Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 4

ИНДУСТРИСКА РЕВОЛУЦИЈА И ПОДЕМ НА ГРАЃАНСТВОТО

1.Причини,почеток и тек на индустриската револуција

Во текот на XVI и XVII век Западноевропските држави забележувале силен општествен економски
напредок.Наместо застарениот феудален систем,се повеќе се развивале новите капиталистички
односи.Општествените промени кои биле воспоставени во земјите на Западна
Европа,предизвикале развој на земјоделството,сообраќајот,трговијата и др.Во овој период
земјоделството се уште претставувало основна гранка на економијата .Со воведувањето на нови
земјоделски култури и појавата на првите земјоделски машини,значително се подобриле
приносите од земјоделското производство .Со појавата на аграрната револуција,малите
земјоделски поседи постепено исчезнувале и се формирале поголеми поседи,големи фарми од
капиталистички тип.
Голем напредок во овој период бил направен во индустријата.Наместо малите работилници кои
полека исчезнувале, во XVIII и XIX век се јавуваат фабрики, во кои се користат нови технички
пронајдоци.Велика Британија ја имала таа среќа да располага со условите што и овозможиле да
биде пионер во индустријализацијата.Како прво,таа располагала со големи природни богатства на
вода,јаглен и на железо.Второ,во Британија имало и многу слободен капитал:каматните стапки
биле ниски,а припадниците на се побогатиот среден општествен слој,барајќи начин некаде да ги
вложат стекнатите пари,многу често ги поддржувале новите пронајдоци и технологии.И
трето,Британија имала голем пазар на кој можела да ги пласира произведените стоки,бидејќи во
тој период таа била империја во експанзија која доминирала со морињата во светот и располагала
со моќна трговска флота што била ангажирана во транспортот на стоките во целиот свет.Во
втората половина на XVIII век во Велика Британија биле создадени услови за премин кон крупно
капиталистичко производство,бидејќи ограничените можности на мануфактурното производство
не можеле да ги задоволат потребите на пазарите во градовите и во англиските
колонии.Мануфактурното производство создало услови за изнаоѓање на нови технички изуми-
машини,што биле способни да извршуваат производствени операции и да го зголемат
производството.За примена на новите технички изуми во производството најмногу биле
заинтересирани капиталистите,бидејќи со тоа се создавале услови за поголемо производство и
поголема заработувачка.Во почетокот на XVIII во Англија производството на метали многу
опаднало,бидејќи топењето руди се вршело во високи печки со помош на дрвен
јаглен[ќумур].Како резултат на тоа,англиските шуми биле сосема исечени.Но,во 1753
година,англискиот научник Абрахам Дерби открил дека камениот јаглен може да се коксира
[преработен јаглен] и да се употребува во високи печки,со што Велика Британија ги надминала
сите други земји во производството на железо,бакар,калај и др.меѕали за изработка на разните
алатки-машини.Со новиот начин на топење руди,во Велика Британија започнала индустриската
револуција.Првите машини биле употребувани во текстилната индустрија .Во 1765 година Џејмс
Харгрејвс ја конструирал машината за предење “Џени”,која заменувала 16 работници.Во 1785
година Едмунд Картрајд ја пронашол машината за ткаење-механички разбој,кој заменувал 60
работници.Со вакви изуми во текстилното производство биле поставени темелите на фабричкото-
индустриско производство.Првите машини се движеле со помош на водена енергија и затоа
голем број фабрики биле градени покрај реките.Во 1784 година,Џејмс Ват ја пронашол парната
машина и со тоа биле создадени услови за градење фабрики на сите места,независно од
положбата. [Движечка сила на индустриската револуција била токму парната машина.Парната
машина ја креирал Томас Њукомен во 1712 година а потоа Џемс Ват ја усовршил и започнала
нејзина примена во процесот на производството Всушност,Томас Њукомен во 1712 година
конструирал атмосферски мотор кај кој вакумот што се создава со кондензација на водената
пареа создавал атмосферски притисок,што го турка гредниот мост.Таа направа се употребувала за
пумпање вода од јамите за јаглен.Шеесетина години подоцна,Џејмс Ват го усовршил моторот и ги
направил неопходните модификации за да може агрегатот да ја придвижува машината.Ват во 70-
тите години на XVIII век влегол во заеднички деловен потфат со стопанственикот Метју Болтон,и
тие почнале со производство на парни машини според нацртот што претходно го патентирал Ват.]

2.Научни и технички достигнувања

Со зголемување на производството во XVIII и XIX век,била овозможена појава на нови технички


откритија.Нивната употреба во процесот на производството довело до замена на мануфактурните
претпријатија со фабрики.Оваа појава се вика индустриска револуција.
Најважни технички пронајдоци биле машината Џени ,механички разбој,парната машина на Џејмс
Ват,употребата на камениот јаглен и обработката на метали,конструирањето на првиот брод на
парен погон во САД во 1807 година од страна на Роберт Фултон,конструирањето на локомотивата
од страна на Стивенсон во 1814 година[тоа овозможило да се изгради првата железничка линија
во светот во 1825 година во Англија, “Стоктон-Дарлингтон”], итн.
Техничкиот напредок продолжил и во XIX век кога започнала т.н.втора индустриска револуција,со
употребата на електричната енергија како погонска сила.Најголем придонес на полето на
примената на електрична енергија дале:Томас Алва Едисон и Никола Тесла.Едисон во 1879 година
ја конструирал првата електрична сијалица,а Никола Тесла ја открил повеќефазната струја со
висок напон и можност за нејзино пренесување на големо растојание.
Посебен развој е забележан кај природните науки:медицината,хемијата,биологијата,физиката.
Францускиот хемичар Луј Пастер,ја открил вакцината против беснилото и колерата и ги удрил
темелите на новата научна дисциплина-бактериологијата.Швеѓанецот Алфред Нобел во 1867
година го пронашол динамитот.Во 1898 брачниот пар Марија Склодовска Кири и Пјер Кири,ги
откриле хемиските елементи радиум и полониум,елементи кои имаат способност на зрачење,и ги
удриле темелите на атомската наука,а германецот Рентген ги открил x-зраците кои продирале низ
цврстата материја со што биле создадени темелите на рентгенологијата.Периодичниот систем на
хемиските елементи му припаѓа на Иван Менделеев.Американсклиот физичар Морзе го усовршил
телеграфот.Американскиот научник Грахам Бел во 1876 година го пронашол телефонот,а
Михајло Пупин го усовршил.Италијанскиот научник Гилермо Маркони ја испратил првата радио
порака од Велика Британија до Франција.Во 1885 година во Германија бил конструиран првиот
мотор на бензин а на почетокот на XX век Хенри Форд започнал со сериско производство на
автомобили.Со пронаоѓањето на фотографијата се развила и кинематографијата,тоа им тргнало од
рака на браќата Лимиер.Браќата Рајт во 1903 година го конструирале и полетале со првиот авион
итн.Во овој период голем интерес и влијание предизвикало тврдењето на Чарлс Дарвин за
еволуцијата,поточно,дека човекот потекнува од мајмун,објавено во неговата книга . “Потекло на
видовите”.Развојот на науката предизвикал мноштво нови пронајдоци и технички откритија кои
извршиле големо влијание на натамошниот развиток на индустријата,сообраќајот и
комуникациите. Со голема брзина се развиле машинската техника,металургијата,рударството и
сообраќајната техника.
Во овој период промени настанале во речниот и поморскиот сообраќај.Бродовите со железна
конструкција се заменувале со челична.За побрзо одвивање на поморскиот сообраќај и светската
трговија,биле прокопани Суецкиот Канал,во 1869 година,Килскиот Канал во 1895 година и
Панамскиот Канал во 1914 година.Со развојот на светската трговија,се остварувале големи
профити што овозможиле државите да се збогатуваат,а со тоа да насочуваат нови инвестиции во
производството,науката и културата

3.ПОДЕМ НА ГРАЃАНСТВОТО

Стопанскиот развиток довел до брз подем на граѓанството.По градовите започнале да се градат


фабрики и да се развива индустријата ,така што многу градови се претвориле во важни
индустриски центри со десетици илјади жители.Се повеќе јакнела улогата на граѓанството во
економскиот и политичкиот живот.Граѓанството во XIX век го сочинувале :сопствениците на
претпријатија и фабрики,банкарите,трговците и др.Тие не биле задоволни од својата положба и
барале поголеми права и слободи и тоа: општо право на глас,еднаквост пред судот,еднаквост во
плаѓањето даноци,слобода на печат,наука и верски убедувања.Спротивностите меѓу политичарите
и некои кралски дворови на една страна и граѓанската класа од друга страна,се повеѓе се
заострувале,што довело до остра политичка борба.Со тоа граѓанството се повеќе го зголемувало
своето влијание во општеството,па покрај економската,тоа ќе ја преземе и политичката моќ.
Лудистичко движење
Појавата на фабриките во кои наместо луѓе работеле машини довела до смалување на потребите
од работници.Работниците биле и полошо платени.Се појавило мислење дека за создадената
ситуација главни виновници се машините,така што во Англија работниците поч-нале да ги
уништуваат машините.Тоа движење на работниците се нарекува лудистичко движење според
работникот Нед Луд кој прв ја скршил машината.Англиската влада донела закон со кој се
казнувало со смрт уништувањето на машините.

4.Промени во секојдневниот живот на луѓето

Благодарение на стопанскиот развиток се случиле крупни промени во животот на луѓето.Центарот


на економскиот живот се пренесувал од селата во градовите.Започнува засилена миграција на
селаните во градовите,со цел да се вработат во тамошните фабрики и претпријатија.Се појавиле
градови и со над еден милион жители како Париз,Лондон,Берлин,Њујорк,Амстердам и др.
Жителите на градовите можеле исто така да ги користат и да уживаат во придобивките на
културата и уметноста и да го задоволат интересот за спортување.Во овој период се појавиле нови
спортски дисциплини како тенис,бокс,фудбал,автомобилски трки и други,а биле обновени и
Олимписките игри во Атина во 1896 година.
Напредокот на сите полиња овозможил и разубавување на европските градови.Се повеќе се
посветувало внимание градовите да имаат убави зданија,широки улици,се граделе булевари
итн.Луѓето започнале да ги чувствуваат промените и во начинот на живеење.За разлика од
порано се повеќе биле посетувани библиотеките,музеите,театрите,концертите,оперите,изло-
жбите.Во поголемите европски градови започнале да се прикажуваат и кинопретстави.Во Лондон
во 1905 година било отворено првото европско кино итн.Можностите за образование на децата
исто така биле поголеми.Но,сите жители подеднакво не ги користеле тие можности.Во втората
половина на XIX век и почетокот на XX век,во многу европски држави биле воведени значајни
промени во просветата.Основното образование станало задолжително.Бил зголемен и бројот на
средните училишта.Покрај училиштата со општо образование се отвориле и стручни училишта во
кои добивале знаерња од техниката,трго-вијата,земјоделството,медицината.Овие училишта биле
опремени со лаборатории каде се изведувале најразлични експерименти.Бројот на универзитети
исто така се зголемил.Но,студирањето било можно само за децата од богатите слоеви што
претставувало и определена привилегија.Овој период се градат и нови патишта,се шират
железничките и патните мрежи особено во Германија,Англија,Франција,Италија,Русија,се граделе
нови и се проширувале старите пристаништа,се граделе големи бродови за трансатланска
пловидба{ Титаник] итн

5.Развојот на литературата,уметноста,музиката

Со цел да се даде што поверодостојна слика за животот,во книжевноста и уметноста ќе се развие


реализмот.Покрај реализмот се развиле и натурализмот и симболизмот.Најпознати претставници
на литературата од тоа време се :Лав Толстој,Фјодор Достоевски,Марк Твен,Ромен Ролан,Џек
Лондон,Бернард Шо,Максим Горки,Оноре де Балзак[реализам],Иполит Тен,Ги де Мопасан,Хенрих
Ибсен,Емил Зола[натурализам],Жак Бодлер,Едгар Алан По,Оскар Вајлд,,Виктор Иго
[симболизам]итн.Во сликарството се појавиле повеќе правци:романтизам,реализам,натурализмот
и импресионизмот Импресионистите својата уметност ја засновале врз сопственото доживување
на она што ги опкружува.Најпознати претставници во овој правец биле:Клод Моне,Огист
РеноарПол Сезан,Едгар Дега и други.Во музиката се афирмира
класицизмот[Брамс],неоромантизмот[Петар Илич Чајковски],и импресионизмот[Дебиси].Силен
печат во музиката оставилеи германскиот композитор Рихард Вагнер,Џузепе Верди,Џакомо
Пучини итн.
Театарот и операта исто така се развивале.Културни и тетрални центри станале
Виена,Милано,Берлин,Париз,Лондон,Санкт Петербург.

You might also like