Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 16

Житарици

и
Видови Житарици

Изработил: Димитар Миленкоски


-Под житарици се подразбираат најстарите,
најраширените и најважните култивирани растенија
од страна на човекот. Под поимот на жита се
подразбира зрнестите плодови-семиња на
житариците.

Слика 1

Житариците се важна и основна храна за


човекот,зрната на житариците содржат целулоза
(надворешна обвивка ) албумински материи односно
глутен, витамини и менарални соли(во делот помеѓу
обвивката и јадрото), скроб (јадро) и витамин В1 и Е
(никулци).
-Видови Житарици-

Под видови на Житарици ги издвојуваме следниве:

-Пченката
-Пченицата
-‘Рж
-Јачменот
-Овес
-Просо
-Сирак
-Пиреј
-Ориз
-Хелда
-Пренка-
Пченката е значајна житна култура, која освен во
исхраната на луѓето, се користи како суровина во
индустријата и за исхранување на домашните
животни. Деловите кои не се за јадење се користат во
индустријата, стеблото за хартија и ѕидни плочи,
лушпата за полнење, кочаните за гориво, за правење
на дрвен јаглен и во подготовка на индустриски
растворувачи. Пченката најдобро успева во низините
и во котлините каде што има доволно влага и
топлина.

Слика 2
-Пченица-
Пченицата е најважна житна култура која се
одгледува ширум светот. Глобално, таа е најважното
зрнесто растение кое се користи во исхрана на луѓето
и, веднаш после пченката, е најмасовно произведена
житна култура; додека на трето место е оризот. Со неа
се исхранува 40% од населението во светот.
Пченицата потекнува од пределите
на Левант и Блискиот Исток. Археолошките пронајдоци
укажуваат дека припитомувањето на пченицата првпат
се случило во подрачјето познато како „Плодна
полумесечина“, по долините на
реките Нил во Египет и Тигар и Еуфрат во Месопотами
ја.

Слика 3
-‘РЖ-
’Рж — мошне распространето тревно растение што
се одгледува како житарка за исхрана кај луѓето и
како фуражна култура за домашните животни. Член
е на групата на пченични растенија и е во блиско
сродство со јачменот и пченицата. Зрната се
користат за правење на брашно, ’ржен леб,
’ржено пиво, извесни видови на виски и вотка, но и
како фуражна култура. Зрната се консумираат цели
или зарамнети и суви, во облик на снегулки.

Слика 4
-Јачмен-
Јачменот се смета за еден од
најстарите житарки во Европа. Се користи уште од
камено време, култивиран во
древниот Египет, Месопотамија и во подрачјето на
Европа. Во Вавилон од јачменот правеле каша и пиво,
а во стариот век пржениот јачмен бил многу важна
животна намирница. Се користи за производство
на леб, пиво, сточна храна и др. Јачмен е житарица
која успева во ладните предели.
Јачменот е одличен извор на диететски влакна и
содржи и растворливи и нерастворливи влакна.

Слика 5
-Овез-
Овесот е вид на житно растение, кое припаѓа
на родотовес (Avena), од семејството треви (Poaceae). Се
користи за исхрана на луѓето и на домашните
животни (каде се нарекува зоб). Овесните посеви во светот
зафаќаат околу 14 милиони хектари.
Стеблото е членковидно и поотпорно на свиткување од
другите житни растенија. Просечна висина на овесот е
околу 80-120 сантиметри. Листот е долг, влакнест, со
форма на ланцета, со паралелна нерватура и без израстоци
(auricula). Цветовите се сместени во метловидни класови, а
цвета во јули и август. Овесот е типично самооплодувачко
растение, плодот е крупа, срасната со плевицата. Постои
зимска и пролетна сорта на овес.

Слика 6
-Просо-
Просо поточно обично просо или бело просо) —
важна житарка во земјоделството. Дивиот предок и
местото на припитомување на просото се непознати,
но како полјоделска култура првпат се среќава
во Закавказјето и Кина пред околу 7.000 години, што
веројатно значи дека е независно припитомено на
двете места. Денес сè уште се одгледува на големо
во Индија, Русија, Украина, на Блискиот Исток,
во Турција и Романија. Во Македонија се одгледува
претежно за потребите на живинарството. Се продава
и како макробиотска житарка и како храна за оние што
не можат да јадат пченични производи
поради глутенот.

Слика 6
-Сирак-
Сирак род од многу видови на треви, што се
одгледуваат како жито и фуражна култура.
Успеваат во потоплите краишта. Видовите се
автохтони во тропските и суптропските подрачја
на сите континенти, покрај југозападното
тихоокеанско подрачје и Австралазија. Ова
растение спаѓа во
потсемејството просолики (Panicoideae) и
племето Andropogoneae (на кое припаѓа
и шеќерната трска).

Слика 7
-Пиреј-

Пиреј или коштрева мошне
застапено повеќегодишно
растение од семејството на тревите (Poaceae)
автохтоно во Европа, Азија, на Арктикот и
во северна Африка. Пренесено е и во други северни
краишта со умерена клима, како фуражна култура и
за спречување на одрони.Пирејот во целиот свет се
смета за инвазивен коров. И е многу тежок за
отстранување бидејќи ризомите се преплетуваат со
корените на другите растенија. Дополнителна
потешкотија задава фактот што секој откинат ризом
потоа се развива во посебно растение.
Слика 8
-Ориз-
Оризот е едногодишно растение, житарка од
фамилијата треви што потекнува од тропските и
суптропските предели на Азија и Африка. Се
одгледува на значително големи површини и
во Македонија, најмногу во долината
на Брегалница во Кочанската Котлина, а во помал
обем и во долините на Тополка и Бабуна во Велешко.
Оризот истко така по потекло од тропската Азија и е
основна храна на повеќе од половина жители во светот.
Успева во скоро сите делови на светот, а особено во
топлите и влажни предели. Постојат околу 1 000 врсти на
ориз. Покрај тоа што оризот се користи за исхрана, тој се
употребува и во индустријата, во козметиката и во
медицината.

Слика 9
-Хелда-
Хелда или обична хелда е растение кое се одгледува
за зрнестото семе и како меѓупосев. Го носи и
името јапонска хелда за да се различи од сродната
татарска хелда која исто така се одгледува
на Хималаите. Растението е сродно
со киселецот, троскотот и ревенот. Бидејќи семето се
јаде, а не спаѓа во класично жито, хелдата се смета
за псевдожитарка. Одгледувањето на хелда значајно
опаднало во XX век со воведувањето на азотни
ѓубрива, зголемувајќи го приносот кај другите житни
култури.

Слика 10
Слика 11

You might also like