа, од бирото зема една книга.
Колкава е веројатноста книгата да е по Веројатност?
3. (I колок. 17.11.2010) On-line компјутерски систем има 4 комуникациски линии на кои пристигнуваат
пораки. Во следнава табела се дадени карактеритиките на четирите линии:
Линија Сообраќај Пораки без грешка
1 0,4 0,998
2 0,3 0,999
3 0,1 0,997
4 0,2 0,992
Првата колона дава процент на сообраќајот кој се одвива на секоја од линиите. Втората колона ја
дава веројатноста дека примената порака на соодветната линија нема да има грешка.
а) Која е веројатноста дека произволно примена порака е без грешка?
б) Ако се знае дека пораката има грешка, која е веројатноста дека таа била примена на првата
комуникациска линија?
4. (I колок. 20.01.2014) Една фабрика се состои од три погона. Два од нив имаат ист обем на
производство и тој обем е за два пати поголем од обемот на третиот погон. Во првиот погон бројот
на дефектни производи е 4%, во вториот 2 % а во третиот 5%. Дневното производство на овие
погони се носи во ист магацин.
а) Колкава е веројатноста еден случајно избран производ од магацинот да биде дефектен?
б) Ако случајно избраниот производ е дефектен, колкава е веројатноста тој да доаѓа од првиот
погон?
в) Ако од магацинот случајно се избрани 10 производи, да се определи веројатноста бројот на
исправни производи да е барем 2?
5. (I колок. 03.11.2012) Во една продавница има две кутии со мемориски картички. Во првата кутија
има 11 картички од кои 3 се оштетени, а во втората кутија има 9 од кои 3 се оштетени. Еден купувач
зема една картичка од првата кутија, но пред да оди на каса решава да ја врати и притоа случајно
избира кутија во која ќе ја врати. После него, влегу друг купувач кој зема картичка од втората
кутија. Колкава е веројатноста вториот да земе картичка која не е оштетена? Ако вториот купувач
земал неоштетена картичка, која е веројатноста дека првиот земал оштетена картичка и ја вратил во
погрешна кутија?
6. (Испит 14.02.2013) Во две кутии се наоѓаат бели и црни топчиња, при што во првата има a бели и b
црни а во втората има c бели и d црни топчиња ( a, b  2, c, d  1 ). Од првата кутија се извлекуваат
две топчиња а од втората кутија се извлекува едно топче и се ставаат во трета празна кутија, и на
крај од третата кутија се извлекува едно топче. Колкава е веројатноста дека извлеченото топче е
бело?
7. (Испит 24.01.2011) Во еден пакет се наоѓаат a со класична и b со рок музика а во друг пакет се
наоѓаат c со класична и d со рок музика. На случаен начин од секој од пакетите се бира по еден диск,
и им се менуваат местата (се враќаат во погрешен пакет). Потоа од првиот пакет се бира еден диск.
Која е веројатноста дека тој ќе биде со класична музика?
8. (ФЕИТ Испит јуни 2013) По еден двонасочен пат еден кон друг се движат два автомобили.
Веројатноста дека безбедно ќе се разминат ако двајцата возачи се со возачко искуство е 0,999. Ако
едниот возач е почетник веројатноста е 0,97 , а ако двајцата возачи се почетници веројатноста е 0,4.
Да се определи веројатноста дека двата автомобили безбедно ќе се разминат ако се знае дека секој
стотти возач е почетник?
9. (ФЕИТ Испит август 2013) На еден конкурс за работа се пријавиле 6 кандидати кои завршиле
факултет А и 4 кандидати од факултет Б. Притоа, една од апликациите се изгубила. За да се одреди
од каде е кандидатот чија апликација е изгубена, произволно биле извлечени две апликации. Која е
веројатноста изгубената апликација да е на кандидат од факултет А, ако двете извлечени апликации
се од А? Која е веројатноста изгубената апликација да е на кандидат од факултет А, ако двете
апликации се на кандидат од ист факултет?
10. (I колок. 18.11.2011) Тестот за присуство на алкохол во организмот на еден возач има точност 98%
за тие возачи кои навистина конзумирале поголеми количини на алкохол, но исто така тој е
позитивен и за 1,5% од возачите кои не конзумирале алкохол. Претпоставете дека 40% од возачите
во градот Скопје конзумираат алкохол. Ако еден возач добие негативен резултат на тестот, која е
веројатноста дека тој возач бил под дејство на алкохол?
11. (ФИНКИ Испит 15.03.2014)(II циклус) Во една кутија има 2 бели и 3 црни топчиња, а во друга 4
бели и 1 црно. Од стандарден шпил со 52 карти случајно се избира една. Ако избраната карта е треф,
од првата кутија се извлекуваат две топчиња наеднаш, а ако не е треф, од втората кутија се
извлекуваат две топчиња наеднаш.
а) Да се определи веројатноста дека извлечените топчиња се со иста боја?
б) Ако се знае дека извлечените топчиња се со различна боја, да се определи веројатноста дека е
извлечена карта треф?
12. (ФЕИТ Испит 26.05.2014) Дадени се две партии производи од ист вид. Првата партија се состои од
100 производи од кои 5% се неисправни, а втората од 80 производи од кои исто така 5% се
неисправни. Од првата партија на случаен начин се избираат 15 производи, а од втората партија 10
производи, и од нив се формира трета партија. Од третата партија на случаен начин се избира еден
производ.
а) Колкава е веројатноста од третата партија да се избере исправен производ?
б) Од третата партија е избран исправен производ. Колкава е веројатноста избраниот производ да
припаѓа на првата партија производи? На која од двете партии производи најверојатно припаѓа
избраниот производ?
I.3. Бернулиева шема
1. (I колоквиум 18.11.2011) Мрежата во една лабораторија во која има 30 копјутери била нападната од
компјутерски вирус. Вирусот заразува еден компјутер со веројатност од 0,3 , независно од другите
компјутери. Пресметајте ја веројатноста дека најмалку 7 компјутери се заразени?
2. (I колоквиум 02.11.2013) Глувче се движи во координатен систем, во бесконечен лавиринт.
Започнува од координатниот почеток и во секој чекор се движи само надесно или нагоре со
веројатност p= 0,7 и q=0,3 соодветно.
а) На координатата (8,5) се наоѓа сиренце. Која е веројатноста дека глувчето ќе стигне до сиренцето?
б) Лавиринтот има бесконечно многу излези, сите на горниот крај. Која е веројатноста дека глувчето
ќе стигне до некој од излезите во најмногу 13 чекори?
3. (ФЕИТ Испит 25.09.207) Веројатноста за појавување на грб на три различни монети е 0,4
(неисправна монета); 0,5 (исправна монета) и 0,6 (неисправна монета). На случаен начин се избира
една монета и се фрла 8 пати. Забележано е дека три пати се паднал грб. Најди ја веројатноста дека
избраната монета е исправна.
4. Бинарен сигнал (бинарна низа составена од нули и единици) со должина 10 се испраќа од три места:
A, B и C. Веројатноста дека сигналот е испратен од местата A, B и C е 1/2 , 1/3 и 1/6 соодветно. Ако
сигналот е испратен од местата A, B или C тогаш веројатноста дека единица се наоѓа на било кое
место во бинарната низа е 0.2, 0.3 и 0.4 соодветно.
а) Колкава е веројатноста на местото на прием да биде примен бинарен сигнал со должина 10
составен од 4 единици и 6 нули?
б) Ако е познато дека е примен бинарен сигнал со должина 10 составен од 4 единици и 6 нули,
колкава е веројатноста дека тој сигнал е испратен од местото A?
5. (Испит 11.06.2014) За наоѓање на изгубен авион употребени се 60 хелихоптери, од кои секој од нив
може да се користи во еден од двата реона во кои авионот може да се наоѓа со веројатност 0,6
односно 0,4. Како треба да се распределат хелихоптерите по реони за да веројатноста дека авионот
ќе биде најден е максимална, ако секој хелихоптер го наоѓа авионот, изгубен во реонот во кој бара
со веројатност 0,3? Барањата на хелихоптерите се меѓу себе независни.
6. Обележано топче може да се најде во кутија A со веројатност 2/3, а во кутија B со со веројатност 1/3.
Веројатноста да се извлече обележаното топче од кутијата од која се наоѓа е 0.1. Топчињата се
извлекуваат на следниов начин: секое топче се извлекува едно по едно и се враќа во својата кутија .
а) Се извлекуваат 5 топчиња од кутијата A и 15 топчиња од кутијата B според погоре опишаниот
начин. Колкава е веројатноста да не се извлече обележаното топче?
б) Колку пати треба да се извлекува топче од кутијата A од вкупно 20 извлекувања од двете кутии
според погоре опишаниот начин, за да веројатноста барем еднаш да се извлече обележаното топче
биде максимална?

You might also like