Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 3

Хуманитарни организации и институции кои имаат хуманитарна

дејност во својата работа


Организација на Црвениот крст и Црвената полумесечина
Најголеми меѓународни хуманитарни организации се организацијата на Меѓународниот
Црвен крст и Црвената полумесечина. Тие се меѓународно хуманитарно движење со
околу 97 милиони доброволци ширум светот. Нивна мисија е заштитата на човековиот
живот, неговото здравје, безбедност и достоинство, спречување на човековото страдање
и дискриминација заснована на националност, раса, религија, класна припадност,
политичко уверување. Како непристрасна, неутрална и независна организација,
официјалната мисија на Меѓународниот Црвен крст и Црвената полумесечина заштита на
животот и достоинството на жртвите од меѓународни и внатрешни вооружени судири.
Основните задачи на организацијата се следните:
- да се следи усогласеноста на завојуваните страни со Женевската конвенција,
- да организира медицинска нега и грижа за оние кои се ранети на бојното поле,
- да го надгледува третманот на воените затвореници,
- да помогне при потрага по исчезнати лица во вооружен конфликт (услуга за
пронаоѓање),
- да се организира заштита и грижа за граѓанското население,
- да арбитрираат меѓу завојуваните страни во вооружен судир.
Принципите според кои се водат се:
Хуманост - Промовирање меѓусебно разбирање, пријателство, соработка и траен мир
меѓу сите народи.
Непристрасност - Недискриминирање во однос на националноста, расата, верските
уверувања, класните или политичките мислења. Настојување да се олеснат страдањата на
поединците, водени само од нивните потреби и да им се даде приоритет на најитните
случаи на неволја.
Неутралност - Движењето не зазема страна во непријателства и не се вклучува во
полемики од политичка, расна, верска или идеолошка природа.
Независност - Движењето е независно. Иако националните друштва се помошници во
хуманитарните служби на нивните влади и подлежат на законите на нивните соодветни
земји, секогаш мора да ја одржуваат својата автономија за да можат во секое време да
дејствуваат во согласност со принципите на движењето.
Доброволна служба - Тоа е доброволно движење, непрофитабилно и непоттикнувано на
кој било начин од желбата за добивка.
Единство - Може да има само еден Црвен крст и една Црвена полумесечина во која било
земја. Организациите мора да бидат отворени за сите и да ја извршуваат својата
хуманитарна работа низ целата територија на земјата.
Универзалност - Сите општества имаат еднаков статус и имаат еднакви одговорности и
должности да си помагаат едни на други. Повеќе информации:
https://www.icrc.org/en/who-we-are/movement

Amnesty International (Амнести интернешнал)


Организацијата е основана со цел да се бори за заштита на луѓето од тортура и укинување
на смртната казна. Нивната дејност низ годините е проширена на различни теми кои се
однесуваат на заштита на човековите права низ светот. Дел од темите на кои работат се:
Контрола на оружје, Смртна казна, Права на затвореници, Дискриминација, Исчезнати
лица, Слобода на изразување, Достоинствено живеење, Полициско насилство, Мигранти,
баратели на азил, бегалци.
Повеќе информации: https://www.amnesty.org/en/what-we-do/

Доктори без граници (Doctors Without Borders/Médecins Sans


Frontières (MSF)
Мисијата на организацијата е обезбедување медицинска грижа за лицата на кои им е
најмногу потребна, особено на популации кои се соочуваат со кризи, жртви на природни
катастрофи или катастрофи предизвикани од човекот, како и жртви на вооружени
конфликти. Организацијата е основана во 1971 година и има канцеларии во 21 земја и
досега има третирано десетици милиони лица низ светот. Принципите според кои се
водат се: Сите луѓе имаат право на медицинска нега, без разлика на пол, раса, религија
или политички ставови, и Потребите на овие луѓе го надминуваат почитувањето на
државните граници. Организацијата се стреми кон давање висококвалитетна медицинска
нега на сите пациенти на независен, неутрален начин, без заземање страни.
Повеќе информации: https://www.doctorswithoutborders.org/what-we-do

Центар за социјални работи


Центрите за социјална работа се во состав на Министерството за труд и социјална
политика и се распространети низ целата територија на Република Северна Македонија.
Секој од овие центри ги врши следните работи: открива, следи и проучува социјални
појави и проблеми, применува и спроведува соодветни облици на социјална заштита и
непосредно им помага на граѓанин, семејство или група на население, ја развива
превентивната работа, развива и спроведува вонинституционални облици на социјална
заштита, поттикнува, организира и координира волонтерски активности на граѓани, нивни
здруженија, хуманитарни организации, организации во спроведување програми за
социјална заштита. Повеќе информации: http://www.mtsp.gov.mk/institucii-ns_article-
centar-za-socijalnarabota.nspx

Министерство за труд и социјална политика (МТСП)


МТСП претставува главна институција која се грижи за заштита на ранливите категории во
државата. Нуди заштита на различни права, меѓу кои: Гарантирана минимална помош,
Надоместок поади попреченост, Паричен надоместок за помош и нега од друго лице,
Надоместок на плата за скратено работно време (поради нега на дете со телесни или
ментални пречки во развојот), Додаток за домување, Траен надоместок, Право на
здравствена заштита.
Покрај тоа, МТСП ги нуди и следните услуги: Услуги на информирање и упатување,
Услуги на стручна помош и поддршка , Услуги на советување, Услуги во домот, Услуги во
заедницата, Услуги за вонсемејна заштита. Повеќе информации:
http://mtsp.gov.mk/uslugi-i-prava.nspx

You might also like