Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 3

Болести на кожа предизвикани од габи (Дерматомикози)

Дерматомикозите се болести на кожата, ноктите и косата предизвикани од габи. Денес се


познати околу 100.000 видови габи, од кои околу педесет може да прдизвикаат болести кај луѓето.
Габичните инфекции на кожата се едни од најчестите заболувања и се многу честа причина за
посета на лекар.

Кај кои лица почесто се јавува габична инфекциаја и како се пренесува истата?

Габичните инфекции се јавуваат кај луѓе каде е намален имунитетот. Кај постарите лица се
јавуваат овие инфекции поради нарушена циркулацијата во рацете и нозете и спортистите кои се
изложени на посилно оптоварување на долните екстремитети.

Габичните инфекции на кожата се пренесуваат со директен контакт со заразено животно


или индиректно преку предмети кои биле во контакт со заразено животно, најчесто куче, мачка,
хрчак или зајак и домашен добиток. Габичките од животински тип предизвикуваат потешки
промени, продираат во подлабоките слоеви на кожата каде што се создаваат воспалителни
инфилтрати и гноење. На таков начин тие предизвикуваат длабоки дерматомикози.

Габичните инфекции кои се пренесуваат од човек на човек предизвикуваат површински


заболувања на кожата. Освен кожата, заболуваат и влакната и ноктите.

Најачеста локализација на дерматомикозите се делови од кожата каде што има зголемено


триење на кожата со кожата како што се пазувите, областите под градите, просторот помеѓу
прстите.препоните кај нозете кај луѓе со прекумерна тежина. Ноктите и скалпот исто така се можат
да бидат зафатени со габичната инфекција.

ДЕРМАТОМИКОЗА НА СКАЛПОТ (габична инфекција на скалпот)


Габичната инфекција може да јави во пределот на скалпот.Се разликува површна и длабока
дерматомикоза на скалпот.

Површинска дерматомикоза на скалпот - болест на помлада возраст, најчесто училишни


деца на возраст од 6 до 10 години. Изворот на инфекција може да биде заразена мачка или куче, а
инфекцијата може да се пренесии од заразено домашно говедо.Кај овие инфекции на скалпот се
забележуваат жаришта со големина на паричка покриени со мали лушпи и неправилно скршени
влакна на иста висина. Личи како косата да е покосена, па паднала на една страна и е без сјај.

Длабока габична инфекција(дерматомикоза) на скалпот - се карактеризира со силна


Заразено маче Габична инфекција на скалп
воспалителна реакција на скалпот.Воспалението е во форма пустули (меурчиња исполнети со гној).
Може да бидат присутни и општи симптоми како што се висока телесна температура и зголемени
регионални лимфни јазли. Оваа форма е клинички најсериозна од сите габични инфекции на
кожата, која се јавува почесто кај децата. Поради изразените клинички симптоми, оваа болест често
доцна се препознава и се третира како настинка, што резултира со ширење на промените и
доцнење со лекувањето. Заради тоа може да дојде до појава на трајни лузни во скалпот.

Дерматомикоза на кожата (габична инфекција на кожата)


Габична инфекција на кожата може да се појави на кој
било дел од телото во област со гола кожа. Тоа се овални или
кружни црвени жаришта. Обично се гледаат на гола кожа.
Површината на кругот се шири и може да достигне неколку
сантиметри во дијаметар, а промените може да бидат
придружени со умерено чешање.

Онихомикоза (габична инфекција на ноктите)


Габичната инфекција на ноктите на рацете и нозете се карактеризира со промена на бојата,
обликот или структурата на ноктите. Промената на бојата најчесто се манифестира во форма на
белузлави, жолтеникави или кафеави дамки на плочката на ноктот, кои се згуснуваат и го губат
природниот сјај и изгледаат матно. Инфицираните делови обично се наоѓаат на предниот раб на
ноктот, од каде инфекцијата се шири кон задниот дел на ноктот. Габичните инфекции на ноктите
почесто се локализирани на стапалата, а оваа локализација е и една од најчестите причини за посета
на матичен лекар или дерматовенеролог.

Но, важно е да се нагласи дека клиничката слика на габични инфекции на ноктите може да
биде многу слична на промените на ноктите на плочата кои не се предизвикани од инфекција, туку
од други фактори како што е возраста на пациентот или дејство на надворешна траума. Тогаш
станува збор за оштетување на плочката на ноктите. Имено, во текот на стареењето доаѓа до
промени во циркулацијата, што пак доведува до промени во изгледот на ноктевата плоча која
станува задебелена, жолтеникава, без сјај и склона кон распаѓање.

Исто така, спуштеното стапало (деформитети при кои палецот се наведнува под агол на
другиот палец) исто така доведуваат до деформација на нокната плоча, најчесто палецот.

Понатаму, секоја механичка траума, во смисла на кршење на ноктот, често носење тесни
чевли или континуирано вклучување во одредени спортски активности (пешачење, фудбал, трчање,
балет) доведува до развој на идентични промени. Во овие случаи се работи за хронично
оштетување на нокната плоча и нема оправдување за употреба на антифунгална терапија.
Дерматомикоза на стапалата и рацете
Дерматомикоза на стапалата и рацете е појава на габична инфекција во вид на лупење,
пукање, црвенило или плускавци, придружени со чешање и печење, лоцирани главно помеѓу
прстите на рацете и нозете. Оваа болест е релативно честа, иако е нешто почеста кај спортистите, а
понекогаш се нарекува и „атлетско стапало“. Лиицето се инфицира со користење на заеднички
тушеви или спортски соблекувални. На инфекцијата влијаат нехигиенските навики, носењето
несоодветни чевли и зголеменото потење. Кај оваа форма на габична инфекција доволна е терапија
со локални антифунгални средства (креми, раствори). Болеста е склона кон повторување
(повторување) особено кај лица склони кон зголемено потење.

You might also like