Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Педагошките идеи во античкиот период

1. Почетоците на педагошката теорија е врзуваат за делаат и учењата на античките


филозфи. Тие со своите филозофски учење се допреле и до проблемот на
воспитанието како суштински дел на човековиот живот.
2. Јасно изразени мисли за воспитанието за прв пат се среќаваат во учењата на
Питагора. Тој и практично се занимава со воспитна работа во своето училиште каде
што ги применува сопствените поставки за воспитанието.
3. Мисли за воспитанието се среќаваат и во учењата на Протагора. Тој е познат по
барањето – со учење да се отпочне уште од раното детство
4. Со воспитание се занимавал и Сократ, кој поаѓа од ставот дека вистината се наоѓа во
човекот. Според него, моралното совршенство е крајната цел на воспитната работа.
Тој ги определува основните патишта преку кои треба да се остварува воспитанието.
Тоа се: анализирањето на сопствените постапки, размислувањето за моралот и
стремежот кон совршенство
5. Платон се смета за филозоф кој го изградил првиот воспитен систем. Своето учење
за воспитанието го изложува во делата ,,Држава” и ,,Закони”. Тој на воспитанието му
го дава најзначајното место во општеството.
6. Од големо значење кој се истакнал со мисли за воспитанието е и Аристотел. Тој
своите теории за воспитанието ги изложува во делата ,,Политика” и ,,За воспитанието”.
Развитокот на човекот според Аристотел се одвива во три степени: телесен, морален и
интелектуален. Тој смета дека развитокот на човекот се остварува преку воспитанието.
Прави периодизација на човековиот развиток, прикажувајќи го како: предучилишен
период, детство, младост и зрелост.
Неговиот воспитен систем е систематизиран на следниот начин: до 7 години децата се
воспитуваат во семејството, 7-14 одат во државно училиште, каде добиваат телесно,
морално и интелектуално воспитание, 14-21 учеле природни науки, географија,
историја, филозофија, реторика, логика.

You might also like