Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Електрични помошни системи

Електрични помошни системи е поим кој што се користи за опишување на


збир меѓусебно поврзани електрични компоненти кои се во постојана
интеракција со главните системи и компоненти за употреба на целосната
функционалност. Најчесто се тесно поврзани со системите за безбедност,
системите за удобност, системите за осветлување како и информациските
системи. [1] Секој од системите има различна, но не помалку важна улога.

Системот за безбедност ги вклучува и системот за централно заклучување на


вратите, заклучување на вратите од растојание (со команда/сигнал),
биометрискиот систем и системот против крадење.

За напојувањето во системот за централно заклучување може да се користат


пневматски или електрични актуатори, па според тоа постојат и два типа на
системи за заклучување – електрични или пневматски и само со електрично
активирање. Во пневматските системи електричен мотор ја придвижува
реверзибилната пумпа со двоен притисок додека пак пумпата го обезбедува
потребниот системски притисок. Системот за централно заклучување може
да се вклучи или исклучи преку прекинувачот за внатрешната положба во
автомобилот и преку прекинувачот за палење. Системите само со електрично
активирање се далеку пораспростанети за разлика од пневматските. Иако се
користат многу различни технологии според функционалноста и типот на
заклучување заедничка компонента на сите им е мал електричен мотор.
Дополнително мора да се овозможи и отклучување на вратата со клуч или
внатрешната рачка во случај на прекин на струја.

Системот за заклучување на растојание се состои од системот за централно


заклучување. Главната разлика е иновацијата за користење на далечинска
рачна команда преку која се реализира отклучувањето и заклучувањето со
помош на инфрацрвени зраци. За овој систем да функционира задолжително
е во возилото да биде инсталирана единица за приемник што прима
наредби од далечинскиот управувач. Доколку кодот во меморијата е ист со
примениот тогаш вратите се отвараат или затвараат. Кодот може да се
менува и постојат околу 59048 комбинации зависно од типот на
далечинскиот управувач. Во општ случај приемниците може да имаат
поднесување за да примаат повеќе од еден код во случај кога со возилото ќе
го употребуваат неколку возачи.

Биометрискиот систем на препознавање ја има функцијата на проверување и


потврдување на идентитетот преку отпечаток од прст, линии од лицето,
гласот итн.

Системот против крадење

[1] http://ave.dee.isep.ipp.pt/~mjf/act_lect/SIAUT/Trabalhos%202009-10/
SIAUT_Auxiliar_Electrical_Systems.pdf

You might also like