Работа со стилови

You might also like

Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 14

Работа со стилови

СТИЛОВИ
• Програмитe Word и Writer користат стилови со
што се овозможува креирање на документи со
професионален изглед.
• Стил претставува множество од карактеристики
за уредување како што се фонт, големина на
букви, боја, израмнување, проред итн.
• Користење на стилови овозможува брзо и лесно
уредување на текст во документите и ја намалува
можноста за грешки, особено кога се работи за
големи документи.
• Во програмите Word и Writer веќе постојат
дефинирани стилови за обичен текст, за
наслови, за набројувања итн. Овие стилови
можат да се изменат или да се направат нови
сопствени стилови.
Видови на стилови
Постојат неколку видови на стилови:
• стилови на пасус,
• стилови на знак,
• поврзани стилови,
• стилови на табела и
• стилови на листа.
Видови на стилови
• Стиловите на знаци содржат карактеристики кои можат да се
применат на текст, на пример фонт, големина, боја, подвлекување и
слични уредувања кои инаку можат да се постават во прозорецот
Format Font. Тие не ги вклучуваат уредувањата на пасус.
• Стиловите на пасус содржат карактеристики кои ги содржат и
стиловите за знаци, но ги опфаќаат и уредувањата на пасус како што се
проред, растојание пред и по пасус, вовлекување на првата линија и
други уредувања кои инаку можат да се регулираат во прозорецот
Format Paragraph.
• Некои стилови содржат уредувања на знаци и уредувања на пасуси и се
нарекуваат поврзани стилови.
• Стилови на листи содржат уредувања на листи со броеви или со знаци
како што се избор на ознака за листа, стил на знакот, растојание на
ознаката од левата маргина и слично.
• Стиловите на табели содржат уредување на табели како што се рабови,
боја на ќелии, ширина на редови итн.
Во МЅ Word 2010 на
картичката Home, во групата
Ѕtyles, се наоѓа галерија со
брзи стилови. Името на секој
стил е прикажано токму онака
како што тој стил изгледа,
односно е уреден. На пример:
1. текстот автоматски се
обликува со основниот
стил Normal,
2. за насловите и за
поднасловите се
дефинирани стилови за
неколку нивоа на наслови
(Heading 1, Heading 2 итн.),
3. за текстот кој треба да се
нагласи дефиниран е
стилот Ѕtrong.
• Дополнителните
информации за секој стил
можат да се најдат во листа
со стилови која се отвора со
кликнување на копчето за
отворање на дијалог
прозорец во групата Ѕtyles
Од десната страна до името на
секој стил се наоѓа ознака која
кажува од кој вид е стилот
(сликата десно):
• 1 Стиловите на пасуси се
означени со ознаката ¶;
• 2 Стиловите на знаци се
означени со ознаката a;
• 3 Поврзаните стилови се
означени со ознаката , ¶a;
Кога со глувчето ќе се доближи
до името на некој од
стиловите, се појавуваат
информации како стилот е
уреден - фонт, големина,
порамнување, вовлекувања
итн.
Примена на вградените стилови

• Стиловите кои веќе се дефинирани и се достапни во


листата со стилови се нарекуваат вградени стилови.
• На сите нови документи им се придружува стилот Normal.

• За да се примени стил на пасус се кликнува каде било во


пасус или се означуваат повеќе пасуси, потоа се кликнува
на саканиот стил во галеријата или во листата со стилови.
• За да се примени стил на знак се означува дел од текст,
потоа се кликнува на саканиот стил во галеријата или во
листата со стилови.
• Поврзаните стилови можат да се применат на пасуси
(параграфи) или само на зборови.
• За да се внесе текст со некој стил, прво се избира стил па
се внесува текст.
Креирање на прилагодени стилови

• Доколку е потребно уредување кое не е


достапно во вградените стилови, може да се
креира сопствен стил. Стиловите креирани од
корисникот се нарекуваат прилагодени
стилови. За креирање на прилагодени
стилови постојат повеќе начини.
Првиот начин на креирање на
прилагоден стил
• Во листата со стилови се кликнува на копчето
New Ѕtyle по што се отвора прозорецот Сreate
New Ѕtyle from Formatting...
• 1 Во лентата Name се пишува
името на новиот стил;
• 2 Во лентата Ѕtyle type се избира
видот на стилот (за пасус, за знак,
поврзан стил итн.);
• 3 Во лентата Based on се избира
стилот врз основа на кој новиот
стил ќе се базира;
• 4 Во лентата Ѕtyle for following
paragraph (не е достапно за стил на
знак) се избира стилот кој ќе
следува по стилот кој се креира;

• 5 Во групата Formatti ng се
поставуваат уредувањата на стилот;
• 6 Изгледот на новиот стил се
гледа во делот веднаш под алатките
за уредување;
• 7 Со потврдување на копчето
Add to Quick Ѕtyle List стилот ќе се
прикаже во галеријата и во листата
со стилови;
• 8 Повеќе уредувања се добиваат
со кликнување на копчето Format
по што се добива листа од која
можат да се изберат уредувања на
повеќе елементи.
Вториот начин на креирање на
прилагоден стил
Се пишува текст и се уредува по желба,
потоа:
• 1 Во галеријата на стилови се
кликнува на надолната стрелка и се
избира Ѕet Ѕelection as a New Quicke Ѕtyle;
• 2 Ќе се отвори прозорецот Сreate
New Ѕtyle for Formatti ng во кој се
запишува името на новиот стил во
лентата Name;
• 3 Во лентата Paragraph Ѕtyle Preview
се прикажува изгледот на пасусот;
• 4 За стилот да се прикаже во
галеријата со стилови како поврзан стил
се кликнува на копчето ОК;
• 5 За да се креира стил на знак или
стил на пасус, се кликнува на копчето
Мodify по што прозорецот Сreate New
Ѕtyle from Formatti ng ќе се прошири.
Понатаму се постапува како во
претходниот начин на креирање на нов
стил.
Измена на стилови
• Вградените и прилагодените
стилови можат да се изменат
според нашите желби и потреби.
При тоа текстот на кој стилот е
применет автоматски ќе се
ажурира.
Тоа може да се направи на два
начини:
• 1 Во галеријата на стилови се
кликнува со десното копче од
глувчето на името на стилот и од
листата се избира Мodify....

• 2 Во листата со стилови се
доближува со глувчето до името
на стилот кој се менува по што ќе
се појави стрелка; Со кликнување
на стрелката се добива листа од
која се избира Мodify...;

You might also like