11 - Primena Na Izvodi

You might also like

Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 41

Примена на изводи

Испитување на својства на функции


Интервали на растење и опаѓање
Дефиниција 1. Нека f е дефинирана на интервал I и нека x1, x2  I.
i) f е растечка на I, ако f(x1) < f(x2), за x1 < x2.
ii) f е опаѓачка на I, ако f(x1) > f(x2), за x1 < x2.
iii) f е константна на I, ако f(x1) = f(x2), за сите точки x1 и x2.

растечка опаѓачка
константна

f(x1) < f(x2), за x1 < x2 f(x1) > f(x2), за x1 < x2 f(x1) = f(x2), за сите x1, x2
Растење и опаѓање на функција
Нека f e диференцијабилна функција во точката x0 и нека f ′(x0) > 0.
Тоа повлекува дека
f ( x)  f ( x0 )
f ( x0 )  lim 0
x  x0 x  x0
Ако x e блиску до x0, но x  x0, тогаш
f ( x)  f ( x0 )
0
x  x0
Ова ќе се случи во следните два случаи:
f(x) – f(x0) > 0 и x – x0 > 0, или
f(x) – f(x0) < 0 и x – x0 < 0.

Во првиот случај, x > x0 и f(x) > f(x0), а во вториот x < x0 и f(x) < f(x0).
Значи, ако f е диференцијабилна функција и има позитивен наклон во x0, тогаш
f расте во околина на точката x0.

Слично, се покажува дека ако f ′(x0) < 0, тогаш f опаѓа во околина на точката x0
и ако f ′(x0) = 0, тогаш f е константна во околина на точката x0.
Растење и опаѓање на функција
• Претходната дискусија може да се визуализира со сликата подолу, која
укажува дека ако f е диференцијабилна функција, тогаш
– f e растечка на даден интервал, ако секоја тангента на тој график има
позитивен наклон;
– f e опаѓачка на тој интервал, ако секоја тангента има негативен наклон;
– f e е константна на тој интервал, ако тангента има наклон 0.

секоја тангента има секоја тангента има секоја тангента има


позитивен наклон негативен наклон наклон 0
Растење и опаѓање на функција

Теорема 1. Нека f е непрекината функција на затворениот интервал [a,b]


и диференцијабилна на отворениот интервал (a,b).
i) Ако f ′(x) > 0, за сите x  (a,b), тогаш f е растечка на [a,b];
ii) Ако f ′(x) < 0, за сите x  (a,b), тогаш f е опаѓачка на [a,b];
iii) Ако f ′(x) = 0, за сите x  (a,b), тогаш f е константна на [a,b].

Да воочиме дека во Теорема 1, условите за изводите треба да важат само во


отворениот интервал (a,b), но заклучоците се донесуваат за затворениот
интервал [a,b].

Забелешка. Теорема 1 е формулирана за конечни интервали. Но тврдењето


важи за секој интервал на кој f ги исполнува условите од теоремата. На
пример, ако f e непрекината на [a, +) и f ′(x) > 0 на (a, +), тогаш f е
растечка на [a, +). Aко f e непрекината на (, +) и f ′(x) < 0 на (, +),
тогаш f е опаѓачка на (, +).
Пример 1. Да се определат интервалите на кои функцијата
f(x) = x2 − 4x + 3
расте и оние интервали на кои таа опаѓа.

Решение. Изводот на f е
f ′(x) = 2x − 4 = 2(x − 2).
Сега,

f ′(x) < 0, ако x − 2 < 0, т.е. x < 2


f ′(x) > 0, ако x − 2 > 0, т.е. x > 2

Согласно Теорема 1, f е опаѓачка на (, 2]


и f е растечка на [2, +).

Графикот на функцијата е даден на сликата


и тој го потврдува претходниот заклучок.
Пример 2. Да се определат интервалите на кои функцијата
f(x) = x3
расте и оние интервали на кои таа опаѓа.

Решение. Изводот на f е f ′(x) = 3x2.

Сега, f ′(x) > 0, за x < 0 и за x > 0.

Согласно Теорема 1, f е растечка на (, 0]


и f е растечка на [0, +).

Според тоа, f е растечка на (, +), што


може да се види и од графикот на
функцијата.
Пример 3. Да се определат интервалите на кои функцијата
f(x) = 3x4 + 4x3 −12x2 + 2
расте и оние интервали на кои таа опаѓа.
Решение. Изводот на f е
f ′(x) = 12x3 + 12x2 − 24x
= 12x(x2 + x − 2)
= 12x(x + 2)(x − 1)
Бидејќи f ′ е непрекината (како полиномна)
функција, таа може да го промени знакот само во
точките каде нејзиниот график ја сече x-оската,
т.е. само во оние x во кои f ′(x) = 0, а тоа се x = −2,
x = 0 и x = 1.
Анализата за знакот на f ′ е дадена во следната
табела.
Знак на
интервал 12x(x + 2)(x − 1) Знак на f ′ заклучок
(, −2) (−)(−)(−) (−) f е опаѓачка на (, −2]
(−2, 0) (−)(+)(−) (+) f е растечка на [−2, 0]
(0, 1) (+)(+)(−) (−) f е опаѓачка на [0, 1]
(1, +) (+)(+)(+) (+) f е растечка на [1, +)
Конкавност и конвексност
Од графикот на сликата, може да се види дека функцијата f (x) = x3 расте
на множеството на реални броеви R.
Меѓутоа, во различни точки “кривините” се различни. На пример, во
точката A кривината е надолу, а во точката B , кривината е нагоре. Уште
повеќе, тангентата во точката A е над кривата, а тангентата во точката B е
под кривата.

B
A
Конкавност и конвексност
Дефиниција 2. Нека lc е тангентата на графикот на f во точката (c,f(c)).
i) Ако постои отворен интервал I кој ја содржи точката c и за секој x  I,
x  c, точката (x, f(x)) лежи под тангентата lc, тогаш велиме дека f е
конвексна или испакната (“не држи вода”) во точката c.
ii) Ако постои отворен интервал I кој ја содржи точката c, и за секој x  I,
x  c, точката (x, f(x)) лежи над тангентата lc, тогаш велиме дека f е
конкавна или вдлабната (“држи вода”) во точката c.
Конкавна

Дефиниција 3. Ако функција f е конвексна (конкавна)


во секоја точка од некој отворен интервал I, тогаш
велиме дека f е конвексна (конкавна) на I.
Конвексна
Конкавност и конвексност
конкавна
вдлабната

конвексна
испакната

Од графикот на сликата лево, може да се види дека ако f е испакната


функција на разгледуваниот интервал I, тогаш наклонот на функцијата
опаѓа на I. Бидејќи, наклонот на функцијата f е определен со нејзиниот
прв извод, следува дека f ′ ќе опаѓа на I, т.е. f ′′ < 0 на I.
Од друга страна, од графикот на сликата десно, може да се види дека ако f
е вдлабната функција на I, тогаш наклонот на функцијата расте на I, т.е.
f ′′ > 0 на I.

Теорема 2. Нека f е двапати диференцијабилна на отворен интервал I.


i) Ако f ′′(x) < 0, за секој x  I, тогаш f е конвексна (испакната) на I.
ii) Ако f ′′(x) > 0, за секој x  I, тогаш f е конкавна (вдлабната) на I.
Пример 4. Да се определат интервалите на кои функцијата
f(x) = x2 − 4x + 3
е конвексна и оние на кои е конкавна.

Решение. За функцијата f:

f ′(x) = 2x − 4 = 2(x − 2)
f ′′(x) = 2 > 0,

за секој x (, +).


Согласно Теорема 2, f е конкавна
(вдлабната) на (, +), што може да се
види и од графикот на оваа функција.
Пример 5. Да се определат интервалите на кои функцијата
f(x) = x3
е конвексна и оние на кои е конкавна.

Решение.
f ′(x) = 3x2
f ′′(x) = 6x

Сега, f ′′(x) < 0, за x < 0 и f ′′(x) > 0, за x > 0.

Согласно Теорема 2, f е конвексна


(испакната) на (, 0) и конкавна
(вдлабната) на (0, +).
Превојна точка
Дефиниција 4. Нека f е непрекината на отворен интервал кој ја содржи
точката x0 и нека во точката (x0, f(x0)), f поминува од конвексна во
конкавна, или обратно. Тогаш велиме дека (x0, f(x0)) е превојна точка на
графикот на f.

На пример, графикот на f(x) = x3 во точката x = 0 поминува од конвексен


во конкавен, па (0,0) е превојна точка на графикот на f.
Пример 6. Да се најде (ако постои) превојна точка на графикот на
f(x) = xеx.

Решение.
f ′(x) = (1  x) еx
f ′′(x) = (x  2) еx

Бидејќи, еx > 0, за секој x, знакот на


f ′′ зависи само од знакот на x  2. Затоа,

f ′′(x) < 0, ако x < 2


f ′′(x) > 0, ако x > 2

Согласно Теорема 2, f е конвексна


(испакната) на (, 2) и конкавна
(вдлабната) на (2, +). Оттука, (2,2e-2) е
превојна точка на графикот на f.
Локални екстреми

Дефиниција 1. i) За функцијата f велиме дека има локален максимум во


точката x0, ако постои некој отворен интервал I кој ја содржи x0, така што
f(x0)  f(x), за секој x  I.
ii) За функцијата f велиме дека има локален минимум во точката x0, ако
постои некој отворен интервал I кој ја содржи x0, така што f(x0)  f(x), за
секој x  I.
iii) Локалните минимуми и локалните максимуми во точката x0 со едно
име се нарекуваат локални екстреми во x0.
Локални екстреми
• f(x) = x2 има локален минимум
во x = 0, но нема локален
максимум.
• f(x) = x3 нема локални
екстреми.
• f(x) = x3 − 3x + 3 има локален
максимум во x = −1 и локален
минимум во x = 1.

• f(x) = 1/2x4 − 4/3x3 − x2 + 4x + 1


има локален минимум во x = −1
и x = 2 и локален максимум во
x = 1.
• f(x) = cos x има локален
максимум во точките 2kπ и има
локален минимум во точките
(2k + 1)π, каде k  Z.
Локални екстреми

Дефиниција 2. i) Точката x0 e критична точка за функцијата f, ако


f ′(x0) = 0 или f не е диференцијабилна во x0.

ii) Точката x0 e стационарна точка за функцијата f, ако f ′(x0) = 0.

Точките x1, x2, x3, x4 и x5 се


критични точки. Од нив, x1, x2 и
x5 се стационарни.
Локални екстреми
Теорема 1. Нека функцијата f е дефинирана на отворен интервал кој ја
содржи точката x0. Ако f има локален екстрем во x = x0, тогаш x = x0 е
критична точка на f, т.е. f ′(x0) = 0 или f не е диференцијабилна во x0.

Доказ:
• Нека f има локален екстрем во x0. Тогаш можни се два случаи:
– f не е диференцијабилна во x0, или
– f е диференцијабилна во x0.
• Ако f не е диференцијабилна во x0, доказот е завршен.
• Нека f е диференцијабилна во x0.
– Ако f ′(x0) > 0, како што е претходно покажано, f ќе расте во околина на
x0, па нема да има локален екстрем во таа точка.
– Слично, ако f ′(x0) < 0, како што е претходно покажано, f ќе опаѓа во
околина на x0, па повторно нема да има локален екстрем во таа точка.
– Останува дека мора f ′(x0) = 0.
Тест со први изводи
Претходната теорема покажува дека локалните екстреми мора да се случат во
критична точка, но не и дека во секоја критична точка се наоѓа локален екстрем. На
сликата се дадени осум случаи на критични точки. Локални екстреми се појавуваат
во случаите од првиот ред, но не и во тие од вториот ред.

Критична точка Критична точка Критична точка Критична точка


Стационарна точка Нестационарна точка Стационарна точка Нестационарна точка
Локален максимум Локален максимум Локален минимум Локален минимум

Критична точка Критична точка Критична точка Критична точка


Стационарна точка Стационарна точка Нестационарна точка Нестационарна точка
Превојна точка Превојна точка Превојна точка Превојна точка
Нема локален екстрем Нема локален екстрем Нема локален екстрем Нема локален екстрем
Тест со први изводи

• Ќе велиме дека f ′ го менува знакот од позитивен (+) во негативен ()


во x0, ако постои отворен интервал (а, x0) лево од x0 така што f ′(x) > 0,
за секој x  (а, x0) и постои отворен интервал (x0, b) десно од x0 така
што f ′(x) < 0, за секој x  (x0, b).

• Аналогно, f ′ го менува знакот од негативен () во позитивен (+) во x0,


ако постои отворен интервал (а, x0) лево од x0 така што f ′(x) < 0, за
секој x  (а, x0) и постои отворен интервал (x0, b) десно од x0 така што
f ′(x) > 0, за секој x  (x0, b).
Тест со први изводи

Теорема 2. Нека f е непрекината во критичната точка x0.


i) Ако f ′ го менува знакот од позитивен (+) во негативен () во x0, тогаш
f има локален максимум во x0.
ii) Ако f ′ го менува знакот од негативен () во позитивен (+) во x0,
тогаш f има локален минимум во x0.
iii) Ако f ′ го не менува знакот во x0, тогаш f нема локални екстреми во
x0.

Доказ: i) Ако f ′ го менува знакот од позитивен (+) во негативен () во


x0, тогаш постои отворен интервал (а, x0) лево од x0 така што f ′(x) > 0,
за секој x  (а, x0) и постои отворен интервал (x0, b) десно од x0 така
што f ′(x) < 0, за секој x  (x0, b). Тоа значи дека f е растечка на (а, x0] и
опаѓачка на [x0, b). Бидејќи, f е непрекината во критичната точка x0 и во
оваа точка поминува од растење во опаѓање, f има локален максимум во
x0.
Аналогно се покажуваат и тврдењата под ii) и iii).
Пример 1. Да се определат (ако постојат) локалните екстреми на
f(x) = 3x5/3 − 15x2/3.
Решение. Најпрво го определуваме првиот извод на функцијата f:
5( x  2)
f ( x) 
x1/ 3
Притоа, f ′(x) = 0, ако x = 2, и f не е диференцијабилна во x = 0. Затоа, x = 0
и x = 2 се критични точки за функцијата f.

Анализата на знакот на f е дадена во табелата.

Знак на
интервал 5(x − 2)/x1/3 Знак на 𝑓 ′
(, 0) (−)/(−) (+)
(0, 2) (−)/(+) (−)
(2, +) (+)/(+) (+)
Од анализата може да се види дека во x = 0, f ′ го менува знакот од (+) во
(), па f има локален максимум во оваа точка. Од друга страна, во x = 2, f ′
го менува знакот од () во (+), па f има локален минимум во x = 2.
Тест со втори изводи
f ′′< 0
испакната

f ′′> 0
вдлабната

Локален Локален
максимум минимум

Теорема 3. Нека f е двапати диференцијабилна во x0 и f ′(x0) = 0.


i) Ако f ′′(x0) < 0, тогаш f има локален максимум во x0.
ii) Ако f ′′(x0) > 0, тогаш f има локален минимум во x0.
iii) Ако f ′′(x0) = 0, тогаш не може да се извлече никаков заклучок; може
f да има локален максимум, локален минимум во x0 или да нема екстрем
во x0.
Теорема 3. Нека f е двапати диференцијабилна во x0 и f ′(x0) = 0.
i) Ако f ′′(x0) < 0, тогаш f има локален максимум во x0.
ii) Ако f ′′(x0) > 0, тогаш f има локален минимум во x0.
iii) Ако f ′′(x0) = 0, тогаш не може да се извлече никаков заклучок; може
f да има локален максимум, локален минимум во x0 или да нема екстрем
во x0.
Доказ: i) Нека f ′(x0) = 0 и f ′′(x0) < 0. Ако се изрази f ′′ преку дефиницијата
со лимес и се искористат двата претходни услови, се добива:
f ( x)  f ( x0 ) f ( x)
f ( x0 )  lim  lim  0.
x  x0 x  x0 x  x0 x  x
0
Тоа значи дека за x доволно блиску до x0,
f ( x)
 0.
x  x0
Последното неравенство е точно, во следните два случаи:
• x  x0 < 0 и f ′(x) > 0
• x  x0 > 0 и f ′(x) < 0
Toa значи дека f ′(x) > 0, за x < x0 и f ′(x) < 0, за x > x0, т.е. f ′ го менува
знакот од (+) во () во x0. Според Тестот со први изводи, f има локален
максимум во x0.
Теорема 3. Нека f е двапати диференцијабилна во x0 и f ′(x0) = 0.
i) Ако f ′′(x0) < 0, тогаш f има локален максимум во x0.
ii) Ако f ′′(x0) > 0, тогаш f има локален минимум во x0.
iii) Ако f ′′(x0) = 0, тогаш не може да се извлече никаков заклучок; може
f да има локален максимум, локален минимум во x0 или да нема екстрем
во x0.

Доказ: iii) За да го покажеме ова тврдење, доволно е да се најдат функции


за кои f ′(x0) = 0 и f ′′(x0) = 0 во некоја точка x0, едната има локален мини-
мум, друга – локален максимум, а третата нема локални екстреми.
Да ги разгледаме функциите:
f(x) = x4, g(x) = x4, h(x) = x3.
За сите овие функции, првиот извод е 0, за x = 0, т.е. x = 0 е критична точка.
Исто така, f ′′(0) = g′′(0) =h′′(0) = 0. Од друга страна, f има локален мини-
мум во x = 0, g има локален максимум во x = 0, а h нема ниту локален
минимум, ниту локален максимум во x = 0.
Пример 2. Со користење на тестот со втори изводи, да се определат (ако
постојат) локалните екстреми на
f(x) = 3x5 − 5x3.
Решение. Најпрво го определуваме првиот извод на функцијата f:
f ′(x) = 15x4 – 15x2 = 15x2 (x2 – 1) = 15x2 (x – 1) (x + 1).
Притоа, f ′(x) = 0, ако x = 0, x = –1 и x = 1. Тоа се критичните точки на
функцијата f.

За вториот извод на f се добива:


f ′′(x) = 60x3 – 30x.
Сега,
• f ′′(–1) = –30 < 0, па f има локален максимум во x = –1.
• f ′′(1) = 30 > 0, па f има локален минимум во x = 1.
• f ′′(0) = 0, па овој тест не дава одговор.
Затоа се преминува на тестот со прв извод.
Според, анализата на знакот
Знак на на f ′ даден во табелата,
интервал 15x (x – 1) (x + 1) Знак на f ′ заклучуваме дека f ′ не го
2

(1, 0) (+)(−) (+) (−) менува знакот во x = 0, па f


(0, 1) (+)(−) (+) (−) нема локални екстреми во
x = 0.
Коса асимптота

Претходно дефиниравме дека правата y = L е хоризонтална асимптота на


графикот на функцијата f ако графикот на f е се поблиску до правата y = L
кога x неограничено расте или опаѓа.

Сега, прашање е дали постои произволна


права
y = kx + n
таква што графикот на f е сè поблиску до
оваа правата кога x неограничено расте
или опаѓа. Ако ваква права постои, таа се
нарекува коса асимптота на графикот
на функцијата f.
Коса асимптота
Да претпоставиме дека графикот на
функцијата има коса асимптота кога x
неограничено расте (како на цртeжот)
Растојанието d = d(x) од произволна точка
(x,f(x)) од графикот на функцијата до
асимптотата (според формулата за растојание
од точка до права) е
kx  n  f ( x)
d ( x)  . (1)
k 1
2

За правата y = kx + n да биде коса асимптота, треба


lim d ( x)  0.
x 

Сега, равенството (1) повлекува дека


k 2  1 d ( x) | kx  n  f ( x) |,
т.е.
d ( x) n f ( x)
k 2 1  k  .
x x x
Коса асимптота

Од ова равенство и условот


lim d ( x)  0,
x 
следува дека
d ( x) n f ( x)  n f ( x) 
0  k 2  1 lim  lim k    lim  k   .
x  x x  x x x 
 x x 

Сега,
 n f ( x)  n f ( x)
0  lim  k     k  lim  lim ,
x 
 x x  x  x x  x
поради n
lim  0,
x  x

добиваме:
f ( x)
k  lim .
x  x
Коса асимптота
Потоа, од
0  k 2  1 lim d ( x)  lim | kx  n  f ( x) || lim ( kx  n  f ( x)) |,
x  x  x 

добиваме дека

0  lim (kx  n  f ( x)),


x 

т.е.
n  lim ( f ( x)  kx).
x 

Ако се повтори постапката кога x, тогаш се добиваат исти формули за


k и за n, само што x+ се заменува со x.
Забелешка. Ако k = 0, тогаш косата асимптота има равенка y = n, т.е.
асимптотата е хоризонтална. Значи, хоризонталната асимптота е
специјален случај на коса асимптота што се добива кога k = 0.

Пример 1. Да се определат косите асимптоти на графикот на функцијата


f ( x)  x 2  1.
.
Решение: Доменот на функцијата f е Df = (,1][1,+).
Ќе разгледаме два случаи: x→+ и x→.
x2 1 x2 1
f ( x) x2 1 | x| x2 x2 1 1
k1  lim  lim  lim  lim  lim  lim 1  1
x  x x  x x  x x  x x  x2 x  x2
| x| x

n1  lim ( f ( x)  k1 x)  lim
x  x 
 x 1  x
2
 x2 1  x
x 1  x
2
 lim
x 
x2 1  x2
x 1  x
2
0

Значи, y = x e коса асимптота на графикот на f.


Слично,
x2 1 x2 1
f ( x) x2 1 | x| x2 x2 1 1
k2  lim  lim  lim  lim  lim   lim  1   1
x  x x  x x  x x  x x  x2 x  x2
| x| x

n2  lim ( f ( x)  k2 x)  lim
x  x 
 x 1  x
2
 x2 1  x
x 1  x
2
 lim
x 
x2 1  x2
x 1  x
2
0

Значи, y = x e втората коса асимптота на графикот на f.


Испитување на својства и скицирање на
график на функција
Чекор 1. (Домен). Се определува доменот Df на функцијата f.

Чекор 2. (Пресеци со оските). Се определуваат точките во кои графикот на


функцијата ја сече x- и y-оската.
- Графикот на f ја сече x-оската во точка x0, ако f(x0)=0.
- Графикот на f ја сече x-оската во точка y0, ако 0  Df и f(0)=y0.

Чекор 3. (Симетрии). Се проверува дали графикот на f е симетричен во


однос на y-оската и координатниот почеток.
- Графикот на f е симетричен во однос на y-оската ако f(x) = f(x), за секој
xDf .
- Графикот на f е симетричен во однос на координатниот почеток, ако
f(x) = f(x), за секој xDf .
Испитување на својства и скицирање на
график на функција
Чекор 4. (Асимптоти). Се проверува дали постојат вертикални, коси и
хоризонтални асимптоти.
- Ако постои реален број a таков што lim− 𝑓(𝑥) = +∞ (или − ∞) или
𝑥→𝑎
lim 𝑓(𝑥) = +∞ (или − ∞) тогаш правата 𝑥 = 𝑎 е вертикална асимптота
𝑥→𝑎+
на графикот на f.
- Се проверува однесувањето на графикот на f во бесконечност, т.е. се
пресметуваат лимесите од f(x) кога x→+∞ и кога x→− ∞. Ако барем еден
од нив е конечен број L, тогаш правата y = L е хоризонтална асимптота на
графикот на f.
𝑓(𝑥)
- Се определуваат лимесите 𝑘1 = lim , 𝑛1 = lim (𝑓 𝑥 − 𝑘1 𝑥), и 𝑘2 =
𝑥→+∞ 𝑥 𝑥→+∞
𝑓(𝑥)
lim , 𝑛2 = lim (𝑓 𝑥 − 𝑘2 𝑥). Ако 𝑘1 (или 𝑘2 ) е ненулти број и ако
𝑥→−∞ 𝑥 𝑥→−∞
вториот (т.е. четвртиот) лимес постои, тогаш правата 𝑦 = 𝑘1 𝑥 + 𝑛1 (𝑦 =
𝑘2 𝑥 + 𝑛2 ) е коса асимптота на графикот на f.
Испитување на својства и скицирање на
график на функција
Чекор 5. (Интервали на монотоност). Се определуваат интервалите каде f
расте или опаѓа. Нека f е непрекината на [a,b] и диференцијабилна на (a,b).
- Aко f ′(x) > 0, за секој x  (a,b), тогаш f e растечка на [a,b].
- Aко f ′(x) < 0, за секој x  (a,b), тогаш f e опаѓачка на [a,b].
Чекор 6. (Локални екстреми). Се определуваат критичните точки на f (оние
точки x каде f ′(x) = 0 или f ′(x) не постои.
- Ако f ′ го менува знакот во x0 од (+) во () (или ако f ′(x0) = 0 и f ′′(x0) < 0),
тогаш f има локален максимум во x0.
- Ако f ′ го менува знакот во x0 од () во (+) (или ако f ′(x0) = 0 и f ′′(x0) > 0),
тогаш f има локален минимум во x0.
Чекор 7. (Конвексност, конкавност и превојни точки). Се определуваат
интервалите каде f е вдлабната или испакната.
- f е вдлабната (конкавна) на интервал I ако f ′′(x) > 0, за секој xI.
- f е испакната (конвексна) на интервал I ако f ′′(x) < 0, за секој xI.
- Точката (x0, f (x0)) е превојна точка на графикот на f, ако во оваа точка
графикот на f поминува од конвексен во конкавен или обратно.
Чекор 8. (скицирање на графикот). Се скицира графикот на функцијата со
внесување на сите претходни заклучоци.
Испитување на својства и скицирање на
график на функција
𝑥2
Пример 1. Да се испитаат својствата на функцијата 𝑓 𝑥 = , и да се
𝑥−2
скицира нејзиниот график.

Решение.

Чекор 1. (Домен). 𝐷𝑓 = ℝ ∖ {2}

Чекор 2. (Пресеци со оските).


- f(x0) = 0 за x0 = 0 (пресек со x-оската) и
- f(0) = y0 за y0 = 0 (пресек со y-оската)

Чекор 3. (симетрии).
𝑥2 𝑥2
- 𝑓 −𝑥 = ≠ 𝑓 𝑥 и 𝑓 −𝑥 = ≠ −𝑓 𝑥 , па f не е симетрична во
−𝑥−2 −𝑥−2
однос на y-оската и не е симетрична во однос на координатниот почеток.
Испитување на својства и скицирање на
график на функција
Чекор 4. (асимптоти).
- вертикална асимптота
𝑥2
lim 𝑓(𝑥) = lim = −∞
𝑥→2− 𝑥→2− 𝑥−2
𝑥2
lim+ 𝑓(𝑥) = lim+ = +∞
𝑥→2 𝑥→2 𝑥−2
Оттука, правата 𝑥 = 2 е вертикална асимптота на графикот на f.
- xоризонтална асимптота
𝑥2 𝑥
lim 𝑓(𝑥) = lim = lim = −∞
𝑥→−∞ 𝑥→−∞ 𝑥−2 𝑥→−∞ 1−2/𝑥
𝑥2 𝑥
lim = lim = +∞.
𝑥→+∞ 𝑥−2 𝑥→+∞ 1−2/𝑥
Така, графикот на f нема хоризонтална асимптота.
- коса асимптота
𝑓(𝑥) 𝑥
𝑘1 = lim = lim =1
𝑥→+∞ 𝑥 𝑥→+∞ 𝑥−2
2𝑥
𝑛1 = lim 𝑓 𝑥 − 𝑘1 𝑥 = lim = 2.
𝑥→+∞ 𝑥→+∞ 𝑥−2
Така, правата 𝑦 = 𝑥 + 2 (истите вредности на лимесите се добиваат и кога
x→− ∞) е коса асимптота на графикот на f.
Испитување на својства и скицирање на
график на функција

2𝑥 𝑥 − 2 − 𝑥 2 𝑥(𝑥 − 4)
𝑓′(𝑥) = =
𝑥−2 2 𝑥−2 2
2𝑥 − 4 𝑥 − 2 2 − 2𝑥(𝑥 − 4)(𝑥 − 2) 8
𝑓′′(𝑥) = =
𝑥−2 4 𝑥−2 3
Чекор 5. (Интервали на монотоност).
Изводот 𝑓 ′ може да го смени знакот во x = 0, x = 4 и x = 2 (затоа што во оваа
точка f не е дефинирана). Притоа, (x − 2)2 > 0, за секој x  Df, па знакот на 𝑓 ′
зависи само од знакот на x(x − 4). Анализата за знакот на f ′ е дадена во
следната табела.
Знак на
интервал x(x − 4) Знак на f ′ заклучок
(, 0) (−)(−) (+) f е растечка на (, 0]
(0, 2) (+)(−) (−) f е опаѓачка на [0, 2)
(2, 4) (+)(−) (−) f е опаѓачка на (2, 4]
(4, +) (+)(+) (+) f е растечка на [4, +)
Испитување на својства и скицирање на
график на функција
2𝑥 𝑥 − 2 − 𝑥 2 𝑥(𝑥 − 4)
𝑓′(𝑥) = =
𝑥−2 2 𝑥−2 2
2𝑥 − 4 𝑥 − 2 2 − 2𝑥(𝑥 − 4)(𝑥 − 2) 8
𝑓′′(𝑥) = =
𝑥−2 4 𝑥−2 3

Чекор 6. (Локални екстреми).


- 𝑓 ′ 𝑥 = 0 за 𝑥 𝑥 − 4 = 0, т.е. за 𝑥 = 0 и 𝑥 = 4.
- 𝑓 ′′ 0 = −1 < 0, па f има локален максимум во x = 0.
- 𝑓 ′′ 4 = 1 > 0, па f има локален минимум во x = 4.

Чекор 7. (Конвексност, конкавност и превојни точки).


- 𝑓 ′′ 𝑥 > 0 за 𝑥 − 2 3 > 0 , што е еквивалентно со 𝑥 > 2 , па f е вдлабната
(конкавна) на интервалот (2, +∞),
- 𝑓 ′′ 𝑥 < 0 за 𝑥 − 2 3 < 0, па f е испакната (конвексна) на интервалот −∞, 2 .
- Превојна точка не постои, затоа што x = 2  Df.
Испитување на својства и скицирање на
график на функција
Чекор 8. (Скицирање на график). Согласно заклучоците од претходните чекори, се
скицира графикoт на f.

15

10

-15 -10 -5 5 10 15

-5

-10

-15

You might also like