Stocarstvo

You might also like

Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 10

СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМEТОТ

Основи на сточарско производство

Тема:Екстериер кај домашните животни

Содржина:

1.Окомерно отценување-субјективно отценување

2.Мерење на екстериер со помош на технички помагала

3.Фотографирање

ментор
Проф.д-р Сретен Андонов

изработил Мартин Манов


Под екстериер се подразбираат надворешните телесни фoрми
на животните и нивните меѓусебни односи.При екстериерното
отценување постои метод и начин на отценување.
Така на пример надворешниот изглед кај некои животни
зависи од целта за која тие се одгледуваат.Надворешниот
изглед може да се отцени врз основа на некои поважни
физиолошки и производни карактеристики.На пример
високопродуктивните млечни животни не се отценуваат само
морфолошки туку и физиолошки.

Методи на екстериерно отценување

За отценување на екстериерот се употребуваат следните


методи:
1.Окомерно(субјективно)
2.Објективно(со технички помагала)
3.Фотографирање

1.Окомерно(субјективнo отценување)

E еден од основните и масовно употребуван метод.Служи за


побрзо директно добивање на приближно полна претставка за
особинните и телесната градба на животните.За оваа цел
потребна е голeма вештина,добро познавање на анатомијата и
физиологијата,долга практика и умеење бидејќи за тоа не
постои некој пропис а се врши врз основа на посматрање.Со
цел да се изврши едно такво отценување потребно е
отценувачот да фрли еден општ поглед за да добие еден општ
впечаток во целост.За правилно отценување треба да се следат
некои правила:
1.Отценувањето да се врши во најпогоден момент од денот
да не е ниту многу жешко ниту многу ладно.
2.Местото на кое ќе се постави животното тртеба да е со
рамна површина,отворено со соодветна заднина,небо, бел ѕид
и друго.

1
3.Животното кое се отценува треба да е спокојно.
4.Лицето кое што врши отценување застанува настрана од
животното на 5-8 метри така што со еден поглед да може да го
опфати животното.Најнапред се отценува левата срана а потоа
сите други напред,назад, десно итн.
5.За подобро отценување понекој пат отценувачот се служи
со палпација (опипување) на коски ,виме, мускули итн.
6.При окомерното отценување треба да се има некој
редослед па како што следи:
Г л а в а Таа е огледало на животното,преку неа може да
се суди за расата ,возраста,конституцијата,темпераментот па
дури и за благодарноста.Кај говедата (млечните раси ) таа е
лесна,мала,сува и тесна,кај товните кратка и широка а кај
работните клиновидна и триаголна.Формата моше да биде
различна со рамен вдлабнат и испупчен профил.
Очи-По очите се заклучува за темпераментот,остриот
поглед на бикот е знак на злонамерност,загурлавени очи се
знак на недобро здравје а големите очи за интелигенција.
Уши-Тенки уши се знак за благодарност,дебели и
обрастени со долги влакна се знак за цврста
конституција,може да бидат долги ,големи,широки.
Усни-Кај благодарните животни се тенки,нежни и без
влакна.
Муцка-По неа се цени здравјето на животното ,влажна и
студена е знак за добро здравје.
Нос-Кусиот нос е знак за брз пораст а долгиот за доцен.
Рогови-Се продукт на кожата,тие се непожелна појава кај
животните,на нив многу влијае храна,клима итн.

2
Чело-Кај рано зрелите животни е широко а кај доцно
стасните е долго и тесно.
Врат-Главна основа се вратните прешлени и
мускули,машките за разлика од женските имаат широк и кус
врат по форма може да биде прав,еленски и лебедест.
Г р а д и Во нив се сместени најважните органи за
дишење и крвоток,тие треба да се широки и длабоки.
Г р е б е н Има големо значење особено за коњите за
јавање и впрегнување.Тој е највисок дел на рбетникот и го
сочинуват ‘рскавичните горни краеви на лопатката.
Г р б Тој служи како мост кој го поврзува предниот и
задниот дел на телото,ги носи органите и плодот,поформа е
долг, среден,кус,тесен,широк,испупчест и седлест.
С л б и н а Се состои од 5-7 прешлени и се наоѓа меѓу
грбот и костурот.
К р с т Се состои од 4-5 сраснати прешлени.
С а п и Ги сочинуваат карличната,крсната и првите
неколку опашни прешлени.Според формата разликуваме
неколку форми:рамни,хоризонтални,српести,пирамидални
магарешки,јајцевидни,вдлабнати,наведени и расцепени.
О п а ш к а Изградена е од кратки и по форма различни
прешлени,служи за одбрана од инсекти,кај масно опашните
овци лојот служи како резервна храна.
С т о м а к Тој е празнина помеѓу градната
преграда,слбината и ребрата.Во него се наоѓаат органите за
варење,женските имаат поразвиен стомак од машките,тоа е
последица од бременоста.Проширен стомак имаат животните
кои се хрнат со кабаста храна.

3
Г л а д н и д у п к и Се наоѓаат од двете страни на
стомакот,кај млечните раси се повеќе изразени.
П о л о в и о р г н и Спаѓаат пенисот,тестисии вулва,треба
да бидат добро изразени.
В и м е Тоа е орган за лачење на млеко,кај преживарите се
наоѓа помеѓу задните нозе а кај другите животни по
должината на стомакот.Треба да е правилно развиено ,обемно
и да се простира што повеќе под стомакот и назад.Тоа треба да
е меко еластично и жлездесто,обвиткано со мека и еластична
кожа,обрастено со меки и куси влакна.

Н о з е При работните а особено при коњот тие се од


првостепено значење заедно со зглобовите и мускулите
претставуваат еден лост на животното.

4
П а п ц и и к о п и т о Тие се крајниот дел од нозете со
кои животното гази,важнисе особено за работните животни.
К о ж а Регулатор е на телесна температура и е заштитен
орган на телото.Кај гојните раси таа е мека,еластична и не се
одделува од телото.
В л к н о Тоа е заштитник на животинското тело.Кај
здравите животни е мазно мрсно и сјајно,планинските
животни имаат погрубо и подолго влакно,бојата му е добиена
од обоени материи на епидермисот.

2.Екстериерно мерење

Едно животно посматрано надворешно не може правилно и


објктивно да се отцени.Затоа се користи мерење на
екстериерот и живата мера.Отценување на екстериерот преку
мерење претставува најсигурен и најточен начин на
мерење.Мерење на говедата има најголемо значење за
селекцијата и матичното книговодство.
Со мерење се постигнува следното:
1.Се следи телесниот развиток
2.Кај некои раси се создаваат стандардни производни
својства за млечност,гојност или комбинација.
3.Се вршин и зедначувње и консодилирање на запатот во
кој постои хетеоген материјал.
4.Дава можност за научна и студиска работа
5.Дава можност да форсира делови и партии од телото
6.Ни овозможува да извршиме меѓусебна споредба на
животните од иста раса.
Справи за мерење се:
1.Лидтинов бастун се вика така бидејќиод горниот крај
завршува со рачка слична на бастун.Се состои од шуплива
метална или дрвена футрола во неа има четвртеста метална
шипка долга 100сантиметри.На горниот крај има прицврстено
метално рамо а на двете страни на футролата и металната
шипка се наоѓаат сентиметарски бројки.Со бастунот се мерат

5
следните димензи:гребенот,грбот,крстот,коренот на опашката,
должина на трупот ,карлица,калично бутниот зглоб.
2.Вилкенсов шестар-Тој е метална справа и се состои од два
полукржни метални рамења кои завршуваат со метално
топче,долу се наоѓа метална скала ,при мерењето шестарот се
држи со двете раце.Со него се мерат главата и сапите.
3.Сантиметарска лента-Долга е 2.5 метри и со неа се мерат
должина нам труп,висина на гребен,опфатна предна лева
цеваница.
4.Агломер-Тој е градуиран круг со дијаметар од 16
сантиметри.Во центарот на кругот се прицврстени две тенки
метални рамења.Со него се мерат аглите на скочните
зглобови,ребрата и рамената коска.

Услови за точно мерење

1.Местото каде се врши мерењето да е отворено,подлогата


да е рамна а најдобро е да биде дрвена.
2.Справите да бидат исправни и точни.
3.Да се одреди најпогодно време за мерење а како такво е
претпладне.
4.Животните да се поставата така да гледани одназад
задните нозе да ги покриваат предните,гледани одстрана исто
така нозете да се покриваат,главата да биде во иста линија со
грбната линија.
5.Мерењето да се врши од левата страна заради бодење.
6.Мерењето да се врши совесно и точно а земените мерки
треба уредно да се внесат во матичните книги.

Видови екстериерни мерења

Бројот наекстериерните мерења зависиод целта која се бара и


поставува,во пракса се земаат следните мерења:
1.Висина на гребенот.
2.Висина на грбот.

6
3.Висинана крстот.
4.Висина на коренот на опашката.
5.Коса должина натрупот.
6.Ширина на градите зад лопатката.
7.Длабина на градите.
8.Ширина на колкови.
9.Ширина на карлично бутниот зглоб.
10.Ширина на седните коски.
11.Обем на градите.
12.Обем на предна лева цеваница.

Одредување на живата мера

Може да се изврши во секое време но се мерат животните по


дванаесет часовно гладување и ненапојување со
вода.Мерењето на живата мера се врши од следните причини:
1.Да се утврди прирастот кај подмладокот.
2.дасе утврди дали даденотоколичество млеко кај
проиродно хранетите елиња е доволно или не.
3.Да се утврди дневниот прираст на животнитекои се гојат.
4.Да се утврди при купопродажбата живата мера и да се
исплати пазарната цена покилограм жива мера.
За одредување жива мера постојат два начина:

1.Одредување жива мера со вага


Животните се мерат наутро по дванаесет часовно гладување.
Вагата добросе балансира и животното се мери 3 пати.
Добиената средна мера сесмета за фактична жива мера.

2.Одредување на жива мера со помош на телесни мерења.


а ) мерење со лента на опфатот на градите и коса должина на
трупот.Пресметување се врши по следната фомула:

7
О2*Д
Жива мера=
12,56
О-обем на градите
Д-коса должина на трупот
12,56-стален коефициент
б ) Мерење по методот на Траухановски
Исто како кај претходниот начин само овде стален
коефициент е 100
в ) Одредување на жива мера на возрасни говеда по таблицата
на Kliver и Strauch.

Фтографирање

Тоа е доста важна работа бидејќи го дава животното во


целина,претставува траен документ и се приложува во
матичното книговодство за матичните листови.За

8
фотографирање животните добро е да се наместат,позадината
да биде таква да таа не одговара на животинското влакно,
животните се поставуваат во отворен став,предната нога да
биде исфрлена напред а задната назад за да кај млечните раси
се види вимето а кај машките тестисите.Објективот да е
наместен перпендикуларно кон центарот на тежината на
телото.

You might also like