Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Ќерката на Шејх Махмуд ел-Хусари пренесува дека секогаш нејзиниот татко кога

поминувал покрај едно дрво во неговото село, ја застанувал колата и одел пешки
сѐ додека го одмине дрвото, потоа пак се качел во колата. Кога бил прашан за
тоа, им кажал дека тој го потполнил учењето на Куранот кај тоа дрво, па се срами
да помине покрај него јавајќи возило.
Потоа се раскажува дека инсистирал на купување на тој плац каде се наоѓало
дрвото, потоа изградил научен институт на тоа место. Целиот свој живот го
посветил на учење и изучување на Куранот и учење на другите, дури пред смртта
порачел една третина од неговото наследство да се даде во добротворни цели.
Аллах да му се смилува, на нашиот шејх, Аллах да го награди со најдобра награда!

ПРИКАЗНАТА ЗА НАЈПОЗНАТИОТ УЧАЧ НА КУРАНОТ


Халил бил човек кој изработувал хасури и каде и да видел џамија или место за клањање
намаз без хасура (еден вид на ќилим, тепих), тој би побрзал тоа место да го покрие со хасура,
бидејќи во тогашно време џамиите биле простирани со хасури.
Еднаш сонувал чуден сон. Имено, во сон видел како од него-виот ’рбетен столб (кичма)
никне стебло од грозје на кое виселе богати гроздови, а потоа луѓето доаѓале во бројни групи да
јадат од грозјето, меѓутоа грозјето не прекинувало, постојано било полно. Бидејќи сонот се
повторил неколку пати отишол кај еден шејх за да му го протолкува. Откако Халил му го
раскажал, шејхот го прашал: „Дали имаш потомство?“ Халил одговорил: „Имам двегодишен син
Махмуд!“ Шејхот му рекол: „Запиши го на Ел Азхер нека студира исламски науки, бидејќи тој ќе
стане многу угледен и познат!“
Така и се случило. Таткото го однел на универзитетот Ел Азхар и Махмуд го научил Куранот
напамет на возраст од осум години. Бил прв учач на Куранот во светот кој мелозвучно го снимил
Куранот според ривајетот на Хафс од Асим и не сакал да земе никаков надомест за тоа, па
Аллах го направил омилен кај луѓето.
1961 – Прв кој го снимил Куранот според кираетот на Хафс.
1964 – Прв го снимил Куранот според кираетот Верш.
1968 – Прв го снимил Куранот според кираетот на Калун.
1969 – Прв го снимил Куранот на начин на поучување и вежбање на правилно учење на
Куранот (наставна метода)
1977 – Прв кој учел Куран во Обединетите нации и кој проучил езан за пладне намаз во ОН.
1977 – Прв кој учел Куран во Белата Куќа и во салата на американскиот конгрес, и во
кралевската Вестминистерска палата во Лондон.
На ахирет се преселил на 24 ноември, 1980 година, после јација намаз, откако неговото
патување со Куранот траело речиси пеесет и пет години. Ние сѐ уште ги јадеме вкусните
плодови на грозјето од стеблото кое ни го оставил, а неговите гроздови никако да прекинат.
Аллах нема да дозволи да пропадне наградата на доброчинителите.
Тоа беше познатиот учач на Куранот Махмуд Халил ел-Хусари. Неговиот татко ги покривал
џамиите со хасури па според тоа го доб-ил прекарот ел Хусари. Неговиот син Махмуд е познат
по прекарот ел Хусари, неговиот глас се расчул низ целата земјина полутопка и неговото
мелозвучно учење на Куранот го слушаат муслиманите од генерација во генерација.
Аллах нека им се смилува на двајцата доброчинители, шејх Махмуд Халил ел Хусари и
неговиот татко Халил ел Хусари и нека ги насели во џеннетул Фирдеус.

You might also like