Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Електризирање под влијание

Запомни
1.Појавата на наелектризирање под влијание на спороводници (метални тела) се вика
електростатичка инфлуенца (индукција ).

2.При електростатичката индукција доаѓа до придвижување на слободните електрични


полнежи (електрони) во спроводникот кој се електризира.

3.При електростатичката индукција телата што се електризираат имаат полнежи кои се


меѓусебно еднакви а различни по занак ,и еднакви со полнежот на телото што ја
предизвикува инфлуенцијата.

4.Појавата на наелектризирање под влијание кај диелектриците (изолаторите) се вика


електрична поларизација.

5.Молекулите (атомите ) кај кои центарот на позитивното и негативното количество


електричество е на исто место(се совпаѓаат) се викаат неполарни молекули.

6.Систем од два полнежа исти по големина а различни по знак кои се наоѓаат на мало
растојание се вика електричен дипол или поларен молекул .

7.Диполен момент на молекулата p е вектор чиј модул (големина ) е еднаков на производот


од едниот од еднаквите полнежи на диполот и нивното меѓусебно растојание.по правец се
поклопува со правата што ги поврзува полнежите,а насоката е од негативниот кон
позитивниот полнеж .

p= q1 •r
p- диполен момент на молекулата
q1- количество електричество на еден од полнежите на диполот
r- растојание меѓу полнежите во диполот

You might also like