Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 5

Растенија и ерозија на почва

1. Име на активност: Растенија и ерозија на почва

2. Вид на активност:
 Активност внатре во училница
 Активност надвор од училница
 Воннаставна активност (домашни задачи)
 Активности со родители

3. Тема:
 Екосистем (геолошка разновидност)

4. Клучни зборови: почва, вода, растенија, ерозија, листови

5. Целна група:
 Ученици од 1во до 5то одделение

6. Цели: Подигната свест на деца од основно училиште за значењето на растенијата во


спречување на ерозија и влијанието на климатските промени

7. Опис на активност
 При реализација на оваа активност потребно е да им го посочите значењето на
учениците на почвата која се смета за посебна природна мембрана
(биогеомембрана) и се формира под влијание на климата, релјефот,
првобитниот почвообразувачки материјал или матичен супстрат, но исто така и
од микроорганизмите и останатите живи организми.
 Дополнително, во делот на почвата потребно е да ја објасните ерозијата, која е
процес на разрушување честички од почва, камења и други делови од
подлогата под дејство на водата и ветерот, како и нивно пренесување и
таложење во зарамнетите делови од релјефот.
 Исто така, потребно е да ја објасните улогата растенијата што ја имаат а тоа е
зацврстување на почвата, одржување на компактноста како и апсорбција на
водата и превенција од појава на ерозија.
 За индивидуална реализација на оваа активност потребни ви се 3 големи
пластични шишиња, 3 големио пластични чаши, пластичи садови за почва,
почва, лисја, почва со трева и корења, ножици, мала градинарска лопата,
столче или поголем правоаголен сад, шише со вода
 Пред да започне експериментот, во текот на претходниот ден, поделете ги
децата во групи од по 3 деца и замолете ги да донесат рециклирани
материјали за експериментот од нивните домови како и да ископаат само
почва како и почва со трева и корења
 Пред да го направите експериментот соберете почва и остатоци (лисја,
гранчиња, итн.) и ставете ги во посебни пластични садови.
 Исто така, за да се подготвите за експериментот, од вашата околина со помош
на мала градинарска лопата исечете правоаголник од трева со закачени
корења и земја и ставете го во пластичен сад.
 Кога ќе пристигнете на вашиот час, посочете им на децата да се групираат во
групите од 3 деца кои веќе во претходниот ден ќе ги поделите
 Дадете им насоки да ве следат што правите но и да внимаваат при употреба на
материјалите што ги имаат донесено
 Откако ќе им дадете насоки да ве следат, со ножици исечете голем
правоаголник од страната на секое големо пластично шише.
 Ставете ги шишињата на нивните страни на столче или наопаку поставен сад за
да ги подигнете неколку cm од рамната површина.
 Ставете проѕирна пластична чаша под вратот на секое шише.
 Ако чашата е превисока за да може да се прелива вода во неа од шишето,
тогаш користете ножици за да ја исечете пластичната чаша и да ја направите
пократка.
 Погрижете се да не ги скратите премногу чашите - тие треба да имаат доволно
простор за да ја задржат водата што ќе ја истурите во шишињата со почва.
 Наполнете едно големо пластично шише (исечено) со почва – посочете им на
учениците дека ова е обесшумена земја под влијание на човечкиот фактор и
ефектите на климатските промени
 Наполнете едно големо пластично шише (исечено) со почва и лисја/гранчиња
 Наполнете едно големо пластично шише (исечено) со парчето почва со трева и
корења кои претходно сте ги исекле како правоаголник од некој тревник
 Посочете им на учениците истото да го направат.
 Со помош на пластично шише, посочете им на учениците, бавно да истурат
вода во шишето што содржи само почва и да гледаат како се полни чашата
(направете го ова со сите 3 шишиња)
 Набљудувајте колку земја еродира од секој сад и се влева во пластичните
чаши.
 Најчистата вода ќе се добие во чашата што се полни од вода што истекува од
шишето со почва со трева и корења.
 Посочете им на учениците дека ерозијата се јавува побавно кога почвата
содржи и живи растенија, корења итн. Тоа е затоа што растенијата ја
забавуваат водата додека тече по земјата, дозволувајќи голем дел од дождот
да се впие во земјата.
 Гранките и лисјата на живите растенија исто така го омекнуваат паѓањето на
капките дожд за да не удрат премногу силно во земјата и да не ја расцепат
почвата.
 Корењата на растенијата исто така ја држат почвата заедно и го отежнуваат
еродирањето.
 Почвата без трева и корења, како што е почвата што се наоѓа во обесшумените
области, може да биде под зголемен ризик од ерозија.
 Посочете им на учениците дека човечките активности како што се сечење дрвја
или уништување на вегетацијата се активности кои може да ја зголемат
ерозијата и може да има негативни несакани ефекти како што е намален
квалитет на водата, уништување на екосистемите
 За време на експериментот посочете им на учениците за важноста на почвата и
растенијата, нивната улога но и какво е влијанието на климатските промени но
и факторот човек врз нивното уништување.

8. Потребни материјали
 3 големи пластични шишиња
 3 големи пластичи чаши
 Пластични садови за почва
 Ножици
 Мала градинарска лопата
 Почва
 Лисја, корења
 Почва со трева и корени
 Столче или правоаголен сад што може да ги собере сите 3 шишиња едно до
друго и да ги подигне на 30тина cm од рамна површина
 Шише со вода

9. Времетраење: 1 част и 15 мин.

10. Tips and tricks за едукаторот/наставникот


 Пред почетокот на активноста запознајте ги учениците што ќе правите и што ќе
им покажете
 Водете внимание за времето но и да внимаваат при употреба на остри
материјали
 Користете рециклирани материјали
 Дадете им насоки на учениците дека истиот експеримент може да го пробаат
дома со своите родители
 За време на експериментот посочете им на учениците за важноста на почвата и
растенијата, нивната улога но и какво е влијанието на климатските промени но
и факторот човек врз нивното уништување.

11. Дополнитени информации за темата

Линк до видео: https://drive.google.com/file/d/1C6nPzFH0blG7uMteaTooN-CBB-


SCW6JI/view?usp=sharing

You might also like