Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 6

Дидактика – прашања

1. Индивидуализирана настава
Роберт Дотран е познат во наставата која се именува како нагласена грижа за
напредување на секој ученик поединечно. Индивидуализираната настава претставува
организирање на воспитно-образовната работа во која наставните потреби се во
согласност со индивидуалните способности и карактеристики на ученикот во неговата
работа и развој.
Учениците претставуваат единствена категорија на граѓани на кои заедничка им е
потребата од стекнување на знаења, способности и вештини неопходни за
индивидуален и општествен развој. Сепак помеѓу нив постојат разлики во однос на
видот на потребите на поединците, начинот на исполнување на потребите, времето и
местото потребно за истите.
Индивидуализираната настава претставува модел на работа со учениците во наставата
во која се истакнуваат, анализираат, димензионираат индивидуалните карактеристики
на учениците. Врз основа на тоа се планираат, дефинираат и применуваат дидактичко-
методички решенија кои ги задоволуваат индивидуалните карактеристики на
учениците.
Почитувањето на физичките карактеристики на учениците во поглед на остварување на
поставените цели во наставата и совладување на предвидените содржини, се еден од
предусловите за успешна реализација на индивидуализираната настава. Постојат деца
со различна висина, различни сензорни способности, различна физичка подготвеност и
сето тоа треба да се земе во предвид при реализацијата на наставниот процес.
Кога зборуваме за ученици со исти општи способности мислиме на оние ученици кои
според видот на способноста која ја поседуваат не се разликуваат, но се разликуваат по
начинот, степенот, брзината во изведување на задачите.
2. Индивидуална настава
Индивидуално планираната настава е воспитно-образовен идеал кој во предвид го зема
индивидуалниот развој на секој ученик. Ученикот во ваквиот тип на настава има
привилегија да работи по програма изработена по неговите развојни карактеристики,
степенот на знаења и нивото на оптимален развој за даден период.
Со примена на задачи од три тежински нивоа се почитуваат заедничките
карактеристики на три големи групи на ученици: подпросечки, просечни и
надпросечни. Во немоќност да се излезе во пресрет на развојните карактеристики на
секој ученик ова е добар начин со едноставни (лесни), посложени (просечни) и
сложени (тешки) задачи да се потенцираат одредени разлики на учениците.
3. Наставен план и програми
Наставниот план е основен високоструктурен документ со кој се определуваат: видот
на училишта за кои истиот се однесува, бројот и називот на предметите кои се
изучуваат, типот на предметите, распределеноста на предметите по одделенија, број на
часови по предмети, воспитно-образовните цели и активности.
Наставниот план има 3 основи за изработка: општествена основа (рамноправност на
сите ученици и наставници, трансформација на законодавните решенија, обезбедува
единственост и целост на школскиот систем), психолошко-педагошки основи (води
грижа учениците да не се оптоваруваат, неоптоварување со домашни задачи,
постапност во развојот на учениците), дидактички основи (постепено надградување
на материјалот, редоследност на материјалот, поврзаност, меѓупредметна интеграција).
Наставната програма ги утврдува: обемот на содржините (збир на знаење, факти,
судови, поими и активности), длабочината-сложеност (квалитетот на стекнати знаења
и способности) и редоследот на содржините (линеарен,концентриран и комбиниран).
4. Планирање и подготовка на наставата
Подготовката и планирањето на наставата се наоѓаат во една дијалектичка поврзаност
и истите се еднакво неопходни и значајни за успехот на наставата, за нејзино
рационално, квалитетно и навремено реализирање. Современите програми укажуваат
на потреба од подготовка и планирање на наставата кои во целост и еднакво ќе ги
опфатат сите нејзини компоненти и фактори. Независно од степенот и карактерот на
образованието, наставната дејност во училиштето треба да се организира и реализира
така што ќе се темели на поврзаност на сите наставни предмети. Покрај самостојно
планирање на наставата потребно е и заедничко, тимско вршење на овие активности со
соработка со другите наставници (одделенска настава или наставници од предметна
настава кои имаат блиски предмети).
Придобивки од планирањето на наставата: се конкретизираат целите, логички се
поврзува материјалот, системски пристап на наставата, висок степен на пратење и
контрола, се подобрува квалитетот на работата, полесно се предвидуваат резултатите.
Видови планирања
а) Според времето
- Годишно
- Полугодишно
- Тримесечно
- Неделно
б) Според степенот на разработка
- Глобално-стратегиско
- Оперативно-тактичко
- Детално-дејностно/практично
Планирањата може да бидат за подолг временски период – МАКРО и за покус
временски период - МИКРО планирања. Планирањата најчесто се во пишана форма и
во комбиниран вид на текст, табела, шеми, планови, цртежи. Во рамките на овие
планирања се вклопува и планирањето на наставната работа во целиот образовен
систем како најглобално планирање со сите негови подсистеми (предучилишно,
основно, средно, високо).
Годишното планирање ги содржи следните активности: проучување на програмите
предвидени за одделението во кое се релизираат, размислување за проблемот,
изготвување на годишно распределение на содржините по предмети, организација на
работата, определување на форми, методи, средства, организација на времето.
Интегрирано годишно (глобално) планирање
Планирањето на активностите во врска со подготовката на наставата почнуваат уште
во старата учебна година. Знаејќи ги условите во кои ќе работи наредната година, секој
наставник ги обезбедува сите позначајни извори и документи врз чија основа ќе ја
подготвува и планира новата наставна програма. Пред да се изработи интегриран
годишен план секој наставник изработува индивидуален глобален план за кој: ја
проучува концепцијата и структурата на предметот, прави анализа на сработеното од
предходната година, собира искуство од другите наставници, консултира стручна
литература, ги утврдува работните средства итн.
Доколку се проучи наставната програма по предмети и потоа се увиди можна
интеграција на целите и содржините меѓу предметите се постигнува интегрирано
планирање. Потоа наставниците, како тим, пристапуваат кон изработување на
интегрираното глобално (годишно) планирање.
5. Цели и задачи на наставата
а) Материјални-образовни – стекнување на знаење, вештини и навики во согласност со
наставната програма
б) Формални-функционални – психофизички развој на учениците (мисловни процеси,
сетилен, вербален, практичен и физички развој), рассудување, воопштување,
заклучување, внимание, фантазија
в) Воспитни – морални норми и ставови, вредности, социјални компетенции
Целите на наставата се водич во процесот на учење и поучување. Низ историјата
целите на воспитно-образовниот процес не секогаш биле фокусирани на
индивидуалниот развој на ученикот. Се среќаваат цели ориентирани кон наставникот,
кон успешната реализација на процесот како цел. Потребата од надминување на
таквите состојби биле причина за изработување на таксономии на целите. Со нив
целите се подредуваат по хиерархиски подредени категории за воведување ред во
воспитно-образовниот процес. Целите се однесуваат на различни подрачја од развојот
на учениците: когнитивни, афективни и психомоторни.
6. Методи на наставна работа
Метода значи пат или начин на истражување, начин на излагање, смислена и планска
постапка во работата со цел да се откријат некои вистини или нешто да се сознае и
научи.
Видови методи
- Метод на демонстрација – демонстрација во дидактички поглед значи покажување во
наставата на се она што може перцептивно да се доживее (демонстрирање на статички
предмети, динамични појави, активности). Методот на демонстрација својата
дидактичка вредност ја има во фактот што истиот се заснова на поттикнување на
способноста на учениците да го фокусираат своето внимание, да го задржат
вниманието и да набљудуваат појави, состојби и движења. Успешноста на овој метод
зависи од правилниот избор на објект за демонстрирање, подготовка на учениците,
доволно време...
- Метод на практична работа – практичната работа е активен однос на човекот кон
природата за нејзино менување, т.е работа на конкретна материја. Услови: материја,
енергија, орган за работа и орудие за работа. Практичната работа се состои од одреден
број на практични операции (брусење, копање, ковање...). Кај овој метод важно е да се
знаат својствата на материјата на која се дејствува, да се знае да се ракува со избраното
орудие, да се знае бројот и редоследот на практичните операции.
- Метод на цртање, односно илустративни работи – поединечни делови од наставата се
претставуваат со цртеж. Потребно е правилно набљудување на објектите, визуелно
памтење, пренос на сликата на подлога.
- Метод на писмени работи (пишување) – поврзани писмени работи, полуповрзани
писмени работи (диктати, одговори, белешки...), самостојни писмени работи.
- Метод на читање и работа на текст
- Метод на разговор – начин на работа во наставата во облик на дијалог меѓу
наставникот и учениците. Се поставуваат различни видови на прашања: еднозначни,
аперцептивни, индиректни, реторички, помошни, скратени, сугестивни... Постојат и
повеќе видови на разговор: дискусија, Сократова метода, слободен облик, катехетички
- Метод на усно излагање – кога наставникот или ученикот вербално изразуваат некои
делови од наставната содржина. Видови: прераскажување, раскажување, опишување,
образложение, објаснување.
7. Форми на наставна работа
- Фронтална форма на работа – одраз на остатоците од традиционалната настава. Се
карактеризира со пасивност на учениците, доминација на наставникот, непочитување
на индивидуалните карактеристики на учениците, економичност во поглед на
реализацијата, се работи со исто темпо на исти соджини. Оваа форма на работа во
комбинација со другите форми има многу позитивно влијание.
- Групна форма на работа – има голема практична примена во наставата без разлика на
видот на активностите, типот на часот и текот на часот. Во зависност од потребите,
бројот на членовите во групата, начинот на составување на групата, времетраењето на
групната работа и задачите на кои се работи во групите може да постојат различни
видови на групи (за унапредување, пријателски, со специјални способности, хомогени,
хетерогени, за унапредување на слабите ученици...).
- Работа во парови – се постигува развој на поблиски емоционални и социјални односи
на членовите, не доаѓа до менување на своето место како во групната форма на работа,
одговорноста за постапките и напредувањето е понепосредна, побрзо се развува
чувството за припадност и социјализација. Единствено, доминацијата на оваа во однос
на другите форми би довело до непотребно фаворизирање или поделба на учениците.
- Индивидуален (самостоен) облик на работа – ги негува способностите на учениците
во поглед на темпото на работа, квалитетот на реализирани активности, учество во
етапите на часот и сл. Учениците бираат редослед на совладување на целите, прават
избор на активности, бараат помош кога е потребно, прашуваат, даваат совети, бараат
соработници со иста задача... Се работи за култура на самостојно работење и треба да
се негува.
- Индивидуализиран облик на работа – се третираат разликите меѓу учениците во
позитивна смисла
- Масовна форма на работа – работа со ученици од повеќе одделенија и од повеќе
возрасти, што условува посебен начин на организација. Пример: јавна дискусија,
масовни курсеви, семинари, изложби, екскурзии, литературни средби...
8. Дидактички принципи
Дидактичките принципи се општи начела на управување со процесите на учење и
поучување.
- Принцип на структурираност и систематичност – логичко поврзување на содржините,
систематско подредување на целите, смислена поделба на материјалот.
- Принцип на дидактичка постапност – од поблиско кон подалечно, од конкретно кон
општо, од просто кон сложено, од полесно кон потешко, од познато кон непознато.
- Принцип на рационалност и економичност – се однесува на оптимализација на
процесот на учење во поглед на содржините, средствата, методите, бројот на часови.
Со минимални напори и енергија да се дојде до максимални резултати.
- Проблемскиот пристап како принцип – проучување на проблемите со целиот
интелектуален, психофизички и емоционален капацитет на учениците и формирање на
позитивен однос кон сопствената и активноста на другите.
- Принцип на поврзување на теоријата со практиката – сообразност на содржините,
баланс помеѓу потребното во животот и потребното од науката, баланс помеѓу
потребното на поединецот и потребното на општеството, баланс помеѓу
интелектуалното и практичното.
- Принцип на диференцијација и индивидуализација – обид за почитување на
индивидуалните разлики на учениците по однос на темпото на работа, предзнаењата,
потребите, можностите, интересите, начинот на работа...

You might also like