Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 13

АРБИТРАЖАТА ВО СЕМЕЈНИТЕ СПОРОВИ

Проф Д-р Кимо Чавдар1

ABSTRACT
Family Law Arbitration

In the paper, the author analyzes the need to introduce arbitration in family disputes in the Republic of
North Macedonia as part of the process of relieving the courts from cases that can be resolved outside the court
proceedings.
The author is motivated by the positive experience in the field of family law in the US juidiciary system.
In the paper, the constitutional frame is analyzed for the possibility of making an arbitration in family
disputes in the legal system of the Republic of North Macedonia as well as the provisions of the family law that
would be applied in the work of the arbitral tribunal. Furthermore, the paper presents the advantages of resolving
family disputes by arbritation over court proceedings . The author uses commercial dispute arbritation practice to
define the arbritation process by stating that family arbritation is a form of private dispute resolution in which the
parties sign an agreement under which they appoint an arbitor or arbritation council to rule on the parties’ family
dispute. The paper states that the arbitration tribunal should be established under the Center for social affairs, it
beeing the only body specialized for resolving family disputes, which is staffed with law, psychology and other
professionals and in accordance to the legislation, has public authority over social protection in the field of family
and family related matters. The arbritation would be based on speed, non-disclosure of proceedings and the expertise,
flexibility and efficiency of arbiters specialized for certain types of disputes. These principles will allow for easier
acceptance and implementation of the rulings and with great confidence it can be presumed that the parties will show
a greater trust in the arbitration ruling then the court ruling

Вовед

Соединетите Американски Држави и земјите на комонвелтот ја воведоа


арбитражата во решавањето на семејните спорови со паролата,, Matrimonial law arbitration
may be an idea whose time has come. - ,,Арбитражата во рамките на брачното право
можеби е идеjа чие време е дојдено,,. Неспорно е дека времето на оваа идеjа стаса да се
отвори и кај нас иако во рамките на континенталниот правен систем се уште таа нема своја

1
Проф Д-р Кимо Чавдар е редовен професор на Универзитетот Амeрикан Колеџ Скопје e-mail:
cavdar@uacs.edu.mk
поткрепа. Треба да се напомене дека и идејата за арбитражата во семејните спорови и во
САД е релативно нова и арбитражата во семејните спорови првпат е воведена на 1
октомври 1999 година во Северна Каролина како првата држава во САД која го донесе
Арбитражен статут специјално дизајниран за случаи во семејното право.2
За да може да се одговори на прашањето за тоа дали времето на арбитражата е
стасано во нашиот правен систем пред се треба да се имаат предвид одредбите од Уставот
на РСМ и одредбите од Законот за семејството 3. Имено, одредбата од член 40 од Уставот
на РСМ вели дека Републиката му обезбедува посебна грижа и заштита на семејството, а
одредбата од членот 25 од Уставот на РМ определува дека на секој граѓанин му се
гарантира почитување и заштита на приватноста на неговиот личен и семеен живот, на
достоинството и угледот. Анализата на овие одредби пред се посебната грижа и заштита
на семејството во корелација со поимот на арбитражата и целта која сака да се постигне со
арбитражата, налага потреба семејните спорови да бидат решавани од професионалци кои
имаат посебно знаење и вештини во решавањето на семејните спорови а со цел заштита на
семејството како основна клетка на секое општество. Во нашата држава семејните спорови
се решаваат во рамките на основните судови и во поголемите судови има посебни
одделенија кои одлучуваат по семејните спорови, но сепак не постои пречка со
внатрешниот распоред судиите кои ги судат овие спорови по одреден временски период да
бидат определени да судат во други судски оддели со што евентуалната специјализација на
тие оддели не се гарантира. Воедно, одредбата од Член 98 од Уставот на РСМ вели дека
организацијата на судството е единствена и се забранува формирање на вонредни судови.
Оваа одредба е толкувана во насока на тоа дека во РСМ не може да постојат
специјализирани судови кои би суделе само семејни спорови или само трговски спорови
итн. Во таа насока со цел да се остварат одедбите од Уставот на РСМ кои се однесуваат на
посебната заштита на семејството како и современите текови во реформирање на
семејното право воопшто, би требало да се размисли за воведување на aрбитража во
семејните спорови како специјализирана институција која ќе овозможи посебна грижа и
заштита на семејството.

2. Дефинирањето на арбитражата контра ,,тужбата е непријателски чекор,,


2
Lynn P. Burleson (2008) Campbell Law Review Volume 30 Issue 2 Winter 2008
3
Сл. Весник на РМ, бр.153 од 20.10.2014 година
Не постои општо прифатена дефиниција за арбитража како начин на решавање на
споровите. Во теоријата постоеле обиди да се дефинира арбитражата, но тие биле
неуспешни затоа што нејзините многубројни карактеристики не можат да бидат опфатени
со единствена дефиниција. Но, со цел да се разбере суштината на арбитражата, треба да се
посочи дека ова е алтернативен начин за решавање на спорови без прибегнување кон
редовни судови иако лицата меѓу кои постои спор можат да одат на суд и да поведат
граѓанска постапка. Алтернативно, тие можат да го доверат решавањето на спорот на
арбитража.
Семејната арбитража е форма на приватно решавање на споровите во која странките
склучуваат договор според кој зеднички назначуваат квалификувано лице (арбитер или
арбитражен совет) кој ќе донесе одлука по семејниот спор кој го имаат странките. 4 Треба
да се напомене дека семејната арбитража е различна од медијацијата во смисла на тоа што
одлуката на семејниот арбитер или арбитражниот совет е задолжителна за странките во
спорот додека медијацијата може да се одвива паралелно со тековната семејна арбитража:
понекогаш семејниот арбитер може да смета дека од медијацијата ќе има корист и да
предложи медијација а исто така медијацијата би можела да ја предложат и странките коi
предходно ја предложиле арбитража. И обратно, медијаторите може да препорачаат
семејна арбитража ако се чини јасно дека спорот, или еден аспект од него, не може да се
реши со медијацијата.
Основен аспект за постоење на арбитражата е тоа дека постои и би требало да
постои интерес на државата да ја регулираат арбитражата како форма на сигурност и
безбедност за потенцијалните страни а во исто време, тоа е начин да се растовари
судството на една земја со решавање на одреден број спорови пред арбитражата која пак
би била специјализирана за семејните спорови.5
Втор аспект за воведување на арбитражата би бил автономијата на волјата, што во
суштина претставува почеток и крај на целата приказна за доверување на решавање на
одреден спор на личност или лица независни од државниот апарат. Слободата во
постапувањето на странките во голема мера ја обликува арбитражата, но не е
неограничена, таа е врамена со закони и меѓународни инструменти. Во таа смисла,
4
George K. Walker (2003) Arbitrating Family Law Cases by Agreement
5
Family Law for the Future (2019) — An Inquiry into the Family Law System – Australian government final report
странките избираат кој ќе биде арбитер, како ќе изгледа постапката, тие можат да се
согласат за најмалите детали (на пр. како ќе бидат доставени поднесоците) а се во
согласност со домашните и меѓународните правни стандарди и прописи. Овој втор аспект
би го врзале со одредбите од Законот за семејството каде во член 6 е наведено дека бракот
е со закон уредена заедница на живот на маж и жена во која се остваруваат интересите на
брачните другари, семејството и општеството. Односите меѓу брачните другари се
засноваат врз слободна одлука на мажот и жената да склучат брак, врз нивната
рамноправност, меѓусебно почитување и заемно помагање.Тоа значи дека ако бракот се
заснова на слободна одлука на мажот и жената исто така бракот може да престане и со
слободна одлука на мажот и жената во една постапка која ќе ја определат самите брачни
другари.

3. Арбитражата како процес на разсудување на семејните спорови

Анализата на одредени правни системи покажува дека постапката за развод е


комплицирана до таму што во некои правни системи разводот може да се дозволи само ако
предходно се решат прашањата на распределба на имотот и односите на родителите со
децата, а во исто време е неопходно и да се води постапка за развoд на брак па така
комплицираните постапки кои се меѓусебно поврзани ги обесхрабруваат странките да го
постават својот семеен спор пред арбитражата. При развојот на идејата за арбитражата во
семејните спорови токму овие околности беа мотивација за воведување на арбитражата
како процес на разсудување во прво време во неспорните семејни спорови. Ова е посебно
карактеристично за правните системи кои неспорните разводи ги доделија на нотарите и
во тие земји аргументите за тоа се дека нотарите можат да дејствуваат и како медијатори и
како арбитри во исто време. Посебно вакви аргументи се даваат во законодавството на
Естонија6 каде во Комората на нотари има посебен арбитражен трибунал кој ја води и
медијацијата во семејните спорови. Но, во Франција нотаризираниот развод беше
предложен во 2007 година но истиот не беше дозволен а од друга страна беше дозволено
раскинување на таканаречените граѓански заедници во рамките на нотарските

6
Andresen, E. (2009) ‘State tasks of the public office of notary – belonging to the domain of national
or European Union Law ?’, Juridica International. Law Review. University of Tartu XVI, 157–67.
канцеларии.7 Сепак во некои земји е дозволен административен престанок на брачната
заедница како што тоа е случај со Мексико, Португалија и Романија.
Спорна точка, во земјите каде арбитражата во семејните спорови 8 е воведена, при
изготвувањето на предлогот, беше дали да се дозволат арбитражни договори пред да
настане спорот - односно дали може да се договори арбитража на спор што може да се
појави во иднина. Во арбитражата за семејно право, сепак, вистинската согласност за
процесот е предуслов, без разлика дали тоа е во претходен договор или договор склучен во
моментот на раскинување на бракот. Вклучувањето на арбитражни клаузули во
предбрачните договори е прилично вообичаено, а судовите ги спроведуваа таквите
клаузули сè додека самиот предбрачен договор е валиден и клаузулата во него. Покрај тоа,
во арбитражата за семејно право нема вградена пристрасност што ја фаворизира едната
или другата страна. Наместо тоа, арбитрите се избираат од страните или од арбитражниот
трибунал, кој честопати се појавува и како орган кој донесува и специјализирана
експертиза во конкретниот спор на странките. Странките може да изберат специјалист за
семејно право (адвокат) кој застапувал некого од родителите, пензиониран судија или
друг професионалец за да арбитрира за целиот, или само за дел од случајот.9
Во однос на споровите поврзани со децата, силниот интерес на државата за заштита
на децата наложува поголеми ограничувања. Според воспоставената практика во земјите
каде е воспоствена оваа институција се забранува договор за арбитража пред да настане
спорот за прашања поврзани со деца, освен ако странките не го потврдат договорот откако
ќе се појави спорот или ако договорот е вметнат во судската одлука во постапката по
семејниот спор т.е. ако странките одлучиле еден дел од спорот да се одвива пред суд а
другиот дел од спорот одлучиле да се одвива пред арбитер. Тука се поставува прашањето
за можноста по однос на одлуката за доделување на децата тој спор да биде доделен на
арбитер меѓутоа сметам со оглед дека се работи за специјализирана институција а и со
оглед на околноста дека во најголем број на случаеви судот е врзан со мислењето на
ЦСРМ по однос на одлуката за доделување на децата не би преставувало проблем и ова
прашање да се реши пред семејниот арбитeр. По однос на прашањето за видот и висината

7
Guinchard, S. and France Ministe`re de la Justice (2008) L’ambition raisonne´e d’une justice apaise´e,
Paris: La Documentation Franc¸aise.
8
Jaqueline da Silva Paulichi /Polyana Benhossi (2011) Mediação a arbitragem como método para a solução dos
conflitos familiars Brasil
9
A Guide to the Family Law Arbitration Scheme - Institute of Family Law Arbitrators – UK
на издршка сметам дека одлуката на семејниот арбитер за висината на издршката мора да
биде верифицирана од страна на судот со цел полесно извршување како во домашното
така и во меѓународното право.
Во таа насока одлуката на арбитражата не би била последен чекор во процесот.
Вариететите можат да се одвиват од тоа судот да биде исклучен од оваа постапка до тоа да
секоја арбитражна одлука треба да биде потпишана од судија и формализирана од судот.
Но ако ја прифатиме одлуката на судот како parens patriae (законски заштитник на
граѓаните кои не можат да се заштитат себеси, како што се малолетните деца и децата врз
кои е продолжено родителското право и децата ставени под старателство), сметам дека
судот треба да го има крајниот збор во донесување одлуки во врска со прашањата за
децата преку верификација на одлуката на семејниот арбитер. Ова би било и согласно на
одредбите од Законот за меѓународно приватно 10право пред се одредбата од членот 131
став 1 која неведува дека надлежност на судот на Република Северна Македонија постои
во споровите заради утврдување на постоење или непостоење на брак, поништување на
брак или развод на брак (брачни спорови). Воедно надлежноста на судот е определена и во
случај на постењето на меѓународен елемнт во брачните спорови во ситуација ако еден од
брачните другари е државјанин на Република Северна Македонија во времето на
поведување на постапката или бил државјанин на Република Северна Македонија во
времето на склучување на бракот, кога брачните другари имаат вообичаено
престојувалиште во Република Северна Македонија во времето на поведување на
постапката, кога едниот брачен другар е лице без државјанство кое има вообичаено
престојувалиште во Република Северна Македонија во времето на поведување на
постапката или и кога последното заедничко вообичаено престојувалиште на брачните
другари било во Република Северна Македонија, а едниот од нив се уште има вообичаено
престојувалиште во Република Северна Македонија во времето на поведување на
постапката како и кога тужителот има вообичаено престојувалиште во Република Северна
Македонија во траење од најмалку една година непосредно пред поведувањето на
постапката. Се разбира одредбата од ставот 2 од членот 131 од Законот за меѓународно
приватно право која вели дека одредбата од ставот 1 на тој член, се однесува и на
надлежноста на судот на Република Северна Македонија за спорови од брачно - имотните

10
Сл. весник на Р Македонија бр. 32/2020 од 10.02.2020
односи., нема да го доведе во прашање постоењето на арбитражата во семејните
(брачните ) спорови со оглед дека имотните односи кои произлегуваат од бракот се уште
ќе бидат во надлежност на решавање на редовните судови.
Во таа смисла како орган каде што може да се формира арбитражниот трибунал за
решавање на семејните спорови би се јавил Центарот за социјални работи кој согласно
законската регулатива, како стручна установа со јавни овластувања заради вршење работи
од социјалната заштита. Меѓу другите јавни овластувања, центарот за социјална работа ги
врши и работите утврдени со семејно-правните прописи и при спроведување на
социјалната заштита и стручната работа, центарот превезема и работи на откривање,
следење и проучување социјални појави и проблеми, ги применува и спроведува
соодветни облици на социјална заштита и непосредно помага на граѓанин, семејство или
група на население, ја развива превентивната работа и др.

4. Предности на семејната арбитража11

Имајќи ја предвид соостојбата на судските постапки по однос на времетраењето на


истите и трошоците кои ги предизвикуваат овие постапки, како и тоа дека судската
постапка може да ги зголеми конфликитите и конфронтациите меѓу странките може да се
каже дека основни придобивки на семејната арбитража би биле:
А. Брзина на процесот
Семејната арбитража веројатно ќе трае значително помалку време отколку судската
постапка
Б. Избор на арбитер
Самите странки водени од нивните адвокати (доколку се застапувани од нив), ја
избираат личноста што сакаат да биде арбитер во нивниот спор. ( или арбитражен совет
составен од 3 арбитри – како во трговската арбитража). Ако страните не се во можност да
се договорат, арбитерот може да биде избран од Центарот за социјални работи каде би се
формирал арбитражниот трибунал..
В. Специјализиран арбитер

11
Lynn P. Burleson (2008) Campbell Law Review Volume 30 Issue 2 Winter
Во судска постапка, не постои гаранција дека назначениот судијата е
специјализиран со знаење или искуство во решавањето спорови што се однесуваат на
развод на брак т.е. по однос на доделувањето на децата, ниту, пак по однос на евентуални
финансиски аранжмани кои се предмет на спорот.
Семејниот арбитер ќе биде искусен семеен правник кој специјализирал во рамките
на семејите спорови.
Г. Контрола на постапката
Странките ја „поседуваат“, владеат со постапката во далеку поголема мерка
отколку што тоа е можно со судска постапка. Заедно со арбитерот, странките се во
можност да го прилагодат процесот според нивните потреби, во смисла на времетраењето
на постапката, имаат можност за преговори и решавање на одредени привремени прашања.
Исто така би можело странките да назначат на своја страна и релевантни и соодветни
експерти да помогнат во решавањето на спорот.
Д. Доверливост
Процесот на семејна арбитража е целосно приватен и доверлив со задолжително
исклучување на јавноста. Постапката може да се одржува и на место за кое странките би се
договориле а списите од предметите би се чувале на безбедно во канцелариите на
Центарот за социјални работи.
Ѓ.Достапност на арбитерот
Назначениот семеен арбитер врз основа на начелото на конзистентност ќе биде во
секое време на располагање на странките за брзо решавање на поставените спорни
прашања, состаноците (рочиштата) би биле закажувани и на пократок временски период
имајќи ги предвид деловните и семејните обврски на странките.
Е. Улогата на судот ќе се инсталира преку можност за изрекување на еветуални
привремени мерки или мерки за обезбедување
Ж. Намалување на трошоците на постапката
Таксите би биле помали одколку судските такси. Вообичаениот аранжман ќе биде
за секоја од странките да ги сноси таксите и трошоци на семејниот арбитер во еднакви
делови, како и секоја странка да ги сноси трошоците за евентуалната потреба од
вештачења. По завршување на постапка нема да важи правилото кое вели дека страната
које не успеала во спорот ќе ги надомести на спротивната страна трошоците
Имајќи го предвид наведеното, може да се каже дека постои супериорност на
арбитражата во однос на судовите. Решавањето на некои видови спорови е резервирано
само за судовите, но кога арбитражата ги решава споровите што се утврдени со закон за
нивно решавање, а тоа се спорови за имотни права за правата што слободно им се
достапни на странките - арбитражата се заснова на брзина, необјавување на постапките,
специјализација на арбитрите за одреден вид спорови и нивната стручност, флексибилност
и ефикасност, го олеснуваа признавањето и спроведувањето на одлуката, а се почесто
странките и веруваат. Може да се каже дека популарноста на арбитражата е целосно
заслужена, довербата расте уште повеќе ако странките знаат дека оваа постапка е пократка
и поефтина од судската постапка, и ако признавање и извршување на одлуките на
арбитражата е конечно со донесувањето на тие одлуки.

З. ШЕМА НА СЕМЕЈНАТА АРБИТРАЖА


На овој начин, може да се каже дека со Арбитражата одговорноста за донесување
одлуки за чувствителни семејни спорови се пренесува на странките во постапката. Како
придобивка на Арбитражата во семејните спорови би ја навел и потребата за заштита на
човековите право пред се постапување согласно на членот 8 од Европската конвенција за
човекови права во кој во ставот 1 е наведено меѓу другото дека секој човек има право на
почитување на неговиот приватен и семеен живот, ... Во таа смисла ако ја имаме предвид
одредба од Член 40 од Законот за семејството која вели дека бракот може да се разведе по
барање на еден од брачните другари ако брачните односи се до таа мера нарушени што
заедничкиот живот станал неподнослив, би заклучил дека изнесувањето на односите во
бракот преку тужба и судска постапка може да доведе до нарушување на ова човеково
право. Се разбира тука треба да биде споменат и членот 6 од ЕКЧП кој толкувајќи и
применувајќи го, Европскиот суд за човекови права во една пресудата го дефинира дека
правото на тужба е едно од универзалните правни принципи и претставува составен дел од
правото на фер судење, што повторно е гаранција за демократија и владеење на правото.
Воспоставувањето на Арбитража за семејни спорови не го нарушува принципот на правото
на тужба туку го зајакнува тоа право преку Арбитражата која како алтернатива на
судовите овозможува составен дел од правото на пристап до суд. Имено, членот 6 од
Европската конвенција за човековите право се вели дека секој има право, правично и
јавно, во разумен рок, пред независен и непристрасен со закон воспоставен суд да бидат
разгледани и утврдени неговите граѓански права и обврски а сето тоа без непотребно
оптоварување и под еднакви услови.
Во исто време, арбитражната постапка, за разлика од судската, е затворена за
јавноста. Една од предностите на кои одат во прилог на постапката е тоа што страните се
ослободени од баластот на негативен ризик за репутација Тајноста на постапката значи и
поголема флексибилност во преговорите и ги зголемува шансите за спогодбено решение
на спорот
Во таа насока би заклучил дека Арбитражата во семејните спорови ќе биде заснован
на основите на правата на поединецот кому би му биле достапни нови мерки и
активности, кои сепак би биле механизам што го олеснува решавањето на семејните
спорови за сите вклучени субјекти, без оглед на причините за засегнатите семејни спорови.
И покрај тоа што постојат и други методи за мирно решавање на семејни спорови како што
е на пример медијација, со кој арбитражата има некои заеднички карактеристики, сепак,
мислам дека арбитражата би била тој правен институт, кој во најголема мера ја почитува и
промовира одговорноста на страните вклучени во спорот, правејќи го различен од другите
методи.
Арбитражата би се формирала во рамките на Центарот за социјални работи на
принцип на професионални арбитри од областа на семејното право и социјалната работа и
како таков би бил многу корисен за решавање на семејните спорови но и фактот што
овозможува подобрување кога станува збор за извршување на судските пресуди и
спречување на водење на понатамошни судски постапки. Исто така аспектот на
разсудување на судовите во областа на предметите кои се неспорни ќе преставува голема
придобивка со воведување на овој институт. Се разбира дека судот ќе ја задржи својата
улога како parens patriae (законски заштитник на граѓаните кои не можат да се заштитат
себеси, како што се малолетните деца и децата врз кои е продолжено родителското право и
децата ставени под старателство) со предложеното, да секоја арбитражна одлука треба да
биде потпишана од судија и формализирана од судот, судот ќе го има крајниот збор во
донесување одлуки во врска со прашањата за децата преку верификација на одлуката на
семејниот арбитер.

CONCLUSION

On that note I would conclude that family dispute arbritation will be based on the
principles of European convention on human rights and the Constitution of the Republic of North
Macedonia. New measures and activities would be provided to the parties which are involved in
the family dispute, which will serve as a mechanism to fascilitate the resolution of the dispute for
all parties, without taking into account the case for the dispute. Even though there exist other
ways for out of court family dispute resolvement, such as mediation, which shares some common
characteristics with arbitration, however, I believe that the arbitration would be the law
institution which to the greatest extent respects and promotes the responsibility of the parties
included in the dispute, making it different from the other methods.
Тhe arbitration would be formed within the center for social affairs, on the principle of
professional arbitraries from the area of family law and social work and as such it would be very
useful in solving family disputes, insuring improvements in the execution of court rulings and
the end additional court proceedings conduction. Additionaly, the reduction of court load will be
a great benefit from the introduction of this institute.
Needless to say, the court will retain its role as a parens patriae (legal protector of citizens
who cannot protect themselves, such as minors and children whose parental rights have been
extended and children placed under guardianship), as the paper propposes that any arbitral rule
should be signed by a judge and formalized by the court, as the court will have the final say in
making decisions on child matters through verification of the family arbitor's decision.

Рецензенти:

1. Проф Д-р Марко Андонов


Универзитет Американ Колеџ Скопје

2. Проф. Д-р Љупчо Петкуќески


Универзитет Aмерикан Колеџ Скопје

References:

1. A Guide to the Family Law Arbitration Scheme - Institute of Family Law Arbitrators –
UK
2. Andresen, E. (2009) ‘State tasks of the public office of notary – belonging to the domain
of national
3. Family Law for the Future (2019) — An Inquiry into the Family Law System –
Australian government final report
4. George K. Walker (2003) Arbitrating Family Law Cases by Agreement
5. Guinchard, S. and France Ministe`re de la Justice (2008) L’ambition raisonne´e d’une
justice apaise´e, Paris: La Documentation Francaise
6. Jaqueline da Silva Paulichi /Polyana Benhossi (2011) Mediação a arbitragem como
método para a solução dos conflitos familiars Brasil
7. Lynn P. Burleson (2008) Campbell Law Review Volume 30 Issue 2 Winter
8. or European Union Law ?’, Juridica International. Law Review. University of Tartu XVI,
157–67.
9. Закон за семејството (пречистен текст) Сл. Весник на РМ, бр.153 од 20.10.2014
година
10. Законот за меѓународно приватно право, Сл. весник на Р Македонија бр. 32/2020 од
10.02.2020
11. Устав на Република Северна Македонија https://www.sobranie.mk/content/Odluki
%20USTAV/UstavSRSM.pdf

You might also like