ХЕМОЛИТИЧНА АПЛАСТИЧНА

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 3

ХЕМОЛИТИЧНА АНЕМИЈА

При хемолиза, животот на еритроцитите е скратен, се движи од нормалните 120 дена до


неколку минути. Еритроцитите се деструираат или екстраваскуларно (во ретикулоендотелниот
систем, особено во слезенката), интраваскуларно (во крвотокот) или уште на ниво на
прекурсори, во коскената срцевина.

Причини за хемолитичка анемија

Зголемената деструкција на еритроцитите може да биде предизвикана од: оштетувања и


дефекти во еритроцитите (вродена хемолитичка анемија), надворешни причини (стечени
хемолитички состојби). Компензаторно зголемување на еритропоезата во коскената срцевина,
што резултира со периферна ретикулоцитоза >2% во периферната крв. Зголемување на
вредностите на продуктите од катаболизмот на хемоглобинот (Хгб): билирубинот и намалување
на хаптоглобинот (хемоглобински транспортер). При интраваскуларна хемолиза се зголемува
концентрацијата на слободен Хгб во плазмата, а понекогаш се појавува хемоглобинурија.

Клиничка слика: Симптоми на анемија; Жолтица; Спленомегалија; Тахикардија

Дијагноза

● Клиничка слика и анамнеза

● Крвна слика

(покачен билирубин, намалени еритроцити, слободен хемоглобин во крвта)

- Микроскопска анализа на крвта

- Биопсија на коскена срцевина

Третман: Зависи од причината за настанување на хемолитичката анемија.

Нарушена функција на коскена срцевина


Апластична анемија
Нарушувања на хематопоетските стем клетки, како резултат има намалено создавање на една
или повеќе клеточни линии – миелоидна, еритриодна или мегакариоцитна.

Етиологија

● Вируси, токсини, хемикалии

● Имунолошка супресија

● Мутација на гени

КЛИНИЧКА СЛИКА

Анемичен синдром: слабост, замор, малаксалост, обессиленост. Интеркурентни или бактериски


инфекции поради гранулоцитопенија. Крвавења: по кожата и мукозите, ретинални (поради
тромбоцитопенија), петехии. КЛИНИЧКИ ПРЕГЛЕД: бледило, улцерации на устата, околу анусот
и гениталиите, знаци на хеморагичен синдром.

ДИЈАГНОЗА

Лабораториски наоди

● Намален хемоглобин, намалени леукоцити и намалени тромбоцити.

Биопсија на коскена срцевина

- Намален број на клетки

ТЕРАПИЈА

● Отстранување на етиолошкиот фактор.

● Супортивна терапија (трансфузии на Ер, Тр, антибиотска терапија) до спонтана


регенерација на коскената срцевина.

● Стимулатори на коскена срцевина: деривати на андрогени хормони и хематопоетски


стимулирачки фактори.

● Имуносупресивна терапија.

● Трансплантација на коскена срцевина.

Анемии заради крваење

Се развива по интензивно и долготрајно крварење од било кој дел на организмот.


Новороденчето може да се роди многу анемично заради родилни крварења.

Таква анемија кај новороденчиња може да се јави при: неонатална хеморагична болест,
крварење од ГИТ, респираторен тракт (хематемеза), акутни интраабдоминални крварења (при
руптура на супкапсуларен хематом на црниот дроб и сл), трауматски крварења и сл.

Најефикасен лек кај овие анемии е трансфузија и запирање на крварењето.

You might also like