Манаифестација Вевчански Карневал

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 4

Манаифестација Вевчански

Карневал

Изработил:Божидар
Давидовски
Вевчански карневал (13, 14 Јануари)

Вевчанскиот карневал се одржува секоја година во пресрет на Новата


православна година. Стар колку и самото Вевчани (1400 години)
претставува своевидна културна и туристичка атракција. Современиот
Вевчански карневал е интересен спој меѓу паганското и современото и
по своите специфични особини се разликува од другите карневали во
светот.
Главни карактеристики се: архаичноста, таинственоста при
маскирањето, смислата за импровизација и иронизација. Местото на
карневалското случување е цело Вевчани. Секоја куќа, сокак се
претвора во театарска сцена на отворено, каде маскираните ги играат
своите улоги како вистински актери. Вевчанци карневалот го
доживуваат како четириесет и осум часовна апсолутна слобода на
духот и телото при што до израз доаѓа креативноста, импровизацијата,
иронизацијата и смислата за жигосување на негативните општествени
појави и личности. Има три традиционални маски: зет и неста,
музичари, Глупи Август и ѓаволите. Останатите маски, во суштина, се
поголеми и помали карневалски групи кои со костимите, гестовите и
движењата комуницираат со публиката.
Мошне интересна е улогата на Глупи Август, маска, која пред сѐ ја
носат млади и силни момци полни со енергија, кои со публиката
комуницираат со невообичаени движења и гестови, но и со
карактеристичен врисок. Вевчанскиот карневал од 1993 година е член
на Светската асоцијација на карневалски градови и се вборјува меѓу
десетте најатрактивни карневали во светот. Снимени се повеќе
документарни и телевизиски емисии и е редовна тема на
новинарските и фоторепортерските извештаи. Францускиот етнолог и
фоторепортер Жан Мари Стенлејн, фотографии од Вевчанскиот
карневал помести во Големата енциклопедија на светските карневали,
издадена во Париз, 1986 година. 

You might also like