Географија 2 Оцена Втордел

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 4

Генетски типови релјеф

1. Сонцето прави ерозивни форми (точило и урниси) и акумулативни (сипари, река од


камења)
2. Водата создава 4 типа генетски релјеф-
 Речен (флувијален)
 Абразивен
 Карстен
 Глацијален (леднички)
3. Речниот релјеф го создава кинетичката енергија на речната вода. Пл. Реки со
стремен пад прават ерозија а со рамничарски акумулација. Ерозивното деојство го
вршат реките со механичко сила. Ерозивни форми- речно корито, речна долина,
речна тераса, меандри и водопад. Акумулативното дејство се состои од таложење
на наносениот материјал на местата каде што ерозивното дејство е намалено. Тоа
се- алувијални рамнини, речни острови (ади) и делти.
4. Абразивниот релјеф го создаваат морските и езерските бранови со нивната ударна
сила. Абразивните релјефни форми зависат од стрмнината на брегот, цврстината на
карпите, од јачината на ветровите кои ги придвижуваат брановите. Ерозовни
форми се- бранова поткапина, клиф, крајбрежна тераса, континентален отсек.
Акумулативни се- низок песочен брег и томболо.
5. Карстниот релјеф се создава со хемиско растворање на варовничките карпи.
Растворањето на овие карпи е предизвикано од дождовите и елементите кои се во
него. Поради дождовите има хемиско дејство наречено ерозија а релјефните
форми се наречени карстни форми. Со карстна ерозија се создаваат-
 Површински ерозивни форми (шкрапи, вртачи, ували и карстни полиња)
 Подземни ерозивни форми (понори, јами и пештерите)

Акумулативни карстни форми – сталактити и сталагмити, пештерски завеси

6. Глацијален (леднички) релјеф настанува на северните поларни места и на високите


планини. Таму врнежите паѓаат како снег и поради ниските температури никогаш
не се топи. За време на краткото лето горните слоеви од снегот се топат и водата
навлегува во снежните слоеви. Потоа поради намалувањето на температурата
навлезената вода замрзнува. Со припојување на повеќе замрзнати делови
настануваат ледници. Ледниците се двишат, ја разоруваат подлогата, цврстиот
материјал го носат со себе, а откако ќе се стопат го таложат во пониските делови.
Така настануваат ерозивни и акумулативни форми. Ерозивни форми се- циркови и
валови. А акумулативни се- морените и терминалните басени.
7. Еолски релјеф настанува под дејство на ветерпт кој го пренесува ситниот материјал
и со ослабување на силата го таложи. Ваквиот тим на релјеф го има во пустините.
Таму распаѓањето на карпите се случува под дејство на високите темпаратури до
+50 степени и ноќните ниски температури до 0 степени. Ерозивни форми се-
карпести пустини и оази. А алувијани се- песочните ридови (дини) и наслаги од лес
Распоред на копното на Земјата

1. Вкупно површината на Земјата изнесува 510 мил км, копно зафаќа 149 мил км, а вода 361
мил км. На Северната полутопка копното зафаќа 125 мил км, на Јужнното 24 милиони км,
на Источното 104 мил км, а на Западното 45 мил км.
2. На Земјата има 7 континенти-
 Азија е најголем- 44 мил км
 Африка- 30мил км
 С. Америка- 24 мил км
 Ј.Америка- 18 мил км
 Антартик- 14 мил км
 Европа- со 10 мил км
 Австралија со Океанија- 9 мил км
3. Најголеми острови се- Гренланд, Нова Гвинеја, Борнео, Мадагаскар.
4. Најголеми полуострови се- Индокина, Арабскиот, Лабрадор, Скандинавскиот

5. Планините се пространи возвишенија на релјефот на копното. Настанале со


издигнување на одделни делови на Земјината кора под влијание на внатрешните сили.
Според начинот на создавање се делат на-
 Верижни (во Европа се претегаат Запад- Исток, во С. и Ј. Америка Север- Југ)
 Грамадни (немаат правец на протегање обично се одделени со котлини)
 Вулкански (над 5000м висина)
6. Верижните планини настанале под дејство на орогените движења со набирањена
слоевите на седиментните карпи. Најмлади и највисоки. Најпознати се- Андите, Алпите,
Хималаите и др.
7. Грамадните планини настанале со издигнување и спуштање по должината на раседните
линии. Овде спаѓаат Родопските планини.
8. Вулканските планини настанале од лавата и од другиот вулкански материјал. Во форма се
на конус. Најмногу ги има во С. и Ј. Америка, Африка. На секоја планина разликуваме-
подножје, страни и врв
9. Според височината се делат на-
 Ниски (од 500- 1000 м)
 Средни (од 1000-2000м)
 Високи (+2000м)
10. Низините се протстрани зарамнети делови на копното со надморска височина од 200м.
Зафаќаат 25% од копното односно 37мил км. Според начинот на настанокот можат да
бидат- ерозивни и структурни.
11. Структурни се изградени од хоризонтални и благо наведнати слоеви. Најпознати се-
Источноевропската, Западносибирската, Прикасписката, Централниот басен во Северна
Америка
12. Ерозивните низини настанале од надворешните сили како последица од долгогодишните
процеси на ерозијата и на акумулацијата. Такви се-
 Алувијалните (настанале со таложење на материјалот од реките кој доаѓал од
планините. Ламбадорската низина, Хиндусканската, Месопотамија)
 Флувио-глацијалните (со таложење на материјалот кој го носела водата со топење
на ледниците во минатото. Полска и Белоруска низина)
 Езерските (настанале на местата на денешните реки)
 Котлинските рамнини (изградени се од речни или езерски седименти)
13. Пространите вдлабнатини на копното кои се наоѓаат под морското ниво се викаат
депресии.

Почвени типови на Земјата

1. Почвите на земјата се формирале од надворешните и внатрешните сили. Најголемо


влијание имаат сонцето, ветровите, врнежите, речната вода, растителниот и
животинскиот свет и човекот.
2. На Земјата или повеќе типови на почви-
 Делувијални
 Алувијални
 Смолници
 Црвеници
 Кафеави
 Солени
3. Делувијалните настанале со транспортирање на раздробниот материјал од карпите
под дејство на врнежите, ветровите или ледниците. На тој начин настанале плавините,
лесните наслаги во Панонската низина, степите во Русија и Украина и прериите во
Америка. Може да се одлгедуваат житни култури како пченица, пченка, тутун и др.
4. Алувијалните се најмлади и траат и денес. Настануваат во речните долини- Мисисипи,
Инд, Ганг, Еуфрат, Дунав и др. Со излевање на коритата се таложи песокот и глината и
така доаѓа до создавање нови почвени слоеви- алувиум и се погодни за полјоделски
култури.
5. Смолниците настанале со таложење на езерските седименти. Во својот состав имаат
песоци и глини. За време на сушниот период ја губат влагата и стануваат многу цврсти,
а за време на влажниот период се лепливи. Погодни се за одгледување жита, тутун,
винова лоза и др.
6. Црвениците настанале врз кристалните шкрици/ варовниците поради ерозијата и
дождовите. Најпогодни се за одгледување винова лоза, смокви, маслинки и др.
7. Кафеавите настанале врз подлогата на смолниците и црвениците. Составот им е
глинест и тешко песоклив. Содржат многу варовник, слабо хумус и имаат многу
калиум. Може да се одгледува винова лоза, тутун и др.
8. Солените настануваат кога подземните води се издигнуваат и испаруваат. Растворните
соли кристализираат при испарувањето и акумулираат и даваат почвен слој- солонец.
Ги има во Тиквешката и Овчополската котлина.

Има и други видови на почви- пустинската, хидроморфна, мочурливи и др

You might also like