Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

ООУ Круме Волнароски - Тополчани, Прилеп

Дневна подготовка за ден _______16.11.2021________


Наставник : Цветанка Кузманоска - Рипилоска

Одделение: VI
Наставен предмет: Англиски јазик
Наставна тема / подрачје:

Unit 5: Descriptions

Наставна содржина:
Презентирање на придавки за опис на личност
Тип на час: Повторување, увежбување и утврдување на граматички структури
Цели: Очекувани исходи:
- Да се запознае и
да усвои придавки - Учениците се запознаа и ги усвоија придавките за опис на
за опис на личност
надворешен изглед - Опишуваат личност со употреба на придавките
и внатрешни - Ги користат во говорот
особини
- Да може да опише
личност по физички
и психички
карактеристики
- Активно да ги
користи во говорот
Наставни форми: фронтална работа, работа во заедница, индивидуална работа
Наставни методи и техники:

- метод на практична работа, комуникативен метод, текст метода

Наставни средства: Корелација:


Учебници, тетратки,
училишен прибор, - со македонски јазик (придавки )
табла, креда,слики
и табели од
учебникот
Методи и инструменти за следење на постигањата на учениците:
Постојано следење на активноста на ученикот (вежби, изговор), усна
повратна информација,домашна работа, и сл.

Активности:
Воведни активности:
- Проверка на домашната работа на учениците од страна на
наставникот. Наставникот ги воведува учениците во авантурите на часот со тоа
што започнува разговор или поточно им раскажува за писателот Роберт Луиз
Стивенсон (Роден во Единбург 1850-1894, и за неговите попознати новели како и
дека освен тоа пишувал приказни, есеи и прекрасни писма.) Интересен за
учениците е изразот Jekyll and Hyde кој се употребува за да се опише некој кој во
еден момент е лош, а во друг добар..
Учечко-поучувачки активности:
- По отворањето на учебниците наставникот бара од учениците да се обидат да
кажат што мислат за двете илустрации од учебникот. Наставникот го чита
воведниот дел а учениците внимаваат во учебниците. Се објаснуваат новите
зборови potion, scientist, drink, change into, become. Наставникот со поставување
на прашањата Who drinks the potion? Who is Mr. Hyde? Проверува дали учениците
го разбрале текстот и дали разбрале дека и двете личности се всушност една
иста. Учениците индивидуално ги читаат речениците со кои се опишани двете
личности и ги запишуваат во тетратките во две колони. Се слуша ЦД за да се
потврдат и проверат одговорите.
Наставникот ги охрабрува учениците придавките кои се запишани во вежба 2, да
направат табела со четири категории и да ги сместат во истата. Табелата се
пренесува на таблата и се коментира..

Евалутивни активности:
- Наставникот бара од учениците да смислат примери со кои би ги опишале Jekyll
and Hyde, а речениците се запишуваат на таблата.
Домашна работа:

- Учениците да напишат пет реченици со употреба на изучените придавки од часот.


Диференцирани активности:

/
Рефлексија:
Целите на часот беа реализирани, учениците ги утврдија и увежбаа придавките за опис
на личност, одговараа на прашања од наставникот и работеа индивидуално.

You might also like