Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 1

ДИХИБРИДНО НАСЛЕДУВАЊЕ

Доколку кај единките во паренталната генерација разликуваме две различни фенотипски


својства контролирани од два пара различни генски алели и го следиме нивното
пренесување на потомствотово првата и втората филијална генерација, во тој случај
зборуваме за дихибридно наследување.
Така на пример, следејќи истовремено две алтернативни својства кај грашокот, меѓу
растенија кои се одликувале со мазно и жолто семе (доминантни) и растенија со
набрчкано и зелено семе(рецесивни) во F-1 генерацијата се развиле растенија со
исклучиво мазно и жолто семе. Тоа значи дека се изразиле само доминантните
својства. Кога на единките од F-1 им било допуштено непречено вкрстување, во кое
дошло до израз слободното и независно комбинирање на наследните фактори од нив
биле добиени растенија на F-2 генерација, кои во однос нс формата и бојата на семето
биле групирани во 4 групи:
-мазно и жолто 315
-мазно и зелено 108
-набрчкано и жолто 101
-набрчкано и зелено 32
или приближен однос 9:3:3:1. Ова значи дека освен двете родителски својства се јавиле
две нови комбинации, какви што Мендел ги предвидел и теоретски.

Слободното комбинирање на наследните фактори од четирите видови гамети кај


дихибридното вкрстување, ќе даде 16 комбинации во однос 9:3:3:1 кое може да се
претстави на т.н Panett-ова мрежа од 16 квадрати.

You might also like