Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 2

Нега на болен со шизофренија

Се јавува во периодот од 15-45 год . возраст . Постојат повеќе типови на


шизофренија и тоа : шизофренија симплекс , хебефренија , кататонија ,
параноидна шизофренија.

Шизофренија симплекс и хебефрената форма претежно се јавуваат кај млади


луѓе во периодот на пубертет и адолесценција . Мед . сестра треба да се
грижи за многу појави што се случуваат кај пациентот , бидејќи тие се повеќе
се оддалечуваат од реалниот живот , ти губат работните навики , не водат
сметка за својот изглед и личната хигиена . –

Посебна тежина во негата и третманот кај болните со кататонија кои : ce


сместуваат во одделот за интензивна нега . Кај нив е евидентна психомоторна
закоченост , болните завземаат константно иста положба , изостануваат
движењата и вербалната комуникација . Многу важни функции на организмот
се нарушени . Иако пациентот , не контактира ни - вербално ни емоционално ,
мед . сестра треба да му се обраќа љубезно , да му ја објаснува потребата од
клиничките испитувања и , спроведувањето терапијата . Редовно да врши
тоалета на болниот и бањање во кревет , чешлање и промена на постелнината
и пижамите. Хранењето е внимателно со лажица .Се врши масажа и
предохрана од декубитус , пратење на диурезата и столицата на болниот.
Уредно . бележење на сите витални знаци . Мед . сестра постојано треба да
биде во близина на кататониот болен , да ја бележи секоја психичка промена
и да го известува лекарот , бидејќи излегувањето од ступор може да заврши
со суицид или - кататона помама - радтус проследена со изразена агресија
кон околината и предметите .

Нега на нарапоидни болни

Параноидната форма на шизофренија се карактеризира со присуство на


параноидни налудничави идеи и халуцинации , како слушни така и мирисни .
Пациентот е сомничав ; има идеи на прогон и може да биде опасен за
околината и навреме треба да се превземаат потребни мерки за заштита . Тие
мислат дека се неправедно хоспитализирани , дека се здрави , дека сите им
работат зад грб и сакаат да ги уништат .Мед . сестра , треба стрпливо да го
сослуша болниот , но не смее да се согласува со она што го вели ниту пак да
му противречи , бидејќи со тоа ризикува и таа да биде вовлечена во
параноидниот систем . Голем дел од пациентите сметаат дека некој сака да
ги отруе и упорно ја одбиваат подготвената храна или сами подготвуваат од
претходно скриени продукти . Сестрата мора да најде начин да го натера
пациентот да јаде , па дури и да му дозволи и правење на најразлични
ритуали на проверка дека храната не е затруена . Кај овие болни носно -
желудочна сонда не се поставува , за да не дојде до проширување на
параноидните мисли за обид на негово убиство .
Кај сите типови на шизофренија заради неуредноста на болните мед . сестра
мора да води посебна грижа за редовно миење , бањање , чешлање , сечење
нокти и спречување на инфекции од нечисти раце . За да не дојде до појава
на интеркурентни инфекции на одделението таа мора да врши надзор над
техничкиот персонал за спроведување на редовна дезинфекција на собите
санитарните чворови . Редовно да се врши промена на вешот и постелнината ,
да се внимава да не одат боси , соблечени , после бањање косата да им се
исуши , бидејќи овие болни заради тие причини постојано страдаат од
прелади . Неконтролирано пијат ладна вода , лежат и седат каде што ќе
посакаат . Затоа мед . сестра секојдневно треба да прави инспекција на
кожата на болните за спречување и појава на кожни болести , редовна
контрола. Таа треба да го следи секое движење на болниот и да предвиди
можна агресија или самоповреда . Сестрата треба да се грижи што побрзо да
ги вклучи во групните активности на окупациона и работна терапија .

You might also like